You are on page 1of 8

КРЕАТИВНОСТА И НАСТАВНАТА ПРОГРАМА ПО ПРЕДМЕТОТ

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Д-р Маја Рауник Кирков


Педагошки факултет “Св. Климент Охридски“ - Скопје
m.raunik@gmail.com

Апстракт:
Современото визуелно образование бара заснованост на контакт и дебата со артефакти,
слики и перформанси во контекст за нови дискурси. За да бидат активни учесници наместо пасивни
примачи на визуелните стимуланси, на учениците им е потребно знаење на разберат и способности
за креираат.
Оваа статија го презентира истражувањето во кое е импементирана наставна програма која
ја стимулира креативноста кај учениците од 8, 9 и 10 години.
Наодите презентираат критериуми, методи и пристапи за стимулирање на креативноста во
образованието во основните училишта.

Клучни зборови: современо уметничко образование, настана програма по ликовно


обрљзование, визуелна писменост, визуелна креативност,ликовни творби.

ВОВЕД

Креативноста се дефинира како способност за изнаоѓање на нови решенија


за проблеми од различни области; способност да се продуцира дело кое е ново,
оригинално и адаптивно во однос на задачата или можностите на одредената
ситуација (Sternberg & Lubart, 1995)8. Креативноста најчесто се поврзува со
личните карактеристики на индивидуата како надареност и талент.
Современaта реалност е многузначна, повеќеслојна и постојано се менува.
Критичниот став и креативниот ангажман се услови за адекватна социјализација на
секоја индивидуа. Креативноста во овој контекст е услов за соодветна
себепрезентација, развој и успешност.
Способноста да се разберат условите и пораките од различни области во
секојдневниот живот се поврзува со различните видови на писменост, односно
секоја добро образована индивидуа е способна да: интерпретира визуелни
претстави, слики од минатото и сегашноста, креира визуелни објекти и претстави
кои ефикасно ја пренесуваат саканата порака (Bamford, 2003)1. Ефикасното
стекнување на визуелна писменост, треба да вклучува методи и облици на работа
кои ќе им овозможат на учениците стекнување на потребни знаења, вештини и
способности; како и постапки со кои ке можат да селектираат, компонираат и
рекомпонираат ликовни облици и концепти (Brunner, 1996)3. Тоа значи дека сите
ученици без оглед на своите базични карактеристики треба да се оспособат за
адекватна реакција и учество во секојдневната реалност.
КРЕАТИВНО И КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ

Креативноста секогаш е последица на адекватно извлечен критички став и


проширени сознанија за можностите на соодветната област. Во контекст на
предметот ликовна уметност, наставната програма треба да ги води учениците кон
анализа и конструктуктивна критика на визуелните претстави кои ги
симболизираат вредностите во одреден културен контекст (Barret, 1994)2.
Критичкото мислење често се стимулира преку истражувачки поставени лекции во
кои наставникот ги охрабрува учениците да генерираат сопствени прашања за
визуелните дела што се однесуваат на поставената задача или концепт. Од
учениците се бара да проценат квалитет на идеја, решение на проблем или на
естетско дело - сметат Wright9, (2002) и Potts7 (1994). Ваквите начини на мислење и
вештини на резонирање се цели кои треба да се постигнат со современиот наставен
процес.

Овозможувајќи им на учениците да користат различни критички модели во


опишување, анализирање, интерпретирање и проценување на визуелни претстави
им се овозможува да ги откријат уметничките критериуми. Користејќи ги во склад
со својата возраст и развоен стадиум, учениците може да создаваат свои успешни
творби. Учениците треба да се способни да ја разберат, да ја “прочитаат“ својата
околина. Duncum4 (2003) наведува дека и покрај тоа што визуелните претстави се
насекаде околу нас, постои сериозен јаз помеѓу перцепција на претставите и
рефлектирање на виденото – заради тоа постои итна потреба за образование кое ќе
се однесува на сликите кои го конституираат светот на учениците.

КРЕАТИВНОСТ И НАСТАВНА ПРОГРАМА ПО ПРЕДМЕТОТ ЛИКОВНО


ОБРАЗОВАНИЕ

Наставната програма по предметот “ликовно образование“ покажува дека


комплетната логика на претставување на наставната програма е секогаш
афирмативна, односно учениците се запознаваат со ликовниот јазик, материјали и
техники, но не и примери со различен квалитет, кои би биле основа за градење на
критички став на учениците. Голем пропуст на наставната програма е
непостоењето на одреден број на часови кои би се посветиле на критичка анализа и
разбирање на делата, со причините зошто едно дело е подобро од друго, кои се
критериумите за такво (мислење) процена, како би ги провериле, итн. Секако,
нивото и тежината на презентираните информации треба да се прилагодат на
одредената возраст.

Наставната програма која ја имплементиравме во ова истражување


стимулира критички став кон делата на визуелните уметности, кој овозможува:
 јасно согледување на проблемот;
 мултипни можности за решавање;
 афирмира слободен и независен избор на материјали, техники и стилски
карактеристики;
 активира критичко и креативно мислење и носење на одлуки;
 не само теоретски, туку и практична корист во создавање на квалитетни
визуелни пораки;

Наставната програма ги има следните компоненти:


1. начини на анализа и откривање на значењето и целта на уметничките дела;
2. корелација на односот ликовни елементи - ликовни принципи со начини за
презентирање на сопствени идеи;
3. критички осврт на постигнувањата на часот во корелација со квалитетни
примери;
4. анализа на тоа дали и како е реализиран поставениот проблем, со значење и
анализа на пораката во делата;

Во неа врз основа на активна перцепција, естетско доживување и


практична креација се користат следните методички постапки:
1. идентификација на ликовни елементи и принципи
2. дескрипција на ликовни дела преку активна перцепција
3. интерпретација на сопствениот емоционален одговор на визуелната реалност
4. евалуација на вредноста и значењето на ликовните дела
5. композиција - реализирање на лични творби на учениците

Наставната програма која ја испитувавме е систем на постапки кој


претставува низа на прашања со кои наставникот постапно ги води учениците во
сопствено разбирање на уметничкото дело, техничките и естетските компоненти на
негова реализација и сопствена ликовна креација. Најновите современи теории на
когнитивна психологија и неуробиологија ја потврдуваат критичката улога на
претставите и метафорите во процесот на когниција. Во овој контекст креацијата
претставува сила со која се генерираат нови идеи или слики со комбинација и
реорганизација на претстави од претходното перцептивно искуство.
Во делата на учениците, гледаме како тие го претставуваат значењето преку
ликовните елемнти и принципи и својата имагинација. Тие се потполна проекција
на личноста на ученикот, неговиот темпермент, визуелен профил, познавањата и
визуелната писменост.

Наставната програма ги употребува следните форми на работа:


 дијалошка форма
 неструктурирано интервју
 работа во парови
 дебата
 индивидуална практична работа - креација
За оценувањето користевме споредбен модел на творбите на учениците со
стандардната наставна програма и новата програма. За таа цел ги имплементиравме
следните критериуми :

КМЕ – креативно мислење и експресија


ТР – техничка реализација
СМ – смислена употреба на ликовните елементи и принципи.

Креативно мислење и експресија со десктиптори од 1 до 5:

1. Творбите покажуваат дека ученикот работи под супервизија, без интерес


2. Творбите покажуваат дека ученикот работи стереотипно, неинвентивно и само
некои творби се со одредени инвентивни елементи
3. Творбите презентираат различни начини на експресија, со одредени
имагинативни елементи и со варирачки успех
4. Творбите се презентација на индивидуален пристап кој е понекогаш многу
имагинативен. Творбите се комплетни и содржат некои оригинални решенија
5. Творбите се презентација на константен имагинативен пристап, креативно
ангажирање и целокупност во ликовното изразување. Делата се оригинални и
комплетни.

Наставна програма

1 – 2 час 3 – 4 час 5 – 6 час


анализа:
ИДЕНТИФИКАЦИЈА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
ИДЕНТИФИКАЦИ ДЕСКРИПЦИЈА ДЕСКРИПЦИЈА
ЈА КОМПОЗИЦИЈА КОМПОЗИЦИЈА

ВП 1 неструктурирано работа во парови


интервју

7 – 8 час 9 – 10 час 11 – 12 час 13 – 14 час


ИДЕНТИФИКАЦИЈА ИДЕНТИФИКАЦИЈА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
ДЕСКРИПЦИЈА ДЕСКРИПЦИЈА ДЕСКРИПЦИЈА
ИНТЕРПРЕТАЦИЈА СИТЕ МЕТОДИ
ИНТЕРПРЕТАЦИЈА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА
ЕВАЛУАЦИЈА
КОМПОЗИЦИЈА ЕВАЛУАЦИЈА КОМПОЗИЦИЈА

дебата есеј ВП 2
креација

1. Презентација на концептот на наставна програма за стекнување на визуелна


писменост
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Цел на истражувањето беше да се утврди стекнатиот степен на визуелна


писменост преку нова наставна програма која вклучува постапаки за стимулирање
на критичкото и креативно мислење преку пецепција и анализа на визуелни дела
кај ученици од 8, 9 и 10 години.
Во квалитативното истражување беа вклучени 296 ученици од 8, 9 и 10
годишна возраст во 5 основни училишта на територија на Р. Македонија.
Програмата во 14 одделенија ја реализираа дипломирани настаници по одделенска
настава и апсолвенти на Педагошкиот факултет во Скопје. За реализација на
истражувањето добивме согласност од Бирото за развој на образованието,
родителите и управите на училиштата. Во истражувањето беа анализирани 2368
ликовни творби, 592 визуелни тестови, 296 есеи и 168 наставни часови.
Во оваа презентација ги анализираме постигнатите резултати во однос
на критериумот: креативно мислење и експресија.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРАКТИЧНАТА РАБОТА НА УЧЕНИЦИТЕ


Ги добивме следните резултати:

Оцена на ученички творби Оцена на ученички


8 пред проектот творби
години после проектот

одд. КМЕ ТР СМ КМЕ ТР СМ


А 21 2,1 2,2 1,9 3,2 3,2 3,3
А 22 2,7 4 3,6 4,9 4,7 4,7
А 23 2,8 2,8 2,3 4 4,8 5
А 24 2,3 3 2,6 4,7 4,3 4,8
Средна 2,2 3 2,6 4,2 4,2 4,4
Вредност
Табела 1. Презентација на резултатите од практичната работа за 8 годишна
возраст по одделенија
Оцена на ученички Оцена на ученички
9 творби творби
години пред проектот после проектот

одд. КМЕ ТР СМ КМЕ ТР СМ


А 31 3,1 2,6 1,8 4,5 4,1 4,3
А 32 3,6 2,3 3 4,7 4.5 4.6
А 33 3,2 2.1 3 5 4,5 5
А 34 2.7 2,4 1,9 3,9 4 4,2

Средна 3,1 2,3 2,4 4,5 4,3 4,5


вредност
Табела 2. Презентација на резултатите од практичната работа за 9 годишна
возраст по одделенија

Оцена на ученички Оцена на ученички


10 творби творби
години пред проектот после проектот

одд. КМЕ ТР СМ КМЕ ТР СМ


А 41 3 2,5 2,5 4,2 5 4,6
А 42 3,1 3 2,9 4,5 4.5 4.4
А 43 3,1 3 2.6 5 4,2 4,7
А 44 2.6 2,8 2,4 4 4,2 4,5
А 45 2 2,4 2,8 3,8 4,5 4,6
Средна 2,8 2,7 2,6 4,2 4,5 4,6
вредност
Табела 3.Презентација на резултатите од практичната работа за 10 годишна
возраст по одделенија

Оцена на ученички Оцена на ученички


8, 9 и 10 творби творби
години пред проектот после проектот

одд. КМЕ ТР СМ КМЕ ТР СМ


8 год. 2,2 3 2,6 4,2 4,2 4,4
9 год. 3,1 2,3 2,4 4,5 4.3 4.5
10 год. 2,8 2,7 2.6 4,2 4,5 4,6
Средна 2,7 2,6 2,5 4,3 4,3 4,5
вредност
Табела 4.Презентација на резултатите од практичната работа за сите
возрасти годишна возраст
Анализата покажа дека делата на учениците презентираат квалитативна
разлика во неколку сегменти кои ја дефинираат композицијата како интегрална
карактеристика на визуелните дела на учениците.
Во сите три возрасти генералниот заклучок при оценувањето на делата беше
дека:
Пред релизација на наставната програма:
За КМЕ - учениците работат под супервизија, со мал интерес, со стереотипни
решенија. Ретко се гледаат имагинативни решенија.
За ТР – творбите се технички генерално слабо реализирани и се многу ретко
целосно завршени. Само кај мал број на ученици творбите претставуваат
презентација на индивидуално мислење.
За СМ – само во ретки случаи ликовниот проблем е правилно поставен, но не и
реализиран. Најчести се визуелните творби во кои ликовниот проблем не е јсано
или е формално поставени реализиран.
(овие две не ти се опфатени испитувањето)

После релизација на наставната програма:


За КМЕ – најчести се творбите во кои учениците работат индивидуално, со
тенденција за креативен пристап и оригинални решенија. Во помал број на
визуелни творби презентиран е константен имагинативен пристап и
креативна реализација.
За ТР - визуелните дела на учениците се презентација на развиени технички
способности кои овозможуваат реализација на идеите со адекватна употреба на
ликовните материјали и техники
За СМ – ликовниот проблем е во сите дела без исклучок е јасно и правилно
поставен, а во голем дел од творбите е успешно реализиран.

ЗАКЛУЧОК

Резултатите покажуваат интеракција помеѓу способностите за анализа на


ликовните дела и креативното мислење реализирано во творбите. Во склад со
насоките на истражувањата на Farr & Tone5 (1994), ги следевме современите описи
за учењето, мислењето и практичната реализација, разбрани повеќе како неооделни
процеси. Затоа го организиравме истражувањето како комбинација на различни
начини на учење, но и презентација на критичко и креативно мислење.
Реализираните ликовни творби се презентација на користење на стратегии за
наоѓање на нови идеи, нови начини на техничка реализација кои од асоцијативно
базирано претставување се трансформираат со новата наставна програма во
логично организиран ангажман на учениците(Lubart, 2009)6.
Употребата на дескриптори овозможи детално да се забележат и вреднуваат
квалитетите на визуелните творби на учениците:
 Наместо стереотипно реализирање на наставните содржини кое е ретко креативно,
се овозможи развој и презентација на индивидуално имагинативно мислење и
експресија со докази, односно преку прецизни инструменти и варијабли.
 Наместо технички слабо реализирани, најчесто незавршени творби пред проектот,
да се постигне техничка компетенција во реализирањето на сопствените визуелни
идеи во неколку различни сликарски техники.
 Додека пред почетокот на истражувањето ликовните проблеми беа нецелосно и
често погрешно поставени, после реализација на проектот се овозможи смислено
поставување на визуелните проблеми кај испитуваните ученици.
Анализата со десктиптори ги даде следните оцени за ученичките творби:
КМЕ ( креативно мислење и експресија) од 2,7 на 4 ,3(средна оцена),
ТЕ ( техничка реализација) од 2,6 на 4,3 (средна оцена),
СМ ( смислена употреба на ликовните елементи и принципи) од 2,5 на 4,5 (средна
оцена).
Евидентна е разликата во креативните реализации на визуелните дела на
учениците пред и после реализација на наставната програма, односно можеме да
заклучиме дека наставната програма која во својата реализација користи методи за
развој на критичко мислење значајно влијае во стимулирање и развој на
креативноста во визуелните творби на учениците.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Bamford, A. (2003). The visual literacy white paper. UK: Adobe Systems
Incorporated. Retrieved August 28, 2006 from http://www.adobe.co.uk/education/
pdf/adobe_visual_literacy_paper.pdf.
2. Barrett, T. ed. (1994). Lessons for Teaching Art Criticism. ERIC, Getty Center
for Education in the Arts.
3. Bruner, J. (1996) The Culture of Education, Cambridge, Mass.: Harvard
University Press: 224
4. Duncum, P. (2003). The theories and practices of visual culture in art education.
Arts Education Policy Review, 105 (2), 19-26
5. Farr, R. and Tone, B. (1994). Portfolio and Performance Assessment. Fort
Worth: Harcourt Brace College Publishers
6. Lubart, T. (2009). Creativity from a Cognitive Developmental Science
Perspective http://csjarchive.cogsci.rpi.edu/proceedings/2006/docs/p2650.pdf
7. Potts, B. (1994). Strategies for Teaching Critical Thinking. ERIC/AE Digest No
ED385606, Washington, D.C.: Educational Resources Information Center, U.S.
Department of Education.
8. Sternberg, R. J., & Lubart, T. I. (1995). Defying the crowd: Cultivating
creativity in a culture of conformity. New York: Free Press.
9. Wright, I. (2002). Is that right?: critical thinking and the social world of the
young learner. Toronto, Canada: Pippin Publishing Corporation. Art Criticism in
the Elementary S.S. C:106

You might also like