You are on page 1of 76

Деспина Сивевска

МЕТОДИКА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА
РАБОТА ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА

Методски прирачник
Е-практикум

Штип, 2020

1
Деспина Сивевска

МЕТОДИКА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ПО


ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА

Е- ПРАКТИКУМ

2
Автор:
Вон. Проф. д-р Деспина Сивевска

МЕТОДИКА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА


ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
ПРАКТИКУМ

Рецензенти:
проф. д-р Алма Тасевска
проф. д-р Соња Петровска

Лектор:
Виолета Карагунова

Техничко уредување:
Деспина Сивевска

Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски",
Скопје

373.2.091.313:502/504(076)

СИВЕВСКА, Деспина
Методика на воспитно-образовната работа по запознавање на
околината [Електронски извор] : практикум / автор Деспина Сивевска. -
Штип : Универзитет 'Гоце Делчев"-Штип, Факултет за образовни науки,
2020

Начин на пристап (URL): https://e-lib.ugd.edu.mk/892. - Текст во PDF


формат, содржи 75 стр. - Наслов преземен од екранот. - Опис на
изворот на ден 23.01.2020. - Библиографија: стр. 73-75

ISBN 978-608-244-701-8

а) Запознавање на околината - Предучилишно образование и


воспитание - Наставни методи - Практикуми COBISS.MK-ID 112066058

3
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ

Деспина Сивевска

МЕТОДИКА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА
РАБОТА ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА

ПРАКТИКУМ

Штип, 2020

4
ПРЕДГОВОР

Ракописот со наслов Методика на воспитно-образовната работа по


запознавање на околината претставува учебно помагало - практикум наменето за
студентите од насоката на предучилишно воспитување од првиот циклус на
додипломска настава на Факултетот за образовни науки. Содржината на практикумот
ја следи концепцијата на е-скриптата „Методика на воспитно-образовната работа по
запознавање на околината“, структуриран со цел да одговори на секоја од наставните
содржини поделени во поглавја и заедно со него сочинува една целина.
Практикумот по Mетодика на воспитно-образовната работа по запознавање на
околината е подготвен со желба да им се помогне на студентите од Факултетот за
образовни науки за сеопфатно запознавање со целите, содржините, принципите и
останатите методски елементи по предметот Методика на воспитно-образовната
работа по запознавање на околината.
Практикумот е конципиран така за да ги поттикне студентите на студиозно и
сестрано воочување на потребата за познавањето на раниот детски развој,
дидактичките и методските елементи кои се потребни за планирање, организирање и
реазлизирање на воспитно- образовната активност во градинката воопшто и, посебно,
по воспитно-образовното подрачје по природа и општество. При решавањето на
зададените задачи, студентите ќе имаат можност да ги систематизираат, продлабочат
и творечки применат стекнатите знаења, но и да побараат нови извори на сознанија и
да се оспособат за самостојна истражувачка работа. Задачите во Практикумот се
составени така што од студентите да се бара креативност и широко знаење токму
такво како што бара и самата практика.
При составувањето на Практикумот е направен обид да се вклучат содржини
кои се од особена важност во подготвувањето на идните наставници и воспитувачи од
областа на методиката на воспитно-образовната работа по запознавање на
околината.
Практикумот може корисно да им послужи како на студентите-идни наставници
и воспитувачи, така и на завршените студенти на педагошките факултети, на
воспитувачите и на родителите, како и на сите фактори кои се вклучени во
осмислувањето и реализирањето на воспитно-образовните активности во
предучилишните установи.
Голема благодарност за сестраната и несебична поддршка во изработката на
Практикумот им должам на моите рецензенти: проф. д-р Соња Петровска и проф. д-р
Алма Тасевска.

Авторот

5
СОДРЖИНА

ПРЕДГОВОР

1. ПОИМ, ПРЕДМЕТ И ЗАДАЧИ НА МЕТОДИКАТА НА ВОСПИТНО- 7


ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
2. ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ИДЕЈАТА ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА ПРИРОДНАТА 9
ОКОЛИНА КАКО ИЗВОР НА СОЗНАНИЈА НА УЧЕНИКОТ
3. ВРСКАТА НА МЕТОДИКАТА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНОТО ПОДРАЧЈЕ ПО 12
ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО СО ДРУГИТЕ НАУКИ
4. КОРЕЛАЦИЈА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНОТО ПОДРАЧЈЕ ПО ПРИРОДА И 15
ОПШТЕСТВО СО ДРУГИТЕ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ ПОДРАЧЈА
5. ИЗБОР И РАСПОРЕД НА СОДРЖИНИТЕ ПО ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА 20
РАБОТА ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
6. СТРУКТУРА И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОГРАМА ЗА ВОСПИТНО- 23
ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА
7. ЈАВНА И КУЛТУРНА ДЕЈНОСТ НА ГРАДИНКАТА 25
8. ФОРМИ НА РАБОТА СО ДЕЦАТА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ 27
9. МЕТОДИ НА РАБОТА СО ДЕЦАТА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ ВО 29
ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
10. ОБЈЕКТИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ПО 33
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
11. ПЛАНИРАЊЕ И ВИДОВИ ПЛАНИРАЊЕ НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА 35
РАБОТА ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
12. ПРИЛОЗИ 50
13. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 72

6
1. ПОИМ, ПРЕДМЕТ И ЗАДАЧИ НА МЕТОДИКАТА НА ВОСПИТНО-
ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА

Методиката, во својата општа предметна ориентација, се занимава со начинот


на кој се пренесува теоретското и практичното знаење со помош на соодветни
наставни средства и методи за да ги оствари на воспитно-образовните цели. Зборот
методика потекнува од грчкиот збор methodos што значи пат, начин, средство за
планско, ефикасно и рационално остварување на определна воспитно-образовна цел
и постигнување на подобри резултати. Со оглед на предметот на својот интерес,
методиката може да се занимава со начинот на реазлизација на еден наставен
предмет, една потесна или поширока област или начин на работа во една средина,
што упатува на конкретност во разрешувањето на методските проблеми. Како научна
дисциплина методиката има за цел да ги следи и изучува општите законитости и
категории на воспитно-образовната работа во наставата (Rodic,2002).
Методиката на воспитно-образовната работа по запознавање на околината е
релативно млада, самостојна научна дисциплина која, според својот предмет на
проучување, припаѓа во групата на педагошки дисциплини. Почитувајќи го односот на
општото, посебното и поединечното може да се каже дека методиката на воспитно-
образовната работа по запознавање на околината е самостојна дисциплина со
интердисциплинарен карактер, која за предмет на проучување ја има теоријата и
практиката на воспитно-образовната работа по природната и општествената средина.
Оттука, методиката на воспитно-образовната работа по природната и општествената
средина се дефинира како педагошка дисциплина која ги проучува законитостите на
воспитно образовната работа во рамките на воспитно-образовното подрачје природа и
општество (Колонџовски, 2010).
Иако млада педагошка дисциплина, методиката на воспитно-образовната
работа по природната и општествената средина има свој развоен пат. Како што се
менувала и усовршувала воспитно-образовната работа по природната и
општествената средина, се менувала и усовршувала и самата методика. Всушност,
таа утврдените норми и законитости во воспитно-образовната работа по природната и
општествената средина не ги смета за крајни и најсовршени, туку настојува тие и
понатаму да се менуваат и усовршуваат, издигнувајќи се на повисок степен,
соодвествувајќи на современите достигнувања (Дончовска, 1988). За таа цел,
воспитувачот мора континуирано да ги следи промените и новите достигнувања, да се
усовршува, а со тоа да ја усовршува и воспитно-образовната дејност, не само по
природната и општествената средина, туку и по другите воспитно-образовни подрачја.

Задача 1: Што е предмет на проучување на Методиката на воспитно-образовната


работа по запознавање на околината?

7
Задача 2: Наведи ги предметните подрачја на проучување на Методиката на воспитно-
образовната работа по запознавање на околината!

Задача 3: Наведи кои се основните задачи на Методиката на воспитно-образовната


работа по запознавање на околината кои произлегуваат од нејзиниот предмет (цел)!

Задача 4: Според тебе, кои компетенции треба да ги поседува идниот воспитувач за


работа со деца од предучилишна возраст?

8
2. ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА ИДЕЈАТА ЗА КОРИСТЕЊЕТО НА ПРИРОДНАТА
ОКОЛИНА КАКО ИЗВОР НА СОЗНАНИЈА НА УЧЕНИКОТ

Запознавањето на природната и општествената средина како воспитно-


образовно подрачје во работата со децата од предучилишна возраст си има свој
развоен пат.
Првите идеи за запознавање на детето со природните и општествените појави
датираат од древните општества. Базирани на воспитното искуството на
примитивните луѓе, идеите за организирана предучилишна подготовка се
појавуваат во филозофските учења и системи на древните грчки и римски
мудреци - Сократ, Платон, Аристотел, Квинтилијан и др. Платон прв предлага за
децата од 3-6 години да се грижат воспитувачки назначени од државата, кои ќе ги
запознаваат со околниот свет преку игри и специјални активности. Според Аристотел,
детето треба да биде во домот до 7-та година, при што предлага семејството не само
да го воведе во семејните обичаи и традиции, туку и да го подготви за живот во
социјалната средина.

Задача 1: Што е карактеристично во развојот на природните науки во периодот на


хуманизмот и ренесансата?

Задача 2: Објасни кои се придобивките од Јан Амос Коменски за развојот на


предучилишното воспитание!

9
Задача 3: На што се однесува идејата на Жан Жак Русо за трократно воспитание?

Задача 4: Во што се гледа значајноста на Јохан Хајнрих Песталоци за развојот на


воспитно-образовниот процес?

Задача 5: Фридриг Фребел се смета за основач на првата детска градинка во 1840


година. Објасни на што, според него, се базирала работата со децата во детските
градинки!

Задача 6: Консулитирај литература (електронска и/или пишана) и информирај се за


животот и делото на Марија Монтесори. Врз основа на прочитаното обиди се да го
образложиш моделот на образовен систем кој го развила Марија Монтесори.

10
Задача 7: Наведи некои од позначајните личности кои дале свој придонес во развојот
на воспитно-образовната работа по природа и општество во Р. Македонија!

11
3. ВРСКАТА НА МЕТОДИКАТА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ПО
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА СО ДРУГИТЕ НАУКИ

Секоја наука и научна дисциплина е поврзана со други науки. Ниедна не може


да биде самостојна. Па така и методиката на воспитно-образовната работа по
запознавање на околината, како современа научна дисциплина со јасно определени
предмети и задачи, со утврдена и разработена научна структура, е поврзана со други
науки.
Методиката на воспитно-образовната работа по запознавање на околината има
свое определено место и положба во општиот научен систем и остварува непосредни
или посредни врски со други науки и научни дисциплини. Нејзината поврзаност со
други науки и научни дисциплини се должи на фактот што современата воспитно-
образовна работа претставува таква организирана дејност, која е конципирана и
поставена врз повеќе научни основи.
Методика на воспитно-образовната работа по запознавање на околината е
научна дисциплина, која припаѓа на група педагошки дисциплини и ги проучува
законитостите на воспитно-образовната работа по природа и општество.

Задача 1: Графички претстави ја поврзаноста на методиката на воспитно-образовната


работа по природа и општество со педагошките науки!

Задача 2: Објаснете ја поврзаноста на методиката на воспитно-образовната работа по


природа и општество со следниве педагошки науки:

Дидактика

12
Предучилишна педагогија

Компаративна педагогија

Специјална педагогија

Задача 3: Освен со педагошките, методиката на воспитно-образовната работа по


запознавање на околината е тесно повразана и со психолошките науки.
Обиди се графички да ја прикажеш таа поврзаност!

13
Задача 4: Објаснете ја поврзаноста на методиката на воспитно-образовната работа по
природа и општество со следниве психолошки науки:

ПСИХОЛОШКИ НАУКИ
Општа психологија
MЕТОДИКА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА

Развојна психологија

Детска психологија

Педагошка психологија

14
4. КОРЕЛАЦИЈА И ИНТЕГРАЦИЈА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНОТО ПОДРАЧЈЕ
ПО ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО СО ДРУГИТЕ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИ ПОДРАЧЈА

Запознавањето на околината, како и на другите воспитно-образовни подрачја


единствено во програмата се издвоени како посебни целини. Во практичната работа,
не може да постои остра поделба на области на воспитно-образовна работа.
Методиката на запознавање на околината неразделно е поврзана со праксата.
Како современа научна дисциплина со јасно определен предмет и задачи, со
утврдени и разработени научни структури, методиката на запознавање на околината,
има свое определено место, своја определена положба и во општиот систем.
Методиката на запознавање на околината тесно се поврзува и интегрира и со
другите воспитно-образовни подрачја, како што се: математика, култура на говор,
физичко воспитание, ликовно воспитание, музичко воспитание.
Основни компоненти во тематското планирање, односно во креирањето на т.н.
тематски курикулум, е инкорпорирање на различни теми од различни воспитно-
образовни подрачја, односно неминовно почитување на две основни начела -
интеграција и корелација.

Задача 1: Објасни што подразбираш под:

а) Интеграција ____________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

б) Интегрирана настава ____________________________________________________


_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

Задача 2: Според тебе зошто е потребно интегрираното планирање во воспитно-


образовната работа?

15
Задача 3: Објасни што претставува корелацијата во воспитно-образовната работа со
децата од предучилишна возраст?

Задача 4: Графички претстави ја корелацијата на воспитно-образовното подрачје по


природа и општество со другите воспитно-образовни подрачја.

Задача 5: Наведи пример на воспитно-образовна активност во која ќе се примени


корелација на воспитно-образовното подрачје по природа и општество и култура на
говор. Наведи ги придобивките за децата од корелацијата на овие две подрачја.

 Воспитно-образовна активност ___________________________________________


_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

 Придобивки ___________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

16
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

Задача 6: Осмисли една воспитно-образовна активност во која ќе има корелација на


воспитно-образовното подрачје по природа и општество и математика. Притоа наведи
што очекуваш да се постигне преку таа корелација.

 Воспитно-образовна активност ___________________________________________


_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
 Очекувања ___________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

Задача 7: Што се постигнува со корелацијата на воспитно-образовното подрачје по


природа и општество и физичко воспитување?

17
Задача 8: Објасни ја преку пример корелацијата на воспитно-образовното подрачје по
природа и општество и:

а) ликовно воспитување
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

б) музичко воспитување
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

Задача 9: Набљудувај едно занимање од воспитно-образовното подрачје по


запознавање на природа и општество и анализирај со кои други воспитно-образовни
подрачја е во корелација. Притоа одговори на следниве прашања:

Содржина ________________________________________________________________
Корелација со _____________________________________________________________
_________________________________________________________________________
Стандарди _______________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

18
Прашања:
 Дали содржината е соодветна за корелација?
 Преку кои активности се остварува корелацијата?
 Дали истите се соодветни?
 Кои методи ги користи воспитувачот?
 Што би направил ти да си воспитувач?

Одговор:

19
5. ИЗБОР И РАСПОРЕД НА СОДРЖИНИТЕ ПО ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА
РАБОТА ПО ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО

Воспитно-образовната работа во предучилишната установа се реазлизира


согласно Програмата за рано учење и развој, која се базира на Стандардите за рано
учење и развој.
Содржините во Програмата се дадени ориентационо и глобално за да може да
се обезбеди единственост во работата со децата од сите возрасни групи како и да му
се даде можност на воспитувачот да внесува елементи кои според негово мислење ќе
придонесуваат за остварување на развојните цели на воспитно-образовната работа по
запознавање на природната и општествената околина.
Во Програмата детално не се утврдени ширината, длабочината и редоследот
на обработка на содржините, оставајќи простор воспитувачите сами при изборот и
распоредот на содржините попрецизно да го определат интензитетот, длабочината и
редоследот на нивната обработка.
Постојат и бројни содржини кои ги нуди непосредната природна и општествена
средина, разните инфомативни медиуми и сл. кои не се предвидени во Програмата, а
воспитувачите можат да ги земат предвид кога вршат избор на содржините кои ги
обработуваат со децата од соодветната возраст во градинката.

Задача 1: Наведете на што треба да се внимава (обрати внимание) при изборот на


воспитно-образовните содржини!

Задача 2: Образложете зошто е значајно да се почитуваат следниве критериуми при


изборот на воспитно-образовните содржини од воспитно-образовното подрачје по
запознавање на природата и општеството:

 Принцип на достапност
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

20
 Принцип на очигледност
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
 Специфики и карактеристики на околината
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
 Интерeсот на децата
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
 Принцип на актуелност
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

21
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
 Корелација на воспитно-образовните содржини
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

Задача 3: Според Вас, зошто е потребно, покрај изборот, да се направи и правилен


распоред на воспитно-образовните содржини?

22
6. СТРУКТУРА И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ВОСПИТНО-
ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ

Целокупната воспитно-образовна работа во предучилишните установи до


октомври 2007 година се базираше врз основа на Основите на програмата за
воспитно-образовна работа со деца од предучилишна возраст во јавните детски
градинки1 која беше актуелизирана со новата законска регулатива за заштита на
децата. Истата претставуваше национален документ, усогласен со современите
општествено-демократски и плурални движења кај нас, воедно и со Уставот на
Република Македонија, како и со Декларацијата и Конвенцијата за правата на децата.
Врз основа на теоретските основи и принципите за рано учење и развој, а
базирано врз Стандардите за рано учење и развој, подоцна во 2014 година
Министерството за труд и социјална политика ја усвојува Програмата за рано учење
и развој2, врз основа на која се организира, планира и реазлизира воспитно-
образовната работа со децата од предучилишна возраст во детските градинки.
(ПРИЛОГ: Програмата за рано учење и развој)

Задача 1: Наведи на кои принципи е градена програмата за за воспитно-образовна


работа со деца од предучилишна возраст во јавните детски градинки!

Задача 2: Наведи која е улогата на воспитувачот во воспитно-образовната работа


согласно поставените цели во програмата!

1Основите на програмата за воспитно-образовна работа со деца од предучилишна возраст во


јавните детски градинки,Службен весник на РМ, 15.октомври 2007, Retrieved from:
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/5F9E56D97C545F47A285E05551FE31DE.pdf.
2 Програма за рано учење и развој, Службен весник на РМ, бр. 46 од 6.03.2014, Retrieved from:

http://mrk.mk/wp-content/uploads/2015/07/programa_ranoucenje.pdf.

23
Задача 3: Наведи што е тоа Годишна програма за работа на детската градинка и кој
учествува во нејзиното изготвување!
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________

Задача 4: Анализирај една Годишна програма за работа на детска градинка (по твој
избор) и наведи каква е организацијата на времето во детската градинка!
Градинка ________________________________________________________________

Извештај:

24
7. ЈАВНА И КУЛТУРНА ДЕЈНОСТ НА ГРАДИНКАТА

Јавната и културна дејност во градинка има за цел да придонесе за целосно


остварување на задачите од општествено организираното воспитание, а посебно за
подобрување на воспитно-образовните резултати, како и збогатување на
општествениот и културниот живот во средината во која работи и живее градинката.
Задачите на јавната и културна дејност се:
 Афирмирање на градинката во средината во која живее како културно -
просветен центар, како и за демонстрирање на резултатите од сопствената
работа.
 Обезбедување на активно учество на воспитувачите и негователките во
непосредна средина.
 Вклучување на децата во приредби, прослави, јубилеи, организирани од страна
на општината.
Јавната и културната дејност се остварува и низ различни форми и дејности
како што се: родителските состаноци, непосредните контакти со родителите,
изложбите, приредбите, прославите, дружењето со членовите од семејствата и
соработката со други институции. Приредбите се организраат и по повод сите државни
празници и други прослави во кои децата учествуваат со однапред изготвено
сценарио.
Соработката со локалната самоуправа, општествената средина и стручните
институции треба да биде задача која континуирано ќе се остварува. Во рамките на
остварувањето на соработката, градинката соработува и со другите предучилишни
установи и основни училишта во општината, Министерството за труд и социјална
политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието
на РМ и сите други иснтитуции слични по дејност.

Задача 1: Анализирај една Годишна програма за работа на детска градинка (по твој
избор) и наведи каква е програмата за јавна и културна дејност во детската градинка!
Градинка ________________________________________________________________

Анализа:

25
СОРАБОТКА СО СЕМЕЈСТВОТО
За успешно воспитување мора да постои успешна заемна комуникација и
соработка меѓу предучилишната установа и семејството. Соработката со родителите е
значаен дел од работата на дејноста за воспитание, образование и згрижување на
децата. Појдовна основа за соработка на детската градинка со родителите е заемното
почитување, интересите на децата и нивната желба тие да бидат здрави, задоволни и
подготвени за животот кој ги очекува. Соработката со семејството треба да се планира
заедно со родителите зависно од нивните можности и интереси, а во сообразност со
потребите на воспитно-образовниот процес.

Задача 2: Разговарајте со воспитувачите во детска градинка по ваш избор и дајте


одговори на следниве прашања:
• Кои форми на соработка постојат меѓу предучилишната установа и семејството
и кои од нив најчесто се практикуваат?
• На кои теми се разговара при тие средби?
• Дали родителите сами иницираат меѓусебна соработка и доколку е потврдно,
кога и на која тема тоа најчесто се прави?
• Дали кај родителите постои интерес (самоиницијативно или организирано) да
се вклучуваат во активностите на градинката во насока на негување на
соработката меѓу градинката и семејството?
• Дали во градинката постои Совет на родители, кои се неговите надлежности и
дали истиот е вклучен во работата на детската градинка?

Градинка ________________________________________________________________

Анализа/ одговор:

26
8. ФОРМИ НА РАБОТА СО ДЕЦАТА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Во текот на воспитно-образовната активност постојат различни начини за


организирање (во социолошка смисла) активности меѓу воспитувачот и децата.
Начинот на кој се организира и одвива воспитно-образовната активност меѓу
воспитувачот и децата се нарекува форма или облик на работа.
Работата со децата, како и активноста на самите деца во воспитно –
образовниот процес, може да биде различно организирана, зависно од конкретните
воспитно-образовни задачи и содржини, од способностите и претходната подготовка
на децата, од расположливите временски и матерјално – технички услови и сл.
Поделбата на формите на работа во воспитно-обрзовната работа е според
бројот на деца кои претставуваат една целина во организирањето на воспитно-
образовната активност. Во предучилишната установа во работата со децата најчесто
се применуваат следниве форми: фронтална, групна и индивидуална. Која форма
на работа ќе се примени во работата зависи од возраста на децата, темата и
средствата со кои се располага.

Задача 1: Набљудувај една заедничка активност на воспитувачот со децата и следи ја


нивната комуникација, така што графички ќе ја претставиш секоја иницијатива (секој
од учесниците се обележува со □ или ○, зависно од полот, а насоката на
комуникацијата со стрелка). Врз основа на графичкиот приказ, определи кои форми на
воспитно-образовна работа се менувале и по кој редослед!

Градинка ________________________________________________________________
Активност: _______________________________________________________________
Анализа:

27
Задача 2: Набљудувај една заедничка активност на воспитувачот со децата и следи го
однесувањето на децата кога ќе наидат на тешкотија, пречка, кога не можат да добијат
нешто или се однесуваат како што сакаат. Како децата ги изразуваат своите чувства
во такви ситуации и како реагира воспитувачот? Дали со неговата постапка се
постигнува задоволување на детето или се влијае на неговото однесување?

Градинка ________________________________________________________________
Активност: _______________________________________________________________
Анализа:

28
9. МЕТОДИ НА РАБОТА СО ДЕЦАТА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ ВО
ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА

Под наставен метод се подразбира начин на теориска и практична активност на


децата насочена кон постигнување на поставената цел во процесот на усвојување на
воспитно-образовните содржини по поедини воспитно-образовни подрачја.
Постојат бројни методи кои се применуваат во воспитно-образовната работа од
различни воспитно-образовни подрачја, се разбира, во согласност со содржините,
возрасните особености на децата, поставените цели и задачи и сл. Изборот на
методите зависи и од материјалните услови на предучилишната установа и нејзината
опременост, како и од стручната подготовка на воспитувачот и неговата умешност во
работата. Во текот на едно занимање воспитувачот може и треба да користи повеќе
методи. Ако на пример со децата се разговара за пролетта во шумата, може да се
користат слики и макети кои децата ќе ги набљудуваат или, пак, може да ги однесеме
во блискиот парк или шума. При набљудувањето со децата се води разговор за тоа
што виделе и/или какво искуство имаат од претходните набљудувања.
Примената на соодветни наставни методи во воспитно-образовните активности
по запознавање на околината треба да овозможи лесно, правилно и трајно стекнување
на знаења, умеења и навики, паралено со развивањето на соодветните способности.

Задача 1: Какви се предностите, а какви ограничувањата во поглед на примената на


непосредните и посредните методи на воспитно-образовна работа со децата од
предучилишна возраст во активностите по запознавање на околината?

Предности Ограничувања

Задача 2: Набљудувај една воспитно-образовна активност и анализирај ги прашањата


кои воспитувачот ги поставува на децата. Колку од нив се поставени така што од
децата се бара:
 нивното мислење за одреден факт;
 нивна оценка за нешто;
 да се поттикнуваат на размислување;
 да се насочуваат да воочат она што е важно во одредена ситуација;
 дали прашањата се постававени формално;
 дали поставените прашања се сугестивни;
 дали и колку прашањата им се разбирливи на децата.

Воспитно-образовна активност (наведи) _______________________________________


_________________________________________________________________________
Поставени прашања (наведи неколку): ________________________________________
_________________________________________________________________________

29
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
Анализа:

Задача 3: Набљудувај една воспитно-образовна активност и анализирај ги методите


на воспитно-образовна работа кои воспитувачот ги применува во работа со децата.
При тоа одговори на следниве прашања:
 Кои методи ги применува воспитувачот?
 Дали тие се соодветни за таа воспитно-образовна активност?
 Доколку ти си во ситуацијата воспитувач, кои методи сметаш дека би биле
посоодветни?
Воспитно-образовна активност (наведи) _______________________________________
_________________________________________________________________________

Образложение:

Задача 4: Забележете ги зборовите со кои воспитувачот ги поттикнува децата на


активност. Анализирајте:
 Дали тие претставуваат наредба, молба, сугестија, барање или нешто друго?
 Која форма на поттикнување децата се најподготвени да ја прифатат и зошто?

Одговор:

30
Задача 5: Сами или со помош на воспитувачот, одберете една воспитно-образовна
содржина и осмислете кои методи на работа би биле најсоодветни за обработка на
таа содржина. Притоа образложете го вашиот избор.
Воспитно-образовна содржина _______________________________________________
_________________________________________________________________________
Методи: __________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
_________________________________________________________________________
Образложение:

Задача 6: Набљудувај една воспитно-образовна ситуација во која воспитувачот на


децата им пренесува знаења користејќи разни методи. Идентификувајте ги методите
што ги применил и видовите информации шти им ги понудил на децата. Колку децата
биле активирани за да ги запознаат овие информации, дали биле предвидени
постапки на нивна обработка и структурирање, наспроти едноставното запаметување
и повторување на запаметеното?

Одговор:

31
Задача 7: Опиши некој успешен модел/пример на комбинација на разни методи за
обработка на одредени содржини чијашто вредност е зголемена благодарејќи на
комбинирањето.

Задача 8: Набљудувај го однесувањето на децата во групата и врз основа на тоа


обиди се да извлечеш одредени претпоставки за детето (пр. за социо-културното ниво
на родителите, за нивните педагошки ставови, за неговата положба во семејството, за
интересирањата и склоностите кои ги пројавува детето, за социјалноста, за
емоционалната стабилност и сл.), а потоа проверете ја својата претпоставка преку
разговор со воспитувачот или родителите.

Претпоставка Поставеност

32
10. ОБЈЕКТИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ПО
ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО

Секоја наставна активност се реализира на места кои се уредени за таа цел, и


кои се нарекуваат наставни објекти. Наставните објекти со опремата претставуваат
материјална основа која е од примарно значење за работата на воспитувачите и
децата. Без разновиден и добро организиран систем на наставни објекти нема
успешно учење, а во наставата не е можна примена на разновидни облици на работа.
Организацијата и ефикасноста на воспитно-обтразовниот процес со децата од
предучилишна возраст, покрај другото, во голема мера зависи и од местото – објектот
каде тој процес ќе се одвива. Затоа воспитувачот уште при планирањето на својата
воспитно-образовна активност мора да размислува и за објектот, местото каде истата
ќе ја реализира бидејќи успешната воспитно-образовна активност може да се
реализира само во објекти каде што постојат поволни услови за активно вклучување
на децата во усвојувањето на знаења, умеења и навики.

Задача 1: Набљудувајте ги местата во вашето место на живеење кои се погодни за


прошетка и излети. Образложете ги образовните можности на секој од нив и
планирајте на кој начин најдобро би ги искористиле. Како би ги подготвиле децата и
кои активности би ги организирале на лице место?

Задача 2: Посетете еден објект на детска градинка и набљудувајте ја состојбата во


него, поаѓајќи од барањата наведени во нормативите за просторот, опремата и
средствата за воспитно-образовна работа, а потоа споредете ја постојната состојба со
овие барања и утврдете ги разликите!

33
Задача 3: Влезете во една занимална и набљудувајте: како е извршен изборот и
распоредот на опремата и материјалите за работа, дали ги овозможува сите видови
активности за кои децата покажуваат интерес, дали играчките им се достапни на
децата; дали во просторијата има катчиња за работа; дали во нив има соодветен
материјал за работа; дали децата сами бираат со кои играчки ќе играат или
воспитувачките ги насочуваат; има ли доволно материјал и играчки за сите деца; дали
децата можат непречено да се движат низ просторијата?
Напишете извештај за набљудуваното.

Извештај:

34
11. ПЛАНИРАЊЕ И ВИДОВИ ПЛАНИРАЊЕ НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА
РАБОТА ПО ПРИРОДА И ОПШТЕСТВО

Планирањето на воспитно-образовната работа е мисловен процес во кој


елементите на наставниот процес (целта, содржината, формите, методите, времето,
средствата-изворите на учење и активностите на воспитувачот и децата) се ставаат во
меѓусебна функционална врска и тоа така што со сигурност ќе може да се очекува
посакуваниот ефект од неа.
Бидејќи воспитувачот е организатор и носител на воспитно-образовната
работа, нему му припаѓа и примарната функција во подготовката и планирањето на
таа работа. Планирањето и подготовката е постојан процес и обврска на секој
воспитувач и од него бара широко подрачје на знаење, вештини и способности.
Воспитувачот ги планира не само своите сопствени активности, туку и активностите на
децата. Со планирањето воспитувачот однапред одредува што ќе се работи за
одреден временски период, кои задачи ќе се реализираат, кои содржини ќе се
обработуваат, кои форми, методи, средства и активности ќе ги користи.
Преку планирањето се внесува системност и организираност во работата, со
што се овозможува успешно реализирање на задачите, како и можност на
воспитувачот да го воопштува своето искуство и да ги анализира постигнатите
резултати (Дончовска,стр.37).
Плановите и програмите за воспитно-образовната дејност на јавната детска
градинка ги изготвува Бирото за развој на образованието, научна или специјализирана
стручна установа, а ги донесува министерот за труд и социјална политика.
Секоја јавна детска градинка си донесува своја годишна програма за работа.
Годишната програма за работа содржи особено: организација и работно време
на градинката, програмите на детската градинка, распоредување на децата во групи,
работата на директорот и стручните и други работници, соработка со родителите,
соработка со воспитно-образовни, спортски, здравствени, културни, научни и други
установи, фондации, здруженија, активности за вклучување на децата во градинка,
перманентно стручно усовршување на вработените, работа на стручните органи и
други работи за остварување на дејноста.
Програмата за работа, детската градинка е должна да ја донесе најдоцна до 30
септември во тековната година.3
Воспитувачот, водејќи се од Програмата за рано учење и развој, донесена
20144 (претходно се работеше врз основа на „Основите на програмата за воспитно-
образовна работа со деца во предучилишна возраст во јавните детски градинки“, која
беше донесена од 2007 година), а приотоа имајќи ги предвид и условите за работа,
пошироката околина, културата и менталитетот на средината, индивидуалните
разлики, потреби и можности на децата во конкретната група, изготвува:
• долгорочно-годишно,
• среднорочно-тематско (периодично) и
• краткорочно-дневно (оперативно).
Планирањето на воспитно образовната работа, кое се врши низ годишно
(глобално) планирање, месечно - тематско планирање и дневно планирање, се
спроведува и преку адекватен избор на стандарди (Стандардите за рано учење и
развој) и цели, примери и очекуваните резултати од Програмата за рано учење и
развој.

3 Планови и програми во детските градинки, Министерство за труд и социјална политика,


http://www.ringeraja.mk/statija/planovi-i-programi-vo-detskite-gradinki_1163.html.
4 Програма за рано учење и развој, Службен весник на РМ, бр. 46 од 06.03.2014 година

http://mrk.mk/wp-content/uploads/2015/07/programa_ranoucenje.pdf.

35
Воспитно-образовната работа се планира, а и реализира интегрирано. При
планирањето воспитувачот јасно и прецизно ги дефинира целите на воспитно-
образовната работа, а потоа определува активности со кои најефикасно ќе ги
реазлизира определените цели.
При планирањето се поаѓа од Програмата за рано учење и развој базирана на
Стандардите за рано учење и развој, а се земаат предвид возраста на децата,
индивидуалните потреби, можности, способности и интереси на децата во групата,
условите за работа и пошироката околина.
Планирањето и подготвувањето на воспитно-образовната работа за секоја
група деца од детската градинка/ центарот за ран детски развој е составен дел на
Дневникот за работа на воспитната група.
Планирањето и подготвувањето на воспитно-образовната работа за секоја
група деца од две до шест години го подготвува воспитувачот одговорен за таа група,
а за групите деца од најрана предучилишна возраст (до две години) педагогот во
градинката или определениот воспитувач.5
Денес, современата тенденција во планирањето на воспитно-образовните
активности во предучилишната возраст на глобално ниво е холистичкиот пристап,
кој полека навлегува и во нашиот образовен систем. Холистичкиот пристап ги
надминува слабостите на интегрираниот пристап во насока на подлабоко проучување
на конкретна проблемска ситуација, односно тема, во која се опфатени сите
програмски подрачја. Ако интегрираниот пристап подлабоко проучува проблематика
во која се вклучени неколку програмски подрачја, тогаш холистичкиот пристап
претпоставува вклучување на сите програмски подрачја и нивно инкорпорирање во
продлабочено проучување на одредена тема. Концепцијата на холистичиот пристап се
однесува на идејата дека сите аспекти од развојот на индивидуата можат да бидат
опфатени и не можат одделно да се развиваат некои негови делови или одделни
компоненти.
Вистинската примена на овој пристап во пракса би значела развој на „детето во
целост“ и би требало да претставува вистински предизвик за секој воспитувач. Во
програмата за предучилишно воспитување би требало да се применува холистичкиот
начин на учење и развој на секое дете. Тоа би значело интегрирање на когнитивната,
социјалната, културната, физичката и емоционалната димензија на развојот на
личноста. Примената на холистичкиот пристап во работата со децата од
предучилишна возраст подразбира на секое дете да му се овозможи да напредува
според сопствено темпо и можности на напредување. Тоа се базира на фактот дека
сите деца се умешни, силни, но и уникатни, креативни, независни, деца кои растат и
учат преку игра, истражувајќи, набљудувајќи и сл.

Долгорочно-годишно планирање
Изработката на годишниот (глобален) план подразбира врз основа на
поставените цели и предвидените програмски задачи, се изврши нивна понатамошна
разработка и конкретизација и да се дефинира што сака да се постигне со
целокупната воспитно-образовна работа.
Секоја предучилишна установа, поаѓајќи од „Програмата за рано учење и развој“
си донесува своја Годишна програма за работа со која се опфатени прашањата кои се
од интерес на установата во целина.
Годишното планирање за одредена возрасна група го прави воспитувачот во
соработка со педагогот. Тоа се прави во согласност со Годишниот план за работа на
градинката, со општите воспитно-образовни цели и предложените примери на
активности (содржини) за одредена возраст на децата во „Програмата за рано учење и

5
Службен весник на РМ, бр.87 од 17.06.2013 година,
http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/pedagoska_evidencija.pdf.

36
развој“, притоа земајќи ги предвид очекуваните резултати, како и карактеристиките и
потребите на конкретната возрасна група.
Долгорочното - годишно планирање во себе содржи податоци за: реден број,
глобални цели, теми, време на обработка, организациони форми на работа, методи на
учење и поучување, место на реализација, форма на соработка со
родители/старатели. Се изготвува на почетокот на воспитната група.

ПРИМЕР: долгорочно - годишно планирање


ДОЛГОРОЧНО - ГОДИШНО ПЛАНИРАЊЕ
ПРИМЕР ЗА ПЛАНИРАЊЕ ВО ГОЛЕМА ГРУПА6
Форма на
Време Организац Место
Ре Методи на соработка
Глобални на иони на
д. Теми учење и со
цели обрабо форми на реализа
Бр. поучување родители/
тка работа ција
старатели
1 Стекнување Јас во Септем Индивидуа Усно Занимал Индивиду
знаења за градинк ври лна, излагање, на, двор ален
моралните а групна и игра, разговор,
вредности, фронталн демонстра состаноци
однесување, а ција, во мали
стекнување опишувањ групи,
на довреба и е, усно и
сигурност во практична писмено
себе работа, информир
објаснувањ ање
е
2 Осознавање Убавин Октомв Индивидуа Игра, Занимал Разговор,
на ите на ри лна, набљудува на, состаноци
каратеристик есента Ноемвр групна, ње, двор, , усно и
ите на и пар и опишувањ пазар, посмено
годишното фронталн е, трепеза информир
време Есен, а покажувањ рија ање
карактеристи е,
ки и објаснувањ
класификациј е,
а на овошје и разговор,
зеленчук раскажува
ње
3 Збогатување Ги Ноемвр Индивидуа Разговор, Занимал Разговор,
на знаења за сакаме и лна, игра, на, состаноци
живата животн Декемв групна и набљудува двор, , усно и
природа. ите ри фронталн ње, трепеза писмено
Развој на а опишувањ рија информир
интерс за е, ање
животинскио објаснувањ
т свет е,
практична
работа
4 Осознавање Зима и Декемв Индивидуа Разговор, Занимал Разговор,
на зимски ри лна, игра, на, состаноци

6Извадок од Дневник за работа на воспитна група од 2 до 6 години, воспитна група-голема,


воспитна година 2016/2017.

37
карактеристи радост Јануар групна и набљудува двор, , усно и
ките на и и фронталн ње, трепеза писмено
годишното а опишувањ рија информир
време Зима е, ање
со своите објаснувањ
убавини. е,
Развој на практична
креативни работа
способности,
емоционално
доживување
и
самодовреба
кон ликовно
и музичко
творење
5 Запознавање Профе Февруа Индивидуа Разговор, Занимал Разговор,
со работата сии ри лна, игра, на, состаноци
на луѓето, групна и набљудува посета , усно и
професиите, фронталн ње, по писмено
алатот за а опишувањ институ информир
работа е, ции, ање
практична трепеза
работа рија
6 Воочување Природ Март Индивидуа Разговор, Занимал Разговор,
на ата се Април лна, игра, на, состаноци
промените буди групна и набљудува двор, , усно и
на времето фронталн ње, непосре писмено
во пролет; а опишувањ дна информир
вода; воздух; е, околина, ање
значењето објаснувањ трепеза
на е, рија
природата, практична
како и работа
семејството
7 Проширувањ Патува Мај Индивидуа Разговор, Занимал Разговор,
е на ме, лна, игра, на, состаноци
знаењата за патува групна и набљудува двор, , усно и
улица, ме – фронталн ње, непосре писмено
запознавање Сообра а опишувањ дна информир
со ќај е, околина ање
сообраќајни објаснувањ
средстав, е
сообраќаен
полицаец,
почитување
на
сообраќајнит
е знаци
8 Запознавање Летото Јуни Индивидуа Разговор, Занимал Разговор,
со доаѓа лна, игра, на, двор состаноц,
карактеристи групна и набљудува усно и
чните фронталн ње, писмено
промени во а опишувањ информир

38
лето, летни е, ање
игри, објаснувањ
развивање е,
на демонстри
другарство рање

Среднорочно-тематско планирање
Поаѓајки од годишното планирање и од Програмата за рано учење и развој
воспитувачот го прави тематското планирање најчесто еден месец порано,
надоврзувајќи се на детското искуство. При планирањето воспитувачот мора да биде
флексибилен, креативен и фантазер.
Среднорочното-тематско планирање треба да ги содржи следниве податоци:
наслов на темата, цели на темата, време на реализација, разгранување на темата со
активности. Ова планирање поаѓа од холистичиот пристап. Овде се набројуваат и
целите на среднорочното планирање по домени од Стандардите за рано учење и
развој. Потоа следува Рефлексија на реазлизираната тема по домени.
Средорочното-тематско планирање се изготвува во текот на годината, пред
започнување на реазлизацијата на нова тема.7

ПРИМЕР: Средорочно-тематско планирање

СРЕДНОРОЧНО-ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ

Наслов на темата: Патуваме, патуваме... (Сообраќај)


Цели на темата: Стекнување на искуство и формирање поими од областа на
сообраќајот; запознавање со сообраќајни средства во непосредната околина;
запознавање со правила и движење по улица-пешачки премин.
Време на реазлизација: од _______ до ________

Разгранување на темата со активности


1. Развој на јазик
 Обработка на текст „Малиот велосипедист“, „Топката на Бојан“
 Разгледување на енциклопедија-сликовници за превозни средства
 Стихотворба „Воз“
 Обработка на текст „Авионот и врапчето“
 Говорна игра „дете и семафор“
 Гатанка (семафор, авион, автобус)
 Драматизација „Семафор и топка“

2. Физичко здравје и моторен развој


 Изработка на семафор
 Оригами (брод, кајче, авион)
 Изработка на кола, автобус, воз од кутии (еко активност)
 Подвижна игра „Патувам со автобус кај мојата баба“
 Подвижна игра „Јас во улога на пилот и стјуардеса“
 Дидактички игри- Возачи и гаражи
 Дидактички игри – Погоди кое превозно средство сум јас
 Кој како се движи (брзо-бавно темпо)

3. Социо-емоционален развој

7
Службен весник на РМ, бр.87 од 17.06.2013 година,
http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/pedagoska_evidencija.pdf.

39
 Прошетка до блиската крстосница
 Запознавање со основните сообраќајни знаци на улицата
 Творечка игра „На крстосница“
 Разгледување на енциклопедија- сликовница за „сообраќајот во нашиот
град“
 Творечка игра „Воз“
 Творечка игра „Јас во улога на сообраќаен полицаец“
 Запознавање со возилата со предност на минување (пожарна, амбулантна
и полициска кола и др.)
 Бон-тон во автобус и воз

4. Когнитивен развој
 Ликовна игра со водени бои „Сообраќајот во нашиот град“
 Запознавањето со видовите на сообраќај (сувоземен, воден, воздушен,
поштенски)
 Ликовна игра „Крстосница“, „Превозни средства“
 Обработка на песна „Патуваме...патуваме...„
 Математка по програма
 Пешачки премин (на црна колаж хартија)
 Музичка игра „Стоп“
 Изработување „Сообраќајни знаци„
 Еко-активност „Изработка на коверт“

5. Развој на пристап кон учењето


 Основни елементи на патот (тротоар, улица..)
 Творечка игра „Патуваме со брод“
 Дидактичка игра „Погоди го звукот“ (пожарна, брза помош...)
 Истражувачка игра „погоди кој како се движи“
 Игра „Јас на железничка станица“ (перон, вагон, локомотива)
 Посета на железничка станица или пошта

Краткорочно - дневно планирање (Дневен оперативен план)


Дневното планирање на воспитно-образовната работа претставува содржинска
и методичка подготовка на воспитувачот за секојдневната работа со децата од
предучилишна возраст. Со дневниот оперативен план воспитувачот ги предвидува
конкретните содржини што треба да бидат реазлизирани во текот на денот, како и
целта што треба да биде постигната преку нивната реализација, какви искуства и
знаења децата ќе стекнат, на кој начин тие активности ќе влијаат на нивниот
натамошен интелектуален, социо-емоционален и сензомоторен развој.
Краткорочното-дневно планирање (Дневниот оперативен план) треба да ги
содржи следниве податоци: стандрад/и, наслов на дневната тема, цели, активности,
време на реализација, место на реализација, материјали и средства за реализација,
користени стратегии за рано учење и подучување, постигање на децата, индикатори и
рефлексија на постигнатите резултати. Дневното планирање поаѓа од холистичкиот
пристап и се изготвува секој ден. (пример, слика 1)
Вака наведената структура на дневниот план овозможува континуирано и
насочено планирање на воспитно-образовната работа со децата од предучилишна
возраст. Меѓутоа, и покрај разновидноста и богатствата на внатрешната структура на
дневниот оперативен план, значајна е и разновидната креативна работа на
воспитувачот бидејќи тој е насочувач, креатор и поттикнувач на децата како активни
субјекти во воспитно-образовниот процес.

40
Слика 1: Краткорочно - дневно планирање (Дневен оперативен план)

41
ПРИМЕР: Дневен оперативен план:

Детска градинка: ЈОУДГ „Вера Циривири Трена“ Штип


Возраст: голема група
Дата: 2.9.2016 година

1. Стандард/и:
 Детето може да развие социјални вештини во интеракција со други деца;
 Детето може да зборува и комуницира
2. Наслов на дневната тема:
Дидактичка игра „Запознај го другарчето“
3. Цели:
 Да се поттикнува детето на користење на говорот како средство за меѓусебно
запознавање и разбирање;
 Да се поттикнува на чувство на припадност на групата.
4. Активности:
Во занималната , дечињата прават голем круг меѓусебно држејќи се за рака.
Им појаснувам дека ќе ја играат игричката „Запознај го другарчето“ служејќи се со
топчето кое секое дете ќе има можност да го земе во рака.
Најпрво им се претставувам јас, која ќе бидам нивна воспитувачка, како и што најмногу
сакам да правам, што ме прави среќна и сл. Потоа топчето ротира по секое детенце се
додека сите не се претстават. На тој начин дечињата меѓусебно се запознаваат бидејќи
имаме и нови дечиња во нашата група.
По кратката слободна активност, дечињата имаат можност да разговараат за летниот
распуст, т.е. каде биле и како поминале.
5. Време на реализација:
9.00-09.20
6. Место на реализација:
Во занималната
7. Материјали и средства за реализација:
Мала топка
8. Користени стратегии за рано учење и подучување:
 Форми: Индивидуална форма, фронтална форма и групна форма.
 Методи: метод на разговор, објаснување, покажување, игра;

ПОСТИГНУВАЊА НА ДЕЦАТА

Индикатори:
Децата се претставуваат меѓусебно кажувајќи ги своите имиња, како и што најмногу
сакаат и што ги прави среќни
Рефлексија:
Сите деца учествуваа во играта и меѓусебно се запознаваа. Покрај поставените
стандарди кои дечињата ги усвоија, исто така се во интеракција и со доменот здравје и
моторички развој

42
ПРИМЕР: Дневен оперативен план:

Детска градинка: ЈОУДГ „Вера Циривири Трена“Штип


Возраст: средна група
Дата: 3.4.2015 година

1. Стандард/и:
 Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства:
 Детето се гордее со своите постигнувања и верува во своите способности.
2. Наслов на дневната тема:
Изразување на љубов и грижа кон растенијата – истражувачка игра
„Садење на леќа во саксија“
3. Цели:
 Да се поттикнува кон поставувања прашања за настани во моментот на
набљудувањето;
 Да се негува и развива чувството на љубов кон себе, природата;
 Да се поттикнува да ги развива радоста и задоволството од успешно завршената
работа.
4. Активности:
Сите масички се споени во една и околу нив се сите дечиња седнати на своите
столчиња.
Поведувам разговор за љубовта и грижата која треба да ја негуваме кон растенијата
и кон природата. Им објаснувам дека денес ќе имаме за задача да садиме леќа во
саксија, а потоа во наредниот период и да набљудуваме што ќе се случува.
Активноста ја изведуваме сите заедно, а потоа полеваме во кантичката малку вода и
засаденото во саксијата го изложуваме покрај прозорецот.
Најпосле им поделувам скроен терк од лист од блок – кофички кои сите
индивидуално ги обојуваат со мрсни боици, а потоа лепиме по една сликичка на неа по
која ќе се разликуваат.
Готовите изработки ги изложуваме надвор на таблата.
5. Време на реализација:
9.00-09.20
6. Место на реализација:
Во занималната
7. Материјали и средства за реализација:
Саксија, леќа, земја, кантичка за полевање, листови од блок, ножичка, лепак,
сликички, мрсни бојци
8. Користени стратегии за рано учење и подучување:
 Метод на покажување, разговор, објаснување, опишување, набљудување, игра.
 Индивидуална, групна и фронтална форма на работа.

ПОСТИГНУВАЊА НА ДЕЦАТА

Индикатори:
Децата поставуваат прашања за активноста што ја гледаат, а потоа сите заедно се
вклучуваат во неа и очекуваат да бидат пофалени
Рефлексија:
Поставените стандарди се постигнати.
Децата со интерес и желба за истражување, набљудуваа, а потоа и сите заедно се
вклучија во активноста.

43
ПРИМЕР: Дневен оперативен план:

Детска градинка: ЈОУДГ „Вера Циривири Трена“Штип


Возраст: мала група
Дата: 18.11.2018 година

1. Стандард/и:
 Детето ги набљудува и опишува карактеристиките на живиот свет (животните)

2. Наслов на дневната тема:


Набљудување и класификација на животните според амбиентот во кој живеат

3. Цели:
 Детето покажува интерес кон живиот свет и ги препознава карактеристиките на
животните во непосредното опкружување

4. Активности:
Сите деца седнуваат во полукруг на столчињата. Пред нив поставуват табла со
слика од животни и апликации. Им ги опишувам и именувам животните, нивната функција и
нивните живеалишта. Им објаснувам дека животните ги класифицираме на домашни
животни, животни во селскиот двор, животни од шумата, водени животни или животни кои
живеат во вода и животни кои живеат во други краеви. Им покажувам сликовница и
заеднички ја разгледуваме, а потоа индивидуално секое дете одбира по една слика-едно
животно и го именува и опишува.

5. Време на реализација:
9.00-09.20
6. Место на реализација:
Во занималната

7. Материјали и средства за реализација:


Слики, апликации, сликовница – Топер

Користени стратегии за рано учење и подучување:


 Метод на покажување, разговор, објаснување, опишување
 Индивидуална и фронтална форма на работа.

ПОСТИГНУВАЊА НА ДЕЦАТА

Индикатори:
Детето покажува интерес за животните и ги именува

Рефлексија:
Сите деца учествуваа во активноста и со интерес ја следеа.
Стандардот е постигнат и се интегрира со доменот јазик и комуникација.

44
При планирањето на својата писмена подготовка воспитувачот мора да има
диференциран пристап, да планира задачи и активности за понапредните деца, но и
за оние кои заостануваат.

Ојаснување на моделот
1. Општи податоци – податоци за име и презиме на студентот, назив на установата,
воспитна група каде ќе се реализира активност (мала, средна, голема), датум на
реализација;
2. Стандарди - очекувањата коишто треба да ги достигнат децата од предучилишна
возраст во разни домени на развој (се преземаат од Стандарди за рано учење и
развој кај деца од 0 до 6 години);
3. Наслов на дневната тема
4. Цели – се поаѓа од глобалните цели од подрачјето на природа и општество, како
и целите поврзани со конкретната воспитна ситуација (се преземаат од
Програмата за рано учење и развој8);
5. Активности – се наведуваат активности коишто воспитувачите ги користат со
детето со цел да го забрзаат и поттикнат достигнувањето на индикаторот
(перцептивно-моторни, откривачки, набљудувачки и рецептивни, практични,
работни, општествени, активности на резонирање, изразување и творење,
активности на изразување и творење). Овие активности се насочени кон
исполнување на индикаторот и, во најголем дел, претставуваат интеракција на
возрасните со децата, со цел да го поттикнат нивниот развој во процесот на
учење. Во нивни рамки се наведуваат и другите активности, посебно игрите
(функционални, игри со готови правила, игри на фантазија, конструктивни игри),
како и игровните активности. Притоа детално се опишува текот на активноста;
6. Време на реализација – се наведува времето кога ќе се реазлизира дневната
тема;
7. Место на реазлизација – се наведува местото на реализација (во занималната,
во трепезаријата, во дворот на градинката, во паркот, работна организација,
куклена претстава, историски или културен споменик, сообраќајница и сл.);
8. Материјали и средства за реализација – се наведуваат природните и вештачки
средства и материјали, играчки и сл;
9. Користени стратегии за рано учење и подучување – се наведуваат користените
форми (индивидуална, групна, фронтална) и методи на работа (откривачки,
метод на разговор, проблемски, покажувачки, игра и сл.);
10. Индикатори – секогаш е поврзан со стандардот. Тоа е компонента на секој
стандард, која покажува што детето треба да научи да прави за да го достигне
стандардот. Во рамките на еден стандард може да има поголем број индикатори.
(се преземаат од Стандарди за рано учење и развој кај деца од 0 до 6 години);
11. Рефлексија на постигнатите резултати – се врши проценка на постигнатите
резултати: интерна (самопроценка) или екстерна на (не) успешноста на
активноста врз основа на претходно извршена анализа на активноста;
12. Коментар и потпис на воспитувачот (за студентите-идни воспитувачи ја
пополнува наставникот – ментор од предучилишната установа каде се реализира
воспитно-образовната активност)

8Програма за рано учење и развој, Службен весник на РМ, бр. 46 од 06.03.2014 година
http://mrk.mk/wp-content/uploads/2015/07/programa_ranoucenje.pdf.

45
Задача 1: Обидете сами да направите два примера на дневно планирање. Изборот на
темите направете го сами (истите да бидат за различни возрасни групи)

ДНЕВЕН ОПЕРАТИВЕН ПЛАН


Предучилишна установа: ______________________________________________
Студент ___________________________________ Дата ________________________
Воспитувач ________________________________ Возраст ______________________

1. Стандард/и:

2. Наслов на дневната тема:

3. Цели:

4. Време на реализација:

5. Место на реализација:

6. Активности:

46
7. Материјали и средства за реализација:

Користени стратегии за рано учење и подучување:

ПОСТИГНУВАЊА НА ДЕЦАТА

Индикатори:

Рефлексија:

47
ДНЕВЕН ОПЕРАТИВЕН ПЛАН
Предучилишна установа: ______________________________________________
Студент ___________________________________ Дата ________________________
Воспитувач ________________________________ Возраст ______________________

1. Стандард/и:

2. Наслов на дневната тема:

3. Цели:

4. Време на реализација:

5. Место на реализација:

6. Активности:

48
7. Материјали и средства за реализација:

Користени стратегии за рано учење и подучување:

ПОСТИГНУВАЊА НА ДЕЦАТА

Индикатори:

Рефлексија:

49
ПРИЛОГ: Извадок од „Програма за рано учење и развој“9

Програма за рано учење и развој

Раното детство е важно за севкупниот развој на личноста. Теориите и


истражувањата укажуваат на значењето на раното детство за интелектуалниот,
емоционалниот и социјалниот развој, а со тоа и на важноста на организираното
создавање услови за тој развој.
Теоријата и практиката го промовираат холистичкиот пристап во поттикнувањето
на раното учење и развој кај малите деца. Општествените процеси на
демократизација се рефлектираат во воспитно-образовната работа со децата од
предучилишна возраст и бараат доследна практична примена на стручно-научните
сознанија, како и доследна примена на хуманистичко-теоретскиот, педагошко-
психолошкиот процес во толкувањето на детската личност. Целокупните воспитно-
образовни активности во предучилишното воспитание се насочени кон почитување и
задоволување на потребите, интересите и можностите на секое дете.
Врз основа на теоретските основи и принципите за рано учење и развој, а
базирано врз Стандардите за рано учење и развој, во 2014 година Министерството за
труд и социјална политика, ја усвојува Програмата за рано учење и развој, врз основа
на која се организира, планира и реазлизира воспитно-образовната работа со децата
од предучилишна возраст во детските градинки.
Со денот на отпочнувањето на примената на оваа програма престанува да важи
Решението за донесување на Основите на Програмата за воспитно-образовната
работа со деца од предучилишна возраст во јавните детски градинки („Службен
весник на Република Македонија“ бр.125/07).

КОГНИТИВЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ОПШТИ ЗНАЕЊА


Развојот на интелектуалните и менталните способности на децата се потпира на
когнитивниот развој кој во предучилишниот период претставува динамичен
прогресивен процес, кој настанува како резултат на интеракцијата на детето со
останатите објекти, субјекти и настани кои се случуваат во неговата околина.
Когнитивниот развој обединува неколку сегменти како што се: препознавање,
обработка, организација и соодветна употреба на дадената информација. Процесот на
когнитивниот развој вклучува комплекс на ментални активности како истражување,
откривање, презентирање, сортирање, класифицирање и меморирање, помнење,
развивање на имагинацијата. Меѓу другото, влијанието врз когнитивниот развој се
фокусира на поттикнување на логичкото мислење кај децата, развојот на мисловните
функции (анализа, синтеза, воопштување, заклучување, вреднување, поврзување), на
совладување и користење лесни математички операции и броеви, како и научниот
пристап во обичното секојдневие, запознавање и разбирање на околината, на другите
луѓе, живата и неживата природа, потоа на развивање умешности во користење на
сетилната перцепција за развивање на процесот на користењето на мисловните
функции во учењето, откривањето, поврзувањето и разбирањето. Когнитивниот развој
го опфаќа и влијанието врз интелектуалните способности на детето, како и на
интерперсоналните и интраперсоналните способности на детето.
Се реализира низ следните аспекти:
- логика и размислување;
- математика;
- наука – запознавање и разбирање на околината;
- уметност-ликовно воспитание и музичко воспитание.

9
Програма за рано учење и развој, Службен весник на РМ, бр. 46 од 06.03.2014 година
http://mrk.mk/wp-content/uploads/2015/07/programa_ranoucenje.pdf

50
Општи цели (за развојниот период до 6 години)
 Да се развиваат способности за размислување.
 Да се развиваат способности за стекнување и користење нови информации.
 Да се развиваат способности за активно решавање на проблеми согласно со
развојните и индивидуалните карактеристики.
 Да се развиваат способности за критичко размислување.
 Да се формираат работни навики.
 Да се развива самостојноста, вниманието и истрајноста.
 Да се оспособуваат за користење на процесот на деперцептуализацијата во
учењето и разбирањето.
 Да се оспособувааат за користење на новите поими и претстави и нивно
поврзување во систем на знаења.
 Да се збогатува искуството како основа за стекнување нови знаења, вештини,
навики и умеења.
 Да се поттикнува и развива логичното размислување.

ЛОГИКА И РАЗМИСЛУВАЊЕ
Стандард:
1. Детето демонстрира способност да истражува и да открива нови работи.

Развоен период до 2 години


Цели
- Да се поттикнува детето на користење на сетилата при запознавање и
откривање на непосредната средина, предметите, алатките, играчките и
основите на позабележителните појави;
- да се поттикне интерес и воочување на едноставни активности со
причинскопоследични врски;
- да се поттикне интерес за користење на едноставни алатки во извршувањето на
одредени активности;
- да се поттикне интересот за откривање;
- да се поттикне и поддржува потребата за осамостојување при учество во
едноставни активности.
Примери на активности
- Игри на покажување и криење на играчка, пуштање и подигнување, барање и
дофрлување на играчка или предмет. (до 24 месеци)
- Игри и активности со едноставни причинскопоследични врски (вклучување ТВ и
сл.). (од 12 – 24 месеци)
- Игри и активности низ кои детето ги користи сетилата (допира, гледа, мириса).
(до 24 месеци)
- Игри во кои детето отвора и затвора различни картонски кутии, фиоки, итн.(од 12
– 24 месеци)
- Игри со вода и песок, ракување на некоја механичка играчка, редење на
одредени коцки. (од 18 – 24 месеци)
- Активности во кои детето ќе се обиде самостојно да повтори активност која му е
покажана. (до 24 месеци)
Очекувани резултати
- Се врти со телото, следи и има интерес кон некој предмет во движење.
- Покажува интерес за самостојно користење на некоја играчка која има одредена
функција.
- Практикува едноставни активности кои резултираат со последица. (притиска
одредено копче и слуша музика или гледа светло, тркала некој предмет надолу,
затвора, отвора, завртува, одвртува итн.).
- Прави обиди за користење едноставни и познати предмети во откривањето.

51
- Покажува самостојност при користење на сетилата за откривање на предметите,
алатките, играчките, материјалите од непосредната средина.

Развоен период од 2 до 3 години


Цели
- -Да се поттикнува самостојноста на детето во откривањето и користењето на
алатки за извршување на одредени активности;
- -да се поттикнуваат способностите за разбирање на едноставни и воочливи
причинско-последичните врски во опкружувањето;
- -да се постават основи за самостојно користење на алатки за истражување; -да
се поддржува и развива интересот кон откривање на нови предмети, појави и
лица;
- -да се поттикне и да се поддржува откривањето на нови начини за употреба или
замена на некој познат предмет, играчка;
- -да се поттикне самостојноста при истражување, набљудување и откривање;
- -да се поттикнува и поддржува користењето на сетилата при запознавање и
примање на податоци од природата и околината;
- -да се поттикнува и поддржува љубопитноста за откривање (нови знаења) и
осознавање;
- -да се поттикне потребата за изразување на доживувањето од самиот процес на
откривање и учење.
Примери на активности
- Игри и активности во кои детето користи непознати алатки (како што е лупата) за
откривање на нови нешта, начини на функционирање, користење, и сл.
- Активности и игри во кои се експериментира, се истражуваат можностите на
некои предмети, амбалажи. (на пр. се размислува како да се направи зграда од
кутии, коцки или од разнородни предмети).
- Игровни и истражувачки активности со песок и со вода.
- Разговор со децата за случки од секојдневието, за заеднички прошетки, за
ситуации во продавница, во парк, на игралиште и сл., при тоа внимавајќи децата
да ги распознаваат одредените основни следувања на настаните или случките.
- Активности во кои децата донесуваат заклучоци и се поврзуваат различните
настани (на пр: ако гасиме светилка просторијата се затемнува; треба да
дувнеме во свирчето да се слушне звукот на свирката и сл.).
- Активност во која детето ќе скине нешто, ќе превитка, ќе намокри, ќе обои,
расклопи, размести и сл.
- Воспитувачката со детето разговара за промените од тие акции.
Очекувани резултати
- Се вклучува во истражувачки и откривачки активности.
- Учествува во решавање на мали проблеми (каде погреши..., како ќе помогне...).
- Користи одредени познати предмети како алатки за истражување.
- Расклопува одредени предмети, ги именува и опишува нивните делови.
- Самостојно ги користи сетилата за откривање на карактеристиките на растенија,
предмети, звуци, материјали итн.

Развоен период од 3 до 4 години


Цели
- Да се поттикнува самостојност кај детето при изведување на едноставни
истражувачки активности;
- да се развиваат вештини за користење на сетилата во процесот на откривање;
- да се развиваат способности за самостојно реализирање на едноставни
истражувачки активности и на набљудување и откривање;
- да се поттикнуваат и да се развиваат мисловните процеси (заклучување,
помнење, логичко поврзување, креативност, итн.) преку процесот на сетилното
учење;

52
- да се постават основи за логичко поврзување на стекнатите информации;
- да се поттикнува и поддржува сфаќањето на причинскопоследичните врски и
релации;
- да се развива чувство за случувањата во сегашноста и блиското минато;
- да се поттикне разликување на настаните кои се случуваат од оние кои не се
случуваат во моментот на набљудувањето;
- да се постават основи за развој на способности за решавање на едноставни
проблемски ситуации
Примери на активности
- Активности во кои се експериментира со нешта кои се менуваат (на пр: водата
истекува кога се навалува чашата; цвеќето расте на сонце и му треба земја и
вода; има пареа на капакот кога водата врие; семето ˊрти во земја и во вода;
хартијата се распаѓа во вода; пластиката плови, металот тоне и сл.).
- Активности во кои се разговара за причините кои довеле до некои промени (на
пр.: зошто цвеќето венее; зошто хартијата се распаѓа во водата; зошто топката
се тркала итн.).
- Активност во која детето ќе го испланира своето слободно време, ќе се води
разговор за настаните од изминатите денови и поврзување на настан што
поминал со настан кој се планира (вчера го хранев мачето и затоа утре ќе дојде
да го погалам...).
- Активности низ кои децата ќе станат свесни за настанот кој се случува во
моментот. Ќе се води разговор за сега и овде, како и за тоа што се случува во тој
момент. (на пр.: на прошетка-гледаме, трчаме, играме, поливаме цвеќе... итн.).
- Активности во кои се разговара за настани според слики, се дава опис на
случувањата, потрага по решенија за одредени ситуации дадени на сликите и сл.
- Изработка на календар за дневните случувања на детето, нагласувајќи ги
периодите: утро, пладне, сега, пред да тргнам, кога ќе одам...
- Игри и активности во кои детето ќе се постави пред едноставен проблем кој ќе
може да го реши (на пр.: како да стигне до..., како да побара..., што ќе направи
ако...како ќе му помогне на... и сл.).
Очекувани резултати
- Воочува разлики предизвикани од причинско-последични врски и умее да ги
објасни.
- Покажува иницијатива за истражувачки активности (експериментира со вода,
песок, растенија).
- Се потпира на информации добиени од сетилата и прави поврзување на
осознанијата и знаењата.
- Прави разлика од настани кои се случуваат сега и во минатото.

Развоен период од 4 до 5 години


Цели
- Да се развиваат способности и вештини за користење на сетилата како основа за
размислување и поврзување на знаењата;
- да се развиваат способности зa користење на истражувањето и набљудувањето
за учење и откривање;
- да се поттикнува самостојно изведување на истражувачки активности;
- да се поттикнат способности за користење на истражувањето во стекнување на
нови знаења и искуства;
- да се поттикнат и развиваат мисловните процеси (заклучување, помнење,
логичкото поврзување, анализирање итн.);
- да се поттикне дивергентното мислење во процесот на решавање на едноставни
ситуации;
- да се поттикне личниот процес на учење;
- да се поттикне и поддржува сфаќањето на причинскопоследичните врски и
релации;

53
- да се поттикне развивање на чувството за случувањата во сегашноста
(разбирање на концептот за сегашност);
- да се развива способности за стекнување на знаења за средината и
опкружувањето преку конкретно наблудување и манипулирање;
- да се поттикне кон користење на старите знаења во стекнување нови поими и
претстави;
- да се поттикнува и поддржува процесот на воочување, разбирање и користење
на временски релации (сега, вчера, денес, утре, претходно, потоа и сл.).
Примери на активности
- Активности во кои со децата се собира отпадна хартија и истата се користи за
изработување на нешто според идеите кои заеднички се предложени.
- Водење разговори со децата за промените во опкружувањето, за нивните
сопствени видувања, воочени работи, претпоставки, ставови, критики, заклучоци
итн.
- Активности низ кои детето ќе изнесува претпоставки за некои акции и случувања,
ќе истражува и ќе ги провери своите претпоставки.
- Активности во кои децата ќе се соочуваат со решавање на едноставни
проблемски ситуации, преку користење на разни предмети, алатки, приоди, и сл.
според сопствени видувања.
- Вклучување во активности во кои ќе се експериментира, истражува.
- Вклучување на децата во работа на проект со користење на елементарна
анализа и донесување на одредени заеднички заклучоци.
Очекувани резултати
- Ги користи стекнатите знаења во поврзување со нови поими и претстави. -
Донесува заклучок за одредена конкретна ситуација.
- Поврзува познати настани според редоследот на случувањата и нивната логична
поврзаност.
- Покажува интерес за истражување и откривање на нови сознанија за разни
процеси, случувања, предмети, појави, и сл. од секојдневието и опкружувањето.
- Поставува прашања за различни предмети, појави, односи и случувања во
непосредната околина и од секојдневието.
- Предвидува што ќе се случи за основни, елементарни ситуации, врз основа на
претходни набљудувања и истражувања.
- До одреден степен ја користи анализата за решавање на едноставни проблеми.

Развоен период од 5 до 6 години


Цели
- -Да се оспособи за користење на истражувањето и набљудувањето како
средства за откривање и учење;
- да се поттикнува кон активно учење низ проекти и низ други форми на учење;
- да се оспособува за систематизирање и поврзување на стекнатите знаења;
- да се поттикне кон освестување и градење на личниот процес на учење;
- да се поттикне кон воведување на користење на повисоките мисловни процеси
(заклучување, помнење, логичко поврзување, апстрахирање, анализирање,
селектирање);
- да се оспособува за користење на конкретното набљудување и манипулирање во
функција на активирање на повисоките мисловни функции;
- да се оспособува за дивергентно мислење во процесот на решавање на
едноставни проблемски ситуации;
- да се поттикнува и поддржува во сфаќањето на причинско- последичните врски и
релации;
- да развива чувство за случувањата во сегашноста (разбирање на концептот за
сегашност);
- да се оспособи за воочување, разбирање и користење на временски релации
(сега, вчера, денес, утре, предтоа, потоа и сл.);

54
- да развива способности и стратегии за користење на старите знаења и искуства
во стекнување нови поими и претстави.
Примери на активности
- Активности за изработување на предмети според идеите на децата, разговор за
нивниот изглед и намена, разговор за конкретните идеи.
- Воспитувачот разговора за промените во опкружувањето, за видувањата на
децата, воочени работи, претпоставки, ставови, критики, заклучоци итн.
- Активности низ кои детето ќе изнесува претпоставки за некои акции и случувања,
ќе истражува и ќе ги провери своите претпоставки.
- Активности во кои децата решаваат едноставни проблемски ситуации,
изведуваат експерименти, истражуваат.
- Вклучување на децата во работа на проекти со анализа и освестување на
процесот на учење и донесување заклучоци.
- Активности во кои се разговара за настани и сознанија, и за нивното поврзување
со други такви.
- Игри од типот: Каде е грешката? Кој е во право? Како (што) би било кога..? и
слично.
Очекувани резултати
- Ги користи стекнатите знаења во поврзување со нови поими и претстави.
- Донесува заклучок за одредена конкретна ситуација.
- Ги поврзува познатите настани според редоследот на нивното случување и
според нивната логична поврзаност.
- Учествува во истражување и откривање на нови сознанија за разни процеси,
случувања, предмети, појави, и сл. од секојдневието и опкружувањето.
- Поставува прашања за различни предмети, појави и односи во непосредната
околина.
- Предвидува што ќе се случи врз основа на претходни набљудувања и
истражувања.
- Ја користи анализата за решавање на едноставни проблеми.

МАТЕМАТИКА
Стандарди:
Детето демонстрира знаење за количина, бројки и броење.
Детето демонстрира способност за класификација и серијација

Развоен период до 2 години


Цели
- Да се поттикнува интерес кон групирање на 2 до 3 предмети според големината;
- да се поттикнува интерес кон разликување на елементарни форми (топка, коцка);
- да се поттикнува интерес кон класификација до два предмети според
употребливост или функција;
- да се развиваат основи за воочување на одредени релации и односи (големо-
мало; уште).
Примери на активности
- Игри со набројување (Едно зајаче јадело две моркови; Оваа кукличка има едно
носе, две очиња, . . . , Колку рачиња имаш ти? итн.).
- Активности и случувања од непосредната околина во кои се користи
математичкиот јазик (воочувања на предмети: една врата, два прозорци, голема
топка, мала коцка итн. и лица: големи деца и бебиња).
- Игри со топка и други предмети и играчки со топчеста форма. -Покажува со прсти
колку години има.
Очекувани резултати
- Покажува со гестикулација дека сака уште.
- По барање покрива помал предмет со поголем.
- Со помош од воспитувачката покажува поголеми и помали предмети. -Покажува

55
сѐ поголема самостојност при групирање на поголеми и помали предмети.
- Поврзува и одделува предмети според употребливоста или функцијата (празна и
полна чаша, тенџериња со капаци, склопува кругови или коцки/предмети од
типот на „бабушки“ итн.).
- По барање подава предмет.
- При играње споменува бројки.

Развоен период од 2 до 3 години


Цели
- Да се поттикнуваат кај детето способности за воочување на елементи од
предметите;
- да се поттикнуваат способности за воочување и именување на основните
геометриски форми и фигури (круг, топка, коцка);
- да се поттикнуваат способностите за разликување и именување на основните
бои;
- да се поттикнуваат способностите за споредување и класификација според боја,
форма, големина;
- да се поттикнат способностите за групирање на предмети според воочливи и
заеднички особини;
- -да се поттикнат знаењата и способностите за покажување до 5 познати сродни
елементи и за броење на броевите до 5;
- да се создадат навики за користење на математичкото разбирање во
решавањето на практични проблеми (од секојдневието);
- да се поттикне процесот на просторно ориентирање (воочување релации во
однос на себе: пред – зад; горе-долу; под);
- да се развиваат навики за употреба на броеви во комуникацијата со играчките и
другите познати предмети во опкружувањето.
Примери на активности
- Расклопување на предметите, именување на поединечните делови и разговор за
нив (изглед, име).
- Игри со боите, и нивно именување заедно со воспитувачот.
- Игри во кои детето ќе поврзува предмети според иста боја. Разговор за
резултатите од активноста.
- Активност во која детето споредува, брои до 5, групира според исти
карактеристики.
- Активности во кои детето треба да ги донесе предметите кои се пред него, да
именува што е зад него, под него.
- Разместување според сопствената положба со гласно коментирање на
слученото. (Куклата да ја ставам пред мене за да ја нишам да заспие. Кучето е
под креветот за да ја чува...).
Очекувани резултати
- Препознава топка и коцка и ги употребува во игрите. По налог предметот со
одредена боја го става во групата предмети со иста боја.
- По налог предметот со одредена форма го става во групата предмети со иста
форма.
- Ги пронаоѓа предметите со слична големина.
- Покажува и брои до 3 познати сродни елементи (делови од телото, играчки).
- Ги воочува предметите кои се над и под него (горе-долу).
- Ги употребува броевите во практични активности (дели со другарчето).

Развоен период од 3 до 4 години


Цели
- Да се поттикнуваат кај детето способности за просторно ориентирање
(воочување релации во однос на себе: пред – зад; горедолу; под, далеку);
- да се развиваат способности за вербално искажување на односи меѓу

56
предметите (во, на, под, пред-зад);
- да се развиваат способности за идентификување на делови од целина;
- да се поттикнуваат способности за користење на математиката во
опкружувањето;
- да се развиваат способности за воочување на разликите кај предметите и нивно
споредување.
- да се развиваат способности за класификација според боја, форма, големина,
вид и род;
- да се развиваат способности за воочување, идентификување и користење
спротивности кај предметите во непосредната околина должина, широчина,
големина;
- да се поттикнуваат способности за групирање на предметите според воочливи и
заеднички особини;
- да се поддржува иницијатива и умешност за броење до 10;
- да се поттикнува користење на математичкото разбирање во решавањето на
практични проблеми (од секојдневието);
- да се поттикнува употребата на броеви во комуникацијата со играчките и другите
познати предмети во опкружувањето;
- да се развива свеста за количеството на броевите (до 3);
- да се поттикнуваат способности за одредување и препознавање на временски
релации (делови од денот: утро –пладне-вечер-денноќ).
Примери на активности
- Разместување предмети во просторијата користејќи релации во однос на себе и
во однос на другите.
- Ситуации во кои детето одговорно ќе ги дели играчките (пр.:приборот за ликовно
воспитување на другарите). (Дозволете да ви помогне во таквите активности.)
- Пронаоѓање предмети спротивни по големина, должина, широчина.
- Kористење на вообичаените активности во функција на развој на математичкото
мислење и делување. (Пр.::При раскренување на просторијата се користи
броење, воочување на разни форми, големини, релации итн.).
- Учество во активности за споредување, класификација и серијација според боја,
форма, големина на две и три димензионални играчки, предмети и сл.
- Учество на децата во изработката и одржувањето на заедничкиот и личниот
календар на активности.
- Истражувачка активност: во колку кутии можат да се стават 3 топки (во една, две
и три кутии).
Очекувани резултати
- Воочува и именува делови од целината.
- Ги воочува разликите кај предметите и покажува подготвеност да разговара за
нив.
- Разликува и класифицира предмети според боја, форма, род и вид.
- Пронаоѓа предмети од ист вид кои се спротивни по големина, широчина и
должина.
- Брои до 5.
- Умее да набројува и покажува предмети или објекти кои се: во, на, под, пред-зад
него.
- Одредува временски релации поврзани со своите дневни обврски.
- Самостојно ги дели играчките на подеднаков број.
- Ги препознава и селектира играчките според три атрибути. (Дај ми ја малата
црвена топка.)

Развоен период од 4 до 5 години


Цели
- Да се поттикнат кај детето способности за визуелно восприемање и именување
одредени броеви (кои се надвор од низата);

57
- да се поттикнува реверзибилноста во користењето едноставни математички
операции;
- да се развиваат способностите за просторно ориентирање и вербално
искажување на односите
- воочување релации во однос на себе (пред – зад; горе-долу; под, блиску- далеку,
во-на);
- да се поттикнуваат способностите за воочување и идентификување на
релациските врски на деловите од целината;
- да се поттикнуваат способностите за именување на елементи и релации од
вонсетилно поставените предмети (предмети кои не ги гледа);
- да се поттикнуваат способностите за поврзување на количината со симболите на
броевите (цифра);
- да се развиваат способностите за – одредување и препознавање временски
релации (делови од денот – утро –пладне-вечер-денноќ; денес);
- да се поттикнуваат способностите за користење на математичките поими и
операции во опкружувањето;
- да се развиваат способност за воочување и споредување на разликите кај
предметите;
- да се развиваат способностите за споредување на брзина;
- да се поттикнува користењето на стандардни и нестандардни мерки за мерење и
споредување на предметите;
- да се развиваат способности за класификација, компарација и серијација според
боја, форма, големина, вид и род;
- да се развива свеста за количеството на броевите (до 5);
- да се поттикне доживувањето на математиката како пријатно искуство;
- да се поттикне формирањето на иницијативност, трпеливост, истрајност,
љубопитност, прецизност како особините на личноста.
Примери на активности
- Разместување предмети во различни положби во однос на себе, во однос на
други лица и предмети.
- Вклучување во разделување на предмети/играчки, боички, листови..., според
бројот на децата.
- Активности во кои детето разделува целина на делови; ги именува деловите,
разговара за нивната функција во целината.
- Разговори според слика за активностите и обврските на луѓето во различни
делови од денот (наутро, напладне, навечер итн.).
- Активности во кои се споредува, се класифицира, се разговара за направената
класификација.
- Учество на децата во планирање и уредување на просторот за игра и учење.
- Разговори за случувањата во текот на денот (лични, колективни и сл.).
- Изработка на календар на настаните од денот, каде секое дете ќе ги внесува
своите дневни обврски преку цртеж (колку пати во денот миеме раце, заби.
лице...; ги подредуваме играчките и сл.).
- Истражувачка активност:во колку „гаражи“ можат да се стават 5
автомобилчиња.(во една, две, три, четири и пет „гаражи“).
Очекувани резултати
- Покажува и именува што е пред него-зад него, горе-долу, во-на, блиску од него-
далеку од него.
- Употребува поими на спротивности: широк; кусопокусо-најкусо; големо-
поголемонајголемо; мало-помало-најмало; кратко-долго; ниско-високо; тесно-
широко).
- Реди предмети врз основа на едно својство по растечка низа или низа што опаѓа.
- Ги класифицира предметите според видливите карактеристики (боја, форма,
големина, вид, род).
- Ги класифицира предметите според познати и практикувани функции ( за

58
играње, за читање, за седење, за јадење...).
- Ги користи математичките операции во практични ситуации – ги дели играчките
според бројот на децата (на секого по едно, две, три...).
- Групира предмети според барани карактеристики.
- Користи и поврзува број на елементи во множества со соодветна цифра (пр: од 1
до 5).
- Брои до 10.
- Ги препознава графичките симболи (цифрите) на броевите до 10.
- Поврзува број (цифра) со количина.
- Препознава монети од 1,2,5, 10 денари.
- Ја сфаќа истата вредност на монетата и банкнотата од 10 денари.
- Разликува оддалеченост и брзина помеѓу два или три предмети во движење.
- Користи инструменти за мерење на маса и должина со стандардни и
нестандардни мерки за мерење.
- Разликува делови од денот, ги знае нивните карактеристики и ги поврзува со
своите обврски.

Развоен период од 5 до 6 години


Цели
- Да се оспособува за визуелно восприемање и именување на одредени броеви
(кои се во или надвор од низата);
- да се воведува кон реверзибилноста во користењето на едноставни математички
процеси;
- да се оспособува за просторно ориентирање и вербално искажување на
односите меѓу предметите (воочување релации во однос на себе пред–зад;
горедолу;над- под,блискудалеку,покрај);
- да се оспособува за просторно ориентирање и вербално искажување на
односите меѓу предметите (воочување релации во однос на други предмети:
пред–зад; горе-долу; над-под, блиску-далеку, покрај);
- да развива способности за воочување и идентификување на деловите од
целината;
- да се оспособи за препознавање на цифрите од еден до пет;
- да се воведува во усвојување на поимот за количина (број на елементи);
- да се поттикнува способноста за поврзување на количината ( број на елементи)
со симболите на броевите (цифри);
- да се оспособува за одредување и препознавање на временските релации
(делови од денот: утро – пладне-вечер, ден-ноќ; денес);
- да се поттикнува кон користење на математички поими во опкружувањето;
- да се оспособува за воочување и споредување на разликите кај предметите; -да
се развива способности за споредување на брзини;.
- да се поттикнува кон користење на стандардни и нестандардни мерки за мерење
должина; -да се поттикнува кон проценка на количество и должина и тоа да го
провери со мерење и со броење;
- да се оспособува за попрецизно визуелно воочување и вербално изразување на
разликите во големината и должината кај некои објекти и предмети;
- да се оспособува за класификација, компарација и серијација според боја,
форма, големина, вид и род;
- да се поттикне кон воочување, препознавање и именување на круг, квадрат,
триаголник, топка и коцка;
- да се поттикне кон доживување на математиката како пријатно искуство; -да се
поттикнува формирање на особини на личноста: иницијативност, трпеливост,
истрајност, љубопитност, прецизност
Примери на активности
- Разместува предмети во различни положби во однос на себе, во однос на други
лица и предмети.

59
- Се поставува во различни положби во просторот во кој се наоѓа, ги забележува
објектите, предметите, играчките и др. и вербално укажува на односите меѓу нив,
како и во однос на себе (пред – зад; горе-долу;над- под,блиску- далеку, покрај)
- Набљудува, разделува, делови од целината, ги именува и разговара притоа за
нивната функција во целината.
- Собира или реди играчки, предмети во различни кутии или места според бројот
кој се бара (пр: пет играчки во белата кутија, три листа за цртање во масичката, и
сл.).
- Игри со препознавање на цифрите од еден до пет.
- Дидактички игри во кои детето се оспособува за воочување на поимот количина
(пр.: брои и укажува на бројот на предмети, играчки, фигури, елементи итн.) и се
оспособува за поврзување на количината со одредена цифра (од еден до пет).
- Разговор според слика за активностите и обврските на луѓето во различни
делови од денот (наутро, напладне, навечер итн.).
- Изработете календар за настаните од денот, каде секое дете ќе ги внесува
своите дневни обврски преку цртеж.
- Активности за користење на математички поими во секојдневната комуникација. -
Учествува во игри во кои се групираат предмети според заеднички особини и ги
образложува за сличностите и разликите.
- Активности за проценување на брзина, тежина и должина на разни предмети,
објекти и сл.преку проверка со мерење и броење (пр.:Кој се движи побргу?; Кој
тежи повеќе: јас или . . . . ; Кој тежи, помалку; Што е подолго од....? итн.).
- Активности за мерење на објекти со нестандардни мерки (чекор, прсти,
педи,итн.) и споредување со резултатите добиени од врсниците, како и преку
мерење со стандартни мерки.
- Игра со предмети во различни геометриски форми (на пр.: ги именува, објаснува
како изгледаат, какви сличности и разлики имаат, каде ги препознава, ги реди,
конструира итн.).
Очекувани резултати
- Покажува просторна ориентација за положбите пред-зад, горе-долу, во-на,
блиску-далеку.
- Покажува и именува предмет што е далеку и блиску во однос на себе.
- Употребува поими на спротивности: кратко-долго; ниско-високо. -Споредува и
именува предмети по должина и големина: кусопокусо-најкусо; големо-
поголемонајголемо; мало-помало-најмало и сл.
- Реди предмети врз основа на едно својство по растечка низа или низа што опаѓа.
- Ги класифицира предметите според видливите карактеристики (боја, форма,
големина, вид, род ).
- Ги класифицира предметите според познати и практикувани функции (за играње,
за седење, за јадење...).
- ги користи математичките операции во практични ситуации
- ги дели играчките според бројот на децата (на секого по едно, две, три...).
- Ги сфаќа и умее да ги групира предметите според бараните карактеристики.
- Умее да користи и поврзе број на елементи со соодветна цифра (пр: од 1 до 5).
- Знае да брои до 10.
- Ги препознава графичките симболи (цифрите) на броевите до 5.
- Препознава монети од 1,2,5, денари.
- Разликува и проценува оддалеченост и брзина помеѓу два предмети во
движење.
- Користи стандардни и нестандардни мерки за мерење должина, ги споредува
своите резултати со резултатите на врсниците и ја воочува разликата меѓу нив.
- Разликува делови од денот, ги знае нивните карактеристики и ги поврзува со
своите обврски.
- Опишува еден настан што се случува наутро, напладне, навечер.
- Покажува и именува круг, квадрат, триаголник, топка и коцка во непосредната

60
околина.

НАУКА
Запознавање и разбирање на околината

Стандарди:
1. Детето стекнува информации за средината преку набљудување и манипулација.
2. Детето ги набљудува и опишува карактеристиките на живиот свет (растенија и
животни).
3. Детето ги набљудува и опишува карактеристиките на неживата природа.
4. Детето осознава за човекот како живо и општествено суштество

Развоен период до 2 години


Цели
- Да се поттикне интерес кај детето за стекнување одредени елементарни
претстави и поими за предмети и појави од непосредната средина;
- да се овозможи стекнување на елементарни сознанија за одредени
карактеристики на предметите преку набљудување и манипулација;
- да се поттикнува процес на воочување и елементарно препознавање на
воочливите карактеристики на одредени растенија и животни;
- да се поттикнува процес на воочување и препознавање на живата и неживата
природа.
Примери на активности
- Активности за манипулација со предмети од непосредното опкружување
(кревање кружни полесни и потешки предмети, играње со коцкасти предмети,
фаќање на снегулка во рака, разни ткаенини, материјали, плискање со вода итн.
- Активности и разговори преку слики на животни за препознавање и поврзување
на карактеристиките (. .. ова е маче кое мјаука: мјау, мјау. . .; . . . Каде е кучето?
Како оди кучето?. . . . ., Кој кукурика: кикирику, кикирикууу? и т.н.).
- Активности со живи растенија за користење на сетилата (мирисање на цвеќиња,
допирање на лисја, гранчиња, латици, набљудување на дрвја итн.).
- Прошетки и престој надвор во различни годишни времиња, играње на игри и
активности поврзани со неживата природа. и т.н. со цел да се воочат и
препознаат одредени карактеристики на неживата природа.
- Активности низ кои детето ќе допира делови од неговото и вашето лице, раце; ќе
ги препознава и именува.
- Активности, игри и приказни низ кои детето ќе имитира одредени звуци, движења
и ќе ги именува активностите што ги вршат лицата од неговата близина.
Очекувани резултати
- Манипулира со одредени предмети за да произведува одредени звуци или, пак,
за да ги става во функција (вклучување/исклучување, итн).
- Поставува прашања за набљудуваните непознати предмети, појави, растенија и
животни.
- Покажува и именува одредени растенија и животни (според развојните
карактеристики на сопствената возраст).
- Преку сетилата ги истражува надворешните делови на телото (сопствените и на
други лица).
- Покажува и именува делови на телото.
- Имитира, покажува и именува лица од опкружувањето, близината и семејството.
- По барање покажува познати животни, луѓе, растенија и предмети.

Развоен период од 2 до 3 години


Цели
- Да му се овозможи на детето стекнување на претстави и поими за некои

61
карактеристики од животинскиот и растителниот свет од блиската околина;
- да се поттикнуваат способности за препознавање на одредени природни појави;
(сонце, дожд, снег, ветер)
- да се поттикнува процес на препознавање на одредени функции од деловите на
телото на луѓето и животните;
- да се поттикнуваат способности за воочување на одредени карактеристики за
неживата природа со која непосредно се соочуваат (воздух, земја, вода,
предмети во непосредната околина и сл.);
- да се поттикнува чувство на грижа кон растенијата , лицата и предметите од
нивното непосредно опкружување;
- да се развива потреба и способност за искажување на сопствените опсервации
(нешто што препознале, случувања и прости функции на објекти и предмети);
- да се поттикнува потреба кон поставување прашања за работите што ги
интересираат децата
Примери на активности
- Игри и активности со погодување предмети користејќи ги сетилата за допир,
мирис, вкус.
- Активности во кои детето од покажани слики погодува и опишува животни според
надворешниот изглед.
- Игри низ кои се имитираат гласови, шумови, јавувања на животни.
- Игри од типот: Што има со иста боја? Кое каде е? Што кому припаѓа? Кој се
јавува?
- Прошетки и разговори за природата. Барајте растенија по сличност – цвеќиња,
грмушки, видови дрвја. Разговарајте со децата за местото на живеење, објектите
, парковите.
- Игри со песок и со вода.
Очекувани резултати
- Се става во улога на блиски личности (воспитувач, родител, продавач).
- Препознава одредени воочливи карактеристки на неживата природа во
непосредната околина (пр., песок, влажен песок, ладен камен...).
- Препознава и именува делови од своето тело.
- Препознава одредени природни појави: дожд, сонце, снег.
- Поставува прашања: Што е ова? Кој е? и сл.

Развоен период од 3 до 4 години


Цели
- Да се поттикнат кај детето знаења и способности за препознавање и
класификација на животните според местото на живеење, според родот и
карактеристиките;
- да се поттикнуваат способности за препознавање и класификација на
растенијата;
- да се поттикнат сознанијата за основните фактори и услови за опстојување и
развој на живиот свет;
- да се поттикнат знаењата и способностите за распознавање на основните
својства на одредени природни елементи и појави од опкружувањето;
- да се поттикнат знаењата и способностите за препознавање на годишните
времиња;
- да се стекнуваат знаења за средината и опкружувањето преку конкретно
набљудување и манипулирање;
- да се поттикнува и поддржува разбирањето на членовите во семејството и на
сегашните случувања во неговиот живот;
- да се развива интересот за стекнување основни сознанија за човекот како
природно и општествено суштество;
- да се создадат основни претстави од областа на сообраќајната култура и
современата техника и технологија на комуникакција.;

62
- да се поттикне прифаќањето на екологијата како дел од современиот начин на
живеење.
Примери на активности
- Игри и активности во кои се имитираат животните (однесување, карактеристики и
сл.).
- Игри во семејното катче – готвење (комбинација на плодови, корист од
плодовите, начин на обработка).
- Додавање нови предмети во центрите за учење и разговор за нив (име, намена,
изглед- со поголемите и функција).
- Игри: Лото, Ден и ноќ, Кој како се јавува, Кој каде припаѓа?Расипан телефон,
Доврши ја реченицата (додај збор за приказна).
- Решавање достапни и соодветни проблемски ситуации и изнаоѓање
алтернативни решенија од типот: Да бев јас на тоа место. Што би било кога..?
Како да се дојде до..? Зошто мачката не го зеде сиренцето? Како ќе поминат
ако.,..?
- Разговори за местото на живеење, објектите, настаните, можностите кои ги нуди
местото за игри, спорт и забава. Посета на специфични објекти и настани.
Посета на место надвор од местото на живеење.
- Посета и учење во природа со разговор за инсектите, животните, луѓето во
местото, за нивните видливи карактеристики.
- Разговори за правилата и за безбедно однесување во сообраќајот (како пешак).
- Учество во активности и игри каде што некои деца се пешаци, други се возачи на
разни сообраќајни средства.
- Игри за правилно и безбедно користење на средствата за комуникација. -
Разговори и игри за запознавање со некои основни правила за правилно и
безбедно користење на средствата за комуникација меѓу луѓето.
- Активности од еколошки карактер (акции на чистење, рециклирање, негување на
растенијат и околинатаградинарско катче и сл.).
- Користење драматизации со еколошки пораки.
Очекувани резултати
- Препознава годишни времиња, ги опишува нивните главни карактеристики.
- Покажува интерес кон живиот свет, ги препознава карактеристиките на живата
природа во непосредното опкружување.
- Разликува цвеќе од овошни и зеленчукови плодови.
- Ја кажува адресата на живеење и ги знае објектите кои се во близина на својот
дом.
- Разликува сегашни од минати случувања.
- Прави разлика во основните карактеристики меѓу човекот и другите живи
суштества.
- Разликува стари од млади, деца од возрасни.
- Именува и разликува одреден број сообраќајни средства.
- Ги препознава правилата за движење по улица.
- Препознава елементарни технички средства за секојдневна комуникација.
- Препознава елементарни постапки за правилно еколошко однесување.

Развоен период од 4 до 5 години


Цели
- Да се стекнуваат знаења и способности за одредување на временски релации
(месеци; денови во неделата; ден-ноќ; периоди во денот);.
- да се развиваат способностите за препознавање и класификација на животните
според местото на живеење, според родот и карактеристиките;
- да се поттикнува интересот и љубовта кон природата;
- да се поттикнува потребата за користење на истражувањето како форма на
учење;
- да се стекнуваат знаења и способности за препознавање и класификација на

63
растенијата;
- да се поттикнува процесот на осознавање на одредени основни фактори и
услови за опстојување и развој на живиот свет;
- да се поттикнува развојот на свесноста за сопствената улога во поддршката на
опстанокот на природата;
- да се развиваат способности за распознавање на основните својства на
одредени природни елементи, појави и географски поими од опкружувањето;
- да се поттикнат способностите за стекнување на основни сознанија за човекот
како природно и социјално суштество;
- да се развиваат способности за препознавање на годишните времиња;
- да се поттикнува интерес кон научниот пристап во проучувањете и осознавањето
на природата, растенијата, животните и човекот;
- да се поттикнуваат одредени претстави и поими од областа на сообраќајната
култура и современата техника и технологија на комуникакција;
- да се поттикнува флексибилно и дивергентно мислење во поглед на користењето
и комбинирањето на расположливите ресурси (средствата ) во истражувањето
на околината;
- да се поттикнува прифаќањето на екологијата како дел од современиот начин на
живеење;
- да се поттикнуваат способности за користење на истражувањето и
набљудувањето како средство за осознавање и учење.
Примери на активности
- Разговори за местото на живеење, објектите, настаните, можностите кои ги нуди
местото за игри, спорт и забава. Обезбедете посета на специфични објекти и
настани.
- Посета на место надвор од местото на живеење.
- Посета и учење во природа со разговор за инсектите, животните луѓето во
местото, за нивните видливи карактеристики.
- Разговори за разликите меѓу децата, меѓу децата и возрасните, за видливите
разлики меѓу машките и женските.
- Изработка на календар на природата и внесување секојдневни настани и
ситуации во него, разговори за календарот.
- Разговори за специфичностите и разликите кај живата и неживата природа, за
местоположбата на некои објекти наспроти семејниот дом.
- Прошетки до крстосница, пазар, продавници од различен тип. Разговори за патот
до нив, однесувањето во тие места.
- Учество во активности од еколошка природа. Овозможете му на детето
креативно да се изразува преку рециклиран материјал или неупотреблив, но
безбеден материјал.
- Истражувачки активности „Во кујна“ со зелечнчук, овошје и др.
Очекувани резултати
- Ги препознава сличностите кај предметите во околината според боја, форма,
големина.
- Ги класифицира животните кои ги сретнува во околината и низ приказните
според местото на живеење, според родот и карактеристиките.
- Покажува грижа кон животните и природата.
- Ги препознава условите за одгледување на растенијата и животните од
непосредната околина.
- Препознава придобивки и опасности од одредени животни и растенија.
- Прави разлика меѓу одредени природни елементи и појави и географски поими
во непосредното опкружување.
- Опишува одредени карактеристики на човекот како природно и социјално
суштество.
- Опишува и именува одредени карактеристики на годишните времиња. -Користи
стандардни предмети за истражување.

64
- Експериментира и користи разни безбедни материјали и предмети од околината
(кал, песок, хартија, вода, пареа итн.).
- Препознава елементарни технички средства за секојдневна комуникација.
- Препознава и учествува во активности за примена на правилата за еколошка
култура.

Развоен период од 5 до 6 години


Цели
- Да се оспособува детето за запознавање со околината, карактеристиките,
посебностите на местото на живеење, градинката;
- да се запознава со општествената средина во која живее, како и со одредени
општествени институции и нивната намена;
- да се запознава со државните симболи, постоењето на детските права, како
одредени принципи на демократското живеење;
- да се оспособува за одредување на временските релации (месеци; денови во
неделата; ден-ноќ; периоди во денот;
- да се поттикне за осознавање и откривање на својствата на телата и предметите
(тродимензионалноста, агрегатната состојба, твдоста, топлината, мирисот,
привлекување итн.);
- да се поттикне кон осознавање и откривање на својставата, значењето и
примената на водата, воздухот, почвата, светлината, звукот;
- да се стекнува со елементарни претстави за планетата Земја;
- да се оспособува за распознавање на одредени географски поими од
опкружувањето;
- да се запознава со метеоролшките појави и атмосферските прилики од
непосредната средина;
- да се оспособува за препознавање и вербално искажување на карактеристиките
на годишните времиња;
- да се оспособува за препознавање и класификација на животните според
местото и условите на живеење; карактеристиките, ползата од нив, како и
начините за безбедно однесување.
- да се поттикнува интересот и љубовта кон природата и обезбедување поддршка
на љубопитноста изразена преку детските прашања;
- да се оспособува за користење на истражувањето како форма на учење;
- да се оспособува за препознавање и класификација на растенијата, одредени
видови, нивните карактеристики, услови за раст, развој, корист, примена и
значење за целокупното опстојување на планетата Земја;
- да се оспособува за откривање и почитување на основните фактори и услови за
опстојување и за развој на живиот свет;
- да се поттикнува кон свесност за сопствената улога во поддршката за опстанокот
на природата;
- да се поттикнува за правилен однос кон материјалните вредности (храна, вода,
енергија) и развивање на одговорно однесување;
- да се оспособува за стекнување на основни сознанија за човекот како природно и
социјално суштество;
- да развива свесност за припаѓање и меѓузависност во опстанокот на живата
природа;
- да создава интерес кон научниот пристап во проучувањето и осознавањето на
природата, растенијата, животните и човекот;
- да се поттикне кон развивање на сообраќајната култура и воведување во
современата техника и технологија на комуникакција;
- да се оспособува за флексибилно и дивергентно мислење во процесот на
истражувањето,откривањето и учењето;
- да се поттикнува еколошката свест и прифаќањето на екологијата како дел од

65
современиот начин на живеење.
Примери на активности
- Разговор со децата за местото на живеење, објектите и нивната намена, за
можностите кои ги нуди местото за игри, спорт и забава парковите и сл., за
настаните во околината.
- Учествува во разни активности на градинката.
- Учествува во организирани посети во разни општествени институции, се
запознава со нивната улога, одговорности, средства, простории, опрема за
работа и сл.
- Активности за запознавање со државните симболи, нивното значење, примена и
начин на употреба.
- Активности и игри за одредедување на временските релации (пр: цртање на
сопствените дневни активности, итн.)
- Учествува во истражувачки активности за откривање и осознавање на
својставата на предметите.
- Активности во кои детето ги истражува својствата на водата, воздухот, звукот,
почвата, светлината.
- Истражувачки активности со хартија, ткаенина и сл.
- Разговор и рагледување на слики, енциклопедии, цртежи, ЦД презентации итн.
за планетата Земја.
- Учествува во самостојна изработка на календар на природата, во кој секој ден ќе
се внесуваат настани, ситуации и метеоролошки појави во него и ќе се водат
разговори за нив.
- Прошетки, посети и учење во природа преку разговор за инсектите, животните,
растенијата и луѓето во местото на живеење, за нивните видливи карактеристики
и сл.
- Истражувачки активности за деловите, користа, циклусот на раст и развој,
садењето, одгледувањето на растенијата.
- Сади цветно растение, го набљудува во процесот на растењето и води календар
за неговото растење.
- Учествува во игри и активности, во кои детето самостојно ќе ги согледа
специфичностите и разликите кај живата и неживата природа.
- Учествува во истражувачки активности за потребата од штедење и зачувување
на материјалните вредности.
- Учествува во активности за зачувување на средината, разговара, објаснува за
потребата од одговорно однесување.
- Активности за креативно изразување на детето преку рециклиран или
неупотреблив, но безбеден материјал.
- Активности за запознавање со сопственото тело, изгледот, надворешните
карактеристики, функции на одредени органи, сетилата и улогата во
материјалниот свет.
- Истражувачки активности за можностите на сопствените сетила.
- Учество во игри и разговори за разликите меѓу децата, децата и возрасните,
разговори за видливите разлики меѓу машките и женските итн.
- Разговори за надминување на стереотипите и предрасудите за разликите во
однос на можностите и потребите меѓу луѓето.
- Прошетки до крстосница, пазар, продавници од различен тип со цел
запознавање, воочување на разни сообраќајни средства, знаци, правила и
безбедност. Разговарајте за патот до нив, однесувањето во тие места. -Детето
учествува во активности од еколошка природа.
Очекувани резултати
- Препознава неколку карактеристики, посебности на местото на живеење и
градинката.
- Разликува ден и ноќ и периоди на денот (наутро, напладне, навечер), како и
недела од месец.

66
- Ги набројува основните својства на водата и воздухот.
- Набројува неколку географски карактеристики на средината во која живее
(планина, река, рид, поле и сл.).
- Разликува и именува неколку метеоролошки појави (дожд, снег, ветер, слана
итн).
- Умее да опишува и именува неколку карактеристики на годишните времиња.
- Ги класифицира животните кои ги сретнува во околината и низ приказните
според местото на живеење, според карактеристиките, придобивките од нив.
- Набројува неколку начини за грижлив однос кон животните и природата.
- Ги препознава условите за одгледување на растенијата и животните од
непосредната околина.
- Именува и разликува неколку карактеристики, видови, употреба и полза од
растенијата.
- Препознава по некоја придобивка, опасности од одредени животни и растенија.
- Набројува сличност меѓу живите суштества (расте, се развива, се храни, прима
вода, дише и сл.).
- Се користи со одредени средства при истражувачките активности (лупа, магнет,
дурбин, термометар, топломер, и сл.).
- Умее да опишува одредени карактеристики на човекот како природно и
социјално суштество.
- Умее да опишува неколку примери на правилен однос кон материјалните
вредности (користење на храна, вода, енергија и материјали во градинката).
- Умее да набројува неколку одлики на човекот како живо суштество (се раѓа,
расте, се храни, се размножува, старее, умира).
- Умее да набројува некои од условите за одржување на здравјето (лична хигиена,
чист воздух, вода, здрава исхрана, соодветно облекување и однесување во
различни климатски услови итн.).
- Може да се служи со разни безбедни материјали и предмети од околината (кал,
песок, хартија, вода, пареа итн.).
- Умее да препознава елементарни средства за секојдневна комуникација
(телефон, компјутер, ТВ и сл.).
- Набројува пет до шест сообраќајни редства.
- Го опишува семафорот и наведува што значат светлата.
- На сообраќаен килим покажува како треба правилно и културно да се движи
пешакот, каде и како да се преминува улица.
- Препознава и учествува во активности за примена на правилата за еколошка
култура.

Општи дидактички препораки


Активностите треба да се реализираат низ интегративен приод на воспитно-
образовните содржини со што ќе се обезбеди холистички пристап во развојот на
децата. Оваа програма овозможува воспитувачот самостојно да ги избира
активностите и да ги остварува целите, согласно со неговите сознанија за развојните и
индивидуалните потенцијали на децата во воспитната група која ја води.
Децата имаат можност да учат низ меѓусебна комуникација, да споделуваат
искуства, да експериментираат, самостојно да истражуваат, да учат низ игра. Притоа
играта треба да претставува основно средство, метод и форма за учење и развој. На
тој начин децата имаат можност да ја развиваат својата фантазија и креативност, да ја
изразуваат својата индивидуалност и на автентичен начин да ги изразуваат своите
чувства преку откривање, музика, цртање и движење, како дел од когнитивно-
интелектуалниот развој. Децата треба да бидат активни учесници во игровните
активности и во процесот на учењето и откривањето
Во реализацијата на програмските активности на детето треба да му се

67
обезбедат ситуации на поттикнување, постигнување успех и задоволство, со што кај
него ќе се развива самодовербата и себеприфаќањето. Во процесот на играта и
учењето се препорачува поттикнување на самостојноста, иницијативноста и
мотивираноста за релевантно и соодветно користење на изворите на сознанија, како и
користење на природните ресурси и разновиден дидактички материјал низ
активностите.
Условите за учење имаат исклучително влијание врз севкупниот развој на
децата. Средината (амбиентот) во којашто децата престојуваат (учат и си играат)
треба да биде стимулативна, да ја поттикнува љубопитноста самостојноста и
припадноста да е во согласност со нивните потенцијали и потреби. Воспитувачот го
организира просторот според интересот на децата со цел тие да бидат поттикнати да
учат и да се развиваат во рамките на различните развојни домени. Тој користи
разновидни соодветни материјали, достапни на децата, кои по потреба ги менува
(додава, вади и сл.) и кои стимулитраат истражување, откривање, играње и учење.
Просторните услови треба да одговараат на индивидуалните специфичности, потреби,
интереси и можности на секое дете, како и на развојните потреби во групата.
Воспитувачот треба да ги охрабрува децата да земат активно учество во
планирањето, уредувањето и одржувањето на занималната, а тие треба да се
чувствуваат слободно додека учествуваат во разновидните активности. Се
препорачува просторните услови да располагаат со центри за игра, учење и развој кои
претставувват посебни делови во просторијата и во кои се реализираат различни
специфични активности соодветни на домените за рано учење и развој. Само на таков
начин, со создавање на позитивна атмосфера, безбедна и стимулативна средина за
игра и учење, може да стимулира раното учење и развој кај децата.

Дидактички препораки за деца на возраст до 2 години


Развојниот период до 2 години се карактеризира со интерес на децата кон
впечатливи предмети, настани и движења (јаки бои, шарени предмети, силни звуци,
брзи и нагли движења). Ова може да се искористи за поттикнување кон откривање и
запознавање на основните елементи од опкружувањето. Реакцијата на визуелни и
акустични стимулации бара почесто да се преуредува просторот околу нив вклучувајќи
разновидни слики и безбедни материјали со кои децата ќе можат да ракуваат.
Потребно е просторијата да располага со безбедни предмети кои децата ќе можат и ќе
треба да ги допрат, да ги испитуваат, да притискаат копчиња и да ги вклучуваат, да
тркалаат, испуштаат предмети и сл.
Активностите и игрите со оваа возрасна група треба да се пропратени со музика,
која ќе го поттикне детското позитивно расположение. Треба да им се дозволи да
експериментираат со бои, материјали и звуци. Помалите деца во групата практикуваат
да ги допираат деловите од лицето на возрасниот кое треба да се искористи за
запознавање со нивното име и функција. Тие сакаат да набљудуваат предмети и лица
во движење, но често се плашат од наглите звуци и движења. Се препорачува
демонстрирањето на движечки предмети да се реализира постапно (од споро кон
побрзо). За оваа возраст добро е да го практикува следното: Поголемите деца (над 12
месеци) се љубопитни и реагираат на сѐ што е ново и впечатливо во непосредното
опкружување. Во откривањето тие самостојно покажуваат интерес кон користење на
сетилата, но често се служат и со предметите, како и со разни алатки за да откријат
нешто во своите истражувања. Сакаат да имитираат звуци и да пеат. Барајте од нив
да повторуваат звуци и кратки песнички. Тие сакаат да кинат, да гужваат и на тој начин
ја воочуваат разликата меѓу материјалите. Посебно се интересираат за последиците
од некои акции што е поволно за да им обезбедите услови за разбирање на основните
причинско-последични односи.
Во овој период, особено постарите деца, покажуваат интерес за соработка со
воспитувачот при реализација на некоја активност. Пожелно е активностите да се
динамични и да го следат детскиот интерес. Децата треба активно да учествуваат во
сите активности низ кои учат и осознаваат.

68
Во периодот над 18 месеци кај децата се зголемува љубопитноста и реакциите
на нови и впечатливи предмети, случувања и лица во непосредното опкружување. Ова
треба да се искористи во организирањето на нивните активности со организирано
покажување на нови предмети кои детето ќе ги проучува и истражува. Особено во овој
период актуелна е потребата од расклопување и удирање на играчките и предметите
со желба да се проучи нивниот состав. Добро би било кога овој процес би се
организирал со предмети и играчки кои можат да се расклопат. Притоа со детето
треба да се разговара за резултатот. Ова е особено изразено кај поголемите деца во
групата. Се интересираат за разликите-што се кине во вода, што тоне, што не се
менува, кој материјал не се гужва, кој произведува звуци и слично. Во овој период тие
почнуваат да ги разбираат основните причинско-последични односи. Бидејќи во
откривањето тие самостојно ги користат сетилата, се препорачува да им се овозможи
контролирано и целно нивно користење. На децата во овој период треба да им се
овозможи активно учество во сите откривачки и игровни активности.

Дидактички препораки за деца на возраст од 2 до 3 години


На оваа возраст децата покажуваат голем интерес кон настаните, предметите и
лицата од непосредната околина. Ги препознаваат нивните основни карактеристики и
го согледуваат нивниот однос наспроти себе. Умеат да ги користат сетилата во
откривањето и љубопитни се за се што е ново во нивното опкружување. Овој период
треба да се искористи за охрабрување кон поставување прашања и за стекнување
разновидни искуства и доживувања. За таа цел потребен е разновиден природен
материјал, чести прошетки и набљудувања, решавања на едноставни проблеми, како
и услови за активно вклучување во откривање, истражување. Треба да се поддржат
децата во испитувањето на можностите на достапните материјали и предмети со
помош на кои тие ќе откриваат, истражуваат, поврзуваат.
Играта треба да биде доминантен метод во процесот на учењето. Поради
љубопитноста на децата потребни се и чести разговори со нив како и обезбедување
одговори на нивните прашања. Добро е ако децата се поттикнат кон самостојно
доаѓање до потребните одговори.

Дидактички препораки за деца на возраст од 3 до 4 години


На оваа возраст децата покажуваат интерес кон самостојност во изведувањето
на истражувачките активности, што треба да се поддржи. Повремено тие поставуваат
прашања и чувствуваат потреба возрасниот да ја следи и разбира нивната игра и
активност. И понатаму ги интересира непосредното опкружување, но се почесто се
интересираат за предмети и појави кои се вонсетилно поставени. Преферираат
манипулативни активности наменети за истражување на опкружувањето. Сакаат да
истражуваат и за тоа користат разни предмети и алатки. Но потребата од сетилното
учење не е занемарлива во овој период.
Во овој период многу почесто покажуваат потреба за имитирање, што е
проследено со поголема фантазија. Ова најчесто го изразуваат низ игра и
драматизирање. Но, специфично е тоа што имаат краткотрајно внимание и затоа е
потребна организирана динамика и комбинација на игри и активности ќе може да ја
задоволи нивната „глад“ за откривање. Особено ова е нагласено кај поголемите деца
во групата (поблиску до 4 години). За таа цел препорачливо е често менување на
играчките и предметите во центрите за игра, како и додавање нови предмети кои
детето според одредена цел ќе ги проучува. Се препорачува често поставување
дилеми и проблемски ситуации кои ќе му обезбедат на детето да ги канализира своите
истражувачки интереси и да се фокусира на размислување и поврзување. Исто така,
во овој период треба на детето да му се доверуваат одредени одговорности и задачи,
соодветни на неговата возраст.

Дидактички препораки за деца на возраст од 4 до 5 години


Во овој развоен период постои поголема колебливост во интересирањето на

69
децата. Тие потешко се решаваат да изразат некоја своја потреба и затоа се
препорачува континуирано поттикнување. Во групата може да се почувствува
поголема разлика меѓу децата по однос истражувачката љубопитност – кај поголемите
деца поприсутен е преминот кон деперцептивно мислење. Се препорачува понагласен
индивидуален приод во водење и координирање на учечките и сознајните активности
на децата. Добро е почесто да се поттикнуваат на анализа, компарација, поврзување
класификација, серијација и апстрахирање, но сетилното учење треба да остане
доминантна форма на стекнување искуства и знаења. Сепак, ова е поволен период и
за искористување на детското искуство во поттикнувањето на децата кон формирање
свои претстави, мислења, свои заклучоци, претпоставки и слично.
И на оваа возраст децата учат низ игра и се склони кон фантазирање,
имитирање и различни креативни активности. Тие сакаат да имитираат. Особено во
овој период имаат потреба да се истакнат со нешто за што би биле пофалени. Многу
се посветени кон најблиските и потребна им е нивната поддршка. Моментите на
имитирање веќе не им се сведуваат само на игра. Тие почнуваат да ги имитираат
особено најблиските, во секојдневните реални/животни акции- да се занимаваат со
кујнски активности, да раскренат и средат-да стават на свое место, и сл. Ова е
поволен период за изградување на некои животни вештини кои во претходниот период
ги доживувале и реализирале како игра. Добро би било да им се даваат одредени
обврски кои би ги реализирале во соработка (заедно) со воспитувачот.
Овој период се карактеризира со насочено мислење, базирано на сетилата.
Логичкото мислење се уште не им е развиено. Интересот за истражување е поголем и
имаат потреба од различни материјали за таа цел. Треба да им се обезбедат повеќе
природни материјали и алатки за истражување, да се изведуваат прошетки за
набљудување и проучување на природата. По однос на центрите за игра, добро би
било центарот за драмски игри да се збогати со костими и други материјали за
преправање, имитирање и глума.

Дидактички препораки за деца на возраст од 5 до 6 години


На возраст од 5 до 6 години децата покажуваат разлики во однесувањето
согласно со различните карактеристики произлезени од нивната возраст. Оние кои се
помали (поблиску до петтата година) се уште немаат развиено логичко мислење,
додека оние постарите веќе поврзуваат знаења во систем, почнуваат да покажуваат
логичко разбирање на причинско-последичната поврзаност. Постарите се, исто така,
отворени за сознанија и често покажуваат интерес кон разменување мислење со
другарите или возрасните. Овие разлики претпоставуваат друг пристап во
планирањето и реализацијата на воспитно-образовните активности од страна на
воспитувачот.
Треба да се нагласи интерактивниот и кооперативниот пристап во изведувањето
на учечките активности, додека индивидуалниот пристап треба да доминира во
процесот на анализата и заклучувањето. Тоа што треба да се искористи во оваа
возраст е заинтересираноста на децата повеќе за процесот одошто за ефектот. Ова е
можност да се искористи метакогнитивниот приод во учењето-да се освестува
процесот на учење со цел да се проследи и да се научи начинот на доаѓање до некое
ново знаење. Но, исто така, треба да се поттикнуваат кон разбирање на исходот и
негово поврзување со процесот. Од децата треба да се бара да размислуваат и да ги
поврзуваат знаењата и да ги споделуваат меѓусебно. Се што е работено од страна на
децата и реализираните експерименти оставете ги во соодветен простор во
просторијата. Тие ќе потсетуваат на детските активности.
Во овој период доаѓа до израз повторно љубопитноста поради која децата често
поставуваат прашања. Се уште ги интересира играта која може и треба да се
искористи како метод и како средство за учење. Но на оваа возраст тие често се
споредуваат меѓусебно и се натпреваруваат во знаењата и доколку тоа се препушти
на спонтаност разликите меѓу помалите и поголемите деца ќе се продлабочат. Затоа
се препорачува организирање натпревари со особено внимание за моментите на

70
победа и доминација на секое дете во различни ситуации. Тие покажуваат посебна
потреба ликовно и музички да се изразуваат, користејќи притоа различни техники и
средства од уметничката дејност. Во овој тип изразување потребно е децата да не го
доживеат уметничкиот израз како натпревар (како поубав и понеубав, подобар и
полош). Проценката на уметничкиот израз треба да се направи преку разгор за
неговата содржина, за идејата, а не преку компаративниот пристап кон „подобриот или
полошиот“ израз. Секој уметнички израз треба да резултира со пофалба заради
поддршка на креативниот дух. Истакнете ги сите уметнички творби и изработки
направени од децата и разговарајте за нив.
Математичкиот јазик го употребуваат во секојдневните активности, што треба да
се поддржи. Поттикнете ги кон пребројување, класифицирање и серијација на
предметите во околината, мерење и сл. Сетилните активности и натаму
продолжуваат, како и збогатењето на искуството како основа за градење и поврзување
на посложени сознајни системи. Материјалите за работа и истражување и во овој
период треба да имаат примарно и основно место.
Познавањето на основните разлики кај одредени лица, настани и сл, што е
карактеристично на овој период, треба да се земе како основа за согледување и
прифаќање на културните разлики меѓу луѓето.
Големиот интерес кон откривање бара користење на богат природен материјал,
богато опремени центри за учење со разновидни играчки и разни предмети. Пожелно
би било да му овозможите на детето посета на место надвор од местото на живеење.
Воспитувачот треба да ги користи сите средства, предмети и делови од
непосредната околина, пребројувајќи ги, барајки ги подеднаквите елементи,
споредувајки ги, комбинирајки ги со децата и сл

71
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Барбареев, К., (2015). Методика на воспитно-образовната работа по


култура на говорот, Штип : Универзитет “Гоце Делчев”, Факултет за образовни
науки
2. Вилотијевиќ, М. (2000) Дидактика, II издање, Београд: Научна књига
3. Годишна програма за работа за 2016/ 2017 година, ЈДГ „8 Март“ Скопје -
http://www.jdg-8mart-skopje.org.mk/dokumenti/godishna-programa-2016-2017.pdf
4. Годишен извештај за работа на ЈДГ „Весели Цветови“ на општина Кисела вода,
Скопје, за учебната 2012/2013
http://www.veselicvetovi.mk/pdf/GodisenIzvestaj2012-2013.pdf
5. Годишна програма за работа за 2014/ 2015 година, ЈДГ „8 Март“ Скопје -
http://www.jdg-8mart-skopje.org.mk/dokumenti/GodisnaPrograma2014_15.pdf
6. Годишна програма за работа за 2015/ 2016 година, ОЈУДГ „AСТИБО“ Штип -
http://detskagradinkaastibo.mk/wp-content/uploads/2016/08/programa15-16.pdf
7. Годишна програма за работа за учебна 2017/ 2018 година, ОЈУДГ „ПРВА
РАДОСТ“- општина Василево –
8. Грујичић,М., (2011), Методика упознавања околине, Висока школа струковних
студија за образовање васпитача:Сремској Митровици
9. Група аутора (1967). Прилог методици предшколског васпитања- приручник
за васпитаче, Београд: завод за издавање уџбеника СРСрбија
10. Дамовска, Л., Шеху, Ф., Јанева., Палчевска, С., Самарџиска, Љ. (2009)
Стандарди за рано учење и развој кај децата од 0-6 години, Скопје:
Министерство за труд и социјална политика.
11. Дончовска, Д. (1988) Методика по запознавање на природата и
општествената средина, Скопје: Универзитет „Кирил и Методиј“, стр.29
12. Диниħ, А., Јанковиħ, И. (2013). Значај упознавања деце предшколског узраста
са појавама у природној средини, VIII Симпозијум са међународним учешће
„ВАСПИТАЧ У 21.ВЕКУ“, Висока школа за васпитаче струковних студија у
Алексинцу 30 – 31. март 2012, Сокобања
13. Каменов, Е., Петров, Н., (1986) Методика на воспитно-образовната работа,
Скопје: Просветно дело
14. Каменов, Е (1988) Предучилишна педагогија, Скопје: Просветно дело
15. Kellert, S. R. (2002). Experiencing Nature: Affective, Cognitive, and Evaluative
Development in Children, in P.H. Kahn, S. R. Kellert (eds.): Children and Nature.
Psychological, Sociocultural and Evolutionary Investigations (117-151).MIT Press,
Cambridge, MA.
16. Kendel,JS, (2003) Setting standards in early childhood education ,The first year of
school,64-68
17. Колонџовски Б. (2010). Ученикот во наставата по природа, Битола: Факултет
за учители и воспитувачи
18. Колонџовски Б. (2002). Детето истражувач на природата, Битола: Факултет
за учители и воспитувачи
19. National Academy for Education of Young Children(2003): Early Childhood
Curriculum, Assessment and Program Evaluation: Building an Effective, Accountable
System in Programs for Children aged 0-8, Joint Position Statement, Washington DC
(Прирачник за воспитувачи, 2014)
20. Новковиħ, Љ., Требјешанин, Б. Гачановиħ, Б. (2004). Активно кроз свет око
нас, Београд: Завод за уџбенике и наставне средства
21. „Основите на програмата за воспитно-образовна работа со деца од
предучилишна возраст во јавните детски градинки”,Службен весник на РМ,

72
15.октомври 2007
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/5F9E56D97C545F47A285E05551FE31DE.pdf
22. Педагошки лексикон (1996). Београд:Завод за уџбенике и наставна средства
23. Педагошки речник (1967). Београд: Завод за издавање уџбеника
24. Петров, Н. (1987), Детето во природата и околината, Скопје:Детска радост
25. Петровић, С. З. (2015). Холистички приступ учењу предшколске деце у
природним амбијентима, Зборник радова: Холистички приступ у предшколској
педагогији теорија и пракса, Висока школа струковних студија за образовање
васпитача у Пироту и српска академија образовања- http://pakadem.edu.rs/wp-
content/uploads/2014/03/Zbornik-radova-HOLIPRI-2014.pdf
26. Прирачник за воспитувачи, Примена на стандардите за рано учење и развој,
2014
27. Прилог методици предшолског васпитања, Приручник за васпитаче (1967)
Београд
28. Планови и програми во детските градинки, Министерство за труд и социјална
политика, http://www.ringeraja.mk/statija/planovi-i-programi-vo-detskite-
gradinki_1163.html
29. Правилник за формата, содржината и начинот на водење на педагошка
документација и евиденција во детска градинка и Центар за ран детски развој,
Службен весник на РМ, бр.87 од 17.06.2013 година,
http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/pedagoska_evidencija.pdf
30. Поповиħ, Т. Р.(2016). Учење у природи: истраживачке игре и активности за
деца у узрасту од три године до осам година, Београд:Креативни центар
31. Прашања за воспитувачи, Министерство за труд и социјална политика,
http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/prasanja_vospituvachi.pdf
32. Правилник за стандардите и нормативните за вршење на дејноста на
установите за деца, Сл. Весник на РМ, бр.28, 2014
33. Примена на стандардите за рано учење и развој: добри практики за
потикнување на раното учење кај малите деца: прирачник за воспитувачи, 2014,
стр.11
34. Програма за рано учење и развој, Службен весник на РМ, бр. 46 од 06.03.2014
година http://mrk.mk/wp-content/uploads/2015/07/programa_ranoucenje.pdf
35. Rodic, N.,(2002). Metodika i/ili metodike razredne (elementarne) nastave,
PEDAGOGIJA, XL, 1-2
36. Службен весник на РМ, бр.87 од 17.06.2013 година,
http://mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/pedagoska_evidencija.pdf
37. Стандарди за рано учење и развој кај деца од 0 до 6 години, Скопје:
Министерство за труд и социјална политика, 2009
https://www.unicef.org/tfyrmacedonia/MK_Pun_ELDS_MKD.pdf
38. Сите сме еднакви, Суштина и значење на интегрираното планирање во
наставата, како дел од проектот „Сите сме еднави“, Министрество за
образование и наука,
http://sitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Metodologija%20mk.pdf
39. C.Landers, 2002, Milestones in early child development, Developmental Pediatrics
40. Chazen-Cohen. R,Jerald. Jand Stark DR,( 2001) A commitment to supporting the
mental health of our younger children ,Zero to three 22(I) 4-12
41. Sharon Lynn Kagan Ed. Pia Rebelo Kristie Kauerz, Kate Tarrant, 2005 Washington
State Early learning and development benchmarks, National Center for Children and
Families, Teachers College, Columbia University, pg.80
42. Sharon Lynn Kagan Ed. Pia Rebelo Kristie Kauerz, Kate Tarrant, 2005 Washington
State Early learning and development benchmarks, National Center for Children and
Families, Teachers College, Columbia University, pg. 149

73
43. Sharon Lynn Kagan, Ed. D. Pia Rebello Britto, Ph.D. Kriste Kauretz, M.A. Kate
Tarrant, M.P.A (2005), Washington State, Early Learning Development Banchmarks,
National Center for Children and Families Teachers College, Columbia University
44. Upoznavanje dece sa biljnim i životinjskim svetom, Retrieved form:
http://documents.tips/documents/metodika-upoznavanja-dece-sa-okolinom.html

74
75

You might also like