You are on page 1of 3

Методика

Цели на предметната Програма: студентите да стекнат знаења од теоријата на


методиката на наставата по историја, да ја сфатат нивната применливост во наставната
практика, да се оспособат за примена на теоретските сознанија во реализацијата на
наставата по историја во основно и средно образование, да ги сфатат и усвојат етничките
вредности на воспитната улога на наставата по историја како неоходна компонента во
сеопшта едукација на младата личност.
Зборот и поимот историја потекнува од грчкиот збор (istoria) и во основа значи
испитување, иследување, расказ, познавање за она што е испитано. Во латинскиот се
преминува како historia или historiae што знаи збир на настани што настанале во време и
во простор. Речиси во сите јазици поимот историја значи она што се слуило, што
настанало, што било. А опишувањето на исотријата во научна смисла се нарекува
историографија. Историјата е наука која го изучува минатото на човековото опшество а се
темели на научно потврдени факти.
Историјата има различни научни и опшествени задачи. Основна научна задача на
историјата е изучување на историскиот процес, како во етнополитичките заедници, така и
на опшеството во целина. Историската наука се темели врз историските задачи.
Социјалната функција на историската наука е да ги шири и популизира историските
знаења заради формирање на историска свест и историско мислење.
Разликата помеѓу историјата како наука и како училишен предмед се состои во
обемот и длабочината на интерпретацијата на историските содржини. Историјата како
наставен предмет е наменет на учениците, имаат наставна програма-учебници, а
знаењето систематско се пренесува. ИСторијата како наука е наменет за сите кои имаат
интерес, изворите можат да бидат различни, по избор на читателот и е слободен во
читањето. Историјата се открива во истроијата како наставен предмед и денес го има во
сите држваи како наставен предмет. Како наставен предмет се изулува пред се минатото
на оние народи што имале најзначајна улога во светскиот историски развиток.
Во најширока смисла, зборот метод може да означува начин на кој се извршува
некоја работа. Во науката под овој збор се подразбира планска постапка, начин на
истражување со кој се доаѓа до научни откритија. Учењето за методот на научното
сознание на светот се нарекува општа методологија. Таа ги испитува начините на
истражување кои се заеднички за сите науки. А методиката е поврзана со наставата, со
образованието. Методиката е наука за методите на наставната работа воопшто.....
Методика на наставата – наука за методите кои се употребуваат за реализација на
наставата.
Наставен план, наставна програма по историја и наставни содржини?
Предавање – 2
Први облици на историска свест, мешано со митско сфаќање, среќаваме кај старите
цивилизации на Блискиот Исток, Египет и Кина. Први кои во стариот век започнале
поорганизирано да ги негуваат историските традиции и да ги презентираат пред младите
генерации биле античките грци кои и ги удриле темелите на историската наука.
Денешниве наставни програми содржуваат: цели и очекувани резултати,
содржини, активности, методи, наставни средства, дидактички насоки, стандарди на
оценување, норматив за наставен кадар.
Предавање: 3-
Основа при формирањето на целите на наставата по историја е Блумовата
таксономија. Секоја наставна програма содржи: општи цели на наставата по историја,
цели на наставата од конкретна наставна програма, конкретни цели од програмата
поврзани со настанвите содржини. Врз основа на целите од наставната програма, а во
согласност со Блумовата таксономија наставникот изготвува: цели кој се дел од неговото
годишно планирање, цели за темата и часот кој го реализира.
Блумовата таксономија: НИВОА: I. Познавање (помнење); II. Сфаќање (разбирање),
III. Применува, IV.Анализа, V. Вреднување, VI. Креирање - НИВОА ВО РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА: I. Познавање, II. Разбирање (сфаќање), III.Повисоки нивоа на знаења
(примена, анализа, синтеза. ФОрмирање на цели: Да се одбери глагол од нивото на
познавање, од нивото разбирање, од трето ниво. После целите следат очекуваните
резултати: се формира согласно со поставените цели.
Општи дидактички принципи: принцип на научна засновнаост на наставата по
истрија, воспитна насоченост на нас по ис, свесна активност, систематичност, надгледност,
достапност, трајност на знаењата, умеењата, вештините и навиките, принцип на
поврзаност на теоријата и практиката, односно на применливост на историските знаења,
умеења, вештина и навики.
Посебни принципи во наставата по историја: принцип на историски приод кон
опшествените појави, хронолошко проучување и систематизација на историските
содржини, локализација на историските настани и појави, поврзаност на историјата со
современоста.
Училишни активности: наставни активности (оделенско часовен систем),
воннаставни активности (додатна настава, дополнителна настава, слободни активносри,
натпревари, посета на музеи), слободни училипни активности (излети, екскурзии, летни
школи...), вонучилишни активности (активности кои не се поврзани со училиштето:
спортски клубови, јазици... ).
Одделенско часовен систем: Улениците учат организирани во одделенија и калови
од 24 до 34 ученици. Времето на учениците во училиштето е организирано и активностите
се одвиваат на часовите кои траат по 40 мин. (во основното) и 45 мин. (во средното
образование).
Додатна настава се организира за учениците кои постигнуваат значителни
резултати по одделни наставни предмети (талентирани ученици). Наставникот е должен
да им го понуди овој вид настава на учениците, а тие одлучуваат дали ќе ја посетуваат
додатната настава. Дополнителна настава се организира за ученици кои покажуваат
континуирано слаби резултати во учењето, а особено ако имаат најмалку две слаби
оценки, имаат слаби резултати по одреден наставен предмет, отсуствуваат од наставата
по одреден наставен предмет и на барање на ученикот или неговиот родител (старател).
Консултативна настава ќе има во текот на целата учебна година за вонредните
ученици и за учениците кои ќе полагаат поправни испити, како и за учениците кои сакаат
да постигнат подобри резултати. Подготвителна настава ќе се спроведува во согласност со
потребите на учениците, особено во рамките на подготовките за полагање државна
матура. Исто така ќе се организира за учениците кои треба да полагаат поправни испити,
испит на година, дополнителни испити и испити за побрзо напредување.
Форми на работа во нас по ист: фронтална работа, работа парови (Многу кратки
активности со јасно зададени задачи, важно сите да се активни), групна работа (се
воведува во галвниот или завршниот дел. На сите групи им се дава задачи, групите
работат задаите, мали групи, задачите да се кратки и јасни), индивидуална работа.

You might also like