You are on page 1of 20

НАСТАВНА СОДРЖИНА

Во наставната програма се вклучуваат изборни и факултативни содржини за кои


поединците слободно се определуваат. При избор на сoдржините се води сметка и
за индвидиуалните потреби и можности. Во програмирањето на содржините мора
да постои логичен ред кој го диктира самото градиво на наставниот предмет. Едно
од битните барања при избор на наставните содржини е да се утврди складен
однос меѓу општото, работно-техничкото и професионалното образование. Под
општото образование се подразбира знаење од сите важни области од науката и
културата која е неопходна за стекнувањe професионални знаења. Целта на
работно-техничкото образование е учениците да се запознаат со процесите за
различни области на техника, економија, производство, врз поединечни примери
да ги сватат принципите на работа на машните, уредите, опремата.
Професионалното образование се надградува на општото образование. Овие два
вида се меѓусебно надополнуваат, општото влијае врз професионалното и обратно
и овде е значајно ученикот да стекне поцелосна научна основа на структурата во
целина. Постојат повеќе теории за избор на наставните содржини но
најголемо влијание имале теориите на дидактичкиот формализам,
дидактичкиот материјализам и дидактичкиот утилитаризам.
Теоријата на дидактичкиот формализам бара училиштето да ги развива кај
учениците сознанија, способности и форми на мислењето. Затоа треба да се
вежбаат и развиваат учениковите ментални потенцијали па тој самиот подоцна ќе
ги стекне неопходните знаења. Позитивната страна на оваа теорија е тоа што и се
спротивставувала на дидактичкиот материјализам и постојаното оптеретување на
учениците, што инсистирала на развој на мисловните способности а нејзината
слабост е што развојот на формата на мислењето го одвојува од наставните
содржини.
Теоријата на дидакитичкиот материјализам бара учениците да усвојат што
поголем број факти, информации, барајќи поголем обем на знаења и тоа оние кои
се практично корисни и употребливи.
Теоријата на дидактичкиот утилитаризам се бара претежно во наставната
програма да се вклучат оние содржини кои ќе бидат корисни во стекнување
практични вештини неопходни за живот и работа, а да се отстрани се она кое нема
практична употреба. Овие три теории се едноставни каде едната инсистира на
знаењето, другата на умствените способности, третата на практичната
дејност. Секоја од нив запоставува некој важен елемент. Наставните програми
треба да бираат содржини кои ќе придонесуваат за развојот на мисловните
способности, знаења, практични примени и широка култура.

НАСТАВЕН ПЛАН

Главните документи врз кои се темели настават во училиштата се наставниот план


и наставната програма. Наставниот план е основен училишен документ. Со него се
одредуваат предметите кои ќе се учат во поедини тип и вид на училиште, по кој
редослед, по класови и со колкав број на часови по секој предмет. Постојат
различна класификација на наставните планови зависно од критериумите: според
нивото на училиштето (основно, средно, факултет), според типот на училиштето(за
гимназија, медицина), според менталнито развој на учениците и др. Постојат три
основни начини на распоредување на предметите во наставниот план: линеарен,
концентричен и комбиниран.
Во линеарниот распоред(сукцесиен или линиски) наставните предмети во
текот на школувањето се изучуваат еден по друг, а новото градиво е
продолжување на претходното. Никогаш во едно оделение не се изучуваат два
предмети паралелно. Прво се совладува едниот предмет, па тогаш се воведува
друг. Предности на линеарниот распоред на прдметите е: овозможува учениците
во еден период да се насочат на еден предмет, се остранува непотребното
повторување, се олеснува организацијата на наставата.
Концентричниот распоред (симултан или концентриран)е карактеристичен по
тоа што учениците на иста возраст почнувајќи од најниското, истовремено
совладуваат повеќе наставни содржини. Во следното одделение тие предмети
повторно се учат но со посложени содржини. Предностите на концентричниот
распоред се : овозможува сестран пристап кон оствареноста, градивото е
прилагодено на можностите на ученикот, смената на различни предмети во текот
на денот на учениците им е интересна. Недостатоците на концентричниот
распоред се: вниманието на ученикот се дели на повеќе предмети, на учениците
им е тешко во исто време да совладува материјал на повеќе предмети.
Комбинираниот распоред е комбинирање на два распореди со цел да се
искористат предностите , а да се избегнат недостатоците од двата распореда.
Комбинацијата од линеарен и концентричниот распоред се нарекува спирален
наставен план. Брунер прв го формулирал и ги објаснил можностите на
спиралниот распоред. Седмичниот број на часови во наставниот план по
предметите зависи од нивното значење за воспитанието и оразованието и од
сложеноста на материјата која во нив се изучува.

НАСТАВНА ПРОГРАМА

Наставната програма е школски документ со кој се пропишани наставните


содржини по предметите од наставниот план. Според дидактичарот Клафки се
одлучува прво за тоа што и зошто се учи, а потоа како и со што. Со наставната
програма се карактеризира наставниот план. Со него се утврдува обемот,
длабочината и редоследот на наставните содржини. Наставникот мора стручно и
дидактички целосно да владее со содржините на својот предмет со цел да ја
одреди длабочината која треба да се постигне со учениците. Содржините во
наставната програма можат да бидат по одредени на три начини: линиски,
концентрично и комбинирано.
Линискиот распоред е кога содржините на еден предмет во едно одделение се
нижат една по друга. Во таквиот распоред наставните содржини во програмата не
се повторуваат. Она што се обработило во едно одделение не се обработува во
следните одделенија.
Со концентрираното распоредување на содржините се избегнуваат слабостите иа
линеарното распоредување. Градивото се распоредува по концентрични кругови.
Во едно одделение градивото од наставната програма се одработува по
предвидениот обем и длабочина. Тоа е еден концентричен круг . Во следното
одделение тие истите содржини се прошируваат, така што се повторува она што
во претходното одделение е учено. Со овој распоред се добива квалитетот на
знаење но се губи доста време.
Со комбинирањето на линиското и концентрираното распоредување на
содржините се спојуваат добрите, а се поништуваат лошите страни на едниот или
на другиот начин. Оваа комбинација на линиското и концентиричното
распоредување на содржините се нарекува линиско-спирално програмирање. Во
наставните програми за секој предмет градивото е распоредено по наставни
цели, наставни теми и наставни единици.

НАСТАВЕН ЧАС

Часот е интерактивен однос меѓу наставникот , ученикот и наставните


содржини кои по правило се оставруваат во временска рамка од 45 минунти.
За учениците од најмалата возраст 45 мин. е предолго за одржување на
вниманието. Во современата дидактика се бара решение во помалите одделенија
наставнмиот час да трае 30,35,45 и60 мин. , а во повисоките одделенија да им
имаат блок часови со кои се овозможува обработка на поголеми целини и подолга
концентрација на учениците на еден проблем.
Најчести етапи во наставата се: вовед во работата, обработка на новото
градиво, вежбање, повторување, проверување. Кои етапи ќе бидат застапени
на часот зависи од целта која наставникот ја поставува. Ретко во еден наставен
час се офатени сите етапи, а исто така е ретко и да биде застапена една етапа.
Траењето на поедини етапи -на часот најмногу време се посветува на онаа етапа
која според поставената цел ќе доминира. Важно е реализацијата на наставната
програма да помине низ сите етапи од подготовка на ученикот до проверување.
Целта на воведните часови е учениците да се запознаат со задачите и правците
на набљудување на некој нов предмет и да се воведат во содржините и методите
на работа во тој предмет.
Часот на обработка на новото граддиво е наменет за обработка на нова
наставна единица. Наставникот најчесто во разговор со учениците го изложува
новото градиво ги изнесува фактите.
Часовите за вежбање се практикува по завршетокот на наставните постапки со
цел да се зацврстат стекнатите знаења. За таа цел ретко се користи цел час,
обично се одвојува дел од часот.
Целта на часот за повторување е да се провери дали ученикот обработеното
градиво го задржал во меморијата и дали може самостојно да го примени.
Часот за проверување – наставникот сака да дознае какви резултати постигнал
во работата и колку ученици знаат. За оваа цел се препорачливи писмени состави
и приказни.
Наставникот секогаш го планира часот , ја поставува целта и задачите , ги
предвидува методите и постапките, наставните содржини кои ги користи.

Артикулација на часот

Артикулација на часот - е дидактичко обликување на наставниот процес во


одредена временска единица, јасно одвојување на елементите и нивно
поврзување со целина. Добро артикулиран говор е оној во кои јасно се разликува
секој глас. Артикулиран наставен час – значи да се обликува целината. Поимот
артокулација во дидактиката го вовел Хербарт. Хербарт ја поделил наставата на
четири „формални степени“ : -јасност; - Асоцијација; - систем; - метод.
Артикулацијата на наставниот час значително е условена од наставните содржини
кои треба да се реализираат .
Наставниот час поминува низ три етапи и тоа:
-Воведен дел-се поставуваат и истакнуваат целите, се буди интерес кај
учениците, да се воведат содржината и методот на работа и се фокусира
вниманието, времетраење 3-5 мин.
-Главен дел – средишниот дел од часот, каде се излага ново градиво, се проучува,
проверува, времетраење 25-30 мин. , овде се изнесуваат факти поаѓајќи од
претходно совладано градиво кон непознато градиво.
-Завршен дел – кратко повторување, корекција со цел да се зацврстат стекнатите
знаења, времетраење 10 мин.
-80% од времето на часот треба да припадне на главниот дел, а 20% да се подели
на истанатите два дела.

РАСПОРЕД НА ЧАСОВИТЕ

Распоред на часови е оперативен документ со кој се утврдува ритамот на


реализација на Наставниот план и програма. Со тие планови е предвидено
градивото кое треба да се обработи во текот на школската година, полугодие,
поедини месеци и седмици. За секој ден во седмицата постои распоред на часови
со кој се менуваат наставните предмети со кои ќе се занимаваат учениците и
наставниците. Изработката на распоредот на часови е пропишан наставен план за
секој вид на училиште со кој се утврдува седмичниот фонд на часови на секој
наставен предмет. Така учениците и наставниците знаат за кој предмет треба да
се подготват секој ден. За распоред на часови поборниците се залагале за
традиционалниот а приврзаниците се залагале еластичниот распоред на
часови.
ТРАДИЦИОНАЛЕН РАСПОРЕД(механички) ги има следниве карактеристики:
еден наставен час -еден предмет, часот трае 45 мин, одморите меѓу часовите
траат 15 мин, а понекогаш и пократко.
ТРАДИЦИОНАЛЕН СИМЕТРИЧЕН РАСПОРЕД подразбира исти предмети во
распоредот да се појават во еднакви интервали(учениците да бидат во контакт со
иста наставна област во правилни временски интервали,заради подобро
запомнување)
ТРАДИЦИОНАЛЕН АСИМЕТРИЧЕН РАСПОРЕД на наставни часови ја уважува
суштината на мисловниот процес, кој бара некоја целина да се одработи или да
нема поголеми прекини во мисловна концентрација, додека се совлада некоја
целина.
ЕЛАСТИЧЕН РАСПОРЕД (флексибилен)се добива со адаптацијата на
традиционалниот распоред така што се избегнува неговата крутост, а се настојува
организација на наставата да се направи оптимална со цел да се добие поголема
временска рамка за обработка на поголеми и посложени теми, за некои предмети
се воведуваат и блок часови.
Изработката на распоред на часови е многу одговорен и сложен
процес. Во училиштата обично се доверува на некој искусен наставник, педагог ,
психолог, но тој мора да ги почитува психолошките и дидактичките барања, како и
заклучоците на наставничкиот совет. Затоа при изработка на распоредот на
часовите неопходно е да учествуваат наставничкиот совет, педагог, психолог,
директорот на училиштето. Распоредот на часови во оделенската настава ги
изработува одделенскиот наставник но доколку нема доволно искуство треба да
побара помош од директорот или педагогот. При изработка на распоредот
потребно е да се почитуваат и следните принципи: најпродуктивното време во
текот на денот(освен првиот и последниот час); најпродуктивни денови(освен
првиот и последниот работен ден); симетрична распределба на предметите; и
рамномерна оптовареност на наставникот и учениците. Полесните предмети се
распоредуваат во понеделник и петок, а потешките во средните денови кои се
најефикасни.

ЕТАПИ НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС

Структура на наставниот процес


Структурата на наставниот процес ја сочинуваат елементите на наставата,
нивната меѓусебна поврзаност и распоред. Тие елементи дидактичарите ги
нарекуваат етапи на наставниот час. Наставата е многу сложен процес одреден со
поставената цел/учениците да стекнуваат знаења,мисловно ,афективно и физички
да се развиваат.
Часот е збир на повеќе поврзани структурни елементи односно етапи ,фази и
тоа: -подготовка и воведување на учениците во работата;
-обработка на нови содржини, вежбање, повторување, вреднување.

Подготовка на учениците за работа

Подготовката или воведувањето на учениците во работата е етапа која предходи


на главниот дел на часот. Целта е наставникот и учениците да се подготват за
реализација на задачите поставени со наставната единица. Тоа подразбира
подготовка на средства и неопходни материјали за работа, создавање пријатна
работна атмосфера. Подготовките на наставникот се состојат во темелно
проучување, дозирање во распоредувањето на содржините, во дидактичка-
методичката подготовка,подготовка на наставните средства и материјали .
Подготовките треба да бидат разновидни.
-Материјално-техничката подготовка го обрврзува наставникот и учениците да ги
подготват потребните средства и материјали во зависност од тоа каков основен
тип на час е планиран и облик на работа е наменета.
-Сознјана подготовка-подразбира наставникот да ги информира учениците што ќе
се работи на часот, која тема ќе се обработува, кое градиво ќе се увежбува. Оваа
подготовка може да се изврши на почетокот на часот, а може да се направи и
однапред.
-Психолошки подготовки служат ученикот психички да го мобилизираат и да го
насочат кон задачите што им претстојат во главната етапа на часот. Наставникот е
должен да го насочи вниманието, да ја поттикне љубопитноста на учениците со
истакнување на практичното значење на содржините, да им укаже дека најавената
содржина им е важна во секојдневниот живот и на тој начин да ги заинтересира за
работа. Доколку воведот е пократок и поефективен, дотолку е поуспешен. Ако
воведот почне со развлекување ќе биде уништена динамиката на часот.

Обработка на нови содржини

Обработка на наставните содржини се смета за главна етапа во структурата на


настаниот час,поради истакнувањето содржини. Обработката на наставни
содржини е етапа на наставниот процес во која учениците под раководство на
наставникот усвојуваат нови факти,врз основа на нив формираат нови поими и
судови и така стекнуваат нови знаења кои се поврзуваат, со она што предходно е
научено во систем на знаења. Истата треба да завземе една третина време,но тоа
да не се зема круто дефинирано, туку да се даде флексибилност и економичност
во секоја етапа колку е потребно во одредениот тип на час, се во зависност од тоа
кои цели и задачи треба да се остварат на часот.
-Извори на знаења се делат на примарни и секундарни .
Примарни се оние извори на кои знаењето се стекнува непосредно, а секундарни
е кога знаењето се стекнува од ученикот или на некој друг начин. Предноста на
примарните извори е во тоа што ученикот одредени факти емотивно ги примаат.
-Димензионирање на знаењата,се постигнува со утврдување на обемот и
длабочината на содржините кои на часот ќе се обработуваат со што во голема
мера се одредува оваа етапа на часот.
Во рамките на обработката на новите содржини, наставникот е должен
новостекнатите знаења заедно со учениците да ги структурираат во систем на
знаења, а тоа значи дека меѓу предходно стекнатите знаења и оние кои се сега
усвоени, треба да се воспостават логични причински-последични врски, бидејќи
вистинските значења, трајните знаења се само оние кои се систематизирани.
Секогаш да се има предвид каде се застанало и на тоа да се надоградува новото.

Вежбање, усвојување на навики и вештини

Суштина и значење на вежбањето, е често систематско повторување на некоја


активност,мисловна или физичка, со цел таа трајно да се усвои, да прерасне во
вештина и ако е можно во навика. Целта на наставата е не само учениците да
стекнат знаења, туку и да се оспособат за нивна примена за успешно извршување
на некоја задача. Вежбањето е телесна или мисловна активност,а најчесто тоа е
спој меѓу двата споменати елементи, а што ќе преовладува зависно од природата
на вежбата. Со вежбањето треба да се дојде до ниво на автоматизација на
вршење на активност,да се исклучи мисловната дејност и да се практикува
знаењето. Ученикот вежбајќи стекнува вештини и навики, или ги развива своите
ментални способности.
Фази во процесот на вежбање,најчуствителниот дел од вежбањето е самостојното
вежбање на ученикот и од тоа зависи колку ќе успее оваа етапа на часот. Бидејќи
целта на оваа компонента е учениците да увежбаат некоја мисловна или
практична активност. Во тој дел се разликуваат три.
1-почетно вежбање кое е најтешко каде интелектуалното и мануелното вежбање
подразбираат грешки и неспретности каде наставникот треба да ги упатува
учениците како правилно да работат,
2- основно вежбање, се состои од тоа што учениците веќе совладаната структура
на активноста поврзано ја повторуваат, што се постигнува брзина, точност и
рационалност,
3- завршното вежбање е всушност секојдневно применување на стекнатите
вештини во наставата или во која било активност во која таа вештина може да се
примени Постојаното повторување треба да доведе до автоматизација т.е. до
изведување на активноста со намалено учество на свеста која тогаш се насочува
на други задачи.Успехот на вежбањето е условен со мисловната активност на
ученикот

Повторување(помнење)

Повторувањето е етапа на наставниот процес чија задача е со повеќекратно


враќање кон образовните содржини да се обезбеди трајност на знаењата на
учениците. Процесот на заборавање најсилно делува непосредно по
усвојувањето на нови знаења, па затоа неопходно е по обработката на нови
содржини тие да се повторат.
Видови повторување
Според критериумот опфатеност на содржините,повторувањето може да биде
фрагментарно(делумно),темтаско(на тематска целина),комплексно(целосно
повторување на градивото совладано во текот на едно полугодие или школска
година).

Според квалитетот, може да биде механичко(репродуктивно)- се постигнува


запомнување, но со целосно исклучена мисловна активност.Овој вид повторување
е неопходно да се запомнат песни, закони, дефиниции) или творечко
(продуктивно- повторување на совладана содржина со разбирање. Со овој вид
повторување се оди со пристапот на споредување,анализа ,синтеза кои се погодни
за мисловната постапка во продуктивно повторување.
Според распоредот на повторувањето кое може да биде континуирано
повторување(постојано), и расподелено или дистрибуирано(во временски
растојанија).Процесот на повторување може да се практикува на почетокот на
часот,во текот на часот и на крајот.
Според училишната година повторувањето се применува на почетокот,во текот на
годината и завршно повторување на градивото обработено во текот на школската
година.
Систематизирањето е постапка со која некои знаења се поврзуваат со предходно
научените податоци и факт,па така тие се сместуваат во логична целина. Најдобар
начин за повторувањето на наученото е примена на стекнатите знаења.

Проверување и вреднување на знаењата

Проверувањето е етапа на наставниот час во која наставникот бара и добива


повратна информација за резултатите на наставната активност.
За проверување да биде добро,а тоа значи дека треба да се проверува во сите
етапи на наставниот час,и на почетокот на часот и при обработката на ново
градиво а и при увежбување и при повторување на градивото. Дали учениците
успешно совладале некое градиво може да се провери со барањето учениците
стекнатите знаења постојано да ги применуваат.
Ако наставникот задал домашна задача, должен е да се провери како таа задача
во целина е извршена.со систематското проверување ќе се спречи кампањската
работа и ќе се обезбеди знаењата на учениците да бидат трајни и длабоки.
Според времето се класифицира на претходно( се извршува на почетокот на
школската година,пред обработката на некои наставнио целини ,тековно (на
почетокот,во текот и на крајот од наставниот час), и завршно(на крајот од
класификациониот период полугодие и школската година.)
Според начинот како се проверува,проверувањето може да биде
усмено,писмено,практично( се проверуваат вештините и навиките) и со
тестирање.

ОБЛИЦИ НА НАСТАВНА РАБОТА

Обликот на наставаната работа е начин на активност на наставникот и на ученикот кој го


карактеризира соодветен вид на социолошка организираност. Поаѓајќи од таа
организираност облиците на наставна работа се делат на фронтална, групна,работа во
парови тандем ) и индивидуална,каде обликот на настава зависи од пристапот на
наставникот, возраста и составот на учениците, како и природата на наставното
градиво(дидактички триаголник).

Фронтален облик на наставната работа


Фронтален облик е таков облик во кој наставникот истовремено работи со целото
одделение. Оваа форма на работење се карактеризира со обраќање кон сите учесници,
изложување, толкување, објаснување и демострирање на наставниот материјал на сите
учениците во паралелката истовремено. Прашањата кои им ги поставува важат за сите, а
ученикот кој одговара, своето изалагање го има пред сите соучесници. Учениците се
насочени кон активностите на наставникот, или ги слушаат одговорите од својот другар.
Во организацијата на наставатаовој облик се јавува како логично и практично решение и е
многу економичен.
Оваа форма на работа ја карактеризира вербалната метода на работење,имаме два начина
на работење Врзан и Слободен.
Врзаниот –се карактеризира со дсоминантна улога на наставникот кој цврство го
контролира часот и најголем дел од времето го користи за својата вербална активност.
Слободен начин - е кога учениците ја поставуваат целта и задачите на часот,ја планираат
работата,ја реализираат и ги совладуваат резулататите.Наставникот тука е организатор,
насочува и помага.
Праксата покажала дека фронталната форма не треба да доминира за време на часот,треба
да се комбинира со останатите форми на работа.
Предности од примената на оваа форма се тоа што таа може да се примени во работењето
со поголем број ученици, овозможува да се реализираат наставни содржини во
училиштата кои технички и материјално не располагаат со просторни услови, и доволен
број на наставници, што е економично и финансиски поисплатливо.
Со фронтален облик на работа полесно се постигнува систематичност бидејки улогата на
наставникот е многу нагласена. Со фронталната настава послабите ученици го совладуваат
наставниот материјал кои не се во можност самите да ги постигнат очекуваните резултати,
го стимулира натпреварувачкиот дух бидејќи ученикот има можност јавно да пред своите
соученици да ги искаже своите знаења и способности. Фронталниот облик е од воспитно
значење бидејќи учениците меѓусебно се запознаваат,соработуваат,се социјализираат, а
колективот воспитува.
Како негативна страна (работната школа и новата школа може да се наведе тоа што
фронталниот облик на настава не прави разлика во однос на работењето со ученици кои
имаат различни постигнувања,таа е наменета за работа со просечните ученици,
запоставени се надпросечните и надарените ученици.Работната улога на наставникот е
доминантна а ученикот е пасивен субјект во часот. Наставникот е испорачувач на готови
знаења,многу е редок контактот на наставникот со ученикот поединец и наставникот не е
во моќност реално и навремено да ги согледа потребите на учениците ,да добие повратна
информација во однос на наставниот материјал.И затоа можностите за корекција се многу
мали ,и ученикот незнае на што е , во однос на неговите постигнувања.Нема практична
примена на стекнатите знаења и поради тоа тие лесно се забораваат.Фронталниот облик не
смее да биде единствен овлик на работа туку треба да се комбинира.

Индивидуален облик
Е таков облик на наставна работа во кои секој ученик во одделението самостојно
ја работи својата задача. Притоа задачите можат да бидат исти за сите ученици а
може да бидат и различни.Постојат три облици на индивидуална работа:
-работа на наставникот со поединец
-сите ученици работат исти задачи
-учениците работат различни задачи
1.Работа на наставникот со поединец каде наставникот на ученикот му задава
задачи го упатува во работата во изворите на знаење.Тие задачи ученикот треба
самостојно да ги реши,ако нешто не му е јасно може да побара објаснување од
наставникот.Наставникот ја следи самостојната работа и доколку почуствува
потребна помош му ја пружа.По сработената задача од ученикот ,наставникот ја
проверува точноста,го охрабрува ученикот и го упатува натаму да работи.Целта на
ученикот е да ја совлада целината на работата и со време да стане самостоаен.
2.Сите ученици работат исти задачи-во овој тип на индивидуална работа е каде
наставникот задава исти задачи за сите ученици,и тиј задачите треба да ги
прилагоди според учениците да не бидат премногу сложени а не смее и да бидат
премногу лесни.
3.Учениците работат различни задачи-овој тип на работа е прилагоден на
потребите и можностите на поедини ученици.За овој вид на работа е потребно
темелна подготовка.Наставникот треба да знае што сака даза со оваа
работа,треба добро да ги познава способностите и нивото на знаење на учениците
со цел да ги состави задачите на секој поединец.
Предности-Најголемата предност на индивидуалната работа е во тоа што ги
осамостојува учениците,што ги учи да учат.Учениците стекнуваа самодоверба во
нивните постигнати успеси.Наставникот стекнува јасна слика за секој пединец.Во
индивидуалната работа се штеди наставното време,бидејки некои делови на
градивото учениците можат самостојно да ги совладаат дома.,на тој начин
останува повеке време за проверување.
Недостатоци-Колку и да индивидуалната работа добро подготвена ,сепак таа за
учениците преставува зголемен напор бидејки со тоа се забрзува развојот.Но во
тоа не смее да се претерува долго да се остават учениците сами на себе.Затоа
наставникот во текот на индивидуалната работа треа во секој момент да биде на
услуга на учениците.

Работа во парови

Работа во парови-кој уште се нарекува и тандемска е таков наставен облик во кои


добиените задачи ги извршуваат двајца ученици.Доколку партнерите имаат
соработка може да се постигне добра двонасочна комуникација и
дополнување.Предности на работата во парови придонесува кон развивање на
другарски однос,партнерите еден на друг се потпираат,си помагаат мегусебно
соработуваат ,
Всушност работата во парови е школа на другарство.Работата во парови им
овозможува целосно да дојдат во израз.
Слабости во овој облик е каде наставникот треба да води сметка за степенот на
ученикот,членовите на парот треба бидат оспособени за самостојна работа,мора
да умееат да соработуваат .Според некои истражувања се покашале дека на
одличните ученици не им одговара спојување со слаби ученици бидејки тоа не ги
мотивира на работа.Составувањето на парови е многуи чуствително
прашање.Наставнико мора да води сметка кои ученици мегусебно се сложуваар и
дополнуваат ,каков е нивниот успех,дали може да соработуваат.Успешно
формирање во парови е биден услов за добар резултат.

Групен облик
Групната настава е таков облик на работа во кое одделението се дели на групи
која секоја за себа ги остварува поставените цели и задачи и за резултатот н
својата работа го известува одделенскиот колектив.Наставникот е активен кога се
разпределуваат задачите и се даваат упатствата.Потоа им се помага на групите
ако има потреба.Во групната работа не се бара апсолутна тишина бидејки
членовите на групата мора мегусебно да се договараат и да се обозможи сите
членови на групата да дојдат до израст.Големината на групата се движи од 5 до 7
ученици.Дколку има повеке ученици не би можеле да дојдат до израст и би се
потиснале оние повлечените.Постојат два вида задачи за групната раб
ота :Истородни и дефиренцирани.Истородните задачи се еднакви за сите групи,
предност на овие задачи е што се поттикнува меѓу групите .Додека
дефиренцираните задачи се кога секоја група од наставната единица ке добие
различни задачи.
Предностите на групната работа е тоа што ги опфака и надарените и просечните и
послабите ученици и ги обврзува да бидат активни .Послабиот ученик е мотивиран
и самиот да придонесе за успехот на групата а оние подобрите му помагаат.Низ
групната работа учениците подобро се запознаваат и е погодна за развивање на
другарство.
Слабостите во групната работа .Не е секое градиво погодно за групна
работа.Писмената работа не може да се пишува групно исто така задачите за
ликовно воспитание да се изработи во групи .Колку групната работа да е
привлечна сепак поединчи кој се индивидуални и кој сакаат сами да
работат .Групната работа подразбира дека послојат потребни средства и работни
материјали -карт, книги илустрациии и без тоа неможе да се постигне успех.
Училиштето треба да има услови за групна работа,-доволен број за соодветни
простории,-прихладен мебел-подвижни столици и клупи за да може да се
формира кружен облик на седење.

Подготовка на наставникот во наставата


Постојат наставници кои сметаат дека систематската подготовка не е потребна, но
голем дел од нив секојдневно се подготвуваат за работа. Писмената подготовка е
краток план и пресек на часот со неа се предвидува организацијата на часот со
потребните елементи на наставата и одредени воспитно образовни резултати од
часот.Техниката на подготовка на наставникот за час сеуште не е доволно стручно
разработена така што и самите наставници често поставуваат прашања на
оправданост за некои барања што им се поставуваат.Техничките решенија му
помагаат на наставникот да се ослободи од вишокот пишувања и со
заокружување на одредени кратенки да ги одбере методите, облиците,
средствата, техниката или постапката, да планира и да ги одбере елементите и
организацијата на наставата. Подготвувајќи се наставникот во писмена форма го
разработува целокупниот тек на наставниот час, сооглед на содржините кои ке ги
обработува и методичкиот начин на работа. Наставната работа без добра
предходна подготовка се сведува на шаблон, импровизација што го намалува
квалитетот и резултатите на воспитно-образовната работа. Една иста подготовка
би можела да послужи за неколку години со тоа што би содржала простор за
годишни корекции, дополнување и промени кои настанале во технологијата на
работата и сознанијата на наставникот.

Текстуални медиуми
Учебникот е текстуално наставно средство и основен извор на знаење што е
наменет за учениците. Се подготвува со барањата на наставната програма
(обем,тематика и длабочината на наставниот материјал). Добриот учебник мора
да има сознајно-воспитни, дидактичко методички и хигиенско-здраствени
вреднотсти. Сознајно-воспитни вредности има оној учебник во кој е изложена
научната вистина што подразбира материјалот да се обликува според тематските
целини кои логично се потпираат една на друга. Дидактичко-методичките
квалитети се постигнуваат ако во подготовките на учебникот се земат во предвид
и познавањето на психологијата, дидактиката и методиката. Тоа значи дека мора
да се води сметка и за можностите на ученикот на таа возраст за која учебникотт
се подготвува. Учебникот мора да ги задоволува и естетските барања. Неопходно
е во него да се наогаат илустрации, цртежи, слики, кој се во врска со
обработениот материјал. Илустрациите можат да бидат црно-бели, но и во боја
особено во учебниците за младите ученици. Насловите треба да се правилно
обликувани и распоредени. Квалитетот на хартија мора да ги задоволува
стандардите на училишната книга. Кориците треба да се дизајнирани така што ќе
го привлекуваат ученикот. Здраствено-хигиенскиот критериум го задоволува оној
учебник во кој се вооди сметка за ученичкото здравје, особено за видот. Буквите
треба да се доволно големи, ученикот за да може да ги гледа јасно од 20см.
редовите треба правилно и доволно да се оддалечени. Најважно е наставникот да
ги научи учениците да го разликуваат главното од споредното во текстовите,
прикажано во учебникот. Понекогаш треба да се бара од учениците сами
користејки го учебникот да совладаат некоја наставна содржина.Така стекнатите
знаења наставникот ке ги провери на часот. На крајот на тематската целина во
учебникот се дадени и задачи. Наставникот треба да бара од учениците тие
задачи да се решат и да одговараат на поставените прашања. Постојат два вида
учебници а тоа се целосни и разграничени. Целосните учебници за едно
одделение опфакаат материјал предвиден со програмата. Предности се што сите
потребни содржини се наогаат на едно место. Разграничените ученици ја даваат
материјата за едно одделение во повеке глави во кои покрај основниот текст се
наогаат и работни материјали за вежби на ученикот. Предност е што го водат
ученикот низ самостојна работа.

Визуелни медиуми

Визуелнитте медиуми се најмногу користени во наставата. Во групата на визуелни


медиуми спаѓаат: сликите ,макетите, цртаните материјали, моделите и др.
Најголема вредност на визуелните медиуми е што со нивна помош знаењата се
стекнуваат на очигледен начин.Така стекнатите знања се потрајни и подлабоки.
Визуелните медиуми се делат на дводимензионални и тродимензионални.
Дводимензионални статички средства се : скици, шеми, цртежи, карти, мапи и
др. Дводимензионални динамички спагаат: апликации, подвижни слики, филм,
телевизиски емисии.Тродимензионални статички средства се: различни
колекции, модели, макети, а во тродимензионални динамични средства
спаѓаат апрати, машини, глобуси, сложувалки. Кои визуелни материјали ке ги
користи наставникот зависи од градивото на часот и од опремата на училиштето.
Визуелните материјали како што се сликата, цртежот треба да се користат во
наставата и во учењето во склад со психолошките особености на возраста. Колку
учениците се помлади материјалот треба да биде поедноставен, колку возраста е
поголема материјалот може да биде и технички и посложен во значењето.
Училишна табла е наставно средство, на неа може да се: демонстрира, објаснува,
црта. Училишната табла може да се користи за сите предмети. Училиштата треба
да ги набавуваат оние табли кои не ја одбиваат светлината, и каде јасно ке се
види трагата од кредата. Наставникот треба економично да ја користи површината
на таблата и големината на буквите да бидат доволно големи за да ги видат сите
ученици од последните клупи.

Наставни екскурзии
Екскурзијата преставува настава надвор од училницата и училишните простории.
Се остваруваат во различни амбиенти во природа, културно уметнички установи,
стопански објекти. Екскурзиите според времетраењето можат да бидат
едноддневни, повекедневни, повекечасовни, едночасовни.

Според содржината: историски, биолошки, географски и др

Според местото: во природа, културни установи, стопански погон и според


бројот на учесниците: одделенски, училишни, генерациски.

Подготовката за екскурзијата подразбира да се одреди нејзиното место за


реализација на наставната програма, да се утврди каде, со каква цел и кои задачи
ке се изведат на екскурзијата, да се подготват наставниците кој ке ја водат
екскурзијата и др. Со екскурзијата се остваруваат целите:

-подготовка на учениците за обработка на нова содржина

-обработка на нова содржина и

-освежување на претдходно обработените содржини.

На екскурзиите наставникот задолжително ја соопштува целта и задачите кои


треба да бидат постигнати со наблудување од страна на учениците. Во текот на
наблудувањето ученикот треба да се насочува на она што е битно, бидејки постои
опасност нивното внимание да се насочи на небитни детали.

Домашни работи

Домашната работа е самостојна активност на ученикот кој е посебен облик на


остварување на барања на наставните програми. Постојат повеќе видови на
домашни работи. Наставникот може да ги упати учениците да обработат некоја
наставна единица,но должен е да објасни како треба да ја сработат. А следниот
час задолжително се проверува дали учениците го совладале градивото и она
што има некоја грешка се корегира. Друг вид домашни работн и се задачите за
увежбување. Наставникот на часот ја обработил наставната единица и проверил
дали учениците го опфатиле градивото. Сепак домашната работа се дава
најчесто за увежбување, проверување и повторување. На учениците домашните
задачи најчесто им се даваат во последните минути од часот кога наставникот
нема доволно време да им даде инструкции и објаснување. Друга слабост е тоа
што многу често се претерува со домашните задачи така што учениците најчесто
се преоптеретени, исто така задачите не им се подготвени, туку им се кажува да
изберат одредени задачи или да научат одредена лекција. Наставникот може да
ги прегледа домашните задачи на почетокот на часот и да изврши неколку
корекции.

Работа во комбинирано одделение


Со овој назив се означува одделение составено од две или повеке одделенија во
кои наставата ја изведува еден наставник. Комбинираните одделенија постојат на
селските подрачја особено во селата каде е намален бројот на жители. Работата
во комбинирано одделение е многу потешка од работата во одделение составено
од ученици од едно одделение. Учителот остварува истовремено две или повеќе
наставни програми скратено му е времето за комуникација со учениците со што
организацијата на работата е доста сложена. Меѓутоа во работата во
комбинирано одделение има и доста предности во одделението има помал број
на ученици па постојат можности за индивидуален пристап на секој ученик.
Планирањето и подготовка за наставата е доста сложена бидејки треба да ги
задоволи општите барања за работа во овие одделенија. При правење на
распоред на часови полесните наставни часови треба да се предвидат за првите
и последните часови и тоа главно во понеделник и петок. Успехот во
комбинираното одделение зависи од изборот на наставни методи кој ке бидат
употребени во наставните содржини.

Метод на читање и работа на текст


Овој метод е таков начин на наставна работа во која поставените задачи се
остваруваат со читање на текст. Наставникот го применува овој метод користејки
извори за читање во кои спаѓаат учебници, читанки, детски списанија и др.
Учениците мора да бидат подготвени самостојно да ги користат книгите,
наставникот ги навикнува правилно да го користат учебникот, каде учениците со
помош на она што го слушале на часот полесно ке ги совладаат содржините. Кога
еден текст ќе се прочита тогаш треба да се објасни и да се прераскаже. Доколку
во тексот има нешто непознато треба да се објасни. После читањето на текстот
наставникот со метод на разговор проверува колку учениците ја разбрале
содржината а по потреба дава дополнителни објаснувања.

Предности на овој метод им овозможува на учениците да стекнат знаење,


ученикот пишаниот текст го користи дома, многу е економичен.

Недостатоци на овој метод во прво одделение во почетокот на годината неможе


да се користи бидејки учениците сеуште не научиле да читаат, па и во второ
одделение бидејки учениците сеуште ја совладуват техниката за читање.
Учениците полесно го совладуваат градивото со помош на жив збор.

Метод на пишување
Метод на пишување е начин на наставната работа во кој поставените задачи се
релизираат со пишување. Најчесто овој метод се применува во наставата по
мајчин и странски јазик со цел учениците да ги научат буквите и да ја совладаат
техниката за пишување. Учениците на секој час и дома го користат методот на
пишување. Нивните писмени работи дидактичарите ги дела на репродуктивни,
полусамостојни и самостојни.

Во репродуктивните писмени работи се вбројуваат преписите .

Во полусамостојните е каде учениците ги подготвуваат со однапред дадена


содржина од учебник.

Самостојно е каде учениците самостојно ги работат на зададена или слободна


тема.

Предности во овој метод на пишување ги оспособува учениците за писмена


комуникација, ја развива самостојноста, точноста и уредноста, знаењата ги прави
подлабоки и потрајни.

Слабости на овој метод е неекономичен бидејки бара значително повеке време


отколку усмениот збор. Слабостите на овој метод го обврзува наставникот да ги
упати учениците кога и како да запишуваат, факањето на забелешки не е
препорачливо затоа што се одвлекува вниманието на учениците.

Метод на практична и лабораториска работа


Овој метод е таков начин на реализација на наставниот процес во кои знаењата
се стекнуваат низ пректична работа и експериментирање и на наставникот и на
ученикот. Практичните работи можат да се изведуваат во наставата,во училница,
кабинети, училишниот двор. Експериментот прво го изведува наставникот при што
води сметка сите ученици да видат она што е потребно. Пожелно е и учениците да
го изведат експериментот бидејки ако се сведе на гледање тоа е метод на
демонстрација,а не на практична и лабораториска работа. Коментарите на
наставникот треба да бидат кратки и јасни. По експериментот збор имаат
учениците.Тие треба да кажат што забележале во набљудувањето да изведат
заклучоци. Доколку нешто не им е јасно треба да побараат објаснување.

Предности на овој метод е што учениците максимално се активни, овозможува


набљудување, се потикнува интересот на учениците, се развиваат вештините и
навиките за ракување со прибор и алат.

Слабостите е тоа што не епогоден за сложени процеси,не смее да се применуваат


опасни експерименти и не е економичен.

Метод на демонстрација
Овој метод е таков начин на работа во кои наставникот демонстрира предмети,
макети, цртежи, а учениците ги набљудуваат и така стекнуваат знаење. Во
демонстрирањето и набљудувањето треба да се ангажираат што повеке сетила
зависно од градивото кое учениците треба да го совладаат. Квалитетот на
набљудување ќе се реализира во зависност од поставената цел. Демонстрацијата
да биде успешна е внимателно и планско набљудување. Како илустративни
материјали можат да се користат и фотографии и слики. Сликите мора да бидат
доволни големи за да ги видат сите ученици. Наставникот треба да ги упати
учениците како да ја набљудуваат сликата. Современата настава без
демонстрации по пат на филм, телевизија, видео не заслужува да се нарекува
современа. Добрата страна на овој метод е што им овозможува на учениците да
стекнат знаење на најприроден и најефикасен начин, сетилни доживувања се
развиваат, се развива способноста на набљудување и се развиваат мисловните и
говорните способности на ученикот.

Метод на илустрации
Овој метод е каде наставната работа во поставените задачи се остварува со
цртање. Децата од предшколската возраст знаат да цртаат и да ги покажуваат
предметите и појавите од својата околина(дрво,цвет,кука)Во наставата се
користат знаци ,таблици,карти шеми,скици.Овој метод успешно се применува во
наставните содржини кога треба да се прикаже некои битни карактеристики се
користи шема и скица .Односите меѓу предметите и појавите можат успешно да се
прикажат со графикони и дијаграми.При цртање на таблата наставникот им
објаснува на уцениците тоа што го цртаат со цел тие подобро да сватат што се
сака да прикаже со цртежот.Слободнитте цртежи треба однапред да се подготват
и да се донесат на часот.Освен цртежите во наставниот процес може да се
користат и апликации за да се истакне макетата. Апликациите успешно се
користат во наставата по географија и познавање на природата.

Метод на разговор
Методот на разговор спаѓа во методите на усмени зборови или вербален
метод.За овој метод се користат и називите дијалошки и еротематски.Дијалог
означува разговор меѓу двајца а со него е означувана и литературна и уметничка
форма.Рзаговорот немора да биде разговор меѓу двајца и да се сведува на
прашања и одговори.Разговорот може да биде во вид на расправа односно
спротиставување на различни мислења.Методот н а разговор е таков метод во
кои наставните задачи се остваруваат на облик на прашања и одговори,со
разговор на наставникот со учениците или во облик на расправа.Прашањето е
оној дел на вербалните комуникавии со кој од соговорникот се бара некоја
информација а оговорот е дел од вербална комуникација со кој таа информацвија
се обезбедува .Овој метод минува низ три фази:сократовски,катехетички и
хеуристички разговор.

Сократскиот разговор-Сократ во својата учителска работа се користел со


усмениот збор .Тој својот разговор го почнувал со парадокс (знам дека ништо
незнам )каде Сократ низ дијалог укажувал на ученикот за неговото
незнаење.Негирањето на знаењето односно докажување на неговото незнаење е
почеток на учењето.

Катехетички разговор-е таков облик кој на однапред подготвените прашања мора


да се дадат однапред подготвени одговори.Работата на учениците била не да
мисли туку напамет да го научи.Во овој начин на работа најдобро поминувале
учениците кој имале добро механичко помнење,во кое не е важно да се разбере
содржината туку напамет да се научи.

Хеуристички разговор-е таков облик на разговор во кој наставникот со прашања ги


поттикнува учениците од преходното знаење,самостојно да заклучуваат и
совладуваат нови содржини.Најважна карактеристика хеуристичкиот разгово е да
го забрзува развојот на логичкото мислење на ученикот,и овој разговор најчесто
се практикува во обравотка на нови наставни содржини.Раговорите може да се
класифицираат според различни критериуми,најопштиот е критерумот на
тематско одреденост.Според таа основа разговорите се делат на:тематски
неодредени и тематски одредени.Во првиот не постои одредена тема туку
разговорот оди во слободен тек.Во тематслите одредени разговори
спаѓаат:научните и стручните разговори.Научниот разговор е тематски е строго
одреден,одредена е и целта која треба да се постигне.Во стучниот разговор се
применуваат сознајни научни сознанија.Учениците во разговор со наставникот
најпрво треба да ѓи совладаат содржините ,логиката на разговор е прилагодена
на мисловните можности на ученикот.Наставникот го обликува разговорт и го води
во одрфедена цел.Во насставата може да се организираат послободни
разговори.Разговорот е наставна метода која допушта да дојдат до израст и
учениците.Разговорот може да биде:строго контролиран,слободен и расправа.

Строго контролираниот разговор овј тип се применува во воведниот дел на часот


каде наставникот поставува прашања строго водејки сметка за поставената
цел.Слободниот разговор овозможува до полн израз да дојдат самите
ученици .Наставникот во овој разговор помага,советува и насочува.Во овој
разговор е погодно учениците да седат во облик на триаголник или
подковица.Расравата е посебен облик во која комуникацијата е многу
разгранета ,бидејки секој ученик на наставниот процес може да општи со сите
останати ученици.Така комуникацијата во расправата е разгранета,ако
комуницира секој со секого ,ако учениците настојуваат да придонесат кон крајниот
резултат,тогас одделението е посветено на учењето.

Метод на усмено излагање(монолошки)


Овој метод уште се нарекува и монолошки со него се означува наставната работа
во која поставените задачи се остваруваат со усмено излагање на наставникот а
понекохас и на ученикот.Зависно од составот и возраста на ученикот како и од
содржините кои треба да се изложат,наставникот користи различни облици на
методот на усмено излагање.Облици на на овој метод во наставната практика
се:акдемско предавање,раскажување,опишување,објаснување,образложение и
расудување.

Академско предавање е облик на слусателите од високо ниво и се практикува


факултетите,научни собири.Успехот на ова предавање зсависи од подготвеноста
на наставникот и од неговото излагање.

Разкажување-со овој облик на излагање можат успешно да придвижат емоциите


кај ученикот кој преку разказувањето на наставникот ги доживува
приказните,бајките ,басните и др.Добро разкажување е добро ако е
природно,сликовито,изразено и јасно.Природното разкажување е свртено кон
учениците ако е точно.Сликовито им овозможува на учениците во својата глава да
создаваат слика за она што се разкажува.Изразноста се постигнува со вештината
на говорот на наставникот.Јасноста им овоззможува на учениците да ги разберат
и усвојат содржините.

Опишување-може да биде и во писмена фиора ,но наставникот се служи со


усмено опишување.Зависи од целта која се сака да се постигне опишувањето
може да се подели во две групи:научно и уметничко.Во научното опишување се
бара добро познавање на фактите,јазичен израз додека кај уметничкото
опишување се будат емоциите кај ученикот а во говорот се внимава на
артикулацијата и интонацијата.

Обаснување-се користи на учениците треба да им се протолкува непознати


зборови ,дефиниции,правила закони и др.

Образложение-е таков облик на усмено излагање со кое се одговара на


прашањата зосто.

Предности-овој метод има доста добри карактеристики и се користи зависно од


возраста на ученикот.За некои наставни содржини методот на усмено излагање е
доста погоден како на пример во содржините од историјата или од книжевност.

Слабости-во овој метод е при усмено излагање наставникот никогаш не е сигурен


колку учениците го следат она што го зборува и колку ја разбираат наставната
содржина,со усменото излагање на наставникот учениците добиваат готови
знаења каде доведува до муисловна пасивност.

Наставни методи
Зборот метод е од грчко потекло.Денес под поимот метод се подразбира начини и
постапки кои се применуваат заради остварување на некоја цел.Во науката метод
е начин на утврдување на некоја научна вистина.Методата е во врска со
теоријата,За наставникот во наставната ситуацијаза да ги оствари поставените
цели и задачи потребно е да ги примени соодветните методи.Наставната метода
е каде ученицит под раководство на наставникот во наставниот процес стекнува
знаење ,вештини и навики ги применуваат во практиката ги развиваат
психофизичките способности и интереси.Методите за утвтдување на градивото
обично се нарекуваат вежбање заради примена на градивото.Постојат неколку
видови на наставни методи:

-метод на усмено излагање

-метод на разговор

-метод на илустрации

-метод на демонстрација

-метод на практични и лабораториски активности

-метод на пишување

-метод на читање и работа на текст.

You might also like