You are on page 1of 3

КРАТКОРОЧНО ДНЕВНО ПЛАНИРАЊЕ

ДНЕВЕН ОПЕРАТИВЕН ПЛАН


Возрасна група:Мала 2 – 3 години

РЕАЛИЗАТОР - Снежана Александровиќ / 142193 ДАТА 05.04.2024


(име и презиме/ број на индекс)

1. Стандард/и:
Детето може да се движи координирано со цел

2. Наслов на дневната тема:


-„Пронајди го цветот“

3. Цели:
- Да се развие способноста кај детето непречено да се движи во просторот

4. Активности:
Воведен дел:Со цел да ги воведам децата во играта, да ги раздвижам и да внесам добро
расположение и интерес за вежбање, активноста ја започнувам со кратко
поздравување и запознавање и продолжуваме со разговор за пролетта. Ги поттикнувам
да размислуваат за тоа каква е природата во пролет. Разговараме дека природата се
буди, се будат цвеќињата, се будат инсектите, се е зелено, разиграно, сонцето силно
свети, пчелките леетаат од цвет на цвет и собираат мед. Ги прашувам дали може да
играме една игра во која ние ќе бидеме пчелки и ќе бараме цветчиња на една змислена
пољана, и им ги објаснувам правилата на играта.

Подготвителен дел: За таа цел ги поканувам да се фатиме за раце и да направиме


кругче и да ги направиме основните вежби за раздвижување. За таа цел правиме
неколку серии од следниве вежби : движење на глава и врат(лево-десно, горе-доле);
поткревање на рамењата и спуштање; плескање со рацете горе над глава и зад тело;
вежби за грб и р’бетен столб-наведни се и допри ги прстите на нозете.

Главен дел:Потоа поставувам неколку обрачи во кој ќе има расфрлано цветови од


хартија. Им ги повторувам правилата. Потоа ги повикувам дечињата со песничката:
„Јас сум пчелка мала
Барам цветче сама
Барам ваму, барам таму.
Лет, лет, лееет“
Децата лесно трчаат низ просторот околу обрачите имитирајќи пчелки во лет и секое
дете се наведнува/клекнува и си зема едно цветче од обрачот.
Играта може да се игра се додека постои интерес кај децата.
Завршен дел: Со цел да се смири детскиот организам, да се намалат возбудувањата и
да ги подготвиме децата за интелектуална работа во следните активности ќе одиграме
една игра. Ги повикувам дечињата да застанат во кругче и да ги следат моите
движења дури им ја пеам песничката :

„Две рачиња со десет прсти имаам деца јас


Еве ги горе, еве ги доле
Оп на раменца.
Еве ги напред еве ги назад
Оп на половина “

5. Место на реализација:
занимална / сала

6. Материјали и средства за реализација:


Обрачи, цвеќиња од хартија

7. Користени стратегии за учење и подучување:


-Метод на игра; метод на опишување; метод на разговор; метод на демонстрација.
-Индивидуална фоема на работа, фронтална форма на работа и групна форма на
работа.

ПОСТИГНУВАЊА НА ДЕЦАТА
Индикатори

Рефлексија

You might also like