You are on page 1of 2

Здружение за рана стимулација, развој и игра кај деца Креатива Исток

detskisvetistok@gmail.com; 070/908021; 070/696014


Ул. Златко Шнајдер, 7а, Скопје

Пишување букви

1. Пишувајте букви во воздух користејќи весник или книга свиткани во ролна кои ќе ви послужат
како стапче за пишување.
Напишете ја секоја буква трипати, кажете ја на насоката и чекорите на пишување (т.е. горе,
долу, околу) и именувајте ја буквата.

2. Напишете една буква од горната страна на дланката на детето со вашиот прст. Побарајте од
детето да ја именува напишаната буква. Потоа напишете ја уште еднаш истата буква од
горната страна на дланката на детето со цел да види како правилно се пишува буквата.

3. Користете различни бои при пишување на буквите. Пишувајте ги буквите една над друга со
цел да направите виножито од букви. Најдобро е првата буква да ја напишете вие и да
побарате од детето да напише други букви над вашата буква. Пишувајте ги буквите на хартија
или табла која е вертикално поставена, најдобро да е поставена на ѕидот во висина на рамото
на детето.

4. Детето со показалецот нека пишува букви во песок, ориз, брашно,пена за бричење, со боја за
прсти.

5. За оваа активност потребно е тесто или пластелин. Детето треба да направи долги тенки ролни
или колбаси од тесто или пластелин и од нив да формира букви. Откако ќе ја формира буквата
потребно е да ја стави на парче подебела хартија и со показалецот да ја притисне буквата
користејќи ги правилните насоки на пишување на истата буква.

Овие материјали се резултат на долгогодишна едукација и практично искуство на тимот од


Креатива Исток. Ве молиме не ги споделувајте без наше знаење и согласност.
Здружение за рана стимулација, развој и игра кај деца Креатива Исток
detskisvetistok@gmail.com; 070/908021; 070/696014
Ул. Златко Шнајдер, 7а, Скопје

6. Детето со затворени очи да пишува букви на табла или на хартија. Доволно е една буква да ја
напише трипати. Треба да внимавате правилно да ги пишува буквите.

Други предлози:

Дајте му на детето да црта со мрсни боици, креди, моливи и пенкала за да добие различни
тактилни искуства.
Обидете се да пишувате на различна хартија во боја или текстура.
Обидете се да користите миризливи или пенливи пенкала за да ги направите активностите да
изгледаат поинтересни или мотивирачки.

Овие активности се составени за совладување на начинот на правилно пишување и


увежбување на буквите, а со тоа помагаат и за подобрување на вештините за пишување.
.

Овие материјали се резултат на долгогодишна едукација и практично искуство на тимот од


Креатива Исток. Ве молиме не ги споделувајте без наше знаење и согласност.

You might also like