You are on page 1of 2

ДНЕВНА ПОДГОТВКА

ДАТУМ- 06.09.2021г.
НАСТАВНА СОДРЖИНА- Градење самодоверба
Работилница I-1.3: ЈАС МОЖАМ ...

Материјали:
? Работен лист за учениците I-1.3: Јас можам ...,
? прибор за пишување,
? топка од стуткана хартија.

Воведна активност
Учениците се делат во парови, застануваат еден спроти друг и секој од парот треба
внимателно да го разгледа партнерот обидувајќи се да го запамети неговиот изглед.Потоа
членовите на парот треба да се свртат со грб еден кон друг и да променат три нешта на себе.
На пример: алката/прстенот да го стават на друга рака, да закопчаат/откопчаат едно или
повеќе копчиња на своите алишта; да ја префрлат косата на друга страна; да ја стават/извадат
блузата од панталони и сл.
По една минута пвторно треба да се свртат еден кон друг и секој од парот треба за другиот да
погоди кои три нешта на себе ги сменил.

Главна активност 1
Учениците седат во клупи и секој добива по еден примерок од работниот лист за ученици
„Jaс можам да...” и треба да го пополни.Наставникот може да ја дополни листата со тврдења
што смета дека се соодветни за групата со која работи.
Потоа учениците се делат во групи по четворица и треба меѓу себе да си ги
презентираатлистите обидувајќи се да пронајдат сличности и разлики.

ЗАКЛУЧОК
Во текот на растењето и развојот децата можат/научуваат да прават се повеќе и повеќе
работи.Нивните интереси можат да останат исти во текот на растењето, а можат и да се
сменат и да се збогатат.Планирањето ни помага точно да одредиме колку време ни треба за
реализирање на различни цели.

ДИСКУСИЈА
1. Дали пронајдовте сличности меѓу вашите листи? A имаше ли разлики?
2. Зошто имаше разлики? Дали сите деца исто можат, знаат и сакаат? Зошто?
3. Дали сега ги имате истите знаења, умеења и желби како кога сте имале пет години?
Зошто?
4. Дали ќе се променат и овие знаења, умеења , интереси и желби за некое време? Зошто5. 5.
5. Колку време е потрбно за да оствариме некоја наша желба или некое наше постигнувае?
Од што зависи?
6. Како влијае самодовербата врз остварување на нашите цели?
Завршна активност
Сите деца прават по едно топче од стуткана хартија и целта е верижно да си ги подаваат
еден на друг без да им паднат. При тоа ја пејат следнава песна:
„Ти по - давам - топ - ка –од ле - во на дес-но,
То - a го пра-вам - многу - многу - лес-но”.

На секој прв слог децата му ја подаваат топката на детето десно од себе, а на секој втор слог
ја земаат топката од детето лево од себе, но кога пејат многу, многу тогаш тогаш само ја
придвижуваат раката како да ќе ја подадат топката десно од себе, но ја враќаат повторно
лево, па дури потоа ја подаваат десно.Тука е можно да се прават грешки и наставникот треба
да
Поттикнува забавна атмосфера, но и да се обидува да ги мотивира учениците да се потрудат
да успеат.

Рефлексија
1. Што правевме?
2. Како се чувствувавме?
3. Што научивме?
4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?

You might also like