You are on page 1of 2

Дневна подготовка

2.11.2015
Наставна содржина:
Формирање, одржување и прекинување врски
Цели:
· да ги знае предусловите за оддржување другарство и
пријателство (доверба, соработка, поддршка, отвореност,
почитување)
· да ја знае разликата меѓу пријателството со луѓе и
пријателството со животни
· да умее да дава позитивна поддршка на другарите

РАБОТИЛНИЦА II–1.1: ЛИНИЈА НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО

МАТЕРИЈАЛИ:

• креда, селотејп,

• листови хартија,

• прибор за пишување,

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ

Сите стојат во круг. Почнува еден ученик со тоа што кажува каде го пушта балонот (кон

некој друг ученик/ученичка) и при тоа кажува некоја позитивна особина или нешто добро

што направил ученикот кон кого го пушта балонот. Ако еднаш некој пуштил балон кон едно

дете, тоа дете не може повеќе да прима балони и од другите деца.

ГЛАВНА АКТИВНОСТ

Учениците се делат во 4–5 групи. Секоја група добива задача да напише на 4–5 листови хар-

тија по една особина на пријателите што им се најважни. Кога ќе бидат готови, се собираат

листовите од сите групи, се промешуваат и потоа се редат еден по еден по должина на една

линија од селотејп/креда. Ако има особини кои се повторуваат, се ставаат еден до друг.
Потоа секој ученик поминува низ линијата од особини на тој начин што кажува: „Мојот
пријател треба да биде...“ и селективно стапнува на оние особини што ги смета за многу
битни за неговото пријателство. Кога ќе стапне на онаа што ја смета за најбитна, кратко
објаснува

зошто му е важна токму таа особина за неговото пријателство.


Откако сите ќе поминат низ линијата на пријателството, се поведува дискусија околу след-

ните прашања.

ДИСКУСИЈА

1. Кои особини ви беа најважни? На кои листови најмногу застанувавте?

2. Дали на сите ни беа важни истите особини?

3. Зошто особината .......... е важно да ја имаат нашите другари? (За секоја

наведена особина посебно се проверува.)

ЗАКЛУЧОК

Некои работи сите исто ги цениме и сакаме нашите другари да ги имаат.

Но, исто така, за некои од нас поважни се едни работи, а за други, други

работи, во врска со тоа какви сакаме да бидат нашите пријатели.

ЗАВРШНА АКТИВНОСТ

Сите добиваат по еден лист хартија кој се закачува на грб со селотејп. Потоа, со слободно

движење низ просторијата, сите ќе треба да напишат по една позитивна и убава порака на

листот на секој ученик. Кога ќе бидат готови, се седнува на подот (ако е тоа возможно) или

на столчиња наредени во круг и се читаат пораките што им ги напишале. Потоа секој ученик

издвојува по една порака што најмногу му се допаѓа и ја чита пред целата група.

РЕФЛЕКСИЈА

1. Што правевме денес?

2. Како се чувствувавте?

3. Што научивме?

4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?

You might also like