You are on page 1of 2

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Датум- 05.11.2018г.
Наставна содржина
- Давање и примање помош

РАБОТИЛНИЦА II–3.1:
ПОМАГАЊЕ ДОМА, ВО УЧИЛИШТЕ И ВО ЗАЕДНИЦАТА

МАТЕРИЈАЛИ:
• листови хартија,
• селотејп,
• кутија.

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ
Учениците се делат во две групи. Членовите од едната група од своите џебови или чанта
избираат еден предмет кој го ставаат во едно заедничко купче на една маса, но без да ги
видат учениците од другата група. Потоа учениците од другата група одат до купчето и секој
си избира по еден предмет. Учениците што избираат предмети потоа стануваат парови со
сопствениците на избраните предмети.

ГЛАВНА АКТИВНОСТ
Во претходно формираните парови, учениците добиваат по 2–3 листови хартија на кои треба
да напишат некој начин со кој можат да помогнат дома (нешто што можат да направат дома
за да бидат од помош). На секој лист се пишува само по едно нешто што може да се направи.
Кога ќе бидат готови, листовите се стават во една посебна кутија на која пишува

„Помагање дома“.
Потоа, истите парови повторно добиваат по 2–3 листа на кои, овој пат, треба да напишат на
кој начин можат да помогнат во училиштето. На секој лист се запишува само една работа.
Кога ќе бидат готови, листовите се ставаат во една посебна кутија на која пишува „Помагање
во училиште“.
Уште еднаш, истите парови добиваат нови 2–3 листа на кои пишуваат начини со кои можат
да помогнат во заедницата. Кога ќе бидат готови, листовите се ставаат во една посебна кутија
на која пишува „Помагање во заедницата“.
Потоа учениците се делат во три групи. Секоја група добива по една од трите кутии во кои
беа оставени листовите. Нивна задача е да ги групираат предлозите (да ги елиминираат тие
што се повторуваат).
Предлозите што ќе преостанат се лепат на еден голем лист хартија, кој во хоризонтална
положба е поделен на три дела со три колони (помагање дома, помагање во училиште и по-
магање во заедницата). Кога ќе ги залепат листовите хартија, по еден претставник од секоја
група ги чита предлозите на кои пишува како може да се помогне дома, во училиште и во
заедницата.

ДИСКУСИЈА
1. Дали вие помагате дома? Во училиштето? Во заедницата?
2. Дали откривте некој начин на помагање кој вие не го практикувате, било дома било во
училиштето или во заедницата? Кој?
3. Има ли уште нешто што не сме го напишале?
4. Каде е полесно да се помага? Каде е најтешко, каде најмалку се случува?

ЗАКЛУЧОК
Постојат најразлични начини со кои ние можеме да помогнеме и дома и во училиштето и во
заедницата.
Дома и во училиштето се случува почесто да помагаме, а во заедницата поретко бидејќи не
секогаш тоа некој јасно го бара од нас и обично луѓето мислат дека некој друг сигурно ќе
помогне.

ЗАВРШНА АКТИВНОСТ
Сите стојат во круг. Секој добива по еден балон. Балоните се дуваат и потоа учениците се
поставуваат во позиција на воз – секој гледа во грбот на некого пред себе. Потоа се ставаат
балоните помеѓу двајца ученици така што тие ги допираат градите од едниот и грбот од
другиот ученик. Треба да се внимава да биде добро припиено за да не падне балонот. Потоа
на даден знак сите, истовремено, почнуваат да се движат внимавајќи да не им падне некој
балон.

РЕФЛЕКСИЈА
1. Што правевме денес?
2. Како се чувствувавте?
3. Што научивме?
4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?

You might also like