You are on page 1of 2

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Датум 24.12.2018г.
Наставна содржина Меѓусебно поддржување и соработка
РАБОТИЛНИЦА III–3.3: КАКО ШТО Е ВО МЕНЕ – ТАКА Е КАЈ ТЕБЕ
МАТЕРИЈАЛИ:
• работен лист за наставникот/наставничката: Две жени,
• работен лист за наставникот/наставничката: Рајот и пеколот.

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 1
Учениците седат во круг додека наставничката ја чита приказната „Две жени“.
Потоа учениците се делат во групи по петмина со задача да продискутираат и определат
што сака приказната да каже.Потоа секоја група го презентира своето гледиште и добива
поддршка за тоа.

ДИСКУСИЈА 1
1. Зошто на првата жена не и било дозволено да влезе, а на втората и било? Која е разликата
меѓу двете жени?
2. Дали е можно во еден град да има само добри или само лоши луѓе? На што се должи тоа
што некогаш ги гледаме само добрите, а друг пат само лошите страни?
3. Дали однесувањето на другите влијае врз нашето однесување? Дали можеме со нашето
однесување и ние да влијаеме на однесувањето на другите?
4. Може ли да се соработува ако однесувањето на некој од групата влијае негативно врз
однесувањето на другите? Зошто?

ЗАКЛУЧОК
Однесувањето на секој од нас влијае врз однесувањето на другите во групата. Како ќе ги
гледаме останатите зависи од тоа какви сме ние во моментот. За да постои соработка, сите
во групата треба да настојуваат да придонесат кон позитивно гледање на нештата.

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 2
Учениците седат во круг. Наставничката ја чита приказната за рајот и пеколот до моментот
кога се поставува прашањето зошто? Тука прекинува.
Се формираат парови од учениците (двајца соседни во кругот) чија задача е да се обидат да
откријат како е можно луѓето во рајот да биле сити, кога во исти услови, луѓето во пеколот
биле гладни. По 1–2 минути, дискусијата се прекинува и доколку никој од учениците не
успеал да го открие клучот, наставничката го чита крајот на приказната.

ДИСКУСИЈА 2
1. Што е разликата меѓу пеколот и рајот? (Каде однесувањето на луѓето овозможува
соработка, а каде не?)
2. Како се решаваат проблемите во вашето училиште: со соработка, преку натпревар или
секој за себе – индивидуално?
3. Каква е разликата меѓу решавањето проблеми низ соработка, преку натпревар и
индивидуално?
4. Како е најдобро да се решаваат проблемите што ги има целата група? Зошто?

ЗАКЛУЧОК
Проблемите со кои се соочува групата, најдобро се решаваат кога сите членови на групата
соработуваат. Кога се решаваат проблемите со соработка, сите од групата учествуваат при
донесување на решение и таквото решение е најдобро.

РЕФЛЕКСИЈА
1. Што правевме денес?
2. Како се чувствувавте?
3. Што научивме?
4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?

You might also like