You are on page 1of 3

Дневна подготовка

Датум 17.12.2018г.
НАСТАВНА СОДРЖИНА- Почитување на другите (недискриминација)
РАБОТИЛНИЦА III–2.2: НЕ НИ ТРЕБААТ БАБИ!
МАТЕРИЈАЛИ:

• работен лист за наставникот/наставничката: Не ни требаат баби!

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 1
Наставничката чита листа на тврдења и од учениците бара да покажат колку мислат дека
тврдењето е вистинито со кревање на палецот:
– доколку сметаат дека тврдењето е вистинито, треба да го кренат палецот од едната рака
нагоре;
– доколку не се сигурни дали тврдењето е вистинито, треба да го држат палецот во
хоризонтална положба; и
– доколку сметаат дека тврдењето воопшто не е вистинито, треба да го свртат палецот
надолу.

Примери за тврдења.
• Девојчињата се слаби кошаркарки.
• Момчињата по природа се посилни и попаметни од девојчињата.
• Муслиманите имаат по две и повеќе жени.
• Ромите се музикални.
• Македонците се неистрајни.
• Тетовците се скржави.
• Албанците имаат по пет-шест деца.
• Старите луѓе се немоќни.
• Младите се агресивни.
По секое тврдење таа ги пребројува гласовите и ги кажува на глас.

ДИСКУСИЈА 1
1. Дали овие тврдења се вистинити? За кого од групата се вистинити? Дали тие се однесуваат
на сите поединци од опфатената група? Дали знаете девојче што е добро во кошарка? А дали
знаете муслиман што има само една жена?
2. Дали знаете како се викаат ваквите тврдења? Дали знаете што значи зборот стереотип?
3. За кого постојат стереотипи?
4. Дали има само негативни или постојат и позитивни стереотипи за некои групи?
5. Кои стереотипи ги знаете за афроамериканците? А за некои професионални групи, на
пример за полицајци или стереотипи за наставници?
6. Кои стереотипи ги знаете за старите лица?
ЗАКЛУЧОК
Стереотипите се релативно упростени и крути сфаќања за карактеристиките на припадни-
ците на одделни социјални групи. Упростени се затоа што се генерализација од поединци
за цели групи, а крути се затоа што многу тешко можат да се променат. Тие се главно
неточни затоа што сите припадници на една група немаат исти особини и секој припадник на
групата не мора да поседува определени особини само затоа што ў припаѓа на таа група. Но
тие се и делумно точни затоа што може некои општи особини да се однесуваат на голем број
припадници на групата. Стереотипи постојат за најразлични групи и тоа најчесто тие се
негативни, но понекогаш има и позитвни. На пример, најчести стереотипи за
афроамериканците се дека тие се крадци, дилери на дрога, недоволно обрзовани (негативни),
но и дека се одлични спортисти и музичари (позитивни). Вообичаени стереотипи за старите
луѓе се дека тие се конзервативни, заостанати, спори, немоќни и неактивни, критички
настроени кон помладите, болни и друго.

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 2
Наставничката ја чита приказната од работниот лист за наставникот/наставничката „Не
ни требаат баби“. Потоа ги дели учениците во групи по пет и секоја група треба да смисли
продолжение на приказната и откако ќе го извежба, треба да го презентира пред останатите.
По секоја презентација останатите со аплауз ја наградуваат групата што презентирала.

ДИСКУСИЈА 2
1. Каков стереотип имаше наставничката Соња за старите луѓе?
2. Поради што таа изградила таков стереотип?
3. Зошто Едона ја предложила својата баба за планинарење? Зошто Едона немала таков
стереотип за старите луѓе?
4. Што мислите за различните краеви на приказната што ги претставивте? Дали во нив
имаше коригирање на стереотипот?
5. Како во реалниот живот би можеле да постапите доколку гледате дека некој има
предрасуди
кон некого врз база на определен стереотип?
6. На кои начини би можеле да се бориме против стереотипите?

ЗАКЛУЧОК
Стереотипите ги градиме под влијание на семејството, училиштето, другарите, медиумите.
Важно е стереотипите што ги имаме кај себе да ги препознаеме и кон поединци од различни
групи да пристапуваме отворено, да ги запознаеме, да се дружиме со нив, а не однапред да
формираме мислење за нив врз основа на нивната припадност кон одредена група.
Сите имаме одговорност да се бориме против стереотипите и предрасудите што ги забе-
лежуваме кај себе и кај другите, преку тоа што аргументирано ќе се спротивставиме на
стереотипот и ќе се обидеме да ги објасниме карактеристиките на личноста, независно од
нејзината припадност на определена група.

РЕФЛЕКСИЈА
1. Што правевме?
2. Како се чувствувавме?
3. Што научивме?
4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?

You might also like