You are on page 1of 3

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Датум 04.02.2019г.
Наставна содржина - Одолевање на социјални притисоци
РАБОТИЛНИЦА III–6.2: МОРАШ – НЕ САКАМ
МАТЕРИЈАЛИ:
• работен лист за ученици: Ситуации на притисок од врсници,
• табла и креда,
• работен лист за наставникот/наставничката: Како би можело да се реагира во ситуација на
притисок од врсници.

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 1

Учениците се делат во парови и двајцата од парот застануваат еден спроти друг. Тие можат
да комуницираат користејќи само два збора: ДА и НЕ. Едниот од парот ќе вика само ДА,
а другиот – само НЕ, настојувајќи да го убеди другиот да попушти. Учениците во паровите
меѓусебно се договараат кој ќе започне да вика ДА, а кој ќе вика НЕ. На знак на наставникот
паровите може да почнат со убедувањето. По околу две минути, наставникот дава знак уче-
ниците во парот да си ги заменат улогите. Оној што викал ДА сега ќе вика НЕ и обратно.
По две минути паровите добиваат нова инструкција. Едниот смислува нешто што сака да го
натера другиот да прави, а другиот смислува нешто што воопшто не сака да го прави. Никој
никому не кажува што смислил. Овој пат ги користат зборовите МОРАШ и НЕ САКАМ.
Едниот вика само МОРАШ, имајќи го на ум тоа што сака да го натера другиот да го прави,
а другиот вика само НЕ САКАМ, имајќи го на ум тоа што воопшто не сака да го прави.
По две минути улогите во парот повторно се менуваат.
По две минути активноста завршува и секој од парот треба да му каже на другиот што сакал
да го убеди да направи, односно што не сакал да прави и се поттикнуваат да поразговараат
за тоа дали во стварноста би имале проблем да се убедат еден со друг во тоа што го имале
на ум.

ДИСКУСИЈА 1
1. Како се чувствувавте во улога на некој што убедува?
2. А како во улога на некој што се спротивставува?
3. Какви сё интонации на гласот имавте кога го убедувавте партнерот?
Дали имаше молежлива? А заповедничка? Други?
4. Каква беше телесната положба?
5. Какви одбивања имаше? Имаше ли срамежливи и несигурни? А имаше ли силни и
отсечни?
6. Каква беше телесната положба?
7. Дали некогаш се случи другиот да „попушти“ и да каже: „Ај, не мораш“ или пак да каже:
„Е, добро веќе – ДА!“
8. Дали во секојдневниот живот се среќавате со вакви ситуации? Како ви е тогаш? Дали ви
е лесно или тешко да одбиете некого или да му се спротивставите во ситуација кога ви врши
притисок?

ЗАКЛУЧОК
Вршење притисок со зборување не мора секогаш да се прави со гласно и заповедничко одне-
сување. Тоа може да се прави и со заканувачки, молежлив, заповедувачки или пак уцену-
вачки тон на гласот. Одбивањата, пак, исто така, можат да бидат различни – од колебливо
и тивко, до гласно и отсечно или пак јасно и решително. Телесниот став е многу важен при
убедувањето, а особено при одбивањето. Веројатно секојдневниот живот изобилува со ситуа-
ции на вршење на притисок и некои е полесно, а некои е потешко да се одбијат. Вообичаено
кога некој ни врши притисок можно е да се чувствуваме непријатно, збунето, несигурно,
уплашено и слично.

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 2
Наставникот од работниот лист за наставникот/наставничката нуди начин на спротивставу-
вање на несакан притисок и го запишува на табла и накусо бара од учениците да го изразат
своето мислење во врска со понудениот начин на спротивставување. Потоа учениците се
делат во парови и секој пар добива по една картичка исечена од работниот
лист за учениците „Ситуации на притисок од врсници“ на која се наведени две ситуации на
притисок од врсници. Еден од членовите на парот треба да ја прочита картичката и да се
обиде да го убеди другиот да се вклучи во активноста наведена на картичката. Другиот од
парот треба да го одбие спроведувајќи ја погоре понудената стратегија. Потоа членовите во
парот си ги менуваат улогите и ја изведуваат втората ситуација од картичката.

ДИСКУСИЈА 2

1. Како ви беше во улога на оној што убедува – врши притисок?


2. А како ви беше во улога на оној што треба да го одбие притисокот?
3. Кои беа главните потешкотии?
4. Што може да се направи во врска со нив?
5. Дали може да се одлучиме да направиме нешто ако немаме информации за тоа?
6. Кој е одговорен за направениот избор?
7. Кој ги сноси последиците?

ЗАКЛУЧОК

Пред да донесе одлука, детето мора да биде добро и објективно информирано и да располага
со релевантни знаења во врска со она што се бара од него да го направи. По направениот
избор, детето треба да биде свесно дека независно од останатите ТОА САМОТО е одговорно
за својот избор и САМОТО ќе ги почувствува и ќе ги сноси последиците.
Да се спротивстави на притисок на групата воопшто не е лесно и едноставно, но полесно
станува ако се вежба. Особено е тешко кога детето е под закана на исклучување од групата
или пак под директна закана за здравјето и безбедноста на лицето што е под притисок.
Голема дилема претставува и напуштањето на ситуацијата наспроти земањето активен
однос кон решавање на проблемот или помагањето на „жртвата“. Во ситуации кога детето
ќе процени дека нема шанси да се спротивстави на групата или да ја заштити „жртвата“,
најдобро е да ја напушти ситуацијата, но потоа веднаш да побара помош од возрасно лице
во кое има доверба.

РЕФЛЕКСИЈА
1. Што правевме?
2. Како се чувствувавме?
3. Што научивме?
4.Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?

Работилница III–6.2: МОРАШ – НЕ САКАМ


Работен лист за наставникот/наставничката:

КАКО БИ МОЖЕЛО ДА СЕ РЕАГИРА ВО СИТУАЦИЈА НА ПРИТИСОК ОД


ВРСНИЦИ
Дозволи си доволно време да се информираш, размислиш дали го сакаш тоа и кои би биле
последиците. Откако ќе одлучиш:

1. јасно кажи НЕ (без агресивност и без да се правиш важен);


2. објасни зошто (без да „држиш лекција“ и да се правиш најпаметен);
3. предложи нешто друго („Може да ни биде забавно и ...“;
4. излези од ситуацијата (оди си, употреби изговор) и доколку е потребно побарај помош од
возрасно лице во кое имаш доверба.

You might also like