You are on page 1of 4

УНИВЕРЗИТЕТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ,

ЕВРОПСКА ФИЛМСКА,ТЕАТАРСКА И ТАНЦОВА АКАДЕМИЈА - СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ТЕАТАРСКИ УМЕТНОСТИ

Додипломски студии по Театарски Уметности

Есејски труд по предметот

Македонски јазик 2

ТЕМА: „МОЌТА НА ЗБОРОВИТЕ“

Изработила: Ментор:

Марија Панзова Проф. Лилјана Плевнеш

Досие бр. 602

Скопје, 2019
Зборовите имаат огромна моќ и влијаат во нашата секојдневна комуникација, и
живот воопшто. Ја знаете онаа приказна за слепиот бездоминик што просел?! Додека на
знакот му пишувало „слеп сум, помогнете ми“, минувачите му давале нешто ситно, само
по неколку парички. Но, кога некој минувач му го сменил текстот на знакот, наеднаш сите
почнале да му даваат парички на бездомникот. На знакот пишувало „надвор е прекрасен
ден, а јас не можам да го видам“.

Зборовите може да те насмеат, зборовите може да те растажат, зборовите може да


те возбудат, зборовите може да те смират, зборовите може да предизвикаат омраза,
насилство, војна, зборовите може да предизвикаат љубов, среќа и мир. Со зборови може
да нè внесат во состојба на хипноза, со зборови може да манипулираме со другите (тоа
многу се користи во маркетингот и продажбата). Магионичарите употребуваат „магични“
зборови во своите магии, религиозните луѓе моќта на зборовите ја користат преку
молитвите, источњаците преку мантрите, а западната психологија тоа го нарекува: моќта
на потсвеста.

Една од силните карактеристики на Стив Џобс беа неговите презентации и


презентерски вештини. Тој имал моќ да влијае магично на своите соговорници. Анализите
покажале дека еден од најважните фактори кој влијаел на уверливоста на неговите
презентации, биле зборовите што тој ги користел во нив. Тој користел многу моќни
зборови, кои потсвесно влијаеле на слушателите: фантастично, невидено, неверојатно,
оригинално, супериорно, феноменално, за прв пат, најдобро во свет, инспиративно,
магично, иновативно итн.

„Внимавајте на вашите мисли тие стануваат зборови, внимавајте на вашите зборови


тие стануваат акции, внимавајте на вашите акции тие стануваат навики, внимавајте
на вашите навики тие стануваат карактер, внимавајте на вашиот карактер тој
станува судбина.“ – Сун Цу

Во прилог имаме неколку совети кои треба да ги имаме предвид следниот пат кога ќе
употребиме некој збор со цел да пренесеме некоја порака, да кажеме некому нешто, да
примиме информација или да се разбереме во некоја дискусија:
1. Свесност – Пак на цврсто прво место. Мора да сме свесни дека зборовите имаат
огромна моќ, дека имаат влијание. Од друга страна ние најчесто НЕ сме свесни како ги
употребуваме зборовите. Треба повеќе да мислиме, бидејќи во спротивно разликите и
нејаснотијата во комуникацијата ќе биде уште поголема.
2. Мислете повеќе – Мислете пред да кажете нешто. 2 пати мери, еднаш сечи – рекле
старите. Клише, сите го знаеме, а колку го употребуваме вистински?! Мислете како
зборовите ќе се одразат на соговорникот, мислете каков индиректен ефект ќе имаат
зборовите, како ќе ја пренесат нашата порака, дали правилно сме го направиле изборот,
редоследот или начинот на кој се кажани. И да знаете, ова е сериозна когнитивна
способност. Ако ви е тешко не се грижете, само продолжете да работите на тоа.
3. Дефинирање на значењето на зборовите – Проблемот во комуникацијата е тоа што ние
уште на почеток не можеме да се разбереме. Тоа е поради фактот што сите ние уште пред
да почнеме со разговорот, тргнуваме од различна појдовна точка.

„Почетокот на мудроста е во дефинирање на поимите“ – Сократ


Тоа значи дека еден збор за мене има една перспектива, а за тебе друга. Ако дискутираме
за љубовта, прво да дефинираме што е љубов за мене а што за тебе.

4. Научете да молчите – Една мудрост вели „ако ја знаевме моќта на зборовите, многу
често ќе премолчувавме во негативни ситуации“. Понекогаш и не мора да кажеме сè што
ни лежи на душа. Треба да сме мудри и да знаеме кога да кажеме, а кога да премолчиме.
Ефектот на кажаното може да е повеќе негативен од ефектот на премолченото.

5. Трансформационен вокабулар – Значи контрола на „навикнатиот“ вокабулар, и


користење на зборови кои ќе го променат нашиот живот. Основата на овој концепт лежи
во тоа дека зборовите што се дел од нашето искуство, стануваат нашето искуство
(судбина). Ова значи наместо употреба на зборови кои се оружје, да се употребуваат како
алатка:
6. Позадина на зборовите – Не е исто:
Уверување (у-вера) ≠ Убедување (у-беда)

Во секојдневната комуникација ние многу често се „убедуваме“ за некои работи.

Зборовите може да повредат или излекуваат некого! „Што направија вашите зборови
денес?!“ е прашањето кое ние постојано треба да си го поставуваме.

Еден збор е потребен за да ти се поправи расположението, но исто и еден за да ти


се уништи. Зборовите кои ги викам магични се : извини, те сакам, благодарам,
Човек кој знае да каже извини и благодарам е човек кој има чувства, лесно е да се каже те
сакам , овој збор може магично звучи и многу копнеат да го слушнат , но не само да се
каже туку треба и да се докаже. Како си, се ќе помине, се ќе биде подобро, тука сум покрај
тебе...... овие зборови влеваат цврстина и сигурност. Има и многу негативни зборови не
сакам да ги пишувам за да не ја извалкам темава и не вредат да се напишат, зборовите кои
навредуваат и болат ги викам гнасни и не сакам да ги изговарам и слушам.
Зборовите ако ги наредиме по правилниот редослед и ако знаеме да ги кажеме во
вистински момент вредат. Кои зборови сакате да ги слушате, да ви ги кажуваат и во кои
ситуации? Колкава мислите дека е моќта на зборовите? Кои зборови не сакате да ги
слушате?

You might also like