You are on page 1of 5

ТЕМА: ЕЛЕКТРИЦИТЕТ И МАГНЕТИЗАМ

1. НЕВИДЛИВИ СИЛИ - СТАТИЧКИ ЕЛЕКТРИЦИТЕТ


ЗНАЕТЕ ЛИ ЗОШТО КОСАТА НА ДЕЦАТА Е НАЕЛЕКТРИЗИРАНА?
Да се потсетиме
Материјата е составена од атоми. Атомите се составени од атомско јадро и електрони кои ја
прават електронската обвивка.
Атомско јадро – протони (позитивни полнежи) и неутрони (неутрални честички).
Бројот на протони е еднаков со бројот на електрони.
Атомот во целина е неутрален.
Ако еден електрон се отстрани од атомот се добива позитивен јон и електрон.
Што е електрицитет?
 Електрицитетот го проучувал Талес од Милет триејќи килибар открил дека потоа килибарот може
да привлекува ситни предмети(влакна,ситна хартија,пердуви и др.)

 Електрицитет е својство на телата кога ќе се протријат со волнена или свилена крпа да можат да
привлекуваат поситни предмети.
Како доаѓа до електрилизирање на косата при чешлањето?
 За време на чешлањето косата се трие од чешелот. Притоа електроните од атомите на косата бегаат
кај чешелот. Така,чешелот станува негативно наелектризиран, додека косата е позитивно
наелектризирана.
 Чешелот има вишок на електрони
 Косата има недостаток на електрони

Некои тела при триење се електризираат


негативно, други пак позитивно.

Супстанци кои се електризираат позитивно: Супстанци кои се електризираат негативно:


- Стакло протриено со свила - Пластика протриена со волна
- Волна протриена со пластика - Гума, килибар протриени со волна
Како заемно си дејствуваат наелектризираните тела?

Ненаелектризирани балони Наелектризирани балони

Електричните сили зависат


од растојанието меѓу
Телата кои се наелектризирани наелектризираните тела и од
истоимено се одбиваат голеината на електрицитетот
што го имаат. Со меѓусебно
оддалечување на телата
Телата кои се наелектризирани силите се намалуваат
разноимено се привлекуваат

You might also like