You are on page 1of 7

Антифашистичкото собрание

на народното ослободување
на Македонија (АСНОМ)
А.С.Н.О.М.
 Антифашистичкото собрание на народното ослободување на
Македонија (АСНОМ) е извршно тело на Демократска Федерална
Македонија во периодот од август 1944 година до април 1945 година.
Во есента 1943 година беше формиран
Иницијативен одбор за подготовка за
создавање на АСНОМ. Во март 1944
Иницијативниот одбор за свикување на
Првото заседание на АСНОМ донесе
одлука за избор на градски, селски,
околиски одбори, како и за избор на
делегати за Првото заседание на
АСНОМ.
Инцијативниот одбор,како највисок орган, покрај подготовките за
свикување на АСНОМ, извршил и други задолженија. Работел да се
организираат што повеќе НОО (Народноослободителни одбори), да се
изберат претставници за Провото заседание на АСНОМ и да се испратат на
местото на неговото одржување, и ги подготвил документите на АСНОМ.
Одржување на првото
заседание на А.С.Н.О.М.
 По двегодишни подготовки , Првото заседание на АСНОМ се
одржало на 2 Август 1944 година во манастирот Св. Прохор
Пчински кај Куманово. Биле избрани 116 делегати, а на
засадението присуствувале поголем дел од нив. Некои не успеале
да дојдат поради условите на теренот или биле попречени од
непријателот.
Иницијативниот одбор за
свикување на АСНОМ поднел
извештаји за својата работа.
Во истите биле прикажани
успесите во борбата и
потребата да се прогласи
македонската држава, со
свои органи на власта.
Придобивки од првото
заседание на А.С.Н.О.М.
 Првото заседание на АСНОМ
претставува многу важен чекор за
содавање на македонската држава. На
него се донесени повеќе решенија, меѓу
кои се решението за конституирање на
АСНОМ, исто како врховно
законодавство и исполнително тело на
Македонија и заведување на
македонскиот јазик како службен јазик
во македонската држава, решение за
донесување декларација за основните
права на граѓаните во демократска
Македонија.
Во писмото на Иницијативниот одбор (од 14 март 1944) се укажува дека кандидатите
за собранието без оглед на нивната верска или политичка припадност треба да бидат
луѓе што на дело ја покажале преданоста кон НОБ (Народноослободителните борби),
што се согласуваат со политичката концепција изложена во манифестот на Главниот
штаб на НОВ (Народноослободителната војска) на Македонија.
Второто заседание на А.С.Н.О.М.
 По ослободувањето на Македонија од
28 до 30 декември 1944 година во
Скопје се одржува Второто заседание
на АСНОМ, покрај делегатите на
заседанието присуствуваат и:
потпретседателот на Националниот
комитет за ослободување на Југославија
Едвард Кардељ, Димитар Влахов, Димитар Влахов Едвард Кардељ

Светозар Вукмановиќ Темпо,


претседателот на Отечествениот фронт
на Бугарија Добри Терпешев и
претставници на советската и англо-
американската воена мисија.

Светозар Вукмановиќ Темпо Добри Терпешев


Третото Заседание на А.С.Н.О.М.
 Трето заседание на АСНОМ се одржува од
14 до 16 април 1945 година. На ова
заседание се извршени измени во
надлежностите на Президиумот на
АСНОМ, кому му се одземени извршните
функции. Тие и се предадени на Владата
на Македонија, која е избрана на 16
април, на чело со Лазар Колишевски. Во
склоп на Собранието се формирани
неколку одбори. АСНОМ продолжува да
работи како Народно Собрание на
Македонија.
Истотака на Третото заседение на АСНОМ била формирана првата влада на
Демократска Федерација Македонија. Таа била од посебно значење за развојот на
македонската држава. Владата почнала да ги извршува најважните активност за
обнова и изградба на земјата по победата над фашизмот. Владата била извршен
орган и ги извршувала донесените закони.
Ви благодариме за вниманието!

Изработено од:
Виторио Закоски
Мартин Павлоски
Мико Емин
IXб

You might also like