You are on page 1of 8

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ
ИНСТИТУТ ЗА СЕМЕЈНИ СТУДИИ

Семинарска работа
ТЕМА:
„ Врсничко насилство „

Ментор: Студент:
Проф. Д-р
Скопје, Мај 2020 година
СОДРЖИНА

3
Вовед

Насилството постои од кога постои и човекот. Може да се каже дека насилството не е


вродена човекова особина туку дека тоа се стекнува и се развива во општествениот живот.
Насилството е одговор на одредени ограничувања кои доаѓаат однадвор или одвнатре како
што се ограничување на просторот, движењето, мислењето, верувањето и слично.

Во оваа семинарска повеќе ќе обрнеме внимание на врсничкото насилство. Насилството


во тинејџерските составувања е начин на контролирање на однесувањето од страна на
еден тинејџер врз друг кои се врска односно кои се познаваат, исто така се истакнува дека
поголема е веројатноста тинејџерите да се изолираат од нивните врсници отколку
возрасните како резултат на контролирање на однесувањето од страна на нивниот
партнер.

Врсничкото насилство во училиштата и надвор од нив е проблем со кој заеднички мораат


да се борат, државата, образовните институции и родителите, обој вид на насилство не е
присутен само во Македонија туго е застапен и во соседните земји кои минале низ долг
процес на транзиција, што секако оставило трага врз сите сфери на општеството.

Насилството е секоја намерна употреба на физичка или психолошка сила, може да биде во
форма на употреба на сила насочена кон себе или кон друго лице или кон некоја група или
заедница, завршува со физичка повреда, смрт, со психичка штета, со нарушување на
разумот или со загуба.

Не постои насилство кое е оправдано или кое може да биде од корист за оние кои го
трпат, исто така голема заблуда е дека децата “така растат” односно дека тепачките,
заканите, навредите, буткањата или застрашувањата мора да бидат дел од сечие детство.

Според дел од психолозите улогата цо спречувањето на насилствата меѓу децата треба да


имаат училиштата, родителите но и самото општество. Кога станува збор за училиштата,
голема улога има училишниот кодекс на однесување, имено постојат училишта кои по ова
прашање фукнционираат одлично и можат да послужат како добар модел за другите
училишта во кои се случуваат насилства.

Голем број невладини организации имаат започнато со работа со цел да се изнајдат


решенија кои ќе можат барем во одредени размери да го контролираат овој проблем, како
резултат на нивните долгогодишни инстражувања и напори да се навлезе подлабоко во
суштината на овој проблем, се дојде до одреден резултат кој претставува солидна основа
за понатамошното градење на стратегијата на голем број организации кои имаат намера да
продолжат да работат на полето на елиминирање на насилството врз децата.

4
1. Насилство
Насилството претставува секој чин кој е против волљата на поединецот кој го
загрозува личниот интегритет било да се работи за психичко, физичко, економско
или сексуално насилство.
Во секој случај насилството се случува поради лошите слики кои поединецот ги
има во себе, а често поради стереотопни мислења. За нашето поднебје е важен
“балканскиот синдром”, односно вообичаено за ова сфаќање е дека мажот е
доминантен, строг, дури и агресивен, а жената слаба и зависна. Ваквите мажи
најчесто ова како искуство го носат од семејствата од каде потекнуваат и каде се
развиле, воспитале и оформувале како личности и сето тоа претставува темел на
односи врз кое го градат своето семејство.
Светската здравствена организација го дефинира насилството како намерна
употреба на физичка сила или моќ, со закана или конкретно загрозување против
себе, друго лице, група или заедица, чија последица или веројатност за последица е
повреда, смрт, психолошка штета, спреченост на развој или каква било загуба.
Сложеноста, присутноста и разноликоста на насилните дела предизвикуваат
чувство на немоќ и апатија. Потребна е аналитичка рамка или класификација на
видовите насилство за да се издвојат конците на оваа сложена таписерија за да
може природата на овој проблем и потребните мерки за справување со него да
станат појасни.

5
1. Мерки и интервенции за заштита

Многу полесно можеме да зборуваме, за заштита на возрасна личност од


насилство отколку на мало дете, од причина што детето па речиси и никогаш нема
да се реши да го пријави свијот џелад во полиција, па макар и да станува збор за
некој од неговите родители. Заштитата на децата спаѓа во обврските на
родителите. 15 спрема своето дете тоа е дефинирано во одредбите на Законот за
семејство (“Сл. весник на Р Македонија” бр. 80/92 од 22 декември 1992 год.). Но
што се случува кога самото семејство е виновно за тортурата над своето дете,
законот вели дека заштитата над детето во тие моменти паѓа како одговорност на
државата – односно Центарот за социјални работи. Со истражувањата е
утвредено дека поголем број од жртвите во ситуација на насилство не ги знаеле
можностите за интервенција и помош на овие институции од аспект на нивната
надлежност како служби за прва помош и заштита. Затоа целта ми е да
напоменам дека центрите за социјални работи имаат мошне значајна позиција и
широк простор на дејствување при пружање заштита на пред се децата во
семејството. Меѓутоа, тука секако не се исклучуваат и сите останати членови на
семејството кои може да бидат потенцијални жртва на насилство. Социјалната
заштита што може да ја пружат центрите за социјални работи опфаќа широк
спектар на мерки, кои помагаат да се разрешат конфликтите во семејството. Овие
мерки се остваруваат преку давање најразлични облици на подршка и советување
на лицата кои се непосредно изложени на насилство. Во суштина, дејноста на
центрите за работа е да ги детектираат сите најбитни проблеми поврзани со
малтретирањето на децата во семејството и општествената реакција за

6
проблемот, застапеност на проблемот, каузалноста на насилството, критериумите
за правни интервенции, проблемот на откривањето на насилството, изборот на
пристап до жртвата во зависност од нејзината возраст и моменталната психичка
состојба.

Заклучок

Како, што може да се забележи во погоре наведеното, истражувањата во поглед


на злоупотребата на децата се големи, и доста големо внимание е направено во
поглед на анализа на сите видови злоупотреба на децата како и начини за
откривање на семејно насилство, причините што го предизвикуваат истото, како и
заштита на децата од ваквите услови во кои се принудени да живеат. Она што за
жал не е направено, е целосна имплементација на конвенциите и други акти

7
донесени од невладини организации и други меѓународни тела инволвирани во
борбата против овој нов вид на криминалитет, чија таргет група се токму на оние
деца кои допрва треба да почнат да го развиваат својот интегритет во
општеството. Иако сеуште постојат некои разлики во поглед на примената на
заштита на децата од страна на државите, сепак мора да напоменам дека се
направени чекори во поглед на искоренување на конфликтите кои се раѓаат во
семејството. Во Република Македонија донесен е и Закон за превенција,
спречување и заштита од семејно насилство.

Надлежните институции треба да се погрижат за негово доследно спроведување.


Повторно споменувам дека се работи за чувствителна тема, од аспект на тоа дека
семејството е заедница во која нејзините членови имаат право да уживаат семеен
живот и дискреција; исклучок од ова право е интервенцијата на државите во
моментите кога тие исти членови го злоупотребуваат тоа право. И покрај
разликите во дефинициите за семејно насилство што тоа опфаќа, и злоупотребата
на децата во истото, и најразновидната методологија која експертите ја
применуваат при собирање на статистики за децата; сепак денес во светот е
сеуште голем бројот на деца кои се подложени на сексуално злоупотреба во
рамките на семејството, меѓутоа нивниот случај сеуште не е откриен; секојднево
во медиумите читеме за откриени шокантни настани каде деца биле
злоупотребувани од нивните родители, но од разни причини не биле во состојба
да кажат.

Користена литература

Wallace, Harvey (2004). Family Violence: Legal, Medical, and Social Perspectives.
Allyn & Bacon. стр. 2.

http://web.archive.org/web/20090325135918/http://www.xyonline.net/downloads/malevictims.pdf,

https://www.mydomaine.com/passive-aggressive-behavior-a-form-of-covert-abuse-1102402,

You might also like