You are on page 1of 3

ЕСЕЈ

Глобализација
Глобализацијата преставува поим што се користи за да ги опише промените во
општествата и светската економија како резултат на драматично зголемената
трговија и културна размена. Во специфично економски контекст таа се
однесува исклучиво на ефектите на трговката глогализација односно на
слободната трговија. Значењето на поимот глобализација може да означува
неколку процеси како на пример формирање на едно глобално село, економска
глобализација, негативните ефекти на глобализацијата како и ширењето на
капитализмот од развиените земји до земијте во развој.
Тука може да ја спомнеме и економската глобализација која преставува слободна
трговија и растечки односи пoмеѓу членовите на една индустрија во различни
делови на светот со кореспондирачка ерозија на националните суверенитети во
економската свера.
Глобализацијата се повеќе се идетификува со број на трендови, од кој што
најголемиот број се развиле по втората светска војна. Овие трендови вклучуваат
поголемо меѓународно движење на стоки, пари, информации и луѓе,
организациите, легалните системи како и инфраструктурните потреби.
Човекот цело време се прашува за тоа каде се наоѓа, што му се случува, низ што
поминува, до каде ќе стигне и слични прашања кои се повеќе се множат или
натрупуваат при што се доведуваме во ситуација каде што не го гледаме крајот
на сите тие прашања. Глобализацијата е нешто што го осеќаме на сопствена
кожа, а за неа не знаеме скоро ништо, нормално е дека не постои некој кој може
да го знае крајот на сите последици, но ние денес сме сведоци на интересни и
неизвесни промени кои ни се случуваат во нашите секојдневни животи.
Исто така може да се каже дека глобалозацијата има и позитивни и негативни
аспекти но најважно е да се истакне дека не носи до значајни промени. Тука
може да го издвоиме развојот на информатичките и комуникациските
технологии, кои имаат големо влијание кога е во прашање коминукацијата на
два субјекти во различни делови на светот.

Ангела Лекоска 24285/17


2
3

You might also like