You are on page 1of 14

Американски универзитет на Европа-ФОН

ФАКУЛТЕТ ЗА ДЕТЕКТИВИ И БЕЗБЕДНОСТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Предмет: Глобализација

Наслов на тема:
„ ГЛОБАЛИЗАЦИЈА“

Ментор: Изработила:
Проф. д-р. Анита Глигорова Фериде Нур

Скопје, 2021 година


Содржина

ВОВЕД............................................................................................................................................3

1. Поим на глобализација..........................................................................................................4

2. Карактеристики на глобализацијата.....................................................................................5

3. Трендот на глобализацијата..................................................................................................7

4. Развој на глобализацијата и нејзината перспектива...........................................................9

5. Глобализацијата и економскиот раст.................................................................................10

ЗАКЛУЧОК..................................................................................................................................13

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА....................................................................................................14

2
ВОВЕД

Во оваа семинарска ќе пишувам за глобализацијата, односно детално ќе ги анализирам


нејзините карактеристики.

Иако почетоците на глобализација можиме да ги видиме многу порано уште со првата


цивилизација и оформувањето на големите царства, сепак кон ктајот на Студената Војна и
распадот на биполарната структура при крајот на 80-сетите и почетокот на 90- сетите
години од деветнаедестиот век прв пат глобализацијата доаѓа како главна тема на
расправа во политичките кругови.

Од тогаш различни автори различно го дефинираат процесот на глобализаија, од кои ќе го


истакмимe Џозеф Стиглиц кој ја дефинира глобализацијата како:

“Цврста интеграција на земјите и народите на светот до кое се доаѓа со намалувањена


трошоците за транспортот и комуникациите, како и со рушење на вештачките бариери за
проток на стоки, услуги, капитал и луѓе преку границите”.

Глобализацијата всушност представува дефинирање на економските карактеристики во


денешно време. Со самиот процес на глобализација се намалува времето и просторот така
што многу граници се исчезнати а со тоа се доведува до зголемување на степенот на
меѓузависност помеѓу економиите, културите и луѓето.

Глобализацијата се каратеризира со огранизација на финансиски и продуктивни


карактеристики на глобално ниво и резултира со драматично проширување на
меѓународната трговија и капиталните текови. Овај процес создаде нови можности за
земјите во развој.

Технолошките иновации, проширувањето на трговијата и зголемувањето на бројот на


странски дирекни инвестиции во принцип доведе до поголема акумулација на капитал а со
тоа се зголеми и степенот на економски развој на земјите во развој.

3
1. Поим на глобализација

Идеологијата за глобализација на светот може да се види многу порано низ историските


етепи и тоа уште со оформување на првите држави, но сепак сеуште постои конфузија во
дефинирањето на овај процес. Одтука, глобализацијата може да биде сфатена како мит,
реторика, феномен, идеологија, реалност, ортодоксичност или рационалност.

Прв пат во академски дискусии глобализацијата како процес е спомната кон полетокот на
90-тите години.

Фактички, глобализацијата е кратка форма на кластер на поврзани промени: економски,


идеолошки, технолошки и културни.

Економските промени вклучуваат интернационализација на производството, значително


зголемена мобилност на капиталот и транснационални корпорации како и
продлабочување и интензивирање на економската меѓузависност.

Економските манифестации на глобализацијата вклучуваат просторни реорганизации на


производството, взаемно проникнување на индустриии преку границите, ширење на
финансиските пазари, дифузија на идентични потрошувачки добра низ различни земји и
масивен трансфер на население.

Идеолошките промени вклучуваат инвестиции и трговска либерализација, дерегулација,


приватизација и усвојување на политичка демократија во институционалниот свет.

Технолошките промени вклучуваат информации и комуникациски технологии кои ги


стеснуваат времето и просторот како и пренесувањето на добрата и услугите. И
културните промени вклучуваат трендови кои водат кон хармонизирање на вкусовите и
стандардите како и универзална светска култура која ја надминува националната држава.1

Кога станува збор за нејзиното дефинирање можиме со право да кажиме дека нема
општоприфатена дефиниција за поимот глобализација, така што ќе ја истакнам

1
Mittelman, H. James ,“The Dynamics of Globalization”, London, 1996

4
дефиницијата од Џозеф Стиглиц во “Противречностите на глобализацијата“ каде
глобализацијата ја дефинира како:

“Цврста интеграција на земјите и народите во светот до која се доаѓа со намалување на


трошоците на транспортот и комуникациите, како и со рушење на вештачките бариери за
проток на стоки, услуги, капитал и луѓе преку границите”.

За разлика од Стиглец, според Холм и Соренсен, глобализацијата може да се дефинира


како “интензивирање на економските, политичките, социјалните и културните односи
преку границите”. Во оваа смисла глобализацијата вклучува повеќе од само географско
продолжување на група на феномени и прашања.

Глобализацијата подразбира не само значително интензивирање на глобалното


поврзување туку и свест за тоа интензивирање со придружно намалување во однос на
значењето на територијалната организација. 2

2. Карактеристики на глобализацијата

Глобализацијата се наметнува од неколку фактори, меѓу кои најзначајниот е технолошката


промена која ги вклучува информации и комуникациски технологии кои го стеснуваат
времето и просторот како и пренесувањето на добрата и услугите.

Глобалниотпроцесот е нееднаков и во интензитет и во географски опсег, и во неговата


домашна и меѓународна димензија. Па од тука, значајано е да се направи разлика помеѓу
квалитативната и квантитативнатадимензија на глобализацијата т.е квантитативна
промена или квалитативни поместувања (квантни скокови). На пример, економска
глобализација ги опфаќа квалитативните поместувања кон глобалениот економски систем
кој повеќе не се базира на автономните национални економии туку ги реалоцира
производството, дистрибуцијата и потрошувачаката на добра во консолидираните
глобални пазари.

2
Dzozef E.Stiglec, “ Противречности глобализације”, Белград, 2002

5
Сумирано, терминот глобализација е често споменуван но ретко јасно се дефинира. Тој
означи многу различни работи за различни луѓе. Помеѓу различните дефиниции можат да
се вклучат и следниве:

 Интензивирање на економските, политичките, социјалните и културните односи


помеѓу границите;
 Историски период (или историска епоха) која започнува по завршувањето на
Студената Војна;
 Трансформација на светската економија од олицетворение на анархија до
финансиски пазари;
 Триумф на вредностите на САД, низ комбинираната агенда од неолиберализам во
економската и политичката демократија;
 Идеологија и ортодоксија во однос на логичката и неизбежната кулминација на
моќните тенденции на пазарот за работа;
 Технолошка револуција , со социјални импликации;
 Неспособност на нацијата–држава да се справи со глобалните проблеми кои бараат
глобални решенија, како што се демографијата, екологијата, човековите права и
ширењето на нуклеарното оружје.

При проучувањето на глобалниот процес најголемо влијание има економската страна на


глобализацијата која уште е наречена и економска глобализација.

Економската глобализација се дефинира како тековен процес на меѓународната економска


интеграција. Од тука, можe да се забележи дека со самиот процес на глобализација се
зголемуваат различните интеграции помеѓу националните економии.

Во практична смисла, погоренаведеното значи дека ниеден од примарните показатели на


еконосмка глобализација како што се производството, дистрибуцијата и потрошувачката
на добра и услуги кои сеуште представуваат дел од националните економии не може да
биди реализиран без да оствари барем една од меѓународните трансакции како што се:
меѓународните текови на трговија, капитал и работна сила.3

3
Biersteker, Thomas,“The ‘Triumph’ of Liberal Economic Ideas in the Developing World”, New York: Cambridge
University Press, .1995,стр.170

6
3. Трендот на глобализацијата

Континуираното зголемување на интеграцијата на меѓународниот пазар не е нов феномен.


Неговото постоење датирало уште од педесетите години пред Втората свестска војна, но
сепак треба да се напомни дека за време помеѓу двете светски војни протекционизмот
станал многу понагласен. Со крајот на Втората светска војна кога САД повторно ја
воспоставил хегемонија како развиена земја, заедно со европските држави повторно го
воспоставиле процесот на интеграција.

По Втората свестска војна, новиот светски поредок бил воспоставен по правилата и


принципите на Кензијанизмот. Одлуката била донесена на состанок во Бретон во САД.
Врз основа на лошото искуство од пред Втората светска војна, новоформираниот систем
бил фокусиран на контролата и стабилноста.

Така што развиените земји почнале да ги користат своите финансиски и валутни политики
со цел: да ги прилаготат домашните економии на новонастанатиот систем, да одржат
фиксен девизен курс и да обезнедат контрола на капиталот.На овај состанок биле
формирани и две институции Свестка Банка и Меѓународниот монетарен фонд со цел да
го одржуваат редот во состемот. 4

За новиот систем да не го диживее предвоениот неузпех во 1947 год биле донесени серија
на поствоени договори наменети за олеснување на светската трговија или скратено
наречени ГАТТ. Врз основа на овие договори развиените земји одлучиле да ги отворат
своите пазари и да воспостават пониски трговски тарифи.

Овде е битно да се нагласи дека отворањето на пазарите кон другите земји од страна на
развиените земји се однесувало само меѓу развиените земји и не важело за земјите во
развој. За разлика од развиените земји, земјите во развој биле сеповеќе принудувани да ги
отворат своите пазари за производите и услугите кои што доаѓале од развиените земји.
Така со новонастанатиот светски поредок земјите во развој и неразвиените земји биле во

4
Biersteker, Thomas,“The ‘Triumph’ of Liberal Economic Ideas in the Developing World”, New York: Cambridge
University Press, .1995,стр.174

7
полоша ситуација одошто претхоно, најповеќе поради стратената можност за заштита на
своите економии од немилосрдната конкуренција која што доаѓала од развиените земји.

Мислењата дека со ГАТТ трговските договори нивото на отворање на пазарите ќе се


зголеми биле всушност вистина од преспектива на развиените земји. Со трговските
преговори кои што се воделе во раната фаза на ГАТТ било одлучено нивото на трговска
заштита на развиените земји за производите и услугите кои што доаѓале од земјите во
развој да биде доста повисоко за разлика до нивото на трговска заштита на земјите во
развој за производи и услуги кои што доаѓале од развиените земји.

Општо земено глобализацијата се изучува од три преспективи: либерализација натрговија,


движењетона капиталот и слободниот протокот на работната сила. Од аспект на
трговијата, соодносот помеѓу бруто-вредноста на извозот и БДП се користи како индекс за
мерење на нивото на кое секој економски ентитент учествува во светскиот пазар.

Глобалниот соодност помеѓу бруто извозот и БДП во периодот од 1950-1999 се зоглеми за


7%14. Во денешно време ситуацијата е малку покомплицирана заради големата
финансиска криза која го зафати целиот свет. Светската трговија се прошири и во 2011
година таа дстигна до 5%, но имаше повторно забавување до 3,7% во 2012 година.
Ваквото забавување е настанато од големиот број на шокови, вклучувајќија и Европската
должничка криза.

Иако, интеграцијата на трговијата навистина се зголемила по Втората светска војна, но


сепак стапката на раст не се одвивала со брзо темпо. Економските граници на земјите биле
сеуште очигледни. Иако, нивото на пазарна интеграција дури и помеѓу соседните земји не
било со заврзано темпо а и цените на производите и услугите биле доста неизедначени,
сепак трговијата бележела значителни промени во овај времески период. Нa пример:
начините на кои земјите во развој се интегрирале во системот биле различни како и
влијанието на самата интеграција било различно во споредба со минатото. 5

5
E.Wallerstein, “The Modern World System: Capitalist Agriculture and the Origins of the European World
Economy in the 16th Century” , New York: Academic Press, 2004

8
4. Развој на глобализацијата и нејзината перспектива

Како што беше и погоре напомнато самиот концепт на глобализација се појави во првата
половина на XIX век и почетокот на XX век. Во тоа време концептот на глобализацијата
бил концентриран на парите. Тоа можиме да го видиме преку две димензии и тоа: растење
на меѓународната трговија и зголемување на миграцијата на население. Имало две
причини кои што го промовирале растот на трговијата.

Едната се однесува на развојот на економските теории кои што ја промовирале светската


трговија, кој главен предводник бил Дејвит Рикардо и неговата теотија на компаративни
предности. Неговата теорија на компаративни предности дала една експлицитна фустнота
на светското производство и глобалната поделба на трудот.

Понатаму оваа теорија укажувала на тоа дека економскиот развој на земјите од третиот
свет кои ја прифатиле оваа теорија имале позитивен резултат за разлика од оние земји кои
што ја прифатиле протекционистичката политика, како во одност на квалитетот на
живеење така и во одност на растот на економијата.

Клучните елементи на овај процес како што се либерализацијата на трговијата и


унапредувањето на технологијата придонесле светската трговија енормно да се
зголемува.6

Што се однесува на миграцијата, Европските миграциски политики покажале зголемена


желба да се оди во Америка од страна на европските граѓани, гледајќи ја како Нов свет кој
ветува нов почеток и личен просперитет. За раслика од европските граѓани, Азиците
гледале на Америка како колиниална сила. Спрема најновите истражувања,
глобализациската миграција низ историјата не секогаш била иницирана од сиромаштијата,
во одредени периоди зголемувањето на мигранти во Америка се однесувало на развојот на
индустријата и глобалната индустриска поделба на трудот кој довела до зголемување на
процентот на женскате мигрантки.

6
Anne O. Krueger, “Trade Policy and Economic Development: How We Learn“,The American Economic Review,
Vol. 87 No. 1, 2008

9
Од погоре наведеното можи да се заклучи дека поврзаноста на стоките и трговијата била
изразена преку зголемување на свеската трговија а колонизацијата и миграцијата
подпомогнале во ширењето на идеологии на различни региони.7

Сепак, како што влијанието на глобализацијата врз светот се зголемувала така дошло до
создавање на конфликтни ситуации на различни нивоа. Првата и Втората светска војна се
резултат на овај процес. Преку развојот на технологијата дошло до засилување на воено-
научната технологија во многу земји. Бидејќи моќта на една нацијаво тоа време зависела
од својата воена сила, земјите од Третиот свет воено сеподготвувале се со цел да добијат
поволна позиција во воената рамнотежа на моќта. Овај период уште бил наречен и период
на воена глобализација.

Согласно со развојот на свесткото производство и технолошкиот развој ќе има значително


зголемување на населението. Понудата и побарувачката на работна сила ќе зависат од
демографскиот фактор. Самиот пораст на населението доведува до зголемување на
побарувачката, потребата од инфраструктура и понудата на работна сила. Порастот на
налселението заедно со технолошкиот напредок ќе бидат движечки сили на
глобализацијата во иднина. Ова ќе доведе до зголемување на продуктивноста и повисоки
приходи по глава на жител во иднина.8

5. Глобализацијата и економскиот раст

Алтернативните модели на економски раст и развој довеле до многу различни


предвидувања за поврзаноста на глобализацијата и економскиот раст во светот. Еден дел
од испитувањата се направени од стана на Лукас кој е преставник на неокласичната
теорија. Тој тврди дека онаа меѓународна нееднаквост во приходите што ја имало во 20-
век, во овај век ќе ја снема.

7
Saskia Sassen, “Globalization and Its Discontents”, New York , The New Press,1998, str.41-45;
8
The Economist, “Pocket World in Figures 2000”, London, 1999, str.21

10
Исто така, тој истакнал дека во 21 век неговото тврдење ќе се исполни доколку земјите
почнат со применување на сите реформи кои што ќе бидат усвоени од страна на
институциите со цел да се поткрепи ефикасноста на пазарите и целосно да ги искотистат
странскиот капитал и технологија кои што ќе се влеваат во нивните земји.

Ваквиот “Парадокс на Лукас” дека економскиот раст на сите земји ќе биди приближно
еднаков, за жал не се исполни зошто почетокот на 21 век започна со прелевање на
меѓународната нееднаквост на приходите од 20 век.9

Иако со развој на глобализацијата, трошоците за транспорт и комуникации драстично се


намалилекон крајот на 20 век, сепак немало зголемен обем на трговските и финансиските
текови, како и растојанието на пазарите и изворите за снабдување биле во висока
корелација со нивоата на приходи со кои што располага секоја земја.

Единствени земји кои што сразмерно со растот на глобалниот процес преку сободна
трговија и финансиска либерализација, имале успешен економски раст се Азиските земји,
Јапонија во времето на т.н Златна доба и Кина. Овие економии применувале далеку
поразлични економски политики од оние политики кои што тогаш биле предлагани за
успешен економски раст (финансиска и трговсска либерализација и приватизација).

Земјите од Источна Азија иако биле “надоврешно ориентирани” со своите стратегии на


економски раст, сепак нивните стратегии биле предводени со силна контрола на државата
и висок степен на индустријализација во рамките на нивните граници. Од сето ова може
да се утврди дека тие до 90-тите години на минатиот век не биле целосно учесници во
процесот на глобализација, во смисла на отворенот на економијата и движењето на
капиталот.

Најчесто позтавувано прашање во овај врменски период било дали поголемата отвореност
на една земја ќе и обезбеди побрз економски раст? Тука е важно да е направи разлика
помеѓу либерализацијата на тговијата и движењето на капиталот во различни периоди.
Погоренаведените искуства за успешниот раст на Азиските земји во развој ни сугерираат
дека либерализацијата на трговијата нема значителни позитивни ефекти врз економскиот
раст. За разлика од либеразлизацијата на трговијата, финансиската либерализација со
9
R.E. Lucas, “Some Macroeconomics for the 21st Century”, Journal of Economic Perspectives,2000стр:14

11
глобалната финансиска криза од 2008-2009 година, се докажа дека е високоризична
стратегија која што има доста слаби влијаниа врз економскиот раст.

Поврзаноста на либерализацијата на трговијата со економскиот раст внимателно ја


проучувале Френкел и Ромер. Тие ја испитувале оваа поврзаност во времески период од
1960-1985 година и дошле до заклучок дека поврзаноста на либерализација на трговијата
со еконосмкиот раст е во соодност на 1:1.5 проценти.

Сепак, Клеменс и Вилијамсон нагласиле дека иако има позитивна корелација помеѓу
либерализацијата на трговијата и економскиот раст во неодамнешното минато, спротивен
е случајот пред Втората светска војна. Уште еден паракос е примерот со САД како од
најзадолжена земја стана економски најмоќна земја во светот.

За разлика од трговската либерализација доказите за финансиската либерализација се


помалку оптимистички. Во последниве 25 годни сугерираат на тоа дека укунувањето на
контролата на капитал е поврзана со зголемување на банкарстите кризи и со значително
брзо нивно прелевање во сите земји а посебно во земјите во развој. Таков беше случајот и
со финансиската криза од 2008-2009 која за многу краток врмески период го зафати
целиот свет а посебно беа погодени земјите во развој. Иако доказите на финасиска
либеразлизација се доста негативни сепак сметам дека колку глобалнните институции се
доста силни и му пружат помош на земјите во развој во нивиот процес од затворени во
целосно отворени економии, преку финансиката лоберализација земјите во развој ќе го
зголемат својот економскиот раст. 10

10
J.Henderson, Z. Shalizi and A. J. Venables, “Geography and Development”, Journal ofEconomic
Geography,2010,стр:81

12
ЗАКЛУЧОК

Со изработка на оваа семинарска дојдовме до неколку заклучоци.

И покрај направените напори од страна на развиените земји и глобалните институции како


што се СТО, ММФ и СБ сепак светот е далеку од она што всушност е глобализацијата.

Главната цел на глобалниот процес е сите негови учесници да имаат придобивки но сепак
тоа не можиме да го кажиме и за земјите во развој со исклучок на Азиските земји во
развој.

И покрај големиот број на негативности кои што ги доживуваат земјите во развој сепак не
можат да останат надвор од овај процес.

Светот е глобализиран во целост доколку се исполнети следните три услови:


либерализација на трговијата, движењето на капитал како и слободниот проток на работна
сила.

Сведоци сме дека за целосна либерализација на трговијата можиме да зборуваме само за


трговијата на релација развиени-развиени земји како и на релација равиени- земји во
развој но кога станува збор за либерализацијата на трговијата на релација земји во развој-
развиени земји таа сеуште е надополнета со голем број на технички бариери.

За разлика од либерализацијата на трговијата која што во суштина негативно делува на


економскиот развој на земјите во развој, слободното движење на капиталот на релација
развиени- земји во развој доста позитивно делува на нивниот економски раст.

Освен за дефицитарните професии, за слободниот проток на работна сила сеуште


представува идеја која што требаво иднина да се исполни.

13
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 Dzozef E.Stiglec, “ Противречности глобализације”, Белград, 2002


 Mittelman, H. James ,“The Dynamics of Globalization”, London, 1996
 Biersteker, Thomas,“The ‘Triumph’ of Liberal Economic Ideas in the Developing
World”, New York: Cambridge University Press, .1995,стр.170
 Biersteker, Thomas,“The ‘Triumph’ of Liberal Economic Ideas in the Developing
World”, New York: Cambridge University Press, .1995,стр.174
 E.Wallerstein, “The Modern World System: Capitalist Agriculture and the Origins of the
European World Economy in the 16th Century” , New York: Academic Press, 2004
 Anne O. Krueger, “Trade Policy and Economic Development: How We Learn“,The
American Economic Review, Vol. 87 No. 1, 2008
 The Economist, “Pocket World in Figures 2000”, London, 1999, str.21
 Saskia Sassen, “Globalization and Its Discontents”, New York , The New Press,1998,
str.41-45;
 R.E. Lucas, “Some Macroeconomics for the 21st Century”, Journal of Economic
Perspectives,2000стр:14
 J.Henderson, Z. Shalizi and A. J. Venables, “Geography and Development”, Journal
ofEconomic Geography,2010,стр:81

14

You might also like