You are on page 1of 10

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ


ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ: МЕЃУНАРОДЕН МЕНАЏМЕНТ


НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ТЕМА: ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

Ментор: Изработил:
Проф.Јован Пејковски Сандра Лазеска

Скопје, 2019
СОДРЖИНА:

1. ВОВЕД...............................................................................................................................3
2. ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА КАКО СВЕТСКИ ПРОЦЕС НА ДЕРЕГУЛАЦИЈА..............4
3. ПРЕДНОСТИ И НЕГАТИВНИ СТРАНИ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА.......................6
4. ЗАКЛУЧОК.......................................................................................................................9
5. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................................................................10

2
1. ВОВЕД
Глобализацијата е процес кој што е резултат на се поголемиот и забрзан процес
на движењето на капиталот. Процесот на глобализација на светската економија
претставува тренд кон потполно економско поврзување на целиот свет едновремено,
условно речено, губење на претходното значење на националниот економски
идентитет. Глобализциските процеси во економијата се согледуваат низ финансиската
интеграција, засилената диверзификација, глобалните фирми-корпорации, глобалната
конкуренција и друго. Финансискиот капитал претставува соединување на
индустрискиот, банкарскиот и прометниот капитал. Движењето на финансискиот
капитал всушност е резултат на нерамномерното количество капитал во земјите ширум
светот. Нерамномерното количество на финансиски капитал, го иницира извозот на
капитал, кои пак индиректно влијае на забрзувањето на процесот на глобализацијата.
Процесот на глобализацијата е природен процес кој што е резултат на се
поголемиот и забрзан процес на поопштување на карактерот и процесот на
производството. Развитокот на науката, техниката и технологијата, ширењето на
пазарите на стоките во светски рамки доведува до интернационализација на
економските и финансиските токови, доведува до нивно глобално распоредување дo
нивна глобализација. Исто така глобализацијата е процес на натамошна дивергенција
во рамки на развиените, неразвиените, земји во развој и земјите во транзиција.
Глобализацијата означува процес во кого пазарната сегментација на пазарите на стоки
и услуги е намалена поради што националните пазари стануваат се повеќе
меѓузависни. При тоа алокационите механизми функционираат глобално така да
разликите во висините на цените на меѓународен план, во меѓународната размена
повеќе или помалку се нивелираат. Тоа во суштина значи дека во услови на
глобализација разликите во понудата и побарувањата, во услови на меѓународна
размена, многу полесно се доближуваат. А, учесниците на пазарот се присилени да се
приспособуваат кон тие глобални механизми на алокација. Во услови на проширување
на светскиот пазар фирмите што ги максимизирале профитите треба да ги разгледуваат
и да се приспособуваат на ново настанатите услови, во спротивно ќе ги губат пазарите.

3
2. ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА КАКО СВЕТСКИ ПРОЦЕС НА ДЕРЕГУЛАЦИЈА
Глобализацијата како светски процес можеме да ја сретнеме уште во XVIII век,
а нејзиниот рапиден пораст е особено забележителен кон крајот на XX век и почетокот
на новиот милениум. Со посредство на слободната пазарна конкурентност на глобално
ниво, новопечените капиталисти ја зграбиле доминацијата над глобалниот пазар на
стоки и услуги. На почетокот на минатиот век со посредство на глобализацијата била
надмината економската криза која се појавила во најразвиените земји. Тука во прв план
улогата на глобални стабилизатори ја превзеле меѓународните институции како
Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Тие во духот на нивните
ингеренции дале предлог да бидат спроведени економски реформи со кои структурно
би се реформирале националните економии. Поконкретно тука се мислело на
реформирање т.е. укинување на царинските ограничувања, промовирање на
поекспанзивна монетарна политика, рестрикција на јавното трошење, воведување на
полиберална законска регулатива итн. Глобализацијата и нејзиното влијание во
денешно време се евидентни во секое поле на дејствување, а последиците од процесот
на глобализирање се се позабележителни. Процесот на глобализација се одвива во
континуитет со незапирливо темпо. Континуираноста на самиот процес предизвикува
да се случат динамични промени во самото глобално економско опкружување. Како
индивидуи, а на повисоко ниво како држави сите сме дел од процесите на
глобализација и влијаеме на самиот глобален поредок.
Глобалниот развој и тоа како е потпомогнат од се повисокиот степен на ширење
на информациските технологии т.е. компјутерите и дигиталните уреди, а пред се тука е
најкарактеристичниот белег на денешната глобализација – Интернетот.
Интернетот каков што го имаме во денешена форма овозможува глобално
распостранување на купишта информации кои со огромна брзина патуваат и до
најодалечените точки на планетата Земја. Ваквата дигитална хиперактивност
придонесува за зголемување на продуктивноста на самите национални економии, а
воедно и за зголемување на ефикасноста и ефективноста на светската економија во
глобала. Од друга страна критичарите на глобализацијата сугерираат дека таа
поприлично влијае кон нееднаквиот развиток на националните економии во светот.
Најгласните критичари на глобализацијата одат дотаму што тврдат дека
глобализацијата е неправеден процес и негативно влијае кон развојот на националните
економии. Водени од критички побуди многу национални лидери и влади, неретко
организирани здруженија и индивидуи во неразвиените и земјите во развој, даваат

4
жесток отпор кон процесите на глобализација. Често сме сведоци на
антиглобализациски протести и во развиените земји. Вообичаено во најразвиените
земји се бара еден вид реформирање на глобалните институции кои се главниот стожер
на глобализацијата во светски рамки. Дискусијата се одвива во правец на инволвирање
на нови принципи за поправедна глобализација, при што акцентот е ставен на што
порамноправа распределба на придобивките од глобализација за сите национални
економии без разлика на нивното ниво на развој.
Се поинтензивното ширење на глобализацијата доведе до тоа да бидеме сведоци
на нееднаква распределба на придобивките во различни региони во светот.
Глобализацијата придонесе уште повеќе да се прошири јазот помеѓу богатите и
сиромашните т.е. развиените економии станаа уште поразвиени, а од друга страна
неразвиените потонаа во уште повеќе долгови и сиромаштија. Нееднаквата
распределба на економските, технолошките и културно-општествените придобивки
итно бара реформирање на меѓународните институции. Сепак ако се набљудува
денешното ниво на развој на глобализацијата, тогаш се доаѓа до заклучок дека таа е
еден вид на поусовршен модел на дерегулирање.
Глобализацијата цели кон дерегулирање т.е. кон елиминирање на рестрикциите
при водењето на меѓународната трговска размена на стоки и услуги на глобално ниво.
Секако во процесите на либерализација не изостанува и либерализацијата на
финансиските пазари за што послободно движење на слободниот капитал кон точките
кои би донеле најголем принос. Дерегулацијата придонесува за создавање совршени
услови за оплодување на самиот капитал, што секако делува позитивно врз
финансиските пазари и ја подобрува климата за водење меѓународен бизнис. Секако
тука не треба да се заборави и трговската размена помеѓу националните економии, која
што со процесите на дерегулација бележи позитивни трендови како никогаш досега. Се
поголемата надворешно-трговска размена ги раздвижува финансиските пазари што
секако претставува импулс за значително подобрување на економската благосостојба
во светски рамки. Приватизирањето на државниот капитал уште повеќе придонесува за
дерегулирање т.е. за отворање на националните економии. Тука не смее да се заборави
ни улогата на меѓународните институции во делот на дерегулација на меѓународниот
пазар. Особено важна за пазарното дерегулирање на глобалната економија е Светската
трговска организација, која што има огромен придонес во елиминацијата на
националните бариери за водење на послободна меѓународна трговија. Индивидуите во

5
глобализираната економија во најголем дел сами се одговорни за својата социо-
економска положба.
На глобално ниво најголема економска моќ поседуваат транснационалните
компании и банки кои се водени од самиот интерес за остварување на се поголеми
профити, а притоа истовремено овие глобални играчи се залагаат за што поголемо
укинување на границите кои ги поставуваат националните економии.
Независно од своите позитивни или негативни карактеристики, глобализацијата
се дисперзира незапирливо во светски рамки. Притоа секоја национална економија се
соочува со предизвикот на глобално поврзување со остатокот од светот, и е пред
дилемата дали и до кој степен да се глобализира. Процесот на глобализација сеуште не
ја исцртал комплетната слика за позитивните или негативни придобивки кои ги
предизвикува. Меѓународните финансиски институции активно работат на
додефинирање на траекторијата по која што ќе се движи глобализираниот свет во
иднина. Оправданоста на глобализацијата како процес допрва треба да се покаже на
дело со зголемување на светската економска благосостојба. Неизбежноста на
глобалните процеси веќе е очигледна, па наше е дали глобализацијата ја гледаме како
закана или можност за сопствен развој.

3. ПРЕДНОСТИ И НЕГАТИВНИ СТРАНИ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА


Во денешниот глобализиран свет флуктуацијата на готовите производи,
услугите и работната сила е се полесна. Особено трансферирањето на податоци и
значајни информации и тоа како е олеснето и убрзано. Велиме дека често нешто што
случува во една земја заради глобалните врски се одразува во некоја друга. Секако
зависно од случувањата, ваквата глобална интеракција може да биде позитивна или
негативна. Како најголема економија во светот, САД има огромно влијание врз
светските случувања. Има една анегдота која вели дека кога САД кивнува, остатокот
од светот настинува. Низ историјата често пати било докажано и обратното, како на
пример монетарната криза во Русија која што предизвикала американските пазарни
цени вртоглаво да паѓаат или економската криза во Азија кој предизвикува помал
профит на хотелите во САД затоа што се помалку Азијци доаѓале во посета.
Земјите во светот константно работат на тоа да ги зголемат позитивните, а да ги
намалат негативните ефекти од глобализацијата. Во повеќето случаи тоа се
опортунитетни трошоци, па тоа прави изборот на вистинската насока да биде уште

6
потежок. Како класичен пример тука може да се спомене укинувањето на увозните
ограничувања, што секако од една страна ќе предизвика пониски потрошувачки цени,
но од друга страна ќе предизвика и дисбаланс во вработувањата во истата земја. Затоа
велиме дека во ниту еден случај не изостанува комплексноста при донесувањето
одлуки за и против глобализацијата. Во продолжение ќе бидат елаборирани оние
сегменти во кои со „голо око“ можат да се забележат позитивните или негативни
импликации од се позабрзаните процеси на глобализирање на светската економија.
Ако зборуваме за продуктивноста на една национална економија тогаш велиме
дека таа зависи од аутпутот во производствениот процес компариран со инпутот.
Попродуктивните национални економии како иманентна карактеристика имаат
повисоки плати на работната сила, пониска цена на потрошувачките добра, а со тоа
секако и самата влада има зголемен прилив на даноци. Во време на глобализација
продуктивноста на национално ниво уште повеќе се зголемува заради трансферот на
технологија, искуство и поевтини влезни инпути. Од друга страна отворањето кон
светот на една национална економија придонесува за зголемена конкуренција или за
наплив на странски производи со пониски цени што може да има негативни последици
врз домашното производство.
Глобализацијата и тоа како влијае на понудата и разновидноста на
потрошувачките добра на светско ниво. Позитивното влијание на глобализацијата во
однос на потрошувачите се огледа во фактот што сега тие имаат пристап до повеќе и
поразновидни производи и услуги. Зголемената понуда на производи неминовно е да
предизвика пад на цените на истите што има позитивни импликации врз
потрошувачката кошничка и животниот стандард на населението. Можеме да
заклучиме дека глобализацијата предизвикува да порасне квалитетот на живот во
националната економија. Како единствена негативна страна на поголемата понуда на
потрошувачки добра може да се издвои се помалата контрола на добавувачите кои ги
доставуваат тие производи и услуги на глобално ниво. Често се случува некои земји
загрижени за приливот на странски евтини производи да се спротивстават на
глобализацијата т.е. да ги затворат своите национални граници за странски производи.
Глобализацијата има позитивни и негативни импликации и во однос на
вработувањето. Економскиот раст на една национална економија под влијание на
глобализацијата може значајно да се зголеми, а со тоа и да бидат креирани нови
работни места. Ако светот се гледа како еден глобален пазар шансите за вработување
се поголеми во однос на оние што индивидуата би ги имала во рамките само на својата

7
национална економија. Сепак критичарите на глобалните процеси алудираат на тоа
дека треба да се обрне внимание не само на квантитетот, туку и на квалитетот на
работните места што се нудат во светски рамки. Антиглобалистите тврдат дека
глобализацијата прави добро платените работни места со одлични услови за работа во
развиените земји да бидат заменети со ниско платени работни места и лоши услови за
работење во неразвиените посиромашни земји.
Една од позитивните страни на глобализацијата е слободната флуктуација на
финансиските средства во онаа точка од Земјината топка каде што во моментот се
најпотребни и каде што би имале највисока продуктивност. Глобалноста во операциите
со парични средства дозволува широка лепеза на избори за нивно инвестирање.
Достапноста до информациите и брзината со која тие патуваат со посредство на
Интернетот, во денешниот глобализиран свет им дава можност на компаниите да ги
вложуваат и реинвестираат своите профити во земји со пониски даночни стапки.
Антиглобалистите стојат до ставот дека глобализацијата и тоа како го
поткопува суверенитетот и националниот идентитет на една земја. Самото
контактирање на луѓето од различни региони на светот придонесува за тоа тие да
прифаќаат зборови од странските јазици и да ги применуваат истите, често
глобализацијата придонесува да бида увезени различни вредносните ориентири и
религиските определби во националната економија. Често се случува одлуките
донесени во странска земја да ја променат благосостојбата на населението во
домашната земја. Сето тоа негативно влијае на државниот интегритет на земјата.
Глобалистите од друга страна го фаворизираат мешањето на различните култури и
јазици на светско ниво. Според нив тоа може позитивно да влијае кон поголема
интеграција и благосостојба во светски рамки.
Останува и понатаму да се води жестоката дебата помеѓу оние што гледаат
позитивно на се позабрзаните процеси на глобализација и другиот табор кој гледа на
тоа како зло на современието. Секоја страна има свои издржани аргументи, но кој и да
надвладее ќе остане фактот дека глобализацијата е еден неизбежен процес кој порано
или подоцна мораше да се случи.

8
4. ЗАКЛУЧОК
Секојдневно сме се поблиску до комплетна интеграција на глобалниот пазар и
негово хармонизирање до совршенство. Либерализирањето на трговските текови не
смее да застане пред предизвикот на политичките разлики помеѓу големите играчи на
светската сцена. Светскиот прогрес зависи од обемот на либерализација на пазарите,
степенот на слободно движење на производите, капиталот и работната сила.
Глобализацијата и понатаму ќе биде катализатор на економскиот прогрес на
националните економии како единки и на светската економија како целина.
Реформацијата на глобалните економски институции уште повеќе ќе придонесе за
светска благосостојба, и препознавање на глобалните процеси како нешто добро од
помалку развиените земји. Глобалното непопречено движење на капиталот ќе биде
основа за уште поголема дисперзија на мултинационалните корпорации како главни
носители на глобализацијата. Секако тоа ќе биде гаранција за поголема достапност на
најновите иновации до поширок круг на корисници во светски рамки. Новите
технологии кои релативно во исто време би биле достапни во развиените и помалку
развиените региони во светот би придонеле за намалување на разликите во
економскиот раст и развој на истите. Дисперзирањето на информатичката технологија
на глобално ниво уште повеќе ќе го убрза споделувањето на информации и знаења кои
во денешната глобална економија се од суштинско значење за забрзување на
развојните процеси.
Глобализацијата во иднина треба да го даде одговорот на многу политички
прашања кои претставуваат закана за се поголемото економско интегрирање на светот
во глобала. Глобализациските процеси треба интензивно и свесно да бидат насочувани
кон уште поголемо економско стабилизирање на глобалната економија. Секако ваквата
економска стабилизација може да биде постигната со координирано делување на
постоечките меѓународни институции и формирање на нови кои активно би работеле
на истата цел.

9
5. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
Петрески, Гоце, Економски раст и развој: теории, модели, меѓународни
искуства, Економски факултет, Скопје, 2002
Кљусев, Никола, Теорија и политика на економскиот развој, Матица
македонска, Скопје, 2001

10

You might also like