You are on page 1of 8

SEMINARSKA RABOTA

Filozofija i sociologija na tehnikata

Tema: Глобализација

Profesor: D-r Vladimir Dav~ev


Student: Bu~koski Zlatko
Вовед

    Живееме во општество кое е детерминирано од технологијата и технолошките


фактори кои целосно не опкружуваат.

    Постоиме во еден свет каде што технологијата има огромно влијание врз нашето
согледување на нештата, односно начинот според кој ние ги перцепираме нештата,
и воедно врз основа на технологијата ние го градиме нашето мислење за истите.

    Технологијата влијае врз општествената поврзаност меѓу луѓето, нивното


дејствување во реалниот свет, како и можноста тие да го усовршат своето знањење,
способности со цел да се прилагодат меѓусебно и да продолжат да егзистираат во
една хармонизирана целина.

    Но, истовремено технолошките средства кои во суштина ја условуваат


човековата егзистенција зависат од општествените промени во целина, преминот
од еден општествен стадиум во друг, историските одлучувачки фактори како што
се Индустриската револуција во Англија во XVIII век и др. кои направија пресврт
во историјата.

    Во овој есеј ке ги објаснам карактеристиките на процесот на глобализација,


проследено со влијанието на технологијата, влијанието на медиумите, и
мултикултурата како последица во тој општествен процес.
Глобализација

    Првата глобализација (ако воопшто можеме да ја наречеме така, бидејки била


различна во сите аспекти од денешната) во светот се случува за времето на
владеењето на Александар Македонски кога доаѓа до мешање на грчката,
персиската, египетската и др. култури и се појавува новата светска култура
“Хелинизмот”.
Центар на оваа култура е Александрија.Иако при ова мешање доаѓа до израз
глобализацијата на развиените, односно најголемите центри, сепак овој период е
многу значаен за развивање на светската култура понатаму.
Следен центар на светот е Рим кој што успева долго време да остане во таа
положба. Во Рим доаѓа до создавање на една сосема нова култура која што
произлегува како производ од реактантите:грчката култура, хеленската култура,
локалната латинска култура и незначаен придонес имааат соседните покраини на
тогашна Италија.
    Слична хегемонија во светот како што било тогаш имаме и денес кога со светот
владее американскиот капитал. Џон Ленон го нарекува Њујорк-“Рим на модерниот
поредок”. Американската пропаганда продира во локалниот свет и тие се
инфериорни во однос на другите нации.

    Три клучни термини поврзани за глобализацијата се: локално, глобално и


глокално. Локално означува нешто што се однесува на мала територија, мала група
на луѓе, на пр. еден народ нација. Глобално означува нешто што се однесува на
поголема група на луѓе, поголема територија, а со тоа и поголем пазар.
На пр.еден континент и цел свет. Глокално е кога локалното станува глобално.
Токму последново е целта на глобализацијата.

Сведоци сме како мас медиумите стануваат се поглобални. Извор на скоро 80% од
информациите кои што доаѓаат од медиумите се преку неколку новински агенции.
Иако од една страна информацијата е прочистена од локалните обвиткувања,
односно пропагандистички толкувања, таа во модерниот свет е манипулирана од
оние кои што го држат пазарот на повисоко ниво-односно глобалните корпорации.
Медиумите се витален дел од пропагандата бидејки во ситуација каде што
родителите немаат доволно време да ги социјализираат и едуцираат своите деца,
тие таа функција им ја предаваат на медиумите.
Децата се повеќе ја прифаќаат пропагандата, олеснителна околност е фактот што
англискиот јазик е се позборуван и старосната граница кога децата веќе можат да
комуницираат со него опаѓа.

    Но, кога зборуваме за глобализацијата не смееме да се осврнеме само на


нејзините негативни ефекти.
Појавата на еден нов масовен медиум каде што се врши размена на информации-
Интернетот е значаен за човековиот развиток и секако го олеснува начинот на
комуникација помеѓу секои две единки на планетава.
Новата глобална култура треба да биде сублимат од сите култури (иако сме
сведоци на пропаѓирањето на американската).
    Мислата дека може да се состави еден универзален систем на вредности не само
смисловно, туку како фрагмент од една култура, водена од културниот релативизам
доведува до намалување на невербалните конфликти (сведоци сме дека повеќето од
војните се мотивирани од недоразбирањата токму во рамките на религијата,
нормите и вредностите).

Влијанието на Интернетот врз “глобалното село”

    Медиумите имаат огромно влијание врз секојдневниот живот на луѓето,


позитивно, во смисла ни помагаат да бидеме подобро информирани за нештата што
се случуваат околу нас, подобра комуникација и сл.
Една од добрите страни на Интернетот освен информации, е нарачување и
купување на добра, остварување на работни задачи, и сл. и ние на тој начин го
штедиме времето, физичките сили, превозот, кој треба да го оствариме доколку не
би постоел Интернетот.

    Но, негативната страна на мас медиумите е презентирањето на информации кои


деструктивно влијаат врз луѓето, многубројните филмови со насилство,
експонирање на приватните животи на индивидуалци, со што се поставува
прашањето за морална деградација на општеството.
Мас медиумите како дел од технололошките изуми, го креираат општеството, со
ова мое тврдење се поврзувам со идејата на Мек Лухан за технолошкиот
детерминизам.
Моќта на медиумот не лежи во  неговата содржина туку во начинот на кој се
презентирани информациите. Според Мек Лухан, радиото, киното, телевизијата
кои беа предвесници на глобализацијата, заедно со сателитскиот пренос, го
создадоа “глобалното село”, односно светот.

    Во денешно време луѓето на дланка ги имаат сите технолошки медиуми,


вклучувајки ги и медиумите преку кои го осознаваат светот, начинот на кој ја
осваруваат комуникацијата е до тој степен олеснет што Мек Лухан, за светот
зборува како едно глобално село, луѓето можат да размислуваат нереално,
мистично, отфрлувајки ги притоа сите оние предрасуди, ставови кои претходно
биле ограничени од традиционалната култура во општеството во кое постојат.
Последица од процесот на глобализација - историски осврт на појавата на
мултикултурни општества

    Обединување на Германија и распадот на сите комунитсички режими го означија


крајот на студената војна и влегувањето на нова етапа: глобализација на
капиталистичкото стопанство. По тој период, кој се карактеризира со економска и
општествена сигурност и релативна светска политичка стабилност, следи сложен
период на нестабилност именуван како “нов светски неред”.
Пропаднаа надежите на оние што ја поистоветуваа глобализацијата на
капиталистичкото стопанство со нов период на општа благосотојба, откако го
консумираа пропаѓањето на колективистичките стопанства.
Ширењето на пазарната економија го нагласи јазот што ги разделува на ниво на
планетата, малцинството на богатите и мнозинството на сиромашните.
Дури кога економските показатели позитивно еволуираат, општата благосостојба
на човештвото изгледа како неостварлив сон. Распаѓањето, исклучувањето и
општествената нерамноправност се шират не само во земјите познати како
сиромашни туку и во западна Европа и во САД. “Глобалниот град” се повеќе е
поделен и распарчен. Доколку општествените хиерархии се транформирале, тие не
исчезнале, далеку од тоа. Оние што не се исклучени од општествот не значи дека
секогаш се “богати”.

    Се манифестираат одредени тенденции кои се неоспорни за еднообразноста на


масовната култура на глобалното медиумско село и подржани од френетичен
технолошки развој.
Се наоѓаме пред еден процес на “мeкдонализација” на општеството и на раѓање на
светска “МТВ генерација” (“Ем Ти Ви генерација”).
Но, овие тенденции се доведени во рамнотежа со појавата и повторното раѓање на
барањето за културните специфичности и со афирмирањето на етнички,
национални и културни идентитети, понекогаш многу рестриктивни.

    Национализмот во своите најразлични форми останува моќна идеологија и


етничките и културните идентитети понекогаш претставуваат смирувачко
прибежиште за исплашеното население кое не може да справи со брзината и
големината на промените во тек во “глобалното село”.
Оние кои што го најавуваат брзото изчезнување на државата-нација делумно треба
да се врата назад. Понекогаш дури и државата-нација си наоѓа нови извори за да се
вклучи во преработена форма, во еволуцијата на светот.
Секако дека подлежи на притисоци од горе кои се поврзани со тенденцијата за
големи регионални регрупирања на државите како што е Европската Унија и на
притисоци од долу кои произлегуваат од суб-националистички и регионалистички
движења. Но нејзината отпорност е голема.
Државата-нација ја изгуби својата монополистичка позиција, но сепак останува
значајна за економското и политичкото регулирање.
    Како и да е геополитичките катаклизми, глобализацијата на миграциските
преселби и будењето на барањето на националните, етничките и доселеничките
малцинства доведуваат до една тешко оспорлива констатација: класичниот концепт
на држава-нација, што поврзува секоја етничка држава или национална група,
повеќе не ги отсликува соверемените политички и општествени еволуции.
Навистина, повеќето држави, особено оние на ЕУ и на Северна Америка кои се
далеку од хомогени држави се јавуваат како повеќе или помалку разнообразни
мултикултурни и мултиетнички целини во кои заедно живеат поединци и групи,
носители на разновидни етнички, културни идентитети.

    На национално, како и на супранационално ниво ова неодамнешно “повторно


откривање” на културната и етничката разнообразност и на разнообразноста на
идентитетот во западните политички системи кои се сметаа за хомогени, е
придружено со враќање на одредени идеологии и општествени политички пракси
инспирирани од силни форми на национализам, на локализам, дури и на расизам:
многу закани за демократскиот поредок.
Навистина културната и етничката разнообразност внесува страв, додека пак
националните, локалните дури и расните заедници се сметаат за природни и
заштитнички.

Заклучок:

    Процесот на глобализација е општествен процес кој зема широк замав по


распадот на социјализмот. Иако според некои теоретичари тој постоел во времето
на Александар Македонски, кога дошло до мешање на повеќе култури, сека
подоцна историјата покажува дека се развил концептот држава-нација, особено во
Средниот век, во времето на феудализмот кога силно влијание врз општествените
текови имала црквата.
Подоцна, со падот на феудализмот и појавата на капиталистичкото општество
поради развојот на трговијата, технологијата, морепловството, започнал не толку
силен бран на мешање на различни култури, јазици, вредности, бран кој со години
се зголемувал, а најголем подем има денес.

    Освен развојот на технологијата, од огромно значење за глобализацијата се


медиумите, Интернетот, кои создаваат една посебна клима на разнообразност на
културите, Маршал Мек Лухан најдобро го објаснил овој став преку влијанието на
Интернетот врз “глобалното село”.

    Нишка која посебно се проткајува во процесот на глобализација е создавањето на


мултикултурните општества, како и големиот број на регионални, меѓународни
организации кои допринесуваат за создавање на еден свет без граници.
Користена литература:

1. Alison Alexander Jarice Hanson; Taking sides, Mass Media and Society, 4th Ed.
Dushkin Publishing Group , Guilford, Connecticut, USA, 1997
2. Peter B. Orlik; Electronic Media Criticism; 2nd Ed. Lawrence Erlbaum Associates,
Publishers, Mahwah New Jersey, 2001
3. Marco Martinello; Living together, Kaspar Hauser Library, Paris, 2001

Fusnoti:

1 Alison Alexander Jarice Hanson; Taking sides, Mass Media and Society, 4th Ed.
Dushkin Publishing Group , Guilford, Connecticut, USA, 1997, p.5
2 Peter B. Orlik; Electronic Media Criticism; 2nd Ed. Lawrence Erlbaum Associates,
Publishers, Mahwah New Jersey, 2001, p. 195

You might also like