You are on page 1of 4

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј” – Скопје


Филозофски факултет – Скопје

Институт за безбедност, одбрана и мир

Есеј по предметот Воено политички групации и глобализација

Тема: Влијанието на глобализацијата врз безбедноста на


државата

Ментор: Кандидат:

Проф. Д-р. Горан Зенделовски Сара Трајковска

Бр. на досие: 25434/20

Скопје, април 2021 година


Глобализацијата претставува тековен процес каде што тековните компании,
општества и култури се интегрираат преку една таканаречена “мрежа” на трговија
и комуникација што се протега насекаде низ светот. Овој процес вклучува разни
фактори кои предизвикуваат брз развој на технологијата и врз основа на тоа ги
зголемува глобалните комуникации, одредени политички настани како и развојот
на транспортот. Накратко, глобализацијата придонесува да се направи една
светска глобална заедница и со тоа одредени работи што се наоѓале на едната
страна на светот сега може да ги има и другата страна и насекаде низ светот. За
се ова е заслужна глобализацијата. Но, покрај придонесите од глобализацијата
каде што за некои е надежна и подобра иднина, за некои глобализацијата
претставува огромна катастрофа и закана што предизвикува нестабилност и
несигурност во државата. Во овој есеј ќе откриеме како влијае процесот на
глобализација врз безбедноста на една држава.

Овој феномен наречен глобализација произведува длабоки а понекогаш и


неповратни промени во сите области во општеството и наметнува т.н. ритам за
постоењето на светот кој мора да се глобализира ако сака да опстане или пак да
се развива. Глобализацијата, се разбира, создава нови можности, но во исто
време со овој процес државите стануваат се поранливи и дозволуваат да влијаат
на нив одредени закани и опасности кои имаат негативни последици и на
регионално и на глобално ниво. Во последниве децении сме сведоци на
многубројни ефекти од глобализацијата. На пример, по завршувањето на
Студената војна, безбедносната парадигма се здобива со значително нови
карактеристики. Во таа рамка, имаме измени во објективните фактори како што се
геостратегиските, воено-политичките, еколошките, безбедносните и др. фактори
кои влијаат на безбедносната реалност во одредени држави а и на глобално ниво.
Исто така е изменето и сфаќањето на што значи безбедноста во современото
општество. За сето ова можеме да кажеме дека се виновни глобализацијата и
интернационализацијата поради тоа што имаат силно влијание врз безбедноста. 1

1
Марина Митревска, Хумана безбедност, Скопје 2016 стр. 21
Се разбира имаме и позитивни и негативни влијанија од овој процес во
врска со безбедносните прашања како на пример со самото поврзување на
земјите имаме намалени воени и вооружени конфликти. Глобализацијата како
светски процес на интегратор, ни нуди нова димензија на безбедност преку
соработка. Имено, ова се однесува на желбата и потребата на државите да се
здружат за да бараат мирни и ненасилни решенија во врска со војната и мирот. За
оваа димензија ги имаме ООН, НАТО како и ОБСЕ кои веднаш би реагирале ако
увидат одреден конфликт меѓу државите и ќе бараат соодветни решенија за да се
реши тој проблем што е можно побрзо, а и двете страни да бидат задоволни од
тие решенија.2 Исто така, во врска со оружјето за масовно уништување, односно
нуклеарното оружје кое е многу штетно за населението можеме да кажеме дека се
намалува во број, иако повеќето од државите го поседуваат.

Но ако согледаме од другата страна на глобализацијата, односно од


негативната страна во врска со безбедноста, тука имаме зголемен број на
безбедносните закани како што се миграцијата, тероризмот, заразни болести и
највлијателната закана во денешно време: климатските промени. Глобализацијата
како процес придонесе кон поголема благосостојба, а самото тоа резултира со
пораст на населението што не насочува кон уште една негативна последица на
глобализацијата: неконтролирана брзина со која се трошат ограничените ресурси
како на пример целосно искористување на еден голем ресурс – нафтата. Исто
така со глобализацијата се интернационализираат одредени проблеми како
организираниот криминал кој првенствено бил само домашен т.е внатрешен
проблем во една држава.

Сепак треба да напоменеме дека во последниве децении поради овој


процес имаме зголемена несигурност и небезбедност низ целиот свет, особено во
малите и неразвиени земји, но и во земјите во развој и развиените земји иако тие
имаат развиено систем за побрз и полесен начин на справување со одредени
закани. И ова општо загрозување на безбедноста ја поставува основата за широко
распространети немири и конфликти, поткопување на моќта и легитимитетот на
2
How Does Globalization Affect the National Security? Достапно на:
http://www.proceedings.univ-danubius.ro/index.php/eirp/article/view/839/758#
државата, зголемена корупција и сл. и самото ова ја дефинира суштинската
дестабилизација на безбедноста во сите области во една држава.

Глобализацијата има големо влијание врз безбедносното опкружување и


врз одредени безбедносни прашања и доколку актерите на меѓународната сцена
веруваат во овој процес, треба да се фокусираат на идентификување на
ранливостите и заканите по безбедноста на државите преку заеднички напори.
Државите се уште се одговорни за гарантирање на безбедноста на поединецот и
заедниците каде што можеме да потврдиме дека во тој поглед и добро ја вршат
својата работа и дека се заштитени од одредени класични закани, но исто така се
изложени на новите закани кои произлегуваат од процесот на глобализацијата.
Глобализацијата носи нови животни можности но истовремено фаворизира и
појава на нестабилност во државата и зголемена несигурност на самата
индивидуа. И баш поради тоа дека од овој процес имаме и позитивни и негативни
страни, имаме многу поделени мислења и дискусии, па не можеме конкретно да ја
дефинираме глобализацијата како добра или лоша појава.

You might also like