You are on page 1of 35

БЕЗБЕДНОСТ

Поимно определување на безбедноста


Безбедноста е објективна потреба и одговор на сите опасности кои
го загрозуваат поединецот, општеството, државата и светот, со
заштитна функција со секоја држава со 3 начини на толкување: 1.
како безбед. Функција на државата со уставот и др. Закони, 2
органи служби и институции, 3 безбедносната состојба и
уредување на државата, Под поим се подразбира организациски и
функционален начин на дејствување на безбедносниот систем ,,
Безб. Непријател може да биде,, _Надворешна се однесува на
независноста, суверенитетот, територијал. Интегр. На државата,
_Внатрешна непречено функционирање на на правниот,
општествен, економски, политички како и заштите на другите
вредности и добра, каде субјектите органите и службите како
функција е нераскинлив дел од државата во заштита на населението
за мир и прогрес во општеството. _Елементи како својство се,,
минимум безбедносни стандарди, возможност на опстанок работа,
раст развој. Состојба вреднсот, друштени и сл. Пример
непостоечки субјектти бивша држава мртви битиа немаат својства
на безбедност. Апсолутна безбедност не постои, никој н еможе да
тврди дека е апсолутно безбеден секогаш може да се биде уште
побезбеден Безбедноста освен нематерјално и матерјална свера
(правда морал) во себе содржи и временски просторни и историски
промени.Безбедност е кога нема загрозување. Поделби во
безбедноста,,
_Безбедност во сообракајот, безб. Врска, безб. Држава, безб. Здравје,
безб. Живеалиште.
Систем на
безбедноста
Во сите демократски земји безбедноста е интегрален дел на
целокупниот општествен систем, а како трајна цел и потреба на
секоја држава е заштита од сите видови облици на загрозување.
Систем на на безбедност има хиерархиска поставеност, со
подсистеми општ активност и микросистеми повеке како општина
регион и сл. Системот на безбедност е облик на организирање и
функционирање на општеството, превентивно и репресивно
делување, зачувување на суверинитетот и територјалниот
интегритет на државата, поредокот, уставот и законите човекови
права и слободи, сите општествени вредности од сите облици на
загрозивање. Откривање,спречување и елиминирање на сите
надворешни и внатрешни непријателски дејствиј. _Основни
вредности на предмет на заштита,, Територјалниот итегритет,
Сувереноста Независноста, Уставниот поредок Слободите и
правата на човекот,_Надворешна безбедност заштита на
теротирјалниот интегр. И суверинитет и положбата во
Меѓународната заедница _Внатрешна безбедност заштита на
внатрешен суверенитет од сите анти општествени појави Носители
на системо на безбедност се државата и целото население,
Субјектите се делат на 1_Конвенционални – полиција, армија,
судови и обвинителство, инспекциски органи, 2_
Неконвенционални – собрание, извршни органи, влада претседник,
органи за надвореш. Раб. 3_Ос танати локална самоуправа, јавни и
приватни институции, агенции, невладини, образовни
Превентивни безбедносни мерки,,се делат на ,, општа социјална,
посебна криминолошка и индивидуална превенција. Репресивни
безбедносни мерки,, административни мерки,, забрани
ограничувања , Заштитни мерки надзор, задолжително упатување
на лекување во здравствени установи, Казнено правни мерки затвор
парична казна
Загрозување на
безбедноста Поим на
загрозување
Секоја заедница без оглед на општествено политичко уредување
преку своите системи н а уредување ги заштитува своите витални
општестевни вредности од сите штетни појави и загрозување кои
датираат од првобитното општество каде човекот живеел во
заедници, и преземал низа мерки за заштита, човекот свесно го
доживува загрозувањето но исто така е во состојба да го загрози
човековиот род со нуклеарни централи нуклеарно оружје, војни и
Дефиниција,, загрозување е секој вид општествена, природна и
техничка опасност, со која се загрозува идентитетот слободата,
имотот на лугето животот, суверенитет, уставен поредок, правата
на државата, народот , нација, негодите права и слободи.
Извори на
загрозување
Загрозувањата се трајна појава кој спрема своето потекло можат да
се групираат на сл. Начин _Загрозувања од природни извори –
земјотреси, вулкански ерупции, поплави космички влијаниа..
_Загрозувања од општествени извори- национализам,
криминалитет, социопатолошки појави, социјални разлики,
нееднаков општествен развој
_Загрозувања од техничко технолошки развој, и нивно влијание на
луѓето, наркотици, оружје, оружје за масовно уништување
пестициди и сл. Исто така спрема влијание на безбедноста се делат
на директни и идиректни, спрема активноста активни латентни
(невидливи), спрема констаантноста на постојани и повремени,
спрема време на појавување на минати сегашни и идни Како нови
загрозувања се сиромаштија, глад, беда епидемии, наркоманија,
алокохолизмот, убиства, болести, несреки, сите заедно го
загрозуваат или отежнуваат квалитетот на живото. Исто така
политички противречности, тероризам војни и сл. Војната порано
била легитимен обликза остварување на државна политика но
подоцна со обединети нации и др. Мегународни заедници се
забранува војната како средство за остварување на некои цели. 2
светска војна 20 милиони жртви. Во поново време актуелен е
тероризмот, киднапирања авиони, напади на трговски центри,
кулите близначки во сад. Нуклеарно хемиско и биолошко оружје.
Американското бомбардирање на хирошима и нагасаки со
илјадници жртви и последици до ден денес. Генетиката и
клонирање на живи суштества животни каде може да се
злоупотреби и дојде до изопачивање.
Облици на загрозување на внатрешната и надворешната
безбедност
Ерата на информатика и севкупно техничко-технолошки
достигнувања ги прави земјите поразвиени и ги спојува во едно
глобално село каде во мегународна соработна треба да се избегнат
опасностите од конфликти, агресии и катастрофи во зачувување на
државата и уставниот поредок. Према место од каде доаѓаат
облиците на загрозување се делат на
_Надворешни – 1.Вооружени(вооружена агресија, интервеција,
вооружен притисок) 2.Невооружени(специјална војна, субверзии,
внатрешни немири, меѓународен тероризам)
_Внатрешен 1.Вооружен (вооружена побуна, тероризам од
масовни размери) 2.Невооружен (саботажа, диверзии, граѓански
немири, разузнувачки извид. Активности, псих-пропагандна
дејност, криминалитет, социопатолошки појави, екстремизам,
пожари и сл) Можат да се јават како поединци групи, организации,
разни движења, штабови и сл. Оттука очекувано секоја држава да
да открива, спречува превенира секакви загрозување на
виталните вредности и својот опстанок, загрозување на
суверинитетот, безбедноста, независнот, уставен поредок
Проценка на безбедносна ситуација
Проценка на безбедносната ситуација е услов за успешно владеење
на безб. Ситуација и правилно, систематичко насочување на
субјектот на системот на обезбедување кон остварување на
безбедносните цели.ж, врз основа на прибирани и обработени
податоци и информации кои се класифицираат како ,,, ситуација
меѓучовечки и производни односи, влијателни бизнис субјекти,
одлуки на менаџментот, појава на загрозување меѓународен
тероризам, локална регионална војна, епидемија, хемиска
катастрофа и сл, видови бројност, надворешни внатрешни
загрозувања, причини и фактори од политиката, економија,
меѓународни односи.
Проценката се однесува на сегашно време со превентивни мерки и
тенденција во идно време се изразува опишливо, (стабилно,
задоволувачко, сложено или критично).При проценката се
остваруваат 2 важни цели, првата цел е безбедносната ситуација да
се држи под контрола, односно да се познаваат сите нејзини
карактеристики, Втората цел е преземање мерки која ја дава
развојот на безбедносната ситуација. Проценката на безбедносната
ситуација подразбира, 1. Општа оцена и карактеристика на
ситуација на безбедност со одговорните показатели и анализирање
со претходните

2.Преземени мерки во областа на безбедноста, 3.Состојба на


субјектот и нивна способност на работа со други државни системи
за решавање заеднички безбедносни проблеми.
Национална
безбедност
Заштита на државата и населението од сите вооружено и
невооружено загрозување, како и создавање на поволни
општествени услови за националните интереси
1.Одбрана на државата и нејзините граѓани 2. Заштита на
демократијата. 3.Владеење на правото 4.Почитување на човековите
права и малцинствата 5.Интеграција во меѓународната заедница
6.Социјална сигурност во општеството 7.Зачувување на културниот
и историски идентитет и дијаспората, 8. Заштита на здрава и
природна средина. Под национална безбедност се подразбира
способност на државата самостојно или во соработка на други
држави да ги заштити виталните вредности и интереси на
општеството од внатрешни и надворешни облици на загрозување, и
со тоа да обезбеди општи услови за политички економски,
социјален културен развој и благосостојба на своите граѓани, сите
безбедносни појави во загрозување на националната безбедност,
нејзина дестабилизација, како и воздушниот копнениот и водените
територии.
Јавна безбедност
Групи и видови на работата од јавна безбедност
Дирекцијата на полицијата се распоредува на нејзината
внатрешност со организациони единици, согласно границата
овластувањата согласно законот. Врши работи од јавна безбедност
и оперативно стручни, одржување на јавен ред и мир безбедносна и
функционална.Спрема законот и утврдениот опсег МВР објавува
работи кои се однесуваат на ,,1.Заштита на животот, и безбедноста
на граѓаните, 2.Спречување откривање сторители
на кривични дела и спроведување судска постапка, 3.Одржување
јавен ред и мир. Обезбедување ВИП личности, 4.Право на собири,
5. Контролирање на безбедноста на сообраќајот, 6.Заштита на
државната граница, 7.Пресстој на странци и азил, 8.Трговија и
транспортот на оружје, 9.Заштита од пожар, 10.Државјанство ,
ЕМБГ и ЛК, Пасош и др. Работи одредени со закон.
Начин на работа на јавната безбедност на
полицијата
Цел на вршење на работите на полицијата е зачувување и
унапредување на јавната безбедност, Нашинот на работата на
полицијата не секогаш е условен согласно неговите овластувања и
работи, тукуни за нивните карактеристики природа, и условите и
фактори која претставува активност, Така да зависност од
применетите критериуми за класификација може да се
разликуваат, превентивна и репресивна активост, активност со
и без непосредни физички принуди како кривична, прекршочна
и управна односно кривично правна, прекрш.правна и управно
правна, криминалистичка и кривично процесна активност,
основна и придружна активност и тн. Начин на работење на
полицијата за јавна безбедност се манифестира преку фактичко
постапување (мерки и активности) и преку правно постапување
(примена на правата) врз полицијата.каде од работа до работа
односно од една сродна до друга група сродни работи кои
сочинуваат различни активности се разликуваат.
Начин на остварување на активност на полицијата за
јавна безбедност
3 Активности кои се вистински и правни меѓусебно различни тоа
се,,, кривична, прекршочна, и управна активност на полицијата на
јавна безбедност, различно правно се постапува и со различни
мерки и работење, кривичната во кривична постапка судско правни
функции, прекршочната судскоизвршна и управната во извршна
правна постапка, Кривичната спречува и сузбива криминална
активност на учесници на кривични дела со што допринесува
остварување на судски правни финкции во државата ,, кривичните
работи,, како о појавни облици моделим методи, оперативна
работа, превенција.Прекршочната, прекршокот е дефиниран како
противправно скриена работа која со прописи од надлежниот орган
е одредена како прекршок, со следниве елементи,, прекршочна
работа, против правност, кривица и предвиденост на прописите.
Целта е да го почитуваат правниот систем и во иднина дане прават
прекршоци.
Управно прекршочно право се состои од матерјални и формални
(процесни) прекршочни права, збир на прописи кои се утврдуваат
со прекршоци, санции, услови за примена на санкциите, а
формалните чинат регулатива во меѓусебни односи, правни и
долгоработни утврдувања дали е сторен прекршок и дали постојат
услови за изрекување санкцијасогласно прописи и закони и докази
кои полицијата ги добила, полицијата врши надзор и областувања
при собир на граѓани, јавен ред и мир безбедносен собракај и
државјанство ембг, и сл
Приватна безбедност
Современите текови имаат силно влијание врз потребатана
безбедносниот систем во секоја држава заради ефикасна заштита на
општествените интереси, носители на јавни функции, аграѓани,
организации, устаноци, фирми и имот како и со примената на
приватизацијат а со тоа се зголеми потребата од приватизација на
дел од безбедносниот систем на РМ. Со закон е регулирано
детективско рааботење и обезбедување имот и лица. Со што се
разби државниот монопол за незнедносниот систем и се овозможи
да се формираат приватни компании за обезбедување. Според
законот можат да формираат приватна детективска агенција
(собирање обработка, и доставување, на податоци на нарашателите)
комбинирана мешовите агенција детективско работење и
обезбедување лица и имот.Според тоа приватна безбедност
подразбира листа на услуги од областа на езбедноста, определени
со закон кои ги даваат приватните акенции (детективска оперативна
дејност и обезбедување лица и имот) согласно договор кој опфаќа
што треба да се заштитува и од кои видови загрозување.од кои
зависи кои средства и методи ке се применуваат (начини и методи
на оперативно заштитно работење).Со помош на повеќе науки и
области како криминологија, криминалистика психологија,
разузнавање и сл. Придонесува за поуспешна оперативна
детективска заштитна дејност.
ПРИВАТНА ДЕТЕКТИВСКА ДЕЈНОСТ

Местото и улогагата на приватната детективска дејност во


една држава

Службата за безбедност на една земја ја сочинуваат сите


организации и институции што се занимаваат со заштита од сите
форми на загрозување на општествените вредности. Заради заштита
на општествениот, политичкиот и економскиот поредок на
државата во целина и на нејзините институции од надворешни
непријатели и внатрешни противници скоро во сите држави постои
служба чија задача е да се бори против казнени дела насочени
против: државата, нејзиниот уставен поредок и безбедноста. Со
ваква дејност се занимаваат разузнавачки и контраразузнавачки
служби и други организации со заштитна надлежност. Секоја
оперативна дејност е систем на организациони, оперативни,
технички и други мерки што се насочени кон прибирање на
податоци и информации за негативните појави кои го кочат
општествениот развој.
Поим за детективска
дејност

Детективска дејност е дејност спроведена од самостоен орган кој


е функција на приватните фирми надвор од државата, со
одредена намена и регулирана со закон. Постојат 3 форми на
детективска дејност: приватна детективска дејност (собирање,
обработка и доставување на податоци до нарачателите),
комбинирана приватна оперативна дејност поврзана со
ефикасно обезбедување (мешовита дејност- детективско работење
и обезбедување на имот и лица) и приватна безбедност,
обезбедување имот и лица.
Деловно (бизнис) детективско работење

Во оваа дејност приватните детективски агенции ги применуваат


сите средства и методи кои ги применуваат државните
специјализирани служби за цел да се зголеми ефикасноста на
производството. Дознавањето на економската тајна (податоци со
кои начини на работа или производниот процес) може да нанесе
штета на бизнис фирмата, а со тоа и на државата. Овие податоци
бараат заштита и затвореност на фирмата, градење режим на посета
и контрола на вработените. Ова е многу важно во трката помеѓу
државите и компаниите за поголем профит и доминацијата во
економската сфера. Детективското работење е фактички или
чување на податоци на една фирма или дознавање на податоци на
друга фирма.
Субјект на деловно детективско работење се приватни лица,
комерцијалисти и бизнисмени кои формираат вакви агенции
согласно законот.
Оперативно-детективска дејност

Приватна детективска дејност е вршење врз договорна форма на


услуги спрема физички и правни лица од страна на
детективски агенции (приватни детективи), со цел да се
заштитат интересите на оние лица на кои им е потребна таква
активност. Под детективска дејност во смисла на Законот за
детективска дејност и Законот за обезбедување на имот и лица,
значи собирање на податоци и информации, нивна обработка, како
и посредување со нив на начин утврден со закон. Основни разлики
на државната оперативна дејност и приватната детективска дејност
се разликуваат според: субјектите, целта и содржината на задачи
што се решаваат. Според субјектот на дејноста, државната
оперативна дејност ја вршат државни органи, а приватната
детективска дејност, недржавни организации и приватни лица.
Според целта, државната оперативна дејност е насочена во
заштита на животот и здравјето, правата и слободите на личноста,
сопственоста, општеството и државата од деликти извршени во
земјата и странство. Целта на приватната детективска дејност е
добивање на приход по пат на вршење на дејноста насочена кон
заштита на законските права и интереси за своите клиенти по пат на
договор. Според содржината, приватните детективи имаат право
да спроведуваат тајна, оперативна дејност, се легитимираат, што
укажува на фактот дека тие имаат оперативен карактер.
Криминално загрозување на приватните фирми

Криминална дејност за собирање податоци за моќни фирми се


подразбира дејност што се спроведува од соодветен орган кој е во
составот на криминална организација и за чии цели работи на
собирање на податоци и информации. Податоците и информациите
добиени од овие сегменти на организираниот криминал се користат
за полесно остварување на своите криминални активности.
Криминалните организации во оваа дејност ги користи сите тајни
методи и методите што се карактеристични за криминалните
организации комбинирани со методи на застрашување, уцена,
ликвидација. Главна цел на криминалните организации е
економската корист.
Правна основа на детективската дејност

Детективската дејност се врши под условите утврдени со законот за


детективска дејност, а во согласност со Законот за трговските
друштва. Детективите во својата дејност собираат најразлични
информации и податоци за потребите на нарачателите, а
извршуваат и најразлични безбедносни задачи за заштита на луѓето
и нивниот имот. Основна детективска дејност е собирање и
посредување со информации и податоци добиени во согласност со
надлежностите (правата) кои произлегуваат од Законот за
детективска дејност. Податоци и информации детективот може да
придобива непосредно од лицата на кој се однесуваат исто така на
други особи кои имаат податоци и се спремни да ги дадат
доброволно, односно со средставата за јавно информирање. За да
дојде до потребните докази, детективот превзема конкретни мерки
за добивање на потребните податоци и информации од евиденции,
доколку со закон е забрането отварање одредени дејствија.
Детективот може да ги чува во тајност добиените податоци и
информации. Детективот има право да има пристап до судските и
управните акти и други евиденции кои ги водат државните служби
(регистрација на возила, матични книги, архива). Овие податоци
детективот може да ги добие само ако тоа е во согласност со
законот. При предлагање докази детективите имаат главна улога во
одбраната на својот клиент. Значи да се соберат податоци кои ќе ја
исклучат вината на клиентот.

Општи одредби

Детективска дејност е спефицична стопанска дејност која е


предвидена со донесувањето на Законот за детективски дејност на
17.12.1999 год. Со овој закон се уредуваат условите и начинот на
вршење на детективската дејност. Детективот смее да собира
исклучиво податоци и информации врз основа на направената
писмена спогодба (договор) за извршувањето на детеквиската
дејност што значи писмено овластување од странката засновано на
закон. На тој начин детективот добива овластување од странката во
негово име и на негова сметка да врши детеквиска услуга
(собирање информации). Детективската дејност ја вршат детективи
во вид на слободно занимање. Детективот своето занимање може да
го извршува индивидуално или во вид на детективско друштво
формирано во согланост со законот за вршење на детективска
дејност. Детективската дејност се врши под условите утврдени со
закон, а во согланост со Законот за трговските друштва.
Услови за вршење на детективска дејност

Детективската дејност може да ја врши само детектив со лиценца за


вршење на детективска дејност. Лиценцата ја издава МВР кое
поднело барање за издавање на таква лиценца, покрај ова постојат
услови за засновање на работен однос определени со закон и тие се:
да е државјанин на РМ; да има живеалиште во РМ; да не му е
изречена казна односно прекршочна санкција забрана за
вршење професија, дејност или должност, додека трае таа
казна, односно прекршочна санкција; да има завршено високо
образование;
со својот досегашен начин на живот, однесување и работа да
гарантира дека совесно и чесно ќе ја врши својата работа; во
последните 2 год пред да добие лиценца за работа да не
извршува работи и задачи во областа на безбедноста и
одбраната во органите на државната управа и да има положено
стручен испит за вршење на детективска дејност.

Права и должности на детективот

Детективот може да собира податоци и информации: за


обезбедување на доказни материјали во врска со КД или
сторители на КД; за лица кои се исчезнати или сокриени, за
пишувачи на анонимни писма; за откривање на идентитет на
лица и негово живеалиште; за украдени и загубени предмети; за
докази кои се во врска со заштита или утврдување на
вистинитоста во постапка пред суд, друг државен орган,
институција итн. Детективот е должен да пријави кривично дело за
кое се гони по службена должност, доколку во текот на работата
дојде до сознание за такво дело. Детективот не смее да собира
податоци за личниот и семејниот живот, здравствената состојба или
верските уверувања на лица, освен ако е тоа основа за развод на
брак или се однесува на член на семејството на странката.
Детективот не смее да собира податоци за политичко уверување и
дејствување на лица. Не смее да склучува договори за работи од
надлежност на државните органи, не смее да склучува договори со
домашни или странски државни органи или политички партии. При
вршење на детективската дејност тој е должен да носи
легитимација и да ја покаже кога се повикува на овластувањата на
овој закон или кога тоа го бара субјектот кој врши надзор над
неговата работа итн. За извршената работа детективот изготвува
писмен извештај.Тој извештај детективот е должен да го предаде на
странката со сите собрани податоци кои се однесуваат на
договорената работа, а неважните податоци да ги уништи во рок од
8 дена од денот на исполнувањето на договорот.
Евиденција

МВР води евиденција на детективите на кои им е издадена лиценца.


Евиденцијата ги содржи следниве податоци: лично име на
детективот; фотографија; датум и место на рагање; ЕМБГ;
живеалиште и адреса на станот; стручна подготовка; претходно
образование; датум на полагање на стручниот испит и број на
издадената, односно поништената лиценца и легитимација.
Детективот е должен да води евидентен регистар на склучените
договори за детективски услуги. По барање на МВР, тој е должен
во рок од 5 дена да го достави на увид регистарот.

Детективска истрага
Правна основа и ограничувања

Законот за работа пропишува, лицето кое дава одредени услуги на


граѓаните мора да исполнува одредени услови кои се однесуваат на
општата здравствена способност и стручната квалификација. Во РМ
не може да се основаат агенции, бироа, установи ниту
претпријатија кои би извршувале класичната приватна детективска
дејност. Полицијата е единствен, овластен орган кој може да собира
податоци за лица. Кај нас приватните детективи, дејноста се одвива
илегално и скоро секогаш е во прашање неовластеното собирање на
податоци за лица.
Услови кои треба да се исполнат за дозвола на работата на
приватните детективи

Основна предпоставка за квалитетно давање на адекватните услуги


е да се има стручно знаење од областа за која се дава услугата. Како
неопходен услов за занимавање приватен детектив е поседувањето
способности за воспоставувањето добра комуникација со луѓе на
различна возраст, образование и наука, потоа способност за
почитување на сите етички и естетички правила во кои тука станува
збор, способност за менаџирање (планирање и рационалност во
реализирање на плановите), способност за добро и логично
размислување и заклучување, како и способност за тимска работа.

Договор за вршење одредени услуги на граѓаните

Во секој конкретен случај се изготвува договор со граѓаните кои се


обраќаат за извршување на одредена услуга. Овој договор мора да
ги содржи сите битни елементи: што се бара, што се нуди, по која
цена, под кои услови, во кој рок, обврски на барачот на услугата во
текот на давањето на услугата, обврски на приватниот детектив и
друго. Тоа треба да се направи само во еден примерок кој се чува
кај приватниот детектив. Нарачателот може и треба на таквиот
документ да парафира, или памти или бележи за она што смета дека
му е потребно. Не треба никогаш да се даваат никакви документи
на нарачателот на услугата од кои недвосмислено може да се
заклучи дека е дадена одредена услуга и дека резултат на таа услуга
е документот со кој нарачателот мафта пред лицето на кое тој
документ се однесува.
Оперативни средства и методи

Оперативни средства и методи кои може да ги користи приватниот


детектив се: анкетирање на граѓани, информативен разговор, тајна
соработка, користење документација и евиденции на органите на
државната управа, пласирање на информации и дезинформации,
оперативно проценување и анализирање. Користењето на
оперативно- технички средства и методи од страна на приватниот
детектив не е легално но конспиративно можат да се користат:
прислишкување, контрола на телефон и други телекомуникациски
средства, тајна контрола
на писпа и поштенски пратки, тајно фото, аудио запис и
документирање, следење и набљудување, таен претрес итн.
Користење на службена документација и евиденции

Евиденците и документацијата во органите на државната управа се


оформува, користи и чува согласно законот, правилни и посебни
акти кои се донесуваат од највисоките раководители (министер,
директор). Детективите заради проверување и дополнување на
податоци и известувања во извршување на службените задачи ја
користат документацијата и евиденција на органите на државната
управа, по соодветната истражувана проблематика (осуди,
криминална активност итн). Кога некои податоци нема да се
добијат по легален пат детективите за посебни оперативни потреби
истите ќе ги добијат со користење на конспиративните средства и
методи.
Метод на пласирање на информации и
дезинформации

Пласирање на информации е чин на свесно и намерно давање на


вистинити податоци и известувања во јавноста кога за тоа постои
оперативен или друг интерес. Намерното давање на полувистинити
и невистинити податоци и известувања во јавноста за безбедносно
интересни организации и поединци е со цел истите да бидат како
основ за поширока расправа во јавноста, јавно преговарање и
слично, а со следење на истите, се добиваат корисни податоци и
информации. Целта е да се оствари увид во интересот на
безбедносно интересното лице или средина.
Оперативна
проценка

Се состои од: целосно согледување и оценување на податоците и


сознанијата спрема лицето, објектот или подрачјето на кое се
планира примена на средства и методи; проценка на безбедносно-
интересна ситуација и предвидување на понатамошниот развој; и
проценка на ефикасноста од примената на средствата и методи,
превземените мерки и постигнатите резултати. Оперативната
проценка се врши заради одредување на целите во натамошната
оперативна работа, како и заради избор на најефикасни средства,
методи и мерки и дејствија во процесот на оперативна работа. Од
извршената оперативна проценка детективот составува писмена
информација или извештај и го доставува до сопственикот на
детективската агенција.

Оперативна анализа

Резултатите од оперативната анализа се користат за определување


на насоките за работа на детективската агенција, организирање
унапредување на оперативната и оперативно- инструктивната
функција, усогласување на мерките и активностите заради
ефикасност во работата итн. Податоците од оперативната анализа
се користат за оперативни потреби и за информирање на
нарачателот на услугата, но и за изработка на стратешки
анализи
за понатамошната работа на детективската агенција. Анализата
содржи: контакти на безбедносно интересното лице со други
лица кои се во: оперативна обработка, оперативна контрола,
оперативна комбинација и двојна комбинација; контакти на
лицето со други безбедносно интересни лица; контакти
(заштита) на лицето со лица вработени во безбедносните органи
(униформирана полиција, гранична полиција итн); контакти на
лицето со дипломатско- конзуларни претставници на странски
и други безбедносно интересни странски граѓани; контакти на
лицето со осудувани лица за тешки КД и припадници на
познати криминални групи и организации; и контакти на лицето
со роднини и пријатели по основ на природна врска или некој
взаемен меѓусебен интерес.
Форми на оперативно работење
Примената на средствата и методите за решавање на одреден
предмет со помош на оперативно детективско работење
(истражување), по правило е комбинирано со истовремено и
паралелно применување повеќе средства и методи, што се нарекува
сложено оперативно работење (детективска истрага). Постојат
следните форми на оперативно работење:
Оперативни проверки на податоци за лица
Се вршат оперативни провеки со цел за: идентификација на
лица, процена на безбедносната подобност на лица заради
придобивање за соработка, подготовка за примена на
определени оперативни и оперативно технички средства и
методи и за проучување на лица кои се од значење за
безбедноста на личностите, објектите и институции кои се
заштитуваат. Спрема начинот на извршување и целите кои се
постигнуваат, тие се делат на целосни и делумни оперативни
проверки. Целосните оперативни проверки се вршат преку
соработничката мрежа и другите оперативни позиции, со увид во
евиденциите и документацијата на органите на државната управа,
со користење на други извори на податоци и со примена на посебни
оперативни средства и методи. Целосните оперативни проверки се
вршат за: лица за кои се заведува оперативна обработка, оперативна
контрола, оперативна комбинација, потоа за лицата кои
детективската агенција има намера да ги вклучи во тајна соработка,
лица кои се индикативна врска со носители на одредени
безбедносно интересни активности, лица чии проверки се од
значење за безбедноста на ВИП лица кое оперативно и физички се
заштитуваат итн. Делумни проверки се вршат со увид во
евиденциите и документацијата на органите на државната
администрација и своите евиденции и документација. Делумните
проверкисе вршат за: лица кои се од значење за безбедноста на
лицата, објектот и подрачјето кое оперативно и физички се
заштитува и лица чии проверки се вршат на барање на други
детективски агенции.

За извршените оперативни проверки и резултатите од нив се


изготвува писмен извештај. Писмениот извештај за сите лица за
кои се вршат целосни оперативни проверки треба да содржат:
лични податоци за лицето, семејно потекло, семејна состојба,
лична
биографија, личен опис, карактер, пороци и хоби, материјална
состојба, свратувалишта, најблиски врски, осудуваност,
истраги и други безбедносно интересни моменти, индивидуални
карактеристики на лицето што се проучува, основ за
ангажирање за соработка, поврзаност на лицето кое се
проверува, можности на лицето кое се проверува за обработка на
безедносно интересното лица или средина и мислење со предлог
мерка (мислење од страна на детективот).
Оперативна
обработка
Се водат оперативни обработки за: лица, објекти и подрачје во
земјата и странство за кое има барање на давање услуги за
добивање податоци и информации, за трагање и
идентификација на лица, откривање на КД и непознат сторител
од барање на граѓани, фирми, потврдување и идентификација
на лица кои дејствуваат спрема лицата кои се заштитени од
детективската агенција итн.
Одлука за заведување и водење на оперативна обработка
донесува сопственикот на детективската агенција врз основа на
писмен план за давање на услуги. Оперативна обработка се води
врз основа на претходно подготвен план на мерки и активности кои
ќе бидат применувани во текот на обработката. По извршените
целосни оперативни проверки добиените податоци треба да се
продлабочат со примена на конкретни мерки активности, планот за
оперативна обработка треба да содржи: продлабочена анализа за
лицата, објектите и подрачјето кое агенцијата го штити
(моментална состојба, навики, семејство на лицето, прељуби итн);
откривање, проучување и следење на криминогени склоности
(кражби, измами) и пороци (прељуба, коцка) на лицето кое се
обработува; проучување, селектирање и целосни оперативни
проверки на најблиските соседи на лицето или објектот кој се
обработува, на најблиски роднини, пријатели и другари, на
лицата од непосредната работна средина; проучување на
можностите за примена на тајно озвучување на телефон, стан и
други простории кои лицето ги користи; проучување на
можностите за примена на таен претрес на стан и други
простории; следење, регистрирање и анализа на сите контакти што
лицето кое се обработува ќе ги оствари во текот на обработката;
и анализа на воспоставените комуникации од телефонски
броеви кои лицето ги поседува или користи.
Оперативната обработка временски е ограничена и се води до
постигнување на целта определена со барањето за давањето на
услугата.
Оперативна
контрола
Под оперативна контрола се водат лицата кои можат да се
искористат од противникот во загрозување на лицето или објектот
кој оперативно и физичко го заштитуваме. Во оперативна котрола
се водат: лицата кои се многу често присутни во безбедносно
интересни средини, лицата кои живеат во близина на објектот на
заштита или работат во него итн. Овие лица се опсервираат, се
собираат сознанија за нив итн.
Оперативна акција
Детективската агенција заведува, организира и води оперативни
акции заради извршување на конкретни задачи, во земјата или
странство, кои бараат организирано и синхронизирано
ангажирање на поголем број на детективи со поширока примена на
средства и методи, мерки и активности. Одлука за заведување на
оперативна акција донесува соственикот на детективската агенција.
Оперативна
комбинација
Претставува системско создавање на услови за планска примена на
средствата и методи и превземање на мерки и активности заради
постигнување на одредени безбедносно оперативни цели. Ова се
врши со цел: откривање, документирање и попречување на
активности насочени кон загрозување на објектот кој се штити;
откривање на корисни податоци и информации од корист за
порачателот на услуги; и создавање на квалитетни извори
(соработници, оперативни позации).
Двојна комбинација
Таа е специфичен оперативен однос на детективска агенција спрема
дејноста на поединец, фирма, криминална организација или група
која е насочена, дејствува спрема објектот што го заштитуваме,
која се остварува преку соработник на агенција кој работи и
противникот. Двојните комбинации се организираат и
воспоставуваат особено заради: откривање на долгорочни,
стратешки цели на противникот и заштита од изненадување;
откривање на противнички оперативни врски во објектот кој го
заштитуваме; спречување на намери и обиди за изненадување на
акции поврзани со нанесување на штети на објектот на заштита;
откривање на методите и средствата на работа на противникот;
пласирање на информации и дезинформации итн.
Оперативно
истражување
За ова истражување се користат анализи и на научни и други
стручни институции како и на податоци на други извори од интерес
на предметот на истражување со цел севкупно согледување и
оценка на сложените проблеми и појави од значење за ангажирање
за добивање продлабочени сознанија за одредени пошироки
согледувања.
Оперативно сознание- информација
Секоја активност на детективите на оперативен план се добиваат
оперативни сознанија или информации. По добивањето на
оперативното сознание се вршат проверки на добиените податоци и
при тоа треба: да се разработи оперативното сознание во најмали
ситници со соработникот со цел да се проверат сите околности
околу случајот и веродостојноста на сознанието; ќе се извршат
целосни оперативни проверки за изворот на сознанието; сознанието
паралелно со претходните дејствија тајно ќе се проверува преку
сигурни соработници, оперативни, пријателски; во врска со
сознанието ќе се обавуваат информативни разговори со претходно
проверени граѓани, ако не постојат реални можности од
разоткривање на зафатот; и проверување на сознанијата ќе се врши
по можност и преку примена на оперативно техничките средства,
тајно опсервирање на објекти, тајно следење на лицето итн.
По завршените проверки оперативното сознание се поднесува во
поднесок кој содржи: име на детективската агенција, подносител,
извор на информацијата, ден, месец и година на
поднесување, предмет на сознанието, содржина на корисната
информација, предлог мерки и носителите на активности кон
заштитениот објект.
Водење оперативни разговори
Приватните детективи можат да собираат информации во врска со
услуги за давање на помош при трагање по исчезнати лица и
предмети, од секое лице кое располага со такви информации, но
исклучиво врз доброволна основа. Се останато е недопуштено и
би претставувало кршење на забраните кои произлегуваат од
законските прописи. Она што сте го дознале анализирајте го
долго, заклучувајте бавно, критички проверувајќи го секој
детал со дополнителна контрола и ќе се види дека ситуацијата
се движи кон својот расплет. Приватните детективи како
оперативно средство можат да го користат институтот анкетирање
на граѓани перманентно во секојдневното работење, во сите
контакти со граѓани, во и вон работното место. Во својата
оперативно секојдневно работење приватните детективи вршат
информативен разговор со граѓани, државјани на РСМ, како и со
странски државјани со цел прибирање, проверување и
документирање на настани и сознанија, како и извршување на
други задачи од својот делокруг на работа. Тие иницираат и вршат
селекција на лица за извршување на информативни разговори по
претходно извршени делумни или целосни оперативни проверки и
проверки преку евиденциските фондови на детективската агенција
или тие се добиени по пат на соработка. Информативниот разговор
задолжително се извршува врз основа на претходно осмислено
изготвен план (по правило писмен) за разговор на лице. Планот се
изготвува според претходно добиените безбедносно интересни
податоци за лицето со кое треба да се врши информативен разговор
и со сознанија кои се во врска со одредени безбедносно интересни
појави, лица, кои се цели поради кои треба да се обави истиот. По
извршениот информативен разговор се прави писмен извештај.
Тајна соработка
Тајната соработка (нелегално средство за прибирање информации)
се реализира преку: соработник, оперативна врска, пријателска
врска и роднинска врска. Соработката се воспоставува на
доброволна, патриотска и материјална основа, а по исклучок
кога тоа го налагаат посебни причини соработката со државјанин на
доминантната држава може да се воспостави и на
компримитирачка и друг вид основа. Компромитирачки основ
на соработка се реализира на тој начин што лицето кое треба да
соработува со органот треба да се уцени со изнесување негативни
дела (сторено КД кое не е откриено) или негативни човечки
особини и дејствија (педер, лезбејка, наркоман итн) за самиот него
или член од неговото семејство што би му наштетило во животот,
кариерата и професијата на лицето или член од семејството.
Соработникот на приватниот детектив е лице кое свесно, тајно
организирано и континуирано прибира податоци и известувања
или извршува други задачи.
За одредена задача или во одредена безбедносна интересна средина
приватниот детектив идентификува, а потоа селектира лица кои по
негово почетно гледање би и биле најкорисни за извршување на
задачата или за следењето на безбедносните појави во интересната
средина. По извршената селекција се пристапува кон проучување
на лицето, за после тоа да
се пристапи на постапка за ангажирање кон тајна соработка на
избраното и провереното лице. По извршеното проучување
детективот задолжително треба да изготви извештај од
извршеното проучување на лицето. Тој треба да се заврши со
предлог мислење за тоа дали резултати добиени од проверките
упатуваат на можност од пристапување кон фазата ангажирање на
лицето за соработник или не. Покрај ова тој треба да содржи и:
лични податоци на лицето, семејно потекло, семејна состојба,
лична биографија, личен опис, карактер, пороци и хоби,
материјална состојба, свратувалишта, најблиски врски,
осудуваност, истраги и други безбедносно интересни моменти
во животот, индивидуални карактеристики, можни основи за
ангажирање за соработка, поврзаност на лицето кое се
проверува со лицата или средината која треба да се обработува
од агенцијата итн.
При анализирањето на добиените информации за лицето кое треба
да се придобие за соработник треба посебно да се примени
аналитичкиот триаголник, силата на аргументот и најбиниот
интерес на лицето. Аналитички триаголник- едниот агол го
претставува детективот, другиот е безбедносно интересната
личност или средина и третиот агол е лицето кое треба да биде
придобиено за соработка. При анализирањето се значајни силата на
аргументи и најбитниот интерес на лицето кое треба да се придобие
за соработка. Ако при анализата се пронајде силен аргумент за
придобивање и интерес на лицето (пари, скапоцени предмети,
вработување итн), тогаш се пристапува кон чинот на ангажирање,
во спротивно се отстранува од зацртаната намера.
Секоја соработка формално започнува со двојна согласност,
предлог за ангажирање на соработник, таа се воспоставува со
согласност на сопственикот на детективската агенција кој ги
одобрува средствата за соработка, наградувањето за успешност и
слично. Оваа соработка се регистрира со псевдоним за лице кое
нуди податоци и информации од следниве податоци: основни
податоци за лицето (ангажираниот соработник), псевдоним под кој
ќе се води, образложение, детектив предлагач и одобрувач. За
основни податоци за лицето кое се ангажира за соработник се
сметаат: име, презиме, татковско име, ден, месец, година на раѓање,
место и држава на раѓање, последна адреса на постојано
живеалиште, образование, занимање, институција установа во која
е вработено лицето, ЕМБГ и на крај псевдоним под кој ќе се
користи лицето при соработката со детективот.
Образложението треба да содржи: податоци за безбедносно
интересното лице или средина кое треба да е следено од
соработникот, можностите на соработникот за реална комуникација
со безбедносното лице или средина и задачите кои соработникот
треба да ги изврши. Предлагач на предлогот за соработка е
детективот кој ќе го држи соработникот на врска, а согласност за
воспоставување соработка дава сопственикот на детек агенција.
По извршеното ангажирање за соработка детективот е должен
соработникот да го обучи, подготви и насочи за извршување на
задачи и да му создаде соодветни услови за работа. Обуката на
соработникот ја врши детективот кој го држи на врска, а по потреба
и проценка за одредена област во обуката учествува одреден
стручњак. Детективската агенција и детективот кој работи со
соработникот е должен да обезбеди конспиративност
на соработничкиот однос, заради што соработниците во
евиденциите и во секојдневното работење се водат под псевдоним.
Соработката со одредено лице ангажирано за соработник
престанува поради: смрт на соработникот или оперативната врска,
кога ќе престанат потребите за понатамошна соработка, лицето не е
во можност да ја продолжи соработката и кога поради негова
неискреност и други причини понатамошната соработка се оцени
како нецелисходна.
Предлогот за прекинување на соработката со соработник треба
да содржи: основни податоци за лицето и образложение. Како
предлагач се јавува детективот кој соработникот ја држи на
контакт, со своја согласност се јавува сопственикот на
детективската агенција на која припаѓа детективот – предлагач.
При престанокот на соработката, детективот го предупредува
лицето дека е должно да ја чува тајната за воспоставената
соработка и сите сознанија до кои дошол преку соработничкиот
однос да ги чува. За вакви укажувања и предупредувања,
детективот изготвува службена белешка или извештај.
Оперативна врска е лице кое е можно свесно, тајно и
организирано да дава податоци и известувања од интерес за
детективската дејност. По правило задачите на оперативните врски
се повопштени и тие се насочени од детективот за следење на
појави во одредени средини и за одредени области во поширока и
во потесна смисла на зборот. Оперативните врски обука имаат по
исклучок- само за извршување на точно зададени задачи, а за нив
задолжително е редовното добивање насоки за правецот на
делување во корист на детективската агенција и детективот кој ги
држи на врска. Оперативната врска исто така е под режим на
конспирација и таа во детективската агенција се води под
псевдоним. Секоја соработка со оперативна врска формално
започнува исто како кај со соработникот, со изготвување на
предлог за ангажирање. Предлогот за ангажирање ги содржи истите
податоци како кај соработникот. Основни податоци, образложение
и предлагач на предлогот за соработка со оперативна врска.
Други оперативни позиции- пријателска врска, роднинска
врска и врска по основ на службена и работна должност. Врска
по основ на службена и работна должност е лице кое свесно и
тајно извршува одредени задачи за детективската агенција
користејќи го своето службување или работење во одредена
институцијам која обавува дејност од витално значење за државата.
Сите овие видови на врски подлежат на режим на конспирација и
истите се евидентираат интерно во детективската агенција, под
псевдоним.

ДОКУМЕНТАЦИЈА И ЕВИДЕНЦИЈА
Документација, заради континуирано следење на активностите на
агенциите се водат и редовно се ажурираат документи и евиденции,
за интерна употреба за нарачател каде каде по достава на
нарачателот тие се уништуваат, Детективската агенција склучува
договори за
,, давање услуги, планови за превземање мерки, примена за срества
и методи, податоци известувања, досиеа, Документи од примарен
степен (анализи, одобренија, одлуки, извештаи и сл) обработка,
документи добиени од други служби. Од повисок степес се
документи се оформуваат при основа наоперативно и аналитичко
проценување Извештаи од соработници Секој детектив е должен
да изготви писмен извештај од остварен контакт со соработникот
или оперативна врска како во првиот дел ,, област на работа,
предмет на работа псевдоним на соработникот, содржина на
сознаниата, во вториот дел ,, оценка на изворот, дали е доверлив,
оценка на настанот, оценка за лица за главните актери, задачи од
детективот за натамошно следење и основни податоци за
лицата.Службена белешка и оперативна
информација Досиеа за соработници
оперативни позиции, податоци лични, псевдоним, ориентација,
податоци од онструирање, проценка на неговите можности,
квалитети, интелегенција, врска со кој оперативен соработник е,
досие двојник, има Основно и помошно досие, Документите се
поништуваат комисиски со записник. Збирка на документи,
датотеки т.н документациони фондови, фондови со пасивна
докумнетација, со аналитички матерјали, издвоени фондови,
Историска документација Евиденции
Евиденција на лица, на организации, објекти, за формите на
оперативно работење, документи за работа, за соработници и
оперативни врски.
ОПЕРАТИВНО-ТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА И
МЕТОДИ
Согласно законот не се предвидува примена на операт. Тех.
Средстав и методи, со цел давање услуги во спречување
иоткривање на криминално активности, па сето ова се применува
тајно илегално и истото не го регистрираат. Како илегално
техничко средство мозат да применат,, Прислушкување, тајна
контрола на тел, и домашен и мегународен сообракај, на писма и
поштенски пратки, фоти видео аудио снимање и документирање,
тајно следење набљудување, таен претрес, тајна врска за посебна
намена. Како дефанзивно оперативно тех. Средства,, откривање
средстав за прислушкување, откривање експлозивни направи,
откривање огнено и ладно оружје, радио и други врски,
недозволено влегување во објектии др. Прислушкување е
битна повреда на приватноста и слободата и правата на граѓанинот,
регулирано и во Устав, и законот за заштита на лични податоци,
Кивичниот закон забранува, освен дозволено согласно закон со
точно утврдено време ПИН мерки, детективите оператовно тех.
Средства ги применуваат врз лица која им е побаран услуга. Со
откривање, проверување, документирање, попречување на
активност кон објекто на чување. Средствата се купувааат на
слободен пазар, како телефон систем
мушичка и слично. Тајна контрола на
телефон и др. Телекумуникац, систем. На телефонски разговори
домашни и мегународни сообракај домашни и странски државјани
детективите тоа го прават со потплаѓање вработениво компаниите
кои вршат телефонска телекомуникациска дејност, и со
иснталирање техника во апаратите со кои се врши
комуникацијата Тајна контрола на писма, пошта и електронска
пошта детективите ја вршат со потплаќање вработени во пошта, а
за електронска пошта се користат хакерисе добиваат корисни
информации. Тајно фото , видео аудио и документирање
(наочари со камера, пенкало камера, телефон систем за
пррислушување, мушицки и сл) детекривите го користат за
откривање документирање дејности податоци и околности во
интерес и заштита од загрозување на безбедноста на лицето или
објектот што се обезбедуваодлуката на носи директорот на
агенцијата. Тајно следење и
набљудување Иако недозволено полесно за реализација, прибираат
податоци, и известувања за дејноста, движење, контакти, присуства
на лице, движење, средби, набљодување на објекти во државата и
странство, по правило го вршат детективито но по процена може и
оперативни
врски, Тајното набљудување може да се подели на Набљудување
на лица, Набљудување објекти и набљудување возила (пример
лични семејни проблеми, неверства , сомнително однесување на
деца, деловни врски, откривање идентитет на лице и живеалиште.
Траен претрес е дефиниран како дејствие на истражување
простории и лица пропишани согласно закон, се применуваат во
неопходни ситуации со цел потврдуваер документирање податоци
добиени по оперативен пат, сл. Простории,станови, каси бироа и сл,
нов патентиран производ, украдени пари, стратешки планови и сл.
Одлуката за таен претрес ја носи сопств. на дет. Агенција.
Технички преглед и заштита на објекти
Во рамките на своите овластувања детективите вршат технишки
преглед на објектите кои ги чуваат од прислушувани тех. Средства,
експлозиви и други направи, илицето кое се заштитува во
согласност на сопственикот на агенцијата. Оперативно
физичко обезбедување на личности и објекти секој може да
побара ваква услуга од агенцијата, при оваа дејност се изготвува
план за трасата на движење и место на пристигнувањескици и сл.,
пример центар
– аеродром, пристаниште и сл, објектот во кој престојува личноста
што се обезбедува, оперативни проверки за сите вработени,
проверка на местата каде сака да ги посети, засилен оперативен
увид на сите безбедно интересни лице кои се во регионот и бидат
затекнати во близина, Приватниот
детектив како
поднесувач на кривична пријава е известување за јавен
обвинител дека во некоја ситуација е прекршен законот, според
законот секој граѓанин е должен да пријави дело кое се гоно по
службена должност, се поднесува усно на записниок кај јавен
обвинител или во полиција, но подробр решение е да ја достави
оштетениот. Така да детективите можат конспиративно
(недозволени средства) при прибирање докази, матерјали,
белешките изјави земени од лица кои не се казнено процесни туку
служат за ориентација кај судијата. Записник од страна на стручнак
повикан од детективот и сл.

You might also like