You are on page 1of 4

1.Различни сфаќања за безбедноста А.

Гризолд:

Безбедноста се дефинира како состојба во која има обезбеден рамнотежен физички,духовен и материјален
опстанок на поединецот и општествената заедница во однос спрема др поединци,општествената заедница,
па така сфатена безбедноста е иманентен структурен елемент на општеството што опфаќа и
состојба,дејност односно систем.Безбедноста се однесува и на општеството и на државата, на внатрешната
и надворешната безбедност, и меѓународната заедница како и светската безбедност

2. Различни сфаќања за безбедноста Вл.Водинелиќ и С.Милетиќ:

Според В.В. безбедноста во објективна смисла е вкупната заштита на државата од напади од било кој
вид.Според С.М. безбедноста е правно обезбедување државни односи, воспоставена ,одржувана и
унапредувана состојба во државата со која што се овозможува ефективна заштитеност на државата и
граѓаните што живеат во неа од сите надворешни противправни активности со кои се загрозуваат правниот
поредок, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на земјата, работата на државните
органи, извршувањето на стопанските и општествените активности, и остварувањето на слободите правата и
обврските на човекот и граѓанинот.

3.Различни сфаќања за безбедноста- Т.Хобс и П.Кенеди

Според Хобс безбедноста претставува најосновна вредност врз која човештвото ги градело своите
индивидуални и колективни животи.

Според Кенеди безбедноста треба да биде сфатена како отсуство на опасности,односно како одбрана од
опасности што можат да го загрозат постоењето и благосостојбата на еден народ како и неговата
општествена стабилност и политички мир.

4.Различни сфаќања за безбедноста според -ООН

Безбедноста претставува состојба во која државите сметаат дека не постои опасност од вооружен напад
политички притисок или економска присилба така што можат слободно да се развиваат и напредуваат.

5.Историски аспект на безбедноста- во кое поле се простирала безбедноста до 20ти век,а во кои полиња во
современа доба

-во минатото безбедноста е врзувана со одбраната на државата од вооружена агресија и била иманентна на
милитаристичките структури и милитаристичката организација на општеството

-во поново време безбедноста се поместува од военото поле кон политичкото и општественото

6.Безбедноста како состојба

Треба да се реализираат три скалила за субјектите на безбедноста

-треба да се постигне основното ниво на сигурност на индивидуалните ,групните


,општествените,државните,меѓународните интереси на даден простор и време

-да се оствари одржливоста на сигурноста на постигнатите вредности и интереси

-да се дојде до унапредување на сигурноста на постигнатите вредности и интереси


Се дефинира како општествената реалност што е резултат на соодносот меѓу опасностите,заканите и
загрозувањата што се насочени против основните вредности и интереси на општеството и државата од една
страна, и подготвеноста на езбедносните субјекти да одговараат на нив во дадено време на даден
простор ,од друга страна.

7. Безбедноста како функција

Таа подразбира планско,систематско и трајно дејствување на безбедносните субјекти насочени кон заштита,
одржување и унапредување на основните вредности и интереси во општеството,државата и меѓународната
заедница. Компоненти на безбедноста како функција се

- Политичка основа
- Законска основа
- Државни органи
- Методика на дејствување на органите задолжени за безбедноста
- Организација,координација и синхронизација на работата на органите задолжени за безбедноста
- Непосредни цели на органите задолжени за безбедноста

8.Безбедноста како систем

Потекло на терминот систем е од грчкиот збор systema што означува збур на елементи и нивен меѓусебен
однос.Исто така под широка смисла на зборот систем се подразбира целина на уредување,збир на
принципи кои служат како основа на некоја наука, облик на политичка и општествена организација или
начин на нивно подредување. Односно систем е , секој збир на идеи,функции,материјали,луѓе или групи
кои се поврзани со одреден концепт што претставува заокружена независна целина. Безбедноста сфатена
како систем е општествен систем составен од елементи што чинат складна целина чија дејност е насочена
кон заштита,одржување и унапредување на основните вредности и интереси на даден простор во дадено
време. Има четири основни компоненти кои се во меѓусебна врска:

- Стуктурата и функционалноста
- Организирањето и раководењето
- Хиерархиската поставеност
- Самоодбранбената готовност

9.Безбедноста како појава

10.Дефинирање на системот за национална безбедност

Системот на национална безбедност може да се дефинира како целина што ја сочинуваат институциите
и организациите од јавниот и граѓанскиот сектор во државата задолжени за заштита од
опасностите,закани и загрозувањата на основните општествени и државни вредности и интереси,како и
нивно одржување и унапредување од безбедносниот аспект.
11.Структура на системот за национална безбедност

Претседател на државата Влада Парламент

↓ ↓ ↓

Совет за национална безбедност

Надворешна безбедност Внатрешна и надворешна безбедност

↓ ↓

Вооружени сили Полиција

Разузнавачка служба Служба за безбедност и контраразузнавање

Дипломатија Разузнавачка служба

Цивилна одбрана Обвинителство

Суд

Царинска управа

Финансиска полиција

Управа за спречување перење пари

Инспекциски служби

Комисија за откривање и спречување корупција

Дирекции за заштита од природни катастрофи

Граѓански здруженија за човековите права и

Заштита од еколошки загрозувања

12.Целите на системот за национална безбедност

- заштита на територијалниот интегритет на државата


- -заштита на независнота и суверенитетот на државата
- заштита на уставниот поредок на државата
- заштита на човековите права и слободи
- овозможување стабилност во опстојувањето и развојот на општеството и државата во целост
- стабилност во односите на меѓународен план,со државите во соседството,регионот и светско ниво

13.Основните вредности и интереси што ги заштитува системот за национална безбедност

- Територијалниот интгритет на државата


- Независноста и суверенитетот на државата
- Уставниот поредок
- Човековите права и слободи

14.Обележја на системот за национална безбедност

- Системот на национална безбедност е потсистем во рамките на политичкиот систем на државата


- Субјектите во системот за национална безбедност се формираат и дејствуваат врз основа на
Уставот,законските и подзаконските акти,
- Системот за национална безбедност има динамична и сложена структура
- Тој ги прилагодува структурата и функционирањето според силата,интензитетот и опасноста што
произлегува од изворите и носителите на загрозувањето и вредностите кои се предмет на заштита
- Е во постојана корелација со системите на безбедност од другите држави и наднационалните
безбедносни системи
- Тој е хиерархиски изграден
- Дејствува во состојба на мир ,вонредна состојба,непосредна опасност од војна и воена состојба
- Обезбедува внатрешен мир во државата и нејзината сигурност на надворешен план

15.Основни категоријални концепти на безбедност- индивидуална безбедност

Овој концепт подразбира правно уредена држава со демократска содржина во која граѓанинот ќе биде
сигурен дека слободно ќе може да ја реализира својата општествена улога на сите полиња од
политичкиот,стопанскиот,културниот и спортскиот живот.Концептот опфаќа: физичка безбедност на
поединецот,имотна безбедност на поединецот,безбедност на политичките права на
поединецот,безбедност на сите права на граѓанинот како од работните,социјалните,межународните
така и оние за неговиот идентитет.Мора да се спомене Универзалната Декларација за човековите
права која е донесена од Генералното Собрание на ООН во 1948година на 10 Декември според која
сите луѓе на светот се родени слободни и еднакви во достоинството и правата,секој има право на
живот,слобода и сопствена сигурност и пред законот се еднакви и имаат законска заштита без било
каква дискриминација.

You might also like