You are on page 1of 14

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ – Скопје


Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Предмет: ПЕНОЛОГИЈА
Тема: „Амнестија и помилување“

Изработил: Предметен професор:


Гоце Ангеловски 123М Проф. д-р Александра Груевска-
Дракулевска

Скопје,Јуни,2020
Абстракт
Амнестијата и помилувањето претставуваат значајни кривично правни институти,кои
со нивното донесување,не само што предизвикуваат последици за лицата опфатени со
истите,туку несонено влијаат и врз жртвите на кривичните дела,како и во
опшеството.Затоа секогаш мора да се внимава нивното донесување да биде праведно и
законски,се со цел помирување во опшеството а не предизвикување на дополнителни
коинфликтни ситуации.

Најчесто токму ваквите институти во нашата земја а особено амнестијата,наместо да


претставуваат повод за помирување на страстите,напротив претставуваат камен на
сопнување,кој особено предизвикува политичка нестабилност и конфликност.

Клучни зборови: амнестија,помилување,милост,ослободување,ресторативна правда

Вовед
Со формирањето на државата како политичко-правна организација кој има за цел
обездедување на благосостојба и мир на населението под нејзина власт,таа првично
извршила монопол врз правото на казнување на лицата кои ја дестабилизираат таквата
состојба.Нагонот за самоодржување и анималната природа на човекот секогаш го тераат
своите природни потреби да ги задоволува дури и по цена на напад на правата и
интегритетот на другите луѓе.Токму затоа државата ги донела првите закон со кои се
забранувале одредени поведени кои биле опшествено неприфатливи. Меѓутоа освен
неприкосновеното право да казнува,државата во своја моќ го има и правото да дава
милост на луѓето кои се огрешиле пред законот,а таквото право е исто толку старо како и
правото да казнува.

Правото на давање на милост на лицат кои што биле грешни пред законот било
познато уште во време на робовладетелските земји како:Атина,Рим,Вавилон.Преку
давањето на милост,државата им давала втора шанса на престапниците се со цел
ресоцијализација и повтороно враќање во опшеството.Во Рим биле познати институт на
помилување кои најчесто го давал сенатот за време на републиката а подоцна за време на
империјата тоа право им било достапно на императорите.Низ средниот век за време на
апсолутистичките монархии,таквото право на давање на милост било препуштено на
монархот кој бил олицетворение на суверенитетот,за да денеска во време на
парламентарни демократски опшества,тоа право му биде отстапено на парламентот или
шефот на државата во зависност од видот на милоста која што се дава.

За разлика од европските цивилизации во тоа време,на исток во Вавилон познатиот


Хамурабиевиот закон предвидувал посебен вид на помилување.Имено во член 129 од
истоимениот законик се предвидувало доколку мажот ја фати жената при вршење на
прељуба,да ги врзе двајцата и да ги фрле во вода,со тоа што господарот можел доколку
сака жената да ја остави да живее.1

Денеска ваквите типови на милост се познати и во Северна Македонија а како


најзначајни видови на милост кои што ги дава државата се амнестијата и
помилувањето.Амнестијата се дава на неопределен број на лице,кои што се сторители на
одредени кривични дела,а нејчесто истата во вид на правен акт ја донесува собранието во
постапка утврдена со деловникот на Собраниието на Република Северна Македонија.

За разлика од амнестијата помилувањето се дава на точно определен број на лица со кои


целосно или делумно се ослободуваат од казната,или казната им се заменува со поблага
казна или му се определува пократко траење на последицата од казната. 2За разлика од
амнестијата,помилувањето го дава Претседателот на Република Северна Македонија3.

Ваквите институти во последно врема кај нас,наместо да претставуваат можност за


помирување на страните меѓу кои постои анимозитет,напротив тие претставуваат
дополнителен камен на сопнување,долевање масло на оганот.Особено помилувањето
направен од поранешниот претседател на Република Северна Македонија Ѓорге
Иванов4,кои се однесуваше на 56 лица и беше донесена избрзано.

1
Хамурабиев законик Член 129 ”Aко некоја жена се фати во постела со друг маж,да се врзат и да се фрлат во
вода.Ако господарот на жената (сака) може да ја остави жената да живее,и кралот својот роб може да го
остави да живее.”
2
Член 114 став 1 Кривичен закон
3
Врз основа на Член 84 став 1 алинеја 10 од Уставот на Република Северна Македонија.
4
Одлука за помилување-ослободување од гонење,без спроведување на постапка Бр 08-537/1 и одлука Бр
08-535/1 од 12 април 2016 година Скопје.
Амнестија

Амнестија како збор води потекло од грчкиот јазик кој во превод би значело
“заборавање”или”простување”.Aмнестијата претставува акт кој се донесува во вид на
закон од страна на Собранието5 на Република Северна Македонија во постапка утврдена
со Деловникот.Во КЗ е утврдено дека со актот на амнестија им се дава ослободување од
гонење или потполн или делумно,ослободување од извршување на казната,или им се
брише осудата,или им се укинува определена правна последица која произлегува од
осудата.6

Со амнестијата постои можност да се ослободат ос гонење одреден број на лица за кои


што постои основано сомнение дека сториле кривично дело,со што се оневозможува
понатамошно процесирање на истите лице (аболиција).Амнестијата може да влијае и на
казната,со тоа што постои можност одреден број на лица целосно или делумно да се
ослободат од истата,или да им се избришат пресудите или последиците од делото.Некои
автори сметаат дека амнестијата претставува квазисудско овластување на законодавната
власт.7Амнестијата е поширок поим од аболицијата,затоа што аболицијата претставува
само ослободување од гонење,додека амнестијата опфаќа и ослободување од
казна,последици од казната и др.

Од стекнувањето на независност,па се до 2020 година во Северна Македонија се


донесени пет закони за амнестија,некој автори сметаат дека тоа претставува навлегување
на законодавната власт,кршење на начелото на поделба на власт,и предизвикување на
негативни последици врс судството како столб на правната држава и владеење на
правото.8

Токму донесувањето на три амнестии за краток временски период од четири години-


1999,2002 и 2003 година укажува на фактот дека истата секогаш се донесува избрзано,без
темелни анализи на состојбите,од најчесто политички причини,најчесто за создавање на

5
Според Член 68,став1,алинеја18 од Уставот на Северна Македонија
6
Член 113 КЗ
7
Шкариќ, С.Силјановска,Г, “Уставно право”, Култура, 2009, стр. 587
8
Шкариќ, С.Силјановска,Г, “Уставно право”, Култура, 2009, стр. 587
мир во владеачката гарнитура,или создавање на мнознство за уставни измени како во
последната амнестија во 2018 година.9

Законот за амнестија во 1999 година 10,беше донесе се цел ослободување на


градоначалниците на Гостивар и Тетово,поради инцидентите од 1997,како и учесниците
на обидот за отварање на универзитет на албански јазик во Мала Речица Тетово.Со оваа
амнестија првично беа ослободени осудени лица сторитела на кривичните дела
предизвикување на национална,расна,верска омраза,раздор и нетрпеливост по член 319 од
КЗ,со што истите беа целосно ослободени од извршување на казната.Понатаму за 25 % од
неиздржаниот дел на казната беа ослободени примарните сторители на кривични
дела,повратниците беа ослободени за 15% од неиздржаниот дел,за 10% осудените лице за
недозволено држење на оружје или распрскувачки материјали,додека лицата осудени за
кривични дела против честа и угледот,казната им се заменува со 10.000 денари.Со тоа што
амнестијата не се однесуваше на лица осудени со доживотна казна затвор.При донесување
на оваа амнестија воопшто не се водеше сметка за пенолошкиот аспект на
амнестијата,туку само за зацврстување на владеачката коалиција во 1999.

Амнестијата во 2002 годдина11 беше донесена како резулта на воениот конфликт во


Македонија од 2001 година,кој беше меѓуетнички конфликт па амнестијата беше донесена
се со цел меѓуетничко помирување.Со овај закон за амнестија беа опфатени лицата за кои
постои основано сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзано со
конфликтот во 2001 година.Со тоа што некои се ослободувја од гонење,се запираше
кривичната постапка и потполно се ослободуваја од извршување на казна затвор,граѓаните
на Република Макеоднија за делата поврзани со конфликтот од 1 јануари 2001 заклучно со
26 септември 2001.Единствено со оваа амнестија беа иземени лицата кои сториле
кривично дело во 2001 година,а се во надлежност на Меѓународниот трибунал за гонење
на тешко кршење на меѓународното хуманитарно право.И оваа амнестија е донесена
избрзано без детална анализа особено од пенолошки аспект,како резултат на
меѓународната заедница која што вршеше притисок на нашата држава за ставање на крај
на конфликтот.

9
Закон за амнестија Бр. 08-7305/1 18 декември 2018 година, Скопје
10
Закон за амнестија (“Службен весник на Република Македонија”бр.6/1999).
11
Закон за амнестија (“Службен весник на Република Македонија”бр.18/02 од 07.23.2002 година).
Од гледиште на кривичното право,амнестијата мора да се однесува на точно
определени кривични дела.Таа не смее да биде “бланко чек” што секој може да го
пополни со сума што му одговара (Шкариќ,Силјановска:2009,стр 588).

Амнестијата од 2003 година 12се однесуваше на граѓаните на Македонија кои не се


одзвале на воената служба,или самоволно се одалечиле од вооружените сили.со тоа што
со оваа амнестија се ослободија од гонење,потполно се ослободија од извршување
казна,граѓаните на Република Македонија со навршени 30 години живот кои сториле
кривично дело од член 214-неодзивање на позив и член 217-самоволно одалечување и
бегство од вооружените сили од КЗМ.

Амнестијата во 2018 година13се однесуваше на ослободување од гонење,запирање на


поведената кривична постапка,и целосно ослободување од казна на лицата кои сториле
кривично дело поврзано со настаните од упадот во Собранието на Република Северна
Македонија од 27 април 2017 година.

Со тоа што во согласност со член 3 од Законот за амнестија,истата не се однесуваше


на лица за кои што постои основано сомневање дека учествувале во подготвување на
настаните во Собранието или се правослино осудени, а кои од денот на влегување на овај
закон сториле кривично дело„Здружување заради непријателска дејност” , лица со
прикриен идентитет, лица кои носеле оружје или распрскувачки материјал и лица кои
постапиле спротивно на службените овластувања и сториле дело„Терористичко
загрозување на уставниот поредок и безбедноста”, како и кривични дела „Убиство”и
„Насилство”14.Овај закон за амнестија предизвика најмногу контроверзии и негодување од
страна на јавноста и стручната фела,затоа што беше селективен,како и претходните закони
за амнестија донесн избрзано,без да се направи соодветна пенолошка анализа,со тоа што
несомнено,оваа амнестија како и предходните амнесии го губат својот легитимитет и ја
губат својата смисла воопшто како значаен правен институт.Особено е проблематично
што истата е донесена во време на промена на уставното име на земјата,па токму
донесувањето на истата претставуваше ултиматум од осумте пратеници од опозиционата

12
Закон за амнестија на граѓаните на Република Македонија кои не ја извршиле воената обврска (“Службен
весник на Република Македонија”бр.49/03 од 23.07.2003 година).
13
Закон за амнестија Бр.08 - 7305/1 18,декември.2018 г Скопје
14
Според член 3 од Закон за амнестија Бр.08 - 7305/1 18,декември.2018 г Скопје
партија,кои подоцна гласаа за промена на уставното име на земјата.Решението за
амнестија според законот15 го донесува судот што ја донел првостепената пресуда во рок
од 5 дена од приемот на барањето.Според член 3 став 1 и 2,против решение донесено од
страна на судот постои можност лицата на кои се однесува амнестијата,во рок од 3 дена од
донесувањето на решението да поднесат жалба,за кој што одлучува непосредно
повисокиот суд.

Токму решението на овај закон за амнестија да биде селективен,односно за исто


кривично дело да ги ослободи сторителите,но не и организаторите на настанот,предизвика
лавина на реакции особено кај стручната фела.Барање за амнестија поднеле 66 лица,од
вкупно 70 лица опфатени со судски процес за настаните на 27 април 2017,меѓу кои беа и
пет пратеници од тогашниот пратенички состав.Јавната обвинителка која го води случајот
за “крвавиот четврток”исто така изрази незадоволство од донесувањето на законот за
амнестија.Со тоа што од вкупно 33 обвинети и осудени,амнестирани беа 15 меѓу кои и
сите пратеници инволвирани во настаните.

Амнестијата како правен институт ја познаваат и други земји во светот.Таа се дава во


облик на закон,со цел да се заборават одредени кривични дела,ако тоа го наложуваат
политичките околности во земјата.Така во Франција во 1968 година е донесен Закон за
ослободување од одговорност на учесниците во војната во Алжир од 1958 година,а во
1990 година Закон за амнестија на лицата што направиле прекршоци во врска со
финансирање на политичките партии.16

Амнестијата не навелегува во правата на трети лице,што значи дека доколку постојат


оштетени од кривичното дело опфатено со амнестијата,на истите не им се одзема правото
да бараат соодветен надомест за претрпената штета.Се со цел да не се наруши правната
сигурност во правниот промет,еднаш донесена амнестија не може да се отповика во никој
случај,затоа пто доколку се дозволи можност за отповикување,несомне ќе биде предмет на
злоупотреби како институ,и ќе ја намали сигурноста во правото и правниот
промет.Аместијата никогаш не се однесува на мерките за безбедност и на воспитните
мерки,зато што нејзиното донесување се однесува замо на главната или на споредната
казна.И покрај тоа што практиката постојано ја демантира можноста за амнестирање на
15
Според член 2 став 5 од Закон за амнестија Бр.08 - 7305/1 18.декември.2018 г Скопје
16
Thierry Debard, Dictionnaire de droit constitutionnel,Ellippses. Paris,2002,p.14
лицата со уславна осуда,сепак таа можност е логичка според некои автори,и покрај тоа
што оваа проблематика не е регулирана со закои.

Во 2015 година беше поднесен предлог за амнестирање 17 на затворениците,особено во


затворите каде што условите за престој беа мизерни,а иницијативата беше покрената од
здружение на граѓани.Предлог Законот за амнестија е поднесен врз основа на член 71 став
1 од Уставот на Република Македонија и членовите 132 и 137 од Деловникот на
Собранието на Република Македонија.Меѓутоа ваквиот закон не беше донесе од страна на
Собранието на Република Северна Македонија,што укажува на тоа дека секогаш при
донесување на закон за амнестија,најзначајна е политичката волја,а не пенолошки аспекти
на амнестијата,и покрај тоа што главниот иницијатор Мери Николова 18 појаснува дека
сето ова е поради заштита на човековите права во казнено – поправните установи во
Македонија,особено во КПУ Идризово,кој во тоа време имаше 2000 затвореници,и покрај
тоа што неговите капацитети изнесуваја 800.

Помилување

Помилувањето претставува исто така акт на милост кој го дава државата спрема лица
кои се огрешиле пред законот.За разлика од амнестијата која ја донесува Собранието на
Република Северна Македонија,помилување дава Претседателот на Северна Македонија
(според член 84 став 1 алинеја 10 од Уставот на Северна Македонија).Институтот
помилување е уреден со одредбите од Законот за помилување 19.Во законот е регулирана
постапката за давање на помилување како и последиците од таквата донесена одлука.

Исто како и анестијата,помилувањето нема дејство спрема правата на трети лица.Но


постојат и одредени разлики,како тоа дека помилувањето се однесува на поимично
определено лице,за разлика од амнестијата кој се однесува на неопределен број на луѓе.Со
помиливањето се ослободува од гонење потполно или делумн,или се ослободува од
казна,или изречената казна му се заменува со поблага,или му се определува пократко
траење на правните последици од казната на поимично определено лице.
17
http://www.pravdiko.mk/shto-sodrzhi-predlozheniot-zakon-za-amnestija/;
18
http://sitel.com.mk/sobranieto-ne-go-izglasa-predlog-zakonot-za-amnestija; Објавенп 12 Нoември 2015, 17: 55
шаспт;
19
(“Службен весник на Република Македонија”бр.20/1993 и 12/2009)
Можноста за давање на помилување е ограничена со тоа што истата не може да се
даде на лице кое што е осудено за кривични дела против изборите и гласањето,дела
против половата слобода и половиот морал,дела против здравјето на луѓето како и
кривични дела против човечноста и меѓународното право.Претседателот на републиката
исто така неможе да даде помилување на лице кое е државјанин на Северна Македонија,и
казната ја издрќува тука,меѓутоа е осудено од страна на меѓународен кривичен суд.

Поведувањето на постапката за помилување се врши по молба на осуденото лице или


по службена должност. Во корист на осуденото лице молба за помилување можат да
поднесат брачниот другар, роднина по крв во прва линија, браќа, сестри, хранител,
посвоител или старател. Постапката за помилување по службена должност ја поведува
министерот за правда.20Она што е значајно да се напомене за помилувањето е дека
постапката за помилување е итна.

Постапката за помилување за ослободување од кривично гонење се поведува само по


службена должност и може да се поведе во секој стадиум од на кривичната постапка.
Постапката ја поведува министерот за правда.21

Молбата за помилување се поднесува до Претседателот на Република Македонија,


преку првостепениот суд што ја изрекол пресудата. Кога молбата за помилување е
поднесена до друг орган или институција, тие се должни без одлагање да му ја достават на
надлежниот суд. Лицето кое започнало со издржување на казната, молбата за помилување
ја упатува до надлежниот суд преку управата на казнено – поправната установа во која се
издржува казната. Казнено – поправната установа во рок од осум дена од приемот на
молбата дава извештај за поведението на осуденото лице, односно други податоци што се
од значење за решавање на молбата и ја доставува до надлежниот суд. Кога молбата за
помилување за лице што ја издржува казната е упатена непосредно до судот, истиот,
извештајот и податоците веднаш по приемот на молбата ќе ги побара од казнено –
поправната установа во која лицето ја издржува казната.22

Претседателот на Република Македонија со одлука формира Комисија за помилување


и го определува составот и бројот на членовите на Комисијата која донесувва деловник за
20
Член 2 од Законот за помилување (“Службен весник на Република Македонија”бр.20/1993 и 12/2009)
21
Член 3 од Законот за помилување (“Службен весник на Република Македонија”бр.20/1993 и 12/2009)
22
Член 5 од Законот за помилување (“Службен весник на Република Македонија”бр.20/1993 и 12/2009)
начинот на нивната работа. Комисијата за помилување при подготвување на предлозите ги
има во предвид следниве критериуми: природата, видот и тежината на кривичното дело;
личноста на осудениот и неговиот поранешен живот, поведението на осуденото лице по
осудата и за време на издржување на казната, односот спрема кривичното дело,
претходната осудуваност, степен на ресоцијализација кој го постигнал лицето, возраста и
здравствената состојба на осудениот и неговите семејни прилики; влијанието на актот за
помилување врз средината од каде што потекнува и средината каде го извршил
кривичното дело; возраста на извршителите на кривични дела и за осудените лица се зема
предвид дали се мајки на малолетни и незгрижени деца.23

Молбата за помилување може да се поднесе по правосилноста на пресудата. Молбата за


помилување може повторно да се поднесе по истекот на три месеци од денот на
донесената одлука по претходната молба, кога е изречена казна затвор или малолетнички
затвор во траење од една година, по истекувањето на шест месеци кога казната што е
изречена е казна над една до три години, а кога е изречена повисока казна од три години
по истекот на една година. Молбата за помилување може повторно да се поднесе по
истекот на пет години од денот на донесената одлука по претходната молба, кога е
изречена казна доживотен затвор. Ако постапката за помилување е поведена по службена
должност, рокот за повторно поднесување молба за помилување од ставот 2 на член 6 од
Законот за помилување тече од денот на донесување на одлуката за давање на
помилувањето по службена должност.24

Судот со решение ја отфрла молбата за помилување поднесена од неовластено


службено лице, односно кога помилувањето е недозволено или кога повторно е поднесена
молба за помилување пред истекот на определениот рок. Против решението дозволена е
жалба до повисокиот суд во рок од осум дена од доставување на решението. Повисокиот
суд по жалбата одлучува согласно со одредбите од Законот за кривична постапка,
пропишани за жалба против решение.25

Во постапката за помилување судот и другите органи можат да собираат податоци и


известувања потребни за решавање на молбата и од други органи и институции. Судот
23
Член 5-а од Законот за помилување
24
Член 6 од Законот за помилување
25
Член 7 од Законот за помилување
пред да ја достави молбата за помилување до Министерството за правда ги проверува
фактите и околностите важни за решавање, на кои се повикува подносителот во молбата и
извештајот за тоа го приложува кон молбата. Судот е должен молбата за помилување
веднаш да ја достави до Министерството за правда со сите списи26

Министерот за правда по приемот ја разгледува молбата и другите списи и заедно со


својот предлог во рок од триесет дена ја доставува молбата до претседателот на Република
Македонија.27

Судот, односно Министерството за правда ја запира постапката за помилување ако


осуденото лице ја повлече молбата за помилување, ако ја издржало казната, ако
престанала правната последица од осудата, ако е донесена одлука на судот по повод
вондреден правен лек или ако осуденото лице умрело во текот на постапката за
помилување.28

Кога со помилување изречената казна се заменува со условна осуда, соодветно ќе се


применуваат одредбите на Кривичниот законик за изрекување на условна осуда, нејзиното
дејство и отповикување, со тоа што времето на проверување не може да трае повеќе од
три години и што кон условната осуда не се одредува заштитен надзот, ниту на условн
осудениот му се наложува исполнување на посебни обврски.29

Кога со помилувањето се определува бришење на осудата, бришењето не е ограничено


со видот на кривичното дело, или со тоа колкава е висината на изречената казна.

Како и амнестијата се со цел за да се обезбеди сигурност во правниот промет,еднаш


донесена помилување не се повлекува.Тоа за жал се случи со повлекувањето на
помилувањето кое го донесе претседателот Ѓорге Иванов во 2016 година со кои беа
помилувани 22 политичари од вкупно 56 лица опфатени со помилувањето.

Заклучок

26
Член 8 од Законот за помилување
27
Член 9 од Законот за помилување
28
Член 10 од Законот за помилување
29
Член 12 од Законот за помилување
Амнестијата и помилувањето се значајни кривично-шравни институти,кои
овозможуваат решавање на конфликтни ситуации во опшеството.Меѓутоа се со цел да не
се злоупотребат ваквите институти,потребно е нивно правно регулирање,нивното
донесување да биде засновано врз закон,да биде направена добра анализа при нивното
донесување,се со цел да нема произволности и злоупотреби,особено политички.

Милоста државата ја дава раковедејќи се од повеќе причини и


тоа:пенолошки,крииминоплитички,хуманистички,возвишени,правичност,а најчесто како
резултат на политички причини.Токму поради тоа секогаш мора да се внимава истите да
бидат донесени во согласност со законот,и да се внимава на запазување на принципот на
правда и праведност,затоа што ваквите институти имаат за цел да ги помират
страстите,како и да ја разрешат конфликноста во опшеството а не да произведат
дополнителни конфликти.

Токму пример за тоа дека избрзано донесени одлуки за помилување и амнестија може
да донесат до дополнителни конфликти претставува нашата земја која токму преку
неколку донесените амнестии и помилувања,наместо да донесат мир,предизвикаја
конфликтна состојба.

Резиме-summry

Amnesty and pardon are important criminal law institutes, which by their adoption, not only
cause consequences for the persons covered by them,but also for the victimes of the crime.

Therefore, care must always be taken to ensure that their adoption is fair and legal,becouse
their aim is to reconciling society not to provoking new conflicts.

Most often, such institutes in our country, and especially amnesty, instead of being an
occasion for reconciliation of passions,they are creating political instability and conflicts in
society.
Користена литература

 Арнаудовски, Љ./ Груевска-Дракулевски, А. (2013) „Пенологија“ (прв и втор


дел), Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, 2 Август С Штип,
Скопје;
 Камбовски, В., „Казнено право – општ дел”, 2-ри Август, Скопје;
 Лазаревска, А/ „Социо – политички и правни аспекти на аболицијата во
меѓународната заедница”,магистарски труд 2017 Кичево
 Шкариќ, С./ Силјановска-Давкова, Г. (2009) „Уставно право“
(второ,дополнето и изменето издание),Култура 2009 Скопје;
 Thierry Debard, Dictionnaire de droit constitutionnel,Ellippses. Paris,2002,p.14
 The Code of Hammurabi, 1760 BC;

Правни акти

-Уставот на Репиблика Северна Македонија „Сл. весник на Република


Македонија,бр 52/1991;

-Кривичен законик, „Сл. весник на Република Македонија бр. 37/1996,


80/1999,

4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009,

51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014,

27/2014, 28/2014, 41/2014, 115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015;

- Закон за амнестија „Сл. весник на Република Македонија”бр.6/1999;

- Закон за амнестија „Сл. весник на Република Македонија”бр.18/2002:

- Закон за амнестија на граѓаните на Република Македонија „Сл. весник на


Република Македонија”бр.49/2003;

- Закон за амнестија „ Сл. весник на Република Северна Македонија


бр.223/2018;

- Закон за помилување „ Сл. весник на Република Македонија бр.99/2018


- Одлука за помилување-ослободување од гонење,без спроведување на
постапка Бр 08-537/1 и одлука Бр 08-535/1 од 12 април 2016 година Скопје

Страници на интернет

- http://www.pravdiko.mk/shto-sodrzhi-predlozheniot-zakon-za-amnestija/;

- http://sitel.com.mk/sobranieto-ne-go-izglasa-predlog-zakonot-za-amnestija; Објавенп 12 Нoември


2015, 17: 55;

- https://mk.wikipedia.org/wiki/Амнестија

-https://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2016/06/abolicijata-kako-praven-institut.pdf

You might also like