You are on page 1of 3

КОНТРОЛНИ ЗАДАЧИ ПО ГРАЃАНСКО ПРОЦЕСНО ПРАВО

VII и VIII

Име и презиме на студентoт:Војдан Узунов


Број на индекс и група на предавања: 47580-втора група

Напомена: За прашањата 1-6 означете го со жолто точниот одговор.

1. Ако од повеќе истакнати барања, врз основа на признание или одрекување,


само некои узреале за конечна одлука, или ако само еден дел од барањето
узреал за одлука:
а) судот е должен без одлагање да донесе делумна пресуда
б) судот може да донесе делумна пресуда
в) судот е должен да донесе меѓупресуда
г) судот е должен да донесе дополнителна пресуда
д) судот е должен да донесе целосна пресуда

2. Судот поради целесообразност може да донесе меѓупресуда:


а) ако тужениот ги оспорил и основот и износот на тужбеното барање, а во поглед
на износот работата узреала за донесување на одлука
б) ако тужениот ги оспорил и основот и износот на тужбеното барање, а во поглед
на основот работата узреала за донесување на одлука
в) ако врз основа на расправа узреале за конечна одлука само некои од повеќето
тужбени барања
г) ако врз основа на расправа узреал за конечна одлука само дел од тужбеното
барање
д) ако тужениот во одговорот на тужбата ги признал решителните факти, независно
од тоа што го оспорил тужбеното барање

3. Ако тужениот во одговорот на тужбата ги признал решителните факти,


независно од тоа што го оспорил тужбеното барање, судијата поединец или
претседателот на советот може:
а) да донесе пресуда поради неподнесување одговор на тужба
б) да донесе пресуда без одржување на расправа
в) да донесе пресуда врз основа на признание
г) да донесе пресуда врз основа на одрекување
д) да донесе дополнителна пресуда

4. По повод изјавена жалба, второстепениот суд може да ја укине


првостепената пресуда и да го врати предметот на повторно судење кај
првостепениот суд:
а) неограничен број пати
б) само еднаш
в) само двапати
г) по правило еднаш, а со дозвола на Врховниот суд на РМ најмногу двапати
д) второстепениот суд воопшто нема такво овластување

5. Ревизијата е:
а) несуспензивен редовен правен лек
б) суспензивен вонреден правен лек
в) ремонстративен вонреден правен лек
г) едностран редовен правен лек
д) деволутивен вонреден правен лек

6. Поради која од наведените причини предлогот за повторување на


постапката не е врзан за објективен рок и може секогаш да се поднесе?
а) ако на некоја странка со незаконито постапување, а особено со пропуштање на
доставувањето не и била дадена можност да расправа пред судот
б) ако одлуката на судот се заснова врз лажен исказ на сведок или вештак
в) ако одлуката на судот е се заснова врз исправа што е фалсификувана или во која
е заверена невистинита содржина
г) ако одлуката на судот се засннова на лажен исказ на сведок или вештак
д) ако до одлуката дошло поради кривично дело на судијата

7. Состави деклараторна/конститутивна/кондемнаторна тужба (по азбучен ред


според презимето, студентите со презиме што почнува со буква А – Ј да
состават деклараторна тужба, со презиме што почнува со буква К – Р да
состават конститутувна тужба, со презиме што почнува со буква С – Ш да
состават кондемнаторна тужба)

ДО
ОСНОВНИОТ СУД __Скопје__________________

ТУЖИТЕЛ:__Параскева Милеска_од Скопје со ЕМБГ:1234567891011__


(податоци за тужителот)

ТУЖЕН:_Христо Татарчев_од Скопје со ЕМБГ1110987654321


(податоци за тужениот)

ПРЕДМЕТ: Неплатена закупнина по повод изнајмен стан

ВРЕДНОСТ:___24000ден_________

ТУЖБА

На ден 20.03.2018, странките наведени во тужбата потпишуваат договор за закуп


на стан, во кој директно се наведува дека тужената странка ХТ ќе престојува и ќе му
биде наплатена рента од 6000ден месечно. Договорот кој го склучуваат самите
странки јасно налага дека истиот е склучен во времетраење од 36месеци. Првите
12, тужителот уредно си ги наплатува своите побарувања, но потоа со
започнувањето на 13тиот месец ниту едно од понатамошните побарувања не е
наплатено. Тужителот ПМ во рок од 4 месеци го толерира неплаќањето на
тужениот ХТ, но потоа согласно договорот кои тие го потпишале одлучува да го
наплати своето побарување по судски пат.

ДОКАЗ:Договор за закуп на стан потпишан помеѓу ПМ и ХТ на ден 20.03.2018год.

ПРЕСУДА

Тужбеното барање СЕ УСВОЈУВА.


СЕ УТВРДУВА дека тужениот Христо Татарчевж од Скопје, е должен да му
исплати на тужителот Параскева Мислеска од Скопје 24000ден поради неплатена
закупнина која истиот требало да ја подмири во месеци од 04.2019-07.2019год
.

Скопје, ___20.04.2020___________

You might also like