You are on page 1of 84

1.

Република Македонија ја ратификуваше Европската конвенција за


човекови права во:Република Македонија ја ратификуваше Европската Конвенција
за човекови права и основни слободи на 10 април 1997 година.
2. Критериумите за допуштеност на жалба до Европскиот суд за човекови
права од членот 35 став 1 се: Критериуми за прифатливост
1. Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни
правни средства, врз основа на општо прифатените принципи од меѓународното право
и во рок од 6 месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната интерна одлука.

3. До Европскиот суд за човекови права жалба може да поднесат:


Право на реална жалба
Секој човек, чии права и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени, има
право на жалба пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие
права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност.
- Член 34, Индивидуални жалби:
Судот прима жалби што му ги доставуваат физички лица, невладини
организации или група поединци кои се сметаат за жртва на повреда на правата
признаени во Конвенцијата или во нејзините протоколи што ја извршила една од
Високите страни договорнички. Високите страни договорнички се обврзуваат со
никаква мерка да не го спречуваат ефикасното вршење на ова право. Конвенцијата
прави разграничување помеѓу два вида на жалба: индивидуална жалба, поднесена
од страна на некое лице, група на поединци, компанија или невладина организација,
кои што поднесуваат жалбени наводи за повреда на неговите или нејзините права,
како и меѓудржавна жалба, поднесена од една држава против друга држава. Од
основањето на Судот, речиси сите жалби се поднесени од страна на поединци кои се
обратиле со нивните случаи директно до Судот, сметајќи се за жртви на една или
повеќе повреди на Конвенцијата.

4. Надлежен орган за извршување на пресудите на Европскиот суд за


човекови права во РМ е:За следење на извршувањето на одлуките на Судот се
формира Меѓуресорска комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за
човекови права (во натамошнот текст: Меѓуресорската комисија).
5. Во Европскиот суд за човекови права секоја од државите членки на
Советот на Европа е застапена со: -по еден судија (избрани од Парламентарното
собрание, со мнозинство гласови од листата на предложени тројца што ја доставува
земјата - членка).
6. Членот 2 од Европската Конвенција за човекови права се однесува
на: Право на живот
1. Правото на живот на секој човек е заштитено со закон. Никој не може намерно
да биде лишен од живот, освен со извршување на смртна казна, изречена со судска
пресуда, со која е прогласен за виновен за кривично дело кое, според законот, се
казнува со таква казна.
7. Членот 3 од ЕКЧП го гарантира: Забрана на мачење
Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко
постапување или казнување.
8. Според ЕКЧП, случаите во кои едно лице може да биде лишено од
слобода се таксативно наведени во:ЕКЧП, ЧЛЕН 5
Право на слобода и безбедност
1. Секој човек има право на слобода и на безбедност. Никој не смее да биде
лишен од слобода, освен врз основа на закон во долунаведените
случаи:
а. ако издржува казна затвор по пресуда на надлежниот суд;
б. ако бил уапсен или притворен поради противење на законскиот налог на
судот или со цел да се обезбеди извршување на со закон
пропишана обврска;
в. ако е уапсен или притворен поради приведување пред надлежна судска власт,
кога постои оправдано сомнение дека тоа лице извршило
кривично дело, или кога постојат оправдани причини тоа лице да се спречи да
изврши кривично дело, или по извршувањето на кривичното
дело да побегне;
г. ако се работи за притвор на малолетник врз основа на законска процедура,
заради воспитување под надзор или заради приведување пред
надлежна судска власт;
д. ако се работи за притвор на лице за да се спречи ширење на некоја заразна
болест, на ментално оболени лица, алкохоличари, наркомани и
скитници;
ѓ. ако се апси или притвора лице врз основа на закон, со цел да се спречи
илегално да влезе во земјата или лице против кое е во тек постапка
за протерување или израчување.

9. Правото на судење во разумен рок пред независен и непристрасен


суд е гарантирано со :ЕКЧП ЧЛЕН 6
Право на правична судска постапка
1. Секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и
непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите
граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични обвиненија против
него. Пресудата се изрекува јавно, а новинарите и публиката можат да бидат
исклучени за време на целата или на дел од постапката во интерес на моралот,
јавниот ред или националната безбедност во едно демократско општество, кога тоа го
наложуваат интересите на малолетник или заштитата на приватниот живот на
страните во спорот, или кога тоа судот го смета за неопходно затоа што во посебни
околности публицитетот би можел да им нанесе штета на интересите на правдата.

10. Со пресудата на ЕСЧП во случајот РАДКО v. RM, ЕСЧП констатирал


повреда на членот: Судот е задоволен дека имало вмешување во правата на
жалителот од член 11 од Конвенцијата за сметка на Одлуката на Уставниот суд, која
што довела, ipso jure, до распуштање на Здружението. Дотолку повеќе што тужената
Влада смета дека поништувањето на актите на Здружението претствува вмешување
Член 11 - Слобода на собирање и здружување
11. Кој орган во РМ е надлежен да решава за заштита на правото на судење во
разумен рок? Врховен суд на РМ.
12. Со пресудата во случајот Јашар v. РМ, ЕСЧП констатираше повреда
на членот: член 3 од Конвенцијата
- Утврди дека не постои повреда на член 3 од Конвнецијата во врска со
наводното нечовечко и деградирачко однесување;
- Утврди дека постои повреда на член 3 од Конвенцијата во врска со
неуспехот на надлежните органи да обезбедат ефикасна истрага во врска со
тврдењата на жалителот дека бил подложен на нечовечко и деградирачко
однесување во полицијата;
- Оваа процесна повреда дошла поради пасивноста на јавниот обвинител.
Единствената истражна мерка преземена од обвинителот било барање до
Министерството за внатрешни работи за дополнителни информации. Овој однос на
обвинителството го спречил жалителот за поведување постапка од страна на
жалителот како супсидијарен тужител и му го спречил пристапот до следната постапка
пред надлежниот суд...нечовечко однесување/тортура (процедурална повреда) и
неефикасна истрага
-Во овие околности, земајќи го во предвид недостатокот од било каква истрага во
врска со наводите на жалителот дека бил предмет на нечовечко и деградирачко
однесување од страна на  полицијата за време на приведувањето, Судот утврди дека
во конкретниот случај постои повреда на член 3 од Конвенцијата. Забрана на мачење -
Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување
или казнување.

13.Кој е рокот за жалба до Големиот судски совет ,согласно членот 43 од


ЕКЧП?Во рок од три месеци сметано од датумот на донесувањето на пресудата од
Судскиот совет, секоја страна во спорот, во исклучителни случаи, може да побара тој
да биде доставен пред Големиот судски совет.

14. Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП е: Орган на државната управа во


состав на Министерството за правда кој ги врши работите што се однесуваат на
застапувањето и постапувањето на РМ пред Судот и врши други стручни работи од
надлежност на Министерството
15. Европскиот суд за човекови права одлучува: Постојат две главни фази во
разгледувањето на случаи поднесени до Судот: фазата на допуштеност и фазата на
основаност на жалбата (односно, разгледување на суштината на жалбените наводи).
Во рамките на форматот на судија поединец, Судот ќе ја прогласи за недопуштена
жалбата чија што недопуштеност е јасна уште од самиот почеток. Оваа одлука не
може да се обжали. Одборите донесуваат конечна одлука или пресуда во случај кој
што е предмет на долго воспоставената судска практика на Судот. Еден од Судските
совети ќе ја информира за случајот Владата на засегнатата држава, за да истата ги
поднесе своите видувања во врска со случајот. Двете страни поднесуваат писмени
видувања. Потоа, Судот одлучува дали е соодветно да се одржи јавна расправа на
случајот во прашање. Сепак, имајќи го во предвид бројот на разгледувани жалби од
страна на Судот, оваа можност е исклучителна. На крајот, Судскиот совет ќе донесе
одлука која што ќе стане конечна само по истекувањето на рокот од три месеци за
време на кој жалителот или Владата може да побара упатување на случајот пред
Големиот судски совет за истиот да биде одново разгледуван. Доколку барањето за
упатување на случајот пред Големиот судски совет е прифатено од страна на Групата
од судии на Големиот судски совет, случајот ќе биде одново разгледуван и доколку е
неопходно, ќе се оддржи јавна расправа. Пресудата на Големиот судски совет ќе биде
конечна.Пресудите се со обврзувачки карактер: државите на кои се однесуваат
донесените пресуди имаат обврска да постапат во согласност со нив.
16. Членот 1 од ЕКЧП предвидува обврска за :-почитување на правата на
човекот.

17. „Никој не смее да биде држен во ропство или во ропска


зависност„ предвидува: Чл.4 ст.1 од ЕКЧП
18. Правото на едно лице да биде известено на јазикот што го разбира за
причините за лишувањето од слобода и за обвиненијата против него е
гарантирано со: ЕКЧП ЧЛЕН 6 Право на правична судска постапка (минимални права)

19. Правото на фер судење е загарантирано со :ЕКЧП ЧЛЕН 6 ст.1 Право на


правична судска постапка
20. Принципот „Nulla poena sine lege„ е предвиден во:ЧЛЕН 7 ст.1 од ЕКЧП
(нема казна без закон)
21. Правото на почитување на приватниот и семејниот живот се гарантира со:
ЕКЧП чл.8
22. Со членот 9 од ЕКЧП се гарантира : ЧЛЕН 9 Слобода на мислење, совест и
вера
1. Секој човек има право на слобода на мислите, совеста и верата. Ова право ја
вклучува слободата за промена на верата и убедувањето, како и слободата за
изразување на својата вера или убедување, сам или заедно со другите, јавно или
приватно, преку богослужба, поука, проповеди, верски обреди и ритуали.
2. Слободата за изразување на својата вера или на своите убедувања може да
биде предмет само на оние ограничувања што се предвидени со закон и кои
претставуваат мерки во интерес на јавната безбедност, поредокот, здравјето и
моралот или заштитата на правата и слободите на други, неопходни во едно
демократско општество.
23. Легитимните цели врз основа на кои е дозволено ограничување на
слободата на изразување се предвидени во -Чл.10 ст.2 од ЕКЧП:Остварувањето
на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да биде под
одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во
едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за државната
безбедност,
територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и
спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот
или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или
за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.
24. Правото на основање и придружување кон сидикатите за заштита на
интересите се гарантира со:ЧЛЕН 11 ст. 1 од ЕКЧП:Слобода на собирање и
здружување
1. Секој човек има право на слобода на мирно собирање и здружување со други,
вклучувајќи го и правото да основа синдикати и да им се придружува на синдикатите
за заштита на своите интереси
25. Со членот 13 од ЕКЧП државите имаат обврска ЧЛЕН 13 Право на реална
жалба-Секој човек, чии права и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени,
има право на жалба пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие
права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност.

26. Правото на сопственост е загарантирано со : Чл.1 од Протокол 1 кон


Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи-ЗАШТИТА НА
СОПСТВЕНОСТА.Секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на
својот имот. Никој не може да бпде лишен од својот имот, освен во јавен интерес и под
услови предвидени со закон и со општите принципи на меѓународното право.
Претходните одредби не навлегуваат во правото на државите да донесуваат закони
кои ги сметаат за неопходни за регулирање на користењето на имотот согласно
општиот интерес или заради сигурно плаќање на данокот, другите придонеси и
парични казни.
27. Домашниот правен лек за заштита на правото на судење во разумен рок
пред Врховниот суд на РМ беше прогласен за ефикасен „во принцип„ од страна
на ЕСЧП со:Имено, во ноември 2011 година, ЕСЧП преку одлуката во предметот
Аџиспирковска и др. против РМ, зазеде став дека домашниот правен лек за судење во
разумен рок пред Врховниот Суд на РМ, претставува во принцип ефикасен правен лек
во смисла на членот 13 од Конвенцијата, односно лек кој потенцијалните жалители
мора да го искористат во домашниот правен систем пред да се обратат во Стразбур.
- Судот прифати дека овој правен лек е ефективен во согласност со стандардите на
Конвенцијата и дека жалителите треба да го искористат пред да се жалат пред Судот
во Стразбур
28. Со одлуката во случајот Шурбаноска v. РМ, ЕСЧП констатираше дека:
- Апликацијата е недопуштена (не постојат наводи за повреда на правата право
на судење во разумен рок, дека апликацијата е неоснована и мора да биде одбиена
согласно чл.35 ст.З и 4)
- Недопуштеност на апликација за повреда на член 6 став 1(судење во разумен
рок) -изгубен статус на жртва на повреда
- Во вакви околности, Судот смета дека жалителите не можат да тврдат повеќе
дека се жртви на повреда на правото на судење во разумен рок загарантирано со
членот 6 став 1 од Конвенцијата во однос на компензаторни постапки. Соодветно ова
барање е очигледно неосновано и мора да биде одбиено во согласност со членот 35
став 3 и 4 од Конвенцијата.
- Судот ги разгледа овие барања. Сепак имајќи го предвид доказниот материјал
доставен на увид, како и надлежноста на Судот во однос на изнесените барања, Судот
утврди дека не постојат наводи за повреда на правата и слободите предвидени во
Конвенцијата или нејзините протоколи.
- Оттука следи дека овој дел од апликацијата е очигледно неоснована и мора да
биде одбиен во согласност во членот 35 став 3 и 4 од Конвенцијата.
29. Со пресудата во случајот Јашар v. РМ, ЕСЧП констатираше:
-Во овие околности, земајќи го во предвид недостатокот од било каква истрага во
врска со наводите на жалителот дека бил предмет на нечовечко и деградирачко
однесување од страна на  полицијата за време на приведувањето, Судот утврди дека
во конкретниот случај постои повреда на член 3 од Конвенцијата.
1.Утврди дека не постои повреда на член 3 од Конвнецијата во врска со
наводното нечовечко и деградирачко однесување;
2.Утврди  дека постои повреда на член 3 од Конвнецијата во врска со неуспехот
на надлежните органи да обезбедат ефикасна истрага во врска со тврдењата на
жалителот дека бил подложен на нечовечко и деградирачко однесување во
полицијата;
3.Утврди дека не е потребно да се разгледува жалбата на жалителот за
недостатокот на ефикасен правен лек од член 13 од Конвенцијата

30. Со пресудата во случајот Василковски и др. v. РМ, ЕСЧП констатираше


повреда на правото на слобода и безбедност од членот 5 на ЕКЧП поради:
1. Ја прогласува жалбата според член 5 став 3, која се однесува на недостаток
на доволни причини за притворање на жалителите, за допуштена, а остатоткот од
жалбата за недопуштен.
2. Смета дека е сторена повреда на членот 5 став 3 од Конвенцијата,
3. Смета дека наоѓањето на повредата на Конвенцијата, самото посебе
претставува доволен надомест за жалителите.
-Судот заклучи дека при потврдувањето на мерката притвор во одреден период
од притворот, националните судови кај сите жалители како причина употребиле
идентични формулации. Овој пристап посочуваше на заклучок дека властнте не
воделе сметка за индивидуалните околности на секој жалител и дека притворот бил
продолжуван со колективно решение за притвор. Практиката за издавање колективни
решенија за притвор е оценета како неспоива со членот 5, став 3 од Конвенцијата.21
Во предметот на Василкоски и на другите, барем од 15 февруари 2008 година,
потпирајќи се исклучително на сериозноста на престапот и можната казна властите го
продолжувале притворот на жалителите на основи што, иако соодветни, не може да се
сметаат за доволни.
31. Со пресудата во случајот Василковски и др. v. РМ, ЕСЧП констатираше
дека донесувањето на колективни решенија за притвор или продолжување на
истиот:-е неспоиво со членот 5, став 3 од Конвенцијата.Праксата за издавање на
колективни решенија за притвор веќе е најдена од страна на Судот за некомпатибилиа
самата по себе со членот 5 став 3 од Конвенцијата, доколку тоа дозволува
континуиран притвор за група на лица без поединечна проценка на основите за
притвор по однос на секој поединечен член на групата.
32. Со пресудата во случајот Бајалџиев v. РМ, ЕСЧП констатираше повреда на
правото на фер судење поради непристрасност на домашниот суд поради:
34. Во овој случај, загриженоста на жалителот во однос на непристрасноста на
Врховниот суд произлезе од фактот дека во неговиот совет бил вклучен
судијата В.К., кој претходно одлучувал по предметот како претседател на
советот на Апелационнот суд во донесување на одлуките од 19 јуни 1997 и 14
март 2001 (види погоре параграфи 9 и 12).
36. Судот прифати дека постоечката ситуација може да разбуди сомнеж кај
жалителот во однос на непристрасноста на Врховниот суд. Мора да се одлучи дали
тие сомнежи биле објективно оправдани. Одговорот на ова прашање зависи од
околностите на случајот.
37. Во тој поглед, Судот забележува дека домашните судови биле повикани да
одлучат по истото прашање низ постапките, имено, барањето на жалителот за
утврдување на ништовност на договорот за дар склучен помеѓу г-ѓа Н.Б и г-дин Ј.Б.
Точно е дека еден ист судија судел двапати во исто својство, прво како претседател
на судечкиот совет на Апелациониот суд, потоа како член на судечкиот совет на
Врховниот суд. Советот на Апелациониот суд, кога со него претседавал судијата В.К.,
ги донел двете одлуки од 19 јуни 1997 и од 14 март 2001 укинувајќи ги првостепените
одлуки во корист на жалителот. Судот не може да го прифати аргументот на Владата
дека укинувањето на тие одлуки било врз процесни основи, како што бил случајот со
одлуката на Апелациониот суд од 15 декември 1999 во чие донесување судиајта В.К.
исто така учествувал (види параграф 10 погоре). Двете одлуки биле донесени после
сеопфатно разгледување на случајот и по доставувањето на писмено изјаснување на
тужениот. Апелациониот суд во двата наврати, дал конкретни инструкции за правилна
примена на материјалното право (види параграфи 9 и 12 погоре). Одлуката на
Врховниот суд од 18 мај 2005 со која било одбиено барањето за заштита на
законитоста и против одлуката што беше неповолна за жалителот, цитираше
релевантни делови од одлуката на Апелациониот суд од 14 март 2001 (види
параграфи 12 и 18 погоре). Дека судијата В.К. не учествувал во донесувањето на
одлуката што била оспорена со барањето за заштита на законитоста не е важно
бидејќи таа веќе имала формиран став за основаноста на барањето на жалителот
пред случајот да се поднесе до Врховниот суд.
38. Во такви околности, Судот смета дека постои објективна оправданост за
мислењето на жалителот дека судијата В.К. ја немала потребната непристрасност до
она ниво неопходно согласно членот 6 од Конвенцијата.
39. Следствено, постои повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата.

33.Во случајот Спасовски v. РМ, ЕСЧП констатираше повреда на членот 6 став 1


од ЕКЧП поради повреда на: Ги прогласува за допуштени жалбените наводи кои се
однесуваат на правото на пристап до судот на жалителот, додека останатите жаблени
наводи за недопуштени (Судот забележува дека, единствената причина на која се
потпреле домашните судови одбивајќи ја тужбата на жалителот била дека, тој не го
упатил неговото тужбено барање против соодветниот тужен во постапката. Додека
првостепениот суд сметал дека тужен во постапката била државата, Апелациониот
суд пак сметал дека тоа е општината. Заради тоа, судовите во два наврати
расправале по предметот за потполно исти процесни основи, без притоа да
расправаат за суштината на спорот. Судот смета дека, како резултат на
спротивставените гледишта на домашните судови, жалителот целосно бил попречен
од утврдување на основот на неговото тужбено барање од страна на суд).

34. Во предметотот Стоименов v. RM, ЕСЧП утврдил повреда на


принципот на „еднаквост на оружјата„ кој е составен дел од гаранциите
предвидени во: - чл.6 ст.1 од ЕКЧП.Судот потсетува дека принципот на еднаквост на
оружјата е дел од еден поширок концепт на правично судење во смисла на членот 6
став 1 на Конвенцијата. Тој подразбира “фер баланс“ помеѓу страните; секоја страна
мора да добие разумна можност да го презентира својот случај под услови кои не ја
ставаат во понеповолна положба наспроти спротивната страна.

35. Во пресудата во случајот Атанасов v. РМ (бр. 2), ЕСЧП констатирал


повреда на членот 6 од ЕКЧП во делот на:Ја прогласува жалбата за допуштена во
делот што се однесува на пропустот на домашните судови да го сослушаат г-дии Г.А;
а во останатиот дел за недопуштена;Утврдува дека имало повреда на членот 6
ставовите 1 и 3(г) од Конвенцијата.
36. Во пресудата во случајот Трајче Стојановски v. РМ, ЕСЧП
констатирал повреда на:Судот заради тоа смета дека континуираното држење на
жалителот во болницата по преоценката на мерката од 2003 година, не се покажало
дека е неопходно со оглед на фактите, и дека заради тоа е неоправдано во смисла на
членот 5 став 1 (д) (лишување од слобода ако се работи за притвор на лице за да се
спречи ширење на некоја заразна болест, на ментално оболени лица, алкохоличари,
наркомани и скитници) од Конвенцијата. Според тоа, има повреди на оваа
одредба.Право на слобода и безбедност- Секој човек има право на слобода и на
безбедност. Никој не смее да биде лишен од слобода, освен врз основа на закон во
долунаведените случаи: д. ако се работи за притвор на лице за да се спречи ширење
на некоја заразна болест, на ментално оболени лица, алкохоличари, наркомани и
скитници;
37. Со пресудата во случајот Николов v. РМ, ЕСЧП констатираше повреда на
правото на фер судење поради непристрасност на домашниот суд поради:
- Судот прифаќа дека вработувањето на сопругата на судијата кај тужениот раѓа
сомнеж кај жалителот во врска со непристрасноста на судијата.
- Судот нотира, прво, дека судијата не го известил Претседателот на судот за
вработувањето на неговата сопруга кај тужениот, како што е предвидено во член 66
став 2 од Законот за парнична постапка, кој пак, треба да одлучи дали треба да биде
изземен. Дури и во отсуство на било каква финансиска врска помеѓу судијата и
тужениот, фактот дека неговата сопруга била вработена кај тужениот треабло да го
алармира за можноста за постоење на сомнеж и требало да достави известување
согласно член 66 став 2. Жалителот не можел да бара негова дисквалификација од
одлучување поради причините дадени во одлуката за допуштеност од 9 октовмри 2002
година донесена во конкретниот предмет. Второ, Апелациониот суд не одлучувал по
наводите на жалителот во врска со пристрасноста на судијата. Ова можеби поради
домашното право, барањето за изземање мора да се поднесе најдоцна до
завршувањето на првостепеното судење (види член 67 од Законот за парнична
постапка, во точка 15 погоре). Како и да е, кога жалителот го покренал прашањето
пред Апелациониот суд, тој му дал на истиот суд можност да го прекине сомнежот во
врска со неговите грижи за недостатокот на непристрасност на страната на судијата.
Неуспехот на Апелациониот суд да коментира, можеби го потврдиле впечатокот на
жалителот. На крај, изземањето на судијата од други предмети во кои тужениот бил
странка го подржува заклучокот дека сомнежите на жалителите биле објективно
оправдани.
- Судот смета дека, земајќи ги во предвид околностите на конкретниот предмет,
постои објективно оправдување за стравувањето на жалителот дека судијата имал
недостаток на бараната непристрасност во мера потребна согласно член 6 од
Конвенцијата.
- Конкретно, постои повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата.

38. Еден од критериумите за оценка на разумноста на траењето на домашната


судска постапка, според праксата на ЕСЧП е: Судот ќе ја оцени разумноста на
должината на постапката во светло на посебните околности на случајот, земајќи ја во
предвид:
- неговата сложеност,
- однесувањето на жалителот
- и на органите надлежни за случајот
- засегнатиот интерес на жалителот во спорот (значење на предметот за
подносителот)
39. Согласно праксата на ЕСЧП, меѓу постапките кои се сметаат за итни се
и:Некои жалби може да бидат квалификувани како итни и нивното решавање е
приоритетно. Ваква е ситуацијата, особено во случаи каде што има наводи од страна
на жалителот дека тој или таа се соочува со непосредна опасност од физичка
повреда.

40. Согласно праксата на ЕСЧП, во парничните постапки, должината на


постапката почнува да се смета од: иницирањето на постапката со поднесување на
тужбата.
41. Пред Европскиот суд за човекови права, во име на државата истапува:
Бирото за застапување на РМ - владин агент
42. Согласно Законот за застапување на РМ пред ЕСЧП, орган во чија
надлежност е застапувањето на Владата на РМ пред ЕСЧП е: Биро за застапување
на РМ пред ЕСЧП, кој е орган на државната управа во состав на Министерството за
правда.
43. Согласно Законот за извршување на одлуките на ЕСЧП, меѓуресорската
комисија се состанува: По потреба, а најмалку еднаш на три месеци.

44. Согласно Законот за извршување на одлуките на ЕСЧП со меѓуресорската


комисија за извршување на одлуките раководи: Министерот за правда на РМ.
45. Барање за повторување на правосилно завршена домашна парнична
постапка може да се поднесе во рок од 30 дена во случај кога: Кога Европскиот
суд за човекови права ќе утврди повреда на некое човеково право или на основните
слободи предвидени во Европската конвенција за заштита на основните човекови
права и слободи и во Дополнителните протоколи на Конвенцијата, кои Република
Македонија ги ратификувала, странката може во рок од 30 дена од конечноста на
пресудата на Европскиот суд за човекови права да поднесе барање до судот во
Република Македонија кој судел во прв степен во постапката во која е донесена
одлуката со која е повредено некое од човековите права или основните слободи за
измена на одлуката со која тоа право или основна слобода е повредена.
(2) Во постапката од ставот (1) на овој член соодветно се применуваат
одредбите за повторување на постапката.
(3) Во повторувањето на постапката судовите се должни да ги почитуваат
правните ставови изразени во конечната пресуда на Европскиот суд за човекови права
со која е утврдена повреда на основните човекови права и слободи.

46. Согласно Европската конвенција за заштита на човековите права,


надлежен орган за вршење на мониторинг врз државите членки на Советот на
Европа во делот на извршувањето на конечните пресуди на ЕСЧП е: Конечната
пресуда на Судот му се доставува на Комитетот на министрите којшто го надгледува
нејзиното извршување.
47. Трите правила развиени во судската пракса на Европскиот суд за
човекови права во рамките на членот 1 од Протоколот бр.1 на ЕКЧП кои се
користат за определување на природата на попречувањето на правото на
сопственост се следниве:ЧЛЕН 1
ЗАШТИТА НА СОПСТВЕНОСТА
Секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на својот имот.
Никој не може да бпде лишен од својот имот, освен во јавен интерес и под услови
предвидени со закон и со општите принципи на меѓународното право.
Претходните одредби не навлегуваат во правото на државите да донесуваат
закони кои ги сметаат за неопходни за регулирање на користењето на имотот согласно
општиот интерес или заради сигурно плаќање на данокот, другите придонеси и
парични казни.
(контролирање на користењето на имотот во согласност со општите
интереси)

48. Членот 7 од ЕКЧП го гарантира следново правно начело: „Nulla poena sine
lege“ односно „Нема казна без закон“Нема казна без закон
1. Никој не може да биде осуден за дело сторено со чинење или нечинење кое
според внатрешното или меѓународното право, во моментот на извршувањето, не
претставувало кривично дело. Исто така, изречената казна не може да биде потешка
од онаа што се применувала во моментот на извршувањето на кривичното дело.
2. Овој член не влијае на пресудата или казната за лице кое е виновно за чинење
или нечинење, ако тоа дело во моментот на извршувањето претставувало кривично
дело според општите правни начела признати од цивилизираните народи.

49. Членот 3 од Протоколот бр.1 на ЕКЧП го гарантира правото на слободни


избори: Високите страни договорнички се обврзуваат во разумни интервали да
организираат слободни избори со тајно гласање, под услови што му овозможуваат на
народот слободно да го изрази своето мислење за изборот на законодавнототело.

50. Кое од наведените права не е изречно предвидено со текстот на членот 6 од


ЕКЧП-Право на правична судска постапка
1. Секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен
со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и
обврски или основаноста на какви било кривични обвиненија против него. Пресудата
се изрекува јавно, а новинарите и публиката можат да бидат исклучени за време на
целата или на дел од постапката во интерес на моралот, јавниот ред или
националната безбедност во едно демократско општество, кога тоа го наложуваат
интересите на малолетник или заштитата на приватниот живот на страните во спорот,
или кога тоа судот го смета за неопходно затоа што во посебни околности
публицитетот би можел да им нанесе штета на интересите на правдата.
2. Секој кој е обвинет за кривично дело се смета за невин сé додека неговата вина не
се докаже по законски пат.
3. Секој обвинет ги има следните минимални права:
а. веднаш, на јазикот што го разбира, да биде детално известен за природата и
причините на обвинението подигнато против него;
б. да му се обезбедат време и услови неопходни за подготвување на неговата
одбрана; в. да се брани самиот или со помош на бранител по свој избор, а доколку не
располага со средства да плати бранител, да добие бесплатен службен адвокат кога
тоа го наложуваат интересите на правдата;
г. самиот да ги сослуша или да бара сослушување на сведоците на обвинението и да
бара повикувањето и сослушувањето на сведоците на одбраната да биде под услови
што важат и за сведоците на обвинението;
д. да користи бесплатна помош од преведувач, доколку не го разбира или не го
зборува јазикот на кој се одвива судењето.
51. Според надлежноста Европскиот суд за човекови права:Надлежноста на
Судот се протега на сите прашања во врска со интерпретацијата и примената на
Конвенцијата и на нејзините протоколи што ќе му бидат доставени според условите
предвидени во членовите 33, 34, 46 и 47. 2. Во случај на спор во врска со надлежноста
на Судот, одлучува Судот.Судот не може да започне со спроведување на случаи по
сопствен предлог. Тој е надлежен да ги разгледува наводите за повреда на
Европската конвенција за човекови права, постапувајќи по индивидуални или
меѓудржавни жалби.

52. Членот 3 од ЕКЧП согласно судската пракса на ЕСЧП содржи два аспекти
процесен и материјален аспект.
53. Процесниот аспект на членот 3 се однесува на: спроведување на ефективна
истрага од страна на националните државни органи која ќе овозможи утврдување на
фактите и идентификување и казнување на одговорните.

54. Материјалниот аспект на членот 3 се однесува на : заштита во апсолутна


смисла од мачење и нехумано однесување (државата мора да ги регулира
безбедноста и надзорот на активноста и мора да предвидува обврска сите засегнати
страни да преземат практични мерки за да обезбедат ефективна заштита на граѓаните
чии животи може да бидат доведени во опасност од постојните ризици)
55. Позитивна обврска која произлегува од членот 3 од ЕКЧП се
однесува на:спроведувањето на ефективна истрага (мора да се има воспоставен
систем на истрага)

56. Членот 13 од ЕКЧП гарантира: Право на реална жалба.Секој човек, чии права
и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени, има право на жалба пред
националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја
сториле лица при вршење на службена должност.

57. Принципот на еднаквост на оружјата произлегува од -ЧЛЕН 6 од ЕКЧП, а


тоа е - право на правична судска постапка
58. Принципот на „еднаквост на оружјата“, значи: Принципот на
еднаквост на оружјето, како елемент на правичното сослушување, претпоставува
воспоставување конкретни правила за заштита на обвинетиот од власта за тој да не
страда од одредени пропусти и нејаснотии, а да може да добие еднаков третман како
и спротивната страна –обвинителството. Примената на овој принцип се проверува и
во практиката и не е доволно само теоретски да се презентира.
-правилата околу изведувањето на доказите во делот на нивната допуштеност и
на оценувањето примарно се во надлежност на државата. Во принцип секоја држава
треба сама да ги утврди правилата. За ЕСЧП прашање е дали постапката во целина
била правична. Во оваа оценка влегува и начинот на кој е дојдено до доказите. Ако 
употребата на незаконски добиените  докази судењето го прави неправично, тогаш 
правото на правично сослушување се доведува во прашање. Ова не треба да се
изедначи со принципот за недопуштеност на доказите, ако истите биле добиени по пат
на мачење. Употребата  на доказите добиени со тортура го прави судењето
неправично.
- принципот на еднаквост на оружјата значи дека на секоја од странките мора да
и биде дадена разумна можност да го претстави својот случај - вклучувајќи ги и
доказите- под исти услови кои што не го/ја ставаат него/нејзе во суштинска
понеповолна положба vis-a-vis неговиот/нејзиниот противник
- поаѓа од идејата за фер рамнотежа во однос на учесниците во постапката
-секоја страна мора да добие разумна можност да го презентира својот случај
под услови кои не ја ставаат во понеповолна положба иаспроти спротивната страна

59. Дали преголемиот број на предмети во домашниот суд може да


претставува оправдување за долгото и неразумно траење на судските постапки?
Не
60. Како почеток на рокот на траењето на должината на кривичната
постапката во смисла на правото на судење во разумен рок, се смета:
поднесувањето на обвинението.
61. Кај граѓанските постапки при определувањето на должината на
постапката во смисла на членот 6 од ЕКЧП во предвид се зема и периодот за
извршување на судската одлука -Да.

62. Врховниот суд на РМ при одлучување по барање за заштита на


правото на судење во разумен рок Ако Врховниот суд утврди повреда на
правото за судење во разумен рок со решението ќе определи рок во којшто судот,
пред кого постапката е во тек, мора да одлучи за правото, обврската или кривичната
одговорност на подносителот на барањето и ќе досуди правичен надоместок за
поднесителот на барањето заради повреда на неговото право за судење во разумен
рок.
(1) По приемот на барањето од членот 36 став (1) на овој закон Врховниот суд
на Република Македонија веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена ќе побара од
првостепениот суд да достави препис на списите од предметното досие, а по потреба
и изјаснување од повисокиот суд за времетраење на постапката пред него.
(2) Врховниот суд на Република Македонија по барањето од членот 36 став (1)
на овој закон одлучува во совет од тројца судии на нејавна седница, но по исклучок
судот може да одлучи да ги сослуша подносителот на барањето и претставникот
на судот чија постапка е предмет на поднесеното барање.
(3) Против решението на советот на Врховниот суд на Република
Македонија, незадоволната страна има право во рок од осум дена сметано од денот
на приемот на решението да поднесе жалба до Врховниот суд, кој одлучува по истата
согласно со членот 35 став (1) точка 1 од овој закон.
- ги применува правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за
човекови нрава и основни слободи и тргнувајќи од судската пракса на Европскиот суд
за човекови права
- одлучува дали понискиот суд го повредил правото за судење во разумен рок,
притоа имајќи ги предвид правилата и принципите утврдени со Европската конвенција
за човекови права и основни слободи, а особено сложеноста на предметот,
однесувањето на странките во постапката и однесувањето на судот кој постапувал,
- Ако Врховниот суд утврди повреда на правото за судење во разумен рок со
решението ќе определи рок во којшто судот, пред кого постапката е во тек, мора да
одлучи за правото, обврската или кривичната одговорност на подносителот на
барањето и ќе досуди правичен надоместок за поднесителот на барањето заради
повреда на неговото право за судење во разумен рок
- веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена ќе побара од првостепениот суд да
достави препис на списите од предметното досие, а по потреба и изјаснување од
повисокиот суд за времетраење на постапката пред него.
- одлучува во совет од тројца судии на нејавна седница, но по исклучок судот
може да одлучи да ги сослуша подносителот на барањето и претставникот на
судотчија постапка е предмет на поднесеното барање.

63. Брањето за заштита на правото на судење во разумен рок може да се


поднесе: Странката која смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење
во разумен рок, има право да поднесе барање за заштита на правото на судење во
разумен рок до непосредно Врховниот суд на Република Македонија.Барањето
странката може да го поднесе во текот на постапувањата пред домашните судови, а
најдоцна шест месеца сметано од денот на правосилноста на одлуката.
64. При оценка на ефикасноста на домашното правно средство пред
Врховниот суд на РМ за заштита на правото на судење во разум рок, ЕСЧП во
согласност со својата судска пракса во предвид ги имаше: должината на
постапката и висината на надоместокот
65. ЕКЧП во судската пракса на ЕСЧП се нарекува „жив инструмент„ -
Поради вториот искпучок од принципот на субсидијарност (почитувањето и заштитата
на правата опфатени со конвенцијата пред се и најнапред се задача на земјите
договорнички, а дури потоа претставуваат обврска на Европскиот суд), а тоа
е....принципот на еволутивна интерпретација, кој подразбира дека Конвенцијата е жив
инструмент кој мора да се интерпретира во реалннте услови на денешницата
-Ставовите на судот во однос на опсегот на определени права од Конвенцијата
еволуирале низ годините и децениите (На овој начин, Судот ги проширува признатите
права, применувајќи ги во ситуации кои што не биле придвидливи кога Конвенцијата
била првично усвоена.)
66. Принципот на субсидијарност на ЕКЧП меѓудругото значи дека:
-(почитувањето и заштитата на правата опфатени со конвенцијата пред се и
најнапред се задача на земјите договорнички, а дури потоа
претставуваат обврска на Европскиот суд)
-Системот на Европската конвенција за човекови права и основни слободи пак,
има интернационален пристап многу поразличен од привидниот државниот модел,
односно претставува правен систем заснован на хармонизација. Имено, Европската
конвенција за човекови права и основни слободи не обезбедува каква било
супранационална законодавна власт, заради што, во надлежност на Европскиот суд за
човекови права е исклучиво да го цени и надгледува однесувањето на државите во
однос на правата и слободите загарантирани со Конвенцијата. Како последица на ова,
субсидијарноста во овој контекст е облик на комплементарна субсидијарност во која
постои овластување на Европскиот суд за човекови права да интервенира само во
оние случаи во кои што домашните институции не се во состојба да овозможат
ефективиа заштита на правата загарантирани со Конвенцијата.
-Принцип на супсидијарност - Супсидијарноста подразбира создавање
усогласено законодавство и ефикасни механизми на национално ниво за
спроведување *на практиката на судските и на квазисудските механизми, првично
практиката на Судот.

67. Слободата на изразување претставува дел од групата на права кои ги


гарантира ЕКЧП и:Устав на РМ член 16-Се гарантира слободата на уверувањето,
совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на
говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции
за јавно информирање.Се гарантира слободниот пристап кон информациите,
слободата на примање и пренесување на информации.Се гарантира правото на
одговор во средствата за јавно информирање.Се гарантира правото на исправка во
средствата за јавно информирање.Се гарантира правото на заштита на изворот на
информацијата во средствата за јавно информирање.Цензурата е забранета.
ЕКЧП-Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа
слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или
идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува
државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим
на дозволи за работа. 2. Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и
одговорности, може да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и
санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат
мерки неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната
безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата
на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на
ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и
непристрасноста на судството.

68. Долгиот притвор може да претставува повреда на : Член 5 од ЕКЧП право


на слобода и безбедност.
69. ЕСЧП одлучува за :Co цел да се обезбеди почитување на обврските што за
Високите страни договорнички произлегуваат од оваа Конвенција и нејзините
протоколи, се основа Европски суд за правата на човекот, во натамошниот текст “Суд”.
Тoј ќе функционира постојано. Надлежноста на Судот се протега на сите прашања во
врска со интерпретацијата и примената на Конвенцијата и на нејзините протоколи што
ќе му бидат доставени според условите предвидени во членовите 33, 34, 46 и 47. 2.Во
случај на спор во врска со надлежноста на Судот, одлучува Судот. На барање на
Советот на министрите, Судот може да дава советодавни мислења за правни
прашања во врска со интерпретацијата на Конвенцијата и на нејзините протоколи.
Судот одлучува дали барањето советодавно мислење доставено од Советот на
министрите е во негова надлежност утврдена во членот 47. Очигледно недопуштените
жалби се разгледуваат од страна на судија поединец. Одбор од тројца судии може, со
едногласна одлука, да одлучи во врска со допуштеноста и основаноста на случаите
чие што предметно прашање е веќе предмет на долго воспоставената судска практика
на Судот. Одредена жалба може исто така да биде ставена за разгледување пред
Судски совет од седум судии, кој што одлучува со мнозинство гласови, најчесто за
допуштеноста и основаноста на случаите. Исклучително, Големиот судски совет од
седумнаесет судии разгледува случаи кои што му се доставени со отстапување на
надлежноста од страна на одреден Судски совет или кога е прифатено барањето за
упатување на случај пред Големиот судски совет.
70. Повредата на ЕКЧП може да потекнува од: Судот не може да започне со
спроведување на случаи по сопствен предлог. Тој е надлежен да ги разгледува
наводите за повреда на Европската конвенција за човекови права, постапувајќи по
индивидуални или меѓудржавни жалби.
71. Начинот на одвивање на постапката пред Европски суд за човекови
права:Конвенцијата прави разграничување помеѓу два вида на жалба: индивидуална
жалба, поднесена од страна на некое лице, група на поединци, компанија или
невладина организација, кои што поднесуваат жалбени наводи за повреда на неговите
или нејзините права, како и меѓудржавна жалба, поднесена од една држава против
друга држава. Жалбите пред Судот може да бидат поднесени само против една или
повеќе држави кои што ја ратификувале Конвенцијата. Секоја поднесена жалба, на
пример, против друга држава или против поединец, ќе биде прогласена за
недопуштена. Постојат две главни фази во разгледувањето на случаи поднесени
до Судот: фазата на допуштеност и фазата на основаност на жалбата (односно,
разгледување на суштината на жалбените наводи). Самата обработка на жалбата
поминува исто така низ неколку различни фази. Во рамките на форматот на судија
поединец, Судот ќе ја прогласи за недопуштена жалбата чија што недопуштеност е
јасна уште од самиот почеток. Оваа одлука не може да се обжали. Одборите
донесуваат конечна одлука или пресуда во случај кој што е предмет на долго
воспоставената судска практика на Судот. Еден од Судските совети ќе ја информира
за случајот Владата на засегнатата држава, за да истата ги поднесе своите видувања
во врска со случајот. Двете страни поднесуваат писмени видувања. Потоа, Судот
одлучува дали е соодветно да се одржи јавна расправа на случајот во прашање.
Сепак, имајќи го во предвид бројот на разгледувани жалби од страна на Судот, оваа
можност е исклучителна. На крајот, Судскиот совет ќе донесе одлука која што ќе стане
конечна само по истекувањето на рокот од три месеци за време на кој жалителот или
Владата може да побара упатување на случајот пред Големиот судски совет за истиот
да биде одново разгледуван. Доколку барањето за упатување на случајот пред
Големиот судски совет е прифатено од страна на Групата од судии на Големиот
судски совет, случајот ќе биде одново разгледуван и доколку е неопходно, ќе се
оддржи јавна расправа. Пресудата на Големиот судски совет ќе биде конечна.

72. Кое од наведените права на ЕКЧП во никој случај не може да биде


предмет на ограничување од страна на државите-Правата и слободите признати со
Конвенцијата ги вклучуваат правото на живот, правото на правична судска постапка,
правото на почитување на приватниот и семејниот живот, слободата на изразување,
слободата на мислење, совест и вера, како и заштитата на сопственоста.
Конвенцијата особено забранува мачење и нечовечко или понижувачко постапување
или казнување, принудна работа, арбитрерно и незаконито лишување од слобода и
дискриминација во уживањето на правата и слободите признаени со Конвенцијата .

Устав на РМ-Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на


правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и
казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата
на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.

73. Кое од наведените права на ЕКЧП во никој случај не може да биде


предмет на ограничување од страна на државите Правата и слободите признати со
Конвенцијата ги вклучуваат правото на живот, правото на правична судска постапка,
правото на почитување на приватниот и семејниот живот, слободата на изразување,
слободата на мислење, совест и вера, како и заштитата на сопственоста.
Конвенцијата особено забранува мачење и нечовечко или понижувачко постапување
или казнување, принудна работа, арбитрерно и незаконито лишување од слобода и
дискриминација во уживањето на правата и слободите признаени со Конвенцијата.

Устав на РМ-Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на


правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и
казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата
на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.

74. Пресудата со кое е констатирана повреда на правото на судење во


разумен рок од членот 6 на Европската конвенција за човекови права може да
се изврши, а повредата да се исправи во делот на индивидуалните мерки:
Индивидуални мерки кои се однесуваат и се насочени кон апликантот. Тие се
насочени кон одстранување на последиците кои апликантот ги трпел како последица
на повредите на Конвенцијата костатирани во пресудата на ЕСЧП, и имаат за цел
постигнување, на “restitutio in integrum” (враќање во поранешна состојба) во најголема
можна мера.Обврската за преземање на индивидуални мерки има два аспекти: прво,
државата во принцип има обврска на апликантот да му исплати определeн паричен
износ на име правично обештетување, односно надомест за штета за констатираната
повреда на Конвенцијата, а досуден од страна на ЕСЧП во согласност со членот 41 од
Конвенцијата.Вториот аспект се однесува на фактот дека последиците од повредата
не секогаш се соодевтно ремедирани исклучиво со исплатата на правичното
обештетување во износ досуден од страна на ЕСЧП или пак со самото констатирање
на повреда на ЕКЧП. Во зависност од околностите, обврската за restitutio in integrum,
може да бара преземање понатамошни мерки како на пример, повторување на
постапката за која ЕСЧП констатирал дека била спороведена спротивно на членот 6
од Конвенцијата  (право на правично судење).

75. Која од наведените мерки претставува индивидуална мерка за


извршување на пресуда на Европски суд за човекови права: Индивидуалните
мерки може да се групираат во две подгрупи: фискални - односно исплата на парични
средства, доколку такви се досудени-обврската за исплата на отштетата спаѓа во
системот на индивидуални мерки и таа е врзана со рок кој истекува во период од три
месеци од денот на правосилноста на одлуката; и поединечни правни мерки, што
подразбира можност на жалителот во рамки на домашниот правен систем да ја
исправи неправдата која била основ за поднесување на жалбата пред Европскиот суд
(тоа најчесто значи можност за повторување или обновување на постапките пред
домашните судови).
76. Извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права
може да подразбира:Кога Судот ќе донесе пресуда во која што утврдува дека постои
повреда, тој го пренесува случајот на Комитетот на министри при Советот на Европа.
Истиот се советува со засегнатата држава и со одделот надлежен за извршување на
пресуди со цел да се одлучи на кој начин пресудата ќе биде извршена и како да се
спречат во иднина слични повреди на Конвенцијата. Конкретно, ова значи дека ќе
бидат преземени општи мерки, особено измени на законите, како и поединечни мерки,
доколку е тоа неопходно.
-исплата на досудените средства на жалителите како правична оштета
-усвојување и превземање на поединечни и општи мерки, заради отстранување
на повредата и последиците од истата, како и на причините поради кои таа настанала
(измени и дополнувањана закони, измени на постапувањето на надлежните субјекти,
правна експертиза ма законските проекти, стручно оспособување и усовршување на
судиијавни обвинители и др.лица поврзани соизвршување на законите и други)
-соодветно спречување исти или слични повреди

77. Која од наведените мерки преставува општа мерка за извршување на


пресуда на Европскиот суд за човекови права?
- Член 26 и член 27, Закон за извршување на одлуките на Европскиот суд за
човекови права, Општи мерки:
Член 26
Ако со одлука на Судот се констатира дека утврдената повреда произлегува од
закон, друг пропис или практика на субјектите од членот 24 став 1 на овој закон, им се
препорачува преземање на општи мерки за надминување на недостатокот, што довел
до поднесување на жалба пред Судот и соодветно спречување исти или слични
повреди утврдени од Судот.
Член 27
Општи мерки во смисла на членот 26 од овој закон се:
1. измени и дополнувања на законите и другите прописи поради кои настанала
утврдената повреда и следење на нивната примена;
2. измени во постапувањето на надлежните субјекти во согласност со закон;
3. обезбедување правна експертиза на законските проекти;
4. стручно оспособување и усовршување на судиите, јавните обвинители,
адвокатите, вработените во органите на државната управа, вработените во
миграционите служби и други категории на вработени чија работа е поврзана со
извршување на законите и другите прописи, а со цел за соодветна примена на
Конвенцијата и судската пракса востановена од Судот и
5. други мерки определени во согласност со одлуката на Судот за спречување на
повреди на Конвенцијата со цел за отстранување на недостатоците од системски
карактер и обезбедување на обесштетување за последиците од повредите, а под
надзор на Комитетот на министри на Советот на Европа.

Годишен Извештај на Министерство за правда 2009, стр.16:


Општите мерки неопходно е да се преземат во случаите кога Европскиот суд
констатира системски проблеми во законодавството или практиките во државата,
или пак со серија пресуди констатира иста или слична повреда на одредени
права загарантирани со Конвенцијата од страна на државата. Овие мерки се
преземаат со цел за отстранување на евентуалните системски пречки, за кои се
смета дека генерираат повреди на правата на граѓаните загарантирани со
Конвенцијата. По однос на Република Македонија, со неколку пресуди на Судот се
констатираат системски проблеми кои доведуваат до повреда на правото од членот 6
став 1 од Конвенцијата, со посебен акцент на правото на судење во разумен рок.

78. Целта на општите мерки за извршување на пресудите на


Европскиот суд за човекови права со кои се констатира повреда на Европската
конвенција за човекови права е:отстранување на евентуалните системски пречки,
за кои се смета дека генерираат повреди на правата на граѓаните загарантирани со
Коивенцијата.

79. Врховниот суд на Република Македонија има надлежност да констатира


повреда на правото на судење во разумен рок- Да
80. Кај управните постапки при пресметувањето на должината на трењето на
постапката за целите на членот 6 на Европскиот суд за човекови права во
предвид се зема:
комплексноста (сложеноста) на предметот (complexity of the case),
- значењето на предметот за подносителот на барањето (what is at stake of
applicant,
- однесување на националните власти (conduct of authorities),
- однесување на подносителот на барањето (conduct of applicants).

81. Предметот пред Европски суд за човекови права се смета за


извршен во моментот-Судскиот совет ќе донесе одлука која што ќе стане конечна
само по истекувањето на рокот од три месеци за време на кој жалителот или Владата
може да побара упатување на случајот пред Големиот судски совет за истиот да биде
одново разгледуван. Доколку барањето за упатување на случајот пред Големиот
судски совет е прифатено од страна на Групата од судии на Големиот судски совет,
случајот ќе биде одново разгледуван и доколку е неопходно, ќе се оддржи јавна
расправа. Пресудата на Големиот судски совет ќе биде конечна.
- со донесување на резолуција од Комитетот на министри дека државата ја
спровела одлуката/ги исполнила своите обврски

82. Дали постапката пред Европскиот суд за човекови права, поведена со


индивидуална жалба против државата може да заврши со спогодба:Пријателско
спогодување е договор помеѓу двете страни да стават крај на судската постапка
започната со жалбата. Кога засегнатите страни се согласни да го решат нивниот спор
на овој начин, разврската на случајот се состои најчесто во исплаќање на жалителот,
од страна на државата, на одредена сума на пари. По разгледувањето на условите на
пријателското спогодување, и доколку Судот не смета дека почитувањето на
човековите права наложува продолжување на постапката, тој ќе го избрише случајот
од листата на предмети. Судот секогаш ги охрабрува страните да преговараат со цел
да се постигне пријателско спогодување. Доколку ваков договор не е постигнат, Судот
ќе продолжи со разгледување на основаноста на жалбата.
83.За повреда на членот 9 од Европскиот суд за човекови права кој ја гарантира
слободата на вероисповест: ЕКЧП, член 9, Слобода на мислење, совест и вера:
1. Секој човек има право на слобода на мислите, совеста и верата. Ова право ја
вклучува слободата за промена на верата и убедувањето, како и слободата за
изразување на својата вера или убедување, сам или заедно со другите, јавно или
приватно, преку богослужба, поука, проповеди, верски обреди и ритуали.
2. Слободата за изразување на својата вера или на своите убедувања може да
биде предмет само на оние ограничувања што се предвидени со закон и кои
претставуваат мерки во интерес на јавната безбедност, поредокот, здравјето и
моралот или заштитата на правата и слободите на други, неопходни во едно
демократско општество.

84. За да заклучи дали попречувањето на правото на слобода на изразување


било оправдано или не, Европскиот суд за човекови права ги цени следниве
критериуми:
1) дали оспорената мерка е пропишана со закон,
2) дали е насочена кон лостигнување на легитимна цел и
3) дали истата е неопходна во едно демократско општество.

- ЕКЧП, член 10, Слобода на изразување:


1. Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа
слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или
идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува
државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим
на дозволи за работа.
2. Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да
биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со
закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за
државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата
на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или
моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи
информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството
85. Европскиот суд за човекови права вели дека некои од изразите односно
термините употребени во текстот на Европската конвенција за човекови права
имаат автономно значење. Тоа значи дека:
- независно од категоризациите на националните правни системи во државите
што се членки
- независно од формалната класификација во домашното право
- се цени од аспект на судската пракса на судот

86. Освен гаранциите утврдени во чл.6 од ЕКЧП, дополнителни гаранции за


правично судење се содржани во:
-Општи гаранции на член 6 - Секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред
независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени
неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични
обвиненија против него. Пресудата се изрекува јавно, а новинарите и публиката можат
да бидат исклучени за време на целата или на дел од постапката во интерес на
моралот, јавниот ред или националната безбедност во едно демократско општество,
кога тоа го наложуваат интересите на малолетник или заштитата на приватниот живот
на страните во спорот, или кога тоа судот го смета за неопходно затоа што во посебни
околности публицитетот би можел да им нанесе штета на интересите на правдата.
-Посебни гаранции член 6 став 2 презумпција на невиност и член 6 став 3 право
на одбрана
ЧЛЕН 7 Нема казна без закон –1. Никој не може да биде осуден за дело сторено со
чинење или нечинење кое според внатрешното или меѓународното право, во
моментот на извршувањето, не претставувало кривично дело. Исто така, изречената
казна не може да биде потешка од онаа што се применувала во моментот на
извршувањето на кривичното дело.
2. Овој член не влијае на пресудата или казната за лице кое е виновно за чинење или
нечинење, ако тоа дело во моментот на извршувањето претставувало кривично дело
според општите правни начела признати од цивилизираните народи.

87. Екстрадиција на лице кое го очекува судење со можност за изрекување на


смртна казна во определени случаи може да претставува повреда на: Протокол
број 13 кон Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи во
врска со укинувањето на смртната казна во сите околности Вилнус, 3 мај 2002 година
Смртната казна ќе се укине. Ниту едно лице нема да биде осудено на, ниту пак врз
него ќе се изврши смртната казна.Протоколот број 6 кон Европската конвенција за
човековите права и основни слободи во врска со укинувањето на смртната казна
донесен на 28 април 1983 година се однесува директно на правото на живот
гарантирано во членот 2 и гласи: „Укинување на смртната казна Смртната казна се
укинува. Никој не може да биде осуден на таква казна, ниту погубен“. Дополнително,
Протоколот број 13 кон Европската конвенција за човековите права и основните
слободи во врска со укинувањето на смртната казна во сите околности донесен на 3
мај 2002 година одредува: „Укинување на смртната казна Смртната казна ќе се укине.
Ниту едно лице нема да биде осудено, но ниту, пак, врз него ќе се изврши смртната
казна“. Овој Протокол одредува дека оваа забрана не може да се дерогира од
државите членки ниту, пак, кон истата може да се стават резерви.

-Член 2 од ЕКЧП

88. Твојот шеф на работа врши проверка и следење на твојата електронска и


телефонска комуникација и следи кои веб страници си ги посетил. Дали за
ваквата околност по искористувањето на домашните правни сретства може да
се поднесе жалба пред Европскиот суд за човекови права? Секој човек има право
на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката. 2. Јавната
власт не смее да се меша во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е
предвидено со закон и ако претставува мерка која е во интерес на државната и јавната
безбедност, економската благосостојба на земјата, заштитата на поредокот и
спречувањето на кривични дела, заштитата на здравјето и моралот, или заштитата на
правата и слободите на другите, во едно демократско општество.

Коресподенција: -Концепт на „коресподенција“: се штити приватноста на


комуникациите од приватната и професионалната сфера: - во случај ако испраќач или
примач е затвореник; -пратки одземени од царински службеници; -Телефонски
разговори помеѓу членови на семејство или други; -Телефонски разговори направени
од приватни или бизнис простории, од затвор и пресретнувањето на информации кои
што произлегуваат од таквата комуникација. -- Емаил комуникација и податоци
складирани на компјутерски сервери, телекс (telexes), пејџер пораки и приватно радио
емитување (не вклучувајќи емитување на јавни радиобранови кои што се достапни за
другите. -ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА СЕ ИРЕЛЕВАНТНИ КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА
ВМЕШУВАЊЕТО. НЕ ПОСТОИ т.н. DE MINIMIS ПРИНЦИП ЗА ДА СЕ СЛУЧИ
ВМЕШУВАЊЕТО. ДОВОЛНО Е ПЛИКОТ ДА СЕ ОТВОРИ.

89. Користењето на докази, прибавени со повреда на правата


загарантирани со членот 3 од Конвенцијата: -не е дозволено
-Во литературата посебно се укажува на одлуката на Судот во случајот Jalloh v
Germany која одигра решавачка улога во таа смисла што, Судот за прв пат, го вовел
правилото за ексклузија на доказите, истакнувајќи дека „пресудата втемелена на
незаконски прибавени докази секогаш, ќе резултира со повреда на правото на
правична постапка." Судот, во случајов, оди и чекор напред, во поглед на заштитата
на обвинетиот согласно начелото nemo tenetur, т.е. привилегијата од самообвинување
која се смета за составен дел на начелото на правична постапка, тесно поврзана со
претпоставката за непостоење вина на страната на обвинетиот. Неговото значење во
основа, се состои во правото на обвинетиот да не пристапи кон давање исказ и да не
соработува со државните власти во постапката што се води против него. Во
наведениов случај, апликантот, г-дин Јаlloh бил уапсен од страна на полициските
власти поради сомневање дека врши улична продажба на пластични ќесички со дрога,
откако претходно бил затекнат како и самиот вади таква ќесичка од устата. Врз основа
на претходно издаден налог од јавниот обвинител, осомничениот бил одведен во
болница кадешто му било дадено средство за повраќање, со цел да ја исфрли
претходно внесената ќесичка со дрога. Откако одбил да го прими средството, г-дин
Јаlloh бил изложен на употреба на физичка сила од страна на полициските
службеници, а лекарот присилно му аплицирал назогастрична сонда, и низ носниот
отвор успеал да го внесе посакуваното медицинско средство. По преземените
„интервенции", апликанотот ја исфрлил од организмот ќесичката со 0,22 грама кокаин.
Европскиот суд утврдил повреда на чл. 3 од Конвенцијата, истакнувајќи дека
тешките облици на задирање од страна на властите во физичкиот и во
менталниот интегритет на лицето, спротивно на неговата волја, го задоволуваат
квалитетот на нечовечно и понижувачко постапување, во смисла на споменатата
одредба од Конвенцијата (пар. 83). Оценувајќи дали во конкретниов случај постои
повреда
и на чл. 6 од ЕКЧП, Судот упатил на тоа дека иако, доказите прибавени со
повреда на чл. 8 од Конвенцијата не мора, нужно да бидат во конфликт со
начелото на правичност, за доказите прибавени со кршење на чл. 3 важат посебни
критериуми" (пар. 99). Кога се работи за докази прибавени со насилни дејствија, на
свиреп начин, вклучително и со примена на други начини на однесување кои можат да
се подведат под поимот на мачење, согласно мислењето на Судот, тие, во ниту еден
случај, не можат да послужат како доказ врз кој ќе се заснова вината на жртвата,
независно од нивната доказна вредност.
Со тоа стразбуршкиот суд за прв пат ја востановил апсолутната забрана за
употреба на доказите прибавени по пат на мачење. Иако, во случајов се работи за
дејствија кои имаат карактер на нечовечно постапување, Судот оценил дека постои
повреда на правото на правична постапка, не поставувајќи така, во пресудата
донесена во случајот Sanders v UK од 1996 год., Судот истакнал дека иако, правото на
молчење и привилегијата од самообвинување не се изрично споменати во чл. 6 од
Конвенцијата, сепак, се работи за општопризнаени меѓународни стандарди кои ја
исполнуваат есенцијата на начелото на правична постапка, а нивната основна смисла
е во настојувањето за обезбедување заштита на обвинетиот од недопуштени
присилни дејствија од страна на државните власти, в. за овие прашања и кај Bojanic,
Dzurdzevic, 2008, стр. 978. притоа, општа доказна забрана за пониските степени на
повреда (од оние кои имаат карактер на мачење), опфатени со чл. 3 од Конвенцијата.

90. Издвоените мислења кон одлуките и пресудите Европскиот суд за


човекови права:Судиите може да сакаат да подготват посебно мислење во врска со
случај за кој што одлучувале. Нивното мислење ќе биде приложено на пресудата.
Генерално, судиите објаснуваат зошто гласале заедно со мнозинството (мислење во
кое што ја искажуваат нивната согласност со пресудата) или во спротивно, зошто не
се согласиле со мнозинството судии (различно мислење). Некои пресуди на ЕСЧП
содржат и издвоено мислење или мислење на согласување, коешто претставува
составен дел на пресудата.

91. „Пилот пресуди“ ЕСЧП донесува во случаи кога: Во текот на изминатите


неколку години, Судот разви нова процедура која што се однесува на масивниот
прилив на жалби кои што се доставуваат за слични прашања, исто така познати како
„системски прашања“. Поточно, станува збор за проблеми кои што произлегуваат од
неусогласеноста на домашното право со Конвенцијата. Затоа, Судот од неодамна
започна да спроведува постапка која што се состои од разгледување на една или
повеќе жалби од овој вид, додека пак разгледувањето на одреден број на слични
предмети е привремено прекинато (со други зборови, одложено). Кога Судот донесува
пресуда во рамките на „пилот случај“, тој ја повикува засегнатата влада да го
усогласи домашното законодавство со Конвенцијата и притоа ѝ укажува на
општите мерки кои што истата треба да ги преземе. Судот потоа продолжува со
решавање на другите слични случаи.

92. Дали во изреката на пресудите Европскиот суд за човекови права го


утврдува начинот на извршување на истите: Пресудите со кои што е утврдена
одредена повреда се обврзувачки за засегнатите држави кои што се должни да ги
извршат. Комитетот на министри при Советот на Европа го следи извршувањето на
пресудите, особено кога станува збор за исплаќање на жалителите на одредени суми
на пари, доделени од страна на Судот како надомест за штетата што тие ја претрпеле.
Кога Судот ќе донесе пресуда во која што утврдува дека постои повреда, тој го
пренесува случајот на Комитетот на министри при Советот на Европа. Истиот се
советува со засегнатата држава и со одделот надлежен за извршување на пресуди со
цел да се одлучи на кој начин пресудата ќе биде извршена и како да се спречат во
иднина слични повреди на Конвенцијата. Конкретно, ова значи дека ќе бидат
преземени општи мерки, особено измени на законите, како и поединечни мерки,
доколку е тоа неопходно
93. Општите мерки кои државата ги презема за целите на извршување на
конкретна пресуда на Европскиот суд за човекови права се предмет на следење
на: Комитет на министри
94. Мерките кои државата ги дефинира и предлага за целите на извршување
на конкретна пресуда на ЕСЧП-држава е слободна сама да ги избере начините на
кои таа ќе ја изврши својата обврска да ги испочитува конечните пресуди на
Судот.Кога Судот ќе донесе пресуда во која што утврдува дека постои повреда, тој го
пренесува случајот на Комитетот на министри при Советот на Европа. Истиот се
советува со засегнатата држава и со одделот надлежен за извршување на пресуди со
цел да се одлучи на кој начин пресудата ќе биде извршена и како да се спречат во
иднина слични повреди на Конвенцијата. Конкретно, ова значи дека ќе бидат
преземени општи мерки, особено измени на законите, како и поединечни мерки,
доколку е тоа неопходно.

95. Пресудата против државата со која Европскиот суд за човекови права


констатира повреда на Конвенцијата:Пресудите со кои што е утврдена одредена
повреда се обврзувачки за засегнатите држави кои што се должни да ги извршат.
Одлуките за недопуштеност, како и пресудите донесени од страна на Одбор или на
Голем судски совет се конечни и не може да бидат обжалени. Сепак, страните можат,
во рок од три месеци од донесувањето на пресудата од страна на Судскиот совет, да
побараат упатување на случајот пред Големиот судски совет за истиот да биде одново
разгледуван. Барањата за упатување на случајот пред Големиот судски совет се
разгледуваат од страна на група на судии која што одлучува за тоа дали упатувањето
на случајот пред Големиот судски совет е соодветно или не. Доколку биде утврдена
одредена повреда, засегнатата држава мора да биде внимателна и да се осигура дека
таквите повреди нема да се случат повторно во иднина. Во спротивно, Судот може да
донесе нови пресуди против оваа држава.
96. „Клонирани случаи“ во судската пракса на Европскиот суд за
човекови права се нарекуваат: -оние со наводи за исти односно слични повреди
на Конвенцијата како оние веќе утврдени од страна на ЕСЧП во претходни
пресуди
-во принцип се оние кои се однесуваат на структурни или генерални проблем кои
веќе се покренати пред Комитетот на министри во еден или повеќе водечки случаи,
односно предмети; па овие предмети најчесто се групираат во група со водечкиот
предмет за целите на надзорот врз извршувањет

97. Судската пракса на Европскиот суд за човекови права се објавува


и е достапна во рамките на базата на податоци на Европскиот суд за човекови
права која се нарекува: HUDOC - дата базата на Европскиот суд за човекови права

98. Терминот „правичнa сатисфакција“ од Европската конвенција за


човекови права:определен износ на пари како надомест на штета на жалителот
односно што жалителот може да ги добие како последица од повреда на неговите
слободи и права.

99. Европскои суд за човекови права досудува „правична сатисфакција“,


односно определен износ на пари како надомест на штета на жалителот:- Член
41, ЕКЧП, Правично задоволување:Ако Судот оцени дека постои повреда на
Конвенцијата или на нејзините протоколи, и ако внатрешното право на
заинтересираната Висока страна договорничка овозможува само делумно
отстранување на последиците на таа повреда, Судот и дава на оштетената страна,
доколку е потребно, правично задоволување
100. При донесување на одлуките судиите на Европскиот суд за човекови
права:За разгледување на случаи што му се доставени, Судот ќе заседава како судија
поединец, во одбори од тројца судии, во судски совети од седум судии и во голем
судски совет од седумнаесет судии. Судските совети ќе формираат одбори за
определен период.

101. Со какво мнозинство одлучуваат во Европскиот суд за човекови


права:Одборот едногласно; Судскиот совет со мнозинство гласови.Очигледно
недопуштените жалби се разгледуваат од страна на судија поединец. Одбор од тројца
судии може, со едногласна одлука, да одлучи во врска со допуштеноста и основаноста
на случаите чие што предметно прашање е веќе предмет на долго воспоставената
судска практика на Судот. Одредена жалба може исто така да биде ставена за
разгледување пред Судски совет од седум судии, кој што одлучува со мнозинство
гласови, најчесто за допуштеноста и основаноста на случаите. Исклучително,
Големиот судски совет од седумнаесет судии разгледува случаи кои што му се
доставени со отстапување на надлежноста од страна на одреден Судски совет или
кога е прифатено барањето за упатување на случај пред Големиот судски совет.

102. Против кого може да се поднесе жалба пред Европскиот суд за човекови
права-Жалбите пред Судот може да бидат поднесени само против една или повеќе
држави кои што ја ратификувале Конвенцијата. Секоја поднесена жалба, на пример,
против друга држава или против поединец, ќе биде прогласена за недопуштена.

103. Пред Европскиот суд за човекови права жалба може да поднесе:


Конвенцијата прави разграничување помеѓу два вида на жалба:
-индивидуална жалба, поднесена од страна на некое лице, група на поединци,
компанија или невладина организација, кои што поднесуваат жалбени наводи за
повреда на неговите или нејзините права, како и
-меѓудржавна жалба, поднесена од една држава против друга држава. Од
основањето на Судот, речиси сите жалби се поднесени од страна на поединци кои се
обратиле со нивните случаи директно до Судот, сметајќи се за жртви на една или
повеќе повреди на Конвенцијата
104. Бројот на судиите во Европскиот суд за човекови права:
Бројот на судиите во Судот е еднаков со бројот на држави членки на
Конвенцијата.Судиите се избрани од страна на Парламентарното собрание на
Советот на Европа, од листа на тројца кандидати, кои што се предложени од страна
на секоја држава. Тие се избираат за мандат од девет години, кој не може да биде
обновен. Мандатот им завршува со наполнети 70 години.Можат да бидат отповикани
со двотретинско мнозинство гласови на судиите.Иако судиите се избрани во однос на
една држава, тие заседаваат во Судот во лично својство и не ја претставуваат таа
држава. Тие се целосно независни и не може да вршат никаква активност која што е
некомпатибилна со нивните обврски на независност и непристрасност.Националните
судии" не може да заседаваат во формат на судија поединец. Во исклучителни случаи,
тие може да бидат поканети да заседаваат во рамките на Одбор. Меѓутоа,
„националниот судија" е секогаш вклучен во разгледувањето на случаи пред Судскиот
совет од седум судии или пред Големиот судски совет од седумнаесет судии.

Член 21, ЕКЧП, Услови за вршење на функциите:


1. Судиите треба да уживаат највисок морален углед и да ги исполнуваат
условите неопходни за вршење на високи судски функции или да бидат правни
стручњаци со призната компетентност. 2. Судиите заседаваат во Судот во лично
својство. 3. Во текот на нивниот мандат судиите не можат да вршат никаква активност
што е некомпатибилна со барањата за независност, непристрасност или барањата за
работа со полно работно време; Судот одлучува за секое прашање во врска со
примената на овој параграф.
Член 22, Избор на судии:1. Судиите од секоја Висока страна договорничка ги
избира Парламентарното собрание, со мнозинство дадени гласови, од листата на
тројца кандидати именувани од Високата страна договорничка.
Член 23, Времетраење на мандатот:
1. Судиите се избираат за мандат од девет години. Тие не можат да бидат
повторно избрани. 2. Мандатот на судиите завршува со наполнети 70 години. 3.
Судиите остануваат на функција се до нивната замена. Тие сепак продолжуваат да
работат врз случаите што веќе ги започнале. 4. Ниеден судија не може да биде
отповикан од должност освен ако другите судии со двотретинско мнозинство гласови
одлучат дека тој судија повеќе не ги исполнува бараните услови.
Член 51, Привилегии и имунитет на судиите:Во текот на вршењето на нивните
функции, судиите уживаат привилегии и имунитет предвидени во член 40 од Статутот
на Советот на Европа и спогодбите склучени врз основа на тој член.

105. Која од наведените изјави е точна во светло на судската пракса на


Европскиот суд за човекови права во однос на правото на судење во разумен
рок од членот 6 на Европската конвенција за човекови права:

- Во повеќето повторувачки случаи кои се однесуваат на должината на


постапката, Судот забележал значителни одолговлекувања кои се припишуваат на
страна на домашните власти, и напоменал дека повторното расправање на
предметите, особено праксата (на апелационите судови) за враќање на предметите на
повторно расправање од страна на основните судови во рамките на една иста
постапка укажува на сериозни недостатоци во домашниот судски систем, на тој начин
утврдувајќи повреда на членот 6 став 1. Судот ја потенцирал потребата од посебна
грижа и претпазливост кога засегнатото лице ги загубило средствата за егзистенција
(во работни спорови и спорови поврзани со отказ, односно престанок на работниот
однос),8 како и во споровите кои се однесуваат на правото на пензија и споровите за
утврдување на надоместокот на штета во случај на претрпена лична повреда.
- Судот честопати го третираше проблемот на неизвршување на пресудите донесени
од страна на домашните судови.
- Судот особено потенцирал дека правото на (пристап до) судот би било илузорно
доколку државата дозволи конечна и правосилна, обврзувачка пресуда да остане
неизвршена на штета на едната странка. Оттука, извршувањето на пресудите
донесени од кој било суд мора да се смета за составен дел на спорните постапки и
државата има обврска да организира систем за извршување на пресудите кој е
ефективен како во законот, така и во праксата, но и да гарантира нивно извршување
без никакво непотребно одолговлекување.
- Што се однесува до преостанатите прашања кои спаѓаат во членот 6 од
Конвенцијата, треба да се напомене дека многу случаи опфаќаат различни аспекти од
концептот на еднаквост на оружјата, особено прашања кои се поврзани со
допуптеноста на незаконито прибавените докази, сослушувањето на сведоци и
оценувањето на извештаите од вештачењето, како и присуството на рочиштата.
Некои, пак, ги посочуваат проблемите на пристапот до правдата и неконзистентноста
на домашната судска пракса. Од друга страна, необразложеноста на пресудите и
отсуството на непристрасност, како и правото на толкувач и неколку преостанати
прашања кои се подведени под оваа одредба беа посочени во помал број пресуди
донесени од Судот во Стразбур.
- Неколку пресуди по членот 6 од Конвенцијата се однесуваат на севкупната
неправичност, со тоа што тие посебно внимание упатуваат на ситуациите во кои
апликантот е ставен во неповолна положба наспроти неговиот противник (најчесто,
јавниот обвинител во контекст на кривичната постапка), што доведува до повреда на
начелото на еднаквост на оружјата. Освен тоа, станува збор и за неможноста на
апликантот да ги прими и да се произнесе по однос на поднесоците на другата страна,
кои беа дискутирани во две пресуди, но во врска со граѓанска постапка
-објективен и субјективен текст на непристрасен суд
106. Во постапката пред Европскиот суд за човекови права како трета страна
може да интервенира односно како вмешувач во постапката пред Европскиот
суд за човекови права може да се јави:
-Претседателот на Судот може да му дозволи на друго лице, различно од
жалителот, како и на секоја држава членка на Конвенцијата, различна од таа против
која што е поднесена жалбата, да интервенира во постапката. Оваа ситуација е
наречена интервенција на трета страна.
-Лицето или државата во прашање има право да достави поднесоци и да
учествува на јавните расправи.
-Тоа може да бидат и невладините организации, како и државите, имаат право да
поднесат жалби. Покрај тоа, на истите може да им биде дозволено од страна на
претседателот на Судот да интервенираат во постапката како трета страна.

107. Европскиот суд за човекови права е орган на: Советот на Европа.


108. Жалба пред Европскиот суд за човекови права може да се поднесе:
Конвенцијата прави разграничување помеѓу два вида на жалба:
-индивидуална жалба, поднесена од страна на некое лице, група на поединци,
компанија или невладина организација, кои што поднесуваат жалбени наводи за
повреда на неговите или нејзините права, како и
-меѓудржавна жалба, поднесена од една држава против друга држава. Од
основањето на Судот, речиси сите жалби се поднесени од страна на поединци кои се
обратиле со нивните случаи директно до Судот, сметајќи се за жртви на една или
повеќе повреди на Конвенцијата.

109. Во однос на членството на ЕУ кон ЕКЧП која од наведените изјави е


точна:Идејата за пристапување на Европската Унија кон Европската конвенција за
човекови права(ЕКЧП), без сомнение, претставува еден од големите европски правни
проекти и значаен чекор во развојот на заштитата на фундаменталните права во
Европа. Проблемот од кој произлегува неопходноста за пристапувањето на ЕУ кон
ЕКЧП е постоењето на повеќе паралелни системи за заштита на фундаменталните
права кои што генерираат конфузност, тензии и примена на различни стандарди во
заштитата. Во моментов граѓаните и судските власти во ЕУ се соочуваат со различни
правно-обврзувачки текстови кои што треба да се применуваат симултано, а кои до
одреден степен имаат различни стандарди, структура и терминологија (нивното
домашно право, ЕКЧП и нејзините протоколи, ЕУ правото – особено Повелбата на ЕУ
за фундаментални права).  Исто така, отсуствува можноста граѓаните на ЕУ да
поднесат тужба во случај кога некоја ЕУ-мерка ги повредува нивните фундаментални
права. Сите овие недостатоци ќе бидат отстранети со пристапувањето на ЕУ кон
ЕКЧП, кога сите ЕУ-институции ќе бидат обврзани да ја почитуваат Конвенцијата, што
би ја зајакнало конзистентноста во заштитата на човековите права низ Европа,
засилувајќи го хармоничниот развој на релевантната судска пракса на судовите во
Стразбур и Луксембург.
Со Декларацијата од Копенхаген, исто така, повторно се нагласува и потврдува
важноста на пристапувањето на Европската унија („ЕУ”) кон Конвенцијата, како начин
да се подобри кохерентноста на заштитата на човековите права во Европа, при што се
повикуваат институциите на ЕУ да ги преземат неопходните чекори за овој процес да
биде завршен што е можно поскоро. Имено, пристапувањето на ЕУ кон Конвенцијата
претставува правна обврска согласно Договорот од Лисабон, кој стапи во сила на 1
декември 2009 година, додека правната основа за пристап на ЕУ кон Конвенцијата е
предвидена во член 59(2) од Конвенцијата, согласно измените предвидени во
Протоколот 14 од Конвенцијата, кој стапи во сила на 1 јуни 2010 година. Целта на
пристапувањето на ЕУ кон Конвенцијата е да се постигне поголем степен на
хармонизација во однос на толкувањето на стандардите за човекови права низ
европскиот континент, при што актите на институциите на ЕУ ќе станат предмет на
надзор од страна на ЕСЧП. Бриселската декларација од 2015, исто така, го потврди
значењето на предлогот за пристап. Меѓутоа, овој процес беше блокиран кон крајот на
2014 година, кога Судот на правдата на ЕУ го објави своето мислење за нацрт-
договорот за пристапување, и утврди дека предложениот нацрт-договор не е во
согласност со определени специфични карактеристики на правото на ЕУ и од тие
причини ЕУ не може да пристапи кон Конвенцијата врз основа на конкретниот нацрт-
договор. Како одговор на Бриселската декларација и другите неодамнешни реформски
предлози, одлуката за недопуштеност донесена од страна на судија-поединец сега ги
вклучува причините за таквата одлука, почнувајќи од 1 јуни 2017 година. Сепак, Судот
одби два предлога од државите-членки: да ги наведе причините за одлуката со која се
одбива барањето за упатување на случајот до Големиот судски совет и да ги објасни
причините за давање привремени мерки
110. Во однос на статусот на ЕКЧП како дел од acquis communitaire на ЕУ , која
од наведените изјави е точна:треба да се има предвид дека судската практика на
ЕСЧП е призната како извор на човекови права во рамките на ЕУ и во таа смисла ја
користи Судот на правдата на ЕУ, како тело надлежно за спроведување на правото на
ЕУ. Уште повеќе, некои од општите принципи на правото на ЕУ, кои се развиени од
страна на Судот на правдата на ЕУ како дел од неговата судска практика и
претставуваат извор на правото на ЕУ, се извлечени директно од одредбите на ЕКЧП.
Оттука, усогласеноста со одредбите на ЕКЧП и судската практика на ЕСЧП значи и
усогласеност со правото на ЕУ. Покрај тоа, сите држави членки на ЕУ истовремено се
и договорни страни на ЕКЧП, со што ја прифатиле надлежноста и судската практика на
ЕСЧП, а наскоро и самата ЕУ ќе стане членка на ЕКЧП врз основа на Протоколот 14
кон Конвенцијата и Договорот од Лисабон, со што и актите на институциите на ЕУ ќе
станат предмет на надзор од страна на ЕСЧП.

111. Која од наведените изјави е точна:


112. Европскиот суд за човекови права во постапката по жалба може да
сослушува сведоци: Да. Во исклучителни ситуации, Судот може да одлучи да
преземе истражни мерки и да патува во одредени држави со цел да ја разјасни
фактичката ситуација на дадени случаи. Делегацијата на Судот може да сослушува
сведоци и да врши истрага на терен. Судот повремено назначува експерти, на пример,
кога е потребно доктори-експерти да ги прегледаат жалителите кои се наоѓаат во
затвор.
113. Во постапката пред Европскиот суд за човекови права која завршила со
пријателско спогодување:Пријателско спогодување е договор помеѓу двете страни
да стават крај на судската постапка започната со жалбата. Кога засегнатите страни се
согласни да го решат нивниот спор на овој начин, разврската на случајот се состои
најчесто во исплаќање на жалителот, од страна на државата, на одредена сума на
пари. По разгледувањето на условите на пријателското спогодување, и доколку Судот
не смета дека почитувањето на човековите права наложува продолжување на
постапката, тој ќе го избрише случајот од листата на предмети. Судот секогаш ги
охрабрува страните да преговараат со цел да се постигне пријателско спогодување.
Доколку ваков договор не е постигнат, Судот ќе продолжи со разгледување на
основаноста на жалбата.
ЧЛЕН 39
Постигнување на пријателско решение
1. Во секоја фаза на постапката, Судот може да се стави на располагање на
засегнатите страни со цел обезбедување на пријателско решение на предметот врз
основа на почитување на човековите права како што се дефинирани во Конвенцијата и
во нејзините протоколи.
2. Постапката според ставот 1 ќе биде доверлива.
3.Во случај на пријателско решение, Судот ќе го симне случајот од списокот на
предмети со одлука која се ограничува на кратко наведување на фактите и на
донесеното решение.
Одлуката ќе биде упатена до Комитетот на министри, кој ќе го надгледува
извршувањето на одлуката за пријателското решение како што е наведено во
одлуката.

114. Кој може да поднесе жалба пред Европски суд за човекови права?
Конвенцијата прави разграничување помеѓу два вида на жалба:
-индивидуална жалба, поднесена од страна на некое лице, група на поединци,
компанија или невладина организација, кои што поднесуваат жалбени наводи за
повреда на неговите или нејзините права, како и
-меѓудржавна жалба, поднесена од една држава против друга држава. Од
основањето на Судот, речиси сите жалби се поднесени од страна на поединци кои се
обратиле со нивните случаи директно до Судот, сметајќи се за жртви на една или
повеќе повреди на Конвенцијата.
115. Која од наведените институции е орган на Советот на Европа?
Главните органи на Советот на Европа се:
- Комитетот на министри;
-Парламентарна асамблеја;
- Конгрес на локални и регионални власти;
- Европски суд за човекови права;
- Секретаријат
116. Комитетот на министри е орган на: Советот на Европа;

117. Националните Судии во Европскиот суд за човекови права ги избира?


Член 22, ЕКЧП, Избор на судии:
1. Судиите од секоја Висока страна договорничка ги избира Парламентарното
собрание, со мнозинство дадени гласови, од листата на тројца кандидати именувани
од Високата страна договорничка.
-Тие се избираат за мандат од девет години, без право на реизбор.
118.Во колку различни формации заседава Европскиот суд за човекови права
согласно Протоколот 14? - 4 (Судија поединец, Одбори, Судски совет и Голем
судски совет)
119. Колку протоколи има Европската Конвенција за човекови права? -16

120. Дали во случај кога државата би забранила носење на верски


обележја (на пример крст или слично) може да се поднесе жалба пред
Европскиот суд за човекови права? -Да, бидејќи пи настанала повреда на чл.1 од
ЕКЧП а тоа е:
Општа забрана на дискриминацијата
1. Уживањето на секое право предвидено со закон ќе биде обезбедено без
дискриминација врз било која основа како пол, раса, боја, јазик,
религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло,
поврзаност со национално малцинство, имот, раѓање или друг
статус.
2. Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по било која
основа наведена во став 1.
121. За домашното правно средство за заштита на правото на судење во
разумен рок, предвидено во Законот за судови и измените на истиот закон
Член 36
(1) Странката која смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење во
разумен рок, има право да поднесе барање за заштита на правото на судење во
разумен рок до непосредно Врховниот суд на Република Македонија.
(2) Барањето од ставот (1) на овој член странката може да го поднесе во текот на
постапувањата пред домашните судови, а најдоцна шест месеца сметано од денот на
правосилноста на одлуката.
(3) Барањето од ставот (1) на овој член содржи:
- податоци за подносителот на барањето и правниот застапник,
- податоци за предметот и постапката за која странката смета дека ја сторила
повредата на правото за судење во разумен рок,
- образложение на причините за наводно сторената повреда на правото за
судење во разумен рок;
- изјава за побарување на правичен надомест и - потпис на подносителот на
барањето.
(4) Врховниот суд на Република Македонија постапува по барањето кое ги
исполнува критериумите утврдени во ставовите (2) и (3) на овој член во рок од шест
месеца од неговото поднесување и одлучува дали понискиот суд го повредил правото
за судење во разумен рок, притоа имајќи ги предвид правилата и принципите утврдени
со Европската конвенција за човекови права и основни слободи, а особено сложеноста
на предметот, однесувањето на странките во постапката и однесувањето на судот кој
постапувал.
“(5) Ако Врховниот суд утврди повреда на правото за судење во разумен рок со
решението ќе определи рок во којшто судот, пред кого постапката е во тек, мора да
одлучи за правото, обврската или кривичната одговорност на подносителот на
барањето и ќе досуди правичен надоместок за поднесителот на барањето заради
повреда на неговото право за судење во разумен рок.
(6) Правичниот надоместок паѓа на товар на Судскиот буџет и се исплатува во
рок од три месеца од денот на правосилноста на решението на Врховниот суд.
Член 36-а
(1) По приемот на барањето од членот 36 став (1) на овој закон Врховниот суд на
Република Македонија веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена ќе побара од
првостепениот суд да достави препис на списите од предметното досие, а по потреба
и изјаснување од повисокиот суд за времетраење на постапката пред него.
(2) Врховниот суд на Република Македонија по барањето од членот 36 став (1) на
овој закон одлучува во совет од тројца судии на нејавна седница, но по исклучок судот
може да одлучи да ги сослуша подносителот на барањето и претставникот на судот
чија постапка е предмет на поднесеното барање.
(3) Против решението на советот на Врховниот суд на Република Македонија,
незадоволната страна има право во рок од осум дена сметано од денот на приемот на
решението да поднесе жалба до Врховниот суд, кој одлучува по истата согласно со
членот 35 став (1) точка 1 од овој закон.
Член 36-6
(1) Врховниот суд на Република Македонија во рок од осум дена од
донесувањето на правосилното решение, решението го доставува до Судскиот
буџетски совет.
(2) Во рок од 15 дена по приемот на решението од ставот (1) на овој член,
Судскиот буџетски совет ќе побара од жалителот или неговиот полномошник да
достави податоци за банкарската сметка за исплата на средствата досудени од
Врховниот суд на Република Македонија.
(3) Жалителот е должен податоците од ставот (2) на овој член да ги достави во
рок од пет дена од денот на приемот на барањето.
(4) Недоставувањето на податоците за сметката од страна на жалителот,
согласно со ставот (2) на овој член, не претставува пречка за извршување на
решението од ставот (1) на овој член.
(5) Ако жалителот не ги достави податоците за банкарската сметка во рокот
утврден со ставот (2) на овој член, средствата утврдени со решението од ставот
(1) на овој член за исплата ги префрла на депозитна сметка на Судскиот
буџетски совет.
(6) Судскиот буџетски совет ќе ги префрли одобрените средства на сметка на
жалителот по добивање на податоци за сметката.
(7) Средствата на депозитната сметка од ставот (5) на овој член ќе останат на
располагање на жалителот најмногу една година по нивното депонирање. По
истекот на овој рок, ако жалителот не достави податоци за сметка, средствата се
враќаат во Буџетот на Република Македонија.

122. Постапка пред Големиот судски совет може да се поведе:


-Постапка пред Големиот судски совет може да се поведе преку две различни
форми: со отстапување на надлежноста од страна на одреден Судски совет или кога е
прифатено барање за упатување на случај пред Големиот судски совет.
ЧЛЕН43
Доставување на случај пред Големиот судски совет
1. Во рок од три месеци сметано од датумот на донесувањето на
пресудата од Судскиот совет, секоја страна во спорот, во исклучителни случаи, може
да побара тој да биде доставен пред Големиот судски совет.
2. Група од петорица судии на Големиот судски совет го прифаќа
барањето доколку случајот предизвикува сериозно прашање во врска со
интерпретацијата или примената на Конвенцијата или на нејзините протоколи, или
сериозен проблем од општо значење,
3. Ако групата го прифати барањето, Големиот судски совет се
произнесува за случајот со донесување пресуда.
-Големиот судски совет постапува и по меѓудржавните жалби -Решава и по
прашања што ќе му ги упати Комитетот на министрите, во случај кога земја - членка не
постапува согласно пресудата на судот -Дава советодавни мислења по барања на
Комитетот, во врска со интерпретација на Конвенцијата и нејзините протоколи.

123. Во кој случај Судскиот совет на Европскиот суд за човекови права, на


кого му е даден во работа конкретен предмет, може да го отстапи истиот на
Големиот судски совет?Одредени случаи може исто така да бидат отстапени на
Големиот судски совет, кога еден од Судските совети одлучил да отстапи таков случај.
Меѓутоа, оваа можност е исто така исклучителна. Судскиот совет, на кого му е
доставен одреден случај, може да го отстапи истиот на Големиот судски совет,
доколку случајот предизвикува сериозно прашање во врска со толкувањето на
Конвенцијата или доколку постои ризик за контрадикција со одлука што Судот
претходно ја донел.
124. Членот 10 од ЕКЧП- Слобода на изразување 1. Секој човек има право на
слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата
на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без
оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио,
филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа. 2. Остварувањето
на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да биде под
одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во
едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за државната
безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и
спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот
или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или
за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.
125. Каков е ефектот на пресудите на ЕСЧП во однос на одлуките на
домашните судови? Пресудите со кои што е утврдена одредена повреда се
обврзувачки за засегнатите држави кои што се должни да ги извршат. Комитетот на
министри при Советот на Европа го следи извршувањето на пресудите, особено кога
станува збор за исплаќање на жалителите на одредени суми на пари, доделени од
страна на Судот како надомест за штетата што тие ја претрпеле.
126. Согласно праксата на Европскиот суд за човекови права развиена во
однос на членот 5 од Европската конвенција за човекови права притворот
преставува:Членот 5 од Конвенцијата е одредба која го дефинира притворот како
исклучително скршнување од правото на слобода и нешто што е дозволиво во само
исклучиво набројани и стриктно определени случаи.Законско лишување од слобода
или притвор на лице, со цел негово приведување пред надлежни судски органи, кога
постои оправдано сомнение дека тоа лице сторило кривично дело или кога е тоа
неопходно за да се спречи извршување на кривично дело или бегство на
осомничениот по извршувањето на кривичното дело.

127. Законодавната функција во рамките на Советот на Европа му припаѓа на


Комитетот на министри

128. Кои од наведените органи се органи на Советот на Европа


Главните органи на Советот на Европа се:
- Комитет на министрите
- Парламентарна асамблеја
- Конгрес на локални и регионални власти
- Европски суд за човекови права
- Секретаријат

129. Акти на Советот на Европа се:

 Комитет на министри
 Парламентарна асамблеја
 Конгрес на локални и регионални власти
 Европски суд за човекови права-пресуди
 Секретаријат

Под поимот правни акти се подразбира сето она коешто е усвоено од страна на
органите и телата на Советот на Европа и коешто претставува правна обврска за
земјите членки. Во рамките на поимот правни акти ги ставаме: договорите,
конвенциите, повелбите, одлуките, резолуциите, деловниците за работа.
130. Советот на Европа е:Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна
политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на
единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата,
заштитата на човековите права и владеење на правото. Седиштето на организацијата
е во Стразбур, Франција.Советот на Европа не треба да биде мешан со Европската
Унија - тоа се две сосема различни организации. Исто така, иако знамињата на двете
организации се идентични, не треба да се мисли дека станува збор за иста
работа.Едно од најзначајните достигнувања на Советот на Европа е изработката и
потпишувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права и
основните слободи.edoc.coe.int, Совет на Европа – Чувар на човековите
права:Советот на Европа е водечка организација за човековите права на континентот.
Опфаќа 47 држави членки, од кои 28 се членки и на Европската унија. Сите држави
членки на Советот на Европа ја потпишаа Европската конвенција за човекови права,
која претставува меѓународен договор за заштита на човековите права, демократијата
и владеењето на правото.Европскиот суд за човекови права ја следи примената на
оваа конвенцијата од страна на државите членки. Врз основа на конвенцијата,
поединци можат да поднесат жалба пред Судот во Стразбур за повреди на човековите
права откако ќе бидат исцрпени сите средства кои постојат во засегната држава
членка. Европската унија се подготвува да ја потпише Европската конвенција за
човекови права, со што ќе се создаде заедничко правно опкружување за над 820
милиони граѓани.
131. Прламентарното собрание на Советот на Европа е :
Парламентарците кои го сочинуваат PACE се од националните парламенти на
47-те држави членки на организацијата. Тие се среќаваат четири пати во годината за
да дискутираат тематски прашања и да побараат од европските влади да преземат
иницијативи и да достават извештаи. Овие парламентарци зборуваат за 800 милиони
Европејци кои ги имаат избрано. Тие отвораат прашања за дискусија по нивни избор, и
владите на европските држави – кои се претставени во Советот на Европа преку
Комитетот на министри –имаат обврска да одговорат. Тие се демократската совест на
Голема Европа.
Од 1949, PACE, кое понекогаш се нарекува движечката сила на Советот на
Европа, стои зад повеќето големи иницијативи на организацијата (на пример,
Европската конвенција за човекови права). РАСЕ мора да се консултира за сите
меѓународни договори кои се подготвуваат во Советот на Европа. РАСЕ ги избира
судиите за Европскиот суд за човекови права и комесарот за човекови права, како и
генералниот секретар и заменикот генерален секретар на Советот на Европа и
генералниот секретар на парламентарното собрание.
Собранието ја следи ситуацијата и прави заложби да им помогне да државите да
ги исполнат своите обврски. Доколку државата постојано не успева да го направи тоа,
Собранието може да одбие да ги ратификува или може да ги повлече акредитивите на
националната делегација на дадената земја. Како последно средство, Собранието
може да даде препорака да се суспендира членството на земјата во организацијата.
Претставници на PACE одат во периодични теренски посети ширум Европа за да
собираат информации за подготовка на извештаите на Собранието. Исто така, тие
патуваат за да ги набљудуваат изборите. PACE постојано ја развива парламентарната
дипломатија и промовирањето на активната вклученост на парламентарците во
меѓународните односи.PACE соработува со Европскиот парламент, Парламентарното
собрание на ОБСЕ и други меѓународни парламентарни тела за да се зајакне
влијанието на парламентарците во европските и меѓународните работи. Исто така,
служи како парламентарна платформа за OECD и одржува тесни врски со неколку
специјализирани агенции на Обединетите нации.Текстовите кои се усвојуваат од
страна на PACE – препораки, резолуции и мислења – служат како насоки за Комитетот
на министри, националните влади, парламентите и политичките партии. Конечно,
преку законодавството и праксата, со овие текстови се врши влијание и се подобрува
животот на Европејците.
- движечка сила на Советот на Европа -еоветодавен орган
-најстарото парламентарно собрание креирано на европска почва

132. Парламентарното собрание на Советот на Европа усвојува и донесува-


Текстовите кои се усвојуваат од страна на Парламентарното собрание на Советот на
Европа (РАСЕ) – препораки, резолуции и мислења – служат како насоки за Комитетот
на министри, националните влади, парламентите и политичките партии. Конечно,
преку законодавството и праксата, со овие текстови се врши влијание и се подобрува
животот на Европејците
133. Генералниот секретар на Советот на Европа го избира: Парламентарното
собрание.
134. Советот на Европа, како меѓународна организација ја претставува-
Генералниот секретар.
135. Што е Советот на Европа? -најстарата меѓународна политичка организација
136. Кој го сочинува Комитетот на министри на Советот на Европа?Тој се состои
од министрите за надворешни работи на поединечните земји-членки или нивните
постојани претставници во Стразбур, коишто по правило се дипломати од висок ранг.

137. Европската комисија за демократија преку правото е позната и како


Венецијанска комисија
138. Венецијанската комисија за демократија преку правото или уште позната
како Венецијанска комисија е Европска комисија за демократија преку правото
139. Која од државите не е членка на СЕ: ДРЖАВИ ЧЛЕНКИ: Австрија,
Албанија, Андора, Азербејџан, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Велика
Британија, Германија, Грузија, Грција, Данска, Ерменија, Естонија, Ирска, Исланд,
Италија, Кипар, Латвија, Лихтенштајн, Луксембург, “поранешната југословенска
Република Македонија”, Малта, Молдавија, Монако, Норвешка, Полска, Португалија,
Романија, Руската Федерација, Сан Марино, Словачка, Словенија, Србија, Турција,
Унгарија, Украина, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка,
Швајцарија, Шведска, Шпанија.
ЗЕМЈИ ПОСМАТРАЧИ: Јапонија, Канада, Мексико, Светата столица,
Соединетите Американски Држави.
Земја-кандидат: Белорусија

140. Каков може да биде ефектот на пресуда на Европскиот суд за човекови


права со која е констатирана повреда на Европската конвенција за човекови
права во однос на домашното законодавство? Вториот вид на мерки – општите
мерки – се однесуваат на обврската на државата да превенира идни слични повреди
на Конвенцијата или ставање крај на континуираните повреди на Конвенцијата (како
на пример, законски или дури и уставни измени, или пак зголемување на бројот на
персоналот, измена на постојните практики и сл.). При оценката на општите мерки,
Комитетот на министри особено внимание посветува на ефикасноста на мерките од
аспект на превенирање на идни слични повреди на ЕКЧП и на тој начин превенирање
на ткн. „клонирани случаи„ пред ЕСЧП, со наводи за исти односно слични повреди на
Конвенцијата како оние веќе утврдени од страна на ЕСЧП во претходни пресуди. Ова
е особено важно од аспект на извонредно големиот број на апликации со кој се
соочува ЕСЧП во последните години и потребата од обезбедување на долгорочна
ефикасност на системот на извршување.
141. Која од наведениве изјави е точна во однос на членот 11 од Европската
конвенција за човекови права? Слобода на собирање и здружување: 1. Секој човек
има право на слобода на мирно собирање и здружување со други, вклучувајќи го и
правото да основа синдикати и да им се придружува на синдикатите за заштита на
своите интереси. 2. Остварувањето на овие права може да биде ограничено само со
законски мерки што во едно демократско општество се неопходни за националната
безбедност, јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на злосторства,
заштитата на здравјето или моралот или заштитата на правата и слободите на други.
Со овој член не се забранува наметнување законски ограничувања за припадниците
на оружените сили, полицијата или државната администрација.
142. Членот 11 од ЕКЧП ограничувањето е пропишано со закон; насочено кон
остварување на легитимна цел; „неопходно во едно демократско општество“.
143. Забраната за дискриминација--Е загарантирана со чл.14 од ЕКЧП и
гласи:Уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, треба да се
обезбеди без никаква дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик,
вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло,
припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање или
кој и да е друг статус.

144. Членот 10 од ЕКЧП предвидува дека:Слобода на изразување


1. Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа
слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или
идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува
државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим
на дозволи за работа.
2. Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности,
може да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции
предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки
неопходни за државната безбедност,територијалниот интегритет и јавната
безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата
на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на
ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и
непристрасноста на судството.

145. Членот 6 на ЕКЧП во кривичната постапка предвидува гаранции: За


остварување на правична судска постапка на начин што ги утврдува минималните
права што поединецот ги ужива.
146. HUDOC е Дата база на судската пракса на Европскиот суд за човекови права

147. Минималните права на секој обвинет-Се загарантирани со чл.6 ст.3 од


ЕКЧП и се следните:
а. веднаш, на јазикот што го разбира, да биде детално известен за природата и
причините на обвинението подигнато против него;
б. да му се обезбедат време и услови неопходни за подготвување на неговата
одбрана;
в. да се брани самиот или со помош на бранител по свој избор, а доколку не
располага со средства да плати бранител, да добие бесплатен службен адвокат кога
тоа го наложуваат интересите на правдата;
г. самиот да ги сослуша или да бара сослушување на сведоците на обвинението
и да бара повикувањето и сослушувањето на сведоците на одбраната да биде под
услови што важат и за сведоците на обвинението; д. да користи бесплатна помош од
преведувач, доколку не го разбира или не го зборува јазикот на кој се одвива
судењето.
148. Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на ЕСЧП-го
следи извршувањето на одлуките на Судот
-е формирана од Владата
-ја раководи министерот за правда
-врши анализа на пресудите, препорачува поединечни и општи мерки на
надлежните државни органи за отстранување на повредите утврдени од Судот и
последиците од нив, дава предлози за подобрување на законската регулатива
-Обезбедува размена на информации и податоци во областа на извршувањето,
го следи постојниот систем на извршување на одлуките и предлага мерки за негово
подобрување -се состанува по потреба, а најмалку еднаш на три месеци -изготвува
годишен извештај кој го доставува преку Министерството за правда, до Владата и
Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот при Собранието
најдоцна до 31 март наредната година
-ја анализира одлуката на судот и доставува препорака до надлежните државни
органи, ЕЛС, судството и јавното обвииителство за превземање соодветни општи и
поединечни мерки.
149. Правото на образложена судска одлука-Пресудите, како и одлуките со кои
жалбите се утврдуваат како прифатливи или неприфатливи, се образложуваат. Ако
пресудата целосно или делумно не го изразува единствениот став на судиите, секој
судија има право кон неа да приложи свое мислење.Правото на образложена пресуда
е вкоренето во еден од темелните принципи на Конвенцијата, кој има цел да го
заштити граѓанинот од каква било арбитрарност и произволност при постапувањето на
домашните судови. Се нагласува дека пресудите на националните судови мора да
содржат причини кои се доволно јасни и аргументирани за да одговорат на
материјално-правните и формалноправните аргументи на засегнатите страни во
односната постапка. Правото на образложена пресуда првенствено се посматра во
контекст на правото на правично судење, односно од гледна точка на правичноста на
целокупната постапка за којашто станува збор. Ова право е поврзано со правото на
пристап до правда, односно правото на пристап до суд со оглед дека тоа изискува
темелно адресирање од страна на судот на сите релевантни фактички и правни
прашања кои се покренати во определен случај

150. Принципот на правна сигурност -Принципот на правна сигурност е


имплицитно содржан во сите членови на Конвенцијата и претставува еден од
фундаменталните аспекти на владеењето на правото. Согласно начелата изразени во
прецедентното право на Европски суд за човекови права (ЕСЧП) државите се должни
да спречат идни повреди слични на оние кои Судот веќе ги утврдил во своите пресуди
и при тоа домашните судови имаат обврска во согласност со уставниот поредок и со
принципот на правна сигурност, да обезбедат целосен ефект на стандардите
предвидени со Конвенцијата и тоа на начинот на кој што се тие толкувани од страна на
Судот.1 Дополнително, и самиот ЕСЧП во своите пресуди истакнува дека иако не е
формално обврзан да ги следи своите претходни пресуди, во интерес на правната
сигурност, предвидливост и еднаквост пред законот е да не отстапува, без соодветно
образложение од одлуките донесени во претходни предмети, при тоа имајќи предвид
дека Конвенцијата е систем за заштита на човековите права и дека мора се следат
промените и секој новонастанат консензус помеѓу државите потписнички.
151. Текстот од членот 6 на ЕКЧП кој го предвидува правото на обвинетиот
самиот да ги сослуша или да бара сослушување на сведоците на обвинението и
да бара повикувањето и сослушувањето на сведоците на одбраната да биде под
услови што важат и за сведоците на обвинението, го изразува-начелото на
еднаквост на оружјата
152. Членот 5 од ЕКЧП1-Право на слобода и безбедност:

1. Секој човек има право на слобода и на безбедност. Никој не смее да биде


лишен од слобода, освен врз основа на закон во долунаведените случаи:
а. ако издржува казна затвор по пресуда на надлежниот суд;
б. ако бил уапсен или притворен поради противење на законскиот налог
на судот или со цел да се обезбеди извршување на со закон пропишана обврска;
в. ако е уапсен или притворен поради приведување пред надлежна
судска власт, кога постои оправдано сомнение дека тоа лице извршило кривично дело,
или кога постојат оправдани причини тоа лице да се спречи да изврши кривично дело,
или по извршувањето на кривичното дело да побегне;
г. ако се работи за притвор на малолетник врз основа на законска
процедура, заради воспитување под надзор или заради приведување пред надлежна
судска власт;
д. ако се работи за притвор на лице за да се спречи ширење на некоја
заразна болест, на ментално оболени лица, алкохоличари, наркомани и скитници;
ѓ. ако се апси или притвора лице врз основа на закон, со цел да се
спречи илегално да влезе во земјата или лице против кое е во тек постапка за
протерување или израчување.
2. Секое уапсено лице веднаш се известува на јазикот што го разбира за
причините за апсењето и за обвиненијата против него.
3. Секое лице уапсено или притворено според одредбите на став 1в од овој
член мора веднаш да биде изведено пред судија или друго судско лице, со закон
овластено да врши судска власт, и да има право на судење во разумен рок или на
пуштање на слобода во текот на судската постапка. Пуштањето може да се услови со
давање гаранција дека тоа лице ќе се појави на судењето.
4. Секое лице лишено од слобода со апсење или притворање има право да
вложи жалба до судот, и тој во кус рок да ја разгледа законитоста на тоа лишување од
слобода и ако тоа не било законско, да нареди негово ослободување.
5. Секое лице кое било жртва на апсење или притворање спротивно на
одредбите на овој член, има право на обештетување.

1
Прогласувајќи го „правото на слобода“, членот 5 ја претпоставува физичката слобода на
личноста; неговата цел е да осигури дека никој нема да биде лишен од таквата слобода на
произволен начин. Тоа не се однесува само на ограничувањата на слободата на движење,
коишто се регулирани со членот 2 на Протоколот бр. 4
Кога се работи за лишување од слобода, особено е важно да биде исполнето општото начело
за правна сигурност. Затоа е неопходно во домашното законодавство јасно да бидат
дефинирани условите за лишување од слобода и самиот закон да биде предвидлив во својата
примена, за да го исполни стандардот за „законитост“ утврден со Конвенцијата, стандард што
бара сите закони да бидат доволно прецизни за да му дозволат на лицето – доколку е
потребно, со соодветен совет – да ги предвиди, до степен што е разумен во дадените
околности, последиците што може да произлезат од дадено дејство
153.Одредбата од членот 5 на ЕКЧП според која секое лице уапсено или
притворено мора веднаш да биде изведено пред судија или друго судско лице,
со закон овластено да врши судска власт, во контекст на домашниот правен
поредок -е имплементирана во Уставот и Законот за кривичната постапка?

154. Кои од наведените се во составот на Меѓуресорската комисија за


извршување на одлуките на ЕСЧП-Меѓуресорската комисија е составена од
функционерите кои раководат со Министерството за правда, Министерството за
внатрешни работи, Министерството за надворешни работи и Министерството за
финансии.По функција членови на Меѓуресорската комисија се претседателот на
Судскиот совет на Република Македонија, претседателот на Врховниот суд на
Република Македонија, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија,
претседателот на Апелациониот суд во Скопје, претседателот на Апелациониот суд во
Штип, претседателот на Апелациониот суд во Битола, претседателот на
Апелациониот суд во Гостивар и претседателот на Вишиот управен суд,
претседателот на Советот на јавните обвинители, Јавниот обвинител на Република
Македонија и владиниот агент. По потреба во работата на Меѓуресорската комисија
можат да учествуваат и други претставници од соодветни институции.
155. Правата предвидени и загарантирани со ЕКЧП- Европските држави се
обврзани да ја спроведуваат ЕКЧП на начин што преку домашното право ќе ги
прокламираат правата загарантирани со неа и со нејзините протоколи и ќе обезбедат
правна заштита за секој поединец на национално ниво.
156. Слободата на изразување од членот 10 на ЕКЧП еСекој човек има право на
слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата
на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без
оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио,
филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа. 2. Остварувањето
на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да биде под
одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во
едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за државната
безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и
спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот
или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или
за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.

Судот испитува дали постои попречување во слободата на изразувањето според


ставот 1 на членот 10, и доколку го има, дали истото може да биде оправдано според
ставот 2 од истиот член , преку следење на три стандарди : 1) дали оспорената мерка
е пропишана со закон, 2) дали е насочена кон постигнување на легитимна цел и 3)
дали истата е неопходна во едно демократско општество.
Обемот на заштита кој го обезбедува членот 1 е екстензивен, и ги опфаќа не само
суштината на информациите и идеите, туку и различни видови на форми и средства
преку кои тие се манифестираат, пренесуваат и примаат.

157. Согласно Протоколот бр. 13 на ЕКЧП Се воведува укинување на


смртната казна.
-Смртната казна ќе се укине. Ниту едно лице нема да биде осудено на, ниту пак врз
него ќе се изврши смртната казна
158. Согласно праксата на ЕСЧП развиена во контекст на членот 10 од
ЕКЧП односно слободата на изразување, прагот на толеранција во однос на
критиките -Членот не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и
телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа.
Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може
да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со
закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за
државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата
на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или
моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи
информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.
-Судската практика од Стразбур вели дека носителите на јавни функции треба да
имаат повисок праг на толеранција кон јавни критики
-Повторно во согласност со праксата на Судот во Стразбур. политичарите и
носителите на јавни функции треба да имаат поголем праг на толеранција.
-Активен политичар треба да прими негативни вредносни ставови за него со
повисок праг на толеранција отколку обичен граѓанин затоа што јавниот интерес на
адекватно информирање е неопходен за остварување на здрав демократски процес.

159. Принципот на маргина на уважување („margin of appreciation)-сеуште не е


во сила
-беше развиен од Европскиот суд за човекови права, 1956
-овозможува да се усогласат разликите во спроведувањето на одредбите од
Конвенцијата -ја зајакнува улогата на Европската конвенција како надзорна рамка за
човекови права -развиена е да се одлучи дали држава потписничка треба да биде
санкционирана поради дерогирање
доктрината за простор за слободна процена (margin of appreciation) во Преамбулата на
Конвенцијата и се врши измена на критериумот за прифаќање кој се однесува на
значителна штета за да се избрише вториот услов за спречување на отфрлањето на
предметот, кој не е доволно испитан во домашните судови.

Доктрината на маргина на уважување на ЕСЧП се користи за да им овозможи


одредена дискреција на државите-членки на Конвенцијата при примена на нејзините
одредби. На тој начин се обезбедува минимално ниво на заштита на човековите права
во сите држави-договорни страни на Конвенцијата, а истовремено, се овозможува и
одреден простор за диференцијација во однос на особеностите на секоја
јурисдикција.59 Оваа доктрина е развиена со цел на државите да им се овозможи
одреден простор за маневар при исполнување на нивните обврски кои произлегуваат
од Конвенцијата, како и да се утврди границата меѓу прашањата кои заслужуваат
секоја држава да ги реши на локално ниво и прашањата кои засегаат толку суштински
интереси што во однос на нивното решавање мора да важат исти стандарди за сите
држави, без оглед на специфичностите во нивните традиции и култури. ЕКЧП не
содржи одредби во однос на доктрината на маргина на уважување, туку истата е
развиена од страна на Судот за да се нагласи неговата супсидијарна улога.
Доктрината на маргина на уважување треба да се разбере во контекст на принципот
на супсидијарност. Во спротивно, оваа доктрина може да биде погрешно сфатена како
некој дубиозен инструмент кој се применува во определени области на Конвенцијата,
особено онаму каде што се применува тестот за правичен баланс, во ситуација кога
истата, всушност, претставува аспект на принципот на супсидијарност. Имено, слично
како и во случајот со доктрината на четврта инстанца, оваа доктрина, всушност, е
аспект на принципот на супсидијарност, а односот меѓу доктрината на маргина на
уважување и општиот принцип на супсидијарност може да се дефинира како однос
меѓу lex specialis и lex generalis. Оваа доктрина претставува аналитичка алатка,
којашто се користи од страна на ЕСЧП при оценување на одредбите содржани во
Конвенцијата и нејзините протоколи, во случај кога истите налагаат да се изврши
баланс со други права или со определени аспекти на јавниот интерес. Притоа,
определувањето на балансот во голема мера е пренесено на националните судови, со
што, всушност, Судот ја признава важноста на нивната улога, како прва достапна
инстанца која овозможува заштита на човековите права. Истовремено, со тоа се
признава и нивната стручност во поглед на прашања кои се однесуваат на
националното право.Сепак, сето ова не значи дека маргината на уважување
дозволува произволност при примена на одредбите на Конвенцијата. Оваа доктрина,
всушност, обезбедува развој на човековите права заштитени со Конвенцијата во еден
плуралистички модел, имајќи го предвид националниот контекст, при што мора да
биде запазен минималниот стандард на ефективна заштита на правата, воспоставен
од страна на Конвенцијата. Оваа доктрина не се користи во однос на сите права
заштитени со Конвенцијата. Така, Судот не ја користи истата при оцена на
апсолутните права загарантирани со ЕКЧП, односно правата загарантирани со
членовите 2 - 4 (право на живот; забрана за мачење и забрана за ропство и принудна
работа) и со член 7 (nullum crimen sine lege), со оглед на тоа што карактерот на овие
права бара повисок степен на надзор од страна на Судот и во однос на нивната
заштита не смее да се дозволи никакво ограничување. Доктрината најчесто се користи
во однос на, таканаречените, квалификувани права заштитени со Конвенцијата, со
оглед на тоа што во однос на овие права е дозволен одреден степен на ограничување,
во согласност со определени услови. Тоа, најчесто, се правата заштитени со
членовите 8 - 11 (право на приватност; слобода на мисла, совест и вера; слобода на
изразување и слобода на собирање и здружување). Имено, од јазикот употребен во
рамки на овие одредби може да се заклучи дека е дозволен одреден степен на
супсидијарност, односно да бидат земени предвид националните стандарди.
Примената на доктрината на маргина на уважување, исто така, е видлива и при оцена
на член 14 (забрана за дискриминација во однос на правата заштитени со
Конвенцијата), како и при оцена на член 1 на Протокол 1 (право на сопственост).
Обемот на маргината на уважување се определува врз основа на неколку критериуми.
Еден од критериумите за одредување на обемот на маргината на уважување е да се
земе предвид разновидноста на националните решенија. Маргината на уважување е
поширока во случај кога не постои заеднички европски стандард во однос на
конкретното прашање, отколку во ситуација кога постои единствено европско
законодавство. Друг критериум претставува квалитетот и карактерот на гаранциите.
Така, во контекст на овој критериум, маргината на уважување се дозволува во однос
на основните гаранции, како и во однос на повеќето судски гаранции. При утврдување
на обемот на маргината на уважување се обрнува внимание и постоењето на
конфликтни права, заштитени со ЕКЧП. Во случај кога постојат такви конфликтни
права, треба да се има предвид дека воспоставениот баланс ќе има влијание врз
повеќе групи на засегнати лица.Исто така, како критериум за утврдување на обемот на
маргината на уважување треба да биде земен предвид и квалитетот на националните
власти кои ја донеле конкретната одлука. Имајќи го предвид овој критериум, веројатно
е дека Судот ќе го прифати степенот на применетата маргина на уважување, доколку
одлуките биле донесени од страна на независни трибунали. Важен критериум
претставува и квалитетот на постапката, а особено квалитетот на даденото
образложение. Во смисла на овој критериум, постои висок степен на веројатност дека
Судот ќе прифати определени национални решенија, доколку постои детално
образложение и доколку е испочитувано правото да се биде сослушан во
постапката.По стапувањето во сила на Протокол 15 кон Конвенцијата, покрај
принципот на супсидијарност, и оваа доктрина ќе биде вметната во содржината на
преамбулата на Конвенцијата.
160. Што предвидува членот 10 во однос на изворот на информации?
Слобода на изразување
1. Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа
слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или
идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува
државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим
на дозволи за работа.
2. Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности,
може да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции
предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки
неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната
безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата
на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на
ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и
непристрасноста на судството.

161. Принципот на правна сигурност во контекст на судската пракса на


членот 6 од ЕКЧП неконзистентност во примената на правото
-Судот ги утврди прашањата кои треба да бидат оценети кога се анализира дали
конфликтни одлуки во слични случаи донесени од ист суд го повредуваат принципот
на правна сигурност согласно членот 6 од Конвенцијата:
1) постоење на „длабоки и долготрајни разлики" во релевантната судска
пракса;
2) дали домашното право обезбедува механизам способен за
отстранување на судската неконзистентност; и
3) дали овој механизам бил применет и ако да, какви биле ефектите

162. „Маргина на уважување„ („margin of appreciation”) значи ЕКЧП ги обврзува


државите-членки да обезбедат заштита на одредени права, но не содржи одредби во
однос на начинот на кој државите треба да ги реализираат овие обврски, односно
начинот на кој државите треба да ги применат одредбите на Конвенцијата. Доктрината
на маргина на уважување на ЕСЧП се користи за да им овозможи одредена дискреција
на државите-членки на Конвенцијата при примена на нејзините одредби. На тој начин
се обезбедува минимално ниво на заштита на човековите права во сите држави-
договорни страни на Конвенцијата, а истовремено, се овозможува и одреден простор
за диференцијација во однос на особеностите на секоја јурисдикција.

163. Членот 8 од ЕКЧП го гарантира -правото на почитување на семејниот и


приватниот живот

164. Дали висината на досудениот надомест во случај на експропријација може


да доведе самиот по себе до повреда на ЕКЧП- има повреда на членот 1 од
Протоколот бр.1 кон Конвенцијата право на сопственост, дека експропријацијата на
земјиштето (пасиште во вкупна површина од 880 м2) предизвикало прекумерен и
непропорционален товар на жалителите.во предметот во Арсовски против
Македонија, примената на тестот на пропорционалност го довел Судот во ситуација да
заклучи дека експропријацијата на земјиштето на апликантите во корист на приватна
компанија наметнала товар врз нив кој бил преголем и несразмерен спрема целта која
требало да се постигне со мерката, особено од аспект на тоа што надоместокот
доделен на апликантите бил недоволен, а при пресметувањето на висината на
надоместокот домашните органи не го зеле предвид постоењето на извор на
минерална вода и профитот кој можел да биде остварен со нејзината експлоатација.
Врз основа на ова, Судот заклучил дека бил нарушен потребниот фер баланс помеѓу
барањата на општиот интерес на заедницата и барањето за заштита на
индивидуалните права на поединецот.
165. Принципот на пропроционалност втемелен во судската пракса на
ЕСЧП -Конвенцијата е во потрага по правичен баланс помеѓу барањата на општиот
интерес на заедницата и барањата за заштита на индивидуалните основни права
-најевидентен е во области во кои Конвенцијата дозволува рестрикции во поглед
на определено право
-согласно вторите ставови на членовите 8-12 државата може да го ограничи
заштитеното право во степен кој е неопходен во демократското општество во функција
на заштита на одредени точно наведени јавни интереси
-рестрикцијата мора да биде пропорционална во однос на легитимната цел која
се остварува
-принципот е воведен и во правилото за недискриминација во чл.14 - за да биде
повредена забраната за дискрминација нужно е да се утврди непостоење на
рационална врска на пропорционалност меѓу употребените средства и целта која се
сака да се оствари -се применува и во поглед на чл.15
-не се применува во поглед на чл.З кој содржи апсолутна гаранција

166. ЕКЧП го гарантира правото на пристап до суд -во членот 6 став 1

167. Лошите услови во пенитенцијарна установа: повреда на ЕСЧП


168. Неукажувањето на неопходна медицинска грижа на притвореното
лице -повреда на член 3.

169. Според судската пракса на ЕСЧП во контекст на правото на судење во


разумен рок од членот 6 на ЕКЧП
-Општи гаранции на член 6 - Секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред
независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени
неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични
обвиненија против него. Пресудата се изрекува јавно, а новинарите и публиката можат
да бидат исклучени за време на целата или на дел од постапката во интерес на
моралот, јавниот ред или националната безбедност во едно демократско општество,
кога тоа го наложуваат интересите на малолетник или заштитата на приватниот живот
на страните во спорот, или кога тоа судот го смета за неопходно затоа што во посебни
околности публицитетот би можел да им нанесе штета на интересите на правдата.
-Посебни гаранции член 6 став 2 презумпција на невиност и член 6 став 3 право на
одбрана + прашање 170
170. Според судската пракса на ЕСЧП во контекст на правото на судење во
разумен рок од членот 6 на ЕКЧП
- Во повеќето повторувачки случаи кои се однесуваат на должината на
постапката, Судот забележал значителни одолговлекувања кои се припишуваат на
страна на домашните власти, и напоменал дека повторното расправање на
предметите, особено праксата (на апелационите судови) за враќање на предметите на
повторно расправање од страна на основните судови во рамките на една иста
постапка укажува на сериозни недостатоци во домашниот судски систем, на тој начин
утврдувајќи повреда на членот 6 став 1. Судот ја потенцирал потребата од посебна
грижа и претпазливост кога засегнатото лице ги загубило средствата за егзистенција
(во работни спорови и спорови поврзани со отказ, односно престанок на работниот
однос),8 како и во споровите кои се однесуваат на правото на пензија и споровите за
утврдување на надоместокот на штета во случај на претрпена лична повреда.
- Судот честопати го третираше проблемот на неизвршување на пресудите донесени
од страна на домашните судови.
- Судот особено потенцирал дека правото на (пристап до) судот би било илузорно
доколку државата дозволи конечна и правосилна, обврзувачка пресуда да остане
неизвршена на штета на едната странка. Оттука, извршувањето на пресудите
донесени од кој било суд мора да се смета за составен дел на спорните постапки и
државата има обврска да организира систем за извршување на пресудите кој е
ефективен како во законот, така и во праксата, но и да гарантира нивно извршување
без никакво непотребно одолговлекување.
- Што се однесува до преостанатите прашања кои спаѓаат во членот 6 од
Конвенцијата, треба да се напомене дека многу случаи опфаќаат различни аспекти од
концептот на еднаквост на оружјата, особено прашања кои се поврзани со
допуптеноста на незаконито прибавените докази, сослушувањето на сведоци и
оценувањето на извештаите од вештачењето, како и присуството на рочиштата.
Некои, пак, ги посочуваат проблемите на пристапот до правдата и неконзистентноста
на домашната судска пракса. Од друга страна, необразложеноста на пресудите и
отсуството на непристрасност, како и правото на толкувач и неколку преостанати
прашања кои се подведени под оваа одредба беа посочени во помал број пресуди
донесени од Судот во Стразбур.
- Неколку пресуди по членот 6 од Конвенцијата се однесуваат на севкупната
неправичност, со тоа што тие посебно внимание упатуваат на ситуациите во кои
апликантот е ставен во неповолна положба наспроти неговиот противник (најчесто,
јавниот обвинител во контекст на кривичната постапка), што доведува до повреда на
начелото на еднаквост на оружјата. Освен тоа, станува збор и за неможноста на
апликантот да ги прими и да се произнесе по однос на поднесоците на другата страна,
кои беа дискутирани во две пресуди, но во врска со граѓанска постапка
-објективен и субјективен текст на непристрасен суд
171. Доколку постапката се пролонгирала поради тоа што вештото лице не го
изготвило вештачењето во предвидениот рок има повреда на правото на судење
во разумен рок член 6 став 1

172. Доколку странката во постапката која бара заштита на правото на судење


во разумен рок придонело за одолговлекување на постапката, според
релевантната пракса на ЕСЧП -нема да се констатира повреда на членот 6?

173. Отсуството на усна расправа во постапката по жалба на решението за


продолжување на мерката притвор, според судската пракса на ЕСЧП во
контекст на членот 5 од ЕКЧП постои повреда на членот 5 став 4 (Секое лице
лишено од слобода со апсење или притворање има право да вложи жалба до
судот, и тој во кус рок да ја разгледа законитоста на тоа лишување од слобода и
ако тоа не било законско, да нареди негово ослободување) од Конвенцијата
поради отсуството на јавна расправа во постапките во прашање и
непочитувањето на принципот на еднаквост на оружјата во постапката пред
Апелациониот суд.

- МИЛАДИНОВ И ДР. против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(б) Оценка на Судот


63. Иако не е секогаш неопходно постапката од членот 5 § 4 да ги има истите
гаранции како оние кои ги бара членот 6 § 1 од Конвенцијата во однос на кривичните
или граѓанските постапки, таа мора да има судски карактер и да ги обезбедува
гаранциите кои одговараат на видот на лишување од слобода за кој станува збор во
МИЛАДИНОВ И ДР. v. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 15 конкретниот случај. Во случај
кога притворот на едно лице влегува во опфатот на членот 5 § 1 (c), потребно е
одржување на расправа (види Assenov and Others v. Bulgaria, 28 октомври 1998, § 162,
Reports of Judgments and Decisions 1998-VIII, и рефернците кои се таму цитирани). 64.
Судот понатаму повторува дека судот кој постапува по жалба против одлука за
притвор мора да ги обезбеди гаранциите на една судска постапка. Постапката мора да
биде конрадикторна и секогаш мора да обезбеди “еднаквост на оружјата” помеѓу
странките, обвинителот и лицето во притвор (види Nikolova v. Bulgaria [GC], no.
31195/96, § 58, ECHR 1999-II; Reinprecht v. Austria, no. 67175/01, § 31, ECHR 2005-XII;
and Митескиi v. Република Македонија, no. 11621/09, § 29, 25 март 2010). Во овој
контекст, внимание треба да се посвети inter alia, на тоа да е видливо (појавно) дека
правдата се спроведува правично и на зголемената сензитивност на јавноста во однос
на правичното спроведување на правдата (види Атанасов v. Република Македонија,
no. 22745/06, § 31, 17 февруари 2011, во контекст на член 6 од Конвенцијата).
65. Судот забележува дека истражниот судија ги задржал апликантите во
притвор по рспитот на 23 декември 2008 (види параграф 6 погоре). Притворот на
апликантите последователно бил продолжуван во неколку наврати од страна на
советот на нејавна седница. Барањата на првиот и третиот апликант да ги изнесат
своите аргументи усно пред Апелациониот суд биле безуспешни од причините
наведени од страна на судот (види параграф 21 погоре).
66. Оттука, произлегува дека домашното зконодавство во сила во критичниот
период не предвидувало усна распарава пред советот и пред Апелациониот суд во
постапката за надзор односно преиспитување на решенијата за притвор. Во прилог на
спротивното не беа изнесени никакви наводи (види парагарф 60 и 62 погоре). Според
ова, Судот заклучува дека постапката на надзор во однос на решенијата за притвор,
пред советот и пред Апелациониот суд, биле исклучиво писмени. Во врска со ова,
Судот потсетува дека негова задача не е да одлучува за законодавството in abstracto и
затоа нема да изнесе гледиште за општата усогласеност на релевантните одредби од
Законот, тогаш на сила, со Конвенцијата (види Nikolova, цитирана погоре, § 60). Судот
мора да оцени дали постапките за надзор во случајот на апликантите биле во
согласност со членот 5 § 4 од Конвенцијата. Врз основа на фактите на случајот,
неспорно е дека притворот на аплиакнтите во периодот кој се разгледува бил
продолжуван без можност апликантите да имаат можност усно да ги презентираат
своите аргументи во постапката на надзор над решенијата за притвор, ниту пред
советот на судечкиот суд, ниту пред Апелациониот суд. Во врска со ова Судот
забележува дека не беа 16 MILADINOV AND OTHERS v. THE FORMER YUGOSLAV
REPUBLIC OF MACEDONIA JUDGMENT презенирани никакви докази кои упатуваат на
тоа дека апликантите побарале во кривичната постапка од судечкиот совет кој
постапувал по обвиненито против нив, да бидат пуштени на слобода ниту дека
судечкиот совет одлучувал по такво барање.
67. Судот понатаму констатира дека Апелациониот суд во Скопје ги донел
своите одлуки по приемот на поднесоците на обвинителот со кои било побарано
одбивање на жалбите на апликантите. Таквите поднесоци не биле доставени до
апликантите. Владата не презентираше докази во прилог на спротивното. Оттука, на
апликантите не им била дадена можност да го прочитаат мислењето на обвинителот.
Имајќи го предвид засегнатиот интерес на апликантите во постапката, фактот дека
било невозможно тие да добијат примерок од поднесоците на обвинителот,
претставува повреда на нивното право на контрадикторна постапка.
68. Од овие причини постои повреда на членот 5 § 4 од Конвенцијата поради
отсуството на јавна расправа во постапките во прашање и непочитувањето на
принципот на еднаквост на оружјата во постапката пред Апелациониот суд.

174. Присуството само на јавниот обвинител на седницата на Апелациониот


суд на која се одлучува по жалба АТАНАСОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА:

Судот смета дека присуството на јавниот обвинител на затворените седници на


Апелациониот суд, овозможил со самото нејзино присуство, дополнителна можност да
го зајакне својот став нејавно, без страв дека ќе биде оспоруван од жалителот (види
Borgers v. Belgium, § 28, citiran ponapred i Lobo Machado v. Portugal, 20 February 1996, §
32, Reports of Judgments and Decisions 1996-I).Во светло на сето изнесено понапред,
Судот смета дека постои повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата заради
присуството на јавниот обвинител на седницата на Апелациониот суд од 2 Ноември
2005 година, за која што жалителот не бил ниту известен
175. Во членот 38 од Статутот на Меѓународниот суд на правдата се наведени
--- видови на формални извори на меѓународното право (дополни): Статутот
на Меѓународниот суд на правдата во кој се наведува дека Судот, чија задача е да
одлучува за споровите кои му се поднесени согласно Меѓународното право, при
одлучувањето применува:
-меѓународни конвенции,
-меѓународни обичаи,
-општи правни начела признати од цивилизираните народи,
-судски одлуки (како помошен извор) и
-доктрини на познатите специјалисти-правници по Меѓународно право (како помошен
извор).
-начелото ,,еx aequo et bono”, едностраните правни акти на државите, актите на
меѓународните организации и тн. меко право (,,soft law”)

176. Кој од следните извори на правото не е наведен во членот 38 од Статутот


на Меѓународниот суд на правдата: Статутот на Меѓународниот суд на правдата
во кој се наведува дека Судот, чија задача е да одлучува за споровите кои му се
поднесени согласно Меѓународното право, при одлучувањето применува:
-меѓународни конвенции,
-меѓународни обичаи,
-општи правни начела признати од цивилизираните народи,
-судски одлуки (како помошен извор) и
-доктрини на познатите специјалисти-правници по Меѓународно право (како помошен
извор).
-начелото ,,еx aequo et bono”, едностраните правни акти на државите, актите на
меѓународните организации и тн. меко право (,,soft law”)

177. Кој од следните извори на меѓународното право е наведен како помошен


извор во член 38 од Статуот на Меѓународниот суд на правдата: -судски одлуки
(како помошен извор)

178. “Повелба” или “устав” се користи како назив на меѓународен договор: -


Правен акт, програмски документ што ги содржи основните принципи на
меѓународната политика
-Меѓународен договор со кој се основа меѓународна организација

179. “Пакт” се користи како назив на меѓународен договор: -Договор од


големо политичко значење
- Пакт е меѓународен договор со кој се создаваат воени сојузи што е во
корелација со значајни политички прашања

180. “Статут” се користи како назив на меѓународен договор: Меѓународните


организации обично се основаат врз основа на мултилатерален договор, статут или
статут, кој ги дефинира нивните должности и целите, како и органите што треба да ги
утврди организацијата.

181. “Конвенција” се користи како назив на меѓународен договор:


Конвенција е обврзувачки договор меѓу државите. Конвенцијата е посилна од
Декларација бидејќи Конвенцијата е правно обврзувачка за владите кои ја потпишале.
Кога Генералното собрание на ОН ќе усвои Конвенција, тогаш тоа значи дека е
создадена меѓународна норма и стандард. Државите можат да ја ратификуваат
Конвенцијата и да се придржуваат до нормите пропишани во неа.

182. “Протокол” се користи како назив на меѓународен договор: Како збир


на општи правила, традиции и конвенции забележани од страна на владите,
министерствата за надворешни работи, дипломатските претставништва,
претставниците во меѓународната комуникација

-меѓународен договор што дополнува претходен договор

183. “Конкордат” се користи како назив на меѓународен договор: Конкордат се


меѓународни договори чија една страна задолжително е Светата столица, а од друга
страна се други држави. Конкордат се склучува со цел регулирање на положбата на
католичката црква во државата потписник на Конкордатот.

184. “Компромис” се користи како назив на меѓународен договор: Спогодба


меѓу две или неколку страни, постигната со заемни отстапки

-Компромис е вид на решение на конфликтот во кој двете страни се целосно,


делумно или делумно задоволни со одлуката. Таа го прифаќа како привремено
решение на патот до конечно решение, и кога ќе се премногу конфронтирачки
ставови, и како единствено можно. Компромис може да биде израз на взаемни
концесии и напорите за воспоставување на соработка, изразувајќи желба за
рамнотежа и толеранција и е во спротивност со екстремизмот

185. “Декларација” се користи како назив на меѓународен договор:


Декларација е документ кој содржи договорен стандард или норма, но не е правно
обрзувачки за државите.

-Не конституира сторги правила, туку начела иморални обврски кои треба да се следат при
одредено постапување или одлучување

186. “Pactum de contrahendo” се користи како назив на меѓународен договор:


- латински термин кој се користи во меѓународното право, а се однесува на
претходен договор за преговори со меѓународен договор во кој претставниците на
земјите потписнички утврдуваат листа на прашања кои се однесуваат на идните
преговори и со кои се утврдува границите на она што се преговара.
-неформална и необврзувачка спогодба за склучување на иден договор (Од Либро???)

-is a binding legal instrument under international law by which contracting parties assume
legal obligations to conclude or negotiate future agreements (е обврзувачки правен
инструмент според меѓународното право со кое договорните страни преземаат
законски обврски
187. Според бројот на договорните страни, меѓународните договори можат да
се поделат на: билатерални и мултилатерални
188. Легислативните меѓународни договори се оние кои: Според
природата на договорите можеме да ги поделиме на договори-спогодби или
контрактуелни договори и договори-закони или легислативни договори. Договорите
спогодби регулираат конкретно прашање додека пак договорите закони се многу
повеќе апстрактни со можност во иднина да послужат како основа за решавање на
конкретни прашања.

189. Договорни спогодби (контрактуелни) се оние меѓународни договори кои:


Договорите спогодби регулираат конкретно прашање
190. Резолуциите на Генералното Собрание на Обединетите Нации :

 може да се јават како извор на правото


 резолуциите имаат ефект на препораки кон кои државите треба, но не мораат
да се придржуваат. Сепак, доколку резолуциите имаат карактер и се во областа
на административните, организационите и буџетските прашања, истите се со
задолжителна правна сила.

За прашања со технички карактер се бара просто мнозинство. За важните прашања


191.192.193 Наведете кој од следните е елемент на меѓународниот обичај:
Меѓународен обичај согласно Статутот на Меѓународниот суд на правдата е
исто така еден од изворите на Меѓународното право. Самиот Статут на
Меѓународниот суд на правдата го дефинира меѓународниот обичај. Според член 38 2,
меѓународниот обичај се дефинира како општа практика прифатена како право.
Самата формулација ,,прифатена како право" ни имплицира дека не станува збор за
право, но сепак може да биде третирана, односно е прифатена како право. Ова значи
дека обичајното решавање на ситуации и односи може да биде сметано како право,
особено во ситуации на постоење на правни празнини.
Дејствијата со кои се воспоставува обичајот се разчлични но повеќе или
помалку ирелевенатни за третирањето на обичајот како правен извор. Она што многу
повеќе значи за тоа дали еден обичај може да се третира како право е постоењето или
непостоењето на неговите основни елементи. Сепак пред воопшто да ги разгледуваме
постоењето основните елементи мора најпрвин да е исполнет еден предуслов. Така,
обичајот мора да е во согласност со веќе постоечите норми и принципи на
Меѓународното право, односно не може да биде спротивен на Меѓународното право.
Инаку основни потребни елементи за постоење на обичајот се :
1. практиката на државите,
2. траење на практиката,
3. конзинстентност на практиката,
4. општост на практиката,

2
Статутот на Меѓународниот Суд на правдата, достапен на:
http://www.icj-cij.org/documents/index.php?p1=4&p2=2&p3=0
5. opinio juris,

194. Наведете кое од наведените претставува дејствие со кое може да се


воспостави меѓународен обичај:
- дипломатска коресподенција,
- изјави на политичари,
- мислење на владини советници
- одлуки на влада или коментарм на влада за резолуции и акти на
меѓународни тела, -меѓународни и национални судски одлуки,
- практика на меѓуиародни организации.

,,Првиот услов на меѓународното обичајно право е да воспостави релативно


унифиронирана и постојана државна пракса по однос на одредено прашање. Таквата
државна пракса може да биде во многу форми: акти донесени од страна на државите
во дипломатските односи со други држави; акти донесени внатрешно во државите
преку нивното законодавство или судови; акти донесени од држави пред меѓународни
организации; и дури и инертност на државите кога тие се соочени со одредено
прашање.Не може да се смета за обичај дејствие кое се случува и повторува во многу
краток временски период
195. Повелбата на Обединетите нации е усвоена на Конференцијата во Сан
Франциско на 26 јуни 1945 година, а стапила во сила:
самата Повелбата на Обединетите нации е прифатена на Конференцијата во Сан
Франциско на 26 јуни 1945 година. Токму државите што учествувале на
конференцијата во Сан Франциско се сметаат за држави-основачи на Обединетите
нации. Имено станува збор за околу 50 држави основачи помеѓу кои индиректно и
Република Македонија како една од федералните единки на СФРЈ. Меѓутоа самата
Повелба на Обединетите нации не стапила во сила се до 24 октомври 1945 година
заради завршување на процесот на ратификација во основачките државите(откако
беше ратификувана од пет постојани земји членки на Советот за безбедност -
Република Кина (подоцна заменета со Народна Република Кина), Франција, СССР
(подоцна заменет со Руската Федерација), Обединетото Кралство и САД.

196. Основна цел на Обединетите нации е:


Цели на Обединетите Нации се:
1. Да го одржува меѓународниот мир и безбедност, да презема колективни мерки
за спречување и отстранување на закани за мирот, преку мировни средства, и во
согласност со правните начела и меѓународното право, средување или решавање на
меѓународни спорови или ситуации кои можат да доведат до нарушување на мирот;
2. Да развива пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на
почитување на еднакви права и самоопределба на народите, и преземање на други
соодветни мерки за подобрување на универзалниот мир;
3. Да постигнува меѓународна соработка при решавање на меѓународни
проблеми од економски, општествен, културен или хуманитарен карактер, и
промовирање и охрабрување на почитувањето на човековите права и основните
слободи за сите без оглед на расата, полот, јазикот или религијата; и
4. Да биде центар за усогласување на националните постапки за
постигнување на заедничките цели.

Обединетите нации ги имаат истите основни цели и структура како кога биле
формирани во 1945. Нивната примарна цел, и најголема бенефиција на нејзините
членки, е да го одржуваат меѓународниот мир и безбедност. Таа, наизменично го
помага и поттикнува бизнисот и меѓународната трговија. Покрај тоа што тоа им е
примарна задача, ООН им служи на нејзините членки на многу други начини. ООН
предвидува форум за земјите за да ги унапреди нивните ставови и разреши
коифликтите без насилство. Тие овозможуваат земјите да соработуваат за да ги
решат светските проблеми, како сиромаштијата, болестите и деградирањето на
околината. Тие служат како симбол за меѓународниот поредок и глобалниот
идентитет. Тие го унапредуваат и координираат економскиот и општествениот
напредок на земјите во развој, со идеја дека таквите проблеми создаваат извори на
конфликт кој може да доведе до војна. ООН ја помагаат и координираат работата на
стотина агенции и програми, кои се во самата организација или надвор од неа. Таа
исто така собира и објавува меѓународни податоци.Основната идеја уште од времето
на Лигата на нациите е задржана со Повелбата на ОН каде уште во член 1 се
наведува дека една од основните цели е одржување на меѓународниот мир и на
безбедност. Во овој правец како други цели на организацијата се определени и
развивањето на пријателски односи меѓу народите, остварување на меѓународна
соработка за решавање на меѓународните проблеми од економско-социјален,
културен и хуманитарен карактер, почитувањето на човековите права , основните
слободи и др. Секако за да може да бидат ваков тип на цели остварени, ОН мора да
биде местото за услогласувањето на нациите на светско ниво што значи дека ОН има
општа надлежност.

197. Основачки акт на Обединетите нации е:


Повелбата на Обединетите Нации е основачкиот договор за формирање на
Обединетите Нации. Таа беше потпишана во зградата на Воениот Меморијален
Центар и Центарот за Сценска Уметност, во Сан Франциско, САД, на 26-ти Јуни, 1945
година, од 50 од вкупно 51 првични земји членки (Полска која немаше претставник на
конференцијата потпиша подоцна). На 24, октомври, Повелбата стапи на сила откако
беше ратификувана од пет постојани земји членки на Советот за безбедност –
Република Кина (подоцна заменета со Народна Република Кина), Франција, СССР
(подоцна заменет со Руската Федерација), Обединетото Кралство и САД – како и од
повеќето други потписници. Денес, во Обединетите Нации членуваат 192 земји.
Повелбата претставува основачки договор и сите земји членки се обврзани од
нејзините членови. Дополнително, Повелбата наведува дека обврските кон ОН ги
надминуваат сите други обврски произлезени од договори. Повеќето земји во светот ја
имаат ратификувано Повелбата. Забележителен исклучок е Ватикан, кој избра улога на
постојан набљудувач и затоа не се смета како целосен потписник на Повелбата.Во
однос на Повелба како основачки документ треба да биде спомнато дека истата може
да биде изменета односно дополнета. Тоа се прави исклучиво преку поднесување на
еден вид на амандман од страна на држава-членка. Овој амандман треба да биде
прифатен со двотретинско мнозинство во Генерелното собрание и ратификуван од
најмалку две третини од државите членки што воопшто не е едноставна процедура.

198. Во Повелбата на Обединетите нации, во поглед на меѓународниот мир и


безбедноста
- Сите земји .членки ги решаваат своите меѓународни спорови на мирен начин, така
што
нема да бидат загрозени меѓународниот мир и безбедност.

-е предвидено превземање на ефективни колективни мерки за превенција и


отстранување на закани кон мирот, за потиснување на чинови на агресија или друг вид
на кршење на мирот и да предизвика со мирољубиви средства и во согласност со
принципите на
правдата и меѓународниот закон, приспособување или разрешување на меѓународни
спорови или ситуации кои можат да доведат до нарушување на мирот

- Основната идеја уште од времето на Лигата на нациите е задржана со Повелбата на


ОН каде уште во член 1 се наведува дека една од основните цели е одржување на
меѓународниот мир и на безбедност. Во овој правец како други цели на организацијата
се определени и развивањето на пријателски односи меѓу народите, остварување на
меѓународна соработка за решавање на меѓународните проблеми од економско-
социјален, културен и хуманитарен карактер, почитувањето на човековите права ,
основните слободи и др. Секако за да може да бидат ваков тип на цели остварени, ОН
мора да биде местото за услогласувањето на нациите на светско ниво што значи дека
ОН има општа надлежност.Самата Повелба промовира и некои основни принципи врз
чија основа ќе функционира ОН. Таков принцип е принципот на суверена еднаквост
помеѓу државите -членки независно од нивната големина, број на жители, економска
моќ и сл.Воедно, овој принцип е и еден од принципите на Меѓународното право, што
пак значи дека со неговото прифаќање ОН го промовира и афирмира Меѓународното
право.

1. Советот за безбедност се состои од петнаесет членки од Обединетите Нации.


Република Кина, Франција, СССР, Обединетото Кралство на Велика Британија и
Северна Ирска, и Соединетите Американски Држави се постојани членови на Советот
за безбедност. Генералното Собрание бира десет дополнителни членови од
Обединетите Нации за привремени членови на Советот за безбедност, водејќи особено
сметка за нивниот придонес кон одржувањето на меѓународниот мир и безбедност како
и кон други цели на Организацијата, како и рамномерна географска распределба.
2. Привремените членки на Советот за безбедност се избираат за период од две
години. Во првите избори на привремени членки по порастот на членство во Советот
за безбедност од единаесет на петнаесет, две од четири дополнителни членки се
избираат за период од една година. Членка со истечен мандат не може да се
кандидира за последователен мандат.
3. Секоја земја членка на Советот за безбедност има по еден претставник.

задачи и овластувања-член 24
1. За да се одржи ефикасно и брзо дејствување на Обединетите Нации,
нејзините земји членки му ја доверуваат примарната одговорност за одржување на
меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност, и се согласуваат Советот
за безбедност да делува во нивно име кога ги извршува неговите обврски засновано
врз оваа одговорност.
2. Во вршењето на овие обврски, Советот за безбедност делува во согласност
со целите и начелата на Обединетите Нации. Посебните овластувања кои му се
доделени на Советот за безбедност се наведени во Поглавје 6, 7, 8, и 12.
3. Советот за безбедност поднесува годишен, а кога е потребно и специјален
извештај, на Генералното собрание кое го разгледува.
Член 25
Членките на Обединетите Нации се согласуваат да ги прифатат и спроведат
одлуките на Советот за безбедност во согласност со Повелбата.
Член 26
Со цел да се унапреди поставувањето и одржувањето на меѓународниот мир и
безбедност преку што помало расипување на светските човечки и економски извори на
вооружување, Со помош на Комитетот на Воениот штаб споменат во Член 47, Советот
за безбедност е одговорен за формулирање на плановите кои се поднесуваат до
Членките на Обединетите Нации за поставување на систем за регулација на
наоружувањето.

199. Во Повелбата на Обединетите нации, предвидено е дека оваа


меѓународна организација е отворена за зачленување за:
сите други мирољубиви држави кои ги прифаќаат обврските содржани во оваа
Повелба и, според оценката на Организацијата, се способни и волни да ги спроведат
овие обврски. За прием на нова членка потребно е да има препорака дадена од
страна на Советот за безбедност, а потоа се бара и постоење на двотретинско
мнозинство гласови во Генералното собрание.

200. Во Повелбата на Обединетите нации, предвидено е дека новите членови


се примаат:
со решение на Генералното собрание, по препорака на Советот за безбедност. Секој
избор на нови членки треба да биде одобрен од Генераланото собрание, но ниту една
од постојаните членки на Советот за безбедност да не го блокира изборот на некоја
нова членка. За прием на нова членка потребно е да има препорака дадена од страна
на Советот за безбедност, а потоа се бара и постоење на двотретинско мнозинство
гласови во Генералното собрание.

201. Наведете кој од наброените спаѓа во главни органи на Обединетите


Нации:
Постојат шест главни органи на ОН, станува збор за :
-Генералното собрание
-Советот за безбедност
-Економско-социјалниот совет
-Старателскиот совет
-Меѓународниот суд на правдата
-Секретаријатот.

202. Во Генералното собрание на Обединетите Нации членуваат:


Генералното собрание е орган каде јасно се отсликува промовираната еднаквост на
државите. Така секоја држава-членка на ОН е воедно е и претставена во Генералното
собрание каде има право на еден глас при одлучувањето.Ова се однесува на сите
држави без разлика на нивната територијална големина, број на население, економска
или пак воена моќ и сл.

- Сите членки на ОН: а секоја има не повеќе од 5 претставници

203. Генералното собрание на Обединетите Нации ги избира: Во надлежност


на Генералното собрание се и изборот на непостојаните членови на Советот за
безбедност, членовите на Економско-социјалниот совет и Генералниот секретар на
ОН (за што е потребна препорака од Советот за безбедност) и избор на судии за
Меѓународниот суд на правдата (заедно со Советот за безбедност).

204. Генералното собрание на Обединетите Нации се состанува: Генераленото


собрание се составува на редовни годишни заседанија што е одржуваат во месец
септември. Сепак, покрај овие редовни заседанија, Генералното собрание може да
одржи и вонредни заседанија. За да дојде до вонредно заседание мора да постои
барање. Ова барање може да доаѓа од Советот за безбедност, но и од државите-
членки. За да биде валидно барањето кое не доаѓа од Советот за безбедност, мора да
доаѓа од најмалку од половина од државите-членки. За да биде барањето поднесено
од Советот за безбедност претходно е потребно позитивно гласање од страна на
барем седум негови членки.
-на редовни годишни заседанија и на слични посебни заседанија, доколку се јави потреба.
-Посебните се свикуваат од страна на Генералниот секретар на Советот за безбедност или на
мнозинството на членки на ОН

205. Наведете во која од следните групи јазици, нема ниту еден официјален и
работен јазик на Генералното собрание на Обединетите Нации: Службени
јазици на Обединетите Нации се шесте јазици што се користат на состаноците на
Обединетите Нации и на кои се напишани сите официјални документи на ОН. По
азбучен ред, тие се:

 Англиски
 Арапски
 Кинески
 Руски
 Француски
 Шпански
 Овие јазици се користат на состаноците на различни органи на ОН, посебно на
состаноците на Генералното собрание (Член 51 од неговиот Деловник за
работа), на Економскиот и социјалниот совет и на Советот за безбедност (Член
41 од неговиот Деловник за работа). Секој претставник на земјите-членки може
да зборува еден од овие шест јазици, или да зборува на кој било друг јазик и да
биде толкуван на еден од шесте официјални јазици. ОН овозможува симултано
толкување од еден официјален јазик на другите пет официјални јазици
преку Службата за толкување на Обединетите нации.Шесте официјални јазици
исто така служат за пропагирање на официјалните документи. Доколку еден
документ не е преведен на сите шест јазици, тој не се издава. Општо земено,
текстовите преведени на секој од шесте јазици се еднакво веродостојни.

206. Советот за безбедност на Обединетите Нации е составен од: Членовите


на Советот мора во секое време да се на располагање на седиштето на ОН, со цел
ОН да може да носи брзи одлуки во случај на криза. Претседавачот на Советот има
улога да ја одреди агендата, да претседава со седниците на Советот и да има
целосна прегледност на светската сцена и моменталните кризни жаришта. Постојат
два типа на членови на советот: постојани и непостојани(вкупно 15).Државите кои се
постојани членки се држави кои биле победници во Втората светска војна.

 Велика Британија
 Кина
 Русија
 САД
 Франција
Генералното собрание избира уште 10 членови со мандат од 2 години стартувајќи
секогаш на 1 јануари. Членките се бираат на тој начин што 5 од нив се менуваат секоја
година. Членките се одбираат од регионалните групи и се потврдуваат од Генералното
Собрание. Африканскиот блок одбира 3 члена. По 2 члена избираат Латинска
Америка, Африканскиот блок, Блокот Западна Европска и други и Источно-европскиот
блок. Еден член се избира од Арапскиот блок, некогаш од Азискиот или од
Африканскиот блок.
Во 2010 година избрани членки се:

 Австрија (Европа)
 Босна и Херцеговина (Европа)
 Бразил (Латинска Америка)
 Габон (Африка)
 Јапонија (Азија)
 Либан (Азија)
 Мексико (Латинска Америка)
 Нигерија (Африка)
 Турција (Европа)
 Уганда (Африка)
Држави-членки на Советот се: САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија -
односно државите победнички во Втората светска војна. Сите овие држави се
постојани членки на Советот за безбедност, кој исто така во својот состав вклучува
уште десет членови. Овие десет члена се непостојани членки на Советот што значи
дека имаат однапред определен мандат кој трае две години. Начинот на избор на
непостојани членки е поставен така што секоја година во месец јануари се избираат
пет нови членки на Советот.

207. Во Советот за безбедност на Обединетите Нации, секоја година се


избираат по: Начинот на избор на непостојани членки е поставен така што секоја
година во месец јануари се избираат пет нови членки на Советот. При избор на
непостојани членките се води сметка за рамномерна географската распределба. Така,
се води сметка да се избираат пет држави од Африканскиот и Азискиот Континент, две
држави од Латинска Америка, две држави од Западна Европа и други членки на ОН и
една држава од Источна Европа. Секој избор на нови членки треба да биде одобрен
од Генераланото собрание, но ниту една од постојаните членки на Советот за
безбедност да не го блокира изборот на некоја нова членка. Останатите држави кое се
членки на ОН а кои не се членки на Советот за безбедност можат да учествуваат во
неговата работа доколу бидат поканети да го образложат своето мислење во однос на
некоја конкретна ситуција, прашање и сл. Што се однесува до правото на гласањето
тоа останува резервирано само за државите-членки.

208. За битните прашања поврзани со одржувањето на меѓународниот мир и


безбедност Советот за безбедност на Обединетите Нации одлучува:
Одлучувањето во рамките на Советот за безбедност се одвива по формулата
предвидена во член 27 од Повелбата. Имено, за битните прашања од областа на
меѓународниот мир и безбедност, Советот решава со квалифицирано мнозинство од
најмалку девет гласови, меѓу кои треба да бидат петте гласови од постојаните членки.

209. За процедуралните прашања Советот за безбедност на Обединетите


Нации одлучува: За процедуралните прашања, Советот исто така одлучува со
квалификувано мнозинство од девет гласови, но за разлика од претходната ситуација,
тоа можат да бидат девет гласови од кои било негови членки
210. Секретаријатот на Обединетите Нации го сочинуваат: Секретаријатот е
составен од многубројни службеници на чело со Генералниот секретар кој има мандат
од пет години со можност за реизбор.

-Генералниот секретар и персонал за кој организацијата ќе има потребa

211. Генералниот секретар на Обединетите Нации го избира: Во изборот на


Генералниот секретар се вклучени два други органи на ОН. Се работи за Генералното
собрание коие го избира Генералниот секретар, но по препорака на Советот за
безбедност
212. Во Секретаријатот на Обединетите Нации работат следните категории на
службеници: постојат три категории на службеници и тоа: прва, во која спаѓаат
Генералниот секретар и неговите заменици, втората, меѓународни службеници -
специјалисти и третата во која спаѓаат лицата од техничкиот персонал (секретари,
дактилографи, курири и слично).

213. Специјализираните агенции на Обединетите Нации се:


Специјализираните агенции на ОН се повеќе или помалку засебни и независни
меѓународни организации кои се во соодветен близок однос со ОН. Познати
специјализирани агенции на ОН се Светската здраствена организација,
Меѓународната организација на трудот, Меѓународниот монетарен
фонд,Меѓународната банка за обнова и развој,Светска метеролошка организација и
др.Советодавната надлежност на Судот може само да биде побарана од ОН органите
и од страна на специјализираните агенции на ОН кои имаат овластување да го
напрват тоа
214. Која од наведените организации не е специјализирана агенција на
Обединетите Нации:
15 specialized agencies

 Food and Agriculture Organization (FAO)


 International Civil Aviation Organization (ICAO)
 International Fund for Agricultural Development (IFAD)
 International Labour Organization (ILO)
 International Maritime Organization (IMO)
 International Monetary Fund (IMF)
 International Telecommunication Union (ITU)
 United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization (UNESCO)
 United Nations Industrial Development Organization (UNIDO)
 Universal Postal Union (UPU)
 World Bank Group (WBG)
o 11.1International Bank for Reconstruction and Development (IBRD)
o 11.2International Finance Corporation (IFC)
o 11.3International Development Association (IDA)
 World Health Organization (WHO)
 World Intellectual Property Organization (WIPO)
 World Meteorological Organization (WMO)
 World Tourism Organization (UNWTO or WTO)

 Former specialized agencies


 Related organizations
o Comprehensive Nuclear-Test-Ban Treaty Organization Preparatory Commission
o International Atomic Energy Agency (IAEA)
o International Organization for Migration (IOM)
o Organisation for the Prohibition of Chemical Weapons
o World Trade Organization (WTO)
1.Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации Организација на
Обединетите
нации за едукација, наука и култура
2.Меѓународна организација за цивилно воздухопловство
3.Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка)
4.Меѓународна финансиска корпорација
5.Меѓународна организација за развој
6.Меѓународен монетарен фонд
7.Светско поштенско друштво
8.Светска здравствена организација
9.Меѓународна телекомуникациска унија
10Светска организација за метеорологија
11.Меѓународна организација за морска пловидба
12.Меѓународен фонд за земјоделски развој
13.Светска организација за интелектуална сопственост
14.Организација на Обединетите нации за индустриски развој
15.Светска трговска организација

16.Меѓународна агенција за атомска енергија (?)Related organizations-International


Atomic Energy Agency (IAEA)

215. Меѓунардниот суд на правдата е составен од: Судот на правдата е составен од


15 судии кои се избираат од страна на Генералното собрание и Советот за
безбедност и тоа од редот на истакнати правници. Судиите имаат девет годишен
мандат. При ова треба да се исктане дека владата на државата од која доаѓаат
не може ниту да ги реизбере ниту да ги разреши.
Група независни судии, избрани со оглед на нивната националност, помеѓу личности
со високоморален карактер, кои ги поседуваат квалификациите потребни во нивните
земји за назначување на највисоките судски тела или се правни советници со
праизнати способности во меѓународното право
-15 члена, од кои двајца не смеат да бидат државјани на иста држава
216. Судиите на Меѓународниот суд на правдата ги избира: Меѓународниот
суд за правда се состои од петнаесет постојани судии избрани од страна на
Генералното Собрание и Советот за Безбедност од список на личности номинирани
од страна на национални групи во кругот на Постојаниот арбитрационален суд.
Изборниот процес е уреден по членовите 4-12 од статутот на меѓународниот суд за
правда. Мандатот на судиите трае девет години и постои можност за повторен избор
на истите. Изборите се одржуваат на секои три години при пензионирање на една
третина од судиите секој пат, како би било осигурал континуитетот во кругот на судот.

Во случај ако членките не се претставени во Постојаниот суд за арбитража,


кандидатите ќе бидат номинираии од страна на националните групи назначени од
нивните влади за оваа цел, под исти услови како оние пропишани за членови во
Постојаниот суд за арбитража со член 44 од Хашката конвенција од 1907 за мирно
решавање на меѓународните спорови.
217. Според Статутот,Меѓународниот суд на правдата ги има следните
надлежности:се состои од сите случаи на кои се повикуваат странките и сите
прашања опфатени со Повелбата на ОН или договорите и конвенциите во сила
Правни спорови во врска со:

- толкувањето на договорите.
- кое било прашање од меѓународно право,
- постоењето на било кој факт. доколу е вистинит. а кој би претставувал
повоеда на мегунаоодна обврска,
-природата или обемот на отштетата која треба да биде остварена заради
повреда на меѓународна обврска
-Судот може да бара од меѓународна организација важни информации за случаите
пред него и ќе прима такви информации презентирани од тие организации, на нивна
иницијатива.

Судот може да  расправа за два типа на случаи: правни спорови помеѓу државите
(спорни случаи3)  и барањата за советодавни мислења за правни прашања  од страна
на  органите на Обединетите Нации  и нејзините специјализирани агенции
(советодавно постапки4).

218. Странки во постапката за решавање на спорови пред


Меѓународниот суд на правдата можат да бидат: Странки во вакви правни
спорови можат да бидат само државите. Ова значи дека како странки можат да се
јават сите држави членки на ОН односно на Статутот на судот. Сепак постои можност
како странка да се јави и дражава која не е членка на ОН ниту на Статутот на судот, но
исклучиво под услови што ќе ги одреди Советот за безбедност. Според претходново
Судот не е надлежен за решавање на спорови ниту на приватни ниту правни лица
ниту меѓународни организации.

219.220.221 Како правни спорови кои може да ги решава Меѓународниот суд на


правдата можат да бидат спорови кои имаат за предмет: Правни спорови во
врска со:
- толкувањето на договорите,
- кое било прашање од меѓународно право,
- постоењето на било кој факт, доколу е вистинит, а кој би претставувал повреда
на
меѓународна обврска,
-природата или обемот на отштетата која треба да биде остварена заради повреда на
меѓународна обврска

3
Само Држави (држави членки на Обединетите нации и другите држави кои го имаат
прифатено  Статутот на Судот или земји кои ја прифатиле неговата јурисдикција под одредени
услови) може да бидат страни на поднесени спорни случаи.
4
Советодавната постапката пред Судот може да се покрене  само на пет органи на
Обединетите нации и до 16 специјализирани агенции  на Обединетите нации.
Судот има надлежност да решава правни спорови меѓу државите поднесени од нив.
Значи Судот за да може да решава по конкретен предмет мора најпрвин да ја има
согласноста на странките - државите.Во надлежност на Судот е и таканаречената
советодавната надлежност. Според Статутот,Судот може да дава советодавно
мислење по правно прашање, на барање на тело кое може да биде овластено да
поднесе такво барање во согласност со Повелбата на Обединетите нации. На овој
начин може да им помага на меѓународните политички органи во решавањето на
споровите преку давање на авторитетно мислење околу правните аспекти што се
јавуваат во вршењето на нивните функции. Сепак Судот нема советодавната
надлежност доколу барањето се однесува на политичко прашање, а не на правно. Во
однос на правните аспкети Судот има надлежност да утврдува постоење на факт што
значи кршење на некоја меѓународна обврска, да толкува меѓународен договор и
соодветно да утврдува големината на надоместот кој следува поради кршење на
некоја меѓународна обврска
222. Основен услов за надлежност на Меѓународниот суд на правдата е:
Судот има надлежност да решава правни спорови меѓу државите поднесени од нив.
Значи Судот за да може да решава по конкретен предмет мора најпрвин да ја има
согласноста на странките - државите.

-Држава не може да биде тужена без нејзина согласност


223. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата:
-Судските одлуки на Меѓународниот суд на правдата во спорни случаи се конечни, без
дополнителна можност за жалба, и обпрзувачки за странките
-Штом еднаш е донесена, пресудата на Судот според член 60 е конечна и без право
на жалба. Согласно чл.98 ст. 1, во случај на спор, за значењето или досегот на
пресудата, која било странка ќе направи барање за толкување, кое може да се
однесува на оперативниот дел од пресудата, но не и на причините, освен ако овие се
неделиви од тој дел. Иако нема обврзувачка сила, освен ломеѓу странките и во однос
на одреден случај според член 59, таквите одлуки се често влијателни во еволуцијата
на новите закони во меѓународното право
-Според член 94 од Пвелбата на ОН, секоја земја-членка треба да ја почитува
одлуката на Судот во секој случај на кој е странка и ако ова не се случи, другата
странка може да прибегне кон Советот за безбедност кој може да даде предлози или
да направи задолжителни одлуки -Според член 61 од Статутот, примена за ревизија
на пресуда може да се направи само кога се заснова на откритие на некој факт од
таква природа за да биде одлучувачки фактор, кој кога пресудата била донесена, бил
непознат на Судот и, исто така, на странката која бара ревизија, одредувајќи дека
таквото незнаење не било поради небрежност. Ова може во рок од 6 месеци од
откритието и во рок од 10 години од денот на пресудата

Советувањето и гласањето се врши тајно, и во неа учествуваат сите судии кои


учествувале во расправата, вклучувајќи ги и судиите кои биле именувани од странките
во спорот. Подготовка на пресудата ја врши посебен комитет составен од тројца судии
во чиј прилог судиите се слободни да внесат свои измени и дополнувања. По
изготвување на конечниот предлог судиите гласаат по него при што се смета дека
пресудата е донесена ако за него гласале мнозинство од судиите. Во случај на
подеднаков резултат од гласањето одлучува Претседателот на судот.
-Пресудата, заедно со индивидуалните мислења им се соопштува и доставува на
странките на јавна седница закажана од Претседателот на судот, тие се доставуваат
до сите членки на Повелбата или статутот и се објавуваат во посебни Извештаи на
МСП.
-Пресудите се конечни и не се предмет на жалба од странките во спорот. Прашањата
решени во неа добиваат карактер на ресјудицата.
-По таква пресуда странките можат да бараат:
-толкување на пресудата ако постои несогласност околу нејзиното значење и судот
има специјална надлежност да даде такво толкување,
- ревизија на пресудата како вонреден правен лек по основа на откривање на нов факт
кој пред донесување на пресудата не им бил познат ниту на странкие ниту на судот

Член 59

Одлуката на Судот нема обврзувачка сила, освен помеѓу страните и во однос на


конкретниот случај.

Член 60

Пресудата е конечна и без жалба. Во случај на спор во врска со значењето или обемот
на пресудата, Судот ќе го толкува по барање на која било страна.

224. Меѓународниот суд на правдата може да даде советодавно мислење:


За било кое прашање на барање на било кое тело кое е овластено со Повелбата или
во согласност со неа да упатат такво барање, кое треба да биде писмено и да содржи
точна изјава за прашањето, придружено со сите документи кои би можеле да го
разјаснат прашањето

Во надлежност на Судот е и таканаречената советодавната надлежност. Според


Статутот,Судот може да дава советодавно мислење по правно прашање, на барање
на тело кое може да биде овластено да поднесе такво барање во согласност со
Повелбата на Обединетите нации. На овој начин може да им помага на
меѓународните политички органи во решавањето на споровите преку давање на
авторитетно мислење околу правните аспекти што се јавуваат во вршењето на
нивните функции. Сепак Судот нема советодавната надлежност доколу барањето се
однесува на политичко прашање, а не на правно. Во однос на правните аспкети Судот
има надлежност да утврдува постоење на факт што значи кршење на некоја
меѓународна обврска, да толкува меѓународен договор и соодветно да утврдува
големината на надоместот кој следува поради кршење на некоја меѓународна обврска.
Советодавната постапката пред Судот може да се покрене  само на пет органи на
Обединетите нации и до 16 специјализирани агенции  на Обединетите нации.
Генералното собрание на Обединетите нации и Советот за безбедност може да
побараат советодавно мислење за “кое било правно прашање”. Другите органи на
Обединетите Нации и специјализирани агенции кои се овластени да бараат
советодавно мислење може тоа да го сторат само во врска со “правни прашања кои
произлегуваат во рамките на делокругот на нивната работа”.
Кога ќе прими барање за советодавно мислење, Судот, со цел да може да го даде
своето мислење со целосно познавање на фактите, е овластен да се покрене писмени
и усни постапки, за одредени аспекти на постапката во спорните случаи.
Неколку дена откако барањето е поднесено, Судот изработува листа на држави и
меѓународни организации кои ќе бидат способни да дадат информации во врска со
прашањето пред Судот.

225. Според Законот за меѓународно приватно право, со признавањето,


странската судска одлука: Странска судска одлука се изедначува со одлука на
суд на Република Македонија и произведува правно дејство во Република Македонија
само ако ја признае судот на Република Македонија
226. Според Законот за меѓународно приватно право, странската судска
одлука произведува правно дејство во Република Македонија: Странска судска
одлука се изедначува со одлука на суд на Република Македонија и произведува
правно дејство во Република Македонија само ако ја признае судот на Република
Македонија
227.228 Според Законот за меѓународно приватно право, при признавањето на
странската судска одлука судот по службена должност цени дали:
Потврда за правосилност-Член 101
(1) Подносителот на барањето за признавање на странска судска одлука е должен кон
предлогот за признавање на странската судска одлука, да ја приложи странската
судска одлука во оригинал или заверен препис и да приложи потврда од надлежниот
странски суд, односно друг орган за правосилноста на одлуката според правото на
државата во која е донесена.
(2) Ако оригиналот на странската судска одлука или нејзиниот заверен препис не се
составени на јазикот кој е во службена употреба пред судот пред кој се поведува
постапката за признавање на таа одлука, странката што бара признавање на одлуката
мора да поднесе и заверен превод на странската судска одлука на јазикот кој е во
службена употреба пред тој суд.

Потврда за извршноста на странската судска одлука- Член 102


Ако со барањето за признавање на странската судска одлука се бара и признавање на
нејзината извршност, подносителот на барањето за признавање на таа странска
судска одлука, покрај потврдата од членот 101 став (1) на овој закон, треба да поднесе
и потврда за извршноста на таа одлука според правото на државата во која е
донесена.

Исклучива надлежност на суд на Република Македонија-Член 104

(1) Странска судска одлука нема да се признае ако во односната работа постои
исклучива надлежност на суд или на друг орган на Република Македонија.

(2) Ако тужениот бара признавање на странска судска одлука што е донесена во
брачен спор или ако тоа го бара тужителот, а тужениот не се противи, исклучивата
надлежност на судот на Република Македонија не е пречка за признавање на таа
одлука.
Правосилна одлука во истата работа меѓу истите странки-Член 106

(1) Странската судска одлука нема да се признае ако во истата работа суд или друг
орган на Република Македонија донел правосилна одлука или ако во Република
Македонија е признаена некоја друга странска судска одлука што е донесена во истата
работа.

(2) Судот ќе запре со признавањето на странската судска одлука ако пред суд на
Република Македонија е во тек порано поведена парница во истата правна работа и
меѓу истите странки и тоа до правосилното завршување на таа парница.

Повреда на јавниот поредок-Член 107

Странската судска одлука нема да се признае, ако дејството на нејзиното признавање


е во спротивност со јавниот поредок на Република Македонија.

229. Според Законот за меѓународно приватно право, судот ќе го одбие


признавањето на странската судска одлука, ако една од странките докаже дека:
Судот на Република Македонија ќе го одбие признавањето на странската
судска одлука, ако една од странките докаже дека: 
1) поради неправилности во постапката, не можела да ги истакнува своите средства за
одбрана или 
2) поканата, тужбата или решението со кое е започната постапката не н биле
доставени на начин предвиден со правото на државата во која одлуката е донесена,
односно дека воопшто немало ниту обид за такво доставување, освен ако на кој и да
било начин се впуштила во расправање за главната работа во првостепената
постапка.

Член 105-(1) Судот ќе го одбие признавањето на странската судска одлука, ако по


приговор на лицето за кое таа одлука е донесена, утврди дека надлежноста на
странскиот суд била заснована исклучиво врз основа на државјанството на тужителот.
(2) Судот ќе го одбие признавањето на странската судска одлука, ако по приговор на
лицето за кое таа одлука е донесена, утврди дека странскиот суд кој ја донел одлуката
не го земал предвид договорот на странките за надлежност на судот на Република
Македонија.

230. Доколку при признавањето на странската судска одлука судот утврди


дека пред суд на Република Македонија е во тек порано поведена парница во
истата правна работа и меѓу истите странки:

Странската судска одлука нема да се признае ако во истата работа суд или друг орган
на Република Македонија донел правосилна одлука или ако во Република Македонија
е признаена некоја друга странска судска одлука што е донесена во истата
работа.Судот ќе запре со признавањето на странската судска одлука ако пред суд на
Република Македонија е во тек порано поведена парница во истата правна работа и
меѓу истите странки и тоа до правосилното завршување на таа парница.
231. Постапката за признавање на странска судска одлука се поведува:

Постапката за признавање на странска судска одлука се поведува со


предлог.Признавање на странска судска одлука во работи што се однесуваат на
личната состојба (статус), може да бара секој кој за тоа има правен интерес.

232. Постапката за признавање на странска судска одлука може да поведе:


Признавање на странска судска одлука во работи што се однесуваат на личната
состојба (статус), може да бара секој кој за тоа има правен интерес.

233. По предлогот за признавање на странска судска одлука одлучува:


За признавањето на странска судска одлука одлучува судија поединец на основниот
За признавањето на странска судска одлука месно е надлежен секој стварно
надлежен суд.
234. Ако за признавањето на странската судска одлука не е донесено посебно
решение:
Ако за признавањето на странската судска одлука не е донесено посебно решение,
секој суд може за признавање на таа одлука да решава во постапката како за
претходно прашање, но само со дејство за таа постапка.
235. Незадоволната странка може против решението за признавање на
странска судска одлука да поднесе:
Судот ќе го достави решението за признавање на спротивната странка,
односно на другите учесници во постапката во која странската судска одлука била
донесена и ќе ги поучи дека против решението за признавање можат да поднесат
приговор во рок од 15 дена од денот на приемот.По приговорот од ставот (3) на овој
член одлучува судот кој го донел решението за признавање, во состав од тројца
судии. Ако одлуката по приговорот зависи од спорни (факти), судот одлучува по
одржаното рочиште.Против решението со кое судот го одбил предлогот за
признавање и против решението по приговорот од ставот (4) на овој член, дозволена е
жалба до надлежниот апелационен суд во рок од осум дена од денот на приемот на
одлуката.Без оглед на одредбите од ставот (3) на овој член, судот нема да го достави
решението за признавање на странската судска одлука за развод на брак на
спротивната странка, ако лицето кое го бара признавањето е државјанин на Република
Македонија, а спротивната странка нема живеалиште, односно престојувалиште во
Република Македонија.
236. По приговорот против решението за признавање на странска судска
одлука одлучува: По приговорот одлучува судот кој го донел решението за
признавање, во состав од тројца судии. Ако одлуката по приговорот зависи од спорни
(факти), судот одлучува по одржаното рочиште
237. Одлучувајќи по предлогот за признавање на странската судска одлука,
судијата поединец: Ако судот утврди дека нема пречки за признавање ќе донесе
решение за признавање на странската судска одлука.Може да донесе решение за
признавање на странска судска одлука или решение со кое ќе го одбие предпогот за
признавање на странска судска одлука
238. Против решението по приговорот против решението за признавање на
странска судска одлука: Против решението со кое судот го одбил предлогот за
признавање и против решението по приговорот, дозволена е жалба до надлежниот
апелационен суд во рок од осум дена од денот на приемот на одлуката.
239. Подносителот на предлогот за признавање на странска судска одлука е
должен кон предлогот за признавање:
Подносителот на барањето за признавање на странска судска одлука е должен кон
предлогот за признавање на странската судска одлука, да ја приложи странската
судска одлука во оригинал или заверен препис и да приложи потврда од надлежниот
странски суд, односно друг орган за правосилноста на одлуката според правото на
државата во која е донесена. Ако оригиналот на странската судска одлука или
нејзиниот заверен препис не се составени на јазикот кој е во службена употреба пред
судот пред кој се поведува постапката за признавање на таа одлука, странката што
бара признавање на одлуката мора да поднесе и заверен превод на странската судска
одлука на јазикот кој е во службена употреба пред тој суд.Ако со барањето за
признавање на странската судска одлука се бара и признавање на нејзината
извршност, подносителот на барањето за признавање на таа странска судска одлука,
покрај потврдата од членот 101 став (1) на овој закон, треба да поднесе и потврда за
извршноста на таа одлука според правото на државата во која е донесена.

240. Судовите на Република Македонија укажуваат правна помош на странски


судови:

Член 21 Закон за судовите-Судовите даваат правна помош на странски судови во


постапка утврдена со закон, доколку со меѓународен договор поинаку не е
определено.
Член 171 ЗПП- (1) Судовите ќе им укажуваат правна помош на странски судови во
случаите предвидени со меѓународен договор, како и кога постои заемност во
укажувањето на правна помош. Во случај на сомневање за постоење на заемност,
објаснение дава министерот за правда.(2) Судот ќе одбие да му даде правна помош
на странски суд ако се бара извршување на дејствие кое му е спротивно на јавниот
поредок на Република Македонија. Во таков случај судот надлежен за укажување на
правна помош по службена должност ќе го достави предметот до Врховниот суд на
Република Македонија.(3) Одредбата на членот 170 став (2) од овој закон важи и за
постапување со молба на странски суд

241. Судот на Република Македонија ќе одбие да му даде правна помош на


странскиот суд:
Судот ќе одбие да му даде правна помош на странски суд ако се бара извршување на
дејствие кое му е спротивно на јавниот поредок на Република Македонија. Во таков
случај судот надлежен за укажување на правна помош по службена должност ќе го
достави предметот до Врховниот суд на Република Македонија.
242. Судовите им укажуваат правна помош на странските судови: Судовите
им укажуваат правна помош на странските судови на начин предвиден со домашното
законодавство. Дејствието кое е предмет на молба на странскиот суд може да се
изврши и на начин кој го бара странскиот суд, ако таквата постапка не е спротивна на
јавниот поредок на Република Македонија.

243. Судот на Република Македонија ќе ги земе во постапка молбата за правна


помош на странски суд: Ако замолениот суд не е надлежен да го изврши
дејствието за кое е замолен, ќе му ја отстапи молбата на надлежниот суд, односно на
друг државен орган и за тоа ќе го извести судот од кој ја примил молбата, а ако
надлежниот суд, односно државниот орган не е познат, ќе ја врати молбата. Ако со
меѓународен договор поинаку не е определено, судовите ќе ги земаат во постапка
молбите за правна помош на странските судови, само ако се доставени по
дипломатски пат и ако молбата и прилозите се составени на македонски јазик или ако
е приложен заверен превод на тој јазик.Ако со меѓународен договор не е определено
нешто друго, молбите на домашните судови за правна помош се доставуваат до
странските судови по дипломатски пат. Молбите и прилозите мораат да бидат
составени на јазикот на замолената држава или кон нив мора да биде приложен нивни
заверен превод на тој јазик.
244. Членот 2 од ЕКЧП согласно судската пракса на ЕСЧП содржи два аспекти:
-материјален и процесен??

-позитивен и процедурален??

Суштински аспекти на правото на живот Постојат повеќе суштински аспекти на


правото на живот кои се посебно важни за утврдување на границите на заштитата на
ова право кои државата како нејзин гарант мора да ги исполни. Така, важно е да се
одреди кои сегменти на човечкиот живот ги опфаќа ова право, во кој момент
поединецот почнува да го ужива истото и дали своеволно може да се откаже од ова
право.

Процедурални аспекти на правото на живот Правото на живот е важно да се


анализира и од процедурално-правни аспекти кои опфаќаат прашања од правните
постапки во кои се одлучува во врска со заштитата на правото на живот, како и за
одговорноста на тие што ја прекршуваат таквата заштита.

245. Позитивна обврска која произлегува од членот 2 од ЕКЧП се однесува на:


Освен што ги пропишува околностите под кои лишувањето од живот може да биде
оправдано, член 2 имплицира и примарна должност за државата да го осигура правото
на живот со тоа што ќе изгради соодветна законска и административна рамка која ќе ги
дефинира ограничените околности во кои службениците за спроведување на законот
имаат право да употребат сила и огнено оружје, гледано низ призмата на
меѓународните стандарди???

-Државите не треба само да штитат од незаконско одземање на животот. туку и да ги


стават под заштита животите на оние кои се под нивна јурисдикција, особено преку
ставање во сила на ефективни кривични норми поткрепени со ефикасен кривично-
правен систем -обезбедување на систем на адекватни и ефективни мерки на заштита
од самоволие и злоупотреба на сила. па дури и од несреќни случаи што може да се
избегнат

Позитивните процесуални обврски на државата да го гарантира правото на живот,


меѓу другото, опфаќаат Да има законска и ефикасна истрага за случаите на
прекршување на членот 2 на ЕКЧП, » Да се заштити правото на живот на
притворените лица кон кои, често поради повреда на членот 3 на ЕКЧП и употребата
на тортура може да настапи смрт. Без законска и ефикасна истрага, тешко е да се
предвиди каква било одговорност на државните органи кои имаат надлежност да
употребат сила, » Обврска на државните правосудни органи до крај да ги разјаснат
сите дилеми во врска со случаите на убиство и сторителите да ги казнат соодветно, »
Обврска на правосудните органи е да ги разјаснат и случаите со исчезнатите лица, »
Заштитата на правото на живот опфаќа и заштита за време на меѓународен или
внатрешен вооружен конфликт.

246. Правото на ефикасен правен лек од ЕКЧП претпоставува Секој човек, чии
права и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени, има право на жалба лред
националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја
сториле лица при вршење на службена должност

-Согласио судската пракса, Судот потсетува дека правните лекови кои се однесуваат
на должината иа постапката, а им се достапни на странките на национално ниво се
"ефикасни", во смисла на член 13 од Конвенцијата ако “[спречуваатј наводна повреда
или понатамошно егзмстирање на истата, или[обезбедуваат] соодветен надомест за
секоја повреда која што веќе се случила” (види КисНа претходно наведено т. 158).
Поради тоа членот 13 нуди алтернатива: правниот лек е “ефикасен” доколку може да
биде искормстен со цел да го забрза донесувањето на одлуката од страна на судот кој
што постапува по предметот, или да и обезбеди на странката соодветен надомест за
одложувањата кои што се случиле

247. До ЕСЧП може да се поднесе жалба за повреда на правото на судење во


разумен рок:

Судот може да го разгледа предметот единствено:  ако жалбените наводи се


однесуваат на повреда на едно или повеќе од правата утврдени со Конвенцијата и
Протоколите;  ако жалбените наводи се насочени против држава што ги
ратификувала Конвенцијата или Протоколот во однос на кој се жалите (сите држави не
ги имаат ратификувано сите Протоколи.  ако жалбените наводи се однесуваат на
предмети коишто вклучуваат надлежност на органите на државна власт (законодавно
тело, управен орган, суд, итн.); Судот не може да постапува по жалбени наводи
насочени против поединци или приватни организации;  ако жалбените наводи се
однесуваат на прашања или настани што се случиле по датумот на кој државата ги
ратификувала Конвенцијата или Протоколот на кој се однесуваат тие жалбени наводи
 ако лично и непосредно сте засегнати со повредата на некое од основните 
можност на домашниот правен систем да ја исправи повредата (“правило за
исцрпување на домашните правни средства”). Значи дека пред да поднесете жалба до
Судот мора да сте ги покренале истите жалбени наводи пред домашните судови,
вклучувајќи го највисокиот надлежен суд. Ова правило исто така подразбира дека сте
ги почитувале правилата на постапката на домашно ниво, како и пропишаните рокови;
 ако Вашата целосна жалба до Судот сте ја поднеле во рок од шест месеци од
конечната одлука во домашната постапка. Овој рок од шест месеци обично почнува да
тече од денот кога највисокиот надлежен суд или орган ја донел одлуката, или од
денот кога била доставена таа одлука. Доколку не постои ефикасно правно средство
во однос на одреден жалбен навод, рокот од шест месеци почнува да тече од денот
кога се случиле дејството, настанот или одлуката на кои се жалите.

248. Пресудата на Европскиот суд за човекови права:Високите страни


договорнички се обврзуваат да се придржуваат кон конечните пресуди на Судот во
споровите во кои се странки. 2. Конечната пресуда на Судот му се доставува на
Комитетот на министрите којшто го надгледува нејзиното извршување.

249. Согласно измените на Законот за судови, до кој орган може да се поднесе


жалба со наводи за повреда на правото на судење во разумен рок?Странката која
смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење во разумен рок, има право
да поднесе барање за заштита на правото на судење во разумен рок до Врховниот суд
на Република Македонија.

250. Согласно Европската конвенција за човекови права, ЕСЧП решава по


жалби доставени од:Судот прима жалби што му ги доставуваат физички лица,
невладини организации или група поединци кои се сметаат за жртва на повреда на
правата признаени во Конвенцијата или во нејзините протоколи што ја извршила една
од Високите страни договорнички. Високите страни договорнички се обврзуваат со
никаква мерка да не го спречуваат ефикасното вршење на ова право
251. Постапката пред ЕСЧП е регулирана со:Конвенција за заштита на човековите
права и основните слободи
-Член 29 од Конвенцијата и членовите 58-70 од Правилата на Судот

252. Во однос на употребата на официјалниот јазик пред Европскиот суд за


човекови права изберете ја точната изјава:Судот  ги  донесува  своите  пресуди  и 
одлуки  на  англиски  и/или  на  француски  јазик,  на  двата  негови  официјални 
јазици
253. Обврската за спроведување на ефикасна истрага во случај на наводи за
тортура, нечовечко однесување и постапување или казнување
произлегува од Член 3 Забрана на мачење

членот 3 е суштински за развојот на едно демократско општество, воспоставувајќи го


принципот на апсолутна забрана на тортурата, а покрај суштинските содржи и
процедурални аспекти, поточно обврска за државата да преземе ефикасна и
навремена истрага на тврдењата за постоење тортура или други форми на нечовечно
понижување
254. Извршувањето на пресуда на ЕСЧП задолжителни и извршни.Високите
страни договорнички се обврзуваат да се придржуваат кон конечните пресуди на
Судот во споровите во кои се странки. Конечната пресуда на Судот му се доставува на
Комитетот на министрите којшто го надгледува нејзиното извршување. Доколку
Комитетот на министрите смета дека надгледувањето на извршувањето на конечната
пресуда е спречено поради проблем во толкувањето на пресудата, прашањето може
да го упати до Судот за одлука по прашање на толкувањето. Донесувањето на
одлуката дали прашањето да се достави до Судот бара двотретинско мнозинство на
гласови од претставниците кои имаат право да заседаваат како членови на Комитетот.
Доколку Комитетот на министрите смета дека Високата страна договорничка одбива
да ја спроведе конечната пресуда во случај во кој што истата е странка, може откако
на таа Висока 28 29 страна договорничка и упати формално известување, и со одлука
донесена со двотретинско мнозинство на гласови на претставниците кои имаат право
да заседаваат во Комитетот, да го упати прашањето до Судот, дали таа страна не ги
исполнила своите обврски според став 1. 5. Доколку Судот утврди прекршување на
став 1, тој ќе го упати случајот на Комитетот на министри за разгледување на мерките
кои треба да се преземат. Доколку Судот уврди дека нема прекршување на став 1, тој
ќе го упати случајот на Комитетот на министрите којшто ќе го заврши разгледувањето
на случајот.

Извршувањето на пресудите подразбира обврска за превземање на неколку видови


мерки: 1. Исплата на досудениот надомест на штета или правично обештетување (just
satisfaction) – член 41 од ЕКЧП 2. Индивидуални мерки (individual measures) 3. Општи
мерки (general measures
255. Повторувањето на домашната судска постапка откако ЕСЧП во истата
констатирал повреда на првата загарантирани со ЕКЧП
спаѓа во поединечни правни мерки,

-претставува индивидуална мерка

256. Правото на живот од членот 2 на ЕКЧП


1. Правото на живот на секој човек е заштитено со закон. Никој не може намерно да
биде лишен од живот, освен со извршување на смртна казна, изречена со судска
пресуда, со која е прогласен за виновен за кривично дело кое, според законот, се
казнува со таква казна.
2. Се смета дека одредбите на овој член не се повредени доколку смртта настапила
како резултат на апсолутно потребна употреба на сила:
а. во одбрана на секој поединец од незаконско насилство;
б. при апсење според закон или спречување на бегство на лице уапсено врз
основа на закон;
в. при законско спречување на немир или бунт.

-Членот 2 не се однесува само на смртта која резултира од користењето на сила


од страна на агентите на државата. туку и, во првата реченица од својот прв став,
ја предвидува позитивната обврска на државите да преземат соодветни чекори
за зачувување на животите на оние под нивна јурисдикција

-примарна должност за државата да донесе законодавна и административна


рамка, дизајнирана да обезбеди ефективна превенција. Оваа рамка мора да
вклучува регулатива наменета за посебните карактеристики на одредени
активности, особено внимавајќи на нивото од потенцијален ризик за човековиот
живот. Државата мора да демонстрира особено внимание и да ги дефинира
ограиичените околности кога службените лица за спроведуваное на законот може
да користат оружје

257. Во однос на надлежноста на Европскиот суд за човекови права спрема


Република Македонија одбери ја точната изјава: имајќи предвид дека Република
Македонија е членка на Конвенцијата, секое лице во нејзина надлежност кое смета
дека нејзините, или неговите човекови слободи и права гарантирани со Конвенцијата
се повредени, има можност да поднесе индивидуална жалба до Европскиот суд за
човекови права. Европската конвенција за човекови права, како меѓународен договор
кој е ратификуван од страна на Собранието на Република Македонија(10.04.1997) и
станал дел од правниот систем на Република Македонија согласно монистичката
доктрина, е директно применлива и има директен ефект.
258. Повреда на слободата на здружување која ја гарантира ЕКЧП 1.
Секој човек има право на слобода на мирно собирање и здружување со други,
вклучувајќи го и правото да основа синдикати и да им се придружува на синдикатите
за заштита на своите интереси.

2. Остварувањето на овие права може да биде ограничено само со законски


мерки што во едно демократско општество се неопходни за националната безбедност,
јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на злосторства, заштигата на
здравјетс или моралот или заштитата на правата и слободите на други. Со овој член
не се забранува наметнување законски ограничувања за припадниците на сружените
сили, полицијата или државната администрација.

259. Повреда на правата загарантирани со ЕКЧП


260. Забраната за тортура, нечовечко постапување и казнување од членот 3 на
ЕКЧП воспоставувајќи го принципот на апсолутна забрана на тортурата, а покрај
суштинските содржи и процедурални аспекти, поточно обврска за државата да
преземе ефикасна и навремена истрага на тврдењата за постоење тортура или други
форми на нечовечно понижување.Овој член секогаш мора да се чита во корелација со
членот 15 од Конвенцијата, чијшто став 2 не дозволува никаква дерогација од
принципот на апсолутна забрана на тортурата во случаи на воена или вонредна
состојба. 

261. Европската Конвенција за заштита на човековите права и основни


слободи е-Советот на Европа со човековите права. Преземајќи ја иницијативата од
Универзалната декларација, Советот на Европа ја создаде Европската конвенција за
заштита на човековите права и основни слободи (ЕКЧП). Таа беше отворена за
потпишување од страна на тогашните 15 држави-членки во 1950 година. Конвенцијата
беше значајна од три главни причини:

 Правата и слободите на секој поединец се гарантирани од страна на засегнатите земји


- "Државите-договорнички" според прописите на меѓународното право за прв пат се
донесе меѓународен договор за човековите права со конкретен механизам за заштита.
 Парламентите и судските тела имаат солидна референтна точка за човековите права
што им помага при донесувањето и толкувањето на законите.
ЕКЧП и нејзините протоколи ги гарантираат
Правото на:

 живот, слобода и безбедност на личностаправично судење во граѓанско-правни и


кривично-правни работи

 глас и да се биде кандидат на избори

 слобода на мисла, свест и вероисповест

 слобода на изразување (вклучително слобода на медиумите)

 имот или мирно уживање на имотот

 слобода на собирање и здружување


Забрана на:

 тортура, нечовечно или понижувачко постапување или казнување

 смртна казна, ропство и присилен труд

 дискриминација во уживањето на правата и слободите гарантирани во Конвенцијата

 протерување на сопствените државјани или да им се откаже влез колективно


протерување на странци

262. Повреда на слободата на изразување која ја гарантира ЕКЧП-член 10 од


ЕКЧП
263. Во однос на правната сигурност Европската конвенција за човекови
права:Меѓу принципите и стандардите кои произлегуваат од принципот на владеење
на правото се вбројуваат следните: законитост, која подразбира: транспарентен,
одговорен, демократски и плуралистички процес на донесување закони; правна
сигурност; забрана на арбитрарност од страна на извршната власт; независни и
непристрасни судови; ефективен судски преглед, кој вклучува почитување на
основните права; еднаквост пред законот.
264. Принципот на „владеење на правото„ во ЕКЧП- Правото на правично судење
е од фундаментално значење за владеењето на правото и демократијата. Правото на
правично судење е основен принцип на владеење на правото во демократските
општества, обезбедување на право на соодветна администрација и правда. Во исто
време, е предуслов за правна заштита на човековите права. Она што ја прави ЕКЧП
посебна во споредба со другите меѓународни инструменти е можноста доделена на
поединци да поднесат жалба до ЕСЧП против држава потписничка, кои пресуди се
обврзувачки за земјите-членки на Советот на Европа.

265. Правото на пристап до информации од јавен карактер- The right to receive


information is guaranteed by the European Convention on Human Rights in 47 Member
States of the Council of Europe, including Georgia. The case law of the European Court of
Human Rights (ECHR) is considered an authoritative international standard regarding the
protection of human rights, which the Member States should use in the process of effective
implementation of the right of access to public information on the national level. The right of
access to public information is closely related to the right to receive information guaranteed
by Article 10 of the ECHR. This right allows the public to have an adequate view of and to
form a critical opinion on the situations in the state. The right to receive information is not
absolute and may be restricted to balancing competing interests in accordance to the
circumstances of the case based on the state and public interest.
266. Во однос на мерките на извршување на пресудите на ЕСЧП избери која од
изјавите е точна:Првиот вид мерки, индивидуалните мерки, појаснуваат од Бирото
за застапување на РМ пред ЕСЧП, се однесуваат и се насочени кон апликантот.Тие се
насочени кон отстранување на последиците кои апликантот ги трпел како последица
на повредите на Конвенцијата, констатирани во пресудата на ЕСЧП и имаат за цел
постигнување на „restitutio in integrum“ (враќање во поранешна состојба) во најголема
можна мера.„Обврската за преземање на индивидуални мерки има два аспекта: прво,
државата во принцип има обврска на апликантот да му исплати определeн паричен
износ на име правично обесштетување, односно надомест за штета за констатираната
повреда на Конвенцијата, а досуден од страна на ЕСЧП во согласност со членот 41 од
Конвенцијата“, образложуваат од Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП.Вториот
аспект, додаваат од Бирото, се однесува на фактот дека последиците од повредата не
секогаш се соодветно ремедирани исклучиво со исплатата на правичното
обесштетување во износ досуден од страна на ЕСЧП или, пак, со самото
констатирање на повреда на ЕКЧП. Во зависност од околностите, обврската за
restitutio in integrum може да бара преземање понатамошни мерки, како на пример,
повторување на постапката за која ЕСЧП констатирал дека била спроведена во
спротивност со член 6 од Конвенцијата  (право на правично судење).Вториот вид
мерки, општите мерки, се однесуваат на обврската на државата да превенира идни
слични повреди на Конвенцијата или ставање крај на континуираните повреди на
Конвенцијата (како на пример, законски или дури и уставни измени или, пак,
зголемување на бројот на персоналот, измена на постојните практики и сл.).
267. Со пресудата во предметот „Макрадули против Република Македонија“
ЕСЧП констатираше повреда на-повреда на членот 10 од Конвенцијата.
Вообичаено ќе се дава високо ниво на заштита на слобода на изразување кога
забелешките се однесуваат на прашање од јавен интерес, па тогаш властите ќе имаат
особено тесен простор за проценка. Според неговата утврдена практика, границите на
прифатлива критика се пошироки за државни службеници отколку за приватни лица.
268. Во пресудата „Селмани и други против Република Македонија“ од страна
на ЕСЧП беше утврдено дека со отстранувањето на новинарите од собраниската
галерија за време на седницата на Собранието на РМ на 24 декември 2012
година, слободата на изразување загарантирана со Конвенцијата- повреда
на член 10 од Конвенцијат.Според оценката на Судот, дејствието на отстранување
на новинарите од галеријата на собраниската сала претставува попречување на
правото на новинарите непречено да ја обавуваат својата дејност и да ја информираат
јавноста за настан кој е од несомнено големо значење за граѓаните на Република
Македонија – случувањата во Собранието во врска со донесување на Буџетот за 2013
година и за кој јавноста имала голем интерес да го следи и да биде известувана.
Постои заеднички став на страните, а Судот се согласува, дека отстранувањето на
жалителите од собраниската галерија од каде известувале за собраниската седница и
подоцнежните инциденти во салата претставувале „попречување“ на нивното право на
слобода на изразување во смисла на член 10 став 1 од Конвенцијата
269. Во предметот „Селмани и други против Република Македонија“ било
констатирано прекршување на правото на фер судење од членот 6 од
Конвенцијата од аспект- постои повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата во врска
со неодржувањето на усна расправа во постапката пред Уставниот суд.Жалителите
имале право на усна расправа пред Уставниот суд. Спроведувањето на правдата
подобро ќе служело во случајот на жалителите давајќи им го правото да го објаснат
своето лично искуство на расправата пред Уставниот суд. Според мислењето на
Судот, овој фактор е со поголема тежина од аргументите за експедитивност и
ефикасност на што се потпира Владата во своите наводи. Во секој случај, не била
одржана усна расправа, иако жалителите изрично го побарале тоа. Покрај тоа,
Уставниот суд не навел причини зошто сметал дека не била потребна расправа
270. Една од пресудите на ЕСЧП во кои е утврдено прекршување на правото на
слобода и безбедност од членот 5 став 3 од Конвенцијата е донесена во
предметот
-Василкоски и други против Македонија -Повреда на член 5 став 3
-Миладинов и други против Македонија-Разграничување помеѓу изјавите дека
определено лице е виновно (повреда на презумпција на невиност) и исказите кои ја
опишуваат состојбата на лица обвинети за определено дело; • Пресуда за член 5 став
3 и член 5 став 4 [обете повреди]
-Рамковски против РМ-Повреда на член 5 став 3
271. Во пресудата на ЕСЧП „Рамковски против РМ“ ЕСЧП утврди дека со
решенијата за продолжување на притворот на жалителите, презумпцијата на
невиност на жалителите-повреда на член 5 став 3 од Конвенцијата Судот смета
дека со тоа што не успеале да ги разгледаат конкретните факти или правилно да ги
разгледаат алтернативните превентивни мерки и во суштина се потпирале на
тежината на обвиненијата и на сериозноста на изречената казна, судовите го
продолжувале притворот на жалителите со повикување на основи кои не може да се
сметаат за "релевантни и доволни" во рамките на значењето на судската пракса на
Судот (види Vasilkoski and Others, цитирани погоре, § 64, и Miladinov and Others,
цитирани погоре, § 58). Во овие околности, не е неопходно да се испита дали
постапката била спроведена со "посебна внимателност" (види Orban v. Croatia, бр.
56111/12, § 62, 19 декември 2013, и Segeda, цитиран погоре, § 70). 70. Според тоа,
постои повреда на членот 5 став 3 од Конвенцијата.
272. Во предметот „Бекташка заедница и други против РМ“ ЕСЧП констатира
повреда- Судот смета дека интервенцијата во правото на слобода на здружување и
вероисповест на здруженито апликант не била оправдана. Затоа, во случајот постои
повреда на членот 11 од Конвенцијата во врска со членот 9.Судот смета дека
интервенцијата во правото на здружението апликант на слобода на здружување и
вероисповест не може да се смета дека била “неопходна во демократскотот
општетсво”. Затоа, била сторена повреда на членот 11 од Конвенцијата, во врска со
членот 9 поради одбивањето на домашните органи да го признаат континуираниот
статус на религиозен субјект на здружението апликант.

273. Според ЕСЧП, слободата на изразување од членот 10 од Конвенцијата


била загрозена во следниве предмети против Република Македонија
- Макрадули против Македонија
- Селмани против Македонија
274. Членот 8 од ЕКЧП ги опфаќа следниве права-Право на почитување на
приватниот и семејниот живот
1. Секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот
и преписката. 2. Јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право,
освен ако тоа мешање е предвидено со закон и ако претставува мерка која е во
интерес на државната и јавната безбедност, економската благосостојба на земјата,
заштитата на поредокот и спречувањето на кривични дела, заштитата на здравјето и
моралот, или заштитата на правата и слободите на другите, во едно демократско
општеств
275. Зачувувањето на авторитетот и непристрасноста на судството
претставува-Право на правична судска постапка член 6 од ЕКЧП 1. Секој има
право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон
воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски
или основаноста на какви било кривични обвиненија против него. Пресудата се
изрекува јавно, а новинарите и публиката можат да бидат исклучени за време на
целата или на дел од постапката во интерес на моралот, јавниот ред или
националната безбедност во едно демократско општество, кога тоа го наложуваат
интересите на малолетник или заштитата на приватниот живот на страните во спорот,
или кога тоа судот го смета за неопходно затоа што во посебни околности
публицитетот би можел да им нанесе штета на интересите на правдата.
Непристрасноста подразбира отсуство на предубедување или пристрасност, што мора
да се утврди согласно - субјективниот тест (личната убеденост и
постапување/однесување на определен судија, односно дали тој имал лично
предубедување или пристрасност во одреден случај), како и - објективниот тест (дали
судот и неговиот состав даваат доволно гаранции за да се исклучи каков било
легитимен сомнеж во однос на неговата непристрасност);
276. Согласно праксата на ЕСЧП, недоставувањето на жалбата на одговор на
тужителот претставува-повреда на член 6 став 1 од ЕКЧП Наумоски против
Македонија • Недоставување на поднесоците на тужениот до апликантот како тужител-
сериозно прекршување на правото на контрадикторна постапка; правото на
контрадикторна постапка подразбира право на страните во кривична или граѓанска
постапка да бидат запознаени и да се произнесат во однос на сите изведени докази
или поднесоци, во насока на тоа да можат да влијаат врз судската одлука.
277. Правото на одбрана кое е инкорпорирано во членот 6 став 3 точка в од
Конвенцијата меѓу другото подразбира и да се брани самиот или со помош на
бранител по свој избор, а доколку не располага со средства да плати бранител, да
добие бесплатен службен адвокат кога тоа го наложуваат интересите на правдата
278. Процедуралната обврска на државата е најизразена во поглед на
почитувањето на правата и слободите загарантирани во
279. Под поединечни мерки за извршување на одлуките на ЕСЧП се
подразбираат-Поединечни мерки“ се мерки што државата како договорна страна на
Конвенцијата може да ги усвојува во домашниот правен поредок заради отстранување
на конкретната повреда утврдена од Судот спрема жалителот, како и за отстранување
на евентуалните последици од повредата. Државата е слободна да ги избере
средствата со кои ќе ги изврши своите правни обврски
280. За постигнатото пријателско спогодување ЕСЧП донесува -одлука
„Одлука на Судот“ е пресуда, одлука за недопуштеност на жалба, одлука за отфрлање
на жалбата од листата на предмети на Судот поради постигната пријателска спогодба
и одлука за отфрлање на жалбата од листата на предмети на Судот поради
изјавување на еднострана декларација од страна на државата со која се признава
сторената повреда;
281. Врз основа на Протоколот бр. 16 кон Конвенцијата, кој Република Северна
Македонија сѐ уште го нема ратификувано, советодавни мислења од ЕСЧП
можат да побараат-Протоколот 16 воведува можност домашните судови и трибунали
да побараат советодавно мислење од ЕСЧП за прашања принципиелно врзани за
интерпретацијата или примената на правата и слободите дефинирани во
Конвенцијата и во нејзините протоколи (член 1.1), при решавање на тековни случаи
(член 1.2). Судовите и трибуналите кои ќе можат да бараат советодавни мислења во
согласност со овој Протокол, ќе бидат назначени од ВДС во декларација која се
поднесува заедно со инструментот за ратификација/прифаќање/одобрување.
Барањето за советодавно мислење најпрво ќе се разгледува од панел од пет судии,
кои може да го прифатат или отфрлат истото (член 2.1). Прифатените барања ќе ги
разгледува Големиот судски совет (член 2.2). Во процесот на составување на овие
мислења, ЕСЧП може да побара и пишани коментари (Art.3). Советодавните мислења
нема да се обврзувачки (член 5).
282. Ефикасноста на определено правно средство која е дефинирана во
членот 13 од Конвенцијата значи дека потенцијалните жалители: Секој човек, чии
права и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени, има право на жалба пред
националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја
сториле лица при вршење на службена должност. Секој чиишто права и слободи
наведени во оваа Конвенција се нарушени има право да вложи ефективен правен лек
пред националните власти без оглед дали повредата, односно нарушувањето на
правата било сторено од лица кои дејствувале во службено својство.Според кој
националниот правен поредок ќе обезбеди право на ефективен правен лек за повреди
на правата од Конвенцијата, без оглед дали Конвенцијата е инкорпорирана во
домашното право.473 Оцената дали домашните правни средства се искористени или
не, обично се прави имајќи го предвид датумот кога жалбата е поднесена до ЕСЧП
283.Согласно праксата на ЕСЧП во пресудите „Бајалџиев против РМ“ и „Николов
против РМ“, постоењето на непристрасност кај судијата мора да биде
определено согласно објективниот и субјективниот тест

Според постојаната јуриспруденција на Судот, постоењето на непристрасност мора да


се утврди врз основа на субјективен тест, односно врз основа на лична убеденост
за конкретен судија во одреден случај и исто така, според објективен тест, имено, со
утврдување дали судијата дал доволно гаранција потребна за исклучување на
било каков легитимен сомнеж во тој поглед (види Николов против Република
Македонија, бр. 41195/02, § 19, 20 декември 2007). 31. Во однос на субјективниот тест,
личната непристрасност на еден судија мора да се претпостави се додека не се
докаже спротивното.

284. Согласно праксата на ЕСЧП во пресудите „Бајалџиев против РМ“ и


„Николов против РМ“, објективната непристрасност на определен судија
подразбира проценување дали судијата дал доволни гаранции за да исклучи какво
било легитимно сомнение
Според постојаната јуриспруденција на Судот, постоењето на непристрасност мора да
се утврди врз основа на субјективен тест, односно врз основа на лична убеденост
за конкретен судија во одреден случај и исто така, според објективен тест, имено, со
утврдување дали судијата дал доволно гаранција потребна за исклучување на
било каков легитимен сомнеж во тој поглед (види Николов против Република
Македонија, бр. 41195/02, § 19, 20 декември 2007). 31. Во однос на субјективниот тест,
личната непристрасност на еден судија мора да се претпостави се додека не се
докаже спротивното.Согласно објективниот тест, мора да биде определено, релативно
одвоено од однесувањето на судијата, дали постојат констатирани факти кои можат да
створат сомнеж во врска со непристрасноста на судијата, бидејќи „правдата не мора
само да се случи; туку мора да се види дека се случува„

285. Повторувањето на постапка по донесена правосилна и конечна пресуда


на ЕСЧП претставува-Повторување на домашната постапка како индивидуална
мерка за извршување на одлуките на ЕСЧП начин на кој што може да се овозможи
„restitutio in integrum“ за апликантот по донесувањето на одлуката на Европскиот суд за
човекови права.

286. Доколку со правосилна судска одлука биде утврдено дека политичарот


треба граѓански да одговора дека со неговите изјави, односно искази изнесени
во рамките на изборната медиумска дебата сторил навреда или клевета кон друг
политичар со што го нарушил неговиот углед, тој треба да поднесе апликација
пред ЕСЧП во која ќе истакне жалбени наводи по- Макрадули в. Македонија-
повреда на член 10 од ЕКЧП Судот повторно укажува дека, според неговата
утврдена практика, границите на прифатлива критика се пошироки за државни
службеници отколку за приватни лица. Во демократско општество дејствијата или
пропустите на власта мора да бидат подложени на внимателно испитување, не само
од легислативните и судските органи, туку и од јавното мислење.
Судот повторува дека принципот на презумција на невиност согласно член 6 § 2 е
повреден доколку судиска одлука или всушност, навод на државен службеник
искажува мислење дека некое лице е виновно пред да биде утврдена неговата вина
согласно законот. Доволно е, во отсуство на формален наод, да постои некое
размислување што сугерира дека судот или службеникот за кој станува збор го смета
обвинетиот за виновен, а предвременото изразување на такво мислење од страна на
самиот совет неизбежно е во спротивност со споменатиот принцип (види Perica Oreb v.
Croatia, број 20824/09, § 140, 31 октомври 2013 година). 82. Меѓутоа, треба да се
направи разлика помеѓу изјави што го одразуваат мислењето дека засегнатото лице е
виновно и изјави кои едноставно ја опишуваат "состојбата на сомневање". Првите ја
повредуваат презумцијата на невиност, додека вторите се сметаат за прифатливи во
разни ситуации што ги разгледувал Судот (види Garycki v. Poland, број 14348/02, § 67,
6 февруари 2007). Судот претходно сметал дека оспорените изјави мора да се читаат
како целина и во нивниот соодветен контекст (види Böhmer v. Germany, бр. 37568/97, §
60, 3 октомври 2002 година).
287. Согласно праксата на ЕСЧП, континуираното и предолго задржување на
определено душевно болно лица на задолжително психијатриско лекување и
чување во здравствена установа, без притоа да биде направено периодично
преиспитување на потребата од продолжување на ваквата мерка, може да
доведе до повреда на:неоправданото континуирано држење во психијатриска
установа, кое го прекршува членот 5 став 1 точка д Трајче Стојановски против
Македонија. Трајче Стојановски против Македонија, Судот констатирал дека иако
иницијалното лишување од слобода на апликантот преку изрекување мерка на негово
задолжително лекување и чување во психијатриска установа било целосно законито,
не постоеле доволно причини кои би можеле да го оправдаат неговото континуирано
држење во истата, затоа што неговото психичко нарушување не било од таков степен
што би изискувало натамошно задржување.
288. Членот 6 став 3 точка а од Конвенцијата предвидува дека на секој обвинет
му е загарантирано следново минимално право:Секој обвинет ги има следните
минимални права: 10 11 а. веднаш, на јазикот што го разбира, да биде детално
известен за природата и причините на обвинението подигнато против него; б. да му се
обезбедат време и услови неопходни за подготвување на неговата одбрана; в. да се
брани самиот или со помош на бранител по свој избор, а доколку не располага со
средства да плати бранител, да добие бесплатен службен адвокат кога тоа го
наложуваат интересите на правдата; г. самиот да ги сослуша или да бара
сослушување на сведоците на обвинението и да бара повикувањето и сослушувањето
на сведоците на одбраната да биде под услови што важат и за сведоците на
обвинението; д. да користи бесплатна помош од преведувач, доколку не го разбира
или не го зборува јазикот на кој се одвива судењето.
289. Согласно Европската конвенција за заштита на човековите права и
основните слободи, надлежност на судија поединец е: Надлежности на судијата
поединец -Судијата поединец може да ја прогласи за неприфатлива или да ја симне
од судската листа на случаи жалбата поднесена според членот 34, каде таквото
решение може да се донесе без дополнително разгледување.Одлуката ќе биде
конечна. Доколку судијата поединец не ја прогласи жалбата за неприфатлива или
доколку не ја одбие, тој судија ќе ја прати до еден од одборите или до судски совет за
дополнително разгледување.
290.291 Највисоката судска формација за одлучување во рамките на Европскиот
суд за човекови права е позната како: Исклучително, Големиот судски совет од
седумнаесет судии разгледува случаи кои што му се доставени со отстапување на
надлежноста од страна на одреден Судски совет или кога е прифатено барањето за
упатување на случај пред Големиот судски совет. Големиот судски совет: а. се
произнесува по жалбите доставени врз основа на членот 33 или членот 34 кога
случајот му е отстапен од Судскиот совет врз основа на членот 30 или врз основа на
членот 43; б. решава по прашања кои што на Судот ќе му ги упати Комитетот на
министрите, во согласност со член 46, став 4, и в. разгледува барањата за
советодавни мислењадоставени врз основа на членот 47.
292. Во една домашна судска постапка
293. Судечките судии од секоја држава по број се:Бројот на судиите во Судот е
еднаков со бројот на држави членки на Конвенцијата (во овој момент, 47).
294. Европската Конвенција за човекови права во член 10:Слобода на
изразување
1. Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата
на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без
мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува
државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим
на дозволи за работа.
2. Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да
биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со
закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за
државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата
на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или
моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи
информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.
295. Од кои држави е составен Советот на Европа?
Советот на Европа во него членуваат: 47 земји членки од кои 28 земји членки на ЕУ
 Австрија

 Азербејџан

 Албанија

 Андора

 Белгија

 Босна и Херцеговина

 Бугарија

 Велика Британија

 Германија

 Грузија

 Грција

 Данска

 Ерменија

 Естонија

 Ирска

 Исланд

 Италија

 Кипар

 Латвија
 Литванија

 Лихтенштајн

 Луксембург

 Малта

 Молдавија

 Монако

 Норвешка

 Полска

 Португалија

 Романија

 Руската Федерација

 Сан Марино

 Северна Македонија

 Словачка

 Словенија

 Србија

 Турција

 Украина

 Унгарија

 Финска

 Франција

 Холандија

 Хрватска

 Црна Гора

 Чешка

 Швајцарија
 Шведска

 Шпанија

 1земја кандидат - Белорусија


 5 земји набљудувачи - САД, Канада, Јапонија, Мексико и Ватикан

296. Членот 14 ја забранува дискриминацијата по основ: Содржината на член 14


е: ,,уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, ќе им се
обезбеди на сите, без дискриминација по кој било основ како што е пол, раса, боја на
кожа, јазик, религија, политичко или друго уверување, национално или социјално
потекло, припадност на национално малцинство, сопственост, род или друг статус.

- пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење,
национално или социјално потекло, приладност на национално малцинство,
материјална положба, потекло по раѓање мпм кој и да е друг статус
297. Пресудите на ЕСЧП во кои е констатирана повреда на некое од правата
загарантирани со ЕКЧП претставуваат предмет на извршување во домашниот
систем: Вториот вид мерки, општите мерки, се однесуваат на обврската на државата
да превенира идни слични повреди на Конвенцијата или ставање крај на
континуираните повреди на Конвенцијата (како на пример, законски или дури и
уставни измени или, пак, зголемување на бројот на персоналот, измена на постојните
практики и сл.).
298. Дали досудениот износ на надомест на штета во случаите за клевета и
навреда сам по себе може да доведе до повреда на членот 10 од ЕКЧП да,и при
утврдувањето на критериумите за надомест на штета, законодавецот се раководел од
релевантната судска практика на ЕСЧП, па судот при утврдувањето на висината на
штетата треба да внимава дали лицето кое е одговорно се извинило, дали презело
чекори за ублажување на штетата, која е реалната штета по честа и угледот на
наклеветениот, каква е имотната состојба на тужениот итн. Кај навредата, доколку
постои извинување, надомест на штета воопшто не се досудува.

299. Апликантот НН е лице кое поради резултат на доживеана тешка


сообраќајна незгода, не е способен самиот да се движи. Училиштето кое тој го
посетува, а кое е единствено во местото каде што живее, нема обезбедено
соодветен пристап и услови за посетување на настава од страна на лица со
посебни потреби. По кој член од Kонвенцијата тој може да го основа својот
жалбен навод во врска со наставата: Член 2 од Протоколот 17?

Никому не може да му се одземе правото на образование. Во своето дејствување во


областа на образованието и наставата, државата ги почитува правата на родителите
да обезбедат образование и настава во согласност со своите верски и филозофски
убедувања.
300. Попречувањето на правото од членот 9 на ЕКЧП во светло на одредбите
од истиот, може да биде оправдано доколку претставува резултат на преземени
мерки:во интерес на јавната безбедност, поредокот, здравјето и моралот или
заштитата на правата и слободите на други, неопходни во едно демократско
општество.
Слободата за изразување на својата вера или на своите убедувања може да биде
предмет само на оние ограничувања што се предвидени со закон и кои претставуваат
мерки во интерес на јавната безбедност, поредокот, здравјето и моралот или
заштитата на правата и слободите на други, неопходни во едно демократско
општество.

301. До Европскиот Суд за човекови права, жалби можат да поднесат физички


лица, правни лица и држави, при тоа задоволувајќи го следниот
услов/услови:критериуми за прифатливост
1. Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни
средства, врз основа на општо прифатените принципи од меѓународното право и во
рок од 6 месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната интерна одлука.
2. Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба поднесена врз основа на
членот 34, кога а) жалбата е анонимна; или, б) кога во суштина е иста како и жалба
што Судот претходно ја разгледувал или веќе ја доставил до друга меѓународна
истражна или судска инстанца, и доколку не содржи нови факти.
3. Судот нема да прифати никаква индивидуална жалба доставена врз основа на
членот 34, ако оцени дека: a) жалбата е неспоива со одредбите на Конвенцијата или
со нејзините протоколи, ако е очигледно неоснована или ако со неа се злоупотребува
правото на индивидуална жалба, или б) подносителот не претпрел значителна штета,
освен доколку почитувањето на човековите права како што се дефинирани во
Конвенцијата или нејзините протоколи бара разгледување на жалбата според
заснованоста и под услов да не може да се одбие случај врз основа на тоа што не бил
соодветно разгледан од страна на домашен суд.
4. Судот ќе отфрли секаква жалба што ја смета за неприфатлива врз основа на овој
член. На тој начин Судот може да постапува во било кој степен на постапката.

302. Согласно Законот за извршување на одлуките на Европскиот Суд за


човекови права, која од наведените институции/органи во РСМ е примарно
надлежна за извршување на одлуките на ЕСЧП: За следење на извршувањето на
одлуките на Судот се формира Меѓуресорска комисија за извршување на одлуките на
Европскиот суд за човекови права (во натамошнот текст: Меѓуресорската
комисија).Стручните и административните работи на Меѓуресорската комисија ги врши
Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови
права (во натамошниот текст: Бирото).

303. Правото на слобода и на безбедност е едно од фундаменталните права


загарантирани со Европската Конвенција за човекови права и слободи. Едно
лице може да биде лишено од слобода само во одредени случаи кои се
таксативно наведени во: член 5 став 1 од ЕКЧП Право на слобода и безбедност
304. Правото на фер судење е едно од фундаменталните права загарантирани
со Европската Конвенција за човекови права. Тоа подразбира право на судење
во разумен рок пред независен и непристрасен суд, и истото е гарантирано
со:член 6 став 1 о ЕКЧП Право на правична судска постапка
305. Со пресудата на ЕСЧП во случајот Макрадули v. РепубликаМакедонија
(А.бр.64659/11), Европскиот Суд за човекови права констатирал повреда на кој
член од Конвенцијата:повреда на членот 10 од Конвенцијата
306. Законот за судовите на РМ предвидува ефикасен правен лек за заштита на
правото на судење во разумен рок. Пред кој од наведените органи, може да се
побара заштита на ова право?Врховен суд на РМ
307. Со пресудата на ЕСЧП во случајот Бекташиска заедница и други v.
РепубликаМакедонија (А.бр.48044/10), Европскиот Суд за човекови права
констатирал повреда на кој член од Конвенцијата: повреда на членот 11 од
Конвенцијата во врска со членот 9.
308. Согласно Законот за застапување на Република Македонија пред
Европскиот Суд за човекови права, Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП
претставува орган во состав на: е орган на државната управа во состав на
Министерството за правда 
309. Секое лице кое е лишено од слобода има право да биде известено на
јазикот што го разбира за причините за лишувањето од слобода, како и за
обвиненијата против него. Со кој член од Конвенцијата е загарантирано тоа
право
ЧЛЕН 5 став 2 Право на слобода и безбедност -секое уапсено лице веднаш се
известува на јазикот што го разбира за причините за апсењето и за обвиненијата
против него.
310. Слободата на изразување не претставува апсолутно право, и таа во
одредени околности, може да биде ограничена. Легитимните цели врз основа на
кои е дозволено ограничување на слободата на изразување се предвидени во:
член 10 став 2 од ЕКЧП Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и
одговорности, може да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и
санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат
мерки неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната
безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата
на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на
ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и
непристрасноста на судството.
311. Една од клучните обврски за држвите, а која проилегува од принципот на
супсидијарност на Конвенцијата, е вградена во членот 13 од Европската
Конвенција за човекови права, согласно која државите имаат обврска да: Право
на реална жалба Секој човек, чии права и слободи признати со оваа Конвенција, се
нарушени, има право на жалба пред националните власти, дури и тогаш кога
повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена
должност-ефективен правен лек.
312. Со пресудата во случајот Рамковски и др. v. Република Македонија
(А.бр.33566/11), Европскиот Суд за човекови права констатираше повреда на
правото на слобода и безбедност од членот 5 на ЕКЧП поради: Судот смета дека
со тоа што не успеале да ги разгледаат конкретните факти или правилно да ги
разгледаат алтернативните превентивни мерки и во суштина се потпирале на
тежината на обвиненијата и на сериозноста на изречената казна, судовите го
продолжувале притворот на жалителите со повикување на основи кои не може да се
сметаат за "релевантни и доволни" во рамките на значењето на судската пракса на
Судот (види Vasilkoski and Others, цитирани погоре, § 64, и Miladinov and Others,
цитирани погоре, § 58). Во овие околности, не е неопходно да се испита дали
постапката била спроведена со "посебна внимателност" (види Orban v. Croatia, бр.
56111/12, § 62, 19 декември 2013, и Segeda, цитиран погоре, § 70). 70. Според тоа,
постои повреда на членот 5 став 3 од Конвенцијата
313. Разумноста на траењето на една домашна постапка, Европскиот суд за
човекови права ја цени по повеќе критериуми кои произлегуваат од неговата
судска пракса. Еден од тие критериумите е: Разумноста на траењето на постапката
се цени во контекст на сите околности на случајот и врз основа на критериуми, како
комплексноста на случајот, однесувањето на страните и интересот на апликантот кој е
доведен во прашање;периоди на одлагање,
314. Согласно Законот за застапување на Република Македонија пред
Европскиот Суд за човекови права, кој од наведените лица е овластен да
истапува пред Европскиот суд за човекови права, во име на државата:Владиниот
агент пред Судот настапува во име и за сметка на Владатa
315. Повторувањето на правосилно завршените домашни постапки
претставува една од индивидуалните мерки неопходни за извршување на
одлуките на Европскиот Суд за човекови права. Согласно членот 400 од ЗПП,
барање за повторување на правосилно завршена домашна парнична постапка
може да се поднесе во рок од 30 дена во случај кога: Кога Европскиот суд за
човекови права ќе утврди повреда на некое човеково право или на основните слободи
предвидени во Европската конвенција за заштита на основните човекови права и
слободи и во Дополнителните протоколи на Конвенцијата, кои Република Македонија
ги ратификувала, странката може во рок од 30 дена од конечноста на пресудата на
Европскиот суд за човекови права да поднесе барање до судот во Република
Македонија кој судел во прв степен во постапката во која е донесена одлуката со која
е повредено некое од човековите права или основните слободи за измена на одлуката
со која тоа право или основна слобода е повредена.
316. Европскиот суд за човекови права во својата судска пракса изградил два
аспекти на членот 3 од ЕКЧП: материјален и процесен аспект. Материјалниот
аспект на членот 3 од ЕКЧП се однесува на забраната за тортура, нечовечко
однесување и постапување или казнување. Процесниот аспект на членот 3 од
ЕКЧП се однесува на:властите да спроведат ефективна истрага за тврдењата на
жалителот за полициска бруталност
317. Во предметот Селмани и други v. РепубликаМакедонија (А.бр.67259/14),
Европскиот Суд за човекови права утврдил повреда на два члена од
Конвенцијата со кои се гарантира правото на фер судење и правото на слобода
на изразување. Тоа се членовите: член 6 и член 10
318. Еден од основните принципи врз кои се темели Европската Конвенција за
човекови права е т.н. принцип на субсидијаритет на Конвенцијата. Со таквиот
принцип всушност се изразува: начелото на супсидијарност, од една страна, е
насочено кон заштита на капацитетот за донесување одлуки и активности на
државите-членки, а од друга страна, ја овластува Европската унија за интервенирање,
кога целите на една активност не можат да бидат постигнати во доволна мера од
страна на државите-членки „поради обемот и ефектот на планираната активност.
Воспоставува стандард на проверка на оправданоста на дејствување на еу и тогаш
кога има неспорна надлежност за таквото дејствување(но не и кога има екслузивна
надлежност).Независно од тоа што формалната надлежнпст и е доделена на унијата,
доколку донесувањето на актот од унијата би се покажало како помалку целисходно
отколку кога би бил донесен од држабите членки, тогаш тој би морал да биде донесен
од страна на државите членки.

319. Европската Конвенција за човековите права и слободи содржи две групи


на права: апсолутни права, кои не можат да бидат предмет на ограничување, и,
релативни права, кои под одредени околности, можат да бидат предмет на
огрничување. Слободата на изразување е дел од групата на права кои: релативно
право може да биде ограничено- Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува
обврски и одговорности, може да биде под одредени формалности, услови,
ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество
претставуваат мерки неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет
и јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства,
заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување
на ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и
непристрасноста на судството.
320. Кое од наведените права неможе да биде предмет на ограничување од
страна на државите, и влегува во групата на т.н. апсолутни права заштитени со
Конвенцијата:Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или
понижувачко постапување или казнување, Забрана на ропство и принудна
работа,Никој не смее да биде држан во ропство или во ропска зависност. 2. Никој не
смее да биде присилен да врши принудна или задолжителна работа,Право на
брак,право на реална жалба, забрана за дискриминација.

You might also like