You are on page 1of 93

1. Која е првата Европсказаедницаоснована од Европските земји ?

- Европска заедница за јаглен и челик (Париз 1951)

2. Кој Договор е предложен на Конвенцијата за иднината на Европа во 2003


година?

Лисабонски Договор

3. Кои беа клучните цели за усвојување на Единствениот европски акт ?

Кон крајот на 80-тите години полека, но сигурно, се навестуваа големите промени во


европската економија, создавањето на единствениот европски пазар и елементите коишто
го надополнуваа.

Со влегувањето во сила на Единствениот европски акт, на 1. јули 1987 година во


европската инфраструктура се вметна важно дополнување на Договорите. Во основа,
дополнувајќи го Договорот за Европската економска заедница, Единствениот европски акт
ѝ наложи на Заедницата да усвои мерки за прогресивно формирање на внатрешниот
пазар до 31. декември 1992 година. Меѓу другото, овој важен акт во себе содржи одредби
кои се однесуваат на Европскиот совет, на соработката во надворешната политика
и социјалната и економска кохезија помеѓу земјите членки.

Единствениот европски акт служи како правна основа за бројни заеднички политики, како
што се социјалната, економската, политиката во областа на заштитата на животната
средина, истражувањето и технологијата.

Во својот концепт, секој од двата Договора, од Париз и од Рим, ги поставија извршните


тела на Заедницата. Подоцна, со Договорот од 8. април 1965 година, тие беа интегрирани и
се воспоставија единствениот Совет и единствената Комисија на Европските заедници, со
цел подобро и поефикасно управување со проширениот обем на заедничките политики.

Имајќи го предвид тоа, од 1. јули 1967 година постои само еден единствен Совет на
министри и единствена Комисија, која ја наследи моќта на највисоката власт на
Европската заедница за јаглен и челик, Комисијата на Европската економска заедница9 и
Комисијата на Евроатом.

4. Како ќе ја објасните структурата на Европската унија според Договорот за ЕУ


од 1992 година?

Трите столба

1
Главниот столб всушност е Европска заедницата, во која заедничката работа на
учесниците е регулирана според Договорот за европската заедница преовладува методот
на Заедницата;

2. Столбот на правда и внатрешни работи;

3. Столбот на заедничката надворешна и безбедносна политика, со кој се развива


меѓудржавната соработка во областа на надворешната политика и истата се поставува на
договорна основа

5. Што се воведе со Единствениот Европски акт од 1986 година?

Единствениот европски акт ѝ наложи на Заедницата да усвои мерки за прогресивно


формирање на внатрешниот пазар до 31. декември 1992 година. Меѓу другото, овој важен
акт во себе содржи одредби кои се однесуваат на Европскиот совет, на соработката во
надворешната политика и социјалната и економска кохезија помеѓу земјите членки.

6.Единствениот Европски акт претставуваше клучен чекор во процесот на


интеграција на ЕУ бидејќи...

Граѓаните на земјите-членки на ЕУ денес имаат уникатна можност да живеат, учат,


патуваат и работаат во земја на ЕУ по нивен избор. Тие можат да ги купуваат најевтините
стоки и услуги што се наоѓаат на пазарот. Нивните права како граѓани и потрошувачите се
заштитени со законите на ЕУ, внатре во унијата, исто како што е случај и во нивната
матична земја.

Во 1986 година Европската Унија го усвои Единствениот европски акт (Single European Act
– SEA), со кој се отвори патот за еден заеднички закон за ЕУ, врз основа на принципот на
заемно признавање на законите и регулативите на нејзините земји-членки.

На 1 јануари 1993г. внатрешните гранични контроли меѓу земјите од ЕУ биле укинати и


единствениот европски пазар - врз основа на слободно движење на луѓе, стоки, услуги и
капитал беше лансиран.

7. Која надлежност од долу наведените не е дефинирана како надлежност на


ЕУ со Договорот од Лисабон?

Исклучива надлежност на Унијата, во областите во кои таа е единствениот


законодавец:

2
1. Царинската унија;
2. утврдувањето на правилата за конкуренција потребни за функционирање на
внатрешниотпазар;
3. монетарната политика за државите-членки кои го користат еврото како
платежносредство;
4. зачувувањето на биолошките ресурси на морето, како дел од заедничката политика
зарибарство;
5. заедничката трговска политика, и
6. склучувањето меѓународни договори, кога тоа е во рамките на некој од
законодавните акти на Унијата или кога е потребно за да ѝ се помогне на Унијата да
извршува одреденавнатрешна надлежност или доколку постои можност за
нарушување или смена на опфатотна заедничките правила.

8.Кои се законските обврски кои земјата апликант за членство во ЕУ мора да ги


исполни?

За да го добие членството мора да ги исполни следниве Копенхагенски критериуми


воспоставени од Европскиот совет во 1993 година:

1.Стабилност на институциите во гарантирањето на демократијата, владеење на правото,


човековите права и почитта и заштитата на малцинствата

2.Постоење на функционална пазарна економија, како и капацитет да се справува со


конкурентскиот притисок и пазарните сили на Унијата.

3. Способност да ги преземе обврските за членство вклучувајќи го и придржувањето кон


политичките, економските и монетарните цели на Унијата.

Во декември 1995 година, Мадридскиот Европски совет изврши ревизија на критериумите


со тоа што вклучил услови за интеграција на земјата-членка за прилагодување на
нејзините административни структури: бидејќи е важно легислативата на Европската
заедница да се рефлектира во националната легислатива и важно е ревидираната
национална легислатива да биде ефективно спроведена преку адекватни административни
и законски структури.

9.Кога стапува на сила Договорот за пристапување во ЕУ ?

договорот за пристап, мора да биде ратификуван од сите земји-членки на Европската


унија, како и од институциите на Унијата и земјата-кандидат.

10. Кога земјата-членка може да се повлече од членството во ЕУ?

3
1. Секоја земја-членка може да одлучи да се повлече од Унијата, во
согласност со нејзините уставни барања.
2. Земја-членка што ќе одлучи да се повлече од Унијата го известува
Европскиот совет за својата намера. Во врска со насоките обезбедени
од Европскиот совет, Унијата преговара и склучува договор со таа земја-
членка, одредувајќи ги деталите за нејзиното повлекување, имајќи ја
предвид рамката за нејзините идни односи со Унијата. За договорот се
преговара во согласност со член 218(3) од Договорот за функционирањето
на Европската унија. Советот го склучува договорот во име на Унијата,
постапувајќи со квалификувано мнозинство, по добивање на согласност
од Европскиот парламент.
3. Договорите за односната држава престануваат да важат од датумот
на влегување во сила на договорот за повлекување, или доколку нема
таков датум, две години по известувањето споменато во став 2, освен ако
Европскиот совет, во согласност со засегнатата земја-членка, не одлучи
едногласно да го продолжи овој период.
4. За целите на ставовите 2 и 3, членот на Европскиот совет или на Советот,
кој ја претставува земјата-членка што се повлекува, не учествува ниту во
дискусиите ниту во одлуките на Европскиот совет или на Советот, кои се
однесуваат на таа земја.
Квалификуваното мнозинство се дефинира во согласност со член 238(3)
(а) од Договорот за функционирањето на Европската унија.
Кога една провинција од земјите-членки би се оделила, но би сакала да се врати во ЕУ, би
требало повторно да поднесе барање за да се приклучи, исто како да е нова земја која
поднесува барање од почеток.

Има еден пример кога една територија престанала да биде дел од заедница (Гренланд во
1985 г.)

11.Која од долунаведените области Не претставува нова област за која се


прошири соодлучувањето со Договорот од Лисабон ?

Стари области: единствениот пазар, социјалната


политика, економската и социјалнакохезија, истражувањето

новите области опфатени со Договорот за унијата - трансевропските мрежи, заштитата на


човековата средина, образованието, културата и здравството

12. За која од следните области Договорот од Лисабон и доделува


ексклузивна надлежност на ЕУ?

4
Исклучива надлежност на Унијата, во областите во кои таа е единствениот
законодавец:
− Царинската унија;
− утврдувањето на правилата за конкуренција потребни за функционирање на
внатрешниот пазар;
− монетарната политика за државите-членки кои го користат еврото како платежно
средство;
− зачувувањето на биолошките ресурси на морето, како дел од заедничката политика за
рибарство;
− заедничката трговска политика, и
− склучувањето меѓународни договори, кога тоа е во рамките на некој од законодавните
акти на Унијата или кога е потребно за да ѝ се помогне на Унијата да извршува одредена
внатрешна надлежност или доколку постои можност за нарушување или смена на опфатот
на заедничките правила.

13.Со кој договор се воведе постапката на соодлучување ?

- Единствен Европски Акт

14. Под кои околности може да се суспендираат одредени права на


земја-членка на ЕУ според Договорот од Лисабон?

правата на земјата членка од Договорите може да ѝ бидат суспендирани, ако сериозно и


постојано ги повредува принципите на слобода, демократија, почитување на правата и
темелните слободи на човекот и владеењето на правото.

Основаните договори наведуваат дека сите земји-членки се наделливо суверени и со иста


вредност. Сепак, ЕУ го следи наднационалниот систем ( сличен на федерализмот ) во
скоро сите области ( претходно ограничено за проблемите на Европската заедница ).
Обединета независност е ополномоштена со секоја членка за институциите за возврат на
претставништвото во рамките на тие институции. Оваа практика најчесто се однесува како
„ обединување на независноста “. Потоа, на тие институции им се дава моќ да создадат
закони и да ги извршат на едно европско ниво. Ако една земја доживее неуспех во
извршувањето на законот на Европската унија, таа може да биде парично казнета или
имаат повлечени фондови. Во краен случај, постојат одредби за правота на глас или
членството на една земја да биде суспендирано. Во споредба со други организации,
интеграцискиот стил на ЕУ „ станал високо развиен систем за меѓусебно мешање во секоја
друга домашна обврска“. Сепак, на одбраната и проблемите на надворешната политика ( и
пред Лисабонскиот договор, полициски и правни проблеми ) предадено е помалку
независност, за проблеми кои биле решени со едногласност и соработка. Сепак, како што

5
независноста сè уште произлегува од националното ниво, една земја членка, која сака да
замине, може да го повлече тоа. Заради тоа, ако во согласност со законот тоа не е
склоноста на земјата, може да се повлече со цел да се избегне тоа. Ова, сепак, не се
случило како што придобивките од членството често се гледа дека го надминуваат секое
негативно влијание на одредени закони.

15. Кој Договор е исто познат и како Реформски договор?

- Лисабонски Договор

16. Во кој од Договорите за прв пат се употребува називот ‘Европска унија ’?

- Договорот за Европска унија, потпишан во Мастрихт.

17. Според Договорот од Лисабон бројот на членови на Европскиот парламент


(пратеници) од секоја земја-членка е пропорционален на нивната популација . Кој
е минималниот и максималниот број на пратеници од секоја земја -членка ?

Принципот на дегресивна пропорционалност (земја соповеќе жители – повеќе


претставници, но со минимален број 6 до максимален број 96).

18. Откако Договорот е усогласен, истиот треба да помине низ комплексна


процедура на ратификација од националните парламенти на земјите -членки . Во
некои од земјите-членки на ЕУ пред да се спроведе постапката на ратификација ,
мора да се одобри Договорот од страна на граѓаните на референдум . Граѓаните
на која земја-членка првично го одбија на референдум Договорот од Ница ?

- Ирска

19. Согласно Договорот од Ница, составот на Европската комисија е :

Што се однесува до составот на Комисијата е одлучено дека по секое идно проширување


на Унијата, од 2005 година, секоја земја-членка ќе поставува само по еден Комесар,
односно поголемите земји-членки се откажуваат од вториот член на Комисијата. Постои

6
тенденција да се зголеми моќта на претседателот на Комисијата кој во иднина ќе се
назаначува од страна на Европскиот Совет со квалификувано мнозинство.До моментот
кога и 27. земја ќе се придружи како членка на Унијата, бројот на членовитена комисијата
ќе порасне до 26 Комесари, со што ќе се промени членот 213 (1) од Договорот за
Европската заедница, со тоа што бројот на членови на Комисијата ќе биде поголем од
бројот на земји членки, при што членовите се избираат рамноправно по пат на ротација.

20. Граѓаните на која земја два пати на референдум гласаа против членство
во ЕУ?

- Норвешка

21. Каде и кога се усвоени критериумите кои секоја земја која сака да стане
членка на ЕУ мора да ги исполни?

Копенхаген 1993

Мадрид 1995

22. Што не претставува предуслов за зачленување во ЕУ?

За да го добие членството мора да ги исполни следниве Копенхагенски критериуми


воспоставени од Европскиот совет во 1993 година:
• Стабилност на институциите во гарантирањето на демократијата, владеење на
правото, човековите права и почитта и заштитата на малцинствата
• Постоење на функционална пазарна економија, како и капацитет да се справува со
конкурентскиот притисок и пазарните сили на Унијата.
• Способност да ги преземе обврските за членство вклучувајќи го и придржувањето
кон политичките, економските и монетарните цели на Унијата.

Во декември 1995 година, Мадридскиот Европски совет изврши ревизија на критериумите


со тоа што вклучил услови за интеграција на земјата-членка за прилагодување на
нејзините административни структури: бидејќи е важно легислативата на Европската
заедница да се рефлектира во националната легислатива и важно е ревидираната
национална легислатива да биде ефективно спроведена преку адекватни административни
и законски структури

7
23. Договорот од Амстердам:

Развојот на Европската инфраструктура постојани бележи нови форми како изразна


реалните потреби на државите членки. Во правна смисла, со Договорот од Мастрихт
предвидена е клаузула за ревизија, врз основа на која беше свикана нова Меѓувладина
конференција. Резултат на ревизијата е средбата на 17. јуни 1997 година во Амстердам.
Претседателите на држави и влади на петнаесетте држави членки на Европската Унија го
ревидираа Договорот за Европската Унија од Мастрихт. Договорот од Амстердам ја
продлабочи европската интеграција преку поставување на столбот на правдата и
внатрешните работи под заштита на Заедницата, преку зајакнување на заедничката
надворешна и безбедносна политика и иницирање на нови заеднички политики, особеново
однос на проблемот на невработеноста и социјалната заштита.

24. Кој Договор за прв пат пропиша употреба на квалификувано мнозинство на


гласови за мнозинството на одлуки кои се носат?

- Амстердам

25. Со кој договор се опфатени заедно Договорот за Европската унија и


Договорот за функционирање на Европската унија?

Лисабонски Договор

26.Советот на ЕУ е составен од:

Советот е составен од различни министри кои се дел од националните влади на земјите


членки на ЕУ.

27. Кој вид на гласање вообичаено применува Советот на ЕУ ?

Квалификувано мнозинство.

28. Европскиот совет е составен од:

8
Советот е составен од претседателите на земјите членки и премиерите на владите и
претседателот на Европската комисија и Високиот претставник за заедничка надворешна и
безбедносна политика.

29. Што не претставува фунција на Судот на правдата на Европската унија?

Во пракса, Европскиот суд на правда има улога на арбитер во спорови помеѓу институции
на Европската Унија и помеѓу институции на земјите членки. Европскиот суд на правда
обезбедува институциите на Европската Унија да не ги надминат овластувањата што им се
дадени со Договорите. Европскиот суд на правда обезбедува и почитување на Договорите
на Европската Унија на национално ниво, а соглaсно одредбите на Договорот од Мастрихт,
може да изрекува и казни за фирмите или земјите членки што го прекршиле правото на
Унијата.

30. Која институција на ЕУ се смета за ‘чувар’ на Договорите на ЕУ?

- Европската Комисија

31.Која институција директно ги застапува интересите на граѓаните на ЕУ?

- Европски Парламент

32. Која од следните изјави за Судот на правдата на ЕУ не е точна?

33.Која е основната функција на Европската комисија?

Европската комисијата има клучна улога во институционалната структура на

Европската Унија. Во структурална смисла Европската комисија е хибридна


организација,нешто помеѓу извршно и бирократско тело.Комисијата ја има иницијативата
да подготвува предлози, во поглед на донесувањето на одлуките на Заедницата. Една од
нејзините основни задачи е да обезбеди исполнување на обврските на земјите членки и
соодветна примена на одредбите од Договорите и секундарното законодавство, од нивна
страна. Комисијата е исто така извршно тело на Заедницата и согласно на оваа нејзина
карактеристика, има административна функција.

34.Кое е познатото име на зградата во која е сместена Европската комисија во


Брисел?

- Берлејмон

9
35. Којa институција ја донесе одлуката единствената валута да се именува евро?

Европската Комисија

36. Каде се наоѓа седиштето на Европската централна банка?

- Франкфурт

37. Колку често се среќаваат комисионерите на Европската комисија ?

Се среќаваат еднаш неделно на состаноци на Колеџот.Неговата работа ја карактеризира


принципот на колегијалност.

38. Кој беше првиот претседател на Европскиот парламент ?

Пол Хенри Спак

39. Која земја има најголем број на пратеници во Европскиот парламент ?

Германија

40. Која земја има најголем број на пратеници во Европскиот парламент ?

Германија

41. Во која земја-членка на ЕУ изборите за Европскиот парламент се


задолжителни?

Гласањето е задолжително во Белгија, Луксембург, Кипар и Грција.

42. Како поинаку се нарекува Советот на ЕУ?

Совет на министри

43. Кој претседава со Советот на ЕУ?

Претседавањето со Советот наизменично го преземаат земјите на Европската Унија, секоја


со мандат од шест месеци врз принципот на ротација.

10
44. Советот на ЕУ најголемиот број од своите одлуки ги носи со :

Советот одлучува со квалификувано мнозинство. Овој вид на одлучување е препознатлив


во случаите на усвојување на најголем дел на законодавството во врска со
функционирањето на единствениот пазар и по предлозите наменети за имплементирање
или објаснување на постоечките политики или законодавство

45. Кои се трите најупотребувани јазици во институциите на ЕУ?

англиски, француски и германски,

46. Која е основната функција на Европскиот парламент ?

Европскиот парламент е единствено избрано тело кое ги претставува граѓаните на


Европската Унија и учествува во законодавниот процес, па според тоа е и единствен
легитимен орган на Европската Унија.Парламентот врши четири функции: законодавна;
политичка; надзорна и буџетска.

Основна улога на Европскиот парламент, во согласност со Договорите за основање на


Заедниците, е консултативната, со помош на која Парламенотот дава свое мислење по
предлозите на Комисијата, а која беше зајакната со Едниствениот акт од 1987 година, кој ја
воведе процедурата на соработка на Комисијата со Советот, во процесот на донесување на
многу одлуки на Заедницата.

47. Која е основната функција на Судот на правдата на ЕУ?

Во пракса, Европскиот суд на правда има улога на арбитер во спорови помеѓу институции
на Европската Унија и помеѓу институции на земјите членки. Тој се состои од Европски
суд на правдата, Општ суд и специјализирани судови. Европскиот суд на правда
обезбедува институциите на Европската Унија да не ги надминат овластувањата што им се
дадени со Договорите.Европскиот суд на правда обезбедува и почитување на Договорите
на Европската Унија на национално ниво, а соглaсно одредбите на Договорот од Мастрихт,
може да изрекува и казни за фирмите или земјите членки што го прекршиле правото на
Унијата.

48. Што претставува Европскиот суд за човекови права со седиште во


Стразбур?

Орган на Совет на Европа

11
49. Која е улогата на Генералниот адвокат во Судот на правдата на ЕУ ?

Должност на Генералниот правобранител е со целосна независност и објективност, со цел


да му помогне на Судот на правдата, на јавна расправа да му поднесува аргументирани
мислења околу случаите решавани од Судот. Кога некој нов случај ќе дојде до Судот,
Првиот генерален правобранител му го доделува случајот на еден од генералните
правобранители. Генералниот правобранител кому му е распореден случајот, заедно со
неговиот правник-секретар ги проучува релевантните прашања и го презема сето правно
истражување што го смета за потребно.

Откако страните ги завршиле своите пленирања пред судот, генералниот правобранител го


изнесува своето мислење. Ова мислење не е обврзувачко за Судот, но истото е
разгледувано со голема внимателност од страна на судиите пред донесувањето на
одлуката. Мислењето на Генералниот правобранител се објавува во службен весник заедно
со пресудата на Судот.

50.Која од долунаведените институции денес не претставува институција на ЕУ ?

Европската унија (ЕУ) е раководена од седум институции. Членот 13 од Договорот за


Европската унија ги подредува нив во следниов редослед:

Европскиот парламент,

Европскиот совет,

Советот на Европската унија (Советот),

Европската комисија,

Судот за правда на Европската унија,

Европската централна банка и

Судот на ревизори.

51. На колку јазици се издава Службениот весник на Европската унија ?

- Службен весник на ЕУ се издава на дваесет службени јазици

52.Кој го назначува Европскиот Омбудсман?

12
- Европскиот Парламент.Омбудсманот ќе биде назначен по секој избор на Европскиот
Парламент за времетраење на неговиот мандат. Омбудсманот има право на реизбор.

53.Основната надлежност на Европскиот Омбудсман е да...

овластен да ги прима жалбите од било кој граѓанин на Европската Унија или било кое
физичко или правно лице кое престојува или има регистрирано канцеларија во земјите
членки, а кои се однесуваат на повреди на човековите права предизвикани од активности
на институции на Европската Унија или тела со исклучок на Европскиот суд на Правдата
како и Судот од прва инстанца кога дејствуваат во нивната судска улога.

54.Европскиот ревизиски суд е

петтата институција на Европската Унија. Истиот е основан 1975 година во Луксембург.


Судот е составен од претставник од секоја од земјите-членки и претседател. Овој огран
работи независно.

55.Надлежноста на Европскиот суд на ревизори е да...

Судот на ревизорите проверува дали е примен целокупниот приход на Унијата и дали сите
нејзини трошоци настанале на легален и регуларен начин, како и дали со буџетот на
Европската Унија се управува на коректен начин.

Главната обврска на Судот е да проверува дали буџетот правилно се користи – со други


зборови, да осигури приходите и трошоците на ЕУ да се легални и финансиски добро
управувани.

56.Која од следниве земји е членка на ЕУ, но не е членка на Економската и


монетарна унија (еврозоната)?

- Данска и Обединетото Кралство

57.Која од долунаведените изјави НЕ е точна за Европскиот систем на централни


банки?

13
Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) се состои и од Европската централна
банка (ЕЦБ) и од националните централни банки (НЦБ) на сите 28држави - членки на
Европската Унија.

Евросистем” е терминот кој се користи како синоним за ЕЦБ и Националните централни


банки на државите - членки кои го прифатија еврото (исто така познат како евро-област).
Во согласност со Договорот за воспоставување на Европската заедница и Статутот на
Европскиот систем на централни банки и на Европската централна банка, примарната цел
на Евросистемот е да ја одржи ценовната стабилност (со други зборови да ја контролира
инфлацијата). Без да се навлегува во оваа цел, Евросистемот ќе ги поддржува генералните
економски политики на Заедницата и дејствува во согласност со принципите на пазарната
економија.

Процесот на одлучување во Евросистемот е централизиран низ телата за одлучување на


ЕЦБ, имено Управниот совет и Извршниот одбор. Се додека постојат држави кои не го
прифатиле еврото, ќе постои и трето тело за одлучување - Општиот совет. Националните
централни банки на државите - членки кои не партиципираат во евро-зоната се членки на
ЕСЦБ со специјален статус - додека од една страна им е дозволено да водат нивна
респективна монетарна политика, тие не земаат учество во одлучувањето во однос на
единствената монетарна политика за евро-зоната и имплементацијата на таквите решенија.

Основните задачи кои треба да ги извршува Евросистемот се:

да ја дефинира и имплементира монетарната политика на евро-областа;

да изведува операции на надворешна размена;

да ги чува и да управува со официјалните надворешни резерви на државите - членки;

да промовира “мазно” делување на платните системи.

58. Која од следниве изјави НЕ беше причина зошто ЕУ ја


основаше Економската и монетарна унија?

Првите идеи за економска и монетарна унија во Европа беа изнесени и пред основањето на
Европските заедници. На пример, веќе во 1929 година, во Лигата на народите, Густав
Стресман побара европска валута наспроти позадината на зголемена економска поделба
која се должи на големиот број нови држави во Европа после Втората светска војна.
Првиот обид да се создаде економска и монетарна унија помеѓу членките на Европските

14
заедници, потекнува од иницијативата на Европската комисија во 1969 година, која ја
изнесува потребата за ,,поголема координација на економските политики и монетарна
соработка која беше проследена со одлуката на Шефовите на држави или влади на
нивниот самит во Хаг во 1969 година, да се изготви план во фази со намера да се создаде
економска и монетарна унија до крајот на 70-те години на дваесетиот век. Врз основа на
различни претходни предлози, експертската група предводена од Премиерот и Министер
за финансии, Пјер Вернер, го презентираше првиот воопшто прифатен план за создавање
на економска и монетарна унија во три фази (планот Вернер) во октомври 1970 година.
Проектот е проследен со сериозни неуспеси благодарение на кризите кои произлегуваат од
неконвертибилноста на американскиот долар во злато во август, 1971 година, (односно,
пропаѓањето на Бретон Будс системот ) како и од зголемените цени на нафтата во 1972
година. Обидот да се ограничат флуктуациите на европските валути со помош на „змија во
тунелот” завршил со неуспех. Дебатата за ЕМУ се започна во целост одново, на Самитот
во Хановер, во јуни 1988 година, кога од АдХок Комитетот (комитетот на Делор) на
гувернерите на централните банки на дванаесет земји-членки, со кој претседава
Претседателот на Европската комисија, Жак Делор се бара да предложат нов распоред со
јасни, практични и реални чекори за создавање на економска и монетарна унија. Овој
начин на работа потекнува од Спаак методот. Извештајот на Делор од 1989 година, утврди
план со кој ќе ја воведе ЕМУ во три фази и истиот вклучува и формирање на институции
како Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ), којшто ќе стане одговорен за
дефинирање и спроведување на монетарната политика.

Во 1971 година, Соединетите Американски Држави одлучија да ја укинат фиксната врска


меѓу доларот и официјалната цена на златото, која ја одржуваше глобалната монетарна
стабилност по Втората светска војна. Тоа стави крај на фиксните девизни курсеви.
Гувернерите на централните банки во ЕЕЗ одлучија да ги ограничат флуктуациите на
девизниот курс меѓу нивните валути на не повеќе од 2.25%, со што беше создаден
„европскиот монетарен систем” (ЕМС), кој стана оперативен во март 1979 година.

На самитот на Европски Совет во Мадрид, во јуни 1989 година, лидерите на ЕУ усвоија


план за формирање на економска и монетарна унија (ЕМУ) кој се одвиваше во три фази.
Овој план стана дел од Договорот од Мастрихт за Европската Унија и беше усвоен од
страна на Европскиот совет во декември 1991 година.

59. Советот на ЕУ...

15
Формално Советот на Европската Унија е водечко одлучувачко тело на Европската Унија.
Неговото седиште е во Брисел и самостојно или заедно со Парламентот одлучува за
усвојување на законодавството на Европската Унија и ја дефинира формата на
усвојувањето.

Генерално, Советот се состои од министрите за надворешни работи на 28-те земји членки


и на секоја седница на Советот присуствува по еден министер од секоја земја.

Советот на министри се состанува по потреба, во зависност од областа која се третира,


ургентноста за решавање и одлучување. Советот во некој од различните состави се
состанува на секои два дена. На пример, министрите на Советот за земјоделство,
Економскиот и финансискиот Совет-Екофин се состануваат најмалку еднаш месечно.
Другите Совети се состануваат еднаш до шест-пати годишно. Примарната задача на
министрите е да се согласат околу законодавството предложено од Комисијата.

Во рамките на Советот, постојат девет различни структури со кои се покриваат сите


различни области на политики, меѓу кои и индустријата, сообраќајот, животната средина,
енергетиката, науката и истражувањето и др. Структура со најширок опфат е онаа за
општи прашања и надворешни односи.

Советот на министри ги извршува следните задачи:

- Советот и Европскиот парламент ја делат законодавната надлежност и одговорноста за


буџетот;

- склучува меѓународни спогодби за кои преговара Комисијата;

- донесува одлуки за остварување на целите утврдени со договорот;

- донесува прописи, врши пренесување на правото за спроведување на прописи на


Комисијата и

- ја усогласува економската политика на земјите членки.

60. Судиите на Судот на правдата на ЕУ се именуваат:

Европскиот суд е составен од 28 судии, именувани врз основа на взаемен договор на


земјите членки.

Во Договорите се вели дека судиите мора да бидат од редот на лица со несомнена


независност и со квалификации потребни за да бидат именувани на највисока правосудна
судска во нивните земји или кои се правни советници со признаен авторитет. Последната
16
одредба дозволува именување за судии и правници од редот на науката, дури и ако овие не
се квалификувани да бидат правници во нивните земји.

Судиите се именуваат за период од шест години и се подобни за повторен избор


и тоа често се случува и нема услов за пензионирање. Земјите членки не можат да
отповикаат судија за време на неговиот мандат, но може судијата да се отстрани од
функцијата ако според едногласното мислење на другите судии и Генерални
правобранители повеќе не ги исполнува условите за вршење на обврските што ги бара
функцијата судија на европскиот суд. До сега, оваа постапка никогаш не била активирана.

61.Каде се наоѓа седиштето на Европскиот Омбудсман:

Стразбур

62. Статутот на Судот на правдата на ЕУ...

Статутот на Судот на правдата на Европската унија се уредува со посебен


протокол.Европскиот парламент и Советот, постапувајќи во согласност со вообичаената
законодавна постапка, може да ги изменуваат одредбите на Статутот, со исклучок на
Наслов I и член 64. Европскиот парламент и Советот постапуваат или на барање на Судот
на правдата и по консултации со Комисијата, или на предлог на Комисијата и по
консултации со Судот на правдата.

63.Номинацијата за претседател на Европската комисија...

Претседателот на Комисијата прво е предложен од страна на Владите на земјите членки-


Европскиот Совет земајќи ги во предвид последните парламентарни избори, кандидатот
тогаш може да биде избран од страна на Европскиот парламент или не. Ако не,
Европскиот Совет предлага друг кандидат во рок од еден месец.

64. Европската комисија работи...

При извршувањето на должностите, членовите на Комисијата се обврзани да бидат


целосно независни од своите национални влади и да дејствуваат само во интерес на
Унијата.

17
Администрацијата на Комисијата е составена од 36 Генерални директори и служби
сместени во Брисел и Луксембург кои ги извршуваат следните задачи на Комисијата:

- предлагање мерки;

- извршување на политиките;

- извршување на буџетот и

- спроведување на законите.

Терминот Комисија означува две одделни лица на ова тело:

1. Колеџот на комесари (извршна комисија) и

2. Административна комисија 26(бирократија)

Европската комисија има разновидни значајни должности, меѓу кои се следните:

• Европската комисија го држи монополот за иницирање на законски прописи,

што опфаќа изработка на нацрти за соодветните предлог-регулативи, директиви

итн.

• Европската комисија го изготвува прелиминарниот нацрт на буџетот.

• Европската комисија врши преговори за меѓународни договори што треба да се

склучат од страна на Советот.

• Европската комисија, исто така, може да дава препораки и мислења на прашања

што се однесуваат на економската и монетарната унија и да се консултира со

Советот во врска со ЗНБП.

• Европската комисија функционира како „чувар“ на договорите на Европската

унија и го надгледува правилното спроведување на правото и политиките на

Унијата. Во случај на неусогласеност, Европската комисија може да иницира

судски постапки против некоја од државите-членки .

18
65. Кои три институции се клучни за процесот на донесување одлуки во ЕУ?

Европска Комисија, Европски Парламент и Совет на ЕУ ( Совет на министри).

66.Европскиот парламент

Европскиот парламент е единствено избрано тело кое ги претставува граѓаните на


Европската Унија и учествува во законодавниот процес, па според тоа е и единствен
легитимен орган на Европската Унија. Европскиот парламент започнал со работа како
советодавно собрание во 1979 година.

Пратениците во Европскиот парламент се избираат директно, со општо право на глас, на


секои пет години. Секој член има по еден глас. Парламентот од своите членови избира
претседател и неколку потпретседатели, кои заедно формираат “Биро”28, извршно тело
одговорно за утврдувањето на агендата, надлежностите на комитетите и др.

Членовите на Парламентот, на седниците се групираат според политичката определба, а не


според националното потекло. Во парламентарните расправии доминираат следниве
политички групи: Европската народна партија (Христијански демократи) и Европските
демократи Партијата на европските социјалисти.

Европскиот парламент е тело кое врши демократска контрола врз Унијата и има моќ со
усвојување на предлог за изгласување недоверба да ја распушти Комисијата (за ова е
потребно двотретинско мнозинство).

Парламентот го надгледува правилното спроведување на политиките на Европската Унија.


Претседателот на Европскиот совет го информира Парламентот за одлуките што ги носат
политичките лидери на Европската Унија. Меѓутоа спореден со националните парламенти,
Европскиот парламент изгледа многу слаб и неговата улога е ограничувачка. Не располага
со законодавна иницијатива и неговата контрола над буџетот на Унијата е ограничена.
Сепак, неговата улога во одлучувањето е многу зајакната, така што тој ужива еднаква моќ
како и Советот во одлучувањето по најголемиот дел од законодавството на Европската
Унија.

67. На колку години се спроведуваат избори од гласачите на ЕУ за избор на


членовите на Европскиот парламент?

5 години

68.Која од долунаведените е надлежност на Европскиот парламент ?

19
Парламентот врши четири функции: законодавна; политичка; надзорна и буџетска.

1.Законодавна;

Парламентот има право да даде или да одбие согласност во однос на заклучоци на


определени меѓународни договори, пристапување на нови земји членки или во однос на
структурните и кохезивни фондови. Процедурата на давање согласност, може да се смета
како вклучување на Парламентот во процедурата на ко-одлучување, како и во
дефинирањето, спроведувањето и контролата на надворешната политика на Заедницата.

2. Политичка функција

Политичката функција на парламентот има исклучителна важност. Со оглед на тоа што тој
претставува повеќе од 500 милиони граѓани, во 27 земји членки претставува Европски
форум, Парламентот е еден вид на виртуелен изведувач на работите на европската
конструкција. Договорот му дава право на парламентот да побара Комисијата да поднесе
предлози по прашања за кои тој смета дека се предвидени со Заедничкиот акт на
Заедницата (чл. 192 ДЕЗ). Како дополнение на многу извештаи поднесени од страна на
Комисијата, Европскиот совет лично го известува Европскиот парламент, на секоја од
своите сесии, како и на годишно ниво, за постигнатиот напредок на Унијата.

3.Надзорна функција

Надзорната функција парламентот ја практикува visa-vis Комисијата. Мандатот и составот


на членовите на Комисијата како тело, како и Претседателот, се "предмет" на одобрување
по пат на гласање од страна на Европскиот парламент. Мандатот на кабинетот на
Комисијата беше зголемен на пет години, со цел да делува истовремено со мандатот на
Парламентот.

4.Буџетска функција

Парламентот мора да даде согласност за секоја позначајна одлука која вклучува трошок,
кој треба да биде направен од заедничкиот буџет. Тоа е всушност ефикасност на
Парламентот кој, на крај од процедурата на изедначување на ставовите со Советот, го
усвојува или го отфрла буџетот, предложен од страна на Комисијата. Со тоа, тој
спроведува демократска контрола врз самите капацитети на Заедницата и ја контролира
потрошувачката на Заедницата, откако доби моќ да и даде опомена на Комисијата за
раководењето со буџетот на Заедницата (чл. 272 и чл. 276 ДЕЗ) Ваквата моќ на буџетската
функција на Европскиот парламент може да се спореди со таа на националните
парламенти кои, иако имаат повеќе права од него во уставни рамки, често ги практикуваат
со помала јачина од него, заради припадноста на мнозинството од членовите на
парламентите, на владејачката партија или партии.

20
69. Состаноците на Европскиот совет се вообичаено самити каде лидерите на
ЕУ се состануваат да одлучуваат за:

Советот е водечка институција кога се донесуваат одлуки од областа на Заедничката


надворешна и безбедносна политика, како и за полицијата и за судската соработка на
полето на криминалот.

Непосредните избори на парламентот, монетарната унија и иницијативата за европските


сили за брза реакција, како одлуки беа лансирани на ниво на Европскиот совет. Големите
измени на договорите, исто така се договорени на тоа ниво.

Европскиот совет се состои од шефовите на држави и влади на земјите-членки како и од


претседателот на Европскиот совет и претседателот на Комисијата. Високиот претставник
на Унијата за надворешна и безбедносна политика учествува во неговата работа.

70. Каде и кога беше одржан првиот формален самит на Европскиот совет ?

Првиот состанок на ЕС беше одржан во Даблин 1975.

71. Кој беше најдолго време претседател на Европската комисија (од


нејзиното основање сé до првиот бран на проширување на Унијата во 2004
година)?

72. Кој беше најдолго време претседател на Европската комисија (од


нејзиното основање сé до првиот бран на проширување на Унијата во 2004
година)?

Jacques Delors

73.Која е клучната улога на Европската комисија?

Формалното право да иницира политика (правото на законодавна иницијатива) се смета за


едно од најскапоцените и основни овластувања на Комисијата

Комисијата како "чувар на Договорите" и целокупното законодавство на Заедницата.


Комисијата е исто така извршно тело на Заедницата и согласно на оваа нејзина
карактеристика, има административна функција.

21
74. Која институција на ЕУ со седиште во Луксембург е надлежна за контрола
на фондовите на ЕУ, регуларниот начин на нивно полнење од средства од
даночните обврзници на земјите-членки, како и законито и економично трошење
на средствата од ЕУ фондовите?

Судот на Ревизори

75. Која институција на ЕУ е надлежна да врши супервизија на работата на


Европската комисија?

Европскиот Парламент.

76. Која од следниве изјави не е точна?

77. Кои се основните извори на правото на ЕУ?

Изворите на правото на Заедниците можат да се поделат на: примарно и секундарно или


изведено право.

Примарното право го сочинуваат Договорите за основање на Европската економска


заедница, Европската заедница за јаглен и челик, Европската заеддница за атомска
енергија, вклучувајќи ги и подоцнежните договори што ги дополнуваат (Единствениот
европски акт, Договорот од Мастрихт (Договор за ЕУ), Договорот од Амстердам,
Договорот од Ница, Договорот од Лисабон и Уставот на Европската Унија).

Секундарното право се состои од меѓународни и автономни акти на институциите и телата


на заедниците, дополнети со општите принципи признаени во правниот поредок на ЕЗ. Во
корпусот на ова право влегуваат сиет прописи што се носат врз основа на примарното
право или пка материјали што се однесуваат на судски одлуки.

Можно е да се воспостават четири главни групи на извори на право на Заедницата:

акти на земјите членки;

акти на Заедницата;

општи принципи на правото на Заедницата и

меѓународни договори склучени со земји кои не се членки на Заедницата.

78. На што се заснова правото на ЕУ?

22
основачки Договори претставуваат креатори на системот со кој се дефинира суштината на
правото во целина. Во основа, валидностa на правниот систем зависи од Договорите, а
валидноста на Договорите зависи од меѓународното право.

Формално создаденото право е креирано од некој орган на власта.

Неформално создаденото право на 3едницата се состои од таканаречените „Ошти правни


принципи - Common law" на Заедницата, утврдени од страна на Европскиот суд.

79.Што ги разликува регулативите од останатите секундарни извори на правото


на ЕУ?

Регулативата има општа примена и целосно обврзувачка и директно применлива во


земјите членки. Регулативата е обврзувачка во целина, што значи дека, за разлика од
директивата, има намена односната ситуација да ја подведе под правила што се сеопфатни
и каде што е потребно, доволно прецизни. Регулативите се директно применливи во сите
земји членки. Одредена регулатива автоматски станува дел на највисоките одредби по ранг
на правниот поредок на односната земја членка без потреба да биде транспонирана во него
на каков било начин.

80. Каков вид на дискреција им се дава со директивите на земјите-членки на


ЕУ?

Директивата е обрзувачка во однос на резултатот што се сака да се постигне со неа, за


секоја земја членка кон којашто е упатена, но на националните власти им го остава изборот
и формата и методот преку кои ќе го сторат тоа на Договорт за ЕЗ.

81. Што претставува основна карактеристика на директивите?

директивите се соодветно средство за воведување на правила на Заедниците кои што


бараат измена или отстранување на постојните национални правила пред примената на
новите правила. Директивата може биде упатена и само кон една земја членка.

За разлика од регулативите, директивите не се директно применливи во домашните


поредоци на земјите членки. Тие го добиваат целосниот правен статус само откога ќе
бидат имплементирани, уредно спроведени во националното право.

23
82. Што се подразбира под ‘правен основ’ на ЕУ мерка ?

Содржината и формата на активноста на Унијата не може да ги надмине рамките на тоа


што е неопходно за посигнување на целите на договорите.

83. Што се подразбира под ‘acquis communautaire’?

Збирот на сите европски принципи и правни прописи кои произлегуваат од општото


законодавство на ЕУ, договорите на ЕУ, Изјавите на Европскиот совет, како и пресудите на
Европскиот суд.

84. Кои видови на правни акти може да се усвојат од институциите на ЕУ ?

регулативите; директивите; одлуките и препораките.

85. Кои акти од Европското законодавство речиси секогаш имаат директно


дејство?

Регулативите се директно применливи во сите земји членки. Одредена регулатива


автоматски станува дел на највисоките одредби по ранг на правниот поредок на односната
земја членка без потреба да биде транспонирана во него на каков било начин.

86. Кое од долунаведените претставува општо начело на правото на ЕУ?

Начело за првенство на правото на Европската унија- супрематија

87. Што се подразбира под начелото на супрематија на правото на ЕУ ?

Начело за првенство на правото на Европската унија.

Ова значи дека правен акт на Европската унија, што е во спротивност со правната норма
на некоја држава-членка, треба да се примени пред националниот акт, ако тоа е значајно за
Европската унија

88. Што се подразбира под начелото на директно дејство на правото на ЕУ ?

24
Се смета дека и одредбите од Договорите и регуалативите на ЕУ имаат хоризонтално
„директен ефект“. Тоа значи дека граѓаните можат да се потпрат на правата кои им се
доделени (и обврските кои произлегуваат од нив).

89.Кои услови треба да се исполнат за одредба од правото на ЕУ има директно


дејство?

За да може една одредба да има име директно дејство мора да бидат исполнети три услови

1.јасна и недвосмислена,

2. неусловена

3. со дејство независно од преземањето на некоја натамошна мерка од страна на


заедницата или државите членки.

90. Договорите се директно применливи. Што се подразбира со тоа ?

Одредбите на договорите имаат директно дејство во националните поредоци.

Тие се дел од националното законодавство на секоја земја членка.

91. Што се подразбира под начелото на директна применливост на правото на


ЕУ?

Прво, принципот на директна применливост едноставно значи дека Унијата

директно им пренесува права и им наметнува обврски не само на институ-

циите на Унијата и на земјите-членки, туку и на граѓаните на Унијата.

92. Начелото на субсидијаритет се воведе со?

Договорот од Мастрихт.

93. Која од следните изјави за обемот на начелото на супрематија на правото


на ЕУ не е точна?

25
правото на Европската унија го има првенството пред правото на државите-членки. Ова
значи дека правен акт на Европската унија,што е во спротивност со правната норма на
некоја држава-членка, треба да се применипред националниот акт, ако тоа е значајно за
Европската унија (елемент на Заедни-
цата, односно Унијата), на пример ако е значајно за внатрешниот пазар. Ова начелона
првенство се применува дури и ако хиерархиската поставеност на правната нормана некоја
држава-членка е повисока од правниот акт на Европската унија. Според тоа,освен кога
случајот е во исклучива внатрешна надлежност на државата-членка, се применува
Европското право. Дури и ако некоја регулатива на Европската унија била воспротивност
со уставот на државата-членка, важи ова начело на првенство, според коеби се применила
европската регулатива.. Сепак, од 1964 година, т.е. од пресудата на ЕСП во врска со
случајот Коста/Енел (случај 6/641; ECR 585), прифатено е постоењето на ова првенство.

Уставниот договор од 2004 година, во членовите 1-10 (во завршна верзија, членови 1-13)
го содржи експлицитното правило дека „Правото на Унијата има предност пред
националното право“. Лисабонскиот договор не содржи таква клаузула; меѓутоа, во
Декларацијата 17 стои „дека, во согласност со добрата судска практика на ЕСП,
Договорите иЗаконите, усвоени од Унијата врз основа на Договорите, имаат предност пред
законитена државите-членки, под условите наведени со таа судска практика“. Понатаму,
Декларацијата го содржи следното мислење од Правната служба на Советот за
првенството
на правото на ЕЗ, како што е предвидено во 11197/07 (JUR 260):

Мислење на Правната служба на Советот од 22 јуни 2007 година


Од судската практика на Судот на правдата произлегува дека првенството
на правото на ЕЗ е темелно начело на правото на Заедницата. Според Судот,
ова начело е вкоренето во специфичната природа на Европската заедница.
Во времето на првата пресуда од оваа востановена судска практика (Коста/
Енел, 15 јули 1964 година, случај 6/641), во договорот не беше споменато пр-
венството. Тоа е случај и денес. Фактот дека начелото на првенство нема
да биде опфатено во идниот договор, во никој случај нема да го доведе во
прашање постоењето на ова начело и на постоечката судска практика на
Судот на правдата.
Во основа, оваа процедура треба да се разбере на следниот начин: Начелото на првенство
ќе продолжи да важи, иако политички не беше возможно тоа експлицитно дабиде наведено
во Лисабонскиот договор. Оваа чудна процедура можеби ќе резултирасо неизвесност во
иднина. Сепак, благодарение на фактот дека начелото на првенствосе користи од страна на
ЕСП од 1964 година, во иднина не би требало да има сомнение
за него.

94. Која од следните изјави не е карактеристика на начелото на директно


дејство?

Правото на ЕУ само по себе претставува некој вид на меѓународно право. Бидејќи е така
неговата применливост во внатрешните поредоци на државите членки би тберало да

26
зависи од уставните решенија на државите членки. Меѓутоа државите членки имаат
различни уставни решенија во однос на дејството на меѓународните договори во
внатрешните поредоци.

Врз основа на овој принцип Унијата дирекрно им пренесува права и им наметнува обврски
не само на инстутуциите на Унијата туку и на граѓаните на Унијата.

Прцендентноно право на ЕСП во однос на ова прашање започна со случајот на холадската


превозна компанија Ван Ген енд Лоос.Судот донел одлука дека одредбите од правото на
Унијата во сите случаи се директно применливи.

Принципот се однесува на дејство на одредба од Договорот на ЕЗ но и на одредбите


содржани во регулативите, директивите и одлуките како и меќународнитњ годовори кои се
склучени од унјата.

Директивите имаат само вертикално дејство (применлива во внатрешниот поредок


единствено врз правен основ во кој што покрај приватното лице учествува и земја членка.
Тие исто така имаат и индирекно дејство ( дури и тогаш кога немаат дирекно дејство мора
да бидат земени во предвид од националните судови при толкувањето на националното
законодавство.

Според условите утврдени од судот за да има директно дејство одредбата мора да биде:

1. Јасна и недвосмислена

2. Неусловена

3. Со дејство независно од времето од преземањето на некоја натамошна мерка


од страна на Унијата или на државите членки.

Незадоволувањето на некое од овие услови ја лишува од можноста да биде


директно применлива.

Овие услови се ценат Ad hoc во зависност од случајот.

95. Во контекст на правните лекови за повреда на правото на ЕУ , кој поим од


долунаведените се однесува на фактот дека секој правен лек за повреда на

27
правото на ЕУ мора да биде достапен под услови поволни како оние за
подеднаква повреда на националното право?

Принципите на еквивалентност и ефективност

96. Кои две начела го одредуваат начинот на поделба на надлежностите меѓу


институциите на ЕУ и земјите-членки на ЕУ?

„Во согласност со принципот на искрена соработка, ( во добра верба) Унијата и

земјите-членки, со целосна заемна почит, меѓусебно си помагаат

во извршувањето на задачите што произлегуваат од спогодбите.

Земјите-членки ги преземаат сите соодветни мерки, општи

или поединечни, за да обезбедат исполнување на обврските

што произлегуваат од спогодбите или се резултат на дејствата

на институциите на Унијата. Земјите-членки го помагаат

остварувањето на задачите на Унијата и се воздржуваат од

какви било мерки што би можеле да го загрозат остварувањето

на целите на Унијата“

Принцип на солидарност и почитување на националниот интегритет.

97. Со кој од долунаведените поими се појаснува откажувањето од сувереност


на земја-членка на ЕУ во интерес на транснационални институции?

Автономија на правниот поредок на ЕУ

98. Што се подрзабира под интергаверментализам


(intergovernmentalism)?

Улогата на националната држава во интеграцијата, и тврди дека националната држава не


станува застарена поради европската интеграција. националните влади на земјите членки

28
се основните фактори во процесот на европската интеграција, и наместо да бидат ослабени
со тоа што својот суверенитет е делегиран на ЕУ, тие станаа зајакнати со процесот.

Претставува начин за ограничување на пренесувањето на овластувањата на


наднационалните институции, спречување на појавата на заеднички политики. во
актуелниот институционален систем на ЕУ, Европскиот совет и Советот ја играат улогата
на институциите кои имаат последниот збор за одлуки и политики на ЕУ, со можност да
им даде поголема моќ на една мала група на држави. Овој екстрем ,може да создаде
состојба на надмоќ на некој над некој друг и кршење на принципот на "Сојуз на
еднаквите"

99. Со кој случај се утврди дека Договорот за Европската заедница создаде


нов правен поредок

Ван Ген енд Лоос

100. Со кој случај се утврди дека регулативите имаат директно дејство ?

Azienda Agriola Monte Arcosu -1998

Претходни случаи се Комисијата против Италија -1973 и Амстердам против Продуктшафт


-1977

101. Со кој случај се утврди дека земјите-членки се одговорни доколку


националните судови не го применуваат правото на ЕУ?

Francovitch ( Италија пропуштила да имплементира директива)

102. Која од долунаведените институции има право на поднесување


иницијатива во законодавната постапка на ЕУ

Европска Комисија

103. Според редовната законодавна постапка, вклученоста на Европскиот


парламент во усвојување на правните акти се состои во :

29
Соодлучување

104. Редовната законодавна постапка претставува ...

Поранешна постапка на соодлучување .

1. Следната постапка се применува кога во Договорите се прави

упатување на вообичаената законодавна постапка за донесување акт.

2. Комисијата доставува предлог до Европскиот парламент и до Советот.

Прво читање

3. Европскиот парламент го донесува својот став при првото читање и го

известува Советот за тоа.

4. Ако Советот го одобри ставот на Европскиот парламент, односниот акт

се донесува со формулацијата која одговара на ставот на Европскиот

парламент.

5. Ако Советот не го одобри ставот на Европскиот парламент, тој донесува

свој став при првото читање и го известува Европскиот парламент за тоа.

6. Советот исцрпно го информира Европскиот парламент за причините кои

довеле до донесувањето на неговиот став при првото читање. Комисијата

исцрпно го известува Европскиот парламент за својата позиција.

Второ читање

7. Ако во рок од три месеци од таквото известување Европскиот парламент:

(а) ја одобри позицијата на Советот при првото читање или не одлучил,

односниот акт се смета за донесен со формулацијата која одговара на

позицијата на Советот;

(б) ја одбие, со мнозинство на членовите кои го сочинуваат, позицијата

30
на Советот при првото читање, предложениот акт се смета дека не е

донесен;

(в) предложи, со мнозинство на членовите кои го сочинуваат, измени

на позицијата на Советот при првото читање, така изменетиот текст се

проследува до Советот и до Комисијата, кои даваат мислење за таквите

измени.

8. Ако во рок од три месеци од примањето на измените на Европскиот

парламент, Советот, со квалификувано мнозинство:

(а) ги одобри сите тие измени, односниот акт се смета за донесен;

(б) не ги одобри сите измени, претседателот на Советот, во согласност со

претседателот на Европскиот парламент, во рок од шест недели свикува

средба на Комитетот за усогласување.

9. Советот постапува со едногласност за измените за кои Комисијата дала

негативно мислење.

Трето читање

13. Ако во рок од тој период Комитетот за усогласување одобри

заеднички текст, Европскиот парламент, постапувајќи со мнозинство на

гласовите, и Советот, постапувајќи со квалификувано мнозинство, имаат

период од по шест недели од одобрението за донесување на односниот

акт во согласност со заедничкиот текст. Доколку тие не постапат така,

предложениот акт се смета дека не е донесен.

14. Периодите од три месеци и шест недели наведени во овој член може

да се продолжат најмногу за еден месец и две недели, соодветно, на

иницијатива на Европскиот парламент или Советот.

31
105. Договорот од Лисабон го промовира принципот на репрезентативна
демократија во однос на законодавната постапка во ЕУ преку :

Редовната азаконодавна постапка во која покрја Советот паритетно учествува и


најдемократската институција Парламентот.

106. Кој е називот на Комитетот основан според редовната законодавна


постапка доколку Советот на ЕУ и Европскиот парламент не може да постигнат
договор:

Комитетот за усогласување, кој се состои од членовите на Советот

или нивни претставници и подеднаков број членови кои го претставуваат

Европскиот парламент, има за задача да постигне договор за заеднички

текст, со квалификувано мнозинство на членовите на Советот или

нивните претставници и со мнозинство на членовите кои го претставуваат

Европскиот парламент во рок од шест недели од неговото свикување, врз

основа на позициите на Европскиот парламент и на Советот при второто

читање.

11. Комисијата учествува во постапките на Комитетот за усогласување и

ги презема сите потребни иницијативи за усогласување на позициите на

Европскиот парламент и на Советот.

12. Ако во рок од шест недели од свикувањето Комитетот за усогласување

не го одобри заедничкиот текст, предложениот акт се смета дека не е

донесен.

107. Во кој од долунаведените случаи НЕ се поведува посебна законодавна


постапка?

Во посебните случаи предвидени во Договорите, донесувањето

32
регулативи, директиви или одлуки од страна на Европскиот парламент со

учество на Советот, или од страна на Советот со учество на Европскиот

парламент претставува посебна законодавна постапка .

Посебна постапка се поведува за

- Социјално осигурување и социјална заштита со кое се обезбедува правото на


движење на европските граѓани или слободно движење на капитал со трети земји

- Во делот на знбп мерки кои се однесуваат на административна соработка на тоа


подрачје, потоа за пасоши, лични карти, дозволи за престој,

- Семејни права со прекугранични импликации,

- Судска соработка во граѓански работи

- Оперативна соработка меѓу органите за прогон,

- Координација и соработка со дипломатски и конзуларни претставништва,

- Подрачје на вработување, животни и работни услови, услови за вработување, права


на работници и работодавачи, вработување на државјани од трети земји

- Европски јавен обвинител

- Договори за асоцијација, договор за пристапување кон унијата

- Обврски на членовите на Парламентот

- Обврски на Омбудсман,

- право да се водат истраги за наводни повреди на правото на Унијата

Редовната и посебната постапка не се применува во областа на ЗНБП кои немаат


легислативен карактер.

33
108. Во постапката на согласност како посебна законодавна постапка, Европскиот
парламент одлуката за одобрување на предлог правниот акт поднесен од Советот на ЕУ ја
носи со...

Апсолутно мнозинство

109. Во кои случаи најчесто се применува советодавната постапка како посебна


законодавна постапка?

Според оваа постапка Советот, дејствувајќи едногласно или со квалификувано мнозинство,


во зависност од политичката област, може да усвојува закони врз основа на предлог од
Европската Комисија по консултирање со Европскиот Парламент. Од Советот се бара да се
консултира со Парламентот за законодавните предлози, но не е обврзан со позицијата на
Парламентот. Во практиката, Советот често го игнорира предлогот на Парламентот па
некогаш дури и донесува одлука пред да го дознае неговиот став. Сепак, Европскиот Суд
на Правдата донесе одлука дека Советот мора да го чека мислењето на Парламентот и ги
поништува законите што Советот ги донел пред Парламентот да го изнесе своето мислење.
Парламентот повремено прави опструкција на законите што не му се допаѓаат со давање
на официјална проценка со цел да се добие моќ против овие предлози, одолговлекувајќи го
законодавниот процес. Пред Единствениот Европски Акт советодавната постапка беше
најупотребувана во тогашната Европска заедница. Оваа постапка се уште се употребува во
однос на ослободувања на внатрешниот пазар и конкурентниот закон. Се користи и во
однос на советодавните тела на Унијата како што се Комитетот на Регионите и
Економскиот и Социјалниот Комитет од кои се бара да се консултираат во рамките на
повеќе области според договорите под чие влијание е нивната стручна област. Ваквата
постапка се одвива во прилог на консултации со Европскиот Парламент или други
законодавни постапки.

110. Согласно постапката за усвојување на буџетот на ЕУ, Европската комисија


го поднесува предлог годишниот буџет на ЕУ до:

Европскиот Парламент и Европскиот Совет.

111. Согласно постапката за усвојување на буџетот на ЕУ, буџетот на ЕУ се


смета дека е усвоен откако:

Секоја година се подготвува годишен буџет според пошироката, седум-годишна рамка.

Европската Комисија предлага буџет до националните претставници во Советот на ЕУ

34
како и до Европскиот Парламент. По преговорите меѓу нив, предлогот на Комисијата се
усвојува.

112. Во постапката за делегирано донесување на одлуки (систем на


комитологија), на Европската комисија и се делегира надлежност да усвојува
акти од општа примена со цел да:

Доработуваат актите кои се донесени од Советот и Парламентот.

Нормативните овлаастувања се ограничени и мора да се движат во рамките на


делегираниот легислативен акт.

113. Кога се применуваат посебните законодавни постапки?

Кај оваа постапка актот го донесуваат посебно Парламентот или Советот.


Редовната постапка е претпоставено применлива додека додека посебната има примена
само тогаш кога е изречно предвидена со некоја одредба на договорите.

Во посебните случаи предвидени во Договорите, донесувањето


регулативи, директиви или одлуки од страна на Европскиот парламент со
учество на Советот, или од страна на Советот со учество на Европскиот
парламент претставува посебна законодавна постапка.

Во посебните случаи предвидени во Договорите, законодавните


акти може да се донесат на иницијатива на група земји-членки или на
Европскиот парламент, на препорака од Европската централна банка или
на барање на Судот на правдата или на Европската инвестициска банка.

Посебна постапка се поведува за

- Социјално осигурување и социјална заштита со кое се обезбедува правото на


движење на европските граѓани или слободно движење на капитал со трети земји

- Во делот на знбп мерки кои се однесуваат на административна соработка на тоа


подрачје, потоа за пасоши, лични карти, дозволи за престој,

35
- Семејни права со прекугранични импликации,

- Судска соработка во граѓански работи

- Оперативна соработка меѓу органите за прогон,

- Координација и соработка со дипломатски и конзуларни претставништва,

- Подрачје на вработување, животни и работни услови, услови за вработување, права


на работници и работодавачи, вработување на државјани од трети земји

- Европски јавен обвинител

- Договори за асоцијација, договор за пристапување кон унијата

- Обврски на членовите на Парламентот

- Обврски на Омбудсман,

- право да се водат истраги за наводни повреди на правото на Унијата

Редовната и посебната постапка не се применува во областа на ЗНБП кои немаат


легислативен карактер.

114. Кога се применува постапката на соодлучување?

Единствениот европски акт од 1986 година ја зголеми моќта на Парламентот во однос на


законодавството, воведувајќи ја постапката на соработка. Оваа постапка предвидува две
читања на законодавните предлози - од страна на Парламентот и од страна на Советот, но
со активно учество на Комисијата. Договорот за Унијата отиде чекор натаму при
доделувањето поголема законодавна моќ на Парламентот. Договорот ја воведува новата
постапка на соодлучување во голем број важни области, со која се овластува Парламентот
да донесува прописи и директиви на иста основа со Советот.
Оваа постапка се применува во областа на единствениот пазар, социјалната
политика, економската и социјалнакохезија, истражувањето и во новите области опфатени
со Договорот за унијата - трансевропските мрежи, заштитата на човековата
средина, образованието, културата и здравството. Парламентот би сакал постапката на
соодлучување да биде проширена и да ги опфаќа пред се земјоделските цени, како и
дефиницијата на сопствените буџетски ресурси на Унијата.

36
115. Во која постапка Европскиот парламент има право на вето во случај на
прием на нова земја-членка?

Во постапката за давање на согласност.

За одредени одлуки што се од најголема важност (меѓународните спогодби,


пристапувањето на нови членови, униформната постапка за избори во Парламентот,
правото на жителство за граѓаните на унијата итн.), Советот мора да добие согласност од
Парламентот.

116. Судот на правдата на ЕУ е составен од:

Судот на правдата има еден судија по земја членка на ЕУ.

На судот му помагаат осум ‘јавни обвинители’ чија работа е да даваат мислења за случаите
кои стигнале пред судот. Тие мора да го прават тоа јавно и непристрасно. Секој судија и
обвинител е назначен за мандат од шест години, кој може да се обнови. Владите на земјите
членки на ЕУ се согласуваат за тоа кого сакаат да го назначат

117. Кои се надлежности на Судот на правдата на ЕУ?

Договорите на Судот му даваат само ограничена надлежност. Најосновното разликување е


она помеѓу:

- пресудувањето и

- давањето мислења или советодавното одлучување.

Последното се јавува многу поретко и се случува во ситуации кога, на пример, Советот,


Комисијата или земја членка бара мислење околу тоа дали некоја меѓународна спогодба
што сака да се склучи од Заедницата со некоја трета земја е во согласност со Договорот за
ЕЗ. Иако советодавни, овие мислења имаат правни последици; ако, во последниот случај,
мислењето е негативно, спогодбата ќе може да стапи на сила само после соодветна измена
на Договорот за ЕЗ со којшто договорот би се прилагодил со неа.

118. Постапката за утврдување повреда на договорите или неисполнување на


обврски од договорите од земја-членка може да се поведе:

Овие тужби може да се поднесуваат против земја членка којашто наводно сторила повреда
на правото на ЕЗ. Како тужител може да се јави Комисијата или некоја друга земја членка.

37
119. Што не претставува предмет на постапката за утврдување повреда на
договорите или неисполнување на обврски од договорите од земја -членка ?

Тужбата мора да упатува на каква било повреда на некоја „обврска од Договорите“,што ги


опфаќа сите прописи на Европското право што се обврзувачки за државите-членки.Ако
Комисијата смета дека земја-членка не ги исполнила обврскитеспоред Договорите, таа
доставува образложено мислење за тоа откако ќе Судот на правдата на европската унија ѝ
даде на засегнатата земја можност да ги достави своите образложенија.

Ако засегнатата земја не дејствува во согласност со мислењето во рокот кој го утврдува


Комисијата, Комисијата може прашањето да го изнесе пред Судот на правдата на
Европската унија.

Прелиминарни постапки

Тужбата може да се изнесе пред ЕСП, само од страна на Европската комисија, ако се

исполнети следните услови:

• Европската комисија претходно побарала од државата-членка да ја прекине не-

усогласеноста со изложување на своите причини за наводната повреда на пра-

вото.

• На државата-членка мора да ѝседадеможностдагидостависвоитегледишта.

• Европската комисија треба повторно да се обрати до државата-членка, поставу-

вајќи временски рок за престанување со повредите.

• Ако државата-членка не го искорени овој наводен недостаток во дадениот временски


период, прелиминарната постапка се смета за завршена и се отвора патот за судска
постапка.

Пресудата и нејзиното извршување

Во својата пресуда, ЕСП утврдува дали државата-членка е во судир со правото на Унијата


и дали таа не ги исполнува своите обврски.

Државата-членка мора да се придржува до пресудата на ЕСП. Доколку државата-

членка не се придржува до пресудата на ЕСП, тогаш Европската комисија може повторно


да се обрати до ЕСП поради утврдување на парична казна.

38
120. Кои правни акти НЕ се предмет на испитување на законитоста според
постапката за испитување и поништување на правните акти на органите на ЕУ
која се спроведува од Судот на правдата на ЕУ?

Оспорените дејства мораат да бидат акти од Договорите. Меѓутоа, меѓувладините одлуки


донесени под поранешниот втор столб (Заедничка надворешна и безбедносна политика) не
се под надлежност на Судот, освен ако тоа не е децидно предвидено.

121.Кој вид на одлука може да донесе Судот на правдата на ЕУ кога постапува


по член 263 ДФЕУ за испитување на законитоста на правните акти, актите на
Советот на ЕУ, Европската комисија и Европската централна банка, актите на
Европскиот парламент и Европскиот совет чија цел е да произведат правно
дејство vis-à-vis трети страни?

Ако тужбеното барање е основано, Судот на правдата на Европската

унија објавува дека односниот акт е неважечки.

Меѓутоа, доколку смета дека е потребно, Судот објавува кои ефекти на

актот кој го прогласил за неважечки се сметаат за конечни.

122. Постапката во случај на неактивност на органите на ЕУ, може да се поведе


против:

Европскиот парламент, Европскиот совет, Советот, Комисијата или Европската централна


банка не дејствуваат во случај на повреда на Договорите.Овој член се применува за тела,
канцеларии и агенции на Унијата кои нема да дејствуваат, под истите услови.

Прелиминарна постапка

Пред да се обрати до ЕСП и Општиот суд, тужителот мора да се обрати до тужениот,


барајќи од него да го донесе актот за кој станува збор.

Тужител

Тужителот може да биде:

39
• институција на Унијата и држава-членка, или

• поединци во случај кога непостапувањето за кое станува збор влијае на правната


положба на тоа лице.

Тужен

Тужена мора да биде институција на Унијата што требало да го донесе посакуваниот

акт (Советот, Европската комисија или Европскиот парламент).

Пресуда

Доколку ЕСП и Општиот суд сметаат дека институцијата е обврзана да го донесе

оспорениот акт, засегнатата институција треба да му стави крај на непостапувањето со


донесување на соодветни мерки.

123. Пресудата на Судот на правдата во постапката во случај на неактивност на


органите на ЕУ е:

Доколку ЕСП и Општиот суд сметаат дека институцијата е обврзана да го донесе

оспорениот акт, засегнатата институција треба да му стави крај на непостапувањето со


донесување на соодветни мерки.

124. Кои прашања националните судови на земјите-членки може да ги упатат на


Судот на правдата на ЕУ за прелиминарно толкување

Судот на правдата на Европската унија е надлежен да донесува

прелиминарни одлуки за следново:

(а) толкувањето на Договорите;

(б) валидноста и толкувањето на актите на институциите, телата,

канцелариите или агенциите на Унијата.

40
125. Кој може да поведе постапка за прелиминарно толкување на правото на
ЕУ?

по барање на национален суд

126. Во кои случаи се применува начелото на процедурална автономија ?

постапка за прелиминарно толкување на правото на ЕУ

127. Кои услови треба да бидат исполнети за да се утврди одговорност на


државата за надомест на штета на физички и на правни лица, предизвикана со
повреда на правото на ЕУ од нејзините органи?

Треба да бидат исполнети следните критериуми:

• Подносителот мора да биде физичко или правно лице кое за виновник ја смета

Европската унија наспрема поединечната институција на Унијата што е засегна-

та. Унијата ја презема одговорноста за своите институции.

• Дејството со кое е прекршено правото на Унијата е извршено од страна на некоја

институција на Унијата или од страна на нејзин службеник.

• Дејството било незаконско.

• Тужителот претрпел штети.

• Штетата била предизвикана од дејството за кое станува збор.

Пократок одговор

-противправен акт или пропуст на Унијата

41
Штета нанесена врз тужителот

Причинско последична врска помеѓу противправниот акт и штетата.

128. Која од следниве области не претставува нова област или политика според
Договорот од Лисабон?

129. Со штоЕвропската Унија наликува на федерален режим ?

(ЕУ) е наднационална и меѓувладина унија (заедница) на 28 земји-членки.

федерација (, во монетарните работи, во аграрната, трговската и еколошката политика);

130. Која од долунаведените изјави не беше причина за обединувањето на


западноевропските нации во Европска интеграција по Втората светска војна ?

СѐдонекојагодинапокрајотнаВторатасветскавојна, нашиотконцептза држава и нашиот


политички живот се развиваа речиси исклучиво врз осно-

ва на националните устави и закони. Врз таа основа се создаваа правила на

однесување што беа задолжителни не само за граѓаните и партиите во на-

шите демократски држави, туку и за државата и за нејзините органи. Како да

требаше да дојде до целосен колапс на Европа и до нејзин политички и еко-

номски пад за да се создадат услови за нов почеток и да ѝседадесвежимпулс на идејата за


нов европски поредок.

Севкупно, движењата кон здружување на Европа по Втората светска војна

создадоа збунувачка мешавина на многубројни и комплексни организации

за кои е тешко да се води евиденција. На пример, ОЕЦД (Организација за

42
економска соработка и развој), ВЕУ (Унија на Западна Европа), НАТО (Се-

верноатлантскиот пакт), Советот на Европа и Европската Унија коегзисти-

раат без некакви реални врски меѓу нив. Бројот на членките во тие различни

организации изнесува меѓу 10 (ВЕУ) и 47 (Совет на Европа).

Од ваквата разновидност на организации се добива логична структура дури

ако ги погледнеме нивните конкретни цели. Тие може да се поделат во три

главни групи.

ТРЕТА ГРУПА: ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Во третата група европски организации е Европската Унија. Карактеристи-

ка што е сосема нова во ЕУ и со која таа се разликува од вообичаениот вид

меѓународни здруженија на држави е тоа што земјите-членки ѝимаатотста-

пено некои од своите суверени права на ЕУ и ѝјаимаатдаденонаУнијата

моќта да дејствува независно. При вршењето на овие овластувања, ЕУ може

да издава суверени акти што имаат иста сила како законите во поединечни-

те држави.

Камен-темелникот на Европската Унија го постави тогашниот француски

министер за надворешни работи, Роберт Шуман, во својата декларација од

9 мај 1950, во којашто го изложи планот што го разработи заедно со Жан

Моне, да се обединат индустриите за јаглен и челик на Европа и да се созда-

де Европската заедница за јаглен и челик. Ова, изјави тој, би претставувало

историска иницијатива за „организирана и витална Европа“ којашто е „не-

заменлива за цивилизацијата“ и без која „не би можел да се одржи светски-

от мир“. „Шумановиот план“ конечно стана стварност со потпишувањето на

основачката Спогодба на Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) од

страна на шесте држави-основачи

43
131. Европската комисија одлучува да свика конвенција. Конвенцијата дава
препораки на Меѓувладината конференција за промени. Европската комисија со
согласност од Европскиот парламент одлучува дали промените наложуваат
свикување на конвенција. Доколку е тоа случај, Меѓувладината конференција
дава согласност на текстот и земјите-членки истиот го ратификуваат. За што
станува збор?

постапка за ревидирање на Договорите на ЕУ

132. Што по своето значење преставува еквивалент на устав во Европската


унија?

Договорот од Лисабон

133. Кои земји пристапија кон ЕУ според Договорот за Европската економска


зона?

Овој договор стапил во сила во 1994. Финска, Австрија и Шведска пристапија во


1995.

134. Кој од долунаведените фондови на ЕУ целосно се финансира од нејзиниот


буџет?

Структурни фондови

135. Со кој од долунаведените Договори се подготви патот за процесот на


проширување на ЕУ во 2004 година?

Договор од Ница

44
136. Која од следниве изјави не е точна? Договорот од Лисабон

137. Договорот од Лисабон не содржи Протокол за:

Протоколи кои ги има:

1.Протоколот за улогата на националните парламенти во Европската унија

2.Протоколот за примена на принципите на супсидијарност и пропорционалност

3.Протоколот за Статутот на Судот на правдата на Европската унија

4.Протоколот за Статутот на Европскиот систем на централни банки и на ...

5.Протоколот за Статутот на Европската инвестициска банка

6.Протокол за локацијата на седиштата на институциите и на одредени тела, канцеларии,


агенци

7. Протоколот за привилегии и имунитети на Европската унија

8.Протокол во врска со член 6 (2) од Договорот за Европската унија на ...

9.Протоколот за Одлука на Советот во врска со спроведувањето на

10.Протокол за Постојана структурирана соработка основан со член 42 од Договорот за


Европската

11.Протокол на член 42 од Договорот за Европската унија

12.Протокол за Процедурата за прекумерен дефицит

13.Протокол за критериумите за конвергенција

14.Протокол на еврогрупата

15.Протокол за одредени одредби кои се однесуваат на Обединетото Кралство на Велика


Британија

16.Протокол за одредени одредби во врска Данска

17.Протокол за Данска

45
Протокол за Франција

Протокол за шенген законодавството интегрирани во рамките на Европската унија

Протокол за за примена на одредени аспекти на член 26 од Договорот за функционирање


на Европската унија да се Велика Британија и Ирска

Протоколот за ставот на Обединетото Кралство и Ирска, во однос на ...

Протоколот за ставот на Данска

Протокол за надворешни работи на земјите-членки во врска со преминувањето на


надворешните граници

Протокол за азил за државјаните на земјите-членки на Европската унија

Протокол за уживање на споделена компетентност

Протокол за услуги од општ интерес

Протоколот за внатрешен пазар и конкуренција

Протокол за економска, социјална и територијална кохезија

Протокол за систем на јавниот радиодифузен сервис во земјите-членки

Протоколот за примена на Повелбата за основните права на ...

Протокол за увоз во Европската унија на нафтени деривати

Протоколот за стекнување на имот во Данска

Протокол во врска со член 157 од Договорот за функционирање на Европската унија

Протокол за посебни аранжмани за Гренланд

Протокол за член 40.3.3 од Уставот на Ирска

Протокол за Преодни одредби

Протокол за финансиските последици од истекот на Договорот за ЕЗЈЧ и на фонд за


истражување на .

138. Со Договорот од Лисабон, ЕУ станува правен наследник на :

Таа го зазема местото на Европската заедница, како нејзина правна следбеничка

46
139. Која од следниве изјави не се воведе како новина со Договорот од
Лисабон?

Со новиот Договор се менуваат:

 Договорот за Европската унија – Договорот од Мастрихт (1992 година) (ДЕУ).Измените


се однесуваат на институциите, зајакнатата соработка, надворешната и безбедносната
политика и одбранбената политика.

 Договорот од Рим (1957 година) Дава детален преглед на надлежностите и областите на


интервенција од страна на Европската унија. Станува „Договор за функционирањето на
ЕУ“ (ДФЕУ).

Нова институционална архитектура:

2) КОМИСИЈАТА: ПО ЕДЕН КОМЕСАР ОД СЕКОЈА ДРЖАВА-ЧЛЕНКА

Најважна новина е создавањето постојано претседателство.

Советот на министри ќе се состанува јавно (што не е случај во моментов) за да дебатира и


одобрува „закони“, што навестува чекор напред кон демократизација на Европската унија.
Правилото за гласање е изменето.

Лисабонскиот договор ја воведува позицијата Висок претставник на Унијата за


надворешни работи и безбедносна политика.

Се зајакнуваат надлежностите на Парламентот во однос на законодавството, буџетот и


политичката контрола.Се проширува законодавната постапка на соодлучување (Советот на
министрите и Парламентот) во речиси 50 нови области

Се воведува правото на граѓанска иницијатива.

На Унијата не ѝседоделуваатновиисклучивинадлежности.

 Се обезбедуваат одреден број нови надлежности кои спаѓаат во категориите:

- „споделени надлежности“ (како што се вселената и енергетската политика)

- „поддршка, координација и комплементарна акција“ (како што се цивилна заштита,

интелектуалната сопственост, туризмот, административната поддршка и спортот).

140. Договорот од Лисабон пропиша задолжителна примена на Повелбата за


основните права на ЕУ во сите земји-членки на ЕУ. Кои земји-членки на ЕУ врз

47
основа на механизмот opt-out се изземаа од примената на Повелбата пред
нивните национални судови?

Велика Британија, Полска и во Чешката Република

141.Во рамките на Европската монетарна унија постои единствена краткорочна


каматна стапка, додека долгорочните каматни стапки се разликуваат од земја до
земја поради:

Долгорочната каматна стапка не треба да ја надминува за повеќе од 2 процентни поени


референтната вредност која е дефинирана од просечните долгорочни каматни стапки на
трите земји-членки на ЕУ со најниска инфлација. Долгорочната каматна стапка се
пресметува врз основа на просечниот принос на десетгодишните државни обврзници, кои
имаат значаен удел во тргувањето на пазарот на капитал.

142. Кое од долунаведените не претставува извор на правото на ЕУ?

Можно е да се воспостават четири главни групи на извори на право на Заедницата: акти на


земјите членки; акти на Заедницата; општи принципи на правото на Заедницата и
меѓународни договори склучени со земји кои не се членки на Заедницата.

Изворите на правото на Заедниците можат да се поделат на: примарно и секундарно или


изведено право.

Примарното право го сочинуваат Договорите за основање на Европската економска


заедница, Европската заедница за јаглен и челик, Европската заеддница за атомска
енергија, вклучувајќи ги и подоцнежните договори што ги дополнуваат (Единствениот
европски акт, Договорот од Мастрихт (Договор за ЕУ), Договорот од Амстердам,
Договорот од Ница, Договорот од Лисабон и Уставот на Европската Унија).

Секундарното право се состои од меѓународни и автономни акти на институциите и телата


на заедниците, дополнети со општите принципи признаени во правниот поредок на ЕЗ.

Практиката на Судот на правдата и Судот од прва инстанца е посебен извор на правото на


Заедницата и има важна улога во структурата на правниот поредок на ЕЗ, независно од тоа
што задачите на двата суда се формално ограничени во толкувањето и примената на
другите правни извори

48
143. Што се карактеризира како примарно законодавство на ЕУ ?

Примарното право го сочинуваат Договорите за основање на Европската економска


заедница, Европската заедница за јаглен и челик, Европската заеддница за атомска
енергија, вклучувајќи ги и подоцнежните договори што ги дополнуваат (Единствениот
европски акт, Договорот од Мастрихт (Договор за ЕУ), Договорот од Амстердам,
Договорот од Ница, Договорот од Лисабон и Уставот на Европската Унија).

144. Колку страници денес опфаќа правото на ЕУ (acquis communautaire) ?

Целокупната правна регулатива на ЕУ опфаќа околу 100 000 страни текст во Службениот
весник.

145. Кои извори на правото на ЕУ не се правно обврзувачки?

Препораки и мислења

146. Правен акт на ЕУ чија имплементација не е задолжителна и истиот може


да се однесува на одредени земји-членки или проединци. За што станува збор?

Препораки и мислења

147. Што се подразбира под капацитет на правото на ЕУ да создава права и


обврски за поединци кои се директно применливи пред националните судови на
земјите-членки?

Правото на ЕЗ, би било, навистина ефективно единствено доколу навлезе во националните


правни системи и доколку им доделува права и им наметнува обврски директно на
граѓаните. Токму преку овластувањето за претходно одлучување Европскиот суд ги
изградил доктрините за директен ефект и супрематија на правото на Заедниците врз
националните права.

49
148. Европската комисија дава предлог за правен акт, Европскиот парламент и
Советот на ЕУ вршат прво читање, во рок од шест недели треба да се постигне
договор за текстот на предложениот правен акт . За што се работи во конкретниот
случај?

Редовна законодавна постапка ( постапка на соодлучување).

149. Која од долунаведените постапки не е постапка за ревидирање на


Договорите на ЕУ?

Предлози за измена на договорите се поднесуваат од страна на една земја-членка,


Европскиот парламент или Европската комисија до Советот на министрите кој, пак, ги
доставува до Европскиот совет и ги известува земјите-членки. Нема ограничувања за
видот на амандмани кои можат да се предложат.

Советот на Европа, по консултации со Европскиот парламент и Комисијата, гласа да се


разгледаат предлозите врз основа на просто мнозинство, а потоа или:

Претседателот на Европскиот совет свикува конвенција составена од претставници на


националните парламенти, влади, Европскиот парламент и Европската комисија, за
понатаму да се разгледаат предлозите. Во догледно време, својата конечна препорака
конвенцијата ја доставува до Европскиот совет.

Или Европскиот совет одлучува да не свика конвенција и самиот одлучува да ги постави


одредбите за меѓувладината конференција.

Претседателот на Европскиот совет свикува меѓувладина конференција составена од


претставници на владата на секоја земја-членка. Конференцијата го изготвува и

50
финализира договорот врз основа на препораките на конвенцијата или според условите на
Европскиот совет.

Лидерите на ЕУ го потпишуваат договорот.

Сите земји-членки, тогаш мора да го ратификуваат договорот „ во согласност со нивните


уставни одредби”, за тој да може да стапи во сила.

150. Декларацијата за иднината на Европската унија е уште позната и како :

Декларација од Лакен.

151. Која земја-членка на ЕУ мораше да спроведе референдум за ратификација


на Договорот од Лисабон?

Ирска

152. Системот воведен со Договорот од Лисабон за пресметување на


квалификуваното мнозинство на гласови во Советот на ЕУ кој стапи на сила на 1
ноември 2014 година, но ќе се применува од 1 април 2017 година се заснова
на:

квалификувано мнозинство претставува најмалку 55% од членовите на Советот, кои се


претставници на земјите-членкишто учествуваат и кои сочинуваат најмалку 65% од
населението на овие земји.

153. Според редовната законодавна постапка регулирана со членот 294 ДФЕУ ,


вклученоста на Европскиот парламент во усвојувањето на правните акти се
состои во:чќ-

соодлучување

154. Постапката за именување на Високиот претставник за Заедничка


надворешна и безбедносна политика се состои во:

Високиотпретставник е назначенодЕвропскиотСовет, изгласанодквалификувано


мнозинство а во согласност со претседателот на ЕК со оглед на тоа што ВПЗХБП е
подпретседател на ЕК.

51
155. Основната надлежност на Високиот претставник за Заедничка надворешна
и безбедносна политика е:

Неговите/нејзинитезадачивклучуваат:

- претставувањенаЕвропскатаунијавостранство, и

- претседавањесоСоветотзанадворешниработи, штогосочинуваатситеминистри за
надворешниработивоЕвропскатаунија.

Високиотпретставниктребадараководисозаедничкатанадворешна и
безбедноснаполитика.СонеговитепредлозикоигиизнесувапредСоветот,
требадапридонесувазаразвојнатааполитика.

Секаде каде што е постигната поволна надворешна политика, Високиот претставник може
да дејствува , преговарајќи за се она што е корисно за земјите членки. Високиот
претставник ја координира работата на Специјалните Претставници на Европската Унија,
и обавува други задачи како што е координирање на антитероризмот.

Високиот претставник е одговорен за утврдување на персоналот на EEAS ( Еuropean


External Action Service), за контролирање на општата надворешна политика, (надвор од
трговија или разој и проширување кое мора да биде остварено заедно со Комисијата)
вклучувајќи ја тука безбедносната иницијатива и разумната поделба. Меѓутоа, иако
Високиот претставник е одговорен за превземањето на иницијативи, одлуките ке бидат
донесени од Советот на земјите членки, притоа Високиот претставник ке мора да го
извести и Парлементот.

156. Кој од следните органи одговара пред Високиот претставник за Заедничка


надворешна и безбедносна политика?

Во неговата работа му помага Европска служба за надворешно дејствување.

ВПЗХБП е подпретседател на ЕК.

52
157. Што се случува доколку се појави судир помеѓу правото на ЕУ и
националното право усвоено по стапувањето на сила на Договорите за земјата -
членка која е страна во конкретниот случај?

Државата е одговорна за надомест на штета.

158. Кое начело се воспостави со случаите Francovich & Boniface?

Принцип на одговорност на државата ( Одговорност на државата Италија заради


неимплементирање на Директива).

159. Кој од следните услови мора да се исполни од страна на тужителот кој


тврди дека претпрел загуба како резултат од делувањето на одредена земја -
членка на ЕУ?

1. од директивата да произлегуваат права за поединците

2. од директивата да може да се идентификува содржината на тие права

Да има причинско последична врска помеѓу повредата на обврската во директивата и


штетата

160. Кои беа основните аргументи дадени од Европскиот суд на правдата во


случајот Francovich за да се воспостави начелото на одговорност на државата?

Договорот за ЕЕЗ создаде сопствен правен систем што е интегриран во правните системи
на државите членки чии што судови се должни да го применуваат. Субјекти на тој правен

53
систем не се само државите членки туку и нивните државјани.Судовите кои ги
применуваат правата на зедницата мара да осигурат дека тие правила ќе имаат целосен
ефект и мора да ги заштитуваат правата што им ги даваат на поединците.

Принцип на правото на заедницата е дека државите за кои што било утврдено дека се
одговорни, се должни да ја надоместат штетата предизвикана на пединци со повредата на
правото на зедницата.Општа обврска е на државите да обезбедат исполнување на
обврските од договорите од кои се изведува принципот на искрена соработка (во добра
верба) помеѓу државите членки.

Повредата која ја предизвикала штетата да била доволно сериозна, знаци институцијата


знацително ги надминала границите на својата дискреција.

161. Кои прашања можат да бидат упатени од националните судови до Судотна


правдата на ЕУ според членот 267 ДФЕУ за прелиминарно толкување?

(а) толкувањето на Договорите;

(б) валидноста и толкувањето на актите на институциите, телата,

канцелариите или агенциите на Унијата

162. Кој документ се издава на крајот од административната фаза од


постапката според членот 258 ДФЕУ во случај кога земја-членка се противи дека
не ги исполнила своите обврски кои произлегуваат од правото на ЕУ, и
Европската комисија има намера да продолжи со понатамошно постапување ?

образложено мислење

163. Која институција на ЕУ може да презема мерки на извршување против


земја-членка според членот 258 ДФЕУ?

Европската Комисија

164. Која од следните одбрани поднесени од земја-членка за наводна повреда


на правото на ЕУ е прифатлива за Судот на правдата на ЕУ?

При текот на постапката Комисијата ужива дискреција дали и какво мислење ќе достави
до државата членка или дали воопшто ќе ја активира тужбата пред ЕСО. Доколку го сори

54
тоа тужбата мора да биде заснована врз истите основи и документација врз кои се темелел
наодот за наводно сторената повреда во административната фаза влучително и во
образложеното мислење. Судот нема да дозволи Комисијата да го менува мислењето на
основите на тужбата во административната фаза бидејќи со тоа би се загрозила
суштинската гаранција на тужената држава да и се овозможи да ги изнесува сопствените
забелешки околу наводно сторената повреда.

Од друга страна СУдот нема лесно да прифати оправдување на повредите на правото на


Унијата по основ на виша сила ниту по основ на постоење на практични проблеми кои го
спречиле исполнувањето на обврската..

Судот утврдил дека државата не може да се повикува на одредби, востановени пракси или
услови во нејзиниот внатрешен правен систем ( честа промена на власта, реорганизација
на власта).

165. Во која од долунаведените ситуации, подносителот кој претрпел штета од


незаконско работење на одредена институција на ЕУ може да покрене постапка
пред Општиот суд против таа институција?

Основни услови кои мора да бидат исполнети:

- Против правен акт или пропуст на Унијата

- Штета нанесена врз тужителот

- Причинско последична врска меѓу пропустот и штетата.

Различен е режимот кога се упврдува одговоност за штета нанесена со а) акти на


институции или службеници на Унијата каде не постои дискрециска оценка од
страна на авторот на актот во однос на решението содржано во
него( администретивни акти) и б) акти кај кои авторот на актот имал дискреција во
изборот на конкретните решенија ( легислативни акти).

Кај првите акти за да постои одговорност на Унијата доволно е да се утврди


противправност на актот а кај вторите утврдувањето на одговоност е според
построги критериуми.

55
166. Која од долунаведените слободи се смета дека е основоположник на
внатрешниот пазар на ЕУ?

Слободно движење на добра

167. Која од долунаведените изјави е точна. Граѓанство на ЕУ се доделува на :

Европското граѓанство (државјанство) е дополнение на националните државјанства и со


него се опфатени голем број права за европските граѓани.Со тоа, државјанството на
Унијата претставува дополнение на националното државјанство, но не го заменува.

Демократските начела на кои треба да се заснова Европската унија. Тие што го содржат
„начелото на еднаквост на своите граѓани“ [начелото на репрезентативна демократија
[член 10 (1), ЛДЕУ], директно застапување на граѓаните на Унијата на ниво на Унијата во
Европскиот парламент [член 10 (2), ЛДЕУ], правото на секој граѓанин да учествува во
демократскиот живот на Унијата [член 10 (3), ЛДЕУ] и функционирањето на политичките
партии („Политичките партии на ниво на ЕУ придонесуваат за креирањето на европската
политичка свест и изразувањето на волјата на граѓаните на Унијата“) [член 10 (4), ЛДЕУ].

За сите граѓани на Унијата, Лисабонскиот договор), граѓанството подразбира:

• право на слободно движење и престој на територијата на државите-членки

• право на гласање и право на кандидирање за Европскиот парламент и на

општински избори во државата-членка во која престојуваат, под истите услови

како и граѓаните на таа

• право на дипломатска заштита на територијата на трета држава (што не е членка на ЕУ)


од страна на дипломатските или конзуларните власти на друга држава- членка, доколку
нивната земја нема дипломатско претставништво во таа трета земја, во истата мера како и
за граѓаните на таа држава-членка

• право на петиција пред Европскиот парламент и право на обраќање до Европ-

скиот омбудсман во врска со случаи на лошо управување на активностите на

институциите или телата на Унијата

• право на писмено обраќање до која било институција или кое било тело на
56
Унијата на еден од јазиците на државите-членки и право на добивање одговор

на истиот

• право на пристап до документите на Европскиот парламент, Советот и Европска-

та комисија, што зависи од неколку услови.

168. Која од долунаведените изјави е точна. Правото за дипломатска и


конзуларна заштита кое се доделува на граѓаните на ЕУ значи дека:

Секој граѓанин на Унијата има право на заштита од дипломатските или конзуларните


власти на било која Држава членка на територијата на трета земја во која Државата членка
на граѓанинот нема свој претставник, под истите услови како и државјаните на таа Држава
членка.

169. Која беше потребата за подготовка и усвојување на Шенгенскиот Договор ?

Главна цел на основањето на Шенгенскиот договор е укинување на физичките граници


меѓу европските земји.

170. Кое од долунаведените тела има за задача да овозможува оптимална


координација на истражните дејствија и кривичен прогон за случаи на сериозен
прекуграничен и организиран криминал, особено преку олеснување за
извршување на барањата за меѓународно правна помош и спроведување на
барањата за екстрадиција?

Еуропол

171. Европската Заедница за јаглен и челик го обедини производството на


јаглен и челик од кои шест земји?

Франција,Германија, Италија и трите држави на Бенелукс: Белгија, Луксембург и


Холандија

57
172. Кој Договор се потпиша во 1985 година и доведе до постепено укинување
на граничната контрола кај земјите потписнички на овој Договор?

Шенгенски Договор

173. Кој Договор се потпиша во октомври 1997 година со кој се зголемија


надлежностите на Европскиот парламент, се зголеми фокусот на граѓанството и
правата на поединци и доведе до зачетоци на Заедничката надворешна и
безбедносна политика?

- Амстердамски договор

174. Кој беше избран во 2009 (ре-избран во 2012 година) како прв постојан
претседател на Европскиот совет според Договорот од Лисабон ?

Херман Ван Ромпуј

175. Со кој Договор официјално се воведе концептот за Европско граѓанство ?

Мастришкиот договор

176. Има надлежност за предлагање, спроведување и мониторинг на


усогласеноста со законодавството на ЕУ. Составена е од 28 комисионери, по
еден именуван од секоја земја-членка на ЕУ. Оваа институција ја претставува ЕУ
на меѓународно ниво. За која институција станува збор?

Европска Комисија

177. Составена е од 766 членови од јуни 2013 година. Оваа институција


усвојува најголем дел од законите на ЕУ. Таа е единствената институција на ЕУ
која се состанува и дебатира јавно. Истата се избира на директни избори од
граѓаните на земјите-членки на ЕУ. Одлучува за законите на ЕУ и буџетот на ЕУ
заедно со Советот на министри. За која институција станува збор ?

Европски Парламент

58
178. Оваа институција одлучува за начинот на толкување на правото на ЕУ .
Истата гарантира дека сите земји-членки на ЕУ на ист начин го применуваат
правото на ЕУ. Составена е од 28 независни судии, по еден од секоја земја-
членка на ЕУ. За која институција на ЕУ станува збор?

Европски Суд на Правдата

179. За време на кој состанок на Европскиот совет се донесе одлуката за


отворање на пристапните преговори со првите земји од Централна и Источна
Европа?

Состанокот во Луксембург 12-13.12. 1997

180. Институција на ЕУ каде релевантните министри (за надворешни работи ,


економија, земјоделие, финансии, итн.) од секоја земја -членка на ЕУ се
состануваат со цел да одлучуваат за законите на ЕУ и буџетот (заедно со
Европскиот парламент) и да ја спроведуваат Заедничката надворешна и
безбедносна политика. За која институција на ЕУ станува збор?

Европски Совет

181. Европската комисија го враќа законот со амандмани до Советот на ЕУ и


Европскиот парламент. За која фаза од постапката на одлучување во ЕУ станува
збор?

Второ читање

59
182. Европскиот парламент расправа по предлозите доставени од Европската
комисија и истите со измени ги враќа назад до Европската комисија. За која фаза
од постапката на одлучување во ЕУ станува збор?

Прво читање

183. За време на кој состанок на Европскиот совет се донесе одлуката за


отворање на пристапните преговори со првите земји од Централна и Источна
Европа?

Состанокот во Луксембург 12-13.12. 1997

184. Кога првите шест земји од Централна и Источна Европа ги започнаа


пристапните преговори за членство во ЕУ?

1998

185. Која од долунавените земји еднаш ја "замрзна" својата апликација за


членство во ЕУ?

Швајцарија

186. По придружувањето кон ЕУ во 2004 година, која нова земја-членка доби


најголем број пратеници во Европскиот парламент ?

Полска

187. Кој беше автор на планот чија цел беше постигнување на Економска и
монетарна унија до 1980 година?

Премиерот и Министер за финансии, Пјер Вернер

60
188. Подредете ги следните Договори по нивниот хронолошки ред на
усвојување:

1. Европската за единица за јаглен и челик, востановена со соодветен договор во 1951


година (престана да постои во јули 2002 година, по 50-годишно функционирање);

2. Европската заедница за атомска енергија (Евроатом), востановена со Договорот за


Евроатом во 1957 година;

3.Европската економска заедница (ЕЕЗ), востановена со Римскиот договор во 1957 година,


денeс Европска заедница.

4. Единствен Европски Акт – 1986

5. Договор од Мастрихт – 1992

6. Договор од Амстердам – 1997

7. Договор од Ница – 2000

8. Договор од Лисабон - 2007

189. Колку земји-членки броеше Европската унија во моментот на пуштање во


оптек на Евро валутата во јануари 2000 година ?

единаесет земји-членки на Европската Унија

190. Како се нарекуваше Договорот со кој се основаше Европската Заедница за


јаглен и челик

Договорот од Париз (1951 година)

191. Каде се наоѓаше седиштето на Европската заедница за јаглен и челик?

Париз

192. Која беше последната постоечка институција од Европската заедница за


јаглен и челик?

61
Судот на правдата

193. Кој беше првиот претседател на Комисијата на Европската економска


заедница?

194. Кој беше првиот претседател на Комисијата на Европските Заедници ?

01.01.1958 Римските договори влегуваат во сила. Валтер Халштајн станува првиот


претседател на Комисијата на ЕЕЗ.

195. Што се случи со Европската заедница за одбрана?

Европската Заедница за Одбрана (ЕЗО) е обид на западноевропските сили, поддржани од


САД, да направат противтежа на прекумерната воена моќ со конвенционалното оружје на
Советскиот Сојуз во Европа со создавање на националната Европска армија, вокоја спаѓаат
и силите на Западна Германија. Договорот бил склучен во 1952 година, но со одбивањето
на францускиот парламент да го ратификува договорот во 1954 година овој проект не се
реализирал. Една последица од постапката на Франција била одлуката донесена во 1955
година, со која Западна Германија повторно се вооружила и станала членка на НАТО. Во
1955 година ЕЗО била заменета со Западноевропска унија.

196. Кога се одржаа првите избори за Европскиот парламент ?

10.06.1979 Во девет земји членки на ЕЗ се одржани првите општи и непосредни избори за


Европскиот парламент. Девет држави избираат 410 членови на Европскиот парламент.

197. Кога се одржа првиот бран на проширување на ЕУ (од оригиналната


Заедница на шест земји)?

1 јануари 1973- Данска, Ирска и Обединето кралство

198. Кој го предложи основањето на Европскиот совет?

Шарл Де Гол

Валери Жискар Д-Естен

199. Која земја првично го одби Договорот од Мастрихт ?

Данска

62
200. Која година стапи на сила Шенгенскиот договор?

26 март 1995

201. Седиштето на која институција се нарекува 'Caprice des Dieux'?

Европски парламент

202. Главниот град на која нова земја-членка на ЕУ е избран за седиште на


Европската агенција за надворешни граници?

Полска

203. Во кој европски град е лоциран Европскиот центар за мониторинг на дроги


и зависности од дроги?

Лисабон

204. Која од следниве земји е членка на Европската унија но , ја нема


прифатено Евро валутата како своја официјална валута?

Данска и Велика Британија го искористиле правото за останување надвор од Еврозоната, а


Шведска и понатаму е надвор од Еврозоната, во прв план затоа што нејзините граѓани два
пати на референдумот се изјасниле против воведувањето на еврото како национална
валута на Шведска

205. Која година Шпанија и Португалија се приклучија кон Европската економска


заедница?

1986

63
206. Кој француски министер е еден од 'основачите' на Европската унија? Во
неговата Декларација од 1950 година се предлага создавање на нова форма на
организација на државите во Европа наречена супранационална заедница .

Роберт Шуман

207. Каде се наоѓа седиштето на Европол?

Хаг

208. Состаноците на која институција на ЕУ се општопознати како ЕУ самити ?

Европски Совет

209. Која од долунаведените изјави е точна. Претседателството на ЕУ :

Претседателството на Советот се менува секои шест месеци по принципот на ротација.

Функционирањето на Европскиот совет е координирано од страна на неговиот


Претседател, кој е одговорен за свикување и водење на состаноците на Европскиот
совет,Претседателот е избран од страна на Европскиот совет со мандат од две и пол години
и можност за еден реизбор.

210. Буџетот на ЕУ претставува колкав % од бруто домашниот производ на ЕУ ?

Буџетот изнесува околу 1% од вкупниот бруто национален приход на Европската Унија.

211. Која од следниве политики ЕУ сеуште ја нема усвоено како заедничка


политика?

азил

212. Членовите на Европскиот парламент:

64
Членовите на Европскиот парламент се директно избрани од страна на граѓаните на ЕУ за
да ги претставуваат нивни те интереси. Изборите се одржуваат на секои пет години и сите
граѓани над 18 години (во Австрија над 16) – околу 375 милиони – имаат право на глас.
Парламентот се состоиод 751 члена, кои доаѓаат од сите земји-членки.Местата во
Европскиот парламент се распределени меѓуземјите-членки врз основа на нивниот удел во
вкупниот број на населението во ЕУ.

213. Кое од долунаведените претставува мото на ЕУ?

Обединети во различноста

214. Европската интеграција се карактеризира со:

Терминот ја означува суштината на процесот што се одвива во ЕУ.Тоа е доброволно


утврдување со договор воспоставен помеѓу независни држави членки на заеднички
институции и постепен развој на заеднички политики кои ќе бидат наменети се
остварување на заеднички цели или пак ќе служат на заедничките интереси на државите
членки.

Процес на политичка, правна, економска (и во некои случаи социјална и културна )


интеграција на држави кои се целосно или делумно во рамките на Европа. Во денешно
време ,европската интеграција пред се одвива преку Европската унија и Советот на
Европа.

215. Чии интереси застапува Европскиот економски и социјален комитет ?

Членовите на ЕЕСК ги застапува интересите на различни сектори на цивилното општество


и тоа : работодавачи, вработени и граѓански здруженија

65
216. Која е основната надлежност на Европскиот економски и социјален
комитет?

вропскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) е советодавен орган на Европската


Унија, кој ги вклучува претставниците на различните интересни групи во цивилното
општество,да учествуваат со своите студии, препораки и совети да ја помагаат работата на
Советот на Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија.

овој комитет е основан како механизам со кој интересните групи на цивилното општество
ќе се вклучат во заедничкиот пазар и ќе се воспостави комуникација меѓу економските и
општествените актери и институциите во ЕУ. Комисијата, Советот и Парламентот на ЕУ се
должни да го консултираат Комитетот при донесувањето одлуки во областа на економската
и социјалната политика.

Членовите на ЕЕСК ги застапува интересите на различни сектори на цивилното општество


и тоа : работодавачи, вработени и граѓански здруженија.

217. Чии интереси застапува Комитетот на региони?

Комитетот на регионите е советодавно тело на Европската Унија коешто се состои од


претставници од регионалните и од локалните власти на земјите членки. Ги артикулира
интересите на регионите на европско ниво

218. Служба чија основна улога е да ги заштитува финансиските интереси на


Европската унија, да се бори против измами, корупција и секој друг вид на
нелегални дејствија, вклучувајќи и незаконско работење на Европските
институции. За која служба станува збор?

Европска служба против измами- ОЛАФ

66
219. Лисабонската стратегија, уште позната и како Агендата од Лисабон или
Лисабонскиот процес, претставуваше акционен и развоен план за Европската
унија за периодот 2000 до 2010 година. Во март 2010 година Европската
комисија усвои нова стратегија за заживување на Европската економија . Кој е
називот на новата стратегија?

Европа 2020:Европскастратегија заекономски раст

220. Кој настан го одбележува ‘9 мај – Денот на Европа’?

09.05.1950 Францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман изнесува предлог


за создавање на заедница на јаглен и челик меѓу Франција и Западна Германија, план
базиран на првичната идеја на Жан Моне. Секоја година 9 мај се прославува како "Ден на
Европа".

221. Кои од долунаведените земји се земји со кандидатски статус за


пристапување кон ЕУ?

Турција, Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија

222. Која беше основната причина за зачленувањето на Австрија , Финска и


Шведска во ЕУ?

Економската криза во Европа во 1980, тешкотиите на компаниите цленки на ЕФТА да


извезуваат во ЕУ и крајот на Студената војна.

По 1970-тите Европа доживеа криза која доведе до лидерите лансирање на Единствениот


европски акт со кој се поставени за да се создаде единствен пазар од 1992 година. Овие
земји сакаа да бидат дел од единствениот пазар и веруваа во предностите на слободната
трговска зона.

67
223. Колку често ротира претседателството на Советот на ЕУ ?

На 6 месеци

224. Кога се одржа најголемото проширување на ЕУ ?

01.05.2004 Чешката Република, Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта,


Полска, Словенија и Словачка се приклучуваат кон ЕУ.

225. Шенгенскиот договор пропишува укинување на граничните контроли , но не


секоја земја-членка е потписник на истиот. Кои од следниве земји-членки не го
усвоија Шенгенскиот договор?

Велика Британија и Ирска.

226. Добрата, лицата, услугите и капиталот слободно може да се движат низ


земјите-членки на ЕУ. Со тоа се означува:

Внатрешниот пазар на Европската Унија (понекогаш познат како Единствен пазар)

227. Која е основната причина за воведување на Евро валутата ?

со цел да се создаде економска и монетарна унија

228. За кого работи Европскиот суд на ревизори?

Работи независно.

229. На кого најчесто Европскиот суд на ревизори врши ревизија ?

работата на Судот во голема мера е да се занимава со парите за кои е одговорна


Комисијата, во практика со 90% од овие приходи и расходи управуваат властите на
одделните земји. Судот на ревизорите нема правни овла стувања. Доколку ревизорите
откријат измама или нерегуларности, тие таквата информација колку што е можно побрзо
ја пренесуваат до одговорните тела на ЕУ, за да може да се преземат соодветни мерки.

68
230. Европскиот суд на ревизори ја испитува:

Судот на ревизорите проверува дали е примен целокупниот приход на Унијата и дали сите
нејзини трошоци настанале на легален и регуларен начин, како и дали со буџетот на
Европската Унија се управува на коректен начин

231. Од колку членови е составен Европскиот суд на ревизори ?

Судот има по еден член од секоја земја-членка, кои ги назначува Советот на Европската
Унија, со мандат од шест години и со можност за обновување

232. Кои институции на ЕУ се надлежни за буџетот на ЕУ?

Европската Комисија предлага буџет до националните претставници во Советот на ЕУ


како и до Европскиот Парламент. По преговорите меѓу нив, предлогот на Комисијата се
усвојува.

233. Со кој Договор се пренесоа одредени прашања од областа на визната


политика во првиот столб на ЕУ?

Амстердам.

234. Што се воспостави со Договорот од Рим (Договорот за ЕЕЗ)?

Овој Договор е потпишан во исто време со Договорот за основање на Евроатом, во Рим, на


25. март 1957 година, а стапи на сила на 1. јануари 1958 година.

Основната задача, која Договорот од Рим им ја зададе на институциите на Заедницата,


беше насочена кон формирање на заеднички пазар помеѓу земјите членки.

Во основа, ова договарање вклучуваше:

 постигнување на Царинска унија наложувајќи на една страна исполнување на


царинските давачки, квотите за увоз и другите бариери во трговијата помеѓу земјите

69
членки, а на друга страна, воведување на заедничка царинска тарифа vis-a-vis трети
држави;

 практична примена на заедничките политики, или "четирите основни слободи":

1. Слобода на движење на добра;

2. Слобода на движење на работна сила;

3. Слобода на основање и слобода на давање на услуги од страна на независни физички и


правни лица и

4. Слобода на движење на капиталот.

235. Кој од следните Договори не го одразува ‘продлабочувањето ’ на ЕУ ?

236. Која од следните изјави е точна?

237. Кој од следните Комитети (‘комитологија’) усвојува одлуки кои не се


обврзувачки за Европската комисија?

Економско-социјалниот комитет може, на своја иницијатива да даде мислење, кога смета


дека ваков чекор од негова страна е очекуван (чл. 262 ДЕЗ). Побарани од страна на
Комисијата или од Советот, или давани на своја иницијатива, мислењата на Комитетот не
ги обврзуваат овие институции.

Се разликуваат следните категории комитети:

• Советодавни комитети: Своите мислења ѝ ги даваат на Европската комисија, што мора да


се обиде да ги уважи.

• Управни комитети: Ако мерките што се усвоени од Европската комисија не се во

согласност со мислењето на комитетот, Европската комисија мора да ги доста-

ви до Советот што, во рамки на временски период утврден со основниот закон,

може со квалификувано мнозинство да донесе друга одлука.

• Регулаторни комитети: Ако мерките предвидени од страна на Европската коми-


70
сија не се во согласност со мислењето на комитетот, Европската комисија мора

да ги достави до Советот и за нив да го информира Европскиот парламент. Сове-

тот може да ја даде својата согласност или да се произнесе за измени во текот

на период што не смее да биде подолг од три месеца. Ако Советот не донесе

одлука, Европската комисија подготвува извршни мерки, освен во случај на про-

тивење од страна на Советот. Во вториот случај, Европската комисија може да

поднесе изменет предлог или нов предлог или, пак, може повторно да го доста-

ви истиот предлог.

Регулаторни комитети за надзор: Тие мораат да им овозможат на Советот и на

Европскиот парламент да вршат контрола пред усвојувањето на мерките од

општи размери, што се наменети за дополнување на несуштинските елементи

на некој основен инструмент усвоен по пат на соодлучување. Во случај на несо-

гласување од страна на некоја од овие институции, Европската комисија не може

да ја усвои предложената мерка, и покрај тоа што таа може да поднесе изменет

или нов предлог

238. Која од следните изјави е точна?

239. Со Договорот од Лисабон се менува која постапка во Советот на ЕУ ?

Правилото за гласање е изменето .

Двојно мнозинство, пресметано според два критериума:

- Државата: 55% од државите во ЕУ (т.е. 15 од 27 држави-членки)

- Население: 65% од населението на ЕУ

Блокирачко малцинство вклучува најмалку 4 држави-членки.

71
Системот на двојно мнозинство не само што е подемократски, туку е и поефективен во
споредба

со системот што е во сила со Договорот од Ница (2001 година), бидејќи го олеснува


создавањето

мнозинства, а оттука и можноста да се донесуваат одлуки – детаљ што е од суштинско


значење за

Унијата со 27 држави-членки.

240. Постојат две гледишта за супрематијата. Според гледиштето на Судот на


правдата на ЕУ

Правото кое произледува од договорто како независен извор на правото заради неговата
специјална или оригинална природа не може да биде надминато со домашните правни
одредби, независно од нивната рамка а при тоа да не биде лишено од неговиот карактер
како право на заедниците и да не се доведат во прашање правните осднови врз кои што се
темели заедницата.

Пренесувањето на права и обврски кои што произлегуваат од договорот од страна на


државите членки од нивните домашни правни систему врз правниот систем на зедницата
со себе носи трајно органичување на нивните суверени права во однос на што не можат да
имаат предност подоцнешните еднострани акти неусогласени со концептот на зедницата

241. Меѓународното претставување на ЕУ:

Комисијата настапува во меѓународните тела во интерес на земјите-членки на ЕУ и


преговара за меѓународните договори за ЕУ.во делот на ЗНБП Унијата ја претставува
Високиот претставник за зедничка надворешна и безбедносна политика.

242. Кој поим се употребува за да се опише можноста на подносителот врз


правниот основ за делување според членот 263 ДФЕУ за испитување на
законитоста на правните акти на ЕУ, кога се работи за правен акт од општа

72
примена, да го аргументира своето тврдење дека актот е неприменлив во
конкретниот случај?

Докажување на поединечна засегнатост.

243. Кој суд или судови имаат јурисдикција да изречат надомест на штета
според членот 340 ДФЕУ во случаи на вондоговорна одговорност?

Судот на правдата на Европската унија е надлежен во спорови за обесштетување


предвидени во вториот и третиот став на член 340.

Во случај на вондоговорна одговорност, Унијата, во согласност со општите начела


заеднички за законите на земјите-членки, ги надоместува сите штети кои ги предизвикале
нејзините институции или службеници при извршувањето на нивните должности.

Без тоа да влијае врз вториот став, Европската централна банка, во согласност со општите
начела заеднички за законите на земјите-членки, ги надоместува сите штети кои ги
предизвикала банката или нејзините службеници при извршувањето на нивните
должности. Личната одговорност на нејзините службеници кон Унијата се уредувасо
одредбите утврдени во Кадровските прописи или во Условите за вработување кои важат за
нив.

244. Кои правни акти може да се оспорат според членот 263 ДФЕУ (кога се
испитува законитоста на правните акти)?

Судот на правдата на Европската унија ја разгледува законитоста на

законодавните акти, актите на Советот, на Комисијата и на Европската

централна банка, освен препораките и мислењата, и на актите на

Европскиот парламент и на Европскиот совет кои имаат правни ефекти

кон трети страни. Тој, исто така, ја разгледува законитоста на актите на

телата, канцеларии или агенции на Унијата кои имаат правни ефекти кон

трети страни.

73
245. Кои се потенцијалните последици кои може да настапат при успешно
постапување според членот 263 ДФЕУ за испитување на законитоста на
правните акти на ЕУ?

Ако тужбеното барање е основано, Судот на правдата на Европската

унија објавува дека односниот акт е неважечки.

Меѓутоа, доколку смета дека е потребно, Судот објавува кои ефекти на

актот кој го прогласил за неважечки се сметаат за конечни.

246. Која е основната цел за усвојувањето на Договорот од Лисабон ?

Целта на Европскиот устав беше да се подобри ефикасноста на институциите на Унијата и


истите да се направат подемократски.
Овој договор е ориентиран кон подобрувањето на демократијата и ефикасноста во
работењето на органите на Унијата. На интеграцијата се гледа како на отворен процес кон
создавање на што потесна унија на народите на Европа. Преку Договорот од Лисабон
Европската унија за првпат добива својство на правно лице. Таа го зазема местото на
Европската заедница, како нејзина правна следбеничка. Но, идејата не лежи во создавање
европска наддржава. Одлуките на европско ниво треба да се донесуваат во согласност со
начелото на супсидијарност, што е можно поблиску до граѓаните, почитувајќи ги
историјата, културата и традицијата на земјите-членки.

Основни причини за создавањето на реформскиот договор се: со 27 земји членки


Европската Унија функционира по принципот на правила кои се однесуваат за 15 земји
членки (содржано во Договорот од Ница); нема соодветни инструменти во доменот на
примарното право и (д)оговорот носи реформи во доменот на политичките, економските и
културните прашања.

247. Пристапните договори кои се предмет на референдум во некои земји


кандидатки за членство во ЕУ, како и во некои земји-членки, мора исто така да се
ратификуваат од страна на Европскиот парламент . Парламентарната постапка за
нивна ратификација е позната како:

74
ратификација на финалниот договор за приклучување

Барањето се поднесува од земјата членка до Советот кој мора едногласно да


одлучува, откако претходно ја консултирал Комисијата и по добиена согласност
од Европскиот парламент заснована на апсолутно мнозинство од членовите .

248. Советот на ЕУ...

Е класично тело на меѓувладина соработка. Се состои од претставник на секоја земја


членка од редот на министри. Функцијата на законодавец ја остварува застапувајќи ги
интересите на националните влади. Не работи во постојан состав. Во рамки на различните
конфигурации најширока надлежност има Советот за општи прашања составен од
министри за надворешни работи. Како новина Лисабонскиот Договор предвидува јавност
на седниците кога Советот одлучува по нацрти на легислативни акти.

249. Која е надлежноста на Советот на ЕУ?

Советот има улога на примарно одлучувачко тело. Остварува законодавни и буџетски


функции како и функции на политичко одлучување и координација.

Генерално, Советот се состои од министрите за надворешни работи на 28-те земји членки


и на секоја седница на Советот присуствува по еден министер од секоја земја членка,
уредно овластен да настапува во име на својата влада. Дневниот ред го одредува и
присуството на ресорниот министер. Така на пример, ако станува збор за прашања од
доменот на надворешна политика, присуствуваат министрите за надворешни работи од
земјите членки, а ако на агендата се прашања од земјоделство, тогаш учествуваат
ресорните министри за земјоделство.

Советот на министри се состанува по потреба, во зависност од областа која се третира,


ургентноста за решавање и одлучување. Советот во некој од различните состави се
состанува на секои два дена. На пример, министрите на Советот за земјоделство,
Економскиот и финансискиот Совет-Екофин се состануваат најмалку еднаш месечно.
Другите Совети се состануваат еднаш до шест-пати годишно. Примарната задача на
министрите е да се согласат околу законодавството предложено од Комисијата.

75
250. Од колку судии е составен Судот на правдата на ЕУ

Судиите и генералните адвокати на Судот на правдата се избираат од лица

во чијашто независност не постои сомнение и кои ги имаат потребните

квалификации за назначување на највисоките судски должности во

нивните земји или кои се признати правници; тие се назначуваат со

заедничка согласност на владите на земјите-членки за шестгодишен

мандат

251. Европскиот парламент одлуките ги носи со:

Четирите најважни процедури се следните:

консултирање;

соработка;

заедничко одлучување (соодлучување) и

согласност.

252. Која е основната функција на Советот на ЕУ?

Советот има улога на примарно одлучувачко тело. Остварува законодавни и буџетски


функции како и функции на политичко одлучување и координација.

Генерално, Советот се состои од министрите за надворешни работи на 28-те земји членки


и на секоја седница на Советот присуствува по еден министер од секоја земја членка,

76
уредно овластен да настапува во име на својата влада. Дневниот ред го одредува и
присуството на ресорниот министер. Така на пример, ако станува збор за прашања од
доменот на надворешна политика, присуствуваат министрите за надворешни работи од
земјите членки, а ако на агендата се прашања од земјоделство, тогаш учествуваат
ресорните министри за земјоделство.

Советот на министри се состанува по потреба, во зависност од областа која се третира,


ургентноста за решавање и одлучување. Советот во некој од различните состави се
состанува на секои два дена. На пример, министрите на Советот за земјоделство,
Економскиот и финансискиот Совет-Екофин се состануваат најмалку еднаш месечно.
Другите Совети се состануваат еднаш до шест-пати годишно. Примарната задача на
министрите е да се согласат околу законодавството предложено од Комисијата.

253. Каде се наоѓа седиштето на Судот на правдата на ЕУ?

Луксембург

254. Што претставуваат регулативите?

Регулативата има општа примена и целосно обврзувачка и директно применлива во


земјите членки (член 249 (2) на Договорот за Е3.

Општа примена

Фактот што регулативата има општа примена значи дека таа е "применлива врз објективно
утврдени ситуации и предизвикува правни последици по категориите на лица третирани на
еден општ и апстрактен "начин". Полето на примена иа регулативата не е поединечно
скроена за поединци или специфични ситуации.

Обврзувачка во целина

Регулативата е обврзувачка во целина, што значи дека, за разлика од директивата, има


намена односната ситуација да ја подведе под правила што се сеопфатни и каде што е
потребно, доволно прецизни.

Директна применливост

77
Регулативите се директно применливи во сите земји членки. Одредена регулатива
автоматски станува дел на највисоките одредби по ранг на правниот поредок на односната
земја членка без потреба да биде транспонирана во него на каков било начин. Всушност,
формалното инкорпорирање на одредбите на регулативата во националниот правен
поредок се смета за забрането, по основ на тоа што на тој начин би се довеле во прашање
"правната природа на применливите одредби и датумот на нивното стапување на сила".

255. Што се подразбира под начелото на субсидијаритет?

Остварувањето на надлежноста на Унијата е уредена со принципите на субсидијаритет и


пропорционалност. Овој принцип, остварувањето на надлежноста на ЕУ ја условува со
исполнување на два услови: целите од предложената активност на Унијата да не можат да
бидат задоволително остварени од државите членки ( на било какво нивно внатрешно ниво
) и тие да можат подобро остварени доколку наместо нив дејствува Унија. Исполнувањето
на двата услови се цени според опфатот или ефектите на предложената мерка. Од
контролата на мерките се исклучени оние кои се во нејзина ексклузивна надлежност.

Тој претставува стандард на проверка на целисходноста (оправданоста).

Лисабонскиот договор ја засилува функцијата на овој принцип внесувајќи го во постапката


за донесување на законодавството на ЕУ. Во постапката на усвојување на законодавството
на Унијата Лисабонскиот договор го вклучува и националните парламенти на државите
членки и тоа уште во фазата на предлагање на законодавството од страна на комисијата со
функција да ја проверат оправданоста на предложените акти. Комисијата пред да го
достави предлогот на разгледување до Парламентот или до Советот има должност
претходно да го проследи на разгледување до државите членки.

256. Што претставува начелото на субсидијаритет?

член 5 став3 на Договорот за Европската Унија ( Во ЛД член 3б)

Според овој принцип во областите кои не спаѓаат во нејзина ексклузивна надлежност ,


Унијата ќе дејствува само ако и доколку целите на предложеното дејствување не би можеле
задоволително да бидат остварени од страна на државите членки на централно,
регионално или на локално ниво, така што со оглед на опфатот или ефектите на
предложеното дејствување би биле подобро остварени на ниво на Унијата.

78
257. Кај обврската националното право да се толкува во согласност со правото
на ЕУ се работи за?

Кога се појавува конфликт помеѓу правото на ЕЗ и правото на една земја-членка , во


преден план е правото на ЕЗ така што правото на земјата-членка може да не се применува.
Оваа доктрина, позната како супремација на правото на ЕЗ

258. Што се подразбира под супранационализам?

Овој збор се користи за да ја опише природата на заедницата како една независна целина
на која власта и беше пренесена од национално ниво. Таа има супранационално
обликување изразено преку зајакната улога на супранационалните органи ( Комисија,
Совет, Парламент)

259. Кој случај утврди дека правото на ЕУ има супрематија освен ако не е ultra
vires?

Коста против Енел

260. Согласно постапката за испитување и поништување на правните акти на


органите на ЕУ, Судот на правдата на ЕУ НЕ може да одлучи да поништи правен
акт врз основа на

Тужба за поништување
Согласно со членовите 263 и 264, ДФЕУ (претходни членови 230 и 231, ДЕЗ), Општиот
суд треба да го разгледа актот на Унијата што му е доставен и ако тој не е во согласност
со правото на Унијата, ќе го прогласи за ништовен. Ако тужбата е иницирана од страна
на држава-членка или на институција на Унијата, случајот е во судската надлежност на
ЕСП. Покрај тоа, Лисабонскиот договор воведе два важи механизма: тужба иницирана
од страна на државите-членки поради ненадлежност на Унијата и директна тужба ини-
цирана од страна на физичко или правно лице против некој акт на Унијата, согласно со
член 263 (2) и (4), ДФЕУ, (нови):
Член 263 (2), ДФЕУ, (нов): ЕСП „за таа цел има јурисдикција за тужбите иницира-
ни од страна на некоја држава-членка, Европскиот парламент, Советот или Ко-
мисијата, врз основа на недостиг на надлежност, повреда на основното проце-
дурално барање, повреда на Договорите или повреда на владеењето на правото
поврзана со неговото спроведување или злоупотреба на овластувања“.
Исто така, новина е правото на тужба од страна на физичко или правно лице, соглас-

79
но со член 263 (4), ДФЕУ, (нов):
„Секое физичко или правно лице, под условите предвидени со првиот и вториот
параграф, може да иницира постапка против актот од кој е засегнато или е од
негов непосреден или индивидуален интерес, а е против законскиот акт што е од
негов непосреден интерес и нема за цел спроведување мерки“.
За тужбите согласно со член 263, ДФЕУ, мораат да бидат исполнети следните услови:
Тужителот мора да биде овластен за иницирање тужба
Привилегираните тужители треба да бидат овластени за иницирање тужба, без ог-
лед на тоа дали тие се или не се директно засегнати со законодавството, за кое станува
збор. Такви лица се:

Држави-членки.

Институции на ЕУ (вклучувајќи го Европскиот парламент).

Европската централна банка, Судот на ревизорите и Комитетот на регионите,
кога тужбата е со цел да се заштитат нивните привилегии.
Секое  физичко или правно лице може да иницира тужба за поништување на
следните видови на законодавни инструменти:
- Одлука што се однесува токму на тоа лице.
- Регулатива што „непосредно или лично“ го засега тужителот.
- Одлука што се однесува на трета странка и што непосредно или лично го за-
сега тужителот.
107
Кога инструментот добива форма на одлука што се однесува токму на тужителот,
нема место за контроверзии. Меѓутоа, во случаи на директиви, регулативи и одлуки
што се однесуваат на трети странки, случајот мора да биде образложен.
Цел на тужбата
Оспорените дејства од членовите 263 и 264, ДФЕУ (претходни членови 230 и 231,
ДЕЗ), мораат да бидат акти од Договорите. Меѓутоа, меѓувладините одлуки донесени
под поранешниот втор столб (Заедничка надворешна и безбедносна политика) не се
под надлежност на Судот, освен ако тоа не е децидно предвидено.
Тужбата се иницира против институции што се во надлежност на ЕСП
акти  на Советот,
заеднички  акти на Советот и Европскиот парламент,
акти  на Европскиот парламент што се наменети за правно дејство,
акти  на Европската комисија, и
акти  на Судот на ревизорите и Европската централна банка.
Членовите 263 и 264, ДФЕУ (претходни членови 230 и 231, ДЕЗ), не предвидуваат
одлучување од страна на ЕСП за важноста на препораките и мислењата, бидејќи тие не
се општо правно обврзувачки.
Основи за поништување
Подносителот на барањето мора да докаже дека одредбата спаѓа во една од утвр-
дените основи за поништување:
недостиг  од надлежност (непостоење на орган),
повреда  на клучни процедурални барања,
повреда  на Договорите или на начелото за владеење на правото во врска со не-
говата примена и општите правни начела,
злоупотреба  на овластувањата.

80
Временски рок
Покрај тоа, тужбата мора да биде иницирана во рамките на строго определен вре-
менски рок од два месеца.

261. Кои правни акти НЕ се предмет на испитување на законитоста според


постапката за испитување и поништување на правните акти на органите на ЕУ
која се спроведува од Судот на правдата на ЕУ?

Членовите 263 и 264, ДФЕУ (претходни членови 230 и 231, ДЕЗ), не предвидуваат
одлучување од страна на ЕСП за важноста на препораките и мислењата, бидејќи тие не
се општо правно обврзувачки.

262. Која од долунаведените изјави за постапката за прелиминарно толкување


на правото на ЕУ НЕ е точна?

Најважното средство за гарантирање на единствената примена на правото на Унија-


та е механизмот на прелиминарна одлука од страна на ЕСП. Лисабонскиот договор ги
интегрираше прелиминарните постапки во поранешниот трет столб (претходно член 35,
ДЕУ, за полициска и правосудна соработка за кривични прашања и претходниот член
68, ДЕЗ, за визи, азил, имиграција и други политики во врска со слободата на движење
на лица) во општи прописи, согласно со член 267, ДФЕУ (претходно член 234, ДЕЗ).
Како општо правило, националните судови на сите држави-членки се одговорни за
примената на правото на Унијата во случаи поврзани со спроведувањето на законите.
Меѓутоа, кога некое прашање што се однесува на толкувањето на законите ќе се ини-
цира пред национален суд или трибунал, тој национален суд или трибунал може да
побара донесување на прелиминарна одлука од страна на ЕСП „ако смета дека одлука-
та по тоа прашање е неопходна за донесување на пресудата“. Националниот суд, ако е
суд во највисока инстанца што одлучува по прашањето, може и мора прашањето да го
постави пред ЕСП и да побара од него да се изјасни во врска со толкувањето на правото
на Унијата, со цел да утврди, на пример, дали нивното национално законодавство е
усогласено со правото на Унијата. Предметот на донесување на прелиминарна одлука,
исто така, може да биде насочен кон разгледување на важноста на некој акт на Унијата.
Одговарајќи некој предмет врз основа на поднесено барање согласно со 267, ДФЕУ
(претходно член 234, ДЕЗ), ЕСП не дејствува како апелациски суд, туку едноставно од-
109
лучува за толкувањето на правото на Унијата. Во својата одлука, ЕСП одговара на пра-
шања на националниот суд, што го поставил прашањето пред ЕСП, и случајот повторно
го враќа во националниот суд, што треба да донесе одлука согласно со толкувањето на
правото на Унијата, образложено од страна на ЕСП.
Притоа, треба да се исполнат следните услови:
Иницијатива на суд или трибунал
Бидејќи членот 267, ДФЕУ (претходно член 234, ДЕЗ), не го дефинира јасно делокру-

81
гот на значењето на „суд“ или „трибунал“, дискутабилно е дека иницирањето на прели-
минарни одлуки може да им биде дозволено на други тела што разгледуваат правни
прашања и сослушуваат случаи. Сепак, член 267, ДФЕУ (претходно член 234, ДЕЗ), ги
дефинира судовите како независни органи на правосудството; управните органи што го
спроведуваат правото не се судови.
Дискрециско право и обврска на судот или трибуналот да се обрати до ЕСП
Ако е иницирано прашање за отстапувања на националното право од правото на
Унијата во постапка пред национален суд во последна инстанца и ако овој суд е на ми-
слење дека оваа точка е клучна за донесување одлука во случајот, тогаш тој е обврзан
да го проследи предметот до ЕСП, поради уставното начело за правичен судија.
Меѓутоа, согласно со член 267, ДФЕУ (претходно член 234, ДЕЗ), националниот суд
што не е суд во последна инстанца има дискрециско право за тоа дали да го проследи
предметот или не. Следните критериуми би требало да бидат од помош при определу-
вање на случаите кога некој национален суд би требало да го искористи своето дискре-
циско право да побара одлука од ЕСП:
Националниот суд би требало да го проследи прашањето, само ако тоа прашање од
правото на Унијата било одлучувачко за предметот. Ако случајот би можел да се реши
на основа на домашното право, тогаш нема потреба од негово проследување.
Со други зборови, националниот суд не е обврзан да го проследи предметот до ЕСП,
ако:
- толкувањето на правото на Унијата е толку јасно, што разумно е само едно ре-
шение,
- случај со слични факти веќе е решен од страна на ЕСП, или
- толкувањето на правото на Унијата не би имало значење за решението на слу-
чајот.
Делокруг
Делокругот утврден во член 267, ДФЕУ (претходно член 234, ДЕЗ), е:

толкување на Договорите – ЛДУ и ДФЕУ (пред влегувањето во сила на Лисабон-
скиот договор, дефинираниот делокруг беше ограничен на толкувањето на то-
гашниот ДЕЗ), и

важноста и толкувањето на законодавните акти на институциите на Унијата.
110
ЕСП може да биде подготвен за донесување одлуки за иницијативи што се просле-
дени до него на прашања што не се посебно дефинирани во Договорите, кога се работи
за прашања со непосреден ефект.
Со Лисабонскиот договор беше додадена значајната последна клаузула во членот
267, ДФЕУ: ако е иницирано прелиминарно прашање во случај што е на чекање пред
национален суд во врска со притворено лице, ЕСП „треба да дејствува со минимално
задоцнување“. Оваа промена беше неопходна поради вклучувањето на третиот столб
во делокругот на донесување на прелиминарни одлуки и предвид ги има начелата од
Повелбата за основните права на Европската унија, Европската конвенција за човекови
права (ЕКЧП), Советот на Европа и националното уставно право на државите-членки.
Судски решенија
Одлуките на ЕСП се обврзувачки за националните судови__

82
263. Што подразбира начелото за одговорност на државата за повреда на
правото на ЕУ?

1. Ако Судот на правдата на Европската унија утврди дека земјата-

членка не ги исполнила обврските според Договорите, земјата треба да

ги преземе потребните мерки за усогласување со пресудата на Судот.

2. Ако Комисијата смета дека засегнатата земја-членка не ги презела

потребните мерки за усогласување со пресудата на Судот, Комисијата

може да го изнесе случајот пред Судот откако ќе ѝ даде можност на

земјата да ги поднесе своите образложенија. Таа ја утврдува висината на

паушалната сума или паричната казна за кои смета дека одговараат на

околностите, а кои засегнатата земја-членка треба да ги исплати.

Ако Судот утврди дека засегнатата земја-членка не ја исполнила неговата

пресуда, тој може да наметне паушална сума или парична казна кои таа

земја треба да ги плати.

264. Во споредба со Договорот за Уставот на Европа, Договорот од Лисабон не


пропишува:

Со Договорот за Устав за Европа како официјални симболи на Европската

унија се предвидени: знамето на Унијата (дванаесет златни ѕвезди на

сина заднина), европската химна („Ода на радоста“ од Бетовен), Денот

на Европа (9 Мај), еврото и девизата „Обединети во различностите“.

И покрај тоа што во дневно-политичката употреба идентитетот на

Европската унија и понатаму се поврзува со овие симболи, нивното

83
наведување е изоставено во Договорот од Лисабон.

265. Која институција на ЕУ ги утврдува основните каматни стапки и другите


фискални политики (надлежности пренесени од националните банки)?

Европска Централна Банка

266. Кој од долунаведените не претставува необврзувачки извор на правото на


ЕУ?

Необврзувачки акти се:

декларации, резолуции или упатства

267. Постапките за носење одлука од областа на Заедничката надворешна и


безбедносна политика се спроведуваат според:

Заедничката надворешна и безбедносна политика е предмет на специфични правила и


процедури. Таа се дефинира и се спроведува од страна на Европскиот совет и Советот, кои
постапуваат со едногласност, освен кога поинаку се предвидува во Договорите.
Донесувањето на законодавни акти е исклучено. Заедничката надворешна и безбедносна
политика ја спроведуваат Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и
безбедносна политика и земјите-членки, во согласност со Договорите.

Како општо правило важи дека Советот едногласно ги донесува горенаведените


мерки.

268. Која е основната задача на Советот на Европа?

Главното тело за донесување одлуки на Европската унија.

269. Судот на правдата на ЕУ има поголема моќ од националните судски


системи на земјите-членки на ЕУ бидејќи истиот:

Има задача да обезбеди владеење на правото преку толкување и примена на договорите и


правото на ЕУ. ој имаше енормно влијание врз уставно-правната рамка во насока на
супранационалност и, меѓу другото, го истурка принципот на непосредно, директно
дејство на правото на ЕЗ, што значи за секој граѓанин без вклучување на земјите-членки,
како и предноста на правото на Заедницата пред националното право. Неговата улога и

84
правниот поредок, во чие обликување значително учество има и овој суд, несомнено
спаѓаат во исклучителните обележја на супранационалноста на ЕУ, којашто ја разликува
ЕУ од сите други меѓународни институции.

270. На кој начин специјалните интересни групи влијаат врз процесот на


одлучување во ЕУ?

Специјални групи на интерес може да влијае врз политичките одлуки

и распределбата на економските ресурси. Од една страна, може да направат лобирања во


донесувањето на политичките одлуки преку информирање на политичари. Но специјални
групи на интерес , исто така може да има мотив да лобираат за социјално неефикасните
политики кои го оптоваруваат општество со непотребни трошоци.

Овие групи може да бидат поделени во два вида:

- Приватни Економски интересни групи кои се интересираат за влијание врз политиката на


конкуренција, трговска политика и други области кои влијаат на бизниси на нивните
членови.

Јавни или социјални групи на интерес : Овие групи имаат тенденција да бидат непрофитни
организации кои претставуваат јавен интерес, како што се животната средина, човековите
права и благосостојбата на животните. Еколошките групи се особено ефикасни во
спроведувањето на нивните причини и ефективно влијание врз политиките на Комисијата
за одржлив развој.

271. Кои беа трите столба на ЕУ според Договорот од Мастрихт ?

Главниот столб всушност е Европска заедницата, во која заедничката работа на


учесниците е регулирана според Договорот за европската заедница преовладува методот
на Заедницата;

2. Столбот на правда и внатрешни работи;

3. Столбот на заедничката надворешна и безбедносна политика, со кој се развива


меѓудржавната соработка во областа на надворешната политика и истата се поставува на
договорна основа

85
272. Кои од следните договори претставува Договор со кој се вршат измени на
основачките Договори?

Лисабонски Договор

273. Со кој договор се прошири квалификуваното мнозинство на гласање преку


директно утврдување на случаите кога Европскиот совет или Советот на ЕУ
одлучуваат со квалификувано мнозинство на гласови и индиректно преку
проширување на редовната законодавна постапка за нови области ?

Договор од Амстердам

274. Со кој Договор му се доверуваат поголеми законодавни надлежности на


Европскиот парламент и постапката на соодлучување на Европскиот парламент и
Советот се прошири речиси за сите области?

Лисабонски Договор

275. Една од најзначајните измени воведени со Договорот од Ница е


спроведување на институционална реформа за функцијата и составот
на одредени институции или тела на ЕУ. Со Договорот се воведе
измена во назначувањето и бројот на членови во одредени институции
или тела на ЕУ. Одредбите од Договорот регулираат измена во
назначувањето на членови во најмалку три од следниве институции на
ЕУ?

Што се однесува до составот на Комисијата е одлучено дека по секое идно


проширување на Унијата, од 2005 година, секоја земја-членка ќе поставува само по еден
Комесар, односно поголемите земји-членки се откажуваат од вториот член на Комисијата.

Вреднување на гласовите во Советот – процесот на донесување на одлуки, почнувајќи


од 1. јануари 2005 година е изменет. Одлучувањето со квалификувано мнозинство ќе се
применува доколку одлуката подразбира одреден број на гласови и доколку е одобрена од
86
мнозинството од земјите членки. Додека пак, квалификуваното мнозинство ќе биде
заменето со консензусот во однос на околу 30 одредби, како на пример во однос на
соработката на судовите во граѓанските предмети, заедничка трговска политика и
индустриска политика;

Други институционални реформи во однос на правниот систем на Унијата се:

Улогата на Парламентот е зајакната со тоа што распределбата на местата во Парламентот е


приспособена кон новите односи, со тоа што бројот на местата во Парламентот се
зголемува и изнесува 732 пратеници;

одговорностите на Судот на правдата и Судот од прва инстанца се редефинирани,


формирани се посебни комори, а ревидирани се и нивните статути.

276. Кои се основните законодавни институции на ЕУ?

Регулативата и политиките се донесуваат од страна на "институционалниот триаголник"


составен од: Европскиот парламент (ги претставува граѓаните), Советот (ги претставува
националните влади) и Европската Комисија (тело кое е независно од владите на ЕУ и ги
поддржува колективните европски интереси).

277. Кој беше првиот претседател на Комисијата на Европската економска


заедница?

Валтер Хал Штајн ја водел првата комисија за Европска економска заедница

278. Во случаи кога Советот на ЕУ е надлежен за усвојување на одредени


меѓународни договори, од која институција на ЕУ е неопходно да добие
претходна согласност?

Европска Комисија

87
279. Со кој случај се воспостави вертикално директно дејство на Директивите?

Маршал

280. Кои од долунаведените институции на ЕУ учествуваат во законодавната


постапка

Европска Комисија, Совет на министри и Европски Парламент

281. Постапката на согласност како посебна законодавна постапка која се


применува за точно утврдени области регулирани со одредби од ДЕУ и ДФЕУ
како на пример за спречување на дискриминација, членство во Унијата ,
добивање на согласност од Европскиот парламент за договорите за
пристапување, пристапување на Унијата во Европската конвенција за заштита на
човековите права, договори со кои се воспоставува специфична институционална
рамка која резултира со буџетски импликации, се поведува по предлог на ?

Европската Комисија

282. Стапувањето на сила на еден од долунаведените договори беше доведено


во прашање со спроведување на референдуми во Данска и Ирска. Во 2002
година истиот договор беше ратификуван од сите земји -членки на ЕУ и овозможи
проширување на ЕУ. За кој договор се работи?

Договор од Ница

283. Со кој Договор се укина структурата на ЕУ заснована на три столба ?

Со Договорот од Лисабон

284. Кои три се актуелните важечки договори во ЕУ?

Договорот за Европската унија


Договорот за функционирање на Европската унија
ЕВРОАТОМ_ Европска заедница за атомска енергија

88
285. Со Договорот од Лисабон и се доделува надлежност на Европската
комисија за усвојување на нова категорија на акти . За кој правни акти
станува збор?

делегирани акти.

Со законодавен акт на Комисијата може да ѝ се додели овластување


за донесување незаконодавни акти со општа примена за дополнување
или изменување одредени несуштински елементи на законодавниот акт.
Целите, содржината, опсегот и времетраењето на делегираното
овластување експлицитно се дефинираат во законодавните акти.
Суштинските елементи на една област се резервирани за законодавниот
акт и во согласност со тоа, не може да бидат предмет на делегирање
овластувања.

286. Кој суд е единствено надлежен да го толкува правото на ЕУ со цел да


обезбеди негова единствена примена во сите земји-членки на ЕУ ?

Европски Суд на правдата

287. Кои три од долунаведените земји пристапија во Европските заедници со


првиот бран на проширување во 1973 година?

Данска, Ирска и Обединетото Кралство

288. Кои се неофицијалните симболи на ЕУ?

289. Вкупно 19 од постојните 28 земји-членки на ЕУ го прифатија еврото како


заедничка валута. Кои од долунаведените земји-членки спаѓаат во останатите
девет кои ја задржаа својата национална валута?

Велика Британија, Ирска, Хрватска, Литванија , Полска, Бугарија, Романија, Чешка,


Данска, Унгарија

89
290. Со Договорот од Лисабон (познат како Реформски Договор ) се врши
измена на два клучни договори кои претставуваат уставен основ за постоењето
на ЕУ. За кои два Договори станува збор?

Договорот за Европската Унија (ДЕУ, познат и како Договорот од Мастрихт) и Договорот


за основање на Европската заедница (TEC, познат и како Договорот од Рим

291. Кое од долунаведените не претставува основно начело на правото на ЕУ ?

1. Начело за првенство на правото на Европската унија


2. Начело на транспарентност и заштита на податоците
3. Начелото на супсидијарност
4. Начелото на пропорционалност

292. Кој беше претседател на Европската Конвенција?

Жан Клод Јункер

293. Начелото на субсидијаритет се воведе со:

Случајот Van Gend en Loos and Costa vs. Enel

член 5 став3 на Договорот за Европската Унија ( Во ЛД член 3б)

Според овој принцип во областите кои не спаѓаат во нејзина ексклузивна надлежност ,


Унијата ќе дејствува само ако и доколку целите на предложеното дејствување не би можеле
задоволително да бидат остварени од страна на државите членки на централно,
регионално или на локално ниво, така што со оглед на опфатот или ефектите на
предложеното дејствување би биле подобро остварени на ниво на Унијата.

294. Со што се разликуваат регулативите од останатите секундарни правни


акти?

Регулативата има општа примена и целосно обврзувачка и директно применлива во


земјите членки (член 249 (2) на Договорот за Е3.

Општа примена

Фактот што регулативата има општа примена значи дека таа е "применлива врз објективно
утврдени ситуации и предизвикува правни последици по категориите на лица третирани
на еден општ и апстрактен "начин". Полето на примена иа регулативата не е поединечно
скроена за поединци или специфични ситуации.

90
Обврзувачка во целина

Регулативата е обврзувачка во целина, што значи дека, за разлика од директивата, има


намена односната ситуација да ја подведе под правила што се сеопфатни и каде што е
потребно, доволно прецизни.

Директна применливост

Регулативите се директно применливи во сите земји членки. Одредена регулатива


автоматски станува дел на највисоките одредби по ранг на правниот поредок на односната
земја членка без потреба да биде транспонирана во него на каков било начин. Всушност,
формалното инкорпорирање на одредбите на регулативата во националниот правен
поредок се смета за забрането, по основ на тоа што на тој начин би се довеле во прашање
"правната природа на применливите одредби и датумот на нивното стапување на сила".

295. Која дискреција се дава со директивите на земјите -членки?

Директивата е обрзувачка во однос на резултатот што се сака да се постигне со неа, за


секоја земја членка кон којашто е упатена, но на националните власти им го достава
изборот и формата и методот преку кои ќе го сторат тоа (член 249) на Договорт за ЕЗ.
Според тоа тоа, директивите се соодветно средство за воведување на правила на
Заедниците кои што бараат измена или отстранување на постојните национални правила
пред примената на новите правила. Директивата може биде упатена и само кон една земја
членка.

Имплементирање

За разлика од регулативите, директивите не се директно применливи во домашнте


поредоци на земјите членки. Тие го добиваат целосниот правен статус само откога ќе
бидат имплементирани, уредно спроведени во националното право.

296. Постапката за назначување на Висок претставник на ЕУ се состои од :

91
Високиот претставник е назначен од Европскиот Совет, изгласан од квалификувано
мнозинство. Меѓутоа, со цел да се сочува неговата улога во Европската Комисија,
посебно како Заменик-претседател, Високиот претставник мора да се појави пред
распит пред Парламентот, а потоа да биде подреден на гласањето од Парламентот за
одобрување на Комисијата

297. Основните задачи на Високиот претставник на ЕУ се

Секаде каде што е постигната поволна надворешна политика, Високиот претставник


може да дејствува , преговарајќи за се она што е корисно за земјите членки. Високиот
претставник ја координира работата на Специјалните Претставници на Евроската
Унија, и обавува други задачи како што е координирање на антитероризмот.

298. Кое од следните тела е одговорно пред Високиот претставник на ЕУ?

Официјален заменик-претседател на Европската Комисија

299. Во која од долунаведените ситуации подносителот на жалба со која ја


известува релевантната институција на ЕУ за неговата неможност да
делува, може понатаму да иницира постапка пред судовите на ЕУ
против институцијата на ЕУ која неуспеала да делува на соодветен
начин по неговата жалба?

Доколку Европскиот парламент, Европскиот совет, Советот, Комисијата


или Европската централна банка не дејствуваат во случај на повреда на
Договорите, земјите-членки и останатите институции на Унијата можат
да поднесат тужбено барање пред Судот на правдата на Европската
унија за да се утврди таквата повреда. Овој член се применува за тела,
канцеларии и агенции на Унијата кои нема да дејствуваат, под истите
услови.

Тужбеното барање е прифатливо само ако засегнатата институција, тело,


канцеларија или агенција биле први повикани да дејствуваат. Ако во
период од два месеца по повикувањето, засегнатата институција, тело,
канцеларија или агенција не ја дефинирале својата позиција, може да се
поведе постапка во рок од понатамошен период од два месеца.

92
Секое физичко или правно лице може, според условите утврдени во
претходните ставови, да поднесе претставка пред Судот ако институција,
тело, канцеларија или агенција на Унијата не му доставиле на тоа лице
друг акт, освен препорака или мислење.

Физичките и правни лица како непривилегирани тужители имаат ограничена


способност да поднесуваат тужба за нечинење и тоа само во случај кога актот
што тужената институција на Унијата пропуштила да го донесе требал да биде
упатен кон нив ( од тужбата се изземени меките акти-препораки и мислења на
институциите ).

Тие ќе мора да докажуваат дека се поединечно и директно засегнати од актот


што не бил донесен.

300. Која од долунаведените слободи се смета дека е основата за создавање


на внатрешниот пазар на ЕУ?

Слободно движење на добра е основано како принцип со помош на царниската унија меѓу
тогашните шест земији-членки

300. Која беше причината за создавање на Шенгенскиот договор?

Шенгенски договор што овозможи отстранување на внатрешните гранични контроли и


хармонизација на надворешните контроли помеѓу неговите држави членки.

302. Кое од долунаведените тела има за цел да ја олесни координацијата на


истражните дејствија против сериозен прекуграничен и организиран криминал ,
особено во спроведувањето на барањата за меѓународна правна помош и
барањата за екстрадиција во ЕУ?

Eвроправда

93

You might also like