You are on page 1of 8

УНИВЕРЗИТЕТ СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ
МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

Тема: Полова дискриминација и современото


општество

Изработила: Проф:
Јасмина Трпеска Проф.д-р Владимир Давчев
Мхт A1519
Поимот дискриминација значи правење разлика, искористување или
ограничување на луѓето врз основа на нивните колективни идентитети (пол/род, класа,
етнос, сексуален идентитет) со што ги загрозува или оневозможува остварувањето или
заштитата на нивните човекови права и слободи. Дискриминација на жените, пак, го
означува секое разликување, исклучување или ограничување во поглед на полот, што има
за последица или цел да го загрози или оневозможи признавањето, остварувањето или
вршењето од страна на жените на човековите права и основните слободи на политичко,
економско, општествено, културно и граѓанско или друго поле, без оглед на нивната
брачна состојба, врз основа на рамноправност на мажите и жените. Политиките кои
овозможуваат поволен третман за жените се познати како позитивна дискриминација.
Хајди Хартман тврди дека дискриминацијата е резултат на долг процес на заедно
дејствување на патријархатот и капитализмот. Исто така тврди дека дискриминацијата не
може да заврши без да се искорени половата поделба на трудот. Под поимот еднакви
можности за жените и за мажите се подразбира отсуство на пречки за економско,
политичко и социјално учество врз основа на полот. Тоа значи промовирање на начелото
за воведување на еднакво учество на жените и на мажите во сите области од јавниот и од
приватниот сектор, еднаков статус, еднаков третман во остварувањето на сите права и во
развојот на нивните индивидуални потенцијали, преку кои тие придонесуваат во
општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултатите произлезени од тој
развој.
Половата дискриминација помеѓу машкиот и женскиот пол била присутна уште со
самата појава на човекот како единка во природата оставена сама на себе да се грижи
онака како што самата знае и умее. Иако на самиот почеток не толку била изразена,
сепак со тек на времето значително се забележувала. Ако се вратиме токму во
минатото, после матријахатот во ниту едно општество не постои рамноправност меѓу
мажот и жената. Поголемиот дел на творци, научници, пронаоѓаци се мажи. Скоро сите
владетели кои што постоеле се повторно мажи. Меѓутоа како што минело времето, така
и кај женскиот пол се повеќе се јавувала желбата за учество во активностите.

2
Образованието, работата им биле предизвик. Но се разбира тие права им биле
ограничени од околината. Стасуваме до денес, имаме еднакви права меѓу двата пола, но
сепак се гледа моралната разлика. Иако некои области се целосно рамноправни, но сепак
тука се поставува прашањето: Зошто мажите се секогаш оние кои можат да направат за
степен повеќе од жените?
Наспроти очекувањата дека технолошкиот и информатичкиот развој во
општеството каде физичката снага е потребна во се помал број работни места, рапидно ќе
ја подобри состојбата во однос на прашањата на жените, податоците се јасни: од почетокот
на 70-тите години на 20ти век, економската нееднаквост, како меѓу земјите во светот, така
помеѓу половите и другите групации расте. Таквиот тренд продолжи и во 21 век. Постојат
различни сегменти од опшествениот живот каде што може да се воочи половата
дискриминација.
Поларизација
Борбата на жените за нивните права денеска во светот има различно зрачење во
поглед на географската положба. Економската поларизација север/запад наспроти југ,
заедно со религиското и културното наследство допринесе, меѓу останатото во
поларизацијата на степенот на остварени права на жените. Одредени географски подрачја,
балгодарение на економскиот развој стигнаа понапред во унапредувањата на правата на
жените. Борбата за права на жените е многу потешка кога истовремено треба да се бори со
сирoмаштијата, гладот, невработеноста и необразованоста.
Злосторство врз жените
Постојат голем број на докази на злосторства кои се извршени за недела врз
жените, меѓу другото секојдневно сме сведоци за следните случаеви: сексуално
малтретирање на девојчина помали од 16 години; милиони девојчина се присилени на
брак пред да ја наполнат својата 13та година, физички и емоционално неспремни;
стотици илјади се продавани и изложени на проституција, како што е пример во Источна
и Јужна Азија, но се повеќе и во Источна Европа. Во Индија и Пакистан, 90% од
мажите ги тепаат своите жени. Во Африка со обрежување се унакажуваат телата на два
милиони женски деца. Во Кина, исто како и во Индија, мајките, притиснати од
воспитанието и социјалните вредности го занемаруваат или убиваат своето женско
потомство.

3
Борба за основни права на жените
Исто како што проблемите на југот се разликуваат од проблемите на
северот/западот, така и остварувањето на правата на жените е поделено на проблеми за
остварување на основните права на жените како човечки суштества: право на непречено
движење, право на изразување, право на образование, пристап до информации, соодветна
исхрана, здравствена заштита, право на сопственост, право на работа, право на
репродукција и планирање на семејството, за кои се борат жените од југот и борбата за
потполна еднаквост на половите за која се борат жените од поразвиените земји.
Еднаквост на половите
Жените од економско развиените земји по неколку вековна борба се изборија за
своите основни човечки права. Токму ова произлегува од фактот дека жените пред
педесеттина години немаа право на глас, а до пред стотина години немаа право на имотна
сопственост. Денешните проблеми се поразлични, но не помалку болни, понижувачки или
сериозни. Актуелните прашања за полова еднаквост вклучуваат јазична дискриминација,
дискриминација на работно место, во образованието, присуството во јавноста и
политиката. За жал, и во развиените земји, физичкото, сексуалното и психолошкото
насилство се сеуште присутни и недоволно санкционирани.
Правата на жените во Југоисточна Европа
Од формална гледна точка, во Југоисточна Европа, не постои полова
дискриминација во уставите и законите на земјите од регионот. Неформалната
дискриминација е сепак многу поприсутна во споредба со земјите од западниот дел на
Европа. Како илустрација за половата дискриминација и правата на жените може да се
наведат одредени случаеви во Хрватска, Србија, Албанија и Македонија.
Хрватска. Во Хрватска не постои државна служба за помош и заштита на жени и деца
жртви на насилство. Во случај на семејно насилство, жената може да се потпре единствено
на пријателите или пошироко семејство. Во недостаток на таква помош, жената е
принудена да го поднесува насилството. Постоечките закони, спороста и неефикасноста на
правниот систем се во корист на насилниците. Единствено скривалиште кое што постои во
моментов е невладина организација која се грижи за состојбата и правата на жената.
Минатогодишното истражување од областа на полова дискриминација во училишните

4
учебници покажала значителни порази, со самото тоа што жената била третирана како
стара баба или лекомислена убавица.
Србија. Почетоците на женското и феминистичко движење во Србија датираат уште пред
Втората Светска Војна, како дел од социјалдемократските движења на жените во
работничките партии и синдикални здруженија. Во повоениот период, во Белград, како и
во другите градови, женското движење подоцна се материјализира преку најразлични
иницијативи за економска, политичка и социјална еднаквост, при што како и на целата
териоторија на поранешна Југославија, феминистичкото движење се разви на крајот од
седумдесеттите години. Пресвртница во развојот на женското движење претставуваат
неколку датуми: отворањето на првиот СОС телефон за жени и деца, жртви на насилство,
иницијално во Белград во 1990 год. Во периодот после 1992 год. во Србија, Војводина и
Црна Гора основани се повеќе од 50 женски организации. На крајот од деведесетите
години во Србија започнуваат, т.н. женски студии, кои нудат алтернативен начин на
едукација, објаснувајќи ја пост-феминистичката терминологија, кибернетичкиот
феминизам, глобализацијата од аспект на феминизмот и го истакнуваат прашањето на
евтината женска работна сила и трговијата со жени во неолибералните концепти на новата
светска економија. Денеска, жените се повеќе од 50% од вкупното население во Србија и
Војводина. Меѓутоа, 10,8% жени во Парламентот на Србија се сеуште далеку од
Декларацијата во Пекинг, чија препорака се 30% минимум жени во сите нивоа на власта.
Војводина, во последниве три години, забрзано делува по прашањата на полова
еднаквост, при што е формиран Секретаријат за родова еднаквост.
Албанија Албанија живее долго под режимот на тоталитарен комунизам. Со навирањето
на демократијата почна да се менува и менталитетот на албанскиот човек, кој после долго
време доби можност да види и подруги општества и подобри можности. Вистина е дека
политичките промени резултираа и со промени во односот кон женските прашања. Во
последниве неколку години, албанските жени се стекнаа со економска независност и
контрола врз својот живот. Овие промени тешко се прифаќаат во одредени средини,
поточно семејства, каде за жената постои општоприфатена, однапред дефинирана улога.
Движењето што и донесе независност на албанската жена и ги прошири хоризонтите на
нејзино делување, истовремено и донесе и проблеми со нејзино прифаќање во албанските
семејства. Албанските мажи (претежно во руралните средини) не гледаат секогаш

5
благонаклоно на вработувањето на нивните жени, меѓутоа евидентни се промените,
воглавно во поголемите градови.
Македонија Кога се поставува прашањето за еднаквоста на половите, Македонија
генерално може да се вброи во земјите со долгогодишна традиција, меѓутоа како и во
другите држави во регионот тоа се должи на брз и скоковит развој на еманципацијата на
жените во социјалистичкиот период, кој повеќе декларативно отколку практично ги
гарантира правата на македонските жени. Се досега кажано за стереотипите, ефикасноста
на правниот систем, односите во семејствата во градските и руралните средини,
образованието и сл. како слика за животот и правата на жените од соседните држави може
слободно да се преслика како пример за Македонија.
Понатамошен напредок во остварувањето на правата на жените можат да донесат
само групи на жени и освестени мажи кои ќе продолжат со активности и лобирање, како и
образование за подигање на свеста на јавноста. Покрај тоа, жените треба сами да направат
да се ослободат од пренгите на неукоста и да ги прошират своите хоризонти, превземајќи
нови општествени улоги, нови права и нови одговорности за своите животи. И најважно да
престанат да веруваат дека не можат.
Како што моежеме да воочиме половата дискриминација постои и ќе постои, некаде
помалу, некаде повеќе изразена. Без разлика што современото општество оди напред сепак
одредени сфаќања кај луѓето одат назад. Дискриминацијата се воочува и во поглед на
старосната граница за одење во пензија. Имено, според актуелниот закон, пензија може да
добијат вработени што ќе направат 62 години старост за жени и 64 години за мажи.
Претходно, освен старосниот услов, во пензија можеше да се оди и со работен стаж, и тоа
35 години за жени и 40 години за мажи, но сега тие се укинати. Укината е и предвремена
пензија, и тоа 30 години работен стаж и 50 години старост за жени и 35 години работен
стаж и 55 години старост за мажи.
Во Европската унија, најчесто во пензија се заминува со наполнети 65 години
старост. Исклучок е Франција, каде што мажите и жените се пензионираат со 60 години,
но таму нема предвремена пензија. Во неколку земји жените сеуште може да се
пензионираат со 60 години. Во Германија, Грција, Шпанија, Португалија, Финска, Ирска,
Шведска, услов за пензија се 65 години, како за мажи така и за жени е од пред две години,
а дотогаш жените можеле да заминат во пензија со 62 години. Во Велика Британија и

6
Австрија мажите можат да одат во пензија со 65 години, додека жените со 60 години. Во
соседството, пак, во Србија во пензија се заминува со 60 години старост за жени и 65
години старост за мажи.
Крајот на овој мој есеј за половата дискриминација би го завршила со мое мислење
за оваа тема. Помина времето кога светот беше машки. Дури и во ваква патријархална
средина како Македонија, се менуваат нештата. Мислам дека рамноправноста помеѓу
половите не е веќе идеа на хартија, туку реална состојба.
Штом жената покаже здрава доза на цврстина и тревожност, тогаш половите
разлики се губат и може да застане рамо до рамо со секое машко. Но треба прво да го
посака тоа, а потоа и да покаже дека љубовните бајки, парфемите и шминките, условно
кажано, не и го заматиле разумот. Нормално е дека физичките разлики помеѓу половите ќе
прават секогаш или машкото или женското да имаат предност во одредена област. Факт е
дека има случаи на тешка полова дискриминација, но затоа пак има и случаи како во
земјите од Скандинавија, каде што машките се дискриминирани. Екстреми и исклучоци
има во се. Но, гледано во глобала не постои повеќе онаа машка надмоќ, која ја угнетува
жената. Денес таа ги има сите средства на располагање за самостоен успех.

Глориа Стеинем:
“Длабоко во срцето, знам дека жената има само две опции: да стане феминистка
или мазохистка.”
Мартина Навратилова:
“Во животот на една жена, најважно од се е да не поставува граници.”

7
Користена литература:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D28F0840DCDA9249AC7731C2B5D67644

http://www.zdruzenska.org.mk/documents/336/Vodic%20vo%20feministickata
%20i%20rodovata%20terminologija.pdf

http://www.oneworldsee.org/sq/node/798

You might also like