You are on page 1of 13

Меѓународен Славјански Универзитет

“Гаврило Романович Державин”- Свети Николе

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Предмет: Социјологија на правото


Тема: Семејство

Професор Студент
Доц. Д-р _____________ ____________
Број на индекс _______

Скопје, Јануари, 2019


СОДРЖИНА

Вовед.............................................................................................................................3
1.Основни поими за семејството...............................................................................4
2.Историски развиток на семејството.......................................................................6
3.Функции на семејството...........................................................................................7
3.1.Биолошко – репродуктивна функција............................................................7
3.2.Стопанско – економска функција....................................................................7
3.3.Високо – образована функција........................................................................8
3.4.Заштитна функција...........................................................................................8
3.5.Социјализаторска функција.............................................................................9
3.6.Емонационална и културна функција..........................................................10
4.Видови семејство во современото општество.....................................................10
5.Семејството како правна институција..................................................................12
Користена литература...............................................................................................13

2
ВОВЕД

Семејството представува основна клетка на опшеството. Таа е една од


најстарите општествени групи. Според законот за семејство, семејството
претставува животна заедница на родители, деца и други роднини, ако живеат
во заедничко домаќинство. Семејството се темели врз три основни елементи:
биолошки, био-социјални и социјални. Во семејството постојат две посебни
институции: брак и сродство. Во сродството постои био-социјална врска меѓу
лицата. Бракот преставува основа за настанување на семејството. Основната
разлика помеѓу бракот и семсјетвото е во тоа што семејството претставува
поширока и посложена структура. Семејството има и свој историски развиток.
Почнувајќи од период на нерегулирани полни односи (промискуитет); потоа
крвносродничко семејство; семејството пуналуа; матријархат; семејство на
парови или т.н. синдијазмичко семејство; патријархат; и моногамно семејство.
Разликата меѓу сите овие е можноста за стапување во брак со лица во крвно
сродство, кој ја има доминанатната улога во семејството или пак бројот на
партнери со кои може или не да биде едно лице. Семејството има неколку
основни функции а тоа се: биолошко - репродуктивна функција, стопанско –
економска функција, воспитно – образовна функција, заштитна функција,
социјализаторска функција, емоционална и културна функција. Современото
општество се карактеризира со шаренолика и хетерогена општествено-
економска политичка, и културна структура. Најопштата поделба на видовите
семејства во современото општество би можела да се сведе на две групи:
видови на семејства што претсавуваат остатоци од минатите општествени
услови и односи (тука спаѓаат тотемскиот клан, патријархалната задруга како
и полигамијата и полиандријата во некои делови од светот) и второ –
современо демократско или коњугалско семејство. Семејството претставува
правна институција. Сите поважни аспекти на семејниот живот од најстари
времиња до денес се регулирани со посебни обичаи, морални и правни норми.

3
1.ОСНОВНИ ПОИМИ ЗА СЕМЕЈСТВОТО

Семејството претставува една од најстарите општествени групи. Долго


време постоело уверување, што и денес е присутно во некои теории, дека
општеството е основна социјалана клетка од кој се развиваат сите посложени
општествени заедници. Од друга страна и самата организација на семејството
асоцира на севкупната организација на семејството. Присутни се и
многубројни, а понакогаш и сложени дефиниции, пред се заради објективната
неможност да се опфатат сите негови појавни форми.
Семејството е, пред се, биолошка, сексуална заедница на лица од
различен пол, кои создаваат и одгледуваат деца, а тоa е истоврамено и
општествена категорија бидејќи со создавањето на многубројноте роднински
врски тоа длабоко се инфилтрира во порите на општествената организација.
Според Чл.2 од Законот за семејството, семејството е животна заедница
на родителите и децата и другите роднини, ако живеат во заедничко
домаќинство. Семејството настанува со раѓање на деца и со посвојување.
Според Чл.3 од Законот за семејството, односите во семејството се
засноваат врз рамноправност, заемно почитување, меѓусебно помагање и
издржување и заштита на интересите на малолетните деца.
Треба да се има пердвид и фактот дека основната карактеристика на
семејството е неговата историсака динамика, неговиот перманентен процес на
трансформација. Семејството никогаш не можело и никогаш не може да се
проучува како статична општествена категорија. Зашто, во еден историски
односно временски и просторно детерминиран контекст, тоа ќе се појави како
многубројна општествена група, состевена од неколку генерации, додека во
друг историски момент, тоа ќе биде групата која што ја сочинуваат само
родителите и нивните деца. Оваа последната е всушност физиономија на
современото, модерно, или како уште се нарекува нуклерано семејство.
Правниот поим на семејството подразбира група односно заедница на
лица врзани со брак и сродство (крвно, граѓанско, посватовство); тоа е
животната заедница на родителите и нивните деца, а некогаш и на
поблиските роднини.
Семејството како општествено и природно групирање на луѓето, се темели врз
три основни елементи: 1) биолошки; 2)био-социјални; 3)социјални.

4
Биолошкиот елемент значи развивање на сексулани односи помеѓу
различните полови и обезбедување на репродукција на човечкиот род.
Био-социјалниот елемент се однесува на односите на срдодсво што
настануваат во рамките на семејството. Најкарактеристичен, природен
(билошки) вид на сродство е она што е засновано врз крвното потекло односно
врз поврзаност и односите на луѓето според нивното раѓање. Меѓутоа, крвното
сродство, иако во основа е прооден статус што човекот го стекнува, пред се,
според своето раѓање, во различни фази од развитоткот на семејството опфаќа
различен круг луѓе. Во таа смисла, степенот на сродство во разни видови
семејства е различно регулирано со опраделени општествени правила.
Социјалниот елемент опфаќа разни општествени односи и процеси што
се одвиваат во рамките на семејството, како што се обезбедувње на
материјалната (економската) егзистенција на семејството како целина на секој
негов член, подигнување, чување, воспитување и образување на децата, со
други зборови-нивна социјализација.
Врз основа на овие елементи семејството би можело описно да се дефинира
како парцијална био-социјална заедница во кој луѓето се групираат:
1) За да се задоволат природните сексуално односи за поврзување
(општење) на различните полови;
2) За да се обезбеди репродукцијата, продолжувањето на потомството
(раѓањето деца) ;
3) За да се поврзуваат во определени сроднички видови и односи како
природна и социјална основа за подобрување или забрана на половите
односи;
4) За да се одвиваат основните социјални дејности за обезбедување на
материјалната егзистенција на групата и поединците во неа;
5) За да се подигнуваат, одгледуваат, образуваат и воспитуваат децата.
Вака определено, семејството претставува сложена структура во која
распознаваме две посебни институции: брак и сродство. Бракот претставува
заедница на лица од различен пол заснована врз трајни и општествено
регулирани сексуални и други општествени односи и врски. Сродство
претставува био-социјална врска помеѓу лицата во семејството настаната по
пат на поделбата на улоги, произлезени од статусот што секој поединец го има
во семејството врз основа на одвивањето на основниот брачен однос и врз
основа на раѓањето како продукт на тој основен однос.

5
Бракот е основата врз која се засновува семејството и сродството.
Разликата меѓу бракот и семејството е во тоа што семејството претставува
поширока и посложена структура. Бракот е “двовалентна општествена група
кој содржи само две страни во тој однос: маж и жена.” Без значење е дали на
едната или другата страна се наоѓаат повеќе мажи или жени (полиандрија и
полигамија).
Семејството по правило “претставува тровалентна група (два родители и
децата)”, иако по бројот на членовите на семејството не мора да биде поголемо
од бракот.
Според (Чл. 6) од Законот за семејството, бракот е со закон уредена
зедница на живот на маж и жена во кој се остваруваат интересите на брачните
другари, семејството и општеството. Односите меѓу брачните другари се
засноваат врз слободната одлука на мажот и жената да склучат брак, врз
нивната рамноправност, меѓусебно почитување и взаемно помагање.
Сродството произлегува од бракот, но двете институции се исклучуваат.
Тоа значи дека бракот не може да се воспостави помеѓу определен број
сродници. Системот на сродноста е зависен од видот на семејството, што
настанува според степенот на развиеноста на општеството. Во историскиот
развиток на семејството постојат различни начини на сметање на сродството и
различни големини на сродничките групи.

2.ИСТОРИСКИ РАЗВИТОК НА СЕМЕЈСТВОТО

Историскиот развиток на семејството се следи хронолошки од


прапочетоците на семејните форми , до современите видови во кои егзистира
семејството во денешниот свет. Според Енгелс, во историскиот развиток на
семејството постојат и три облици на брак, што им одговараат на трите главни
периоди од развитоткот на општеството. На дивјаштвото му одговара
групниот брак, на варварството синдијазмичкоит брак, и на цивилизацијата
моногамниот брак.
Можат да се разграничат повеќе периоди во еволутивниот развиток на
семејството:
1) Период на нерегулирани полни односи (промискуитет);
2) Крвносродничко семејство;

6
3) Семејството пуналуа;
4) Матријархат;
5) Семејство на парови или т.н. синдијазмичко семејство;
6) Патријархат;
7) Моногамно семејство.

3.ФУНКЦИИ НА СЕМЕЈСТВОТО
3.1.БИОЛОШКО – РЕПРОДУКТИВНА ФУНКЦИЈА

Биолошко-решпродуктивната функција, несомено би и останала


фундаментална функција на семејството во сите етапи на неговиот
општествено-историски развиток. Тоа произлегува од природниот закон за
продолжување на човечкиот род. Идејата за контрола на репродуукцијата, е се
поприсутна во современата терминологија како планирање на семејството,
датира уште од стара Грција, каде со познатиото Ликургов закон била
прадвидена обврската за раѓање најмногу две деца, додека римското право,
политиката на општествената контрола врз репродукцијата, ја остварува преку
прописите со кои се лишуваат од правото на наследување лицата кои не се
родени во брак. Мора, меѓутоа да се има предвид и фактот дека во
современите услови на општење меѓу половите, семејството, и покрај тоа што
и натаму останува фундаментален и најзначаен, сепак не е единствен основ
врз кој се реализираат овие односи. Вон семејните односи меѓу половите
претставуваат сфера во која исто така се релаизира репродуктивна функција.

3.2.СТОПАНСКО – ЕКОНОМСКА ФУНКЦИЈА

Оваа функција спаѓа во редот на оние кои со еволуцијата на семејството, ја


доживуваат својата трансформација. Во периодот на нискиот степен на
историскиот развиток, кога семејството претставува зтворена афтархична
општествено група, стопанската функција на семејството се манифестира со
својата производна димензија во улови на сеуште недоволно развиени
производни односи, потребите на членовите на семејството се задоволуваат во
самите негови рамки, па оваа мала општествена група претставува не само
биолошка туку и производна заедница. Но вистинската револуција во оваа

7
сфера се остварува со појавата на капиталистичките улови на производство.
Сега веќе производство сосема излегува од рамките на семејството,
остварувајќи се на многу поширок, општествен план при што, имајќи предвид
дека сме во ерата на патријархалните односи како најшроко прифатен облик
на семејна организација, таткото односно шефот на семејството е тој кој прв ги
пречекорува рамките на семејството како производ на групацијата,
вклучувајќи се во општиот продукционен процес. Карактеристичана е и
појавата на вклучување и на децата во процесот на приоизводството.
Семејството кое од производствена се преобразува во потрошувачка заедница,
денешното современо семејство е типична потрошувачка група односно
заедница.

3.3.ВИСОКО – ОБРАЗОВНА ФУНКЦИЈА

Особено карактеристични се за епохата на социјалистичката револуција,


воспитната функција на семејството и натаму станува значајна во
формирањето на личноста на членовите на семејството. Несомнен е фактот
дека во периодот на појавата на капитализмот воспитно образовната функција
најнепосредно се остварува меѓу родителиоте и децата, кои веќе и самата
организација на производството и воопшто севкупниот живот, се упатени на
најдиректен меѓусебен контакт. Таков интензитет и такво, значење, таа не
може да задржи и во услови на капиталистичките општествени односи.
Овааа функција се повеќе ја превземаат одредени државни, односно
општествени институции. Образовноит систем, притоа во сите свои
организациони форми го добива централното место во овој процес. Особено
образовната компонента на оваа функција се еманципира од семејството,
стекнувајќи ги сите атрибути на општествена функција.

3.4.ЗАШТИТНА ФУНКЦИЈА

И оваа функција има поголемо значење во патријархалната фаза од


развитокот на општеството, кога семејството претставувало затворена
производствена група, тоа истовремено им обезбедувало материјална
сигурност на своите членови, чувство на заштита, обезбедена пред се од

8
авторитетот на семејството. Во случај на болест на било кој од членовите, сите
други членови се тука да ја пружат потребаната помош и заштитиа. Како и кај
другите функции и овдека значајно е да се нагласи дека одлучувачкиот
момент го претставува општествениот развиток со кој постепено доаѓа до
изумирање на класичната патријархална семејна организација. Со нејзиното
исчезнување и исчезнува и меѓусебната зависност на членовите на
семејството. Грижата за нејзините членови преминува соодветни општествени
институции, од здравствени (во случај на болест), до најразлични домови за
сместување (од оние за деца без родителска грижа до оние за стари и
изнемоштени лица).
Како и во случај на воспитувањето, кое за разлика од образованието или
барем повеќе отколку образованието остана донекаде во скутот на семејството
и заштитната функција.
Обврската на издржување на децата од страна на родителите и обратно,
понатаму обврската на издржување на други роднини под услови што ги
проучува законот, како и наследувањето, кое широко се остварува меѓу
членовите на семејството.

3.5.СОЦИЈАЛИЗАТОРСКА ФУНКЦИЈА

Социјализаторската функција е органски поврзана со останатите, особено


со репродуктивната и заштитна функција. Создавајќи потомство и
обновувајки го односно продолжувајки го човечкиот род, семејството, е лулка
во која најправин се учат и развиваат меѓучовечките односи. Така семејството
кое преставува пресликана копија на пошироката општествена организација и
првата средина во која се формира личноста на поединецот.
Ова функција и денес не губи од своето значење бидејќи при сите
позитивни претпоставки на соодветното општество, складните односи во
семејството, меѓусебното почитување и љубов се најважниот предуслов за
изградувањето на позитивните општествени вредности на секоја личност.
Многубројните девијантни појави за жал се поприсутни во современиот
свет се резултат токму на нездравата атмосфера, семејна на прво место од која
потекнуваат поединците сторители на овие дела. Нездравите односи во
семејството, лабилните семејни врски, оддавање на алхохол, дрога,

9
проституција-сето тоа е познато милје од кое се регуртираат идните
асоцијални поединци во општеството.

3.6.ЕМОЦИОНАЛНА И КУЛТУРНА ФУНКЦИЈА

Во модерното семејство засновано врз демократски односи меѓу членовите


возможно е се поголемо развивање на емоционалната и културната функција
во рамките на семејството, токму заради неговото постепено растоварување од
правобитно наметнатите функции што сега постепено ги превзема
општеството. Наспроти производната, во рамките на економската функција се
развива потрошувачката функција на семејството, воспитувањето, а уште
овеќе образованието, преминуваат на општествените институции , голем дел
од доменот на заштитната функција, поточно претежниот нејзин дел,
преминува исто така, на општеството. Сето тоа придонесува семејството да
стане најпогоден амбиент за развивање на меѓусебните чувства на љубов,
приврзаност, почитување, но исто така и средина подобна за развивање и
остварување на културните потреби на поединецот.

4.ВИДОВИ СЕМЕЈСТВО ВО СОВРЕМЕНЕТО ОПШТЕСТВО

Современото општество се карактеризира со шаренолика и хетерогена


општествено-економска политичка, и културна структура. Во таа смисла
прегледот на сите постојани видови на семејства ја покажува ваквата
структура на општеството изразена во облиците на брак, во начинот на
организацијата на семејството, во статусот на членовите на семејството итн.
Најопштата поделба на видовите семејства во современото општество би
можела да се сведе на две групи: видови на семејства што претсавуваат
остатоци од минатите општествени услови и односи (тука спаѓаат тотемскиот
клан, патријархалната задруга како и полигамијата и полиандријата во некои
делови од светот) и второ – современо демократско или коњугалско семејство.
Тотемскиот клан претсавува остаток на семејството што го среќаваме во
првобитното општество во фаза на варварството. Всушност тој е вид на
синдијазмичко семејство, семејство што се среќава кај општествените групи во
некои делови од светот што останале на степенот на првобитната заедница.

10
Тоа е групен брак помеѓу генерациите од различни родови со заедничко име
според некое животно кое е заштитнички симбол изразен во предмет или знак
што го претставува. Во тотемското семејство се верува дека сите поттекнуваат
од исто животно што го изразува тотемскиот симбол.
Патријархална задруга. Како вид на семејство што се јавува претежно
во селските, земјоделските подрачја е остаток од социјално-економските
услови на феудализамот што сеуште не се зафатени со процесите на
капиталистичкото стопанисување.
Патријархалната задруга претставува пред се економска заедница
заснована врз заеднички имот во областа на земјоделското производство на
сите живи предци и потомци. Задругата опфаќа повеќе моногамни бракови,
маж и жена, таткото и мајката на мажот, синовите и нивните жени и деца и
ќерките се до нивно стапување во брак, кога ја напуштаат задругата.
Најстариот или најспособниот маж или член на задругата управува со имотот.
Во решавањето на поважните заеднички работи учествуваат сите возрасни
членови на задругата. Имотот и земјата се неделиви и служат за одржување на
задругата. Остатоците на патријархалните задруги се среќаваат и на Балканот,
претежно во селата на Косово, Македонија и Босна и Херцеговина.
Патријархално моногамно семејство е вид на семејство составено од
брачни сопружници и нивните деца а накогаш и родителите на мажот,
засновано врз приватна сопственост. Ова семејство е распострането како во
селата така и во градот. Селското семејство се заснова врз способноста на
земјата и на другите имоти. Во градот тоа е семејство засновано врз
сопственоста на пари, згради, работилници и други имоти со коуи во принцип
располага мажот. Во современото општество патријархалното моногамно
семејство се појавува во оние општествени слоеви што својата мтеријалана
егзистенција ја засноваат врз ситната занаетчиска земјоделска или друга
способност. Тука би можело да се вброи и семејството во кое не постои
приватна сопственост но само мажот е вработен а жената економски е зависна
од бракот. Во ова семејство постои доминација на мажот над жената и над
другите членови во семејствот. Во современото општество законодвното
формално право ја изедначува жената со мажот, меѓутоа додека постои
економска зависност односите во семејството имаат патријархални
карактеристики.

11
5.СЕМЕЈСТВОТО КАКО ПРАВНА ИНСТИТУЦИЈА

Семејството е најстарата општествена група која многу пред појавата на


државата и правото вршела регулација на односите на луѓето. Тоа е најстара
општествена институција во која се воспоставени релитивно стабилни односи
и поведенија на нејзините припадници. Се смета дека институциите значат
премин од природното инстиктивно во општествено регулирано поведение
засновано врз општествени норми. Нормите пак значат извесни очекувања
што ги очекуваме од другите или што другите ги очекуваат од нас. Видовме
дека семејството претставува општествена група чија структура ја сочинуваат
биолошки, биосоцијални и социјални елементи. Од аспект на социлогијата на
правото може да се каже дека во структурата на семејството има и норматовни
елементи поточно структурата на семејната институција се потпита врз
нормативната регулација. Сите поважни аспекти на семејниот живот од
најстари времиња до денес се регулирани со посебни обичаи, морални и
правни норми. Така пред се во семејството постои регулација на сексуалните
односи на односите помеѓу генерациите на роднинските односи и воопшто
регулацијата на семејството. Нормативната регулација ги утврдува
правилностите на односите и поведенијата на членовите на семејството како и
забраните и рестрикциите. До појавата на државата и правото семејството се
засновува врз обичајните, моралните и религиозните норми. Со појавата на
правото, животот на семејстотот се институционализира и правната
нормативна регулациај освен внатречните меѓусебни односи и поведенија, ги
опфаќа и прашањата од имотното, наследното, договорното, кривичното и
другите области на правото кои на накој начин ја допираат семејната природа
и функција на семејството и на нејзината нормативна структура (обичаи,
религиозни правила, морални и правни норми што ги регулираат семејните
односи).
Превната регулација ја зацврсти таа нормативна страна на семејните
односи. Се потврдува една општа законитост дека таквото се шири и опфаќа
пошироки подрачја и содржини на општествените појави за воспоставување
на постојаност, сигурност и извесност на меѓучовечките односи.

12
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Мирјана Поленак-Аќимовска, Иво Пухан, Римско право-III издание, Правен


факултет, Скопје, 2001, стр.103-108.

Марија Ташева, Социлогија, Филозофски факултет, Скопје, 2003, стр.178-185.

Љиљана С. Трпеновска, Семејно право, Скопје, 2004.

Устав на Република Македонија, Служебн весник на Република Македонија,


Закон за семејството, ноември 2004, стр. 12-бр. 83.

Томислав Чокревски, Социлогија на правото, “НИП Студентски збор”, Скопје,


2001, стр.273-287.

13

You might also like