You are on page 1of 60

1.

В О В Е Д

Човештвото ја креирало семејната заедница како примарна во неговиот живот и


како таква, во различни форми, егзистирала низ историјата и низ културниот и
цивилизацискиот развој. Без оглед на временската димензија или општествено-
економската формација во чии рамки егзистира,семејството како општествена
заедница ги реализира основните елементи: блискост, заемност и емоционална
топлина.1 Семејството е институција во која се поставуваат основите и поведението на
личноста со сите нејзини специфични карактеристики. Семејството е и посредник кој
ги интегрира своите членови во општествената средина и кај нив формира
општествено прифатливи норми на однесување. Однесувањето во семејството се
заснова врз прифатените традиционални улоги кои што се пренесуваат од една на
друга генерација.

Компаративните и емпириските податоци за извршено семејно насилство говорат во


прилог на гледиштето дека семејството како основна општествена заедница и како
извор на емоционална, социјална и материјална поддршка на неговите членови,
честопати може да се претвори во насилничка средина во која што се повредуваат
членовите на семејствотои нивните човекови права. Во суштината на насилничкото
однесување во семејството лежат историски нееднаквите односи како сфаќање за
моќта меѓу мажот и жената, а моќта е во функција на остварување контрола во
семејството и врз неговите членови преку воспоставување насилнички однос. 2 Во
таквиот насилнички однос во семејството, најчесто жртви се неговите најранливи
членови, жените, децата и старите лица.

Алармантно е тоа што во семејното насилство постои трансгенерациско пренесување


на моделот на насилничко однесување во рамките на семејството, кое младите подоцна
ќе го оформат или пак во самиот модел на однесување во бракот или текот на разводот,
а тоа зависи од нивото на семејно насилство кое било манифестирано во претходната
генерација, од тенденцијата за брачна посветеност и степенот на толеранција на
насилството кое се пренесува, како и од изборот на брачниот другар, со кој лицето во

1
прпф.д-р.Кети А.Нестпрпвска ,Семејнп ппределуваое на семејствптп (Семејна психплпгија) Материјал
за интерна упптреба за студентите на МСИ, 2009, Битпла
2
Кпмитет за еднакви мпжнпсти за мажите и жените, Спвет на Еврппа, Парламентарнп Спбрание(2002)

1
чие семејство било манифестирано насилничко однесување ќе склучи брак, а воедно и
од должината на бракот кој трае доволно долго за да влијае на однесувањето на децата.
Ваквиот начин на однесување на младите, а и застапниците на хипотезата дека
“Насилството раѓа насилство” алармираат дека е неопходна сеопфатна и ефикасна
правна регулатива со која што би се спречила појавата на семејното насилство и
пренесувањето на истото како модел на научено однесување на идните поколенија.
Со анализирање на појавата на семејното насилство се доаѓа до заклучок дека ниту по
видовите на насилство, ниту по интензитетот и динамиката, овој вид не претставува
единствено или завршно дејство, туку напротив, карактеристично за семејното
насилство е тоа што се повторува чинот на насилство пропратен со зголемување на
неговиот интензитет, динамиката и видовите на насилство.

Семејното насилство, како форма на насилство, претставува кршење на основните


човекови права и слободи. Според оваа дефиниција, клучна е улогата на државните
институции во заштитата на повредените човекови права и во спроведувањето на
законите како и во спречувањето на понатамошното насилство.

Како најефикасен приод во решавањето на семејното насилство е мултисекторскиот


пристап, односно здружување на повеќе институции или организации во
некомпетитивно партнерство.

Според Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство од 15-ти


септември 2014 година, со Протокол за меѓусебна соработка се утврдува
мултисекторската соработка на надлежните институции и здруженија.

Врз основа на член 5 од овој закон, Министерството за труд и социјална политика,


Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството
за образование и наука, Министерството за правда, единиците на локалната
самоуправа, институциите кои вршат дејност од областа на социјалната заштита,
детската заштита, внатрешните работи, здравството, вработувањето и образованието,
остваруваат меѓусебна соработка и координација и се надлежни органи и институции
за преземање мерки за заштита на жртвата и спречување на насилство. 3

3
Закпн за превенција, спречуваое и заштита пд семејнп насилствп, Службен весник на РМ, брпј 138 пд
17.09.2014 гпдина

2
2. С Е М Е Ј С Т В О

Животот на луѓето се одвива во семејство. По правило луѓето се раѓаат во


семејство, во него се развиваат и растат, потоа самите ствараат семејство и во
семејството умираат. Семејството обезбедува раѓање и обнова на генерациите и врши
примарно воспитание и оспособување на младите генерации.4

2.1. Дефинирање на семејството

Семејството отсекогаш било предмет на интерес и проучување како на


општествените така и на природните науки. Заради неговата специфичност, а и заради
неговата поврзаност и интеракција со останатите општествени форми, се јавуваат
повеќе гледишта за тоа што е семејството, кога настанало, која е неговата функција,
како се менува, како и за неговиот опстанок во иднината.

Семејството претставува толку сложен систем што не би можело јасно да го


опише една дефиниција.5 Да се дефинира семејството не само што не е едноставно,
туку и претставува голем предизвик. Низ историјата, семејството го менувало својот
облик и потпаѓало под општествените влијанија, но сепак ја сочувало својата
примарна функција. За семејството се кажува дека е местото на раѓање, растење,
севкупното вредносно воспитување на секоја човечка единка, на секој народ и на крај
на целото општество.

Како општествена група, семејството е основна клетка на општеството чие јадро го


сочинуваат брачните другари – родителите и нивните деца ( родени или посвоени).
Како таква, се формира по пат на брак, се состои од маж, жена и деца и функционира
врз правни прописи, економски, религиозни и други права и должности. Таа е
примарна заедница и најинтимна група во која што се воспоставуваат трајни, емотивно
блиски, солидарни и сестрани врски помеѓу нејзините членови и претставува прототип
на секоја друга општествена заедница.

Според ова гледиште,семејството има значајна улога во развојот на човекот и на


општеството воопшто и претставува еден вид посредник помеѓу поединецот и
општеството.

4
Nenad Fanuko, Sociologija, 1998, Zagreb
5
Adila Pašalid-Kreso, Koordinate obiteljskog odgoja, 2004, Sarajevo

3
2.2. Семејството како систем

Според системскиот пристап и проучување на семејното функционирање,


семејството се гледа како жив систем кој живее, расте и се развива низ времето и
функционира во одредено општествено уредување. Како систем, семејството
претставува една организирана, трајна и обновлива целина со одредена структура,
хиерархиски организирана, со менливи обрасци на однесување и со определени
граници кон надворешната средина.6 Во таа целина, нејзините членови не прават само
едноставен збир, сите тие воспоставуваат меѓусебни односи во процес на интеракција,
обликувајќи на тој начин обрасци на семејно функционирање. Во процесот на
интеракција, значајна улога во семејното функционирање имаат семејните правила и
вредности кои се негуваат во рамките на семејството. Секое семејство има свои
културни вредности, обичаи, јазик, митови, тајни и правила на однесување кои како
збир на норми влијаат на организацијата на животот на секој негов член обликувајќи го
неговиот систем на вредности.

2.2.1. Систем на вредности

Културните вредности силно се интегрираат во семејниот живот, го обликуваат


начинот на функционирање на семејството и одредуваат кој го сочинува семејството,
го одредуваат времето и начинот на влегување во брак, создавање потомство,
воспитување на децата и убедувањата за тоа што се смета за нормално и прифатливо
однесување.

Семејството како систем настојува да ја задрзи својата непроменливост, хомеостаза.


Комуникацијата, семејните правила и емоционалната поврзаност играат клучни улоги
во одржувањето на хомеостазата. Со вербална и невербална комуникација се
разменуваат информации и пораки. Комуникацијата во семејството е еден процес кој е
одреден со начинот на кој се применуваат семејните правила. Со семејните правила се
организира животот, начинот на семејното функционирање и системот на вредности.
Со правилата и со системот на вредности се обликува односот на родителите и децата,
начинот на воститување и нивните меѓусебни очекувања. Секое семејство има свои
специфични правила. Недоволно јасни правила обликуваат хаотични односи во
семејството, а премногу крути правила кои не се менуваат доведуваат до замрсени
семејни односи. Во функционалните семејства отворено се зборува за правилата и тие
се јасни и подложни на редефинирање во склад на потребите на членовите на
семејството.
6
Ана Ј. Варга, Системска семејна психптерапија, 2001,Санкт Петербург

4
Емоционална поврзаност е карактеристичен тип на емоционално учество и интерес
меѓу членовите во семејството.

2.2.2. Граници на семејниот систем

Како и кај секој друг систем, границите се особина на семејниот систем. 7 Тоа се
невидливи линии помеѓу семејниот и другите системи како и помеѓу подсистемите
внатре во самото семејство. Со нив се ограничуваат просторните, временските и
емоционалните односи во семејството и ги означуваат правилата за местото и улогата
на секој член во семејниот живот. Пропустливоста на семејните граници ги одредува
начинот на кој семејството ги дозволува промените. Семејните системи со премногу
затворени граници најчесто имаат заплеткани семејни односи и немаат способност за
прифаќање на промените кои доаѓаат од надвор. Тие се поотпорни кон средината, но
нивните членови се упатени исклучиво едни на други. Интензивна поврзаност го
одржува заедништвото, а начинот на поврзаност може да биде непријателство и
континуирани конфликти или пак соединетост која ја загрозува индивидуалноста. Во
ваквите семејства не се почитува хиерархиската структура и приватноста на нејзините
членови, родителите се строги, непопустливи и емоционално ладни и немаат
разбирање за потребите на децата кои често се критизирани, застрашувани и
казнувани. Овие семејства се многу осетливи на стрес.

Многу пропустливите граници на семејните системи, овозможуваат интензивно


надворешно влијание и некритичко прифаќање на промените што доведува до
загрозување на специфичниот семеен идентитет. Карактеристика на семејствата со
вакви дифузни граници е незаинтересираноста и меѓусебната неповрзаност на
членовите. Ваквите граници обезбедуваат динамика на однос во кој не постојат јасни
правила и мотивирачко воспитно влијание на детето. Родителите не се заинтересирани
за растот и развојот на потомците. Тие се присутни, но не се навистина вклучени во
одгледувањето на децата кои се игнорирани и препуштени на самите себе. Децата
имаат премногу слобода и не ја разбираат границата меѓу добрите и лошите постапки.
Емоционалните односи се ладни и детето не се чувствува сигурно, заштитено и сакано.

И премногу затворени и премногу пропустливи граници на еден семеен систем,


обликуваат дисфункционални обрасци на семејни односи во кои нема цврст
родителски сојуз ниту родителски авторитет кој е заснован на зрелост, праведност,
разбирање, почитување, соработка и меѓусебен топол однос.

Семејните системи кои се оградени со јасно пропустливи граници, ја негуваат


наследената култура, а истовремено имаат осет и за стекнатата култура, имаат
капацитет за прифаќање на развојните промени без да им се загрози семејниот
идентитет. Ваквите граници обезбедуваат функционалност на семејството кое го
7
А.В.Черникпв, Системска семејна терапија, 2011, Мпсква

5
карактеризираат заеднички дом, поврзаност со дозволена индивидуалност, меѓусебна
комуникација и меѓусебно взаемно влијание. Ваквиот начин му овозможува на
семејството да биде заедница во која постои блискост, соработка, доверба и
солидарност со што се задоволува потребата за припадност. Односите на родителите
кон децата се засновани на емоционална топлина, но и почитување на потребата на
детето за самостојност. Родителите се јасни и достојни во поставувањето на границите
во однос на однесувањата кои се сметаат за дозволени или недозволени. Тие отворено
ги искажуваат емоциите и разбирањето за желбите на детето, го поттикнуват детето на
развивање самостојност и одговорност и планирање на сопствени достижни цели, ги
објаснуваат сопствените постапки без полемика со децата. Родителите се
прилагодливи, но поставуваат граници кога и каде е потребно.

2.3. Животен циклус на семејството

Животниот циклус на семејството е патека по која се движи семејството на


својот животен пат и започнува на местото кај што почнало да се гаси претходното
семејство. Оваа патека претставува пат на семејниот развој и ги опфаќа очекуваните и
неочекуваните животни настани и трауматски искуства кои имаат значење само за
конкретното семејство. Во секоја животна фаза, која се одредува спрема возраста на
најстарото дете, семејството има одредени задачи кои побаруваат прилагодување и
промени кои се однесуваат и на промената на пропустливоста на границите како и на
промена на семејните правила. Иако станува збор за очекувани животни настани, овие
промени претставуваат извор на стрес кој го дестабилизира семејството го доведува во
состојба на патење, несигурност и страв затоа што промената сама по себе значи
губиток на некоја стара, позната ситуација.

Животниот циклус на семејството го прават осум развојни фази.

2.3.1. Почетно семејство

Почетната фаза започнува со одлуката на двајца луѓе да започнат заеднички


живот и се нарекува Почетно семејство. Се карактеризира по тоа што партнерите се
учат да бидат дијада што подразбира организација на семејството и поставување
надворешни граници. Потешкотии во оваа фаза можат да се јават затоа што не се
спојуваат само две индивидуи туку се спојуваат два различни система на семејства, кои
негуваат различни културни вредности и имаат различни очекувања. За партнерскиот
однос во оваа фаза значајна е прилагодливоста на секој од партнерите која нема да ја
загрози индивидуалноста, способноста за постигање консензус во однос на парите,
религиозноста, рекреацијата, пријателите, домашните обврски, заедничкото слободно

6
време и многу друго. Специфични проблеми за оваа фаза се конфликтите кои се
јавуваат во процесот на поставувањето на правилата, формирањето на семејните
граници, распределбата на обврските како и проблемите околу недоволното
почитување на различностите. Сложеноста на задачите кои произлегуваат од оваа
развојна фаза и недостатокот на капацитет на партнерите да се носат со овој предизвик
доведуваат до зголемен број разводи кој може да следуваат и во некоја од следните
фази.

2.3.2. Семејство со мало дете

Семејство со мало дете е фаза која ги опфаќа бременоста и раѓањето на првото


дете, кога се воспоставуваат родителските улоги што подразбира распределба на
грижата, авторитетот и моќта како и учеството во процесот на воспитување. Оваа фаза
од животниот циклус се карактеризира со развивање на образец на емоционална
поврзаност кој особено се однесува на начинот на емоционалната поврзаност на детето
со мајката во првите години од животот на детето. Поимот на поврзаност е различен од
поимот на зависност кој го чувствува детето во првите месеци од неговиот живот, кога
тоа е зависно од мајката во смисла на задоволување на физиолошките потреби.
Проблеми кои можат да се јават во овој период се конфликтот околу прземањето
одговорност, неспремност за родителска улога и отвореност на надворешната граница
на семејниот систем која се манифестира како претерана вклученост на семејството од
кое се потекнува во одгледувањето на детето.

2.3.3. Семејство со предшколско дете

Семејство со предшколско дете е развојна фаза која почнува после


адаптацијата на брачниот пар на формираната тријада. Оваа фаза ја карактеризираат
специфични задачи кои се однесуваат на психосексуалниот развој на детето и на
прилагодувањето на начинот на воспитување на детето спрема неговата возраст, при
што детето врши повратно влијание на родителите со својата потреба за нежност,
одбивање, инат, наклоност кон едниот родител и ред други особености
карактеристични за возраста. Овој процес треба да се одвива во заштитничка и сигурна
атмосфера која ја обезбедуваат родителите. На овој начин, детето влегува во просторот
на меѓучовечките односи со што започнува процесот на воспитување и на обликување
на личноста на детето.

7
2.3.4. Семејство со школско дете

Семејство со школско дете е фаза во која детето го започнува процесот на


социјализација, стекнува работни навики и се учи на одговорност. Разликата во
родителската вклученост може да предизвика потешкотии во адаптацијата на детето во
новонастанатите околности. Во оваа фаза се преиспитува односот кон надворешните
системи и пропустливоста на семејните граници од кои зависи во која мера
надворешното влијание на училиштето и пошироката социјална средина ќе се
рефлектира на семејството. Најчести проблеми во оваа фаза се проблемите врзани со
учењето и однесувањето на детето, фобија од училиштето и слично во чија позадина
најчесто се неразрешените родителски или брачни конфликти.

2.3.5. Семејство со адолесцент

Семејство со адолесцент е фаза која се карактеризира со потребата на


адолесцентот за поголем степен на самостојност и прифаќање на нови вредности вон
семејството при што се тестираат границите на авторитетот на родителите. Бунтот
против родителите како процес на развивање на сопствениот идентитет на
адолесцентот може да стане проблем кој може да е продолжеток на поранешните
емоционални и развојни потешкотии кои не се решавани адекватно. Овој период се
карактеризира и со преиспитување на пропустливоста на границите на семејниот
систем од кои зависи динамиката на семејните односи, развојот на адолесцентот и
процесот на неговото осамостојување. Доколку семејството нема развиен капацитет за
промени во оваа фаза може да се соочи со конфликти на релација адолесцент –
родители.

2.3.6. Заминување на децата од семејството

Заминувањето на децата од семејството се смета за најстресен настан во


животниот век на семејството. На децата им треба дозвола за заминување, а родителите
се обидуваат да ги задржат во семејното опкружување, несвесни за сериозните
потешкотии до кои може да доведе нивното настојување. На тој начин, семејството
спротивно на својата функција, станува фактор на ризик, а не фактор на заштита на
децата и младите. Во оваа фаза семејството најчесто се соочува со проблемите на
одложена сепарација на младите од родителите, несигурноста на младите и стравот од
осамостојување.

8
2.3.7. Постродителско семејство

Постродителско семејство или “празно гнездо” е фаза кога партнерите се


повторно сами, без деца во својот дом. После долгиот период во кој основна
преокупација била одгледување на децата, партнерите се соочуваат со потребата за
меѓусебно прилагодување во новонастанатите услови на живот, промена на начинот на
комуницирање и регулирање на блискоста и дистанцата во односот. Во оваа развојна
фаза евидентен е зголемен број на разводи затоа што партнерите кои во тек на долг
период биле посветени на родителската улога не се во состојба повторно да ја
воспостават партнерската релација на нов по квалитет и на поинаков начин.

2.3.8. Остарено семејство

Остарено семејствое фаза за која е карактеристично соочувањето на


родителите со завршувањето на професионалната кариера што доведува до промена на
сликата за себе. Староста доведува до социјална исклученост и настојување на
остарените родители да ги пробијат границите на семејниот систем на децата. Оваа
фаза е во коинциденција со појавата на здравствени потешкотии и губиток на
партнерот што ја наметнува потребата од реорганизација на семејниот систем со што
се подразбира вклученоста на децата во грижата за остарените родители. Иако на овој
начин се исполнува друга значајна функција на семејството односно грижа за
остарените членови, овие промени можат да претставуваат потешкотија во
функционирањето на нуклеарното семејство.

Преминот од една фаза во друга, само по себе претставува извор на стрес затоа
што транзицијата побарува промена на начинот на функционирање на семејството.
Некои непредвидени настани како што се отпуштање од работа, болест, некаква
несреќа, непланирана бременост и слично, дополнително го дестабилизираат семејниот
систем. Настојувајќи да ги разрешат потешкотиите, семејствата реагираат кон
познатите обрасци на однесување. Повторувањето на истите обиди за разрешување на
потешкотиите стануваат проблем кој доведува до така наречената заглавеност на
семејниот систем. Во такви ситуации, кај некој член во семејството се јавуваат
психосоматски заболувања кои немаат органско пореметување туку е одраз на
незадоволството од семејните односи.

9
2.4. Основни функции на семејството

Повеќето социолози се согласуваат со тоа дека функциите на семејството се


повеќедимензионални и дека можат да се подредат на три нивоа:

- Биолошко ниво

Семејството се базира на биолошка основа односно на задоволување на


сексуалните потреби и репродуктивната функција. Ги одредува местото и улогата на
членовите на семејството.

- Економско ниво

На ова ниво се производните и потрошните функции. Економските услови се


јавуваат како фактор кој го определува типот на семејната организација.

- Психо-социјално ниво

Ниво на кое се одвива воспитната функција, функцијата на социјализација и


развивањето на емотивните врски помеѓу членовите на семејството.

Системот на семејните функции е одреден со местото и улогата на семејството во


општествената структура. Според тоа, системот на функциите се менува во зависност
од промената на односот семејство – општество. Биолошката репродукција е
незаменлива функција на семејството во општеството. Но, тоа не е само биолошка
функција туку влегува во сплет на био – психо – социјални функции. Раѓањето и
физичкото одгледување на детето е поврзано со психо – социјалното воспитување на
детето и емоционалната стабилност која се развива од таа врска стануваат се
позначајни фактори. Овој сплет на семејни функции допринесуваат во развивањето на
индивидуалните, моралните и психичките особини на личноста и нејзината
социјализација. Во рамките на семејството потомците ги стекнуваат првите најопшти
претстави, ставови, норми и вредности за животот во заедницата и станува културно
битие. Преку семејството поединецот се поврзува со пошироката заедница.

2.5. Функционално семејство

Општиот термин “функционално” се однесува на нешто што е способно да ја


исполни својата цел или функција. Но, аналогно со овој термин не може да се дојде до
дефиниција за функционално семејство затоа што проценката дали едно семејство е
функционално или дисфункционално зависи од целите кои си ги поставува едно
семејство, системот на вредности, животниот циклус и задоволувањето на економските
и културните потреби. Исто така, функционалноста на семејството зависи и од односот

10
меѓу неговите членови, нивната меѓусебна поврзаност, комуникација и интеракција,
заедничкиот дом, но и од односот меѓу семејството и општеството. Пред се,
функционалните семејства треба да имаат цврст родителски сојуз кои го користат
својот авторитет кој пак е заснован на зрелост и праведност, со разбирање,
почитување, соработка и топол меѓусебен однос. Семејството ќе биде функционално
доколку постои спремност од партнерите кои стапуваат во заедница да ги исполнуваат
и да ги задоволуваат важните човечки потеби како што се блискоста, довербата и
соработката, а не само да остварат конкретни цели како што се репродукцијата,
економската сигурност и стекнување на општествена положба. Исто така, семејството
треба да ги развива оние особини кај нејзините членови кои ќе им овозможат добра
прилагодливост и со тоа да ја изврши својата примарна општествена задача, односно
да обезбеди хуманизација и социјализација.

Функционалното семејство има флексибилна структурна моќ со поделба на


авторитетите, со јасни семејни правила, ненарушени генерациски граници и стил кој
поттикнува здружување. Членовите на семејството имаат своја индивидуалност и
способност да ја одредат блискоста и дистанцата, можат да ги поднесат
несогласувањата и неизвесноста, слободно и спонтано комуницираат, ги прифаќаат
различноста и осетливоста на останатите. Хуморот, нежноста и грижата се составен
дел на семејната атмосфера. За конфликтот се зборува отворено, а проблемите се
идентификуваат и решаваат. Функционалното семејство го карактеризираат :

- Поврзаност на членовите во заедницата која ја карактеризира взаемен однос со


доверба, блискост, меѓусебна грижа и поддршка,
- Рамнотежа помеѓу автономијата и заедништвото, опкружување во кое постои
почитување на индивидуалноста и интимата, која има почит за индивидуалните
разлики и автономија и која дава поттик за индивидуално созревање,
- Нега, социјализација на децата и грижа за другите ранливи членови на
семејството,
- Организациона стабилност со јасни улоги и граници,
- Адаптабилност, капацитет за промени, односно флексибилност во однос на
внатрешните и надворешните потреби за промена и ефикасно совладување на
стресот,
- Отворена, јасна и топла комуникација,
- Ефикасно и креативно решавање на проблемите со преговори и способност да
се користи широк спектар на однесувања и стратегија во разрешување на
конфликтите,
- Општоприфатен систем на убедувања кој овозможува доверба и поврзаност со
минатите и идните генерации,
- Етички вредности и почитување на пошироката општествена заедница и
- Адекватни ресурси за основна економска сигурност и психосоцијална поддршка
преку мрежата на поширокото семејство и пријатели, заедници и пошироки
општествени системи.

11
Функционалното семејство треба да се потполни со таква особина да може да расте
и покрај било какви потешкотии на кои може да наиде и да бара да ги прошири
своите искуства. Во такво едно семејство, на потешкотиите се гледа како пат и
начин на кој семејството ги зголемува своето искуство и раст. Тоа поседува извори
за решавање на своите проблеми. Радоста и хуморот се силата на здравото
семејство и даваат емоционален интензитет во проблематични ситуации.

2.6. Дисфункционално семејство

Терминот “дисфункционално” се однесува на нешто што функционира


погрешно или воопшто не функционира. Ако се тргне од гледиштето дека секоја
промена во текот на животниот циклус на едно семејство носи стрес како неминовен
пратител, тогаш дифункционално семејство би претставувало она семејство кое не е во
состојба да се прилагоди на новонастанатите услови на живот и кое не може да се
соочи со стресот без поголеми последици.8 Во таквите семејства постојат крајности во
поврзаноста на нејзините членови така што границите помеѓу членовите или се
избришани или членовите се проддалечени еден од друг. Улогите во
дисфункционалните семејства не се јасно одредени, па често децата ја превземаат
родителската улога. Комуникацијата е нејасна, конфузна и контрадикторна, пораките
не се слушаат или не се прифаќаат и постои само минимална вербална размена со
чести мистификации.

Границите кон надворешниот свет не се јасно пропустливи, па дисфункционалното


семејство најчесто е изолирано од надворешниот свет без јасно формиран семеен
идентитет со неприлагодливи и строги правила.

Системскиот пристап на семејството поимот “дисфункционално” го подразбира како


семеен образец кој не може да одговори на развојните потреби на своите членови и со
кој не се исполнува задачата од некоја фаза од животниот циклус на семејството, туку
доаѓа до појава на симптом или незадоволство. Симптомот во семејниот систем има
функција да ја задржи хомеостазата на семејството и да го “заштити” од промени. На
тој начин, хомеостазата често може да ја одржува еден член од семејството кој
показува симптом или симптоми и се наоѓа во интеракција со целото семејство кое го
поддржува симптомот. Таквото семејство го одложува проблемот и постојано е во
криза која не се препознава се до моментот кога ќе се појави симптом кај еден или
повеќе нејзини членови или тогаш кога на семејството му се заканува распад.

Симптоми кои се јавуваат во дисфункционалните семејства се:

8
Piney,E.L.Glipp,S. Glossary of group and family therapy, 1982, New York

12
- Недостаток на емпатија, разбирање и сензибилност кон поедини членови на
семејството, додека од друга страна се изразува екстремна емпатија кон еден
или повеќе членови на семејството кои имаат “посебен статус”,
- Порекнување односно одбивање да се признае постоењето на непожелно
однесување,
- Неадекватни или непосточки лични граници,
- Крајност во конфликтите односно или премногу кавги или недоволна расправа
помеѓу членовите на семејството,
- Нееднаков и неправеден однос или правила кон еден или повеќе членови на
семејството заради нивниот пол, возраст, способнот, раса, економски статус и
слично,
- Високо ниво на љубомора и друго контролирачко однесување,
- Разведени или раздвоени родители во постојан конфликт или родители кои
требале да се разделат, но не се разделиле (што повеќе му штети на нивното
дете),
- Недостаток на време поминато заедно, посебно рекреациони активности и
општествени збиднувања,
- Неприфатливо сексуално однесување ( неверство, промискуитет или инцест),
- Децата се плашат да разговараат за тоа што се случува во домот (ниту дома ниту
вон семејството) или на било кој друг начин се плашат од своите родители,
- Членовите на семејството,вклучувајќи ги и децата, не се признаваат меѓусебно и
одбиваат да бидат видени заедно во јавност, без разлика дали е тоа еднострано
или двострано.

Семејството кое е дисфункционално е спремно да се менува тогаш кога ќе се соочи


со криза или кога ќе стане свесно за присуството на симптом или дисфункционални
односи.

3. СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Семејното насилство е проблем што е присутен насекаде во светот, но стапката


и интензитетот на проблемот варираат во зависност од социјалните фактори.
Традиционалните улоги на половите се многу важни во овој поглед а социјалниот
немир, што често се јавува кај транзициските економии, како и сложените прашања со
кои се соочуваат регионите во тој период се дополнителни ризични фактори што
можат да придонесат за појавата на семејно насилство.

Светската здравствена организација (WHO) го има дефинирано насилството како:

13
„Намерна употреба на физичка сила или моќ, под закана или реална, врз себе, врз
друго лице или врз група или заедница, што резултира, или има голема веројатност да
резултира, со повреда, смрт, психолошка штета, деформитети или акт на лишување.“ 9

Причините за конкретната појава на насилството во односите во едно семејство се


комплексни и се детерминирани од социјални, биолошки и психолошки фактори. Исто
така и последиците по личноста на жртвата се комплексни кои на крај редовно
завршуваат со општа намалена социјална, биолошка и психолошка способност и
ефикасност на личноста кон секојдневните обврски и одговорности.

Семејството е примарна заедница во човековиот живот и како таква претствува


основна функционална клетка на секое општество независно од уредувањето,
културата, религијата, традициите, вредносните системи и законските прописи. Според
ова, семејството како основна општествена заедница претставува извор на
емоционална, материјална и социјална поддршка на своите членови. Но,емпириските и
компаративните податоци за извршено семејно насилство покажуваат дека честопати
семејството може да се претвори во насилничка средина во која што се повредуваат
неговите членови и нивните човекови права. Меѓусебните односи во семејството и
појавата на семејно насилство долго време се сметале за приватна работа која како
таква не може да биде опасна за општеството. Со самото дефинирање на семејството
како основна општествена заедница, во чии рамки е интеракцијата на нејзините
членови која што пак, се рефлектира на одредени сфери на општествениот живот, се
согледува дека семејното насилство е општествен проблем.

3.1. Облици на семејно насилство

Со дефинирањето на семејното насилство во Законот за семејство се


предвидуваат повеќе облици на семејно насилство, а се определува и кругот на лицата
кои имаат учество во него без оглед на тоа дали се јавуваат како негови директни
извршители или како оштетени, односно жртви на семејно насилство. За семејното
насилство како посебен облик на противправно однесување е специфично тоа што
законодавецот не го прадвидел како посебна правна одредба, туку е вклучена како
9
Светски извештај за насилствп и здравје, Светска здравствена прганизација, 2002, Женева

14
посебен облик на извршување на одредено криминогено дејство и како посебен став во
рамките на законската одредба. Од особена важност при одлучувањето по пријава за
семејно насилство е диференцирањето на секое поединечно превземено дејство,
неговиот вид, неговиот карактер и неговиот интензитет бидејќи е неопходно да се
утврди дали дејствата опишани во пријавата спаѓаат во групата дејства што можат да
се оквалификуваат како семејно насилство.10За таа цел, Кривичниот законик
предвидува повеќе појавни облици на семејно насилство кое според видот може да
биде економско, физичко, психичко или сексуално.

3.1.1. Физичко насилство

Физичкото насилство се дефинира како употреба на физичка сила или закана


дека истата ќе биде употребена врз жртвата од друг полнолетен член од нејзиното
семејство.Физичките напади или агресивното однесување на насилникот може да
доведат од гребнатинка до убиство. Физичкото насилство се состои од: туркање, удари,
влечење за коса, удирање шлаканици, клоцање, давење,боксирање, фрлање предмети
по жртвата, нанесување повреди со разни видови оружје, нанесување изгореници и
друго. Физичкото насилство се санкционира со кривични дела против животот и
телото и тоа: убиство, убиство на миг, телеснаповреда и тешка телесна повреда.11
Според Кривичниот законик, физичкото насилство како облик на семејно насилство е
појавна форма на извршување на кривични дела против животот и телото:
- Кривично дело убиство,12
- Кривично дело телесна повреда (за кое што гонењето се превзема по предлог на
жртвата)13
- Кривично дело тешка телесна повреда.14

10
Практикум за ппстапуваое вп случаи на семејнп насилствп и насилствп, Академија за пбука на судии и
јавни пбвинители, 2012, Скппје
11
Впдич за психплпшка ппмпш и ппддршка на жртвите на семејнп насилствп: прпграма за рабпта на
психплпшкп спветувалиште за семејнп насилствп, Здружение за еманципација, сплидарнпст и еднавпст
на жените на РМ - ЕСЕ,2010, Скппје
12
Кривичен закпник на РМ,член 123,став 1,т.2
13
Кривичен закпник на РМ,член 130,став 2
14
Кривичен закпник на РМ,член 131, став 2

15
Во Практикумот за постапување во случај на семејно насилство, особено е
нагласено дека при одлучувањето за овие кривични дела јавниот обвинител мора да
има на располагање :
- Вербални докази- исказ на жртвата или искази од други сведоци;
- Материјални докази од кои што со сигурност ќе се утврди причинско-
последичната поврзаност меѓу дејствата превземени од сторителот и
директната последица предизвикана од нив - смрт, телесно или тешко
телесно повредување;
- Вештачење со кое што ќе се утврдат видот и карактерот на повредата,
начинот и средството со кое што таа е нанесена;
- Медицинска документација што содржи податоци во поглед на повредата
што жртвата ја добила.
Точното утврдување на видот на оваа појавна форма влијае на правилната примена
на материјалното право и на соодветното санкционирање.

3.1.2. Психолошко насилство

Психолошкото насилство како облик на семејно насилство е изразено преку


конкретни однесувања на насилникот кон жртвата како што се: воспоставување на
психолошка надмоќ на насилникот врз жртвата, затворање или на друг начин
ограничување на слободата на движење на жртвата, контрола врз жртвата, контрола
врз нејзините контакти, љубомора и предизвикување на емоционални страдања кај
жртвата, омаловажување или понижување пред другите, спречување да работи
надвор од домот, доминација на насилникот во семејството дека неговиот збор
треба да биде последен, насилникот инсистира да знае каде е и со кого е жртвата
цело време, упатување на сериозни закани кон жртвата како по нејзиниот живот
или нејзиното тело, така и по животот и телото на нејзини блиски луѓе...
Од ова произлегува да се создаде однос на зависност на жртвата од моменталното
расположение на насилникот, состојба на постојан страв од можно реализирање на
упатените закани, при што се создава сложена психичка состојба што се одразува
врз психичкото здравје на жртвата. Тоа што последиците не се видливи, не значи
дека не постојат. Напротив, заради разорното дејство што го имаат врз емотивното

16
здравје на жртвата можат да бидат многу пострашни, што води кон еден затворен
круг. Жртвата станува се понемоќна и побеспомошна, а се јакне положбата на
сторителот. Ваквите состојби можат да траат долг временски период се дури не се
случи некоја инцидентна ситуација со која ќе се покаже вистинската слика.
Психолошкото насилство е можен облик на извршување на кривични дела против
слободите и правата на човекот и граѓанинот:
- Кривично дело присилба;
- Кривично дело противправно лишување од слобода;
- Кривично дело загрозување на сигурноста.
Вниманието кај овие кривични дела треба да биде фокусирано врз утврдувањето на
психичката рамнотежа на жртвата. Врз основа на соодветно невропсихијатриско
вештачење треба да се утврдат видот и степенот на нарушувањето на психичката
рамнотежа на жртвата,кое настанало како резултат од семејното насилство.

3.1.3. Сексуално насилство

Сексуалното насилство како облик на семејно насилство е присилба или обид


за присилба на сексуален однос се одвива меѓу точно одреден круг на лица. Се
дефинира низ конкретни однесувања како што се: силување, несакан сексуален
однос, понижувачки сексуален однос, присила на гледање на порнографски
филмови и подведување. Сексуалното насилство може да се одвива во многу тесен
круг, но и во поширок. Во потесен круг се јавува:
- Меѓу брачни другари кои живеат или живееле заедно во брачна или
вонбрачна заедница или во кој било вид заедница како семејство, ако имаат
заедничко дете или пак, ако се наоѓаат во блиски лични односи ;
- Над дете.

Во поширок кругможе да биде :


- Над постари членови на семејството кои живеат во иста семејна заедница;
- Меѓу браќа и сестри, полубраќа и полусестри;
- Над членови на семејството чија деловна способност е делумно или целосно
одземена.

17
Сексуалното насилство како облик на семејно насилство е предвидено во Кривичниот
законик на Република Македонија во глава 19, во групата на кривични дела против
половата слобода и половиот морал иако не е јасно издвоено како посебен облик на
извршување, ниту пак е издвоено како посебен став во рамките на законските одредби.
Треба да се потенцира дека сексуалното насилство често е проследено со психичко
насилство бидејќи контролата што ја воспостваува насилникот над жртвата ја опфаќа и
контролата над нејзината полова слобода, а битен сегмент во одредени ситуации е
употребата на физичка сила. При овој облик на семејно насилство, освен надворешните
физички повреди, како директна последица од нападот, жртвата може да се зарази и со
сексуално пренослива болест.

3.2. Видови на насилство во семејството

Семејното насилство претставува континуирана примена на физичка и психичка


сила и се манифестира преку телесно повредување, изразување на контрола и моќ и
загрозување на односите на доверба. Може да биде насочено кон еден или повеќе
членови на семејството и тоа: насилство меѓу сопружници, насилство врз деца и
насилство врз повозрасни лица.

3.2.1. Насилство меѓу брачни другари

Насилство меѓу брачни другари е она насилство кое го врши возрасен човек
над својот партнер од актуелниот или од претходниот период во брачни или вонбрачни
хетеросексуални, хомосексуални и бисексуални односи кое вклучува физичко,
сексуално и психичко насилство.15
Овој вид на семејно насилство се разликува од другите видови на семејно насилство по
тоа што наизглед станува збор за однос на рамноправни или еднакви членови на
семејството, наспроти односот на децата и родителите или на возрасните деца и
нивните стари родители. Генерално се дефинира како насилство врз жена од нејзиниот
сопруг или нејзиниот партнер со кого е во заедница, но исто така, се однесува и на

15
Ajdukovid, D., Nasilje nad ženom u obitelji, 2000, Zagreb

18
маж кој е нападнат од страна на неговата сопруга или партнерка со која е во заедница,
како и насилство кое се случува меѓу две личности од ист пол кои живеат заедно како
интимен пар. Ги опфаќа сите облици на семејно насилство како што се актуелните или
заканувачки: физички напад, сексуален напад, психичко насилство, економска
контрола и прогресивна социјална изолација.
Насилството меѓу брачни партнери се јавува меѓу партнери или во семејства независно
од нацијата, расата, религијата, економскиот статус, нивото на едукација и место на
живеење. Иако се смета дека жените, како физички послаби, почесто се јавуваат како
жртви на семејно насилство, во пораст е бројот на мажи кои се јавуваат како жртви на
семејно насилство.

3.2.2. Насилство врз деца

Насилство врз деца постоело отсегогаш во различни облици и честопати било


придружено со други облици на семејно насилство, а најчесто со насилството над
интимниот партнер. Се дефинира како телесно и психичко повредување, сексуално
насилство и запоставување на деца помлади од 18 години, од страна на возрасен. 16
Насилството се јавува во форма на телесно, емоционално и сексуално насилство кои
можат да се јават во еден облик или здружени. Физичкото насилство претставува
намерен чин на возрасен човек, кој може да биде умерен или тежок и кој резултира со
повредување на детето. Најчести начини на умерено физичко насилство над децата се
удирањето по задникот со рака или предмет, шлаканица или кубење за коса. Додека
пак, тешко физичко казнување вклучува удар со предмет било каде по телото освен по
задникот, удар со нога, удар со шака, гушење, горење или закана со нож или пиштол.17
Многу студии покажуваат дека физичкото насилство врз деца е речиси секојдневен
метод на “воспитување” на децата. Спрема проценката на Светската здравствена
организација во 2000 година умреле 57000 деца под 15 години од последици на
насилство од страна на родителите или старателите.

16
Ostojid, E., Babovid, N., Senjak, M., Pojskid, M., Priručnik za pomagače i pomagačice koji rade sa žrtvama i
preživjelima nasilja,2008, Medica Zenica- Infoteka, Zenica
17
Buljan-Flander, G. i Kocijan-Hercigonja, D., Zlostavljanje i zanemarivanje djece, 2003,Zagreb

19
Емоционално насилство и запоставување се дефинира како однесување на возрасните
со кое се повредува детската самодоверба и социјалните способности и вештини, а се
јавува во форма на отфрлање, понижување, тероризирање, изолирање, експлоатација,
игнорирање и слично.18Во поширока смисла, емоционалното насилство го опфаќа
деструктивното однесување на возрасните кон детето, што вклучува и присутност на
непријателско однесување и отсутност на позитивен пристап. Емоционалното
насилство тешко се регистрира, особено ако изостанува физичкото насилство, а
најчесто се јавува во комбинација со физичко или сексуално насилство.
Сексуално насилство на деца подразбира не само насилен или ненасилен сексуален
однос, туку и други дејства како што се мулување на детето, допирање, додворување,
изложување на детето да позира без облека, порнографија, присилување на детето да
гледа сексуален чин на возрасни и друго.19
Сексуалното насилство на дете може да се јави во форма на контакт, допир, како и во
форма која исклучува директен контакт, но вклучува други дејства на возрасен човек
за постигнување сексуално задоволство. Сторители можат да бидат родители, роднини
или блиски пријатели што упатува на постоење на сексуално насилство на деца во
форма на инцест и семејно насилство.20
Казнувањето на детето има долгорочни последици на складниот развој на личноста.
Детето кое што е изложено на долготрајно физичко насилство станува интровертно,
плашливо и недоверливо. Агресијата се акумулира и во прва прилика ја искалува на
послаби од себе. Кај него се јавува желба за освета која ја потиснува заради возраста и
немоќта, така што се јавува типична магнетска поврзаност токму за тие кои ги
злоупотребуваат.21
Систематското физичко казнување ствара пореметувања, а траумата во раното детство
оневозможува складно, хармонично и сестрано прилагодување во подоцнежниот
живот. На ваквата појава во прилог и оди семејното опкружување исполнето со терор
проследено не само со физичко туку и со психичко насилство.
Децата освен жртви на семејно насилство, можат да бидат и сведоци на семејно
насилство што може да предизвика сериозни емотивни потреси и да се одрази врз

18
Buljan-Flander, G. i Kocijan-Hercigonja, D., Zlostavljanje i zanemarivanje djece, 2003,Zagreb
19
Buljan-Flander, G. i Kocijan-Hercigonja, D., Zlostavljanje i zanemarivanje djece, 2003,Zagreb
20
Pajevid, I., Avdibegovid, E., Hasanovid, M., Sutovid, A., Školska skripta iz Socijalne patologije, Islamski
pedagoški fakultet,2006, Zenica
21
Pajevid, I., Avdibegovid, E., Hasanovid, M., Sutovid, A., Školska skripta iz Socijalne patologije, Islamski
pedagoški fakultet,2006, Zenica

20
нивниот развој како личности. Доживувањето на насилството во рана возраст често
придонесува кон насилничко однесување и во подоцнежната возраст. Децата кои биле
изложени на континуирано насилство, кои растеле во семејство во кое тоа било
секојдневие, често кога ќе пораснат го практикуваат тој утврден начин на однесување и
комуникација, за кој единствено знаат и затоа тие се насилни кон своите партнери или
кон сопствените деца. Изложеноста на насилство во семејството има големо влијание
на развојот на родовиот идентитет, при што момчињата лесно се идентификуваат во
улога на насилник, а девојчињата во улога на жртви, а влијае и на развивање на
различни уверувања што придонесуваат кон пренесување на насилството од генерација
на генерација. Прекинувањето или продолжувањето на меѓугенерацискиот синџир на
малтретирање најнапред се однесува на социјалната поддршка на личноста,
малтретирана во детството, што ќе ја добива и кога ќе стане возрасна, во своето
потесно и пошироко опкружување.22

3.2.3. Насилство над повозрасни лица

Насилството над повозрасни лица се дефинира како физичко, сексуално,


психичко и економско насилство, експлоатација или несоодветен третман од лицата со
кои што живеат. Најчесто, злоупотребувачи се децата и блиски роднини на жртвата
кои ги принудуваат на изолација, им се закануваат, манипулираат со нив или користат
сила за да ги контролираат. Се изразува во вид на занемарување и запоставување на
старите и изнемоштени родители преку финансиско искористување до монструозно
мачење и убиства.23
Физичкото насилство подразбира намерно удирање, удирање шлаканици, туркање,
тресење, влечење за коса, насилно хранење со последици и појави на модрици и други
облици на телесни повреди. Додека пак, сексуалното насилство над повозрасни лица,

22
Ц.Периќ,С.Андпнпва,Џ.Мишевска,З.Треневска,Практикум за пбука на прпфесипналци кпи ппстапуваат
вп случаи на семејнп насилствп и насилствп врз жена,2014, Академија за судии и јавни
пбвинители,Скппје
23
Kovačevid, S. i Mujačinovid, N., Podrška porodici u krizi, Iskustva Centra za socijalni rad Zenica, Islamski
pedagoški fakultet u Zenici, Sistem preveniranja socijalnog isključivanja mladih, Islamski pedagoški fakultet u
Zenici,2007, Zenica

21
се дефинира како стапување во сексуален однос со повозрасно лице со примена на
сила, закана, принуда или без негова согласност.
Психичкото насилство вклучува увредливи коментари, вознемирување, закани,
обраќање на повозрасните во инфантилен манир, третирање на старите на инфантилен
начин како што е давање кукла на чување или играње или пак, обраќање на начин како
што се обраќа на мали деца.24
Економското насилство, кое е дел од психичкото насилство, се означува како одзимање
или проневера на имотот на старите лица со присила или финансиско преземање.
Најчесто, економското насилство над стари лица го прават сродниците, пријателите
или оние кои ги негуваат и живеат со нив.
Присутно е и насилството на деца над родителите, при што се работи за возрасни
деца, кои го вршат насилството заради чувство на немир, семејни обврски, реакција на
забрана, тешкотии во емотивна врска, економска ситуација, криминал, наркоманија и
слично.
Насилството над повозрасните лица претставува поединечен или повторен чин на
акција или воздржување од дејствување во рамките на меѓучовечкиот однос базиран на
доверба, а кој предизвикува болка и вознемиреност на повозрасните лица.
Како резултат од насилството над повозрасни лица се јавуваат не само последици во
вид на телесни повреди и запуштен изглед, туку се јавуваат и психички последици кои
се одразуваат на расположението, при што лицата често се депресивни, апатични,
склони кон самоповредување, со губиток на апетит и воља за живот.
Насилството над повозрасните лица претставува сериозен и за жал, многу застапен
проблем кој е со тенденција на пораст бидејќи се соочуваме со популација што брзо
старее.25

24
Pajevid, I., Avdibegovid, E., Hasanovid, M., Sutovid, A., Školska skripta iz Socijalne patologije, Islamski
pedagoški fakultet, 2006,Zenica
25
Заеднички прптпкпл за ппстапуваое вп случај на семејнп насилствп,Наципналнп кппрдинативнп телп
за превенција на семејнп насилствп, сп ппддршка на УНДП, 2010,Скппје

22
3.3. Динамика и циклус на семејното насилство

Според Прирачникот за заштита од семејно насилство, од судска пракса, кај


случаите на долготрајно семејно насилство се утврдиле одредени карактеристики на
динамиката и циклусот на семејното насилство :
- Семејното насилство не е изолиран и случаен настан на губење контрола,
туку напротив, станува збор сложен и континуиран образец на однесувања.
Примарно, малтертирачкиот однос е обележан со моќ и контрола.
Насилникот смета дека има право на потполна моќ над жртвата.
- Со тек на времето насилството не се намалува и станува се почесто и
побрутално. Насилството и малтретирањето можат да започнат со развојот
на една емотивна врска или потоа во било која од фазите на животниот
циклус на едно семејство.
- Насилникот кој еднаш извршил насилство врз жртвата, најчесто така и
продолжуваат и доколку неговото насилно однесување не предизвика
негативни последици за него, ќе го повторува актот на семејно насилство со
зголемена зачестеност и интензитет.
Циклусот на семејното насилство се одвива во три фази:
Во првата фаза се јавува растечка напнатост односно напнатоста помеѓу насилникот и
жртвата расте и жртвата е свесна дека следува напад. Карактеристично за оваа фаза е
појава на помали инциденти и обиди на жртвата да ја смири ситуацијата.
Втората фаза е експлозија односно настанување на насилство. За време на насилството,
чие времетраење може да биде различно, доаѓа до ослободување на напнатоста која се
акумулирала во првата фаза. Кај жртвата се јавуваат шок, негација и неверување и таа
обично во оваа фаза не бара помош освен ако не е тешко повредена.
Третата фаза ја карактеризираат жалење и извинување. Некои насилници покажале
згрозување и каење заради своите постапки и своето однесување го оправдувале со
нервоза од работата, пиењето, однесувањето на децата или друг член на семејството и
слични изговори.
Заради специфичноста на динамиката и циклусот на семејното насилство, каењето на
насилникот и променетиот став на жртвата не треба да се земат како олеснителна
околност при одлучувањето на судиите во постапките за заштита од семејно насилство.

23
4. ПРАВЕНАСПЕКТ НАСЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

Во Република Македонија промовирањето на семејното насилство започнува во


1994 година со првите активности на невладиниот сектор насочени кон запознавање на
јавноста со оваа појава и кон непосредна помош и поддршка на жените - жртви и
нивните деца. Со согледувањето на сериозноста од појавата на семејното насилство,
Република Македонија го дефинира поимот семејно насилство во Кривичниот законик
на 08.04.2004 година со што се преминува кон преземање мерки за справување со
проблемот и појавата на семејното насилство.

Кривичниот законик на Република Македонија под семејно насилство подразбира


малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување,
полово или друго психолошко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство
на несигурност, загрозување или страв спрема брачниот другар, родителите, децата
или други лица што живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко
домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко
дете или се наоѓаат во блиски лични односи.26

Со измените и дополнувањето на Законот за семејство во 2004 година, семејното


насилство се уедува со посебна глава, се дефинира што е семејно насилство, се
утврдува мандатот за работа со жртвите на семејно насилство и постапување по однос
на превземање на привремени мерки на заштита за жртвите и постапувањето на судот
за изрекување на привремени мерки за заштита и предлог – мерки кон насилникот.

Со реформата на социјалната заштита од 2004 година е предвидено и формирање


Центар за лица жртви на семејно насилство, што може да биде основан како установа
или како организациски дел на соодветна установа. Центарот за лица - жртви на
семејно насилство обезбедува дневно и привремено прифаќање и згрижување на овие
лица, што може да трае најмногу три месеци, со можност за продолжување за уште три
месеци, а во исклучителни случаи за уште шест месеци.

Во 2006 година е утврдена конкретна надлежност за поединечни институции за


извршување на изречени привремени мерки на заштита. Имено, со измените на

26
Кривичен закпник на Република Македпнија, член 122, став19, Службен весник 19/04

24
Законот за семејство во 2006 година се утврди мандат на релевантните министерства
во делот на извршувањето на Привремените мерки за заштита.27

Покрај овие измени и дополнувања, а со цел унифицирана и сеопфатна


имплементација на Законот, како и заради хармонизирање со меѓународните стандарди
на ова поле, Министерството за труд и социјална политика во соработка со релевантни
граѓански организации, во 2007 година подготви предлог за измени и дополнувања на
законот за семејство.28Во 2007 година заради операционализација на дел од законските
решенија од Законот за семејство и унапредување на подзаконската регулатива, се
донесе Правилник за начинот на спроведување и следење на изречените мерки за
заштита на семејството и лицата жртви на семејно насилство преземени од центарот за
социјална работа и за начинот на следење на привремените мерки изречени од судот.

Со измените и дополнувањата, во 2008 година се обезбеди усогласување на


дефиницијата на семејното насилство со Кривичниот законик; можност на
здруженијата на граѓани да обезбедуваат марки за заштита на жртвите на семејно
насилство, должност за известување на сите институции кои преземаат дејства за
заштита од семејно насилство до надлежниот центар за социјална работа во рок од 72
часа. Воедно, со измените се дава дополнителна можност на жртвата, освен посредно
преку Центарот за социјална работа, сама непосредно да поднесе предлог до судот за
изрекување на привремена мерка за заштита.

Според Законот за семејство, објавен во Службен весник број 153 од 20.09.2014


година, се забранува секаков вид насилство меѓу членовите на семејството, без оглед
на пол и возраст.

Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување


на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко или физичко
насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв
спрема:

- брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или
вонбрачна заедница или заедничко домаќинство,

27
Закпн за семејствп, Службен весник на РМ бр.33/2006
28
НАЦИПНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА ПД СЕМЕЈНП НАСИЛСТВП 2008-2011 ГПДИНА

25
- поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во
блиски лични односи, вклучувајќи ги односите кои настануваат со посвојувањето и
старателството,

- браќа и сестри, полубраќа и полусестри,

- постарите членови во семејството или заедничкото домаќинство и

- лица/членови на семејството или заедничкото домаќинство чија деловна способност е


делумно или целосно одземена.

Под блиски лични односи, во смисла на овој закон, се подразбираат лични односи меѓу
лица од различен пол кои се или биле во партнерски односи, а не живеат во вонбрачна
заедница.29

Измените и дополнувањата на Законот за семејство од 2014 година се однесуваат на


основите и постапката за одземањето на вршењето на родителското право со кои се
утврдува дека како злоупотреба или грубо занемарување на родителското право ќе се
смета и наведувањето на питачење од стана на родителот. Согласно членот 90 од овој
закон, како злоупотреба или грубо занемрување на родителското право се смета, исто
така, ако родителот му дозволува употреба на алкохол, дрога или други психотропни
супстанции како и наведување на детето на општествено неприфатливи поведенија. Во
истиот член е регулирано дека во случај на злоупотреба на родителското право или
грубо занемарување на родителското право, на родителот му се одзема вршењето на
родителското право во вонпарнична постапка.

Со погоре наведените измени и дополнувања, во целост се менува и уредува


постапката на центрите за социјална работа во случаите на злоупотреба или грубо
занемарување на родителското право и се пропишува надзор над вршењето на
родителското право и стручно - советодавна работа со родителите и децата. Доколку
родителот не постапи по укажувањата на Центарот за социјална работа или ако
родителот со своето постапување го довел во опасност животот на детето, Ценарот за
социјална работа е должен веднаш времено да го одземе детето, да му обезбеди
соодветно згрижување на детето и да покрене постапка за одзимање на родителското
право. Исто така, со измените на овој закон се уредува и дека Центарот за социјална

29
Закпн за семејствптп,Пречистен текст, член 94-б,Службен весник брпј 153 пд 20.10.2014

26
работа е должен веднаш да поведе постапка против родителот за сторено кривично
дело.

Во 2014 година е донесен Закон за превенција, спречување и заштита од семејно


насилство со кој се уредува одговорното и должното постапување на институциите и
здруженијата, нивната меѓусебна координација и соработка, заради превенирање и
спречување на семејното насилство и обезбедување на заштита на жртвите. Целта на
овој закон е преземање на мерки насочени кон превенција и заштита на жртвите на
семејно насилство, почитување на основните човекови слободи и права, живот, личен
интегритет, недискриминација и родова еднаквост, со должно внимание на интересите
и потребите на жрвата.30

Според овој закон, Владата на Република Македонија донесува Национална стратегија


за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, за период од пет години и
формира Национално координативно тело против семејно насилство со мандат од пет
години.

Со Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство се уредува


мултисекторската соработка на надлежните институции и здруженија која што се
утврдува со Протокол за меѓусебна соработка, донесен од Владата на Република
Македонија, на предлог на Министерството за труд и социјална политика.

4.1. Надлежни органи и институции за превенција,спречување и


заштита од семејно насилство

Надлежни органи и институции за превенција, спречување и заштита од семејно


насилство се:

- Министерството за труд и социјална политика,


- Министерството за внатрешни работи,
- Министерството за здравство,
- Министерството за образование и наука,
30
ЗАКПН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА, СПРЕЧУВАОЕ И ЗАШТИТА ПД СЕМЕЈНП НАСИЛСТВП, Службен весник на РМ
брпј 138 пд 17.09.2014 гпдина

27
- Министерството за правда,
- Единиците на локалната самоуправа,
- Институциите кои вршат дејност од областа на социјалната заштита,
детската заштита, внатрешните работи, здравството, вработувањето и
образованието.

Според законските одредби, Надлежните органи и институции за превенција,


спречување и заштита од семејно насилство преземаат мерки за заштита на жртвата и
спречување на насилство и остваруваат меѓусебна соработка и координација.

4.2. Национална стратегија

Национална стратегија за превенција, спречување и заштита од семејно


насилство, со мандат од пет години, донесува Владата на Република Македонија.31

Националната стратегија ја подготвува Министерството за труд и социјална политика


во соработка со Надлежните органи и институции за превенција, спречување и
заштита од семејно насилство и се однесува на:

- анализа на сосојбата и утврдување на целите и задачите за спречување и


заштита од семејно насилство,
- утврдување на политиките на полето на семејното насилство,
- проширување на достапноста на мерките за превенција, заштита, помош и
поддршка на жртвите, како и мерките за третман на сторителите,
- утврдување на мерки, активности и носители за реализација,
- воспоставување на база на податоци во секое ресорно министерство,
- континуирана едукација и тренинг на стручните лица,
- потребни финансиски средства за спроведување на стратегијата и извори на
средства.32

31
ЗАКПН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА, СПРЕЧУВАОЕ И ЗАШТИТА ПД СЕМЕЈНП НАСИЛСТВП, Службен весник на РМ
брпј 138 пд 17.09.2014 гпдина
32
ЗАКПН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА, СПРЕЧУВАОЕ И ЗАШТИТА ПД СЕМЕЈНП НАСИЛСТВП, Службен весник на РМ
брпј 138 пд 17.09.2014 гпдина

28
4.3. Национално координативно тело

За потребите на следење и оценка на имплементацијата на Националната


стратегија, Владата на Република Македонија формира Национално координативно
тело со мандат од пет години, кое го сочинуваат претставници од владиниот и
граѓанскиот сектор и тоа по двајца преставници, од кои еден член и еден заменик член
од:

- Министерството за труд и социјална политика,


- Министерството за внатрешни работи,
- Министерството за здравство,
- Министерството за правдаи
- Министерството за образование и наука.

Двајца претставници од :

- Собранието на РепубликаМакедонија,
- правосудниот систем, од кои еден судија на основен суд на предлог на
Судскиот совет на Република Македонија и еден јавен обвинител на предлог
на Советот на Јавните Обвинители на Република Македонија и
- здруженија, кои се регистрирани за работа со семејно насилство.

Еден претставник на Народниот правобранител на Република Македонија.

По потреба во својата работа, Националното координативно тело, ќе вклучи и други


институции, бизнис заедница, локални самоуправи, академски професори, културни и
научни работници, здруженија и медиуми.

Со Националното координативно тело против семејното насилство претседава


Министерот за труд и социјална политика. Административние работи за потребите на
ова Тело ги врши Министерството за труд и социјална политика.

Националното координативно тело против семејното насилство ги врши следните


работи:

- следење и анализирање на состојбите со семејното насилство,


- координирање на активностите на надлежните институции и здруженија,

29
- предлагање мерки за унапредување на националните политики и мерки за
имплементација на националните политики.

Националното координативно тело против семејното насилство носи деловник за


својата работа. Националното координативно тело против семејното насилство за
својата работа ја информира Владата на Република Македонија, преку доставување на
годишен извештај во месец јануари во тековната за претходната година.

Покрај формирање на Национално координативно тело, Владата назначува


Национален известувач кој е одговорен за следното:
- Надгледување на севкупните активности за спречување и заштита од
семејно насилство,
- Собирање и анализа на податоци од релевантните партнери,
- Мониторинг и евалуација на имплементираните активности по
Националниот акционен план,
- Носи заклучоци и дава препораки за подобрување на активностите за
имплементација на политиките за подобар институционален одговор,
- Дава препораки за ревизија на стратешките цели,
- Изготвување на годишен извештај,
- Комуникација со релевантните национални институции, како и
33
комуникација со меѓународни институции од земјата и странство.

4.4. Национална стратегија 2008 – 2011

Националната стратегија 2008 – 2011 за заштита од семејно насилство


претставува основен стратешки документ на Република Македонија, во кој се утврдени
стратешките насоки и приоритети за сузбивање и спречување на овој вид на насилство,
како и одговорните носители за нивно спроведување.34

33
Наципнална стратегија за спречуваое и заштита пд семејнп насилствп 2012-2015, автпри Спфија
Спаспвска и други, Министерствп за труд и спцијална пплитика, 2012, Скппје
34
НАЦИПНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА ПД СЕМЕЈНП НАСИЛСТВП, Министерсвп за труд и спцијална
пплитика, Здружение за еманципација, сплидарнпст и еднаквпст на жените на РМ-ЕСЕ, 2008,Скппје

30
Стратегијата е усвоена во април 2008 година од страна на Владата на Република
Македонија и изготвена од именувани претставници од Министерството за труд и
социјална политика, Министерствоо за внатрешни работи, Министерството за
здравство, Минисерството за образование, Министерството за правда и претставници
од граѓански организации кои работат на полето на семејното насилство - Акција
“Здруженска”, Кризен центар “Надеж”, Форум на албанска жена- Тетово, “Меѓаши” и
Центар за социјална и кризна акција.

Поставената стратешка цел за воспоставување на сеопфатен ефикасен систем за


заштита и превенција од семејно насилство во Република Македонија, На
Националната стратегија 2008 – 2011, се реализира преку намалување на појавата на
семејното насилство и подобрување на квалитетот на заштита со системски мерки во
областите на превенција, интервенција, едукација, следење и мултисекторска
координација.

4.4.1. Спроведени активности

Посебна цел 1: Воспоставување и развивање на мултисекторски координиран


пристап во заштита на жртвите на семејното насилство

По усвојувањето на Националната стратегија за заштита од семејното насилство


2008 – 2011, Владата на Република Македонија формира Национално координативно
тело составено од претставници на релевантните министерства и граѓански здруженија
со мандат за следење на спроведувањето на стратегијата, усвојување на акционен план
за спроведување на стратешките цели, следење на прогресот, проценка на постигнатите
резултати и изготвување на шест месечни извештаи и редовно известување на Владата
на Република Македонија за постигнатите резултати.

Иако Националното координативно тело се покажало како добра практика, увидено е


дека за поцелосно и поодговорно спроведување на стратешките активности и мерки, во
секој сектор е потребно да се формираат интерни тела во кои ќе земат учество
соодветни претставници кои би служеле и како поддршка на претставникот во
Националното координативно тело.

31
За исполнување на посебната цел 1, Воспоставување и развивање на мултисекторски
координиран пристап во заштита на жртвите на семејното насилство, интерресорската
група изготвила Заеднички протокол за постапување во случај на семејно
насилство со механизам за упатување.

Посебна цел 2: Превенирање на појавата на семејното насилство преку воспитно


– образовниот процес

За исполнување на оваа цел спроведени се низа активности, обуки, истражувања


и објавување на прирачници насочени кон превенција од насилство.

Од делот на обуките, обучени се девет советници од Бирото за развој на образованието


и 20 фасцилитатори на Алгоритам центар за спроведување и следење обуки за
креирање сеопфатна програма за превенција на насилство во основните училишта во
Република Македонија.

Исто така, во дваесет основни училишта се избрани по четири училишни лидери и


спроведена е обука со цел да се креира училишна политика која ќе се промовира и која
ќе поттикне ненасилно однесување во училишната средина.

Спроведено е истражување ”Студија за иницијалната состојба со насилството во


основните училишта воМакедонија”, за состојбата со насилството во училиштата, со
истражувачки извештај.

Изработена е брошура “Запирање на насилството во училиштата – водич за


наставници” , која што нуди десет подрачја за акција со соодветни практични примери,
со цел за справување и спречување на насилството во училниците и училиштата со
употреба на конструктивна дисциплина и елиминирање на телесно казнување.

Исто така, изработен е и Прирачник за спречување и заштита од дискриминација во


воспитно образовниот систем на Република Македонија кој е дисрибуиран до сите
училишта во државата.35

36
Со измените и дополнувањата на Законот за основното образование и на Законот за
37
средното образование во 2011 година стапува на сила советувањето на родителите,

35
Наципнална стратегија за спречуваое и заштита пд семејнп насилствп 2012-2015,автпри Спфија
Спаспвска и други,Министерствп за труд и спцијална пплитика, 2012,Скппје
36
Службен весник на Република Македпнија брпј 18 пд 14.02.2011 гпдина, дпдадена глава V пп член 64

32
кое освен тоа што има за цел да го подобри однесувањето на ученикот и намалување на
насилството, истовремено е детектор и на проблеми кои се поврзани со семејно
насилство. Советувањето на родителите го вршат училишните психолози и педагози а
за успешна реализација е објавен Прирачник за советување на родители на учениците.

Посебна цел 3: Едукација на професионалните структури

За зајакнување на професионалните структури се спроведени значителни


активности при што особено е запазен принципот на мултисекторската соработка и
вмрежувањето на локалните капацитети. Работната група номинирана од
Националното координативно тело за следење и оценка на имплементацијата на
Националната стратегија за зашита од семејно насилство 2008 – 2011 утврдила дека за
исполнувањето на Посебната цел 3 се спроведени следниве активности:

- Обучени се 559 професионалци од центрите за социјална работа,


здравствените установи, воспитно – образовните установи, локалната
самоуправа и граѓанските организации од 31 општина за мултиагенциска
работа за борба против семејното насилство.
- Обучени се 280 професионалци за употреба на изготвениот Протокол за
постапување на релевантните институции во случај на семејно насилство за
стручни лица од Центрите за социјална работа, полиција, здравство, суд и
граѓански здруженија, во соработка со НВО секторот.
- Обучени се 17 стручни лица од Центар за социјални работи - Скопје,
Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување
на Република Македонија за тренери за психосоцијална поддршка на
жртвите на семејното насилство.
- Обучени се 30 стручни лица од Центрите за социјална работа за стандардите
на Центрите за социјална работаво постапувањето со жртви на семејно
насилство и обезбедување правна помош.
- Обучени се 15 стручни лица од Центарот за социјална работа, Заводот за
социјални дејности и Заводот за ментално здравје за работа во
советувалиште за деца и мајки жртви на семејно насилство.

37
Службен весник на Република Македпнија брпј 18 пд 14.02.2011 гпдина, дпдадена глава V пп член 58

33
- Обучени се 1980 здравствени работници (општи лекари, психијатри,
педијатри, гинеколози и лекари од брза помош) за рана детекција и
превенција од семејно насилство.
- Обучени се 70 универзитетски кадри од девет факултети, Социјална работа
и политика, Педагогија, Психологија, Медицински факултет, Правен
факултет, Институт за социолошко политичко правни истражувања,
Факултет за Родови студии, Факултет за Високо образование на сестри и
Факултет за безбедност, за модулите на Светската Здравствена Организација
за превенција на насилство.
- Обучени се 14 професионалци за работа со сторители на семејно насилство и
нивен психосоцијален третман.
- Обучени се 70 професионални структури од Центрите за социјална работа и
Агенцијата за вработување на Република Македонија за работа сожртви на
семејно насилство со цел за поголемо вклучување на жртвите на семејно
насилство во програмите за вработување.
- Обучени се 160 полициски службеници, судии, обвинители и стручни лица
од Центрите на социјална работа за практична примена на постапувањето во
случај на семејно насилство и координирано преземање на законски мерки .
- Обучени се 29 судии, 16 обвинители заедно со стручните лица од Центрите
за социјална работа за воспоставување на координиран механизам помеѓу
центрите за социјална работа и судовите за клучните елементи на
супервизија на родителските права за заштита на децата од семејно
насилство.
- Со цел на зајакнување на капацитетите на стручните лица во установите за
социјална заштита започнат е процесот на лиценцирање. За таа намена од
страна на Заводот за социјални дејности донесена е Програма за почетна
иконтинуирана едукација во процесот на издавање, продолжување и
одземање на лиценците за работа на стручните лица.38

38
Наципнална стратегија за спречуваое и заштита пд семејнп насилствп 2012-2015,автпри Спфија
Спаспвска и други,Министерствп за труд и спцијална пплитика, 2012,Скппје

34
Посебна цел 4: Подобрување на системот за заштита на жртвите на семејно
насилство

За да се обезбеди одржливост на СОС линијата за пријавување на семејно


насилство, со цел оваа услуга да биде достапна на локално ниво, спроведена е обука за
работа на СОС телефон на доверба, наменета на невладиниот сектор.

Со цел да се подобри квалитетот на услугите за правна помош изготвени се стандарди


за НВО кои обезбедуваат бесплатна правна помош. За истата цел, спроведена е посебна
обука на адвокати кои даваат правна помош на жртвите на семејно насилство.

Формирана е првата национална мрежа на НВО кои работат во областа на спречување


на насилство врз жена и семејно насилсво и постепено прераснува во правен субјект со
свој статут,стратешки цели и утврдени приоритети на делување.

Отворено е Советувалиште за родителии деца жртви на семејно насилство, како и


Советувалиште за работа со сторители на семејно насилство.

Економската еманципација на жените жртви на семејно насилство како една од


активните мерки за вработување на целните групи, Министерството на труд и
социјална политика ја вклучува во Оперативните програми за вработување со кои се
предвидени мерки за самовработување, обука за поедини дефицитарни занимања и
вештини и субвенционирани вработувања кај работодавачи. Овие мерки се предвидени
и во Оперативниот план на Владата на Република Македонија за 2010 година со што
предвидената програма се реализира во пилот општини.

Во рамките на оваа посебна цел континуирано се спроведува сензибилизирањето на


јавноста. Се одржуваат годишни кампањи во рамките на 16 дена активизам против
семејното насилство. Се организираат настани, трибини, медиумски кампањи и
јакнење на невладините организации за да може системот на помош, поддршка и
заштита од семејно насилство да се доближи до сите граѓани и да се поттикне
пријавувањето на насилството со цел за негово запирање и намалување на последиците
од доживеаното насилство.

35
Посебна цел 5: Унапредување на граѓанско – правниот систем на заштита

Со поставувањето оваа цел посебно внимание е посветено на унапредувањето на


законската рамка во справувањето со семејното насилство, а се уредува и соработката
со здруженијата на граѓани.

Со измените и дополнувањето на Законот за семејство 39 се проширува кругот на лица


кои можат да се јават како жртва или извршител на семејно насилство со лица во
блиски лични односи а се прецизира и рокот за доставување на известувањата за
постапување од другите органи кон центарот за социјална работа во рок од 72 часа.

Исто така, со измените на овој Закон е предвидено поактивно вклучување на


граѓанскиот сектор во преземањето на мерките за заштита, самостојно или во
соработка со Центарот за социјална работа при што, со законски одредби е утврдена
соработката меѓу нив.

Со измените на овој Закон и се дава дополнителна можност на жртвата, освен посредно


преку Центарот за социјална работа, сама да поднесе предлог до судот за изрекување
на привремена мерка на заштита.

Измените на системот за помош, поддршка и заштита на жртвите на семејното


насилство соодветно се подржани и со дополнувањата на Законот за социјална
заштита.40

Посебна цел 6: Унапредување на казнено –правниот систем

Законската рамка за обезбедување на соодветна кривично – правна заштита на жрвата,


санкционирање и ресоцијализација на насилникот е подобрена преку измените и
дополнувањата на Кривичниот законик41 и усвојувањето на новиот Закон за кривична
постапка.42 Со Законот за кривична постапка, за прв пат законски се уредуваат правата
на жртвата, посебните права на ранливи категории на жртви и на жртвите на кривични
дела против половата слобода и половиот морал, човечноста и меѓународното право.

39
Закпн за именуваое и дппплнуваое на Закпнпт за семејствптп, Службен весникна Република
Македпнија бр.84/08 пд 11.07.2008 гпдина
40
Закпн за спцијалната рабпта, Службен весник на Република Македпнија бр.79 пд 24.06.2009 гпдина
41
Закпн за изменуваое и дппплнуваое на Кривичнипт закпник, Службен весник бр. 114/2009
42
Закпн за кривичната ппстапка, Службен весник бр.150/2010

36
Претставникот од Министерството за правда во Националното координативно тело,
учествува во активноста на Комитетот на Советот на Европа за изработка на
Конвенцијата за превенција и борба со насилството спрема жената и домашното
насилство.

Посебна цел 7: Воспоставување на систем за евиденција и известување за


случаите за семејно насилство од страна на сите релевантни инстиуции

За исполнување на оваа цел, во Центарот за социјални работи е воспоставена


софтверска програма за евидентирање на корисниците и формите на обезбедени
социјални услуги, како и за жртвите и извршителите на семејно насилство.Но, за да се
овозможи мониторинг и евалуација на состојбите со семејното насилство, потребно е
да се унифицираат базите на податоци во сите сектори, нивно вмрежување и креирање
на единствена национална база на податоци.

Воспоставувањето на систем за евиденција и известување за случаите на семејно


насилство од страна на судовите и јавните обвинителства е реализирано делумно.

Воведен е Автоматизиран компјутерски систем за управување со судските предмети и


воспоставено е работно тело за стандардизацијата на употребата и унапредувањето на
овој компјутерски систем.

Работната група номинирана од Националното координативно тело за следење и


оценка на имплементацијата на Националната стратегија за заштита од семејно
насилство 2008 – 2011 утврдила дека постапката за воспоставување на национален
унифициран систем за собирање на податоци за семејно насилство сеуште не е
завршена и дека треба да продолжат активностите во таа насока.

Посебна цел 8: Воспоставен механизам за спроведување на Стратегијата

Национално координативно тело ефективно го координира креирањето политики и


спроведувањето на Националната стратегија за спречување на семејното насилство и
останатите релевантни национални стратегии преку оддржување редовни месечни
состаноци каде што се презентираат тековните активности на сите релевантни
носители.

37
Како една од клучните активности на ова тело е донесување на Заеднички протокол за
постапување на надлежните институции и невладиноот сектор во случаи на семејно
насилство со соодветен механизам за упатување.

Со цел за зајакнување на капацитетите на Националното координативно тело, за


членовите се реализирани обуки за запознавање и продлабочување на знаењата за
основни човекови права, родовиот пристап и спроведување на мониторинг и
евалуација во процесот на следење на имплементација на Националната стратегија за
заштита од семејно насилство 2008-2011 година.43

4.5. Национална стратегија 2012 – 2015

Националната стратегија за спречување на семејното насилство 2012-2015 има


за цел понатамошното развивање на сеопфатен и ефективен систем за спречување на
семејното насилство во Република Македонија. Изработката на овој стратешки
документ во голема мера се потпира на Националната стратегија за заштита од
семејно насилство 2008-2011 и претставува логичен континуитет на посветеноста на
Владата на Република Македонија за функционален и ефикасен одговор на семејното
насилство. Националната стратегија, исто така е усогласена со заложбите и обврските
преземени од Владата на Република Македонија во напорите за искоренување на
семејното насилство. Истовремено Владата се обврзува на доследна имплементација
на стратешките цели и задачи содржани во Националната стратегија, што претставува
суштински чекор за поврзување на националните политики со политиките на
Европската Унија.44
Водечки принципи на сите релевантни учесници во спроведувањето Националната
стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012 – 2015 се почитување
практикување на принципите на одговорност, партнерство, постапување со жртвите

43
Наципнална стратегија за спречуваое и заштита пд семејнп насилствп 2012-2015, автпри Спфија
Спаспвска и други, Министерствп за труд и спцијална пплитика, 2012, Скппје
44
Наципнална стратегија за спречуваое и заштита пд семејнп насилствп 2012-2015, автпри Спфија
Спаспвска и други, Министерствп за труд и спцијална пплитика, 2012,Скппје

38
засновано на човековите права и слободи, недискриминација, транспарентност и
одговорност.
Основна стратешка цел на Националната стратегија 2012 -2015 е унапредување на
мерките за превенција, широко препознавање и подобрена заштита на жртвите на
семејно насилство преку координиран мултисекторски пристап на национално и
локално ниво.
Основната стратешка цел се имплементира преку пет стратешки области со
активности и посебни цели.

Стратешка област – Спречување


Посебни стратешки цели во оваа област се:
- Подигнување на свеста и развивање на неприфатливост на семејното
насилство како грубо кршење на човековите права и слободи,
- Сензибилизирање на локалните фактори за преземање на активности за
намалување на ризиците за семејно насилство во локалната заедница,
- Формирање на локални тела за превенција од семејно насилство во
Локалните совети за превенција,
- Јакнење на капацитети за имплементација на активностите за превенција.

Стратешка област – Заштита, помош и поддршка на жртвите


Посебни стратешки цели во оваа област се:

- Унапредување на институционалниот одговор непосредно по насилството


преку воспоставување на холистички пристап,
- Унапредување на препознавањето на сите облици на семејно насилство и
идентификација на жртвите,
- Достапност на директна помош и заштита на жртвите,
- Интеграција на жртвите во општественото живеење.

Стратешка област - Гонење на сторителите

Посебни стратешки цели во оваа област се:

- Унапредување на законска и нормативна рамка и


- Ефикасна имплементација заснована на почитување на правата на жртвите.

39
Стратешка област – Мултисекторска соработка и подигање на институционални
капацитети и специјализирани служби

Посебна стратешка цел во оваа област е унапредување на интегрираниот


пристап, што опфаќа креирање и спроведување на сеопфатен и координиран систем.

Стратешка област – Имплементација, следење и евалуација

Посебни стратешки цели во оваа област се:

- Формирање систем за управување со информации,мониторинг и евалуација,


- Емпириски истражувања (популациски и виктимолошки).

5. СИСТЕМ НА ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Во Република Македонија системот за заштита од семејно насилство го


сочинуваат две компоненти:

- Граѓанско - правен систем на заштита,


- Казнено - правен системна заштита.

Со Граѓанско – правниот систем на заштита се регулирани мерките за заштита


со цел да се обезбеди брза и сигурна заштита на жртвите од идно семејно насилство.

Надлежни институции кои што го реализираат граѓанско – правниот систем на заштита


се центрите за социјална работа, Министерството за внатрешни работи,
Министерството за здравство, образовните институции, невладиниот сектор и
граѓанскиот суд.

Казнено – правниот систем на заштита има за цел да го санкционира насилното


однесување што се случува во рамките на семејството и построга казнена политика
односно да пропише построги казни за кривичните дела кои што се сторени при
вршење на семејно насилство.

40
Надлежни инстиуции кои што го реализираат казнено – правниот систем на заштита се
Јавните обвинителства и Кривичните судови во Република Македонија. Првичната
заштита се остварува со поднесување записник за прием на кривична пријава до
Министерството за внатрешни работи или до Основното јавно обвинителство кое што
во рамките на своите законски овластувања мериторно одлучува и иницира постапка
пред надлежен кривичен суд.

5.1. Граѓанско – правен систем на заштита

5.1.1. Мерки за заштита

Мерките за заштита се уредени со Законот за превенција, спречување и заштита


од семејно насилство45 и нивна основна цел е да се обезбеди примарна помош и
поддршка на жртвата и да се даде одговор на нејзините потреби кои настанале како
резултат на живеењето во насилна заедница. Со мерките за заштита се штити
физичкиот и психолошкиот интегритет на жртвата и се овозможува нејзино
зајакнување, односно осамостојување.

Во Законот јасно се утврдени и обврските на Надлежните органи и институции за


превенција, спречување и заштита од семејно насилство во однос на обезбедување на
мерките за заштита на жртвите на семејно насилство.

5.1.2. Мерки за заштита на центарот за социјални работи

Центарот за социјална работа ги презема следниве мерки за заштита на жртвите:

- сместување во центар за лица – жртви на семејно насилство;

- соодветна здравствена заштита;

- соодветна психо – социјална интервенција и третман;

- психо – социјален третман во советувалиште;

45
Закпн за превенција, спречуваое и заштита пд семејнп насилствп, Службен весник на РМ брпј 138 пд
17.09.2014 гпдина

41
- помош на семејството за редовно школување на дете;

- правна помош и застапување иекономско јакнење на жртвата преку нејзино активно


вклучување на пазарот на трудот. 46

Центарот за социјална работа е должен да започне постапка веднаш а најдоцна во рок


од 24 часа од добиеното сознание да преземе мерки за заштита на жртвата. По добиено
сознание дека над лице е сторено семејно насилство, Центарот започнува постапка по
службена должност, по барање на жртвата, по пријава од физичко лице, службено лице,
институција или здружение.

Во случаите кога како жртва се јавува дете или лице кое не е во состојба да се грижи за
себе или лице со ограничена или одземена деловна способност, презема мерки за
заштита, без оглед дали постои согласност на родителот или старателот. Центарот за
социјална работа може времено да ги ограничи или забрани личните односи и
непосредните контакти на детето со родителот со кого не живее заедно, во случај кога
тоа е во интерес на детето – жртва на семејно насилство, но не повеќе од една година.

Центарот за социјална работа мерките за заштита ги врши преку стручна, советодавна,


советувалишна и интердисциплинарна тимска работа. Центарот врчи проценка на
потреби за заштита на жртвата, според видот, интензитетот, контекстот на случување
на насилството, здравствениот и семејниот статус на жртвата, нејзината возраст и
други околности во постапката за преземање на потребните мерки за заштита. Во
случаи кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на жртвата и
членовите на семејството, како и тогаш кога дете е жртва на семејно насилство, се
изготвува безбедносен план за помош, од страна на мултисекторски стручен тим.

Сместување на жртва во центарот за лица – жртви на семејно насилство се врши кога


постои сознание за реална закана по животот и здравјето на жртвата и во отсуствона
други ресурси за згрижување, кое може да трае најмногу три месеци со можност за
продолжување за уште три месеци. Во исклучителни случаи по пороцена на Центарот
за социјална работа, сместувањето во центарот за лица – жртви на семејно
насилствоможе да продолжи најмногу за уште шест месеци.

46
Закпн за превенција, спречуваое и заштита пд семејнп насилствп, службен весник на РМ бр.138 пд
17.09.2014 гпдина

42
Центарот за лица – жртви на семејно насилство може да обезбеди психо- социјална
интервенција и третман. Правната помош ја обезбедуваат стручните лица во Центарот
за социјална работа и во здруженијата. Правото на бесплатна правна помош, жртвата
го остварува согласно Законот за бесплатна правна помош.47

Центарот за социјална работа, во рок од седум дена од отпочнување на постапката, ја


известува Агенцијата за вработување на Република Македонија – надлежниот центар
за вработување, за потребата за вклучување на лицата – жртви во активните мерки за
вработување.48

5.1.3. Мерки за заштита на Министерството за внатрешни работи

Полициски службеник, секогаш кога има пријава за семејно насилство, а заради


отстранување на непосредна и сериозна опасност по животот и физичкиот интегритет
на жртвата и членовите на нејзиното семејство, должен е да излезе на местото на
настанот и да изготви полициски извештај веднаш, а најдоцна во рок од 12 часа од
интервенцијата на настанот. Полицискиот службеник во случаи на семејно насилство,
при преземањето на полициските работи и примената на полициските овластувања,
оперативно – технички и превентивни мерки утврдени со Законот за полиција, секогаш
прави проценка на ризикот по животот и телесниот интегритет на жртвата и на
ризикот од повторување на насилството, со цел за заштита на жртвата, преку соодветно
управување со ризикот.

Полициски службеник ја придружува жртвата во станот или друг простор каде жртвата
живее, кога е потребно да ги земе личните работи кои се неопходни за секојдневниот
живот. Начинот на проценка на ризикот по животот и телесниот интегритет на жртвата
и на ризикот од повторување на насилството, соодветното управување со ризикот,
образецот на полицискиот извештај и предлогот за изрекување на привремена мерка за

47
Закпн за бесплатна правна ппмпш, Службен весник на РМ брпј 161 пд 30.12.2009 гпдина
48
Закпн за превенција, спречуваое и заштита пд семејнп насилствп, Службен весник на РМ брпј 138 пд
17.09.2014 гпдина

43
заштита – отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот
ги пропишува министерот за внатрешни работи.

Полицискиот службеник, при постаапување, привремено го одзема оружјето од


сторителот и покренува постапка предвидена со закон за одземање на дозволата за
оружје, дозволата за колекционерско оружје односно дозволата за носење на оружје.
Полицискиот службеник е должен во определен рок до надлежниот суд да достаави
предлог за изрекување на привремена мерка за заштита – отстранување на сторителот
од домот и забрана за приближување до домот и полициски извештај, изготвен од
полициски службеник.

Полицискиот службеник е должен во определен рок, да го извести надлежниот центар


за социјална работа заради преземање на мерки за заштита на жртвата.

5.1.4. Мерки за заштита на здравствените установи

Здравствениот работник и здравствената установа се должни веднаш да извршат


преглед и друг медицински третман на жртвата и за истото да издадат соодветна
медицинска документација за констатираната повреда.

Здравствениот работник и здравствената установа се должни веднаш да извршат


преглед и друг медицински третман, да издаде соодветна медицинска документација за
констатираната повреда, секогаш кога како жртва се јавува дете. За овие услуги,
жртвите се ослободени од плаќање на трошоци за извршената медицинска услуга и
документација.49

49
Закпн за превенција, спречуваое и заштита пд семејнп насилствп, Службен весник на РМ брпј 138 пд
17.09.2014 гпдина

44
5.1.5. Мерки за заштита на здруженијата

Здружение, рeгистрирано за остварување на цели и задачи од областа на


социјалната заштита, согласно своите програми може да презема мерки за заштита,
самостојно или во соработка со центарот за социјална работа, Здружението е должно за
преземените мерки во рок од 24 часа да го извести центарот за социјална работа,
надлежен според местото на живеење на лицето жртва на семејно насилство.

5.1.6. Мерки за заштита на единиците на локалната самоуправа

Единиците на локалната самоуправа, во доменот на превенција и спречување на


семејното насилство обезбедуваат заштита на жртвите во заедницата, воспоставуваат
центри за згрижување, советувалишта за жртви и советувалишта за сторители на
семејно насилство, советувалиште за родители и деца, советувалиште за брак и
семејство и други форми за згрижување и помош на жртвите, како и локални СОС
линии. Единиците на локалната самоуправа преземаат мерки за воспоставување на
меѓусебна и координирана соработка на локално или регионално ниво помеѓу центрите
за социјална работа, полициските станици, здравствени, предучилишни и образовни
установи и здруженија.

5.2. Казнено –правен систем на заштита

Казнено – правниот систем на Република Македонија за ефикасно справување


со семејното насилство како појдовна основа ги има законските дефиниции за
семејството, за семејното насилство, инкриминациите на семејното насилство

45
содржани во Кривичниот законик, како и положбата на жртвата во кривичната
постапка и нејзината процесна заштита опфатени во Законот за кривичната постапка.50

Карактеристично за казнено-правниот систем на заштита е издвојувањето на семејното


насилствокако посебен вид на криминал и пропишување на построга казнена политика
за овие кривични дела. Во Кривичниот законик на Република Македонија се
пропишани построги казни за кривичните дела сторени како резултат на семејно
насилство споредбено со основните кривични дела и кривични постапки.

5.2.1. Привремени мерки за заштита од семејно насилство

Привремените мерки за заштита се изрекуваат заради итно обезбедување на


сигурност и заштита на жртвите на семејно насилство и членовите на семејството,
помош за надминување на последиците и создавање услови за реинтеграција во
социјалната средина, како на жртвата така и на сторителот. Преку изрекувањето на
привремените мерки на заштита судот му укажува на насилникот дека неговото
однесување е недозволиво и дека ако продолжи со истото, ќе следи негово
понатамошно санкционирање, вклучувајќи и кривично гонење.51

Согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, заради


запирање на насилството, отстранување на последиците од извршеното насилство и
преземање на ефикасни мерки кон сторителот на насилството, заради елиминирање на
причините на вршење на понатамошно семејно насилство, на сторителот на семејното
насилство може да му се изречат следниве привремени мерки за заштита:

- забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство;


- забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин
комуницира со член на семејството, директно или индиректно;
- забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето,
училиштето, работното место или определено место кое редовно го посетува
друг член на семејството;
50
Закпн за кривичната ппстапка, Службен весник на РМ брпј 150 пд 18.11.2010 гпдина
51
Прирачник за ппстапуваое на судпвите вп ппстапките за заштита пд семејнп насилствп, Здружение за
еменципација, сплидарнпст и еднаквпст на жените –ЕСЕ, 2015, Скппје

46
- отстранување од домот без оглед на сопственоста;
- забрана да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено;
- задолжително да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на
секојдневните потреби на семејството;
- задолжително законско издржување на семејството;
- задолжително да посетува соодветно советувалиште;
- задолжително лекување на сторителот, доколку злоупотребува алкохол, дрога и
други психотропни супстанции или има психичко заболување;
- задолжително да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од
семејното насилство;
- изрекување на која било друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се
обезбеди сигурност и добросостојба на другите членови на семејството. 52

Пред да се поднесе предлогот за привремени мерки за заштита, неопходно е прибирање


на доказите од надлежните органи за да се обезбеди брза и ефикасна заштита.
Надлежните органи во својата надлежност составуваат записници, полициски
извештаи, службени белешки, соодветна медицинска документација, изјави од жртва,
изјава од сторител, фото – документација, посебен извештај и слично.

Предлог за привремени мерки за заштита може да поднесе жртвата лично, родител или
старател ако е жртвата малолетна, Центарот за социјална работа по претходно добиена
согласност од жртвата и Министерството за внатрешни работи врз основа на
претходно направена проценка на ризик од страна на полициски службеник кој е
излезен на лице место на настанот.

Предлогот за привремени мерки за заштита треба да ги содржи доказите за


насилството и задолжително согласноста од жртвата ако постапката се води преку
Центарот за социјална работа.

Во оваа постапка постапува судија поединец. Се пристапува кон претходно


испитување на предлогот според член 98 од Законот за парнична постапка 53 и според
член 222 од Законот за семејството54 и негово уредување. Ако судијата оцени дека

52
Закпн за превенција, спречуваое и заштита пд семејнп насилствп, Службен весник на РМ брпј 138 пд
17.09.2014 гпдина
53
Закпн за парнична ппстапка, Службен весник на РМ брпј 07 пд 20.01.2010 гпдина
54
Закпн за семејствптп, Пречистен текст, член 94-б, Службен весник брпј 153 пд 20.10.2014

47
нема доволно докази или потребни документи, потребно е предлогот да се уреди во
законскиот рок од осум дена од приемот на писменото известување за уредување на
предлогот. Доколку не се постапи по барањето од страна на судот, тој може да го
отфрли предлогот, односно да не ги изрече бараните привремени мерки за заштита.

Кога предлогот го поднесува Центарот за социјална работа во прибирањето на


доказите постапуваат во корелација овластените органи на Министерството за
внатрешни работи и Центарот за социјална работа со вклучување на жртвата и
сторителот. Во зависност од стореното дејствие, во ова може да се вклучат сите други
надлежни институции и органи кои преземаат мерки за заштита на жртвата и
спречување на семејно насилство и остваруваат меѓусебна соработка и координација.

Ако е уреден предлогот веднаш се закажува рочиште, за кое странките добиваат


покани преку доставна служба.

Рочиштето се одржува независно од тоа дали е присутен противникот. Со оглед на


итноста на постапката, доколку се исполнети законските претпоставки, најдоцна во рок
од седум дена од приемот на барањето, се донесува и објавува донесената одлука –
решение. Исклучок од оваа законска обврска има доколку постапката за изрекување на
Привремени мерки за заштита е иницирана по поднесен предлог од страна на
Министерството за внатрешни работи, при што е утврден рок од 24 часа за изрекување
на предложените мерки.55

Решението ги содржи мерките кои му се изрекуваа на сторителот, нивното


времетраење, кој ги спроведува, како и укажување на последиците од непочитувањето
на Решението и правна поука за рок за жалба. Жалбата која се поднесува во рок од три
дена од приемот не го задржува извршувањето на решението. Во решението се
наведуваат надлежните органи за негово спроведување. Решението се доставува
задолжително до странките, Основното Јавно Обвинителство, Центарот за социјални
работи и надлежната институција за спроведување во зависност од изречената мерка.

Привремените мерки се со траење од три месеци до една година, со исклучок на


привремените мерки – отстранување од домот и забрана за приближување до домот,
кога за истите е поднесен предлог од страна на Министерството за внатрешни работи.

55
Прирачник за ппстапуваое на судпвите вп ппстапките за заштита пд семејнп насилствп, Здружение за
еменципација, сплидарнпст и еднаквпст на жените –ЕСЕ, 2015, Скппје

48
Привремената мерка за заштита – отстранување на сторителот од домот и забрана за
приближување до домот се изрекува во траење од најмалку 10 а најмногу до 30 дена.

Доколку насилникот не го почитува решението со изречените привремени мерки за


заштита, жртвата треба да го пријави во институциите кои се надлежни за нивно
спроведување, кои пак треба да го известат надлежниот суд. За непочитување на
донесеното Решение со привремени мерки за заштита од семејно насилство потребно е
да се поднесе пријава во надлежната полициска станица или Основно Јавно
обвинителство за да се иницира кривична постапка за сторено кривично дело
“неизвршување на судска одлука”, за кое е предвидено изрекување на казна затвор.
Оваа постапка наведените институции ја иницираат по службена должност по
добиената пријава за непочитување на решението на судот.

5.2.2. Казнено – правна заштита од семејно насилство во судска постапка

Казнено – правната заштита има за цел да го санкционира насилното


однесување на сторителите на семејно насилство, при што од особено значење е
применувањето на пропишаната построга казнена политика од страна на судиите при
одмерувањето на кривичните казни. Целта на казнувањето е специјалната и
генералната превенција од семејно насилство која што треба да се постигне преку
изрекувањето на казната. Со изрекувањето на соодветна казна за сторено кривично
дело како резултат на семејно насилство, судиите го санкционираат насилното
однесување и му укажуваат на насилникот дека е тоа недозволиво. Истовремено, преку
ефективното кривично санкционирање на семејното насилство судиите влијаат врз
целокупната јавност и придонесуваат да се намали толерантноста кон овој општествен
проблем и жртвите да го пријават насилството.56

Во зависност од видот на кривичното дело, постапката може да биде поведена со


подигање на обвинителен акт или да се води скратена постапка. Согласно Законот за
кривичната постапка57, обвинувањето и оцената на обвинителниот акт се важен
стадиум од кривичната постапка, затоа што ова е првиот момент кога судот се

56
Прирачник за ппстапуваое на судпвите вп ппстапките за заштита пд семејнп насилствп, Здружение за
еменципација, сплидарнпст и еднаквпст на жените –ЕСЕ, 2015, Скппје
57
Закпн за кривичната ппстапка, Службен весник на РМ брпј 150 пд 18.11.2010 гпдина

49
вклучува во неа. Во овој стадиум, судот преку судијата или советот за оцена на
обвинителниот акт добива можност да го оцени обвинението и да одлучи дали
постапката ќе премине во следниот стадиум односно главна расправа.

Окако судот ќе оцени дека по поднесеното обвинение треба да се одржи главна


расправа, должен е во најкраток можен рок да закаже расправа на која ги повикува
обвинетиот, неговиот бранител, жртвата на семејното насилство, јавниот обвинител,
сведоците, вештите лица, како и други лица предложени од страна на јавниот
обвинител и на одбраната.58

Имајќи го притоа во предвид итниот карактер на постапување по овој вид на кривични


предмети, судот може да закаже и повеќе главни претреси за кои уште со првата
покана обвинетиот и неговиот бранител, како и овластениот тужител ќе бидат
известени, а ако пак се предложени повеќе сведоци, судот да го утврди и терминот кога
ќе се врши нивен распит, а со цел постапката да се води итно и ефикасно.

Главната расправа е централен стадиум на Кривичната постапка. Во овој стадиум се


изведуваат доказите и товарот на докажување паѓа исклучиво врз странките, пред се на
јавниот обвинител кој има обврска да ја докаже вината на обвинетиот. Судот нема
активна улога, односно е ослободен од обврската за утврдување на материјалната
вистина и во ниеден момент од главната расправа не изведува докази по службена
должност. Во текот на главната расправа, судот има неколку улоги: контролна,
раководна и гарантна улога. Имено судот се грижи за законско поднесување и
изведување на доказите, донесува одлука за дозволеноста на прашањата и одлучува по
приговорите на странките, прима предлози за докази на странките и одлучува за
нивната доказна вредност, раководи со процесот на нивното изведување и се грижи за
почитување на основните права и слободи на сите учесници во постапката.

Карактеристичен за овој стадиум во Кривичната постапка е начинот на испитување на


сведоците, вештаците, при што е воведено директно,вкрстено и дополнително
испитување. Судот не врши распит на странките,туку има обврска да укаже на нивните
права и обврски што ги имаат во кривичната постапка. Судот може да постави
прашања, откако странките ќе завршат со испитувањето и поставувањето прашања, но

58
Практикум за пбука на прпфесипналци кпи ппстапуваат вп случаи на семејнп насилствп и насилствп врз
жена, Ц.Периќ, С.Андпнпва, Џ.Мишевска, З.Треневска, Академија за судии и јавни пбвинители,
2014,Скппје

50
само како еден вид на контролни и дополнителни прашања што се суштински за
предметот на расправата. Законот за кривичната59 постапка ја уредува улогата и
позицијата на судот во постапувањето по кривичните предмети и затоа е потребно да
се истакне како посебно значајно дека за одредени кривични дела од семејното
насилство, неопходно е уште во текот на преткривичната постапка да се изготват
соодветни вештачења, за психофизичката состојба на жрвата на семејното насилство,
за утврдување на причинско-последичната врска, изготвување на невропсихијатријски
извешај, како за сторителот така и за жртвата. Исто така, потребно е да биде изготвен и
стручен извештај од страна на Центарот за социјални работи во кој ќе бидат
сублимирани сите релевантни факти по однос на структурата на семејството во кое е
извршено семејното насилство, личноста на сторителот, личноста на жртвата,
причините за девијантното однесување на сторителот, времетраењето на таквото
однесување, материјалната и финансиската состојба во семејството и други релевантни
податоци кои што се неопходни за понатамошниот тек на постапката.60

Релевантните податоци се користат како докази што придонесуваат на директен или


индиректен начин да се утврди постоењето на кривичното дело, сторителот и неговата
кривична одговорност. Изведувањето на доказите и нивната оценка се во надлежност
на судот на главната расправа.61

При одредувањето на видот и одмерувањето на висината на кривичната санкција,


судијата треба да ги почитува насоките дадени во Правилникот за начинот на
одмерување на казните.62

59
Закпн за кривичната ппстапка, Службен весник на РМ брпј 150 пд 18.11.2010 гпдина
60
Практикум за пбука на прпфесипналци кпи ппстапуваат вп случаи на семејнп насилствп и насилствп врз
жена, Ц.Периќ ,С.Андпнпва, Џ.Мишевска, З.Треневска, Академија за судии и јавни пбвинители,
2014,Скппје
61
Прирачник за ппстапуваое на судпвите вп ппстапките за заштита пд семејнп насилствп, Здружение за
еменципација, сплидарнпст и еднаквпст на жените –ЕСЕ, 2015, Скппје
62
Правилник за начинпт на пдмеруваое на казните, Службен весник на РМ брпј 64 пд 17.04.2014 гпдина

51
6. КООРДИНИРАН ПРИСТАП

Прва посебна стратешка цел на Националната стратегија 2008 – 2011 за заштита


од семејно насилство е токму воспоставување и развивање на мултисекторкиот
пристап во заштита на жртвите на семејното насилство. Исто така како една од
стратешките области на делување на Националната стратегија 2012 - 2015 е токму
Мултисекторската соработка и подигање на институционални капацитети и
специјализирани служби со посебна стратешка цел за унапредување на интегрираниот
пристап, што опфаќа креирање и спроведување на сеопфатен и координиран систем.

Меѓусекторскиот пристап е широко прифатен како најефикасен приод во решавање на


семејното насилство. Тој подразбира повеќе институции или организации да се
здружат во некомпетитивно партнерство во справување со појавата. Политиките на
институционално работење на која било институција или организација што работи на
овој проблем треба да го застапува принципот дека помошта не почнува и не завршува
на едно место. Придобивките од мултисекторскиот пристап треба да бидат посебно
нагласени како најдобар начин да му се помогне на клиентот, но и на професионалците
директно вклучени во процесот на помагање. Единствено така може да се намали
притисокот врз помагачите тие самите да си поставуваат превисоки и нереални
професионални цели за заштита и позитивни промени во животот на клиентот. Ниту
една организација нема да има резултати во решавањето на семејното односно
партнерско насилство, доколку не развива политики на континуирана и стабилна
соработка со сите организации што имаат допирни точки на тоа поле.63

Со Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство е уредена


мултисекторската соработка на надлежните институции и здруженија која што се
утврдува со Протокол за меѓусебна соработка.64

63
ВПДИЧ за психплпшка ппмпш и ппдршка на жртвите на семејнп насилствп, Здружение за
еманципација, сплидарнпст и еднавпст на жените на РМ - ЕСЕ, 2010,Скппје
64
Закпн за превенција, спречуваое и заштита пд семејнп насилствп, Службен весник на РМ брпј 138 пд
17.09.2014 гпдина

52
6.1. Заеднички протокол за постапување во случај на семејно
насилство

Со Протоколот за постапување во случај на семејно насилство се утврдуваат


условите за делотворна и целокупна работа на надлежните тела за унапредување на
заштитата и помошта на жртвите на семејно насилство, базирани на законските и
подзаконските акти како и на секторските протоколи според кои постапуваат
соодветните професионални работници од надлежните институции за спречување и
контрола на семејното насилство.

Главните цели на Протоколот за постапување во случаите на семејно насилство се


воспоставување меѓусебна соработка и координација помеѓу Надлежните органи и
институции за превенција, спречување и заштита од семејното насилство и давање
помош и заштита на лицата изложени на кој било облик и вид на семејно насилство.

Според одредбите од Протоколот, секое надлежно министерство кое што учествува во


откривањето и сузбивањето на семејното насилство, како и во давањето помош и
заштита на жртвите на семејно насилство, има обврска да именува координатор кој
два пати годишно ќе бара извештаи за примена на Протоколот од страна на
Надлежните органи и да подготвува извештаи врз основа на собраните податоци од
Надлежните органи и НВО кои што ќе ги доставува на матичното министерство,
Јавното Обвинителство и Државниот правобранител.

Надлежните органи кои учествуваат во откривањето и сузбивањето на семејното


насилство,како и во давањето помош и заштита на жртвите на семејно насилство имаат
обврска:

- да воспостават соработка и размена на податоци со единиците на локалната


самоуправа, со цел за размена на искуства и воспоставување на добри практики;
- да одржуваат редовни состаноци со претставниците на надлежните тела во
единиците на локалната самоуправа, односно координаторите на
Министерствата и претставници од НВО секторот во врска со евидентираните
случаи на семејно насилство и постигнувањата во решавањата на случаите;

53
- да воспостават соработка со останатите фактори кои што можат да помогнат во
справување со семејното насилство,како што се верските заедници,семејните
советувалишта, експерти кои се занимаваат со проблематиката на семејното
насилство и слично.

Исто така, Надлежните тела и органи се должни да ги штитат интересите на децата во


согласност со Конвенцијата за правата на детето и да ги штитат интересите на жената
изложена на семејно насилство во согласност со Конвенцијата за укинување на сите
облици на дискриминација на жените и Препораките на одборот на ОН, задолжен за
следење на примената на оваа Конвенција, како и на останатите меѓународни прописи.

Неопходно е не само да се развие мултидисциплинарен пристап за жртвите на семејно


насилство и да се поттикнат жртвите да ги пријавуваат случаите на семејно насилство,
туку и да се заштитат и згрижат од страна на надлежните институции.Освен тоа што ќе
оствари меѓусебна соработка и координација, според Протоколот, а во согласност со
мерките пропишани во Националната стратегија,со цел да се подигне свеста и да се
сензибилизираат експертите и пошироката јавност за проблематиката на семејното
насилство, секоја државна институција индивидуално треба:

- да постапува обзирно кон жртвите, на начин со кој ќе покаже почит кон нивното
достоинство;
- да го запознае извршителот на насилството со можностите за вклучување во
психосоцијален третман со цел да му помогне да го промени неговото
однесување;
- да ја известува жртвата на семејно насилство,по нејзино барање, за текот и
исходот на постапката и
- да воспостави единствена евиденција за изречените санкции и применети
мерки и тие податоци да ги достави до надлежните министерства.

Индивидуалниот пристап овозможува помош и поддршка во моментот кога таа им е


најпотребна на жртвите, додека координираниот, мултидисциплинарен пристап
овозможува правилно разбирање и креирање на системот на заштита и превенција од
насилството, како и унапредување на политиките за намалување и спречување на
насилството.

54
6.2. Психолошка помош и поддршка во справување со семејното
насилство

Советувалиштето за жртви на семејно насилство треба да претставува безбедно


место за разговор каде што се овозможува стекнување вештини и знаења за
подобрување на самопочитта, самоопределеноста и безбедноста, место каде што може
да се научи да се живее активно, одговорно и достоинствено во интимната партнерска
релација.65

Психолошкото советувалиште за помош и подршка на жртвите на семејно насилство


има за цел да ја информира жртвата за природата и потеклото на семејното
насилство,за човековите права, за можностите за справување и излегување од кругот
на насилството и да и го врати чувството на безбедност, самопочитување и
зајакнување на жртвата да го истражи и да го разбере својот проблем, да направи
здрави избори и да опстои на одлуката за промени. Исто така, психолошкото
советувалиште нуди психосоцијална подршка и советување на семејства што имаат
конфликтни односи, во кои акутно се врши насилство или пак кај кои во изминатиот
период постоело семејно насилство.

Псхолошкото советувалиште нуди превентивна интервенција и психолошка помош и


советување.

Превентивната интервенција се состои од информативни средби, психо- социјални


работилници, обуки за животни вештини, групи на поддршка, едукативни програми за
млади и слично.

Во рамките на психолошка помош и советување за зајакнување и напуштање на кругот


на насилството влегуваат примарната психолошка помош, итната интервенција за
заштита од насилството, психолошка помош и поддршка и кризна, посттрауматска
интервенција.

Психолошкото советување може да биде индивидуално или групно.

Групното советување е повеќе насочено кон реализација на превентивните и психо –


едукативни програми за помош. Во таа насока се формираат дискусиони групи или
психо – едукативни групи на зададена тема. Освен превентивните се формираат и
групи на поддршка и закрепнување по долготрајна изложеност на семејно насилство.

65
Впдич за психплпчка ппмпш и ппдршка на жрвите на семејнп насилствп, Здружение за еманципација,
сплидарнпст и еднаквпст на жените на РМ – ЕСЕ, 2010, Скппје

55
Психолошкото советувалиште освен за жрвите на семејно насилство, нуди психо-
социјален третман и за сторители на семејно насилство кои имаат изречена мерка за
посетување на советувалиште, што му се изрекува на сторителот на семејно насилство
од судот, по барање на Центарот за социјална работа.

Психолошки советувалишта за помош и подршка на жртвите на семејно насилство


функционираат во рамките на центрите за социјални работи и во рамките на некои
граѓански здруженија.

56
7. ЗАКЛУЧОК

При спомнувњето на поимот семејство обично пред очи ни излегува слика на


среќно семејство која ни ја нудат различните медиуми. Понекогаш помислуваме на
сопствените семејства во кои живееме или пак на оние од кои потекнуваме. Иако,
семејството е незаменливо за развојот на поединецот со љубовта, топлината и
заштитата што се негова примарна и основна карактеристика, фактите покажуваат дека
динамиката на семејниот живот честопати може да биде извор на стрес и дека
честопати семејството може да се претвори во насилничка средина во која што се
повредуваат неговите членови и нивните човекови права.

Долго време се сметало дека меѓусебните односи во семејството се приватна работа и


дека како таква не може да му наштети на општеството, но со дефинирањето на
семејството како основна клетка на општеството се согледува дека меѓусебните односи
во семејството претставуваат и општествен проблем. Секој член од семејството е во
интеракција со останатите членови од семејството а истовремено е во интеракција и со
пошироката општествена заедница и зема учество во секоја општествена сфера.
Според тоа, семејното насилство претставува општествен проблем кој доколку се
игнорира и му се намали значењето, нема да претставува закана само за поединечни
жртви, туку ќе претставува основна причина за создавање на непрекинат синџир од
насилници и жртви врз кои се врши насилството. Со законски одредби и општествена
осуда на насилниците им се става на знаење дека насилството е недопуштено и како
такво е недозволено поведение кое се казнува.

Во таа насока државата има задача да презема мерки и низа активности за подигнување
на јавната свест и да развива сеопфатен и ефективен систем за спречување на
семејното насилство.

Искуствата покажуваат дека за справување со појавата на семејното насилство


потребно е постојано да се подобрува квалитетот на заштита со системски мерки во
областа на превенцијата, интервенцијата, едукацијата, следењето и меѓусекторската
координација.

Заради ефективно и ефикасно делување за справување со семејното насилство со


обезбедување на единствен став и пристап, како најефикасен приод во решавањето на

57
семејното насилство е мултисекторскиот пристап, односно здружување на повеќе
институции или организации во некомпетитивно партнерство.

58
8. КОРИСТЕНАЛИТЕРАТУРА

- Ана Ј. Варга, Системска семејна психотерапија, 2001,Санкт Петербург


- А.В.Черников, Системска семејна терапија, 2011, Москва
- Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство:
програма за работа на психолошко советувалиште за семејно насилство,
Здружение за еманципација, солидарност и еднавост на жените на РМ -
ЕСЕ,2010, Скопје
- Заеднички протокол за постапување во случај на семејно насилство,Национално
координативно тело за превенција на семејно насилство, со поддршка на УНДП,
2010,Скопје
- Комитет за еднакви можности за мажите и жените, Совет на Европа,
Парламентарно Собрание, 2002
- НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО,
Министерсво за труд и социјална политика, Здружение за еманципација,
солидарност и еднаквост на жените на РМ-ЕСЕ, 2008,Скопје
- НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД
СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО 2012-2015, автори Софија Спасовска и други,
Министерство за труд и социјална политика, 2012, Скопје
- Практикум за обука на професионалци кои постапуваат во случаи на семејно
насилство и насилство врз жена, Ц.Периќ,С.Андонова,Џ.Мишевска,З.Треневска,
2014, Академија за судии и јавни обвинители,Скопје
- Практикум за постапување во случаи на семејно насилство и насилство,
Академија за обука на судии и јавни обвинители, 2012, Скопје
- Прирачник за постапување на судовите во постапките за заштита од семејно
насилство, Здружение за еменципација, солидарност и еднаквост на жените –
ЕСЕ, 2015, Скопје
- Семејно определување на семејството (Семејна психологија) Материјал за
интерна употреба за студентите на МСИ, проф.д-р.Кети А.Несторовска, Битола,
2009
- Светски извештај за насилство и здравје, Светска здравствена организација,
2002, Женева
- Adila Pašalić-Kreso, Koordinate obiteljskog odgoja, 2004, Sarajevo
- Ajduković, D., Nasilje nad ženom u obitelji, 2000, Zagreb
- Buljan-Flander, G. i Kocijan-Hercigonja, D., Zlostavljanje i zanemarivanje djece,
2003,Zagreb
- Kovačević, S. i Mujačinović, N., Podrška porodici u krizi, Iskustva Centra za socijalni
rad Zenica, Islamski pedagoški fakultet u Zenici, Sistem preveniranja socijalnog
isključivanja mladih, Islamski pedagoški fakultet u Zenici,2007, Zenica
- Nenad Fanuko, Sociologija, 1998, Zagreb

59
- Ostojić, E., Babović, N., Senjak, M., Pojskić, M., Priručnik za pomagače i
pomagačice koji rade sa žrtvama i preživjelima nasilja,2008, Medica Zenica-
Infoteka, Zenica
- Pajević, I., Avdibegović, E., Hasanović, M., Sutović, A., Školska skripta iz Socijalne
patologije, Islamski pedagoški fakultet,2006, Zenica
- Piney,E.L.Glipp,S. Glossary of group and family therapy, 1982, New York

8.1. Користени правни извори

- Закон за бесплатна правна помош, Службен весник на РМ број 161 од


30.12.2009 година

- Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Службен весник


бр. 114/2009
- Закон за кривичната постапка, Службен весник на РМ број 150 од 18.11.2010
година
- Закон за парнична постапка, Службен весник на РМ број 07 од 20.01.2010
година
- Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Службен
весник на РМ, број 138 од 17.09.2014 година
- Закон за семејството,Пречистен текст, член 94-б,Службен весник број 153 од
20.10.2014

- Закон за социјалната работа, Службен весник на Република Македонија бр.79 од


24.06.2009 година
- Кривичен законик на РМ

- Службен весник на Република Македонија број 18 од 14.02.2011 година,


додадена глава V по член 64
- Службен весник на Република Македонија број 18 од 14.02.2011 година,
додадена глава V по член 58
- Правилник за начинот на одмерување на казните, Службен весник на РМ број
64 од 17.04.2014 година

60

You might also like