You are on page 1of 17

Сексуални престапници

• Терминот сексуален престапник е во голема мера правен


термин кој се користи за означување на секој кој извршил
сескуален престап

• Сексуалните престапници се хетерогена група на престапници


со мноштво на позадини и постои значајна разновидност во
видот и начинот на кој тие ги вршат нивните злосторства

• Дефинирањето на различните групи на сексуални престапници


се карактеризира со мешавина на правни услови (на пр.
сексуален предатор) и психолошки услови (на пр. педофил) кои
се преклопуваат, но исто така може да се спротивни во нивното
прецизно значење
• Тековниот фокус на сексуалните престапници ќе биде само на
оние поединци кои имаат извршено нелегален сексуален акт,
кој дошол до свеста на правните органи
Растројства на сексуалниот нагон од
важност за форензичката психологија
• Парафилии – растројства кои се карактеризираат со
повторливи, интензивни сексуално предизвикувачки фантазии,
сексуални нагони или однесување, кои вклучуваат 1) нечовечки
предмети; 2) страдање или понижување на себе или на
партнерот; 3) деца или други лица без согласност
▫ Злоставувач на деца – термин кој се користи за обележување на
секој кој е сторител на сексуално злосторство врз дете
▫ Педофил – е некој кој е вклучен во сексуална активност или
доживува значаен дистрес поради сексуални нагони или фантазии
кои вклучуваат пред пубертетски индивидуи(обично се смета на
возраст од 13 години или помалку)
▫ Егзибиционист – разголување и покажување на своите полови
органи со што се постигнува сексуално возбудување
▫ Воајер – постигнува сексуално возбудување преку скриено
набљудување на други луѓе кои се голи или се пресоблекуваат или
кои имаат сексуалнен однос
▫ Фротеризам(Frotteurism) – склоност кон триење од телата на
други особи со цел постигнување на сексуално задоволство
Посебни облици на сексуално однесување
значајни за форензичка психологија

• Силувач – индивидуа која извршила


сексуален напад на возрасни
▫ Силувањето е принуда на сексуален однос каде
со психичка и/или физичка агресија особата се
присилува на сексуален акт
Проценка на сексуалните
престапници

• Форензичките психолози не проценуваат дали


сексуалниот престапник извршил одредено
кривично дело, туку дали има докази кои
укажуваат на реакција на третманот или иден
ризик
• Овие проценки се фокусираат на фалометрично
мерење на сексуалната девијација, на основните
психолошки карактеристики, кои веројатно се
поврзани со сексуалната одговорност на
сторителот и статичките и диманички фактори
кои се поврзани со долгорочни рецидиви
Фалометрична проценка:
Плетизмограф на половиот орган
• Рутински се користи за утврдување на сексуалниот интерес кај
машки сексуални престапници
• Фалометричната проценка се состои од сексуални стимулуси,
опрема за следење на индивидуата и опрема за снимање.
Сексуалните стимулуси се визуелни, аудитивни или пак
комбинација од двете. Тие вообичаено се состојат од
презентација на видео или аудио стимулуси кои на некој начин
се сметаат за необични или девијантни, заедно со неутрални и
сексуално соодветни стимулуси. Опремата за следење се состои
од уреди за мерење на отчукувања на срцето, спроводливост на
кожата(потење) и надуеност на пенисот, со што се утврдува
нивото на сексуална возбуда на индивидуата.
• Фалометричната проценка е потенцијално многу корисна
бидејќи поголемиот број на престапници веројатно ќе ја
негираат привлечноста кон несоодветни стимулуси како што се
мали деца или насилни сексуални активности
Психолошка проценка

• Општо земено, психолошките пристапи на


проценката на секуалните престапници се
фокусираат на обид да ги разликуваат
сексуалните престапници од останатите
престапници на основа на целокупната
психопатологија
• Подоцна, фокусот во голема мера се сврте
настрана од целокупната психопатологија
кон области кои можат да послужат како
основа за сексуален престап
• Маршал (2006) идентификувал неколку
целни области за процена на сексуалните
престапници
1. Когнитивни нарушувања
2. Емпатија
3. Сексуални фантазии

• Овие области може да се проценуваат преку


клиничко интервју или други специфични
психолошки мерки
1. Когнитивни нарушувања

• Важно е да се проценат грешките на


размислувањето кои се дел од основниот
процес на сексуалните престапници кои се во
можност да извршат злосторства.
• Сексуалните престапници често креираат
обрасци на себично размислување кои ја
нарушуваат реалноста и им овозможуваат да
избегнат чувство на одговорност за своите
злосторства.
2. Емпатија

• Емпатија за жртвата, исто така е централна


компонента на повеќето проценки на сексуални
престапници.
• Иако постојат општи мерки на емпатија,
истражувањата сугерираат дека сексуалните
престапници немаат тешкотии да сочувствуваат со
другите луѓе, но имаат специфична неможност да
сочувствуваат со нивната жртва и не постојат
валидирани скали дизајнирани за оваа намена.
• Како најдобра опција за форензичка проценка на
степенот на емпатија за жртвата се клинички
интервјуа и други споредни записи од истражувања
3. Сексуални фантазии

• Важноста на фантазиите во извршување на било какво


насилство станува од се поголем интерес за форензичките
психолози, а особено во извршувањето на сексуално насилство.
• Baumgartner и сор.(2002) го користеле инвентарот на Вилсон за
сексуална фантазија за да ги испитаат разликите помеѓу
злоставувачите на деца и останатите престапници. Како што и
се очекувало, злоставувачите на деца прикажале поизразени
фантазии низ неколку субскали на инвентарот и вкупно
прикажале повисоки нивоа на сексуални фантазии отколку
останатите престапници.
• Истражувањата што подржуваат употреба на мерки за процена
на сексуалните фантазии се прелиминарни и поверојатно е
форензичките психолози да користат клинички интервјуа за
проценка на сексуалната фантазија кај сексуалните
престапници
Проценка на ризик и рецидивизам

• Hanson и Bussière (1998) спровеле мета-анализа со фокус на


ризик факторите поврзани со рецидивите на сексуални
престапници и останати престапници. Тие ги поделиле сите
потенцијални ризик фактори во следните групи:
▫ Демографски варијабли (пр.возраст,брачен статус,образование)
▫ Општ криминал (пр.било кои претходни прекршоци, малолетничка
деликвенција)
▫ Сексуално криминална историја (пр. претходни сексуални
престапи, женско дете жртва)
▫ Сексуална девијација (пр. фалометричка процена, било која
девијантна сексуална склоност)
▫ Клиничка слика и историја на третман (пр. неуспех да се заврши
третманот, емпатија за жртвата )
▫ Развојна историја (пр.негативен однос со мајка) и
▫ Психолошка неприлагоденост (пр. било кое растројство на личност,
проблеми со лутина/гнев)
• Од спроведената студија имаше неколку интересни пронајдоци.
• Најсилни предиктори на сексуален рецидивизам биле
фалометричките реакции кон деца и девијантно сексуалните
преференции.
• Исто така поврзаност со сексуални рецидиви е најдено за
предходни сексуални престапи, присуство на непозната жртва,
ран почеток на сексуални престапи, дете жртва во сродство,
антисоцијално растројство на личност, било какви претходни
престапи, возраст, никогаш венчани, неуспех да го завршат
третманот, машки жртви.
• Покрај тоа, имало неколку фактори кои изненадувачки не биле
поврзани со сексуалните рецидиви, имајќи го предвид фокусот
на проценката и третманот помеѓу сексуалните престапници.
• Емпатија за жртвата, негирање на сексуалниот престап, ниска
мотивација за третман и сексуално злоупотребувани како деца
сите биле неповрзани со сексуален рецидивизам.
Инструменти за проценка на ризик кај сексуални
престапници
Ајтеми за проценка на ризик за сексуално насилство
Sexual Violence Risk-20 Sexual Violence Risk
Appraisal Guide Static - 99
(SVR – 20)
(SORAG)
•Сексуална девијација
•Резултат од скалата за проценка на
•Жртва на злоупотреба на деца •Претходни сексуални престапи
психопатија PCL-R
•Психопатија •Претходни датуми на изрекување
•Големо ментално растројство •Неприлагоденост во основно училиште казна
•Проблеми со злоупотреба на супстанци •DSM-III дијагноза за растројство на •Било какви пресуди за
•Самоубистевни/убиствени замисли личност безконтактни сексуални престапи
•Проблеми во врски •Години при индекс престапот •Тековни пресуди за не сексуално
•Проблеми со вработување •Жевеел со двајцата родители до возраст насилство
•Минати несексуални насилни престапи од 16 год. •Претходни пресуди за не
•Минати ненасилни престапи •Неуспех на претходно условно сексуално насилство
•Минати супервизиски неуспеси ослободување •Жртви без сродство
•Сексуални престапи со голема густина •Скор на ненасилни престапи •Непознати жртви
•Повеќе типови на сексуални престапи •Брачна состојба •Машки жртви
•Физички повреди на жртвата/те •DSM-III дијагноза за шизофренија •Млади
•Употреба на оружје или закани со смрт •Скор на насилни престапи •Неженети
•Ескалација на фреквентноста или •Историја на злоупотреба на алкохол
сериозноста •Историја на сексуални прекршоци само
•Екстремно минимизирање или на девојчиња под 14 години или ако
негирање на сексуалните престапи сторителот е <5 години постар од
•Ставови кои ги подржуваат или жртвата
осудуваат сексуалните престапи •Број на претходни обвиненија за
•Немање реални планови сексуални престапи
•Негативни ставови кон интервенциите
•Други фактори
Третман на сексуалните престапници
• Когнитивно-бихевиорални третмани се фокусираат на
односот помеѓу искривените шеми на размислување и
неприлагоденото однесување.
• Когнитивно-бихевиоралните компоненти се фокусираат на
престапничкото минимизирање, негирање и повредата на
жртвата. Целта е да се намали негирањето на престапникот и
минимизирањето на кривичното дело и да се соочи со штетата
која ја нанел на жртвата.
• Когнитивно-бихевиоралниот пристап исто така обрнува
внимание и на ставовите и верувањата за жените и децата кои
најверојатно ќе резултираат со сексуален престап или сексуално
девијантни интереси кои ќе водат кон несоодветно однесување.
• Ставовите кои целосно ја сексуализираат жената и гледиштето
за децата како сексуално еквивалентни на возрасните се
прашања на кои често им се обрнува внимание.
Третман на сексуалните престапници
• Превенција од повторување – се фокусира на идентификација на
серија настани кои довеле до престапничко сексуално однесување во
минатото и начини да се заменат мислите и однесивањата кои довеле
до несоодветно сексуално однесување.
• Овој пристап е преземен од областа на злоупотреба на суптстанци.
Исто како што алкохоличарот би избегнувал барови, злоставувачот на
деца би идентификувал локации на кои се присутни деца (на пример,
циркус, играчишта, зоолошка градина) и на сличен начин би ги
одбегнал.
• Покрај тоа, злоставувачите на деца треба да разберат дека одредени
стресни настани, како што се губење на работа или расправија со
партнерот, може да доведат до сексуално неконтролирано дејство, и
дека треба да идентификуваат соодветни одговори кога се соочени со
вакви ситуации.
• Овој процес има за цел да го алармира престапникот кога постои
зголемен ризик за повторен престап за тој директно да може да
одговори на околностите со цел да избегне настани кои би воделе кон
несоодветно сексуално однесување.

You might also like