You are on page 1of 15

Интимни односи помеѓу

партнери во длабока старост


Интимност
 Под интимност се подразбираат блиски чувства помеѓу две личности, базирано на
меѓузаемно познавање. Во него се сочинети емоционални, социјални (базирано на
заеднички искуства) и физичка интимност (пр. допирање, гушкање и сексуални
односи).

 Интимноста вклучува чувство да се биде во блиска, лична асоцијација и припаѓање


заедно. Тоа е позната и многу блиска афективна врска со друга личност како резултат
на врска која се формира преку знаење и искуство со другиот. Вистинската интимност
во човечките односи бара дијалог, транспарентност, ранливост и реципроцитет.

 Постои честа збунетост околу содејството на сексот и интимноста. Ние ги користиме


овие зборови, но на исклучиво физичката интимност и недостасува значајното
искуство и одржливата поврзаност.
Најчесто не сакаме да мислиме на
постарите лица како сексуално
активни индивидуи, сепак тоа е
далеку од вистината. Меѓутоа
интимните врски не продолжуваат
без одредени промени.

Повеќето од емоционалните
промени кои се случуваат се
негативни како: намалена
способност да се премине од една
емоционална состојба во друга,
напнатост, раздразливост и
преовладување на песимистичко
расположение. Постојат и
позитивни промени како кај
смирените, кротки и топли стари
лица.
 Од 35тата па се до 50тата година жените влегуваат во менопаузата која го сопира
нивниот менструален циклус и со тоа нивната способност да се репродуцираат.
Постојат жени кои по нивната менопауза одбиваат да се зближат со партнерот
бидејќи свесно или несвесно сметаат дека целта е постигната, односно зачнување
на деца. Но, постојат и жени кои менопаузата не ги спречува да бидат интимни со
својот партнер.

 Денес, зборот интимност има попримено сексуални конотации. Но, интимноста е


многу повеќе. Ги вклучува сите различни области во нашите животи - да,
физичките, но исто така и емоционалните, умствените, општествените и
духовните аспекти. Интимноста всушност значи тотално споделување на
животот. Сите ние некогаш сме имале желба за блискост, за единство, за
потполно споделување на нашиот живот со некого.

 Научниците прават разлика помеѓу различни форми на интимност, вклучувајќи:


физичка, емоционална, когнитивна, духовна интимност и рекреативна. 
Физичка интимност
Овој тип интимност не
подразбира комуникација и е
најчестата застапена форма на
интимност. Во љубовните
врски, физичката интимност
почнува да се гради тогаш
кога ќе се разберат чувствата
и мислењата на партнерот.
Ова ниво на интимност ги
вклучува сексуалните односи
со партнерот, но и
несексуалните физички
контакти, како што се држење
за раце, милување и гушкање. 
Емоционална интимност

Емоционалната интимност, особено во сексуалните односи, обично се развива


откако ќе се достигне одредено ниво на доверба и се воспостават лични
врски. Емоционалната поврзаност на „заљубување“, сепак, има и биохемиска
димензија водена преку реакции во телото стимулирана од сексуалнa
привлечност (PEA, фенилетиламин) и социјална димензија водена од
„разговор“ што следува од редовнa физичкa блискост или сексуална заедност.
Љубовта е важен фактор во емоционалната интимност. Квалитативно и
квантитативно е различнa од допаѓање или “свиѓање”, а разликата не е само
во присуството или отсуството на сексуална привлечност.
Когнитивна, духовна и
рекреативна интимност
 Когнитивната или интелектуалната интимност се одвива кога две лица
разменуваат мисли, споделуваат идеи и уживаат во сличности и разлики
помеѓу нивните мислења.

 Духовната интимност вклучува поврзаност на духовно ниво. Ова е можеби


најважниот вид интимност. Духовната интимност се појавува благодарение на
времето поминато заедно со партнерот и негувањето заеднички животни и
духовни вредности. Овој вид на интимност најчесто опфаќа заедничко
медитирање.

 Рекреативната интимност опфаќа заеднички активности помеѓу партнерите


како прошетки во парк, патувања во пар и креирање заеднички спомени.
Сексуалните искуства во подоцнежниот живот можеби не се исти какви што се во нашата
младост, но тоа не мора да биде лошо. Всушност, сексуалните односи можат да бидат
попријатни од кога било, бидејќи се чувствуваме како да го прифаќаме нашиот постар
идентитет. Од тука произлегува дека можеме да ги искористиме придобивките од
искуството. Независноста и самодовербата што доаѓа со возраста можат да бидат многу
привлечни за нашиот сопружник или потенцијалните партнери. Без оглед на нашиот пол,
можеби се чувствуваме подобро за нашето тело на 62 или 72 години отколку што сме
биле на 22 години. И веројатно е дека сега знаеме повеќе за себе и што не прави
возбудени и среќни.

Како резултат на тоа, станува полесно да се одржуваат силните односи. Истражувањата


покажуваат дека зачестеноста на сексот не е поврзана со возраста (иако може да опаѓа,
додека бракот станува подолг, според „Енциклопедија на семејни студии“).

Кога постарите лица размислуваат за поблиска интимност и сексуални односи, мора да


обрнат внимание на повеќе придобивки како и недостатоци.
Придобивки
 Поттикнување на емоционална интимност
 Имање на здрава и среќна врска е секогаш добра за одржување на општата

благосостојба помеѓу партнерите. Постарите лица може да имаат подобра


интимна врска со редовно сексуално задоволство заради тоа што истото
води кон емоционална блискост.
 Ја подобрува физичката состојба кај партнерите
 Срцето пумпа побрзо, крвта тече побрзо. Оваа засилена циркулација го

намалува ризикот од згрутчување на крвта и проблеми со срцето , може да


спречи срцев или пак мозочен удар како и обозможува јакнење и
задржување на флексибилноста кај партнерите.
 Зголемена среќа
 Луѓето се природно сексуални суштества кои сакаат блискост и интимност,

а овие желби не исчезнуваат со возраста. Да се биде во можност да ги


задоволиме овие желби на безбеден и здрав начин е одличен начин за
подобрување на постарата среќа и емоционална благосостојба.
Недостатоци
 Физички потешко за изведување -
со влегување во доцната старост,
нормално е и да се јават
потешкотии при физичката
активност, па самото тоа го прави
сексуалниот однос помалку
изводлив.

 Ризици од инфекции - во
изминатата деценија, стапките на
сексуално преносливи инфекции
од 50 – 90 годишна возраст се
зголемени.Кај лицата на возраст
над 50 годиниво 2003та година е
забележано пет пати поголем број
на HIV позитивни и тоа е поќесто
забележано кај жените отколку кај
мажите.
Проблеми кои можат да се појават во староста кои попречуваат
на интимните односи:

 Губиток на партнер - губење на партнерот најверојатно е најчестиот


проблем со кои луѓето се среќаваат во староста како бариера на интимноста.

Нарушувања - различни нарушувања кои стануваат се почести со


стареењето може да попречат на физичката интимност. Васкуларните


нарушувања и дијабетесот може да предизвикаат еректилна дисфункција;
артритисот може да ги ограничи движењата и да ги направи болни. Болката,
непријатноста, дрогата и грижата поврзана со нарушувањата можат да ја
намалат желбата за интимност. Умерено до сериозно когнитивно
нарушување може да ги комплицира прашањата зас огласност и удобност за
време на сексуалниот однос.
 Промени кои доаѓаат со староста - нивото на сексуални хормони се намалува
што резултира со физички промени кои го прават искуството тешко или
непријатно. 

 Одбивност да се разговара за ефектите на стареењето - ако постарите луѓе


развијат проблеми кои сметаат на физичката интимност или ако се чувствуваат
засрамени поради промените во нивното тело можеби нема да сакаат да
разговараат за овие промени со партнерот или со лекар кој може да може да
предложи решенија.

Недостаток на приватност - постарите луѓе кои живеат со членови на


семејството или во установа за долгорочно згрижување имаат помалку можности


за приватност, кои се неопходни за физичка интимност.

 Префрлување на други форми на интимност - некои парови почнуваат да


претпочитаат други форми на интимност (пример: допирање, масирање,
бакнување, вербално изразување) кои изразуваат блискост, грижа или ангажман
со партнерот.
 Кон крајот на 20 век, истражувањaта се прошени за да вклучуваат ставови
кон сексуално изразување кај постарите возрасни лица и биолошките
аспекти на сексуалноста и стареењето. Доследно, истражувањето покажало
дека сексуалниот израз е можен за постарите возрасни лица, а одржливата
сексуална активност е во поголема веројатност за оние кои имале активен
сексуален живот во младоста.

 Неодамнешната британска студија The English Longitudinal Study of Ageing


(ELSA) во која учествувале над 18000 луѓе и е започната е во 2002та година
се покажува дека значителен број на постари луѓе остануваат сексуално
активни во своите 80ти години. 54% од мажите и 31% од жените постари од
70 години се изјасниле дека се сексуално активни, третина од кои дури
тврдат дека имаат чест сексуален однос (најмалку два пати месечно).

 Друга студија во Шведска се обидела да објасни последиците од влегување


во нови интимни врски кај постари личности. Од квалитативните интервјуа
на 28 лица на возраст од 63 до 91 година кои неодмна стапиле во интимна
врска се докажало дека најголем број од испитаниците имале таква потреба
заради загуба или развод од близок интимен партнер.
 Овие резултати ни помагаат да
го оспориме постојниот
стереотип на „асексуалната
постара личност“ и треба да се
смета дека тие се сексуално
активни. Тие, исто така јасно
ставаат до знаење дека
истражувачите и лекарите треба
да се фокусираат на поголем
број начини на кои можеме да го
подобриме искуството и
изразите на сексуалност и
интимност за возрасни лица од
средината на животот па натаму,
надвор од медицинските
интервенции кои се фокусираат
на продолжување или
подобрување на сексуалниот
однос.
Благодариме на
вниманието!
Изработиле:
 Марио Митровски

 Ана Марија Темелковска

 Сања Станишевска

You might also like