You are on page 1of 20

УНИВЕРЗИТЕТ ” Гоце Делчев” - ШТИП

Презентација по предметот
“ПСИХОЛОГИЈА”

Ментор:Проф.Д-р Љупчо Кеверески


Изработил:Јагода Камчева
Бр. на индекс:1443
ЧУВСТВА И ЕМОЦИИ
“ Психологијата на афективните процеси е најкунфузното поглавје во сите
области на психологијата ”- Клапаред

ЕМОЦИИ
Емоциите се психички процеси што го изразуваат човековиот однос кон
предметите, настаните и другите луѓе, но и односот кон самиот себеси кон
сопствените постапки и доживувања.
Тие ја определуваат и насочуваат човековата активност и се многу важни за
моралниот развој на животот кај човекот.
Влијанието на емоциите врз човекот

Со развитокот на човекот се развиле и се јавуваат, се посложени,


човекови емоции како што се моралните естетските и интелектуалните.
Општото влијание на емоциите може да се одрази позитивно или
негативно, поради што во некои случаии емоциите се јавуваат како
помош, а во некои како пречка во некоја активност на човекот.
Иако емоциите се универзални, секој од нас ги доживува и реагира на
нив на различен начин, додека некои луѓе дури имаат потешкотија да
разберат која емоција ја доживуваат.
Слободно доживеаните и изразените емоции не оставаат никакви
траги врз нас. Од друга страна, потиснатите емоции можат да
предизвикаат негативни мисли, да ја блокираат менталната енергија.
Затоа, од клучно значење за нас е да ги препознаеме и
идентификуваме нашите мисли и емоции и да станеме свесни за
влијанието кое тие го имаат – не само едни врз други, туку и на
нашите тела, однесувањето и врските со другите луѓе. Со
зголемување на нашата свесност, полесно ќе препознаваме што
мислиме, што чувствуваме и кој е нашиот став кон одредено
искуство.
Карактеристики на чувствата и
емоциите

Во психологијата под чувство се подразбира внатрешната состојба на


една личност, обично заснована врз или врзана за внатрешните
(телесни) и надворешни (општествни) сетивни чувства. Љубов,
омраза, храброст, страв, радост, гадење и тага можат сите да се
опишат и како психолошки и како физиолошки поими.

Чувство е поим во кој мислата и физиологијата се испреплетени, и


каде јас е неодделиво од нашите лични согледувања на она што е
вредно кај нас и другите.
При појава на секое чувство и емоција во човекот се одвиваат голем
број карактеристични промени: физиолошки, физички и промени во
движењето.
 Физиолошките промени се јавуваат во две фази; првата се нарекува
фаза на емотивен шок (кога при ненадејно силно чувство ќе се
стаписаме или занемеме), а втората се нарекува фаза на специфични
промени (разлики кај различните емоции што се јавуваат во однос на
физиолошките промени).
Физичките промени при емоциите се: карактеристични движења на
телото, карактеристичен израз на лицето и карактеристични промени
во говорот.
 Промени во доживувањата се редовна придружна појава на
емоциите и чувствата.
Разлики помеѓу чувствата и емоциите

За разлика од чувствата, емоцците означуваат сложен психички


процес кој се истражува како доживување. Освен тоа, емоциите
имаат субјективен карактер затоа што се однесуваат на сопстевната
личност, односно тие претставуваат непосредно доживување на
сопственото Јас.
Емоциите го одржуваат ставот на поединецот, односно неговиот
однос во средината во која живее.
Емоциите не се јавуваат само во врска со чувствата, туку нивното
јавување ги вклучува и претставите, мислењето и слично.
Чувствата се начинот на кој се поврзуваме со таа емотивна страна на
нашиот ум, наративите што ги утврдуваме за тоа и начинот на кој реагираме на
овие искуствени ситуации.
Чувствата и емоциите се разликуваат едни од други со различните односи што
ги имаат и со свеста и со повисоките психолошки процеси: чувствата доаѓаат
од апстрактни идеи и свесно насочено размислување, додека емоциите не се.
Чувството е субјективно искуство на емоции. Односно, чувството би било
комбинација од инстинктивна и кратка емоција, заедно со мислата што
рационално ја добиваме од таа емоција.
Видови чувства

 Примарни чувства- се оние чувства што се универзални за


човекот и се биолошки важни за неговиот опстанок. Тука се
вбројуваат стравот, гневот, радоста , тагата.

 Секундарни чувства- се оние кои се создаваат по пат на учење и


се нарекуваат сложени чувства, како што се љубовта, љубомората,
пријателеството.
Секундарни или сложени чувства

Најголемиот борј сложени чувства за формираат


социјалното живеење на човекот и тие се нарекуваат
социјални чувства.
Најпознати социјални чувства се следниве:
Морални, интелектуални и естетски чувства.
 Моралните чувства- тие го изразуваат човековиот однос кон нормите
и правилата на однесување, пример чувство а гордост и пријатност
поради сторено добро дело и спротивно чувство на срам и
непријатност поради сторено лошо дело. Најважни морални чувства
се друграство, патриотизам, чувство на чест и сл.
 Интелектуални чувства- се оние што човекот ги развива во процесот
на умстевената дејност, како што се љупопитност, сомневање,
критичност и сл.
 Естетски чувства- се оние што се јавуваат во активноста на човекот
при доживување на нешто убаво. Тие се оние чувства кои ја
збогатуваат личноста на човекот.
Расположенија како видови на чувства

Расположенија се чувста со слаб интензитет и долго


траење. Расположението е всушност емотивниот тон на
човековото однесување.
Афекти како видови на чувстава

Афектите се чувства на кратко траење на зголемена


активност, односно на силни физиолошки и физички
промени кај човекот. Тие можат да бидат емотивни
експлозии што го изместуваат човекот од нормалното
секoјдневие, пример омраза, гнев.
Страсти како видови на чувства

Страсти се чувства со голем инетнзитет и долго траење,


но тие се послаби од афектите. Страстите можат да бидат
позитивни- страст кон наука, музика и негативни- страст
кон коцкање.
Сентиментите како видови чувства

Сентиментите се трајни и многу сложени и научени


чувства. Пример за сентимент е патриотизмот, како и
чувството на љубов и пријателство.
Позитивни чувства

СРЕЌА
Без сомнение, еден збор веќе може да каже многу повеќе. Среќата е
нешто што го бараме и што ќе го најдеме во ситниците. Чувството на
тоа, дури и на моменти, е едно од најцелосните чувства за човекот,
покрај тоа што обезбедува бројни придобивки на сите нивоа.

ЗАДОВОЛСТВО
Кога работите се редат и одат според начинот на кој ние сакаме, ние
го чувствуваме тоа чувство на благосостојба однесено на повисоко
ниво. Повторно тоа е позитивен начин на приближување кон целите
што си ги поставивме самите на себе.
Позитивни чувства

БЛАГОДАРНОСТ
Ние секогаш треба да бидеме благодарни. Да го цениме она што друго
лице го стори за нас е гест во форма на многу позитивно чувство. Не само
за нас самите, туку и за признавањето што му се прави на другата личност.
ВООДУШЕВУВАЊЕ
Да се ​биде во можност секогаш да се види добрата страна на еден
или повеќе луѓе не е нешто со кое секогаш ќе се најдеме.
Позитивно чувство затоа што ги извлекува најдобрите чувства кај
една личност.
Чувствата и емоциите даваат лични информации за потребите и што се
случува и се наш личен одраз на реалноста. Тие можат да бидат
позитивни и негативни, и што е најважно - има многу од нив, и секој од
нив има маса на нијанси. Сите тие го обојуваат нашиот живот во
различни бои и го прават интересен и богат.
Користена литература:

Психологија- Љупчо Кеверески


https://mk.warbletoncouncil.org/tipos-de-sentimientos-7
945
https://www.arslucida.mk/mk/misli-i-emocii-sto-etoa/?fb
clid=IwAR0VNejhAm2f0bfAjYwVd0xMOIi4c1RpHjO
3NsGHDz40yvBR4GBCKsZroJs

You might also like