You are on page 1of 11

Светски ден на

СИДА-ХИВ
Марија Нечева
Марија Сарагиновска
Што е СИДА? Што е ХИВ?
ХИВ - вирус што го напаѓа имунолошкиот систем, природниот одбранбен
механизам на телото против болести. Ако не се третира ХИВ-
инфекцијата, имунолошкиот систем на лицето со време ќе станува сѐ
послаб и послаб, додека не ослаби до толку што нема да може повеќе
да се избори со животозагрозувачки инфекции и болести. Со третман,
луѓето што живеат со ХИВ може да уживаат долг и здрав живот.

СИДА - збир на симптоми и болести што се развиваат во крајниот


стадиум на ХИВ-инфекцијата, доколку истата не се третира со
антиретровирусна терапија.

ХИВ И СИДА НЕ ЗНАЧАТ ИСТО!!!


ХИВ
Вирусот уништува тип на бели крвни клетки и ги користи истите за да
направи копии од себе. Како што ХИВ се размножува, тој
постепено го ослабува имунолошкиот систем на лицето. Ова значи
дека лицето што има ХИВ и не зема соодветна терапија, сѐ
потешко и потешко ќе може да се избори со инфекции и болести.

Ако не се третира ХИВ, за отприлика 10 или 15 години имунолошкиот


системот може толку многу да стане оштетен што нема да биде
повеќе во состојба да се брани.

Сепак, стапката со која ХИВ напредува варира во зависност од


возраста, општата здравствена состојба и други околности.
Основни факти за ХИВ
1. Луѓето со ХИВ може да уживаат долг и здрав живот земајќи антиретровирусна
терапија (АРТ), која е ефикасна и достапна за сите.

2. Кога се зема правилно, АРТ може да го намали нивото на ХИВ во телото толку
ниско што крвните тестови нема да може да го детектираат вирусот. Кога имате
недетектабилен ХИВ, не можете да го пренесете на друго лице.

3. ХИВ се наоѓа во претсемената и семената течност, крвта, вагиналните и


аналните течности, и мајчиното млеко. Воглавно се пренесува преку незаштитен
сексуален однос (без кондом), споделување игли или шприцови, и за време на
бременост, породување или доење.

4. ХИВ не може да се пренесе преку пот, плунка или урина. Тоа значи дека не може
да се пренесе преку кашлање или кивање, гушкање, бакнување.
СИДА
СИДА е збир на симптоми (или синдром) предизвикан од ХИВ.

За лице се вели дека има СИДА кога нивниот имунолошки систем е премногу слаб за
да се избори со инфекција, па развиваат одредени симптоми и болести (познати
како „опортунистички инфекции“). Ова е последниот стадиум на ХИВ, кога
инфекцијата е многу напредната, и ако не се третира ќе доведе до смрт.
Основни факти за СИДА

1. СИДА е акроним на францускиот назив за „синдром на стекнат имунолошки


дефицит“ (француски: Syndrome d’immunodéficience acquise). Исто така се
нарекува напредна ХИВ-инфекција или доцен стадиум на ХИВ. СИДА е збир на
симптоми и болести што се развиваат кога напредната ХИВ-инфекција го
уништила имунолошкиот систем.

2. Во денешно време, сѐ помалку луѓе развиваат СИДА бидејќи сѐ повеќе луѓе се


на третман за ХИВ и остануваат здрави. Иако нема лек за ХИВ, со правиот
третман и поддршка, луѓето што живеат со ХИВ може да уживаат долги и
здрави животи. За да биде така, особено е важно да се посветите на правилно
земање терапија.
ПРЕВЕНЦИЈА
1. Обавезно користење на заштита (кондоми, машки и женски) при сексуални
односи или целосна абстиненција.

2. Користење стерилни инструменти при гинеколошки прегледи.

3. Користење чисти и стерилни игли при боцкање и тетовирање.

4. Внимавање при работа со крв и телесни течности.


Интересни факти
1. Првиот идентификуван случај на СИДА бил непознат скандинавец во 1960та
година.
2. Во светот има само 5 излечени луѓе од СИДА.
3. Познати личности кои биле заболени од СИДА:
Freddie Mercury, Magic Johnson, Eazy-e, Arthur Ashe и др.
4. Околу 70% од луѓето заболени од СИДА живеат во Африка.
5. Покрај сите достапни тестови за ХИВ само 7% од луѓето се имаат тестирано на
светско ниво.
6. Бремените жени заболени од ХИВ можат да ја пренесат болеста и на своите
новороденчиња.
Време е за квиз 
Прашање 1 Што е СИДА? ??????????????????

Прашање 2 Што е ХИВ? ??????????????????

Прашање 3 Која е разликата ??????????????????


помеѓу ХИВ и СИДА? ??????????????????

Прашање 4 Дали треба да се има ??????????????????


сексуален однос со ??????????????????
заштита (кондом)? ??????????????????

Прашање 5 Наведете неколку ??????????????????


ПРЕВЕНЦИИ ??????????????????
Време е за квиз 
Прашање 1 Што е СИДА? Краен стадиум на ХИВ
вирусот.
Прашање 2 Што е ХИВ? Вирусно заболување
кај луѓето.
Прашање 3 Која е разликата СИДА е краен стадиум
помеѓу ХИВ и СИДА? на заболувањето ХИВ

Прашање 4 Дали треба да се има ДА, ДА, ДА, ДА, ДА,


сексуален однос со ДА, ДА, ДА, ДА, ДА,
заштита (кондом)? ДА, ДА ДА, ДА, ДА,

Прашање 5 Наведете неколку Користење на


ПРЕВЕНЦИИ кондоми, користење
стерилни
инструменти,....
Ви благодариме на
вниманието!!!!!

You might also like