You are on page 1of 21

Фрустрации,

механизми на одбрана и
конфликти

Факултет за образовни науки


„Гоце Делчев“ - Штип
Зорица Иванова бр.индекс 1436
(ППМП)
Што се подразбира по поимот
Фрустрации?
 Спречувањетона задоволувањето на мотивите се
нарекува фрустрација.

 Фрустрацијата е релативно трајна состојба на


неможност или спреченост да се задоволи некој во
доволна мера активен мотив.

 Може да настане од повеќе причини:


- објективна препрека
- од социјална природа
- препреки самата личност
Кои се извори на фрустрација?
 Фрустрациикако резултат на појава на објективни
физички препреки или бариери.

На пример:
 гладни сме, а немаме храна за задоволување на
гладот,
 подготвени за излегување, а временските услови се
влошени.

Ваквите објективни пречки за задоволување на нашите


потреби се наречени објективни бариери.
Кои се извори на фрустрација?
 Фрустрации од социјална природа.

На пример:
 Влијанието на избор на занимање;
 Влијанието за избор на брачен другар од страна на
родителите;

Овој вид на пречки се однесуваат кога луѓето или


нивните сваќања се причина за остварување на
мотивите на личноста.
Кои се извори на фрустрација?
 Изворотна фрустрации може да се наоѓа во самата
личност.
На пример:
 Борбата на повеќе различни мотиви кои кај личноста се
јавуваат истовремено.
 неуспесите во животот постојано да си ги препишуваме на
нашето незнаење, недоволните способности, глупост,
дезорганизација, неодлучност и слично.

Овој вид на пречки оставаат посериозни тешкотии и


проблеми на личноста за разлика од објективните и
социјалните пречки.
КОНФЛИКТИ
 Во секојдневниот говор под конфликт се
подразбира судир (спортивставување) меѓу мотивите
на две или повеќе лица или групи кои понекогаш
може да применуваат сила како средство за да
победат или да се одбранат.
Психичкиот конфликт може да се дефинира
како постоење на противречни внатрешни мотиви кај
една иста личност.

 Состојбата
во која се наоѓа личноста помеѓу две
спотивставени сили кои го притискаат се нарекува
конфликтна состојба.
Извори на конфликти
Конфликтите произлегуваат од најразлични причини, кои можат да
се групираат во три нивоа:

 Конфликти поради ограничени ресурси – настануваат кога


двајца или две групи сакаат исто нешто, но нема доволно за двете
страни.

 Конфликти поради незадоволени базични потреби – можат да


бидат физиолошки (бода, храна, сон, и.т.н) и психолошки
(потреба за сигурност, за почитување, за припаѓање).

 Конфликти поради различни вредности – произлегуваат од


разликите во верувањата за тоа кои активности, работи и идеи се
исправни, корисни, добри, а кои не се.
Дефинирање на конфликт
Конфликтот има три компоненти кои го
формираат, а тоа се:

страни на конфликтот,
конфликтно однесување
и конфликтни интереси.
Страни на конфликтот
 Страни
на конфликтот се поединците или пак
групите кои се директни учесници во одереден
конфликт.

 Под страни на конфликтот може да се споменат:


- страни на вооружен конфликт,
- страни на вербален конфликт,
 културен конфликт,
 јазичен конфликт,
 верски конфликт,
 политички конфликт и др.
Видови на конфликти
Зависно од тоа кои се страните на конфликтот, постојат неколку
видови на конфликти:
 Интраперсонален конфликт – пр: помеѓу сопружниците, кога секој има
свој интерес во однос на слободното време или околу своите обврски

 Интerперсонален конфликт – кога конфликтот е помеѓу поединци,


поимеѓу брачни другари или пак помеѓу брат и сестра или други членови од
фамилијата, или пак помеѓу шефот и вработениот, или пак помеѓу двајца
вработени во една компанија и многу други примери.

 Интрагрупен конфликт – кога има конфликт помеѓу одредени групи,


помеѓу децата од една страна и родителите на друга страна или пак во едно
претпријатие, вработените завземаат една положба а раководителите завземаат
друга страна на конфликтот.

 Интергрупен конфликт - Конфликтот помеѓу две семејства во соседството


е интергрупен конфликт, конфликтот помеѓу две политички партии е
интергрупен конфликт, верскиот истотака и др
Конфликтно однесување
 Конфликтното однесување е односот на едната страна и
мерките кои таа страна ги превзема за да се противстави
на другата страна.

 Според интензитетот можат да бидат пасивни


(непочитување, неподржување, несогласување) па се до
отворено (агресивно) несогласување кое може да се
изрази со расправање, саботирање, обвинување па се до
вооружена пресметка и до војна.

 Постојат три вида на конфликти:


 Конфликт привлекување-привлекување
 Конфликт одбивање – одбивање
 Конфликт привлекување - одбивање
Конфликт
„привлекување-привлекување“
 Овој конфликт се јавува кога треба да се определиме
помеѓу две цели кои и двете не привлекуваат
истовремено, а сепак треба да се реши за која цел ке
се заинтересира повеќе.
(на пр. момче на кое му се допаѓаат две девојки).
 Во реалниот живот ситуации од ваков вид се ретки
зошто најчесто едната цел ни станува попривлечна
за разлика од другата.
Конфликт
„одбивање – одбивање“
 Овој конфликт се јавува кога се наоѓаме во ситуација
кога треба да направиме една од две работи, и
двете подеднакво ни се непријатни и одбивни.
 Значи, од двете зла треба да го избереме помалото.
 Во оваа ситуација, при изборот секогаш ја избираме
ситуацијата чии последици нема да бидат видливи
веднаш.
Конфликт
„привлекување - одбивање“
 Овој конфликт е ситуација во која една иста цел
истовремено е подеднакво привлечна и
подеднакво одбивна.
На пример: Кога сакаме слатки, но се плашиме да не се
здебелиме.
 Ова може да биде најтежок тип на конфликт кој
може да доведе до многу последици, психосоматски
пореметувања и до психоневротични заболувања.
Реакции и последици од
фрустрациите и конфликтите
 Воуслови кога личноста се наоѓа во напната
состојба бара или наоѓа различни излезни решенија
кои се или не се во согласност со личните и
социјалните принципи.

 Постојат
два начина на реакција на личноста при
фрустрации и конфликти:
 Реалистичен начин на реагирање
 Нереалистичен начин на реагирање
Реалистичен начин на реагирање на
фрустрации и конфликти
 Воовој начин
личноста свесно
презема акција за
надминување на
ситуацијата.

 Например: „Ако не го
положам испитот,
посериозно и со
дополнителен напор ќе
се подготвам за
наредниот пат.“
Нереалистичен начин на реагирање
на фрустрации и конфликти
 Воовој начин личноста
не е во состојба да ја
задоволи
фрустрационата
ситуација.

 Манипулира со
информациите и
деталите за вистинската
состојба со цел да го
прекрие доживеаниот
неуспех пред себе и
другите.
Одбранбени механизми при
фрустрации и конфликти
 Со активирање на одбрамбените механизми,
фрустрацијата и конфликтот не се трајно решени, туку
несвесно човекот бега кон намалување на
вознемиреноста за да се одбрани самиот себеси пред се.
 Одбранбени механизми можат да бидат:
 Рационализација
 Регресија
 Сонување
 Компензација
 Идентификација
 Сублимација
 Проекција
 Репресија / потиснување
 Рационализација - изнаоѓање на поприфатливи и
пооправдани причини за однесувањето, се со цел да го
задржиме високото мислење за себеси.

 Регресија - се користи во случаи кога од нашето зрело


однесување го враќаме наназад, кон детското на пример или
пак спуштање на пониско ниво. зрел начин на однесување се
враќаме во попримитивно однесување, најчесто детско
однесување.

 Сонување или фантазија - се користи кога наместо своите


желби и мотиви да ги задоволиме со реална активност, ние се
задоволуваме со замислата дека се веќе остварени.

 Компензација - всушност компензирањето на некои


одредени потешко остварливи цели со цели кои се
полесно остварливи.
 Идентификација - кога задоволувањето на некоја цел не успева,
тогаш сите сме подложни на идентификација на нашиот неуспех со
успехот на другите. Така, децата како мали се идентификуваат со
своите родители, а родителите пак се идентификуваат со своите деца, а
со тоа доаѓа и притисокот да дацата прават работи и да избираат
работи кои нивните родители имале желба да ги имаат или остварат но
не успеале.

 Сублимација - се користи во случај кога некоја лична цел не може да


се оствари на непосреден, директен начин па се задоволува со
остварување на други, посредни цели.

 Проекција - се користи кога сакаме некоја наша особина да им ја


препоишеме на друг. Со тоа не признаваме дека ние ја имаме таа
особина, туку велиме дека другите, некои одредени личности ја имаат
таа негативна особина.

 Репресија / потиснување - мотивите кои се во спротивност со


општествените норми ги потиснуваме од свеста па настојуваме да
заборавиме. Тоа е кога треба нешто да се направи, но бидејќи не
сакаме или не ни одговара тоа да го направиме, не го правиме.

You might also like