You are on page 1of 22

ЕМОЦИИ И ЧУВСТВА

ВОВЕД⁚

Современата историја на проучување на емоциите почнува со


ВИЛИЈАМ ЏЕМС кој прв дал едноставна , јасна и
кохерентна теорија за емоциите.

Зборот емоција е motere, латинскиот глагол со значење (да се


движиш) со дадениот префикс (е) кој значи да се движиш напред .
ДЕФИНИЦИЈА ЗА ЕМОЦИИ
 Емоциите се психички процеси што го изразуваат човековиот
однос кон предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот
однос кон самиот себе и кон сопствените постапки и
доживувања.

 Емоциите ја определуваат и насочуваат човековата активност. Постои разлика


меѓу поимите емоција и чувство. Емоциите се јавуваат и кај луѓето и кај
животните, а чувствата се емоции што се јавуваат само кај луѓето. Тие се
резултат од човековиот социјален живот.
Фазии на емоциите

Разликуваме две фази на емоциите:


- Првата е фаза на шок, а втората е хронична фаза.
Фазата на шок е акутна фаза, таа претставува некој вид
психички удар, во неа не знаеме за каква емоција се работи, зашто во
оваа фаза сите емоции се слични.
- Втората, хроничната фаза трае подолго време и
дури во неа емоцијата го добива својот квалитет така што знаеме за
каков вид на емоција се работи.
Изрази на лице кои изразуваат човечки емоции - од
1821 година, според Шарл Лебрен
Во потрага за подобро разбирање на емоционалниот живот биле вклучени :

Аристотел Декард Дарвин Фројд


и многу други.
Карактеристики на чувствата и
емоциите
 При појава на чувство и емоција во човекот се одвиваат голем
. број карактеристични промени: -
Физиолошки, -
Физички и -
Промени во движењето.
Видови чувства

Постојат многу видови чувства, и за полесно разбирање, се прават обиди за нивно


категоризирање според одредени критериуми.
Критериум – Каква важност имаат
чуствата во животот на човекот ?
 Според овој критериум чуствата можат да бидат примарни и
секундарни.
- Примарни се оние чувства што се универзални за човековиот вид и што
се биолошки важни за неговиот опстанок. Тоа се основните човекови
вродени чувства (страв, тага, гнев, радост).

- Секундарни се оние чувства што се создаваат по пат на учење. Тие


претставуваат сложени комбинации од основните чувства и се нарекуваат
сложени чувства (љубов, љубомора, пријателство…).
 Сложените чувства се нарекуваат и социјални чувства.

 Сложени се оние кои се создаваат по пат на учење (морални,


интелектуални, естетски ).
МОРАЛНИ, ИНТЕЛЕКТУАЛНИ, ЕСТЕТСКИ
ЧУСТВА
 Морални чувства се оние што го изградуваат човековиот однос кон нормите и
правилата на однесување што владеат во дадената општествена средина. Најважни
морални чувства се: хуманизам, колективизам, патриотизам .

 Интелектуални чувства се оние што човекот ги развива во процесот на умствената


дејност (заинтересираност, љубопитност, критичност, сомневање).

 Естетски чувства се оние што се јавуваат во активноста на човекот при


доживувањето на нешто особено убаво.
Критериум — Каков е интензитетот и
траењето на чувствата?
 Сопред тоа колку се интензивни и колку траат, чувствата можат
да бидат: -
расположенија, -
афекти, -
страсти и -
сентименти.
- Расположенијата се чувства со слаб интензитет и долго траење.

- Афектите се слични чувства со кратко траење. Се


карактеризира со губење контрола.

- Страстите се чувства со голем интензитет и долго траење. Ја


изразуваат човековата емотивна приврзаност кон нешто и нејзините
интереси. Можат да бидат позитивни (страст кон литература,
музика, уметност) и негативни (страст кон коцкање, алкохол,
пушење).

- Сентиментите се трајни, многу сложени и научени чувства.


Критериум — Каква манифестна
активност ги придржува чувствата?

- Чувства што предизвикуваат желба да пристапиме кон објектот


- Чувства што предизвикуваат желба да отстапиме
- Чувства што предизвикуваат желба да се спротивставиме.
Критериум — Како се насочени
чувствата?

 насочени кон себе (гордост, срам)

 насочени кон други луѓе (љубов, љубомора, завист)


Други поделби на чувствата
 Разликува два вида чувства: едните се претежно од
материјална природа (допир, слух, вид, мирис), а другите
чувства се поврзани со телесните уживања: глад, желба за
спиење, гнев, суета, завист, сексуален нагон итн.А други се
пооддалечени од телото (сеќавање, разум, волја).
Развој на чувствата

Од големиот број чувства што ги поседува човекот, едни се создаваат по


пат на наследство и созревање, а други по пат на учење во текот на
социјализација.
Емотивна зрелост и емотивни
нарушувања

 Човекот има можност да постигне емотивна зрелост кога неговите чувства


нормално се развиваат во текот на неговиот живот.

Карактеристики:

1. Соодветност на чувствата – тажниот настан предизвикува тага


2. Контрола на чувствата – зрелиот човек управува со чувствата
3. Богатство на чувствата – поседува многу чувства
Контрола на чувствата

 За да го сочува своето ментално и физичко здравје, човекот треба да


научи како да ги контролира чувствата.

- Соочување со чувството – за да може да управува со чувствата, човекот


мора и да признае дека постојат. Кога младиот човек ќе се вцрви, мора за
тоа да е свесен и да ја бара причината.

- Одбегнување ситуации што предизвикуваат силна емоција – човек да не


се изложува на ситуации кои се непријатни за него.
-Ангажирање со активност – вишокот енергија треба да се насочи или искористи за
полезна активност.

- Оптимизам и хумор – човек се брани од непријатните чувства со откривање на


ведрата и смешна страна на непријатниот настан (секое зло има свое добро).

- Физичка релаксација – вежбите доведуваат до чувствена релаксација (јога,


медитација)
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. Учебник – Психологија од Проф. д-р. Љупчо Кеверески

2. Интернет – Google (Слободна енциклопедија Википедија).

You might also like