You are on page 1of 53

ЕМОЦИИ

Проф. д-р Ленче Милошева


Факултет за медицински науки
Проф. д-р Ленче Милошева
Одредување на емоциите
• Што се емоциите и за што служат:
• Емоцијата е возбудена состојба на организмот предизвикана од
субјективно значаен, важен стимулус (ситуација), која висцерално,
моторно, мотивационо и ментално го подготвува субјектот за
адаптивна активност
• Емоциите се психички процеси кои го изразуваат човековиот однос кон
предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот однос кон самиот
себе, кон сопствените постапки и доживувања.
• Емоциите се јавуваат на три плана:
– Физиолошки (забрзан пулс, ширење на зеници, забрзано дишење, зголемено
лачење на адреналин, зголемено количество на шеќер во крв)
– Субјективно (доживување на специфичен квалитет на емоциите – среќа,
презир, тага, гордост..)
– Бихејвиорален (надворешно видливи манифестации на емоции, типични
промени во однесувањето, став на телото, гестови, мимика...)
• Емоцијата, според тоа, е сложена когнитивно- физиолошко-
бихејвиорална реакција која има двојна функција: адаптација и
комуникација.
• Емоциите кај човекот се побудуваат не само со надворешни стимулуси,
туку и од ментални репрезентации, при сеќавање или замислување, при
што не мораме да бидеме свесни за тие репрезентации
Проф. д-р Ленче Милошева
ЕМОЦИИ
Емоциите претставуваат специјализиран начин на однесување,
обликуван со природна селекција, со која се врши подесување на
физиолошки, психолошки и бихејвиорални параметри на организмот
така да се зголемува способноста на адаптивен одговор на закана и
можности за опасност/закана во различни ситуации (Nesse, 1990)

• Аспекти на емоциите
1. Емотивно искуство (субјективно чувство кое
не може да се квантификува и измери )
2. Изразување на емоциите (однесување)
3. Физиолошка состојба (физиолошки
промени кои ги пратат емотивните состојби)
4. Мотивационен програм – емоциите имаат и
адаптивен карактер, тоа се мотивациони
програми кои ги координираат одговорите на
специфични стимулуси

Проф. д-р Ленче Милошева


Адаптивна улога на емоциите
• Доколку се емоциите вид на адаптивно однесување тогаш може да се утврди
јасен селективен притисок кој ја обликувал секоја поединечна емоција
• Негативни емоции: страв, лутење и тага;
• Позитивни емоции: среќа и љубов;
• Негативните емоции се специфични и диференцирани:
– Еволуирале под силен еволутивен притисок за да овозможат соодветни
реакции на аверзивните стимулуси
– Страв– една од базичните емоции кои имаат јасни импликации на
преживување
– Стравот и лутењето го фокусираат вниманието на индивидуата кон изворот
на негативни емоции и придвижуваат специфичен облик на однесување
– Чувството на тага нема директни импликации на преживување, не
придвижуваат специфичен облик на однесување и покажува поголеми
транскултурни разлики

• Позитивните емоции се поефимерни и неодредени:


– Позитивни емоции се среќа и љубов
– Можат да служат за ширење на фокусот и знаење или “ширење на
видикот”.
– Позитивни емоционални состојби: радост, заинтересираност, задоволство и
љубов
– Љубов – позитивна емоционална состојба предизвикана со чувството на
врзаност за друга личност (деца, родители, партнер, професија)
– Има јасно адаптивно значење
Важни поими
• Афективен тон
– Базичен квалитет на пријатност/непријатност; елементарно
чувствување; квалитет на други чувства
• Афект
– Емоционално доживување со голем интензитет, бурен ток, со изразени
телесни и психички промени, пратен со “стеснување на свест”,
намалување на самоконтрола, импулсивно однесување
• Расположение
– Долготрајно емоционално доживување со слаб интензитет. Причини:
долготрајна изложеност на некои ситуации или хронични преокупации со
некои ментални содржини
– Поврзаност со темпераментот: сангвиниците се склони кон позитивно, а
меланхолиците кон негативно расположение.
• Сентимент
– Сложена, стекната, релативно стабилна ментална структура која ја чинат
чувства, ставови насочени кон одреден објект (пример: љубов,
патриотизам)

Проф. д-р Ленче Милошева


Статусот на емоциите во психологијата некогаш и
сега

• Емоциите лежат во основата на секое човечко искуство и процес на


прилагодувањето, па сепак
– Когнитивните процеси неспоредливо повеќе се изучувале и добивале
повеќе простор во учебниците
– Поимот емоција бил практично “прогонет” од психологијата за време на
бихејвиоризмот
• Први научни студии на емоциите:
– Darvin (1872): “Изразување на емоциите кај човекот и животните”
– Džejms (1884): “Што е емоција” – прва теорија на емоциите
• Поттици за современо изучување на емоциите:
– Клиничка психологија и психотерапија,акцент на запознавање на
субјективниот аспект на емоциите и на негативните емоции
(анксиозност, депресивност, чувство на вина..)
– Психологија на стрес (изучување на меѓудејство на когнитивни и
емоционални процеси, индивидуални разлики во реагирање на стрес,
изучување на процес на тагување,начин на превладување...)
– Хуманистичка и егзистенцијалистичка психологија, интерес за позитивни
емоции (среќа, љубов, гордост..)

Проф. д-р Ленче Милошева


Darwin (1872) – “Изразување на емоциите кај луѓето и
животните“
- Облик на адаптивно однесување кое сме го наследиле од нашите предци;
- Се изразуваат на ист начин како кај луѓе од различни култури;

Plutchik (1994) – четири пара на


Redican (1982) опишува три опозитни емоции: (1) радост/тага, (2)
различни обрасци на изразување на привлечност/oдбивност, (3) бес/страв,
емоции кај примати: (4) oчекување/изненадување
- гримаса – страв или
изненадување Ekman (2000) – опишува седум
- Стегање на уста – лутење, основни емотивни изрази на лица
бес карактеристични за луѓе од сите
- “play face”- радост поднебја и култури
лутење тага среќа страв

гадење изненадува задоволство


Проф. д-р Ленче Милошева ње
Основни (примарни) емоции
• Постојат едноставни, основни или елементарни емоции.
Зависно од авторите проценката на нивниот број варира
од 2 до 11. Некои автори сметаат дека сложените емоции
настануваат со спојување или мешање на примарните
емоции. На пример, Презир=лутење+ гадење (според
Плучик)

• Вилијам Џејмс (V. Džejms) ги наведува следните примарни


емоции: страв, тага, љубов и бес
• Според Екман (Ekman) тоа се: лутење (гнев), гадење,
страв, радост, тага, изненадување. Важни и заеднички
одлики на примарните емоции се:
– Се јавуваат рано во текот на индивидуалниот развој
– Заеднички се за луѓето и вишите примати
– Културно сe универзални
– Имаат специфична физиолошка основа

Проф. д-р Ленче Милошева


Проф. д-р Ленче Милошева
4 Аспекти и области на развој

Социјален

Физички

Когнитивен

Емоционалниот развој вклучува


Проф. препознавање
д-р Ленче Милошеваи изразување на чувства и
Емоционален емоции
Ран емоционален развој.....

Дали новороденчињата имаат емоции и чувства ?


Izard – истражувања
Врз основа на изразот на лицето на бебето да заклучат
возрасните за какви емоции станува збор
-допир на лед; враќање на мајката ; одземе играчка
-Слични изрази на лицето слично се протолкувани
-Полесно + од -

Проф. д-р Ленче Милошева


Редослед на јавување на емоциите

-задоволство; незадоволство;заинтересираност; гадење

Изненадување;
Радост (2м.); Гнев (4м.); Страв (6м.);
Примарни емоции Тага

„емоции на самосвест“ 2 и пол- 3г.


Збунетост; Срам; Вина ; Гордост;
Секундарни Завист
(емоции на самосвест) 3г. Способност да се разберат
стандардите како добро или лошо

Проф. д-р Ленче Милошева


Гнев (лутење)
• Доживуваме кога проценуваме дека некој неоправдано се
однесува на начин кој не` загрозува нас или наша вредност,
односно кога сме осуетени во остварувањето на некоја наша
цел
• Кога сме гневни значи дека очекуваме другата личност да го
промени своето однесување
• Манифестација на гнев:мрштење, стегање на вилица,
песница,круто тело, варирање на јачината на глас (се
намалува или зајакнува во однос на вообичаена јачина);
стискање на уста, одбегнување на гледање во објект,
оддалечување –начини да се стопира нападот
• Агресивното однесување може да произлезе од гнев, треба
да го разликуваме од агресивноста која настанува како
резултат на омраза
• Пасивна агресија: молчење, одбегнување,заборавање,
одлагање-саботажа на заедничките активности
• Адаптивно и ефикасно изразување на лутината: влијае на
промена на однесувањето на друга личност, ублажува или
решава конфликт

Проф. д-р Ленче Милошева


Страв
• Доживуваме кога проценуваме дека сме загрозени, ние, или
некоја наша вредност, а не можеме адекватно да се
спротиставиме на загрозувачкиот објект или ситуација
• Трема: страв во врска со идни ситуации за проверка на
способности или вештини, за кои оценуваме дека ги
надминува или може да ги надмине нашите способности:
инхибиторна и стимулативна трема

• Анксиозност: доживуваме кога проценуваме дека не можеме


да излеземе на крај со животните тешкотии

• Разлика помеѓу страв, паника и ужас: процена на можности


да се заштитиме или ја одбегнеме загрозувачката ситуација

Проф. д-р Ленче Милошева


Страв- Паника - Ужас
Страв Паника Ужас

Проценка Можеме да се Не знаеме дали Мислиме или


тргнеме од можеме да се знаеме дека
загрозувачката тргнеме од нема излез од
ситуација ситуацијата, загрозувачката
веруваме дека ситуација
немаме време и
мораме веднаш да
пронајдеме излез од
ситуацијата
Однесување Бегство, Дезорганизирано, Малаксаност,
оддалечување попречено, кочење,губење
повлекување некоординирано на свест,
однесување: само на дисоцијација
прв поглед
Проф. д-р Ленче Милошева
неадаптивно
Радост
Тага
Љубов
Благодарност
Презир
Љубомора
Срам

...
Проф. д-р Ленче Милошева
Да се плашиш и да научиш како да се
СТРАВ.... справиш со стравот?

По 6м. до 2 г.
-Страв од
непознати лица
-Страв од
одвојување

ЗОШТО?
-Когнитивно развојните теории-
природен резултат на детскиот
перцептивен и когнитивен развој
Кеган„шеми на познати лица “
„шема каде најверојатно оди “
Нарушување на шемата „познати
Проф. д-р Ленче Милошева
лица на познати места “
Од што се плашат децата?

-Да ги разбере реалните


стравови
-Да се спротистави на
нереалните

Проф. д-р Ленче Милошева


Училишните деца развиваат нови
стравови од реалиот живот : развод,
војна, смрт. Заслужуваат искрен
одговор.

Проф. д-р Ленче Милошева


Во адолесценција најголемиот страв е од неуспех и
неприфатеност.Кој сум јас ? Што ќе бидам ?

Проф. д-р Ленче Милошева


По 6 м.
- Страв од непознато лице 8-9 м. до 2г
-Страв од одвојување 6м.-1,5 и 2 г.
Зошто ?
Когнитивно развојните теории – природен
резултат на детското перцепирање и когнитивен
развој
Кеган
„шеми на познати , блиски луѓе “
„ шема-каде најверојатно оди “
Нарушување на шемата „ познати лица на познати
места “
Проф. д-р Ленче Милошева
Видови емоции ... Завист Бес

Љубов

Љубомора
Среќа
Емпатија
Проф. д-р Ленче Милошева
СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ЕМОЦИИТЕ

2 вида вештини :
Регулирање и контролирање на сопствените емоции
(предучилишен период)
„-“ стратегии ; 2,5 г.
Ментална одалеченост и хумор 2 ,5 г.- 6 г.

Социјално лажење
(училишен период )
Прикривање на неприфатливите емоции и манифестирање на
емоција што се очекува наместо доживеана.

Проф. д-р Ленче Милошева


Препознавање и интерпретација

8 м. Почеток на интерпретација на емоциите


2 г. говорат за емоциите
„социјална когниција“

Проф. д-р Ленче Милошева


Емоционални и социјални
врзувања
6-8 м. Болби „емоционални врзувања“
-се развива
-квалитет
o пред да се роди
o откако ќе се роди
Важни се синхроните интеракции ; внимателни и рецептивни
секвенци

Проблеми :
од бебе –предвремено родени ;на мајки зависници; тежок
темперамент
од мајка- депресивни;број на деца во семејство: несакано дете;
односот со партнерот

Проф. д-р Ленче Милошева


Шефер и Емерсон

•Асоцијална фаза –( 0-6 н.)


•Фаза на недискриминитивно врзување ( 6н.-6-7 м .)
•Фаза на специфично врзување ( 7-9 м ) – истражување
•Фаза на повеќекратно врзување ( 18 м )

Мери Еинсворт
(Видови врзувања)

•Сигурно врзување
•Колебливо врзување
•Избегнувачко врзување
•Неорганизирано-дезориентирано врзување

Проф. д-р Ленче Милошева


Теории на врзување

• Психоаналитичка теорија „ те сакам затоа што ме


храниш“
•Теории на учење „наградувањето води кон љубов“
•Когнитивно-развојни теории „за да те сакам морам
да знам дека секогаш ќе бидеш тука“

Проф. д-р Ленче Милошева


Изразување на емоциите зависи од
културните норми и учења
• Иако емоциите се универзални, на изразувањето на емоциите
влијаат обичаите и кутурните разлики меѓу народите;
емоционален израз на лицата (фреквенција и интензитет) кои
општеството ги одобрува, познат е под името социјални
правила на изразување
• Степенот на изразување на емоции зависи од претходното
искуство
– Научена реакција на специфична сензорна дразба – условен
емоционален одговор
• Изразувањето на емоции во некои случаи не е подложно на
промени под влијание на искуствата – теорија на вродена
спремност

Проф. д-р Ленче Милошева


Невроанатомија во изразување на
емоциите
Израз на лицата зависи од фината
мрежа на деликатните фацијални
мускули чија примарна улога е
продукција на говор, жвакање и
дишење.
Фацијалните мускули се делат во две
групи :
- Површински – прицврстени за
кожата на лицето
Надолни пирамидални и
- Длабоки –прицврстени за черепот екстрапирамидални
Надолни проекции од
вентралниот
проекции
преден мозок и
од моторниот кортекс и
Волевата контрола на мозочното стебло
хипоталамус

фацијалната моторика е
посредувана со проекциите од
моторниот кортекс и
мозочното стебло, додека Моторни неврони
фацијалната моторика е Фацијални јадра
предизвикана со емотивна Duschenn-ова насмевка
состојба посредувана со Пирамидална
насмевка
проекции од вентралниот
преден мозок и хипоталамус Активација на фацијални
мускули

Проф. д-р Ленче Милошева


Физиолошки теории на
емоциите

Објаснување на физиолошката основа на


емоциите; однос на органските промени и
субјективното доживување
1. Džejms-Langeova теорија
2. Kenon-Bardova теорија
3. Papez-Meklinova теорија

Проф. д-р Ленче Милошева


Џемјс-Лангеова теорија (James-Lange)
• Во 19 век доживувањата во емоционалните состојби се одвиваат
по следниот редослед: најнапред се перцепира емоционалната
ситуација, потоа доживува емоцијата, и на крај доживеаната
емоција се манифестира во низа телесни промени
• 1884 Џејмс- емоцијата е доживување на телесни промени кои се
случуваат; свест за тие промени; збир на емоции кои
потекнуваат од активираните мускули и внатрешните органи.
• Редоследот на случувањата во емоционалните состојби е
следен: перцепција на опасна ситуација предизвикува низа на
телесни промени, а свеста за тие промени е доживување на
емоции. Опишаните телесни промени (внатрешни и
надворешни) не се пратители на емоциите, туку лежат во
нивната основа и ја претставуваат нивната суштина.
• Ланге -човекот постои со сите емоционални доживувања

Проф. д-р Ленче Милошева


Џејмс-Лангеова теорија (James-Lange)
• “Што е емоција”, V. Džejms, 1884

Субјективно
доживување

Церебрален кортекс
Сензорен кортекс →Моторен кортекс 2

Одговор на
организмите
Проф. д-р Ленче Милошева
Критиката на Кенон на Џејмс Лангеовата
теорија(околу 1920)

• Различни емоции се поврзани со исти или скоро


идентични телесни процеси
• Многу телесни органи реагираат споро, а емоциите
можат да настанат непосредно по перцепирање на
ситуацијата
• Телесните промени предизивикани со некој друг
стимулус не доведуваат до емоции кои се поврзани со
тие промени (пример: солзи како резултат на сечење
на кромид не предизвикуваат доживување на тага)
• По пресечување на сензорните патишта кои водат од
висцералните органи кон мозокот, животните и
понатаму покажуваат експресија на бихејвиоралниот
план

Проф. д-р Ленче Милошева


Теоријата на Кенон
• Интеграција на мозокот со емоционалните искуства и реакции.
Некои емоции предизвикуваат брза реакција на целокупниот
организам кога субјектот ќе се најде во некоја конкретна и
реална опасност.
• При оваа реакција организмот најнапред го ангажира
невровегетативниот систем за да ги изрази своите емоции.
Најнапред 1таламус- 2 ексцитација на мозочна кора- се испраќаат
стимулуси до 3 симпатикус –4 телесни промени

Проф. д-р Ленче Милошева


Теорија на Kenon-Bard
• Хипоталамусот како центар на регулација на емоциите

Субјективно
доживување
4

2
Церебрален
кортекс

Таламус

1
Хипоталамус 3

АНС
Одговор на организмот
Проф. д-р Ленче Милошева
Когнитивни теории на емоции
• Ја објаснуваат улогата на когнитивните процеси во
создавањето и изразувањето на емоциите
• Шахтер-Сингер (двофакторска) теорија –инекции со
адреналин
• Иако објективно имале исти органски промени, промените ги
доживеале сосема различно зависно од социјалната ситуација
• За создавањето на субјективното доживување на
емоциите се потребни две информации: за нашата
физиолошка состојба и за ситуацијата во која
таквата физиолошка состојба се појавила.
• Пример: страв и почит
• Теорија на Лазарус (Lazarus)
• Емоциите им претходат на когнитивните процеси
• Примарна когнитивна проценка:што се случува,
значење на случувањето и значење на ситуацијата,
можни последици
• Секундарна когнитивна проценка:одлука за тоа што да
правиме
Проф. д-р Ленче Милошева
Современи физиолошки
теории

• Papez-Meklinova teorija
– Papez (1937) и Meklin (1949,1952,1970)
– Покрај talamus, hipotalamus и cortex,
важна улога во создавањето на емоциите
има “visceralniot mozok” (limbički sistem,
посебно, hipokampus и amigdala). Тој е
центар на емоционалниот живот.

Проф. д-р Ленче Милошева


Современи сознанија за
неврофизиолошките основи на
емоциите
• Два нервни пата во создавањето на емоциите (Le Du):

– Субкортикални
• еволутивно постари
• побрзи
• поважни за преживување
• не вклучува свесност
– Кортикални
• еволутивно млади
• поспори
• овозможува свесно, субјективно доживување

Проф. д-р Ленче Милошева


Два пата на емоционално
реагирање
СЕНЗОРЕН КОРТЕКС

Кортикален пат

Субкортикален пат
ТАЛАМУС
АМИГДАЛА

ЕМОЦИОНАЛЕН ЕМОЦИОНАЛЕН
СТИМУЛУС ОДГОВОР
Дали постои единствен “емотивен систем”?
• Лимбички систем
– Paul Broca (1878) – на медијалната површина на cerebrum-от се
наоѓа кортикална област со поинаква градба од остатокот на
кортексот- лимбички резен (limbus – граница). Лимбичкиот кортекс
опфаќа дел од кортексот околу corpus callosuma, т.е. cingulatni
girus, медијална површина на слепоочниот резен и hipokampus.
– James Papez – “медијалниот зид на кoртексот го чини емотивниот
систем” кој го поврзува кортексот со хипоталамусот. Лимбичкиот
систем го поврзува хипоталамусот и кортексот, односно
емотивното искуство и изразување на емоции.
• Лезии на неокортексот – експерименти со декортикувано куче –
немотивирано изразување на агресија; оштетување на таламусот –
неконтролирано плакање и смеење.

Проф. д-р Ленче Милошева


Кливер и Биси (Kluwer-Bucy )синдром

• Kluwer-Bucy синдром – билатерално отстранување


на темпоралниот лобус кај мајмуните доведува до
специфични промени во однесувањето:
• зачувана визуелна перцепција со слабо визуелно
препознавање, орална тенденција, променето
сексуално однесување и емотивни промени.
Животните не покажуваат ни страв ни агресија.
• Сите симптоми се појавуваат и кај личности со лезии
на темпоралниот лобус.

Проф. д-р Ленче Милошева


Улогата на амигдалата во развивање на емоции страв и
учење

• Оштетувањето на амигдалата доведува до намалување на


емоционалноста и до слични ефекти како Kluwer-Bucy
синдромот. Билатералното отстранување на амигдалата
доведува до намалување на емоцијата на страв.
Стимулацијата на базолатералните јадра кај мачки
доведува до зголемено изразување на страв и
агресивност.
• Бројните експерименти укажуваат дека невроните на
амигдалата „учат“ да одговорат на стимулусите поврзани
со емоцијата болка. После учењето, стимулусите
предизвикуваат реакција на страв.
• Улогата на амигдалата во научениот страв е покажана и
кај луѓе со помош на fMRI.
• Историјата на случаи на личност со билатерално
оштетување на амигдалата укажува дека овие јадра се
вклучени и во препознавање на емоција страв и фацијален
израз кој е врзан за оваа емоција.
Улогата на префронталниот резен во
изразување на емоции

• Случајот на Phineas Cage – повреда


на орбитофронтален кортекс
• Орбитофронтален кортекс – прима
информации од сите делови на
фронталниот кортекс, како и од
сензорните системи. Исто така, има
густи проекции од и на лимбичкиот
систем и влијае на него и посебно на
амигдалата.

Проф. д-р Ленче Милошева


Хемисферна валентност
Двете хемисфери играат различни улоги во когнитивните процеси
и изразување на емоциите; десната хемисфера повеќе е вклучена
во препознавање на емоциите кај други; додека левата страна на
лицето, која е под контрола на десната хемисфера е
поекспресивна.

Десната хемисфера е вклучена во


обработка на негативни емоции;
Левата хемисфера е вклучена во
обработка на позитивни емоции –
хипотеза на хемисферна
валентност.

Проф. д-р Ленче Милошева


Не постои единствен емоционален систем
различните емоции се посредувани со различни неурални мрежи и патишта

Тага – cingulaten girus, insula, dorzalen


del na varolijeviot most
Среќа/Радост – dorzomedijalni
talamus, parafascikularna oblast,
ventralna periakvaduktalna siva masa.
Страв – Bademasti jadra (centralno i
bazolateralno), medijalni hipotalamus i
dorzalna periakvaduktalna siva masa.
Бес – orbitofrontalni korteks, sreden
mozok
Паника – anteriorni cingulatni girus,
jadro na terminalna brazda,
dorzomedijalni talamus, dorzalna
periakvaduktalna siva masa.
Гадење/одвратност – insula,
Проф. д-р Ленче putamen.
Милошева
Растројства на емоциите
I Квантитативни растројства- се однесуваат на
интензитетот на емоционалното и афективно
доживување

II Квалитативни растројства-се однесуваат на


квалитетот на емоциите и емотивните
доживување и се одраз на потешки ментални
растројства

Проф. д-р Ленче Милошева


I Квантитативни растројства
1. Депресивно расположение
2. Еуфорија и манично расположение
3. Анксиозност
4. Паника
5. Апатија (Атимија)
6. Анхедонија
7. Емоционална лабилност
8. Афективна раздразливост
9. Дисфорија
10. Емоционална инконтиненција
11. Емоционална амбиваленција
12. Продолжено афективно реагирање
13. Патолошки афект

Проф. д-р Ленче Милошева


1. Депресивно расположение
Намалено расположение, безволност, безиницијативност,
тажно, губење-зголемување на апетит-сон
2. Еуфорија и манично расположение
Зголемено расположение. Болниот е немотивирано весел,
мегаломански или експанзивни идеи. ОрПсихС
(“еуфорија”);(“манично-хипоманично”) Манично-депресивна
психоза
3. Анксиозност неодреден страв, непријатна внатрешна
напнатност, исчекување на загрозеност и непријатност.
Невротична анкс. и психотична анксиозност.
4. Паника повремени и временски ограничени нагли напади
на интензивен страв, очекување и ужас, со многубројни
вегетативни феномени, каде доминира потење и тахикардија.
5. Апатија (Атимија) намалување или целосно отсуство
на емоции. Емоционална тапост, емоционално студенило,
индиферентност на афект. SCH
Проф. д-р Ленче Милошева
6. Анхедонија – често заедничко растројство на афект и
волја, се манифестира во губење на интерес (волева дејност) и
на емоционални задоволства

7. Емоционална лабилност – брза промена на емоции


ОрПсих

8. Афективна раздразливост – зголемена афективна


реакција, како последица на слаба емоционална толеранција на
фрустрации

9. Дисфорија- променливо и непријатно расположение на


тага, анксиозност или раздразливост

Проф. д-р Ленче Милошева


10. Емоционална инконтиненција – неспособност да се
задржи афективното изразување ОргПсих
11. Емоционална амбиваленција Hy , SCH
12. Продолжено афективно реагирање

13. Патолошки афект – Крафт Ебинг


Екстремна патолошка реакција води кон тешка дезинтеграција
на психичкото доживување со клинички карактеристики на
помрачено сознание и нарушена ориентација. Судско медиц.
значење
-несразмер меѓу повод и реакција (реакција на краток спој)
-стеснување на свест
-психомоторен немир
-нагол почеток и крај
-амнезија за време на афективна состојба
Проф. д-р Ленче Милошева
• Три стадиума:

1. Почетен стадиум-свеста е ограничено стеснета и


нарушена е способноста за јасна перцепција
2. Афективна експлозија- силна психомоторна возбуда и
агресивно однесување и одредени автоматизми
3. Терминален стадиум- психички и телесен замор, мускулна
релаксација и терминален сон после кој пациентот не се сеќава
за периодот во афект (ретроградна амнезија)

Проф. д-р Ленче Милошева


II Квалитативни растројства
1. Паратимија-парадоксална емоција (наместо да чувствува
радост тој плаче и обратно)

2. Парамимија- доживувањето на емоциите е адекватно, но


не и експресијата и мимиката

3. Дефект во афективниот однос- слично на


афективна тапост; не чувствува ништо; ништо траг не остава врз
неговите емоции;SCH

Проф. д-р Ленче Милошева

You might also like