You are on page 1of 11

Меѓународен Славјански Универзитет

„Гаврило Романович Державин“-Свети Николе - Битола

Александар Ѓорѓиевски
Факултет за психологија

„Психоаналитичко гледиште при невротични нарушувања на


личноста“
АВТОРЕФЕРАТ
(Дипломски труд)

Потпис

-------------------------------------

Битола,2016
ВОВЕД

За тоа што е личност, што ја насочува на активност и како се формира постојат


голем број различни сфаќања. Според тоа какви се сфаќањата за некои од основните
проблеми на личноста, постојат и различни дефиниции за личноста. Американскиот
психолог, Г.Олпорт ( G.Allport, 1937 ) се обидел да собери и среди многубројни
дефиниции за личноста и добил 50 групи различни дефиниции. Некои од тие групи на
дефиниции за личноста претставуваат дефиниција за личноста за правото, филозофијата
или теологијата. Но, голем е и бројот на психолошки дефиниции за личноста.

1.Поим за личност

1.2.Дефиниција за личност

Личноста се дефинира како збир на карактеристики на човекот кои го одредуваат


неговото однесување, односно интегрирано и усогласено функционирање на неговите
поединечни специфичности. Честопати во секојдневниот живот се употребуваат и
поимите човек и индивидуа.

1.3 Карактеристики на личноста

Покрај разликите во објаснувањето на поедини прашања за личноста, сите


дефиниции за личноста во поновата психолошка литература истакнуваат три моменти:
единство или интегритет на личноста, уникатност или посебност на личноста и релативна
конзистентност во однесувањето како резултат на единството и посебноста на личноста.

Уникатноста или посебноста на личноста значи дека секој поединец се разликува


од секој друг по тоа какви карактеристики има и како тие карактеристики се меѓусебно
поврзани. Секој човек е посебна единка. Оваа посебност не е апсолутна, не е толку за да
не може еден поединец да се спореди со друг, како што некои автори така мислат. Во
таквите случаи не би можело да се зборува за личност воопшто, за законите на
психологијата на личноста. Оваа карактеристика е само релативна. Но, таа е доволна за да
може да се зборува за поединецот како за личност различна од сите останати поединци.

Од уникатноста и посебноста на личноста произлегува и третата важна


карактеристика за поимот личност: одредена релативна конзистентност во однесувањето
на личноста. Релативната конзистентност во однесувањето на личноста се манифестира со
слични однесувања во слични ситуации. Некој кој што е брз, себичен, амбициозен, искрен,
ги искажува овие свои карактеристики во голем број од своите постапки.

2
2.Развој на личноста

2.2.Улогата на наследниот фактор, средината и активностите

Можеме да кажеме дека развојот на личноста зависи од три фактори: од


наследниот фактор, од средината и од активностите на поединецот. Постојат различни
сфаќања за улогата на овие фактори. Има сфаќања дека наследниот фактор е единствениот
одлучувачки фактор од кого зависи развојот на личноста. Приврзаниците на ова сфаќање
сметаат дека од наследниот фактор не зависат само способностите и темпераментот туку и
сите други карактеристики на личноста, како на пример: амбициозност, мрзеливост,
стрпливост, упорност. Според ова сфаќање - кое се нарекува нативистичко - наследниот
фактор го одредува целокупниот развој на личноста. Сфаќањата за личноста според
Шелдон и Кречмер претставуваат таква нативистички или конституционални сфаќања на
личноста.

2.3.Биолошки фактори во развојот на личноста

Главни биолошки услови или главни биолошки фактори се: нервниот систем,
ендокриниот систем и телесната конституција. Овие фактори, пред се, се одредени од
наследниот фактор. Но биолошките фактори, иако го вклучуваат наследниот фактор кој
има најважна улога при делувањето на овие фактори, не се состојат само од наследниот
фактор. И на овие фактори можат да влијаат промените во организмот кои настануваат
како последица на делувањето на средината - на пример, како резултат на составот и
количината на исхраната, или како резултат на различните заболувања.

3.Свест-невролошки аспект

Проблемот на свеста за неврологот- докторот е првенствено клинички проблем. За


неврологот тоа е енигма која е претставена со огромен јаз измеѓу невробиолошките
основи на когнитивниот процес и свеста во психолошките рефлексии од тој процес.

Квалитативната свест ( „ психички живот во одредени моменти “ ) е „ сцена “


исполнета со содржината на: мислите, перцепцијата, сеќавањата, чувствата, желбите,
намерите итн. Нејзини карактеристики се:

Свесност за значењето на секој ( или поголемиот број ) на елементите од


содржината;
Совршен ред во односите на елементите на содржината;
Динамичност и променливост на содржината;
Искуство на сопствената содржина;
Целосна ориентација за место, време, кон себе си и другите лица.

3
Квалитативното нарушување на свеста може да биде двојна. Поедноставно
нарушување е синтезата на содржината на свеста која се нарекува конфузност или
ментална конфузија.

Втората форма е делириум или конфузно - делирантна состојба.

4.Три групи на теорија на личност

Првата група ја сочинуваат теоријата кои ја нагласуваат улогата на биолошките


моменти, па според тоа и на наследниот фактор.

Втората група ја сочинуваат теоријата која, не ги истакнува толку биолошките


моменти и наследниот фактор, туку ја нагласуваат посебноста, уникатноста, на секој
поединец, неговата помалку - повеќе целосна разлика од сите останати луѓе.

Третата група ја сочинуваат теоријата која посебен акцент става на улогата на


средината, а посебно на улогата на социјалните фактори. Тоа се социјални теории на
личноста, кои денес земаат се поголема улога и имаат се поголемо влијание.

4.2.Психоаналитика теорија на личноста

Тоа е група на теорија во која има заедничко нагласување на значењето на


несвесната динамика во објаснувањето на личноста. Во областа на несвесноста, вели
Фројд, основач на психоанализата лежат движечките сили на човековата активност.
Неговата теорија е една од ние први динамички психологии, но не е единствена. Такви се
и теориите според Алдер, Јунг, Олпорт, затоа што сите тие имаат динамичен поглед во
анализата на личноста.

4.3.Психоаналитичка теорија според Фројд

Фројдовата психоаналитичка теорија настанува на крајот од 19век во Австралија.


Сигмунд Фројд се занимавал со истражување и лечење невроза, а до својата теорија доаѓа
користејќи посебен метод за истражување на несвесноста - психоанализа.

Фројд зборува за две групи на инстинкти:

- инстинкт за живот
- инстинкт за смрт

Според Фројд има три видови на личности и тоа:

- ID( тоа ) - се стреми по секоја цена да ги задоволи своите инстинкти кои го


сочинуваат, и тоа непосредно и веднаш, без оглед на се.

4
- EGO ( јас ) – водејќи сметка за реалната ситуација, раководејќи се, понатаму, не
повеќе според принципот на задоволство туку според принципот на реалноста,
настојува да овозможи задоволување на тоа што нагонскиот дел, Id, се залага.
- SUPEREGO ( над - јас ) - се состои од принципи, норми, морални правила, идеали
кои поединецот според воспитувањето во домот, идентификацијата со таткото, и
потоа со други социјални влијанија ги стекнал, придобил.

4.4.Олпортова теорија

Олпотровата теорија, во поголем број во однос на другите теории, ги користи


резултатите од психолошките истражувања. Поради тоа оваа теорија има големо влијание
на сфаќањата за личноста во т.н. училишна психологија, психологија која се предава на
универзитетите.

Олпорт разликува индивидуални и општи особини, карактеристики. Всушност,


потенцира Олпорт, дека сите се индивидуални особини. Кога се наведува дека двајца
поединци имаат исти карактеристики, дека на пример двајца поединци се одликуваат со
сигурност во себе или емоционална рамнотежа, треба да се има на ум дека тоа се само по
име исти особини, а реално различни. Ние прикажуваме личност на поединци наведувајќи
ги таквите општи особини, на пример, дека е некој амбициозен, чесен, упорен и слично,
но треба да се знае дека тоа се само апсолвирани категории, дека секој поединец е
различно амбициозен, различно чесен и различно упорен.

4.5.Теорија на Јунг

Теоријата на Јунг настанува кога близок соработник на Фројд се одвојува од


психоанализата. Според Карл Густав Јунг ( Carl Gustav Jung ) човекот е сложено битие,
нагонско но и духовно, несвесно но свесно, ирационално но рационално. За објаснување
на сложеното однесување на луѓето неопходно е и каузално ( причинско ) и теолошко
објаснување. Човечкото однесување условено е од минатото, и тоа не само од
индивидуалната, туку и колективната историја на поединецот. Но човечкото однесување е
одредено и од неговата иднина, неговите цели и аспирации. Покрај личниот, несвесниот,
5
стекнатиот, потиснатиот и душевниот живот на човекот важна улога има и вроденото,
надличното, колективното, несвесното, кое ја содржи наследената мудрост од предците.

5.Нарушувања на личноста
5.2.Симптоми

Нарушувањата на личноста претставуваат карактеристични и трајни форми на


однесување, размислување и чувствување кои обично отскокнуваат од тоа што е
вообичаено. Овие девијации обично се јавуваат во областа на желбата, нагонот и
емоцијата.

5.3.Опис на нарушување на личноста

Нарушувањето на личноста претставува помало или поголемо отстапување од


психичкото нормално однесување. Таа не е последица на душевна или некоја друга
болест, туку се пред се состојби, нарушувања на адаптација и последица на неадекватни
најрани односи. Генетскиот фактор се повеќе се спомнува како можен предизвикувач за
нарушување на личноста. Социјалните фактори не смееме да ги запоставиме, затоа што,
во најмала рака, во однос на примарната фамилија влијаат и средината и друштвото.

5.4.Групи на нарушувања на личноста

Постојат неколку видови на нарушување на личноста како што се параноични,


антисоцијални, ограничени, хистерични, нарцистички, зависни, опсесивно - компулзивни
и пасивно - агресивни нарушувања на личноста.

6.Поим за невроза

Поимот „ невроза “ се појавил во науката и медицината во далечната 1776, предложен од


страна на англискиот научник и лекар William Cullen, на кој што му е доделена важна
улога во нервниот систем на одредени болести. Од тогаш, поимот невроза е изменет
неколку пати. Имало промени во ставовите во врска со потеклото, развојот на
механизмите, симптомите и манифестирањата. И до денешен ден, ни еден доктор не може
во целост да даде недвосмислен одговор на прашањето: Што е невроза ?
Неврозите се функционални нервни болести. Тоа однесување е пропратно со
одредени симптоми, афекти, фантазии, акции и црти на карактерот кои всушност
означуваат повторно враќање на внатрешните конфликти помеѓу потиснатите и повторно
оживеаните, рани, детски нагонски желби и одбрана од нив. Овие конфликти се најчесто
несвесни, а за нивното постоење заклучуваме по основ на однесувањето на човекот.
Според друга дефиниција, неврозите се психопатолошки измени на личноста, кои се од
психогено потекло, а се манифестираат преку субјективни тегоби од различна природа,
без веродостојно постоење на соодветна органска оштетеност.

6
6.2.Распространетост на неврозата

Распространетоста на неврозата е тешко точно да се утврди бидејќи многу често не се


регистрираат секаде како одредени невротични симптоми како невроза, туку како
органски болести.

6.3.Настанување и причини за невроза

Настанувањето на неврозата, според поголемиот број на автори, не се поврзува со


наследниот фактор бидејќи тие немаат значаен придонес во настанувањето на неврозата.
Се смета дека еден од најважните фактори во нејзиното настанување, е лошата
фамилијарна атмосфера.

Важна улога во развојот на неврозата кај возрасните жени и деца, е


еманципацијата.

Еден од мотивите за појавување на невроза кај возрасни може да биде долгото


незадоволство на моменталниот социјален статус ( лош однос на работно место,
несоодветни станбени услови, долготрајна психичка напнатост, материјална несигурност).

6.4.Симптоми на невроза

Симптомите од психичка и соматска природа во неврозата всушност, се


компромисно решение на интропсихичкиот ( несвесниот ) конфликт. Нагоните во
маскирана форма пробиваат и манифестираат бројни различни психички и соматски
симптоми. Со други зборови, анксиозност се претвора во нив и се губи. Така симптомите
служат како несвесна одбрана од анксиозност, тоа најнепријатно чувство, и во тоа се
состои и т.н. „ примарна добивка од болеста “ . Тие, т.е. болеста имаат за цел единката да
ја сочуваат од опасност.

Како резултат на различните симптоми, дијагностицирањето на неврозата е


исклучително тешко. Честопати човекот кој што не го разбира тоа што се случува со него
не го согледува ни нервното нарушување. Појавата на соматските манифестации на
невроза се смета за развој на болеста. Во овој контекст често се развива хипохондрија.
Човекот се обидува да се пронајде на одредена патологија, се однесува на различните
експерти со бројни анкети кои понатаму и иритираат во потврдувањата на своите
стравови.

6.5.Медицински наоди на невроза:

 Загриженост.
 Фобии.
 Реакции на конверзија.
 Асоцијативни состојби.
 Опсесија и насилство.

7
6.6.Анксиозна невроза

Анксиозноста е проследена со внатрешна вознемиреност, неодредена загриженост.


Според тоа дека анксиозноста ( која претставува клучен составен дел на психичкиот
живот ) се наоѓа во корените на сите неврози и дека е многу честа кај заболените, и се
посветува малку повеќе простор.

6.7.Хистерија (Хистерична невроза)

Тоа е заболување опишано од Хипократ и Гален. Поимот потекнува од грчкиот


збор “ hystera ” ( матка ), односно според верувањето дека се јавува само кај жените кои
што немаат деца. Покасно се забележува дека се јавува и кај машкиот пол, но погрешното
верување дека е последица од сексуалната апстиненција се задржало кај лаиците и до
денешен ден. Тоа е еден од најчестите форми на невроза кои се манифестира со
најразлични телесни и психички симптоми.

6.7.2.Конверзивна форма на хистерична невроза

Во описот на анксиозната невроза е истакнато дека анксиозноста има свои патишта


на празнење преку вегетативниот систем што доведува до т.н. „ соматска анксиозност
“.Симптомите кај конверзивната невроза се искажуваат во сферата на моториката,
сензибилитетот и одредени осети. Тоа не треба да биде изненадувачко, бидејќи и лаиците
добро знаат дека силните афектни возбудувања можат да доведат до такви нарушувања
( на човек да му се „ пресечат нозете “, да го „ голтни јазикот “, „ онеме “ , „ ослепе “ ,
„ падне од изненадување “, итн. ).
6.7.3.Асоцијативен форма на хистерична невроза

Основниот механизам за настанување на овие нарушувања е потиснувањето и


асоцијацијата. За разлика од конверзивната невроза, овде не доаѓа до пробивање на
потиснатиот материјал во свесниот дел од личноста и негово трансформирање во
симптоми, туку до негова асоцијација од свесниот дел на личноста и контрола на желбата.
Вака одделени, потиснати и за EGO неприфатливи импулси, претворени во посебен вид на
психички феномени, неочекувано навлегуваат во свесниот дел од личноста и владеат со
неа.

Кај асоцијативната форма на хистерична невроза најистакнат е симптомот за


нарушување на свеста, кој што обично е придружен со селективна ( психогена ) амнезија.
Трауматската ситуација која претходи на развојот на ова нарушување на свеста зазема
значајно место во доживувањата на пациентите во таа состојба и се одржува и во неговото
однесување.

8
6.8.Фобична невроза

Вистинската фобична невроза е многу ретка. Тоа е патолошки страв од одредени


објекти или ситуации кои претставуваат реална опасност. Пациентот е свесен за
апсурдноста на тој свој страв, но не може рационално да го реши и совлада.

6.9.Опсесивно-компулзивна невроза

На оваа ретка невроза, која генерички е поврзана со фобичната невроза, водечки


симптом е чувството на присила со кое треба да се спротивстави, да се сеќава на некој
настан, да размислува за нешто, да се изведе некоја акција, итн.

6.10.Депресивна невроза

По дефиниција, оваа форма на невроза доминира со депресивни афекти, т.е.


патолошки нерасположенија. Во свеста на пациентот нема видлива причина за
нерасположение или, ако постои и таква причина,нерасположението силно го обзема и по
интензитет и по траење. Врз основа на овој критериум се прави разграничување меѓу
нормалната тага, односно жалост, и депресијата која може да биде невротична или
психотична.

6.10.2.Класификација на депресија

Реактивна
примарно афективно нарушување
секундарна појава

9
6.11.Неврастенија

Неврастенија е невротичното нарушување кое се јавува после разни соматски


болести, поради физичка и / или психичка исцрпност, како и после долготрајно и
повторливо дејство на емоционални трауми.

6.12.Хипохондрија (хипохондрична невроза)

Хипохондријата е посебна форма на невроза во која хипохондрискиот страв


доминира во клиничката слика.

6.13.Трауматска невроза

Оваа, инаку непрецизно дефинирана категорија, ги опфаќа двата целосно различни


клинички синдроми ( по етиологија, генеза и динамика ).

6.14.Дијагноза за невроза

За поставување на дијагноза за невроза, како што е наведено и погоре, е тешко. За


дијагноза, докторот го прегледува пациентот и сите приговори всушност манифестираат
симптоми кои ги проценуваат искуството и однесувањето. Често луѓето посетуваат
неколку специјалисти за да ја исклучат секоја можност од некаква патологија. Исто така,
на луѓето им е потребно и советување со терапевт.

6.15.Лекување на невроза

Лекувањето на неврозата се комбинира со традиционалната психотерапија, методи


како однесување, медикаментно лекување, социјално лекување. Се смета дека
психотерапијата е ефективна кога лекувањето се спротивставува на конфликтите кои
создаваат загриженост, потоа групна терапија, хипноза, метод по пат на однесување
( метод со кој болниот изразува градирани дози на фобични објекти или ситуации ).

Заклучок

Секој од нас доживеал тешки моменти во животот,дали се во прашање здравствени,


финансиски, проблеми на работа или загуба на некое блиско лице и во тој случај е
нормално изразувањето на емоции во вид на тага, душевна болка и изолација од другите.

Меѓутоа, чести се случаите кога тагата толку ќе завладее нечиј живот , да премине
во акутна фаза и да ја онеспособи личноста нормално да живее и да се развива постепено
прераснувајќи во болест.

Кога ќе забележиме кај луѓето кои долго ги познаваме вакви промени во


однесувањето, размислувањето и комуникацијата, треба на сите можни начини да се

10
обидеме да им помогнеме така што ќе ги сослушаме, поттикнеме на размислување,да
разгледаме со нив како и на кој начин би можеле да ги решат своите проблеми и
постепено од изолација да ги воведеме во социјалниот живот. Во никој случај не треба да
напуштиме некој во таква состојба, туку треба да му се доближиме хумано и грижливо со
многу љубов.

11

You might also like