You are on page 1of 36

РАСТРОЈСТВА НА

ЛИЧНОСТА И ОДНЕСУВАЊЕ
КАЈ ВОЗРАСНИ (
ПСИХОПАТИЈА
Проф. д-р Лилјана Илиевска
Спец. Хир. Бол. “Жан Митрев ”Клиника
 Растројства наличноста се
дефинираат како тешки
растројства на структурата
односно карактерот на личноста
(кое обично опфаќа повеќе
свери) и koe секогаш е врзано со
асоцијалното однесување. Се
нарекуваат психопати,
социопати
 Некои од овие состојби може да се јават
во раното детство во текот на развојот на
личноста како резултат на
конституционалните фактори и на
социјалното искуство. Додека другите се
манифестираат во адолесценција а сите
оставаат трајни последици и во зрелата
возраст
Тоа се тешки растројства на
структурата на карактерот и односите,
кои обично опфаќаат неколку сфери на
личноста и речиси секогаш се сврзани
со асоцијално функционирање.
- се проценува дека околу 10% од
популацијата покажува одредени
растројства на личноста.

4
 Растројства на личноста треба да се
разликува од промени на личноста и по
времето и по начинот на настанувањето.
Додека растројства на личности се
развојни состојби, промена на
личностите пак се стекнати состојби, кои
настануваат во подоцнежната возраст и
се последица на тешки или
пролонгирани стресни ситуаџции на
одредени ментални растројства или
повреди на мозокот.
 Растројство на личноста се дефинира
како долготраен модел на размислување,
чувствување,т.е. внатрешно доживување
и однесување кое видливо отстапува од
културелните нормативи на општеството
во кое битисува. Тој однос на личноста е
первазивен и нефлексибилен кој почнува
во адолесценцијата или раната возраст и
е стабилен во текот на времето односно
за периодот на целиот животен век.
ЕТИОПАТОГЕНЕЗА
 Наследство и конституција: одредена
група на научници кои работеле на
семејни студии укажуваат на зголем
ризик на растројства на личноста во
семејства на асоцијални родители. Се
смета дека шизоидните и афективните
предоминации се многу повеќе од
останатите форми подложни на наследни
чинители
2. Биохемиски хипотези
 Некои неуротрансмитери играат улога во
модификација на афектите, импулсив-
носта, агресивноста и др.
 Серотинергичната неуротрансмисија е
поврзана со агресивност и импулсивност
 Норадренергичниот систем- учествува во
афективна стабилност, намален е кај
хистерично растројство.
 Допаминергичниот систем- ниска
вредност се поврзува со импулсивност, а
зголемена активност со психотична
декомпензација, особено при гранично р-
ство. Тоа упатува на ефелтот на
неуролептиците во терапија на истите
 3.Невроендокрина хипотеза- Тестостерон
се поврзува со агресивноста. Многу
студии на сериски убијци покажуваат
зголемена активност на тестостерон
4. Метаболични хипотези
 Хипогликемијата се поврзува со
агресивноста. Таа ја ослабува функ. на
ЦНС и резултира со агресивно и импулс
 5. Електрофизиолошки хипотези- некои
со антисоцијално однесување имаат
успорување на ЕЕГ, со поаа на шилци во
фронтотемпоралните регии
ОРГАНСКИ ХИПОТЕЗИ
 Органкси хипотези кои во денешницата
имаат само историско значење бидејки
според новата класификација органските
фактори ги има како исклучителни
критериуми за оваа категорија на
растртојства
Психолошки хипотези
 Психоаналитички концепции кои растројства на
личноста ги објаснува преку неколку механизми:
-задршка или запирање на развојот на либидото,
-модел на идентификација, идентификација со
агресор ( агресивен родител)

 Психодинамски концепции според кои во основа


на овие пореметувања се темелат преживеани
психотрауми во најраното детство
 .
 Социодинамски концепции ги бараат
причините во потесната и пошироката
социјална средина во која живее
личноста
 Бихејвиорални теории укажуваат дека
одредени дезадаптивни реакции во
раното детсво можат да доведат до
трајно асоцијално однесување
Матурациони фактори
 Фактот што сите растројства на личноста
се јавуваат во многу помала вредност
при постара возраст говори за улогата на
матурацијата на мозокот, во
етиопатогенезата на растројства на
личноста
Дијагностика

 Во дијагностицирањето на растројствата
освен клиничката феноменологија можат
да помогнат и бројни
психодиајагностички методи кои имаат
за цел да ги детектираат основните
промени на личноста и карактерот, како
што се анксиозноста, толернацијата на
фрустрациите, агресивноста,
хостилноста, непостојаноста....
Класификацијата на растројствата на
личноста по МКБ 10 ги опфаќа следнве
промени:

1.Специфична промена на личноста-


екстреми или значајни девијации на
начинот како една просечна личност во
одредена култура перцептира, мисли,
чувствува и како комуницира со другите.

16
 Параноидно растројство на личноста:
главна карактерисдтика на оваа
растројство е моделот на первазивна
недоверба и сомничавост спрема други
луѓе, така што нивните мотиви се
толкуваат како злонамерни. Особено
сомничавоста е насочена кон
сексуланиот партнер односно брачен
другар./ Присутна е егоцентричност и
непотврдени објаснувања за одредени
настани околу себе.Исклучува
растројства со психотично обележје
 Тие одбиваат да бидат одговорни за
своите чувства и ја пренесуваат
одговорноста на други. Чувствителни се
на било каква критика од другите.
Љубомората постојано ги тера кон
проверка на лојалноста на пријателите,
ронините. Обично тие се познати како
„собирачи„ за неправди, парничари,
моралисти, патолошко љубоморни. Тие
се осамени, сомничави, емотивно ладни.
--шизоидно растројство на личноста-
незаинтересираност за социјалните односи и
ограничен распон во изразувањето на емоциите
во интерперсоналните ситуации. Тие се со
ладен афект.Често се поблиски со животните
отколку со луѓето. Растројството почнува во рана
возраст и се манифестира во разни ситуации. Присутна
е емоционалона тапост и рамнодушност, неможност во
изразување на сопствените чувства како да има
кочница, сведен социјален контакт на минимум,,
претерана преокупација со фантазии и интроспекција
Избираат активности кои можат да ги
извршуваат сами, познати се како „
емоционално ладни самотници„ Можат да
дадат креативни идеи во уметноста.
19
дисоцирано или антисоцијално
растројство на личноста-модел
на занемарување и непочитување
на правата на другите луѓе, кој
започнува од детството и
адолесценцијата и продолжува во
подоцнешната возраст. Растројст-
вото е познато како аморална,
антисоцијална, психопатска
личност
За дијагноза треба да биде постар од 18
години, и во анамнезата да има
антисоцијално однесување во детството (
лажење, бегање од дома, кражби, тепачки,
злоуотреба на субстанци и сл) кое
продожува во адултниот период.
Растројството е сериозно го нарушува
професионалното и социјално
функционирање, бидејќи тие најчесто лажат,
немаат доверба во никого, не се добри
родители, зависници од алкохол или дроги.
Тие нејчесто се во поправно –воспитни или
казнени установи.
емоционално нестабилна личност има
изразена тенденција кон импулсивност,
без размислување за последиците и
афективна нестабилност; личноста има
нејасна престава за себе, за своите цели и
хронично чувство на празнина. Намалена
е способноста за предходно планирање.
Ненадејен излив на интензивен бес, може
да доведе до насилно и експлозивно
однесување.
опсесивно- компулсивното растројс-
тво покажува преокупираност со ред,
совршенство, перфекционизам,
ригидност на емоциите и ментална и
интерперсонална контрола. Обично
имаат проблеми со времето( постојано
каснат) не се толерантни кон шегите.
Тие се хиперморални, штедливост,
нефлексибилност, крутост. Започнува
од раната возраст.
-анксиозно растројство на личност
претставува модел на социјална
инхибираност, чувство на помала вредност и
преголема чувствителност на негативните
ставови на околината спрема него. Лесно се
повредуваат.Копнеат да бидат прифатени, но
се плашат да не бидат отфрлени.Ако
симптомите не се многу изразени станува
збор за срамежлива личност, но ако тие се
екстремни станува збор за растројство на
личноста.
.
24
зависна личност покажува претерана потреба некој
да се гиржи за него, со страв дека ќе биде сепариран
и напуштен. Тој верува дека не е способен сам, без
туѓа помош, да функционира во средината. Тешко
донесува одлуки без советување. Кај нив се
присутни песимизмот, чувството на помала вредност
и сомневање за своите способности. Постои
можност нивните способности да ги користат други
и преку нив да дојдат до професионална кариера.
Почнува од раната возраст. Познати се под терминот
астенична личност, пасивна личност и
самопоразителна личност
Хистрионично растројство на личноста
кое се каратеризира со первазивна и
претерана емоционаност и барање
внимание. Претерано изразување на
емоции, сугестибилност, површен и
лабав ефект континуирано барање на
возбуди и желба да се биде во центар
на вниманието, претерана
заинтересираност за физичкиот изглед
и привлечност, самодраматизација,
театралност
Импулсивно растројство на
личноста
Се одликува со емоционална
нестабилност и недостиг на контрола
на импулсите. Растројството е познато
како експлозивна и агресивна личност.
Треба да се дифернцира од
дисоцијално растројство на лочноста
Граничен ( Bordrline) тип
Личностите се на граница меѓу неуротски
симптоми и психотични декомпензации ( од
неколку часа до неколку дена). Екстремно се
афективно чувствителни на промените на
околината, кога реагираат со бес, очај, имаат
„ ниско поставен афективен термостат„
Осетливи се на сепрација и напуштање.Тие
се способни да создадат силни врзувања со
членовите од семејството и со мало
одвојување бурно реагираат.Типични се
неконтролиран гнев, повторувани обиди за
суицид или реализиран суицид, чувство на
празнина, лесно запаѓаат во депресија.
Нивната импулсивност се гледа и во
секојдневното однесување, со коцкање,
промускуитет, ризично возење, злоупо-
треба на осихоактивни супстанци и сл.
По екстремниот стрес може да настапи
и краткотрајна психотична епизода, со
изгубен контакт со реалноста и со
бизарно однесување. Може да има
нарушување бо идентитетот.
2. Растројства на навиките и импулсите-
се карактеризираат со повторување на
постапките коишто немаат јасна
рационална мотивација и коишто
нанесуваат штета на сопствените
интереси, како и на интересите на другите
луѓе.

30
Се разликуваат неколку подтипови:
-Патолошко коцкање
-Патолошко подметнување на пожари-
пироманија
-Патолошко крадење-клептоманија
- Кубење на косата-трихотиломанија
- Растројства на половиот идентитет
-Транссексуализам- промена на полот
-Трансвестизам- неодложна желба за
облекување како спротивниот пол

31
Патолошко коцкање- чести и
повторени епизоди на коцкање.
Желбата за коцкање се јавува брзо и е
проследена со анксиозност и немир, кој
преоѓа во задоволство завреме на
коцкањето и покрај можноста да се
изгуби голема сума пари.
Пироманија- потреба за подметнување
на пожари на други особи, без некој
мотив. Пред подметнувањето се јавува
изразена анксиозност, која се заменува
со задоволство со подметнување на
пожарот.
Клептоманија- импулс за крадење,
кое нема матерјална вредност.
Потребата за крадење се јавува брзо ,
со силна анксиозност, која се заменува
со задоволство кога ќе украде.
Работите обично ги даваат на други
лица, или се фрлаат.
Трихотиломанија- импулс за кубење на
коса со што доживува задоволство.
Трансексуализам- се карактеризира со
желба да се живее и да биде прифатен
како личност од другиот пол и со желба
со хормонска и хирушка терапија се
усогласи телото за спротивниот пол.
Мажите се предомеинантно хомосексу-
алци, а жените имаат сексуална
ориентација према жените.
Трансвестизам- неодолива желба за
облекување како спротивниот пол.
Терапија на растројства на
личноста
Тоа се растројства на каректерот и обично
не бараат лекарска помош,а бараат
психијатриска помош, кога стануваат
зависници, кога имаат проблрми во бракот,
кога се појавата психијатриски
декомпензации. Терапијата опфаќа:
психотерапија, бихевиорален пристап,
социотерапија, фармакотерапија
Форензички значај
Тие цел живот се во некој конфликт со
општеството, поради своето
антисоцијално однесување. Од
форензички значај тие се пресметливи.
Од друга страна тие во судската
пркатика се значајни како сведоци,
бидејки се склони за лажење, бештото
лице треба да ги добро процени

You might also like