You are on page 1of 116

Невенка Величкова

НЕВЕНКА ВЕЛИЧКОВА

КЛЕТОЧНА
Клеточна БИОЛОГИЈ биологија
А

Штип, 2020
Невенка Величкова

КЛЕТОЧНА БИОЛОГИЈА

2
Автор:
Проф.
д-р
Невенк
а
Величк
ова
КЛЕТОЧНА БИОЛОГИЈА

Рецензенти:

Редовен професор, Проф. д-р Дарко Бошнаковски

Редовен професор, Проф. д-р Татјана Рушковска

Лектор:
д-р
Васка
Ташова
Уредник:
Проф.д-р
Невенка
ТехничкоВеличков
уредување:
Проф.д-ра Невенка
Величкова
Издавач:
Универзи
тет „Гоце
Делчев“ -
Објавено во е-библиотека:
Штип
https://e-lib.ugd.edu.mk

CIP - Каталогизација во публикација

Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопј е

576.3(075.8)

ВЕЛИЧКОВА, Невенка
Клеточна биологија [ Електронски извор] : учебник / Невенка
Величкова . - Штип : Универзитет "Гоце Делчев" ,
Факултет за медицински науки, 2020

Начин на пристапување (URL): https://e-lib.ugd.edu.mk/927 Текст во PDF ,


формат содржи 116 стр.,. илустр -Наслов преземен од .екранот
Опис на изворот на ден 15. 06.2020. - Биографски податоци за авторот:
стр. 115. - Библиографи ја: стр. 114

ISBN 978-608-244-733-9

а) Цитологија -- Високошколски учебници

COBISS.MK-ID 51375365

3
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ

Проф. д-р Невенка Величкова

КЛЕТОЧНА БИОЛОГИЈА

- учебник-

Штип, 2020

4
5
ПРЕДГОВОР

Учебникот Клеточна биологија е наменет за студентите од студиската група


медицински лаборанти на стручните студии при Факултетот за медицински
науки и истиот е конципиран согласно наставната програма по истиот
предмет.
Материјалот опфатен во овој учебник се обработува на теоретската настава од
предметот Клеточна биологија и истиот корелира со практичната настава од
овој предмет и однапред утврдениот ЕКТС.
Се надевам дека овој учебник ќе им помогне на студентите во совладување
на
нивните знаења од областа на клеточната биологија и цитологијата воопшто. Во
материјалот се обработуваат тематски единици од областа на светлосната и
електронската микроскопија, цитологијата како и цитодиференцијата. Детално е
разработена структурата и функцијата на клеточната мембрана и сите клеточни
органели, како и молекуларните механизми инкорпорирани во нив. Прикажана е
нивната нормална функција и важност паралелно со нивната изменета структура
и клиничка корелација. Ваквиот детален приказ на сите клеточни ораганели има
за цел да ја потенцира кај читателите (студентите) важноста на цитолошката и
молекуларната рана дијагностика во понатамошниот процес на лекување и
третман. Учебникот Клеточна биологија може да послужи како учебно помагало
и за другите студенти запишани на студиските програми од областа на
биомедицинските науки во усвојувањето на знаењата од оваа област, како и во
совладување на останатите клинички предмети инкорпорирани во нивните
студиски програми.
Учебникот Клеточна биологија ќе биде достапен електронски на платформата
е-библиотека со цел истиот да биде подостапен за целната група (студентите) за
кој е наменет. Искрено, се надевам дека истиот ќе ја оправда првичната цел и
мотив зошто е напишан и вака конципиран.
Би уште
на сакалапоквалитетен
да ги замолам сите студенти
учебник и читатели
како следно нана
издание овој
оваучебник за искрени
прво издание на
забелешки
учебник од иобласта
сугестии
на во врска со приложениот
Клеточната биологија. материјал, со цел подготвување

Од авторот

6
СОДРЖИНА:

1. ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА МИКРОСКОПИЈАТА………………………………...9


1.1 Светлосна микроскопија………………………………………………………….......9

1.2 Електронска микроскопија………………………………………………………......16

1.3 Имуноелектронска микроскопија……………………………………………….......20

2. КЛЕТОЧНИ И АЦЕЛУЛАРНИ ФОРМИ…………………………………………….24

2.1 Ацелуларни форми (вируси)……………………………………………………......24

2.2 Разлики помеѓу прокариотска и еукариотска клетка……………………….......25

2.3 Бактерии………………………………………………………………………………..26

2.4 Еукариотски организми……………………………………………………………....28

3. КЛЕТОЧНА МЕМБРАНА (ПЛАЗМАЛЕМА)………………………………………28

3.1 Гликокаликс......................................
………………………………………………..32
3.2 Функции на клеточната мембрана…………………………………………..........33

3.3 Видови транспорт…………………………………………………………………......33

4. МЕЃУКЛЕТОЧНИ ВРСКИ……………………………………………………………….41

5. ХЕМИСКИ СОСТАВ НА КЛЕТКАТА………………………………………………….44

5.1 Неоргански материи…………………………………………………………………....44

5.2 Вода………………………………………………………………………………………..45

5.3 Органски материи…………………………………………………………………….....45

6. ПРОТОПЛАЗМА………………………………………………………………………… 54

6.1 Цитоплазма………………………………………………………………………………...54

6.2 Хијалоплазма……………………………………………………………………………....54

6.3 Цитоплазматични органели…………………………………………………………......54

6.4 Ендоплазматичен ретикулум…………………………………………………………....55

6.5 Рибозоми…………………………………………………………………………………...59

7
6.6 Голџи систем……………………………………………………………………………...61

6.7 Лизозоми…………………………………………………………………………………...63

6.8 Ендозоми…………………………………………………………………………………...69

6.9 Митохондрии……………………………………………………………………………....70

6.10 Пероксизоми ………………………………………………………………………...75

6.11 Разлики меѓу растителна и животинска клетка………………………………........76

7. ЦИТОСКЕЛЕТ……………………………………………………………………………..77

7.1 Микротубули…………………………………………………………………………….....77

7.2 Центриоли и центрозом……………………………………………………………….....81

7.3 Микрофиламенти……………………………………………………………………….....82

7.4 Интермедиерни филаменти…………………………………………………………......83

7.5 Трепки и камшичиња……………………………………………………………………...86

8. ИНКЛУЗИИ………………………………………………………………………………...88

9. КЛЕТОЧНО ЈАДРО………………………………………………………………………92

9.1 Јадренце……………………………………………………………………………………96

10. КЛЕТОЧЕН ЦИКЛУС…………………………………………………………………....98

10.1 Клеточна делба – Митоза………………………………………………………....99

10.2 Цитокинеза………………………………………………………………………....101

10.3 Редукциона клеточна делба – Мејоза……………………………………………...102

11. ПРОМЕНИ ВО КЛЕТОЧНИОТ ЦИКЛУС……………………………………………107

11.1 Апоптоза………………………………………………………………………….....108

11.2 Некроза...........................................................................................................10
9
12. ЦИТОДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈА…………………………………………………………111

ЛИТЕРАТУРА.......................................................................................................11
4

8
1. ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА МИКРОСКОПИЈАТА

1.1 Светлосна микроскопија

Конструирањето на микроскопот е еден од најважните пронајдоци на средниот


век. Со помош на овој инструмент можат да се визуелизираат структури или делови
кои се невидливи за човечкото око, имајќи предвид дека истиот е изграден од систем
на леќи кои од своја страна овозможуваат зголемена, фокусирана слика на објектот
што се гледа.
За оптичките својства на некои нерамни површини се зборувало уште од
времето на Еуклид (300 г. п.н.е), Птоломеј (127-151г.) како и Алхазан (почеток на
11 век). Леонардо да Винчи, во почетокот на 16 век го објаснува значењето на леќите
во набљудувањето на некои ситни предмети. Истиот период, во почетокот на 16 век,
Захаријас Хансен од Миделбург го конструирал првиот микроскоп (Слика бр.1) кој
многу наликувал на цевка, во која на одредено растојание биле вградени две двојно
конвексни леќи, и со тоа успеал од 3 до 9 пати, да ја зголеми сликата на објектот што
се гледа (micros = ситен, мал, mali; scopein = гледам).

https://www.docsity.com/en/first-microscope-general-botany-lectures

Слика 1 Првиот микроскоп конструиран од Захарија Хансен

Во текот на историјата со развојот на технологијата и техниката, процесот на


конструирање на микроскопите сè повеќе се усовршувал. Во текот на 18 век особено
во почетокот на 19 век се конструирани сложени микроскопи во кои се вградени
поголем
број на леќи и кои можат да користат природна или вештачка светлина. Првиот научник
кој активно го користел микроскопот (Слика бр. 2) (кој и сам го конструирал) во своите
истражувања е Антони ван Левенхук (1632-1723). Истиот прв ги набљудувал
бактериите,
квасците и праживотните на микроскоп кој можел да ја зголемува сликата на објектот
за
280 пати.

9
https://slideplayer.com/slide/8090952/

Слика 2. Микроскоп кој го конструирал Антони ван Левенхук

Робер Хук (1635-1703), познат британски физичар, математичар и архитект се


занимавал со процесот на усовршување и конструирање на микроскопот со тоа што
постојано набљудувал и експериментирал. Истиот прв го дефинирал терминот клетки
(cells), како посебни и многубројни единици кои многу наликувале на саќето од
пчели.
Процесот на усовршување на микроскопијата се развивал со единствена цел за
повеќекратно зголемување на сликата на објектот, поголема резолуција (резолуција е
најмалото растојание на кои две точки можат да се видат раздвоено) и
појасна
визуелизација на она што се набљудува. Резолуциската моќ на човечкото око
е околу
0.1 mm, што значи дека нашите очи можат да разликуваат две точки само ако
тие се оддалечени помеѓу себе најмалку 0.1 mm. Следна важна карактеристика за
микроскопската слика претставува контрастот, кој се дефинира како разлика помеѓу
најсветлата и најтемната точка на добиената слика. Поради ова многу од примероците
кои се микроскопираат претходно се бојат со вештачки бои, со што се зголемува
контрастот и примерокот станува подобро видлив.
Во тој контекст постојат различни видови микроскопи во зависност од објектот
што се набљудува, изворот на светлина како и целите на истражувањето.

10
Микроскоп со темно поле користи специјален кондензор (Слика бр. 3) со
затемнет централен дел.

https://www.microscopeworld.com/

Слика бр. 3 Микроскоп со темно поле (затемнет централен дел)

Фазно контрастен микроскоп (или микроскоп со фазен контраст) (Слика бр.


4) се користи за набљудување на живи необоени клетки или клеточни култури и истиот
се базира на фактот што сите клетки имаат различен индекс на прекршување на
светлината кога поминува низ нив.

Слика бр. 4 Фазно контрастен микроскоп

11
Во ваквиот микроскоп се вградени посебно конструирани објективи и
кондензатор со кои се постигнува оптичка диференцијација на ткивата (фазен
контраст), така што на микроскопската слика можат да се разликуваат детали кои се од
суштинско
значење за истражувачите во сферата на науката и дијагностиката.
Ултравиолетовиот микроскоп (Слика бр. 5) служи за набљудување на
материјал кој е осветлен со ултравиолетова светлина со мала бранова должина, со
што се постигнуваат многу поголеми раздвојувања со објективот, отколку со видлива
светлина. Целокупната
ултравиолетови оптика еокото
зраци. Бидејќи изградена
не ги од матирано
прима стакло, кое пропушта
ултравиолетовите само
зраци, сликата
мора да се проектира на фотографска плоча.

Слика бр. 5 Ултравиолетов микроскоп

Флуоресцентниот микроскоп (Слика бр. 6) како извор на светлина користи


живина ламба, доаѓа до ексцитација на молекулите кои се осветлени
од
електромагнетните бранови (светлосниот зрак), се апсорбира одредена енергија и по
принципот на флуоресценција (се користи флурохром, супстанција со која се третира
објектот што се одржува, како би постоела можност за флуоресценција) се
визуелизираат различни клеточни структури или делови од објектот.

12
Слика бр. 6 Флуоресцентен микроскоп

Конфокалниот микроскоп користи ласерски сноп кој се фокусира на мал дел


од
објектот или содржината што се испитува. Рефлектираната и флуоресцентна светлина
се раздвојува со помош на огледало.

Слика бр.7 Конфокален микроскоп

Поларизацискиот микроскоп (Слика бр. 8) користи поларизатор и анализатор


кои овозможуваат детекција на молекуларната ориентација во внатрешноста на
објектот или содржината што се испитува и истиот користи поларизациска светлина.
Тоа
13
е светлина каде што електромагнетните бранови се простираат само во една рамнина.
Обичната светлина се поларизира со помош на поларизатор сместен во кондензатор и
анализатор сместен во окуларот. Предметот што се набљудува се наоѓа помеѓу
поларизаторот и 4 анализатори. Со поларизацискиот микроскоп се проучуваат оптички
анизотропни медиуми, т.е. медиуми во коишто светлината се шири во различни насоки
со различна брзина.

Слика бр.8 Поларизациски микроскоп

Интерферентниот микроскоп (Слика бр. 9) (микроскоп на Номарски или


диференцијално-интерференциски контраст) ја користи методата на зголемен контраст
или диференцијално-интерференциски контраст или со други зборови микроскопот
дава псевдотродимензионална релјефна слика со зголемен контраст со што се
постигнува зголемена релјефност на нативниот примерок.

14
Слика бр.9 Интерферентен микроскоп
Со развојот на модерната технологија и потребата да бидат визуелизирани
најситните честички или структури (кои вообичаено не можат да бидат забележани со
светлосните микроскопи) започнува ерата на една нова генерација во микроскопијата,
а тоа е електронската микроскопија.

15
1.2 Електронска микроскопија

Светлосните зраци кај електронскиот микроскоп се заменети со сноп од


електрони, кои под висок напон од 2 мил.W и голема брзина поминуваат низ вакуум во
внатрешноста на микроскопот. Улогата на леќи (како кај светлосната микроскопија) ја
заменуваат електрични и магнетни полиња, кои ги концентрираат сноповите на
електрони и ја менуваат нивната насока низ средината низ којашто поминуваат.
Сликата на предметот се добива на фотографска плоча која е сензитивна на допирот
на електрони. Со електронскиот микроскоп се овозможува зголемување на сликата на
објектот до 2.000.000 пати, а неговата резолуциска моќ овозможува со него да се
визуализираат честички со големина од 1 nm. Тоа значи дека електронскиот микроскоп
користи сноп од електрони т.е. вакуум цевка во која електронскиот зрак минува и
системот на леќи е заменет со систем на електромагнети.

Постојат повеќе типови на електронски микроскопи:


- Трансмисионен електронски микроскоп (ТЕМ); сликата на објектот се
гледа дводимензионално и истата ја зголемува 1 000.000x., главно се
користи за истражувања на внатрешноста на самиот објект на истражување;
- Скенинг електронски микроскоп (СЕМ); сликата на објектот се
визуелизира тродимензионално и истата ја зголемува 100.000x, главно
се користи за
истражување на површината на самиот објект на истражување;
Истите користат ултратенки пресеци со дебелина од 50-100nm кои можат да
бидат контрастирани со олово или ураниум.
ТЕМ (Слика бр. 10) има висока резолуција (0,1nm) со што се
овозможува набљудување на детали или најмали структури во самиот објект. За жал,
ова ниво на
зголемување важи само за изолираните молекули или честички. Многу тенките
ткивни
пресеци можат да се опсервираат до детаљ со зголемување до 120 000 пати.

https://www.bio.bg.ac.rs/cem/styled/styl 1

Слика бр.10 Трансмисионен електронски микроскоп

16
ТЕМ функционира на принципот дека еден зрак од електрони може да се
дефлектира под дејство на електромагнетни полиња (Слика бр. 11) на начин кој е
сличен на светлосната дефлексија во стаклените леќи. Во електронскиот
микроскоп,
електроните се ослободуваат со загревање на многу тенок метален (обично од
тунгстен)
филамент (катода) во вакуум. Ослободените електрони потоа се подложуваат на
волтажна разлика од 60-120 kV помеѓу катодата и анодата, која е метална плоча со
отвор во својот центар. Со ова, електроните се привлекуваат на анодата и се
забрзуваат до големи брзини. Тие понатаму поминуваат низ отворот на анодата и
формираат константен проток (или зрак) од електрони кои пенетрираат во цевката од
микроскопот. Зракот поминува низ електрични калеми и се дефлектира на начин кој е
аналоген на она што се случува во оптичките леќи, бидејќи електроните ја менуваат
својата патека на движење кога се подложени на електромагнетно поле. Од овие
причини, електричните калеми на електронскиот микроскоп се наречени
електромагнетни леќи.

http://fizis.rs 1

Слика бр.11 Принцип на работа на електронски микроскоп

Вистинската револуција во електронската микроскопија започнала од страна на


еден од конструкторите на скенинг електронскиот микроскоп, германскиот физичар
Герд
Бининг. Идејата за конструкција на еден ваков микроскоп ја добил сосема случајно кога
читајќи во една од библиотеките, забележал околу себе читатели кои имале проблеми
со видот и кои користеле Брајево писмо. Во истиот момент ја добил идејата, врз
основа на истиот принцип (преку користење на систем од знаци или симболи кои
можат да се допрат да се поминува низ страниците или материјалот) да конструира
инструмент (микроскоп) со кој ќе се визуализираат и најситните детали од
внатрешноста на објектот што се гледа. Со неговото епохално откритие ја
одбележува новата ера во
17
микроскопијата. За ваквиот изум, конструкција на првиот електронски микроскоп, Герд
Бининг и Хенри Рохрер добиваат Нобелова награда во 1986 година.
Електронскиот микроскоп во себе содржи сонда или многу тенка игла која
поминува многу внимателно и многу блиску над површината на објектот кој се
набљудува. Доколку се работи за спроводна површина, помеѓу иглата и површината
на материјалот се создава напон при што самите електрони прескокнуваат од иглата
на површината и се создава струја која може да се мери. Во принцип колку е поголемо
растојанието од иглата до површината (или растојанието каде прескокнуваат самите
електрони) во тој случај струјата експоненцијално опаѓа. Сите нерамни површини на
испитуваниот материјал или различни растојанија каде има прескокнување на
електроните генерираат различна струја или електричен потенцијал. Главната
интенција или принцип при конструкцијата на првиот скенирачки тунелен микроскоп
(Scanning Tunneling Microscope) била да се конструира микроскоп кој ќе може да ја
регистрира и најмалата промена на електричниот потенцијал и со нивна помош (како и
со помош на посебни компјутерски програмски системи кои ги анализираат измерените
вредности) да се добие тродимензионална слика на објектот што се гледа. Истиот
принцип е многу сличен со принципот по кој работи грамофонската игла, со тоа што на
самиот врв на иглата или сондата на микроскопот можат да се налепуваат еден или
повеќе атоми од површината на самиот објект што се набљудува.
Скенинг електронска микроскопија овозможува псевдотродимензионален поглед
на површината на клетките, ткивата и органите. Истиот продуцира многу тесен
електронски зрак кој се преместува секвенционално (скенира) од точка на точка низ
примерокот што се набљудува. За разлика од електроните кај ТЕМ, оние во СЕМ не
поминуваат низ примерокот. Електронскиот зрак стапува во интеракција со многу тенок
метален слој кој претходно е нанесен на примерокот и продуцира рефлектирани или
емитирани електрони. Овие електрони се регистрираат со детектор кој понатаму ги
трансмитира до појачувачи и други направи за на крајот сигналот во форма на слика
да се проектира во катодна зрачна цевка или монитор. Фотографиите лесно се
разбираат затоа што даваат слика која изгледа како да е осветлена од горната страна
на примерокот што се наљудува. СЕМ прикажува само површински слики.
Внатрешноста на органите може да се анализира со смрзнување на органите и нивно
фрактурирање со цел да се изложат нивните внатрешни површини.
Сепак и покрај огромните можности што ги нуди СЕМ, постојат и одредени
недостатоци како што е фактот што со него можат да се набљудуваат само материјали
со спроводливи површини. Ваквиот недостаток е надминат со конструкцијата на
микроскопот со атомски сили АСМ (Atomic Force Microscope) кој буквално работи на
принципот на Брајевото писмо, иглата или сондата е со поголема дебелина и
користи ласер. Со користењето на сонда која има поголема дебелина за разлика од
СЕМ, се намалува резулуцијата при мерењето, но од друга страна АСМ може да се
користи за
набљудување и визуелизација на каков било
материјал.
Електронското микроскопско испитување на ултратенките пресеци обезбедува
корисен пристап за детална анализа на интрацелуларните структури и органели во
различни биолошки дисциплини, вклучувајќи ја патологијата, хистологијата и
клеточната
биологија. Одбележаните оддели не само што нудат информации со висока
резолуција, туку и овозможуваат идентификација на широк опсег на клеточни оддели
врз основа на нивните структурни карактеристики.
Органелите и другите клеточни компоненти можат да бидат издвоени со помош
на клеточно фракционирање. Ова е физички процес во кој се користи центрифугална
сила за да се издвојат органелите и клеточните компоненти што зависи од
нивните коефициенти на седиментација. Седиментацискиот коефициент на една
честичка зависи од нејзината големина, форма, густина и од вискозноста на
материјалот.
Органелите кои се добиени со помош на овие техники можат да се анализираат
под електронски микроскоп, а нивниот 18 хемиски состав и функции можат да се
проучат ин
в
итро.
Техниките на замрзнување или кршење (Слика бр. 12 и 13) овозможуваат да се
изврши испитување на ткивата со електронски микроскоп без претходна нивна
фиксација и вградување. Ваквата техника го намалува ризикот од артефакти отколку
конвенционалното подготвување на препаратите. Од замрзнатите ткива се
кај
изработуваат пресеци кои можат цитохемиски или имуноцитохемиски да се
анализираат
или фрактуираат (криофрактура, фрактура со замрзнување).

https://en.wikibooks.org/wiki/Structural 1

Слика бр.12 Техника на замрзнување и кршење

https://en.wikibooks.org/wiki/Structural Biochemistry/Lipids/Membrane Fluidity

Слика бр.13 Техника на замрзнување и кршење

19
1.3 Имуноелектронска микроскопија

Имуноцитохемија и имунохистохемија се молекуларно дијагностички техники


кои
својата дијагностика ја базираат на присуството на молекуларни маркери во самите
клетки. Молекуларните маркери можат да бидат протеини или секвенци од ДНК и РНК.
Анализите во овие техники се базираат на реакцијата антиген-антитело.
Разликата помеѓу овие две техники е видот на молекулите кои се користи во
нивните анализи. Имено, во имуноцитохемиските анализи се користат примарни и
секундарни антитела конјугирани или обележани со флуоресцентни маркери или
ензими, со цел да се детектираат различни антигени присутни во самите клетки или
на самиот клеточен материјал.
Имунохистохемиските анализи користат моноклонски и поликлонски антитела
кои се конјугирани со флуоресцентни, радиообележани или хемиски маркери со цел да
детектираат антигени во самиот ткивен материјал. Во последните неколку години
имунохистохемијата претставува важна дијагностичка алатка при дијагностицирањето
и диференцирањето
визуелизација на многу заболувања,
на дефинирани антигени воод самиот
причини ткива.
што овозможува
Исто така,
прецизна
имунохистохемиските анализи се користат и во научно-истражувачки цели за брза и
комплетна детекција и дистрибуција на различни биомаркери и експресија на одредени
протеини во различни ткива. Визуелизацијата на интеракцијата антиген-антитело може
да се постигне на повеќе начини. Најчесто антителата се конјугираат со ензим, како
што
е
илипероксидазата кој може дамаркери
со флуоросцентни го забрзакако
процесот
што насе
боење и да ја иницира
флуоресцеин или реакцијата
родамин.
Имунохистохемиските анализи можат да бидат директни и индиректни.
Во имуноцитохемијата, ткивниот пресек (или клетки во култура) кој може да
содржи одреден протеин се инкубира во раствор кој содржи антитело за одреден
протеин. Антителото специфично се врзува за протеинот, чијашто локација може да се
визуелизира со светлосен или електронски микроскоп, во зависност од типот на
соединението кое се користи за обележување на антителото. Една од потребите на
имуноцитохемијата е достапноста на антителото за протеинот кој треба да се
детектира. Целта на современата молекуларна дијагностика е да развие антитела кои
ќе бидат специфични за одредени антигени присутни во некои клетки (кои сами посебе
претставуваат ризик за пролиферација и развој во туморски клетки) или за антигени
присутни во одредени инфективни агенси.
Со користењето на конјугирани антитела со честички од злато во сферата на
имуноелектронската микроскопија, со визуелизација и висока резолуција се
овозможува
локализација и квантификација на една или повеќе дефинирани антигени во
одреден клеточен материјал. Со други зборови, во имуноелектронската микроскопија
се користат
сонди кои се конјугирани со антитела од колоидно златни честички, кои од своја
страна овозможуваат откривање, локализирање и квантифицирање на еден или
повеќе
дефинирани антигени во супклеточни прегради и структури (вклучувајќи и
антитела со
помала резолуциска моќ за разлика од оптичкиот микроскоп).
Во имуноелектронската микроскопија на ултратенките пресеци, честичките од
злато се користат за локализација на молекуларни компоненти во клетките (Слика бр.
14). Нанометарските честички од колоидното злато одамна биле електронски
маркери
на избор за проценка на дистрибуцијата и локалната концентрација на
протеини и липиди присутни на ултратенките пресеци. Обележувањето содржи
дигитално
отчитување што е предност и може 20да се квантифицира со броење. Под
оптимални
услови, се очекува интензитетот и количината на обележување да ја
одразуваат дистрибуцијата на присутната компонента.
Антителата се камен-темелник на имуноцитохемиските техники.
молекули вградени во самиот примерок. Класични места за најинтензивно
обележување
се профили на јадрото, митохондриите или пероксизомите. Во својата основа истите
користат различни пристапи за проценка на специфичноста при реакцијата антиген-
антитело, фокусирајќи се на два главни елементи при процесот на обележување: тоа
се
обележувачкиот реагенс и самиот примерок.
Електронското микроскопирање на ултратенките пресеци обезбедува детална
анализа на интрацелуларните структури и органели во различни биолошки
дисциплини,
вклучувајќи патологија, хистологија и клеточна биологија, имајќи предвид дека
истата овозможува идентификација на сите клеточни компартмани врз основа на
нивните
структурни и функционални карактеристики. Дополнителна предност е тоа што
ултратенките пресеци содржат молекуларни компоненти како што се протеини, липиди
и јагленохидрати на имуноцитохемиските обележани реагенси, дозволувајќи им на
молекулите да бидат локализирани во севкупната клеточна содржина од
клеточни компартмани и органели. Целта на секционирањето со ТЕМ е да се открие
внатрешната
структура на примерокот (орган, ткиво, клеточна култура и сл.) со оптимално
ниво на резолуција. Во пракса, оптималната резолуција се постигнува со
намалување на
дебелината на ултратенките пресеци (најчесто 40-90-nm), притоа задржувајќи ја
целовитоста на клеточниот компартман.
Микроскопската слика или видното поле кај ТЕМ на ултратенките
пресеци,
претставува многу мал дел од оригиналниот примерок. На пример, едно видно
поле со дебелина од 70nm зафаќа површина од 25 μm2 и волумен од 1,75 μm3. Доколку
се работи за ултратенок пресек земан од бубрег на стаорец со волумен од околу 1,75
см3, тогаш обемот за работа би бил 1×1012 видни полиња за сеопфатно покривање на
целиот орган. Ако се земе предвид големата разлика помеѓу примерокот и големината
на полето, како и непрактичноста за испитување на целиот примерок, тогаш конечниот
примерок за анализа на ТЕМ треба да биде направен со непристрасен или случаен
избор на сите оддели од примерокот.
Тоа практично значи дека избраните пресеци (блокови, оддели, слики итн.)
треба да бидат рандомизирани во секоја фаза доколку сликите треба да
претставуваат
непристрасен примерок од материјалот за анализа. По дефиниција, случајното
земање примероци овозможува непристрасен избор на материјал за анализа,
бидејќи
овозможува секој оддел од примерокот да биде избран без оглед на природата
на одделите (органели, мембрани, филаменти) кои се истражуваат. Случајното
земање на примероци нуди можност секоја ориентација од истиот примерок
повторно да биде
избрана. Комбинацијата на случајна позиција и случајна ориентација е
неопходна кога се работи за оддели составени од мембрани или филаменти или
мешавини на органели,
мембрани и
филаменти.

21
Слика бр.14 Златните честички (црни кругови) се наоѓаат на различни супклеточни структури поврзани со
јадрото, цитозолот и интроцитоплазматските гранули

Испитуваните клеточни делови кои се предмет на анализа, можат да бидат


органели (волумени), мембрани (површини), или цитоскелетни филаменти (линеарни
карактеристики). Одреден дел може да се дефинира како хомоген (на пр. вкупниот
износ на сите митохондрии) или како хетероген (на пр. раните и доцните ендозоми
може да се групираат заедно како ендозомален оддел; апикалните и базолатерални
мембрански домени од поларизирана епителна клетка може да се групираат заедно
како мембрански оддел- плазматската мембрана). По земањето примероци случајно
или систематски избрано, следниот чекор е да се дефинираат одделите што треба да
се вклучат во анализата. Потоа, т.н. златни честички може да се сметаат по случаен
примерок од микроскопските полиња назначени за соодветните оддели (Слика бр. 14).
После изборот и идентификацијата на одделите од интерес, златните честички
можат да се бројат и секој мора да биде назначен во одделот со кој е поврзан.
Честичките од групата на колоидно злато се достапни во различни големини
(обично 5-
15 nm) при што најмалите златни честички повеќе личат на „точки“ додека
поголемите честички може да зафатат повеќе оддели истовремено. Од тие причини,
пребројувањето треба да е непристрасно и без субјективност при што за припадност
на честичката во даден дел или клеточен компартман се зема оној дел или компартман
во кој лежи нејзиниот центар. Принципот на броењето и идентификацијата се заснова
на броење на златните честички во секој идентификуван оддел.
Имуноелектронската микроскопија е една од најдобрите техники за откривање и
локализирање на протеинскиот состав во клетките и ткивата. Истата може да се
користи
при истражување на секој едноклеточен и повеќеклеточен организам и
обезбедува увид
во деталната внатрешна клеточна структура. Иако употребата на примарни
антитела конјуугирани со честички од злато овозможува откривање и локализација
на поголем
број на антигени, сепак успешната примена на имуноелектронската
микроскопија зависи
од зачувувањето на протеинската антигеност, капацитетот на конјугираните
антитела обележани со златни честички како и специфичноста антиген-антитело.
22 слики е широк термин кој опфаќа
Обработката на микроскопските
употреба на
дигитални техники за обработка на добиените слики, како и анализа и
презентирање на резултатите од микроскопирањето. Таквата дигитална обработка на
при микроскопирањето особено наоѓа примена во медицината, биологијата,
фармакологијата, металургијата и други науки во кои се опфатени истражувања на
клеточно или молекуларно ниво. До почетокот на 1990-тите, најголем дел од сликите
при микроскопирањето се добивале со користење на видеокамери. Во денешно време,
дигиталните микроскопи користат CCD камера монтирана на оптичкиот пат на
микроскопот, прикажувајќи ја добиената слика директно на компјутерскиот екран без
употреба на окулар. Добиената слика, може да биде во боја или монохроматска. Со
ваквата напредна технологија, многубројните дигитални техники и софтверски пакети
се овозможува складирање, репродуцирање и анализирање на материјалот што се
микроскопира. Таквата обработка вклучува сложени аритметички операции и
алгоритми, од причина што токму дигиталната обработка на таквите слики има клучна
улога во дијагностицирање и третирање на голем број на патофизиолошки процеси во
организмот, кои се особено важни во биомедицинските истражувања воопшто.
Со напредокот на техниката и технологијата, односно со конструкцијата на
микроскопи со висока резолуција, се овозможува истражување на сложената клеточна
структура и функцијата на клетките и супклеточните структури со невидена
точност и
специфичност. Дигитализацијата на микроскопските слики претставува главен
извор на податоци за тестирање и потврдување на хипотези поврзани со основните
клеточни и молекуларни феномени, посебно во една современа научна дисциплина
како што е нанотехнологијата.
Во суштина со примена на оваа млада научна, инженерска дисциплина се
овозможува развој на нови методи за рано дијагностицирање на голем број болести,
нивен правилен третман и терапија преку примена и користење на одредени
лековити
супстанции и нивно контролирано целно дејствување. Со примената на ваквите
целни супстанции се овозможува дејствување на лекот само на одредени клетки кои
имаат
клучна улога во патогенезата на процесот. Посебно со примената на
нанотехнологијата
во фармацијата се овозможува следење на лекот, неговата токсичност и
безбедност.
Наномедицината подразбира комбинација од биохемија и биофизика од една
страна и класичната квантна механика од друга страна. Наноматеријалите
се
дефинираат како честички со димензии помали од 100nm, што во суштина е
димензија на вирус со средна големина, истите не се однесуваат ниту како цврсти,
течни ниту
гасовити супстанции и за нив не важат Њутновите закони, туку законите на
квантната физика. Имајќи предвид дека патогенезата на секоја болест е иницирана со
промени кои се случуваат на молекуларно или клеточно ниво, од наномедицината
се очекува да
овозможи рано дијагностицирање на патофизиолошки промени кои не
покажуваат никаква симптоматологија или со други зборови мултидисциплинарен
пристап за секое
заболување како императив во современата
медицина.

23
2. КЛЕТОЧНИ И АЦЕЛУЛАРНИ ФОРМИ
Клетките се основи функционални единици на сите повеќеклеточни орга-низми.
Сите процеси кои вообичаено се карактеристични за сите живи организми, како што се
растење, развој, репродукција, апсорпција, екскреција вообичаено се случуваат во сите
клетки од организмот. Сите клетки користат слични или исти механизми при синтезата
на протеини, при трансформацијата на енергија, делба на клетка и др. Специфичните
функции се препишуваат на специфичните компоненти и делови во поединечни клетки.
Во однос на тоа како е изграден организмот или за колкав број на клетки станува збор
сите организми се поделени на едноклеточни и повеќеклеточни. Постојат и ацелуларни
или неклоточни форми во кои спаѓаат вирусите. Во однос на тоа дали организмите во
себе содржат морфолошко диференцирано јадро, постојат прокариотски и еукариотски
организми.
2.1 Ацелуларни форми
- Вируси -
Станува збор за биолошки објекти кои се наоѓаат на границата помеѓу живата и
неживата материја и кои немаат клеточна организација но, имаат способност за
генетички континуитет. Тоа значи дека својата активност ја остваруваат само кога се
наоѓаат во состав на некоја друга клетка домаќин. Изградени се од протеинска обвивка
позната под името капсид (составен од поголем број на капсомери) и од наследен
материјал кој може да биде ДНК или РНК (Слика 15). Слободната вирусна честичка е
позната под името вирион. Вирусите кои паразитираат на бактериски клетки се познати
под името бактериофаги и истите се изградени од два морфолошки дела: глава (во која
се наоѓа наследниот материјал) и опашка која служи за прицврстување на вирусите за
клетката домаќин. Процесот на пенетрирање и имплементирање на генетскиот
материјал од вирусите во клетката домаќин е овозможено со присуството на ензими
(лизозими) кои се наоѓаат во опашниот дел од фагот и кои имаат способност за
лизирање на клеточната мембрана на домаќинот.

http://micro.magnet.fsu.edu/

Слика бр. 15 Шематски приказ на бактериофаг

24
Бактериофагите кои имаат способност да ја лизираат клеточната мембрана на
домаќинот и да ја вметнат сопствената DNA се познати под името ве-гетативни фаги, а
размножувањето независно. Истите се способни да ја лизираат целата клетка и да го
реорганизираат целокупниот клеточен систем и на крајот како зрели фаги можат да
инфицираат нови клетки. Циклусот се нарекува литички, соодветно на истоимените
бактерии и вируси. Спротивно на ова постојат фаги кои не ја лизираат клетката домаќин,
туку заедно се репродуцираат со клетката домаќин. Во овој случај станува збор за
зависно размножување на бактериофагите, кои во овој процес се нарекуваат умерени
фаги, профаги или лизогени фаги, а самиот циклус лизоген циклус. Карактеристично за
овие лизогени бактерии е тоа што имаат специфични места означени како локуси за кои
се вградува генетскиот материјал на фагот, при што се формира една интегрирана
форма позната под името епизом.
Бактерифагите претставуваат одлични модели во експерименталната
молекуларна биологија. Вообичаено вирусите предизвикуваат одредени забо-лувања кај
растенијата, животните и човекот.

2.2 Разлики помеѓу прокариотска и еукариотска клетка


Со појавата на електронскиот микроскоп, како и со голем број на биохемиски и
генетски студии е потврдено дека станува збор за два вида на клеточни компартмани:
прокариотски и еукариотски, кои успеале еволутивно да се одржат милијарди години
наназад. Прокариотските организми (во кои спаѓаат бактериите и модрозелените алги)
немаат морфолошки диференцирано јадро, до-дека сите останати организми
(растителни и животински) кои имаат морфолошки деференцирано јадро спаѓаат во
групата на еукариоти. Разликата помеѓу прокариотските и еукариотските клетки е во тоа
што кај прокариотските клетки наследниот материјал не е јасно разграничен со
мембрана од останатиот дел на цитоплазмата, ниту пак во цитоплазмата постојат
сложени мембрански системи во кои се вршат сложени мембрански активности, што не е
случај кај еукариотските клетки. Димензиите на прокариотските клетки се од 0,5 до 0,3μm
и истите се многу помали од димензиите на еукариотските клетки. Кај прокариотските
организми се среќаваат три сложени клеточни диференцијации: клеточна мембрана,
нуклеоид и рибозоми (Слика 16). Клеточната мембрана или плазмалемата е слична со
плазмалемата на еукариотските клетки, со таа разлика што кај прокариотските клетки се
среќава дополнително цврст или полуцврст клеточен ѕид составен од: јаглехидрати,
липиди и аминокиселини и истиот не содржи целулоза.
Кај повеќето прокариотски клетки плазмалемата на повеќе места се преклопува и
навлегува во внатрешноста на клетката но, не поминува низ целата цитоплазма. Кај
фотосинтетските бактерии овие делови содржат пигменти и ензими кои се
вклучени во
процесот на фотосинтеза, кај други видови овие усукувања содржат ензими
кои се вклучени во процесот на респирација и клеточна делба и истите се познати
под името
мезозоми. Цитоплазмата која уште се нарекува и процитоплазма, има поголема
густина
од нуклеоидот и во неа се среќаваат само рибозоми. Рибозомите кои влегуваат
во состав на цитоплазмата од прокариотските клетки се прилично помали во своите
димензии во споредба со тие кај еукариотските клетки, имаат 70s седиментациона
константа, специфична RNA и протеини.

25
www.arabslab.com

Слика бр. 16 (Шематски приказ на градба на прокариотска клетка)

Генетскиот материјал или нуклеоидот, е претставен како гола, прсте-неста,


незаштитена молекула на ДНК, која е врзана за клеточната мембрана. Таквата
формација го претставува единствениот хромозом кај прокариотските организми. Многу
битна карактеристика за прокариотските клетки е тоа што кај нив отсуствува процесот
циклозис или струење на цитоплазмата. Сите прокариотски организми ја апсорбираат
енергијата (органските молекули) од надворешната средина.

2.3 Бактерии

Станува збор за прокариотски организми со димензија од 1-5 µm со


најразлична
форма и способност за групирање, можат самостојно да живеат и да се репродуцираат,
се исхрануваат сапрофитски или паразитски. Клеточниот ѕид на бактериите содржи
протеинска материја муреин (Слика 17) а над клеточниот ѕид кај некои бактерии се
среќава капсула која претставува мукоидна обвивка изградена од муцин и
гликопротеини. Наместо целулозен клеточен ѕид, клеточниот ѕид на бактериите е
изграден од уникатна материја наречена пептидогликан, која како единечна гигантска
молекула ја обвиткува и заштитува бактериската клетка (Слика 17a и 17b).

www. classes.midlandstech.edu

Слика бр. 17a (Шематски приказ на грaдба на клеточен ѕид кај бактерии)

26
www.britannica.com

Слика бр.17b (Градба на пептидогликан во клеточен ѕид на Bacillus coagulans на ЕМ

Некои видови на бактерии имаат специјализирани локомоторни органели кои им


овозможуваат движење на истите. Во зависност од тоа во колкав број се застапени и
каде се наоѓаат истите станува збор за монотрихи (еден флагелум) и политрихи
бактерии
(повеќе флагелуми) или лофотрихи (на едниот пол) и амфитрихи бактерии (и на двата
пола) (Слика 18). Доколку флагелумите се распоредени по целата површина станува
збор
за перитрихи бактерии. Останатите бактерии кај кои отсуствуваат флагелуми се познати
под името атрихи.

http://www.meduniver.com/Medical/Microbiology/40.html

Слика бр.18 (Шематски приказ на бактерии со различен бр.на флагелуми)

Репродукцијата на бактериите може да биде по бесполов или полов пат, а кај


некои
бактерии во неповолни услови е изразена способноста за создавање на спори (отпорни
на различни физички и хемиски агенси), кои при поволни услови повторно се активираат
и поминуваат во активни форми на бактерии

27
2.4 Еукариoтски организми
Постојат различни форми на еукариотски клетки со морфолошки дифе-ренцирано
јадро во кое е сместен целокупниот наследен материјал и органели кои се одделени од
цитоплазмата со мембрански системи. Истите се карактеризираат со многу повисок
степен на клеточна организација и поголеми димензии од прокариотските организми
(средна големина од 16 до 66μm). Во внатрешноста на јадрото се наоѓаат два или
повеќе хромозоми со многу сложе-на и ултраструктурна организација (во кои е запишана
генетска информација и молекул на ДНК кој е повразан со кисели протеини, хистони и
РНК). Клеточната мембрана на површината на клетката не формира цитоплазматични
структури
- мезозоми и во цитоплазмата постои струење или циклозис. Количината на
ДНК кај еукариотите е околу 1000 пати поголема од таа на прокариотите и истата е
поврзана со
протеини познати под името хистони. Присуството на јадрена мембрана кај
еукариотите
овозможува просторно раздојување на процесот на транскрипција и транслација.
3. КЛЕТОЧНА МЕМБРАНА (ПЛАЗМАЛЕМА)

Плазмалемата или клеточната мембрана е високо организирана струк-тура која


ја ограничува клетката, го дефинира нејзиниот облик и големина. Станува збор за
двослојна мембрана со триламинарен изглед, која во in vivo услови прави
една
мофолошка и функционална целина од самата клетка. Плазмалемата е составена
од
липиден матрикс во течна состојба во кој се сместени глобуларни протеини и
карбохидратни ланци кои се наоѓаат на површината на плазмалемата формирајќи
гликокаликс. Дебелината на плазмалемата изнесува 8-10nm, при што надворешната и
внатрешната мембрана имаат дебелина од 2,5nm и истите се означени како хидрофилни
слоеви од плазмалемата, додека дебелината на средишниот слој изнесува 3nm и истиот
се означува како хидрофобен слој (Слика 19).

www.britannica.com

Слика бр.19 (Шематски приказ на градба на клеточна мембрана

На светлосен микроскоп не може да се забележи плазмалемата на клетките, но


можат да се забележат посилно обоените периферни делови од цитоплазмата на
соседните клетки, нивната мембрана и интерцелуларниот простор меѓу нив.

28
На електронски микроскоп јасно се забележува триламинарната градба на
клеточната мембрана или плазмалемата, како два потемно обоени слоеви помеѓу кои се
наоѓа светол простор. Со помош на осмиум тетраоксид (кој го спречува преминот на
електрони) јасно може да се забележи надворешниот и внатрешниот дел
од
плазмалемата (кои вообичаено се потемно обоени) како хидрофилни и осмиофилни
делови, додека средишните делови се хидрофобни или осмиофобни. Со deep-freeze-
fracture техниката (поопширно во текстот подолу) замрзнатиот орган се става во течен
азот и се изложува на механички удар при што плазмалемата се раздвојува на два
мономолекуларни слоеви, при што на скенинг електронскиот микроскоп се визуелизира
внатрешната страна од надворешната мембрана и надворешната страна од
внатрешната липидна мембрана која е видливо побогата со протеински молекули (Слика
бр. 20).

Слика бр.20 (Приказ на градба на клеточна мембрана со deep-freeze-fracture техника на ЕМ

Интегритетот и континуитетот на плазмалемата го сочинува липидниот матрикс


кој
е изграден од липиди во кои се вметнати сите останати градбени елементи. Липидите
сочинуваат 50% од вкупната маса на плазмалемата, имаат помали димензии од
големината на протеините, но се пет пати повеќе застапени од нив. Станува збор за
фосфолипиди кои се меѓусебно поврзани со помош на нивните хидрофобни (неполарни)
опашки. Освен
делови хидрофобни
претставени делови
како мембранските
глави липиди имаат
на мембранските и хидрофилни
протеини свртени кон
(поларни)
екстрацелуларната средина (Слика бр. 21). Во воден раствор мембранските протеини ги
експонираат своите хидрофилни делови, а ги сокриваат хидрофобните. Во состав на
плазмалемата освен фосфолипиди влегуваат и молекули на холестерол и гликолипиди.
Фосфолипидите, холестеролот и гликолипидите имаат амфипатични својства, затоа што
се изградени од хидрофилни делови свртени кон екстрацелуларниот простор и
хидрофобни делови свртени кон цитоплазмата. Течната конзистенција на плазмалемата
е од животно значење за клетката и е резултат на присуството на незаситени масни
киселини на фофолипиди и холестерол.

29
www.rci.rutgers.edu

Слика бр.21а Шематски приказ на градба на клеточна мембрана

Слика бр.21б. Клеточна мембрана на ЕМ

Холестеролот како молекула се наоѓа помеѓу две фосфолипидни молекули и


истиот се поврзува со своите хидрофилни краеви за главата на едната, а со својот
хидрофобен крај за хидрофобниот опашен дел на друга фосфолипидна молекула. Исто
така, холестеролот ја спречува кристализацијата и ги држи фосфолипидите на одредено
растојание. Локализирани региони во плазмалемата содржат високи концентрации на
холестерол и гликосфинголипиди. Ваквите региони се познати под името липидни
носачи,
истите освен липиди содржат и протеини кои се вклучени во процесот на клеточно
сигнализирање. Имајќи предвид дека ваквите протеини “пливаат” во компактниот
липиден двослој, уште се поз-нати и како “сигнални платформи”. Липидните носачи кои
содржат интегрални мембрански протеини можат да се поместат во друг дел од
плазмалемата што условува процесот на сигнализирање да се одвива на точно
одредено место и спречува неспецифични интеракции. Од таа причина најголемиот дел
од функциите на плазмалемата се базираат на присуството на протеини. Станува збор
за прости протеини, гликопротеини и протеогликани кои имаат улога на ензими,
рецептори, транспортни протеински канали и транспортни протеински носачи. Според
нивната местоположба во плазмалемата истите можат да бидат интегрални и
периферни (Слика бр. 22).

30
www. xtalwebary.blogspot.com

Слика бр.22 Шематски приказ на состав на клеточна мембрана

Интегралните протеини кои во најголем дел се хидрофобни претставуваат


специјализирани места за мембрански транспорт и истите се цврсто врзани за
липидниот слој од плазмалемата.Трансмембранските или полуинтегралните протеини
се дел од
интегралните протеини и истите го пробиваат липидниот двослој, со едниот свој дел
достигнуваат до надворешниот дел од плазмалемата, а со другиот дел до внатрешниот
дел од плазмалемата. Составени се од хид-рофилен и хидрофобен слој. Периферните
протеини не се структурна компонента на плазмалемата и се лабаво и транзиторно
поврзани со внатрешната по-вршина од плазмалемата. Целата нивна површина е
хидрофилна. Постоењето на протеини во внатрешноста на плазмалемата најдобро може
да се потврди со претходно наведената техника на замрзнување и кршење (deep
freezing).
Со оваа техника се констатираат две функционално различни страни, E и P страна
(Слика бр. 23). Е-страната е свртена кон екстрацелуларниот простор а P-
страната кон
цитоплазмата. Вообичаено на P-страната има многу повеќе протеини во споредба со Е-
страната.

www.cytochemistry.net

31
Слика бр.23 (Техника на замрзнување и кршење)

Целокупниот градбен материјал од плазмалемата (протеините, липидите и


јаглехидратите) се синтетизира во цитоплазматичните органели, а потоа се вградува во
плазмалемата. Најмногу испитувани се протеините од плазмалемата на црвените крвни
зрнца (еритроцитите) од причини што овие клетки не поседуваат јадро, па со
отстранувањето на хемоглобинот сите протеини припаѓаат на плазмалемата. Најдобро
проучени периферни протеини од плазма-лемата на еритроцитите е спектринот, бенд-3-
протеинот и гликофоринот. Спектринот како периферен протеин од плазмалемата на
еритроцитите учествува во градењето на цитоскелетната мрежа (која се наоѓа под
внатрешната мембрана на плазмалемата), која од своја страна овозможува одржување
на биконкавниот облик на еритроцитите. Молекулата на спектрин ја сочинуваат два
долги полипептидни ланци кои се спирално свиткани и странично поврзани по својата
должина при што формираат цитоскелетна мрежа. Таквата дводимензионална мрежа со
помош на протеинот анкирин се врзува за внатрешната страна од плазмалемата и тоа за
цитоплазматскиот пол на бенд-3 протеинот. Бенд-3-протеинот е голема
трансмембранска молекула, која со едниот хидрофилен пол излегува во
екстрацелуларниот простор на еритроцитите, а со другиот хидрофобен пол е свртена
кон внатрешната површина на плазмалемата. Овој протеин служи и како анјон
транспортен апарат, бидејќи преку него еритроцитите го исфрлаат HCO3 ¯ , а го
внесуваат Cl ‾ јон. Гликофоринот како трансмембрански протеин постои само во
плазмалемата на еритроцитите и истиот се состои од единечен ланец од аминокиселини
за чиј аминотерминален дел е поврзана целокупната карбохидратна компонента од овој
гликопротеин, а неговиот карбоксилен терминален дел (кој е значително пократок)
излегува од цитоплазматичната страна на плазмалемата.

3.1 Гликокаликс

Гликокаликсот (Слика бр. 24) како структура го сочинуваат јаглехидрати кои се


наоѓаат на надворешната страна од клеточната мембрана. Вообичаено јаглехидратите
не се среќаваат во чиста форма, туку како составна компонента на сложени молекули
(како што се гликопротеини или гликолипиди) и обично се свртени кон надворешната
страна т.е кон екстрацелуларниот простор (ако станува збор за плазмалема), или пак се
свртени кон луменот на клеточните органели (ако влегуваат во состав на мембраната од
некоја клеточна органела). Единствено јаглехидратите не се среќаваат во оној дел од
плазмалемата која е во директен контакт со цитоплазмата на самата клетка. Од вкупниот
број на јаг-лехидрати 60% отпаѓа на гликопротеини во кои шеќерите се претставени како
олигосахаридни ланци составени од 15 моносахариди кои често завршуваат со
сијалинска киселина, нивната молекулска маса изнесува од 3 x 105 далтони.
Протеогликаните имаат поголема молекулска маса и содржат до 90% на јагле-хидрати.
Шеќерите се претставени како стотина неразгранети гликозамино-гликански ланци кои
на своите краеви немаат сијалинска киселина. Во состав на гликолипидите влегуваат
исклучиво олигосахариди. Јаглехидратите не се вметнати во липидниот матрикс како
протеините, туку со ковалентни врски се поврзани со онаа страна од молекулите на
протеините или липидите која е свртена кон екстрацелуларниот простор.
Процентуалната застапеност на јаглехидратите во плазамалемата е 2-10%, но нивното
присуство во одредени клетки може да биде зголемено што условува формирање на
слој познат под името гликокаликс или клеточна капа (Слика бр. 24). Овој слој има
заштитна функција и учествува во меѓусебното распознавање на клетките и клеточната
комуникација.

32
http://www.agustinos-valencia.net/LABORATORIO/MORF_CELULAR

Слика бр. 24 (Градба на гликокаликс на ЕМ) (Glycocalyx – Гликокаликс, Microvilli-Микровили)

3.2 Функции на клеточната мембрана


Имајќи ја во предвид структурата и градбата на плазмалемата, е докажано
дека плазмалемата ја определува големината и формата на клетката, учествува во
континуирана размена на материја, информации и енергија (со селективна
пропустливост кон различни материи и елементи) помеѓу надворешната средина и
клетката. Плазмалемата заедно со мембраните на останатите цитоплазматични
органели формира интегриран систем на мембрани со помош на кои клетката ја оджува
својата ацидобазична рамнотежа и ги реализира своите метаболички активности.
3.3 Видови транспорт
Липидниот двослој од плазмалемата поради својата хидрофилност прет-
ставува непропустлива бариера за најголем дел од поларните молекули. Од таа причина
секоја клетка има специфични начини или патишта за внес на хранливи материи во неа
и излез на непотребни материи (метаболички продукти) надвор од неа. Во најголем дел
преносот на материи е овозможен од специфични транспортни протеини кои се
„способни“ за пренесување на одредени молекули внатре и надвор од клетката.
Селективната пропустливост на мембраната условува разлика во составот на јоните во
клетката и надвор од неа. Разликата во градиентот на концентрација условува
молекулите и јоните да се движат во правец на пониска концентрација, меѓутоа брзината
на дифузија вари-ра во зависност од големината на молекулите и нивната
растворливост во липи-ди или масти. Тоа значи дека колку се помали молекулите и
порастворливи во масти толку побрзо ќе дифундираат низ липидниот двослој. Водата
релативно брзо поминува низ липидниот двослој од плазмалемата (од причини што
липидите се нерастворливи во вода), за разлика од наелектризираните честички и
поголемиот дел од молекулите кои се растворливи во вода (гликоза, нуклеотиди,
протеини). Причината за ова е нивната наелектризираност и високиот степен на
хидратација кој влијае на нивниот внес и пренос. За таа цел постојат протеини во самата
плазмалема кои се означени како транспортни протеини или пермеази. Транспортот низ
клеточната мембрана може да биде пасивен (проста и олеснета дифузија) и активен
транспорт (Слика бр. 25).

33
http://www.tokresource.org

Слика бр.25 Шематски приказ на видови траспорт низ клеточна мембрана

Молекулите без електричен полнеж дифундираат од средина со поголема


концентрација во средина со помала концентрација со помош на пасивен транспорт.
Доколку станува збор за транспорт на молекули со одреден полнеж, во тој случај на
истиот влијае градиентот на средината и градиентот на мембраната кои заедно го
сочинуваат електрохемискиот градиент. Сите плазмалеми имаат негативен
електрохемиски градиент од внатрешната страна и позитивен електрохемиски градиент
од надворешната страна. Во пасивен транспорт спаѓа и простата дифузија со која
поминуваат кислородот, јаглеродниот диоксид, водата и некои други молекули
растворливи во вода како што е етанолот. Доколку ваквиот транспорт се одвива со
помош на протеински носачи, станува збор за олеснета дифузија (Пр.гликоза). Ваквите
протеини се нарекуваат пермеази и истите не предизвикуваат промени кај молекулите
кои ги пренесуваат, но реверзибилно ја менуваат својата конфигурација. Доколку
станува збор за пренесување на само еден вид на молекули (во или надвор од
клетката), транспортот се нарекува унипортен (Слика бр. 26), доколку станува збор за
пренос на различни видови молекули само во една насока, транспортот се нарекува
симпортен, или ако различните молекули се пренесуваат во две насоки, тогаш станува
збор за антипортен транспорт (Слика бр. 27).

34
Purves et al., Life: The Science of Biolоgy, 4th Edition

Слика бр.26 Унипортен механизам на пренос низ клеточна мембрана

Purves et al., Life: The Science of Biology, 4th Edition

Слика бр.27 Симпортен и антипортен механизам за пренос низ клеточна мембрана

Кога станува збор за активен транспорт, во тој случај протеините носачи


функционираат како пумпи и тие ги пренесуваат молекулите спротивно од нивниот
електрохемиски градиент. Во овој процес неопходна е енергија во форма на АТП.
Најдобро објаснет механизам на активен транспорт е Na-K пумпата (Слика бр. 28) која
истовремено учествува во создавањето на мембранскиот потенцијал на клетката.
Вообичаено концентрацијата на Na+ јони е 10-40 пати поголема во крвта отколку -
во
клетките што резултира јоните на Na+ да навлегуваат во клетката, а јоните на К да
излегуваат од клетката. Со цел да се одржи ваквата концентрација на Na+и К-. со помош
на ензимски систем се хидролизира АТП во АДП, се обезбедува енергија, на тој начин
целосно се реализира транспортот на наведените јони.

35
LadyofHats Mariana Ruiz Villarreal

Слика бр.28 (Механизам на активен транспорт Na-K пумпа

Транспортот на молекули низ плазмалемата се одвива и низ т.н протеински


канали
кои се хидрофилни и јонско селективни. Ваквите канали можат да бидат напонско
зависни јонски канали (во невроните), лиганд зависни јонски канали (ацетилхолинските
рецептори
во мускулни клетки) и механичко зависни јонски канали (внатрешно уво).
Освен мембрански транспорт постои и везикуларен транспорт кој подра-збира
последователно создавање на везикули и конфигурациски промени во са-мата клеточна
мембрана. Во зависност од тоа дали материите влегуваат или из-легуваат од
клеточната
мембрана, можат да се разграничат два транспортни процеса, ендоцитоза и
егзоцитоза.
Клатринот е специфичен протеин кој учествува во формирањето на ве-зикулите и
механизмот на ендоцитоза. Во зависност од тоа дали ендоцитозата како процес е
целосно
зависна од учеството на клатринот, може да зборуваме за клатрин зависна и
клатрин независна ендоцитоза. Пиноцитозата (Слика бр. 29) е еден облик на
ендоцитоза со која
низ клеточната мембрана се внесуваат моле-кули чиј дијаметар е помал од 150
nm (вода и молекули растворливи во вода) со помош на пиноцитни везикули. Најновите
истражувања покажуваат дека во раздвојувањето на пиноцитните везикули учествува
ГТП-азата или динаминот. Пиноцитозните везикули се видливи само на
електронски микроскоп. Имајќи во предвид дека во процесот на пиноцитоза
не учествува
специфичниот протеин клатрин, самиот процес уште се нарекува клатрин
независна ендоцитоза. Пиноцитозата како еден вид на ендоцитоза најчесто се среќава
во ендотелните клетки од крвните садови и мазните мускулни клетки.

36
Слика бр.29 Видови везикуларен транспорт

Доколку станува збор за внесување на молекули со поголема молекулска маса и


со дијаметар поголем од 250nm, процесот се нарекува фагоцитоза. Обично ваквите
клетки кои имаат способност за фагоцитоза на својата површина има-ат клеточни
продолжетоци
наречени псевдоподии (Слика бр. 30) со кои вообичаено го „голтаат“ материјалот и го
затвараат во везикула позната под името фагозом. Фагозомот понатаму се спојува со
лизозомот и на тој начин се лизира целокуп-ната содржина од материјалот. Вообичаено
со овој процес се внесуваат кле-точни отпадоци, бактерии и туѓи материи. Клетките кои
учествуваат во процесот на фагоцитоза припаѓаат на мононуклеарниот фагоцитен
систем. Недигестираниот материјал во форма на резидуални телца може да остане во
самата клетка и по пат на егзоцитоза да биде исфрлен надвор од клетката. Клетките со
фагоцитоза имаат способност да ги дигестираат и сопствените остарени клеточни
органели, процес познат под името автофагоцитоза.
Фагоцитозата како процес не бара учество на клатринските рецептори и поради
тоа е наречена клатрин-независна ендоцитоза. Но, имајќи ја предвид големината
на
везикулите коишто навлегуваат преку плазмалемата во внатрешноста на
клетката, процесот е условен од преуредување
37 на актинскиот цитоскелет. Станува збор
за процес
на брза полимеризација и деполимеризација на актинските филаменти во самата
плазмалема. Од тие причини процесот е наречен актин зависна ендоцитоза.
Фагоцитозата се среќава кај специфични клетки за разлика од пиноцитозата која главно
се одвива во
сите клетки од организмот.
Доколку ендоцитозата (или внесот на одредени материи внатре во клетката) е
условена од специфични рецептори (карго рецептори) кои се лоцирани на самата
плазмалема и кои дозволуваат внес на специфични молекули во клетката, тогаш се
поврзуваат со нив и формираат т.н обложена јамичка (coated pits) (Слика бр. 29).
Клатринските молекули реагираат со карго рецеторите со помош на друг протеински
комплекс т.н адаптин (Слика 32). Штом клатринските молекули (Слика бр. 31 и бр. 32) ќе
се одвојат од обложените везикули, истите се преместуваат назад до клеточната
мембрана со цел да учествуваат во создавањето на нови обложени јамички.
Рецепторите кои се одвоени од својот лиганд од страна на киселата ендозомална pH,
можат да бидат вратени назад до клеточната мембрана на повторно користење. Така на
пр. рецепторите на липопротеините со ниска густина се преработуваат неколку пати
(Слика бр. 30). Лигандите обично се транспортираат до доцните ендозоми. Меѓутоа,
понекогаш лигандите се враќаат назад во екстрацелуларната средина за повторно
користење, како што е случајот со протеинот кој го пренесува железото (трансферинот).

Слика бр.30 Шематски приказ на ендоцитоза

Слика бр.31 Клатринските молекули на ЕМ

38
Слика бр.32 Клатринските молекули реагираат со карго рецепторите со помош на друг
протеински комплекс т.н адаптин, ЕМ

Ензимот ГТП-аза или динаминот учествува во одвојувањето на клатрин-


обложените везикули од плазмалемата. Имајќи предвид дека овој тип на ендоцитоза е
условен од специфичен рецептор клатрин, процесот се нарекува клатрин-
зависна
ендоцитоза или ендоцитоза со посредство на рецептор.
Егзоцитозата е обратен процес на ендоцитозата при кој материјалот кој се содржи
во различни клеточни везикули се исфрла од клетката на начин при кој клеточните
везикули се спојуваат со плазмалемата и ја исфрлаат содржината.
Интрацелуларниот
транспорт на овие везикули е овозможен со специфични про-теини, познати под
името коатомери (COP-I и COAP-II). Постојат две патеки на егзоцитозата,
конститутивна и регулирана секреторна патека (Слика бр. 33).
При конститутивната патека протеините кои се синтетизираат во клетката
излегуваат од Голџи системот и ја напуштаат клетката. Оваа патека е присутна во сите
клетки но, каректиристично е тоа што им недостасуваат секреторни зрна. При
регулираната патека, специјализирани клетки како што се ендокрините и егзокрините
клетки, синтетизираните протеини привремено се акумулираат во секреторни везикули.
Патеката се нарекува регулирана затоа што мора да се активира регулирачки
механизам
(хормон или нервен стимуланс) за да се иницира секрецијата. Ваквата патека е
присутна во зимогените клетки на желудникот и ацинарните клетки на панкреасот.
Ваквиот процес
на секреција е пропратен со проток на калциумови јони која од своја
страна ги
стимулираат секреторните везикули за испуштање на својата
содржина.

39
Слика бр.33 Конситутивна и регулаторна патека на егзоцитоза

40
4. МЕЃУКЛЕТОЧНИ ВРСКИ

Постојат три типа на меѓуклеточни врски (Слика бр. 34):


А) Оклудентни
Б) Атхерентни
В) Комуникациски

Слика бр. 34 Видови меѓуклеточни врски

А) Оклудентните врски (zonula occludens) се непропустливи меѓуклеточни


врски
кои им овозможуваат на епителните клетки да функционираат како цврста бариера, го
ограничуваат протокот на вода и други молекули и со тоа ја одржуваат физичко-
хемиската
бариера помеѓу самите ткива. На тој начин овие врски функционираат како патент
помеѓу
две соседни клетки (Слика бр. 35). Вообичаено се лоцирани во најгорните слоеви помеѓу
соседни епителни клетки и не дозволуваат продор на липиди и протеини во латералниот
дел од епителните клетки, со што максимално го намалуваат меѓуклеточниот простор.
Во
формирање на zonula occludens учествуваат трансмембранските протеини кои најдобро
се гледаат со техника на замрзнување и кршење на клеточната мембрана (freeze
fracture) формирајќи две страни: P (страна) на која се налепени протеините и Е-страна
на која се забележуваат вдлабнувања како резултат на одвојувањето на протеинските
молекули на спротивната страна. Исто така, овие врски овозможуваат поврзување на
сигналните молекули од клеточната мембрана со актинските филаменти на
цитоскелетот. Независно што оваа врска 41 вклучува фузија на соседни клеточни
мембрани, нивната отпорност на механичко напрегање е ограничена.
http://www.columbia.edu

Слика бр. 35 (Zonula occludens, zonula adherens и macula adherens)

Б) Адхерентните врски овозможуваат механичка стабилност на клетките и


поврзување на цитоскелетните елементи на соседните клетки. Овие врски се среќаваат
на латералната и базалната страна на епителните клетки. Улогата на адхерентните
врски
е да овозможи пренесување на сигнали помеѓу самите клетки и да овозможи меѓусебно
препознавање на клетките. Истите можат да бидат
- zonula adherens
- macula adherens
Во базалниот дел каде што епителните клетки се поврзани со клетките на
сврзното ткиво можат да се сретнат фокални атхезии и хемидезмозоми како
видови на
атхерентни врски.
Zonula adherens (Слика бр. 35) дејствува со мрежата од актински филаменти
внатре во самите клетки. Кај срцевите мускулни клетки кои се распоредени континуирано
една до друга, клетките се поврзани со други специфични врски кои не се прстенести,
туку имаат широка површина и истите се наречени fascia adherens.

http://php.med.unsw.edu.au/cellbiology/

Слика бр.36 Шематски приказ на меѓуклеточни врски

42
Macula adherens (дезмозом) (Слика бр. 35) претставува дамкаста врска меѓу
епителните клетки на латералните страни. Освен што овозможува поврзување на самите
клетки, оваа врска учествува и во морфогенезата и диференцијацијата на ткивата.
Фокалните атхезии (Слика бр. 36) имаат важна улога при динамични промени во
самото епително ткиво (при зараснување на рани), како и регистрирање и пре-несување
на сигнали од екстрацелуларната во интрацелуларната средина.
Хемидезмозомите (Слика бр. 36) го добиле името по тоа што електронската
микроскопија покажува како да е присутна само една половина од врската. Вообичаено
како врски се среќаваат во клетките на корнеата, кожата и мукозата во усната шуплина,
како и хранопроводот и вагината.
В) Комуникациските врски овозможуваат директна комуникација и координација
помеѓу самите клетки, а на тој начин учествувааат во одржување на хомеостазата во
организмот. Од тие причини овие врски уште се нарекуваат и пропусни врски
или gap
junction или нексуси (Слика бр. 34 и бр. 36). Присутни се како врски помеѓу
клетки транспортот
епителните, мазнитена одредени
и срцево јони и течности
- мускулните клетки е(Слика
од особена
бр. 37),важност за одредени
имајќи предвид дека
функции на самите
токму кај овие клетки.

Слика бр.37 Шематски приказ и микроскопски снимки на различни меѓуклеточни врски

43
5. ХЕМИСКИ СОСТАВ НА КЛЕТКАТА

5.1 Неоргански материи


Од вкупниот број на елементи регистрирани во периодниот систем, 6 елементи
(C, H, N, O, P, S) влегуваат во состав на клетките и истите сочинуваат 99% од составот
на истите, влегувајќи во составот на различни хемиски соединенија како неопходен дел
од самата клетка.
Дел од хемиските елементи, како што се C, O, H и N во клетката се застапени
со 96% и истите се наречени макроелементи. Втората група ја сочинуваат
елементите застапени со околу 3,5% во клетката, како што се P, S, Na, Ca, Mg, K и Cl.
Оваа група на елементи се наречени микроелементи. Другите елементи се
застапени само во трагови и во нив се вбројуваат J, F, Fe, Mn и др. Главно ваквите
минерални материи претставуваат активатори на голем број на хемиски реакции.

• Макроелементи (јаглерод, кислород, водород и азот)


• Микроелементи (фосфор, сулфур, натриум, калциум, магнезиум, калиум и
хлор )
• Елементи во траги (јод, флуор, железо, цинк, манган и др.).

Процент на застапеност на некои елементи во клетките на


орг човековиот
организам е следнава:

Процент Процент Процент


Елемент Елемент Елемент
(%) (%) (%)

Водород 9, 5 Сулфур 0, 3 Железо Во траги

Јаглерод 18, 5 Калциум 1, 5 Натриум 0, 2

Азот 3, 3 Магнезиум 0, 1 Калиум 0, 4

Кислород 65, 0 Манган Во траги Јод Во траги

Фосфор 1, 0 Цинк Во траги Хлор 0, 2

Независно од нивната процентуална застапеност во клетката, нивното


биолошко значење за клетката е огромно. На пр.: недостатокот на железо (Fe) во
организмот на човекот предизвикува анемија и низа други нарушувања во крвта, а со
тоа и на целиот организам во целина. Недостатокот на јод (J) предизвикува
нарушување на функцијата на тироидната жлезда и гушавост, недостатокот на
калциум (Ca) предизвикува поголема кршливост на коските и остеопороза.
Најголемиот дел од неорганските материи во клетката се застапени во растворена
состојба (како: катјони и анјони) и истите се одговорни за стабилноста на одредени
молекулски структури. На пр. за одржување на мембранскиот потенцијал во клетката
се одговорни најмногу натриум (Nа) и калиум (К), и нивната застапеност во клетките
не е насекаде
44
иста. Така, крвната плазма содржи помалку калиум во споредба со натриум, за
разлика
од мускулните клетки, каде што тој однос е обратен.
Солите што содржат хлор (Cl) и натриум (Na) учествуваат во регулирање на
осмотскиот притисок, како и во одржување на ацидо-базичната рамнотежа во
клетката, како пуферни системи. Железото (Fe) како елемент влегува во состав на
молекулот на хемоглобинот, фосфорот (P), како елемент учествува во состав на
високо енергетското соединение ATП.

5.2. Вода

Една од главните компоненти на сите живи системи е водата, која сочи-нува скоро
50-95% од составот на клетката. Сите физиолошки карактеристики и својства на водата
главно произлегуваат од молекуларната структура на водата. Едно од најбитните
својства
на водата е нејзината атхезивност (поради постоењето на одреден поларитет) што и
овозможува способност за капиларно движење. Исто така, постоењето на одреден
поларитет овозможува водата да биде идеален растворувач на одредени јони и
молекули
кои имаат одреден поларитет (означени како хидрофилни молекули). Спротивно од ова
постојат молекули кои се без поларитет (хидрофобни молекули) и таквите водата не
успева да ги раствори, што е од посебна важност за самата клетка.
Сите хемиски реакции во сите клетки во организмот вообичаено се одви-ваат во
констатно иста pH од 6 до 8. Исклучок прават хемиските процеси во желудникот
кои се
одвиваат при pH=2. Интересен е фактот што pH на крвта секогаш се одржува на
едно
констатно ниво на pH од 7, 5, независно од фактот што со неа се пренесуваат
различни
хранливи материи, а голем дел од нив претставуваат киселини и бази.
Одржувањето на
постојана pH во организмот е од по-себна важност за организмот, затоа што
самата
5.3 Органски молекули
промена на pH-средината влијае на самите хемиски реакции. Од тие причини
самитеВо просек 60-70% од живите клеточни системи се состојат од вода. Останатиот
клетки и организмот во целина реагираат на ваквата промена со постоење на
дел
пуферина
отпаѓа кои
неоргански и органски молекули во кои централно место зазема јаглеродот.
Станува збор способност
имаат да се
за атом кој има врзат со да
способност јоните на H+ четири
формира кога нивната концентрација
ковалентни расте
врски со други
или даигина тој начин да формира многу стабилни биохемиски соединенија. Во суштина
атоми
отпуштаат
сите органски истите ја
молекули кога нивнатасвојата
добиваат концентрација опаѓа.
структура благодарение на поврзувањето на
јаглеродните атоми.

➢ Масни
киселини
Станува збор за хидрофобни молекули изградени од атоми на јаглерод, водород и
кислород кои ја сочинуваат структурата на најголемиот број на липи-ди. Липидите или
масните материи се застапени со 13% од вкупната маса на клетката. Истите се
нерастворливи во вода, а се раствораат во органски рас-творувачи (ацетон, етер,
хлороформ и др.) и на тој начин можат да се екстра-хираат од ткивата. Постојат
различни
класификации на липидите, но најчесто се делат на прости и сложени липиди.
Најпознати
45
прости масни материи во клетката се неутралните масти и истите се изградени од
глицерол и виши масни ки-селини. Вишите масни киселини, што се наоѓаат во
природните
масти можат да бидат заситени и незаситени. Триглецеридите на собна температура
можат да бидат во течна или тврда состојба во зависност од тоа дали се
естерифицирани
со заситени виши масни киселини и од кои обично се добиваат тврди масти, или се
естерифицирани со незаситени виши масни киселини, при што се добиваат течни масти
наречени масла.
Липидите кои ги внесуваме преку исхраната се транспортираат до тенкото црево и
така разложени преку неговиот епител во вид на хиломикрони се транспортираат
преку
жолчниот канал до сите ткива во организмот. Имено, нивното разложување се
врши со
помош на ензимот липаза, кој воедно овозможува и нивен полесен транспорт
преку сите
капилари до различни ткива во организмот. Кај растенијата мастите се наоѓаат
главно во
состав на семињата и плодовите.
Восочните материи или восоците се синтетизираат од страна на повр-шинските
клетки на епидермалното ткиво и истите се натрупуваат на надво-решните
клеточни
ѕидови, не пропуштаат гасови и вода и со тоа имаат заштитна улога во клетката.
Цереброзидите и стероидите исто така спаѓаат во групата на липиди. Мастите
ослободуваат двапати повеќе енергија во споредба со шеќерите. Одредени ткива
во
организмот, како што е масното ткиво, служат како ре-зервоар на масни материи и
главен
извор на енергија на клетките. Масното ткиво во организмот на човекот е
застапено
➢ Шеќери
најмногу на кожата во вид на сало. Освен како резервна материја, мастите имаат
структурна
Станува збор и заштитна улога во
за хидрофилни организмот.
молекули Липоидите
изградени од атомисена
вбројуваат
јаглерод, во групата
водород
на и
сложени
кислород масни
во сооднос материи,
1:2:1, бидејќи воили
како и алдехидна својот состав
пак кето имаат
- група која ие карактеристична
други нелипидни
соединенија,
за сите шеќери. Во клетката се застапени од 0,2 до 2%. Главно имаат енергетска но и
како улога
структурна што се:одфосфорна
причини што киселина, јаглехидрати
претставуваат главнаи структурна
др.Така на компонента
пр. фосфолипидите
на
се
клеточниот ѕид кај растителни клетки (целулоза).
липопротеини во чиј состав влегува фосфорната киселина и истите се среќаваат
Најпросто градени шеќери се моносахаридите, кои во зависност од бро-јот на
во
јаглеродните
триози атоми застапени во нив, се делат на:
➢ состав на(со три јаглеродни
клеточната атоми);
мембрана. Воглицералдехид
градбата на клеточната мембрана влегуваат

и тетрози (со четири јаглеродни атоми); еритроза
➢ пентози (со пет кои
липопротеидите јаглеродни атоми);
имаат важна улогарибоза и дезоксирибоза
во клеточниот транспорт. во состав
на
нуклеинските киселини и арабиноза во состав на хемицелулозата арабан која се наоѓа во
клеточниот ѕид на растителните клетки. Рибулозата е исто така пентоза која се добива
со
раградување
➢ хексозина(со
глукозата во тек на пентозниот
шест јаглеродни циклус.
атоми); гликоза, фруктоза, галактоза
Гликозата претставува главен извор на енергија во клетките и истата се наоѓа во
состав на крвта. Кај пациенти со интравенска исхрана се додава воден раствор на
гликоза,
која преку крвта достигнува до сите клетки во организмот. Молекулот на гликозата може
да постои во две форми, како циклична (изомерни форми α и β гликоза) и линеарна.
46
Најчесто гликозата се среќава во слободна форма или како краен продукт од
разложувањето на полисахаридите, додека вишокот на гликоза се транспортира и
складира во форма на гликоген во црниот дроб. Нивото на гликоза во крвта и нејзиниот
транспорт низ клеточната мембрана се контролира од страна на хормонот инсулин.
Спротивно кога концентрацијата на гликоза во крвта се намалува, од панкреасот се лачи
хормонот глукагон кој овозможува хидролиза на гликогенот до гликоза и нејзино
ослободување во циркулацијата.
Фруктозата (овошен шеќер) претставува резервна материја кај голем број на
плодови, истиот се добива со раградување на дисахаридот сахароза.
Галактозата се добива при разградување на млечниот шеќер лактоза.
Со спојување на две молекули на моносахариди се добиваат дисахариди.
Најпознати дисахариди се сахарозата, лактозата, малтозата и целобиозата. Са-
харозата
е изградена од еден молекул на гликоза и еден молекул на фруктоза. Кај
растенијата
шеќерот во форма на сахароза се транспортира од фотосинтет-ските клетки до
сите
клетки во организмот, но за да биде искористен од орга-низмот мора претходно
да се
хидролизира до гликоза и фруктоза.
Друг пример за дисахарид е лактозата која под дејство на ензимот лактаза се
разложува на два моносохариди гликоза и галактоза. Малтозата претставува
дисахарид
чиј молекул е изграден од две молекули на гликоза. Во клет-ките вообичаено се
добива
како интермедиерен продукт при хидролиза на скроб. Под дејство на ензимот
амилаза
скробот се разложува до малтоза, која понатаму се разградува на две молекули
гликоза.
Целобиозата е специфичен растителен дисахарид која се добива како
интермедиерен
продукт при разложување на целулозата која влегува во состав на клеточната
мембрана
и клеточниот ѕид.
Трисахаридите се олигосахариди составени од три молекули на моносахариди.
Тука спаѓаат рафинозата која е составена од еден молекул на фруктоза,
гликоза и
галактоза. Таа е карактеристична за семето на памукот и за шеќерното цвекло.
Од тетрасахаридите најпозната е стахиозата која е составена од еден
молекул
на гликоза, два молекула на галактоза и еден молекул на фруктоза. Истиот се
наоѓа во
коренот на растенијата од родот Stahis.
За разлика од нив полисахаридите како шеќери се изградени од повеќе
Од моносахаридни
сето ова можемеединици, истите седека
да констатираме помалку растворливи
сите шеќери во вода и немаат сла-
претставуваат:
док вкус.
- важен материјал за градбата на клетката;
Полисахаридите
- енергетски извор можат да бидат хомополисахариди, изградени од исти
моносахаридни
- нивното присуство условува процеси на катализа и
- лесноединици и хетерополисахариди,
се складираат изградени од различни моно-сахаридни единици.
како резервни материи.
Многу
значајни и широко распространети хомополисахариди се гликогенот во
животинските 47
клетки и скробот во растителните клетки. И едниот и другиот се изградени од
поголем
број на молекули на гликоза и истите се среќаваат како резервни материи во
➢ Протеини
Протеините или белковините се најзастапени материи во клетката, со
процентуална застапеност од околу 20%. Протеинската молекула главно ја сочи-
нуваат
следниве елементи: јаглерод (C), водород (H), кислород (O) и азот (N), а кај некои
се
среќаваат сулфур (S) или фосфор (P). Како макромолекуларни или полимерни
соединенија се изградени од поголем број на мономери меѓусебно поврзани во
долга
полипептидна низа. Секој
Аминокиселини мономер претставува една аминокиселина. Во
кратенки
природата,
Alanine а со Ala неесенцијална
тоа
Arginine и во самите организми
Arg се среќаваат вкупно 20 протеиногени
неесенцијалнааминокиселини.
Asparagine Asn неесенцијална
Aspartic acid Asp неесенцијална
Cysteine Cys неесенцијална
Glutamic acid Glu неесенцијална
Glutamine Gln неесенцијална
Glycine Gly неесенцијална
Proline Pro неесенцијална
Serine Ser неесенцијална
Histidine His есенцијална
Isoleucine Ile есенцијална
Leucine Leu есенцијална
Lysine Lys есенцијална
Methionine Met есенцијална
Phenylalanine Phe есенцијална
Threonine Thr есенцијална
Tryptophan Trp есенцијална
Tyrosine Tyr есенцијална
Valine Val eсенцијална

Автотрофните организми можат да ги синтетизираат и двете групи на


аминокиселини, додека хетеротрофните организми можат да ги синтетизираат само
неесенцијалните аминокиселини, а есенцијалните мора да ги внесуваат со исхраната.
Секоја аминокиселина се состои од карбоксилна група (-COOH), која ги дава
киселите својства на аминокиселините и амино група (-NH2), која ги дава базните својства
на аминокиселините (Слика бр. 38), со тоа сите аминокиселини имаат амфотерни
својства. Специфичните својства на аминокиселините им ги дава радикалот (R).
При
поврзувањето на аминокиселините во полипептидната низа на протеините,
секогаш
амино-групата од едната аминокиселина се по-врзува со карбоксилната група од
другата
(соседната) аминокиселина, при што се ослободува еден молекул на вода.
Ваквата врска
меѓу аминокиселините во состав на протеинската молекула се нарекува пептидна
врска.

48
Слика бр. 38 Градба на аминокиселини

Протеините меѓусебно се разликуваат по видот, бројот и распоредот на


аминокиселините што ја градат пептидната низа. Во зависност од бројот на
аминокиселините разликуваме дипептиди (со две аминокиселини), трипептиди (со три) и
полипептиди (со повеќе аминокиселини). Полимеризацијата на аминокиселините се
врши
во рибозомите. Обично, во рамките на еден протеин вле-гуваат стотина аминокиселини,
при што доволно е да се промени видот или редоследот на аминокиселините за да се
промени видот или својствата на са-миот протеин. Докажано е дека одредени измени во
аминокиселинскиот состав на хемоглобинот на човек, можат да предизвикаат
заболувања
познати под името хемоглобинопатии.
Кај протеините се разликуваат четири нивоа на структурна организација (Слика
бр. 39). Примарната структура е најпроста и главно е претставена со
полипептидна
низа во која аминокиселините се линеарно поврзани (или на-брани) според
строго
определен распоред, број и вид. Доколку пептидната низа не е прaволиниска,
туку е во
вид на спирала, тогаш станува збор за секундарна структура. Доколку се
случи
повеќекратно свиткување на спиралата и образување на една топчеста или т.н.
тродимензионална струк-тура, станува збор за терциерна структура на
протеините.
За формирање на ваквата структура пресудно значење имаат
дисулфидните врски,
коишто се формираат меѓу аминокиселините кои содржат S, како на пр.
цистеинот.
Пример за протеин со терциерна структура е миоглобинот. Последната
квартерна
структура на протеините се карактеризира со меѓусебно поврзување на две
или повеќе
протеински молекули кои имаат терциерна структура. Ваков протеин со
квартерна
структура има молекулот на хемоглобинот, кој содржи четири полипептидни низи
со
терциерна структура. 49
Слика бр.39 Структурна организација на протеини

Ако структурата на протеинот се измени под дејство на некои физички или


хемиски
фактори, тогаш тој се трансформира во неактивна форма и процесот се нарекува
денатурација. Одредени протеини имаат способност по про-цесот на денатурацијата,
под
одредени услови, повторно да се вратат во првобитната состојба, т.е. да се
ренатурираат.
Протеините учествуваат во различни функции на клетката, како што се :
- изградба на повеќе структурни елементи на клетката;
- размената на материјата и енергијата;
- растење и размножување;
- овозможуваат различни движења на клетката (контрактилни протеини);
- имаат заштитна функција;
Според хемискиот состав протеините можат да бидат прости и сло-жени.
Простите протеини се изградени само од аминокиселини и истите се делат
во две групи: глобуларни (растворливи во вода и други растворувачи) и
склеропротеини
(нерастворливи во вода). Во групата на глобуларни протеини спаѓаат:
албумините,
глобулините, глутелините, хистоните и др., додека во групата на
склеропротеини спаѓаат:
фибриларните белковини, белковините од ноктите и др.
Сложените протеини (протеиди), покрај протеинскиот дел имаат и
непротеински дел, кој се означува уште како простетичка група. Во оваа група
спаѓаат:
гликопротеините, липопротеините, хромопротеините и нуклепротеините. Во
контекст на
50
сложените протеини и нивното значење мораме да ги споменеме
ферментите или
ензимите, кои претставуваат биокатализатори во самите клетки и како такви
се
Ферментите се физио-лошки активни, доколку се поврзани и двата негови составни дела.
Протеините се материјални носители на животот и без нив би престанале сите животни
процеси во клетката.

➢ Азотни бази
Станува збор за прстенести молекули кои покрај јаглеродот содржат и
Припаѓаатазот.
во редот на бази со присуството на амино-група во нивниот сос-тав. Главно
влегуваат во состав на нуклеинските киселини. Сите наведени ор-гански молекули ги
сочинуваат основните компоненти, мономерите, во состав на полимерните соединенија.
Во состав на нуклеинските киселини влегуваат два вида на азотни бази:
пурински и пиримидински. Пиримидинските прстени се состојат од еден
хетероцикличен
влегуваатпрстен, а пуринските
во состав од два киселини
на нуклеинските хетероциклични прстени.
се: цитозин, Од и
тимин пиримидин-ските
урацил, а од
бази, кои
пуринските аденин и гванин (Слика 40).

Слика бр.40 (Градба на пурински и пиримидински киселини

Според познатите Чаргафови правила секогаш доаѓа до правилно повр-зување


на азотните бази аденин со тимин со помош на двојна водородна врска, како и на
цитозин
со гванин со помош на тројна водородна врска (Слика бр. 41). При меѓусебното
поврзување на сите три компоненти, кои влегуваат во состав на нуклеинските киселини,
секогаш молекулот на шеќерите се поврзува странично со фосфорната киселина, додека
во средината на самата молекула се поврзуваат азотните бази.

51
http://www.austincc.edu/emeyerth/dna.htm

Слика бр. 41 (Градба на ДНК и приказ на Чаргафови правила

При комплетирање на молекулот на нуклеинските киселини, неминовно е да се


споменат три нивоа на организација на молекулот. Имено, доколку дојде до меѓусебно
поврзување на молекулот на шеќерот со некој од азотните ба-зи, во тој случај станува
збор за формирање на нуклеозид. Потоа следува поврзување на нуклозидот со
молекулот на фосфорната киселина, при што се добива нуклеотид. Нуклеотидите
претставуваат основни градбени единици на нуклеинските киселини и истите се
одговорни за чување и пренесување на ин-формациите, како и краткотрајно депонирање
и транспортирање на енергијата. Секој нуклеотид се состои од шеќер пентоза за чиј прв
јаглероден атом е врзана азотна база, а за петтиот јаглероден атом е врзана органска
фосфатна група (Слика бр. 41). Во зависност од присуството на овие пентози
(дезоксирибоза или рибоза), постојат и два вида на нуклеотиди: дезоксирибонуклеотиди
и рибо-нуклеотиди.
Нуклеинските киселини во живата материја се застапени во 1,1%. На нив се
должи животната активност на клетките, размножувањето и пренесувањето на
наследниот материјал. Станува збор за полимери изградени од поголем број на
нуклеотиди кои се поврзани во низа, при што формираат поли-нуклеотидни
вериги.
Нуклеотидите во состав на полинуклеотидната верига меѓу себе се поврзани со
3’ - 5’
фосфодиестерски врски, при што фосфорната кисе-лина ја поврзува пентозата
преку 5-
тиот јаглероден атом од едниот нуклеотид, со -OH групата на 3-тиот јаглероден
атом на
пентозата од следниот нуклеотид. Ваквата едноподруга поврзаност на шеќерот
со
450 различно распоредени нуклеотиди. Ако се има предвид дека бројот на
да има фосфатот ја следи целата ве-рига и во исто време го сочинува неспецифичниот
дел од
молекулот на нукле-инските киселини. Тргнувајќи од податокот, дека постојат
четири типа 52
на де-зоксирибонуклеотиди вкупниот број на варијации, кои се резултат на
различна нивна
поврзаност може да се претстави, како 4n.Тоа значи дека молекул со 50
мономерите во еден сегмент на ДНК е многу поголем, произлегува дека и можностите за
комби-нации се огромни, а со тоа и бројот на специфични гени е исклучително голем.
Во зависност од присуството на шеќерната компонента во нуклеинската
киселина
постојат два вида на нуклеински киселини: ДНК и РНК, кои се разликуваат
помеѓу себе и
по следниве карактеристики
Табела(Табела 1 и помеѓу
1 (Разлики Слика 42):
ДНК и РНК)

Нуклеинска кисели
киселина ДНК РНК

Присутна Јадро Јадро и цитоплаз-ма

Количината Константна Променлива

Шеќер Дезоксирибоза Рибоза

Пиримидински бази Цитозин и тимин Цитозин и урацил

Структура Двоверижна Едноверижна

Улога Структура на гени Структура на рибозоми

www.proprofs.com

Слика бр.42 Разлики помеѓу ДНК и РНК

53
6. ПРОТОПЛАЗМА

Животот на клетката е условен од нејзината внатрешна содржина која целосно го


исполнува просторот во неа и истиот е познат под името протоплазма. Протоплазмата
пак
од своја страна е издеференцирана на два дела: цитоплазма и јадро.
6.1 Цитоплазма

Во состав на цитоплазмата влегува целокупниот жив материјал на клетката, без


јадрото. Електронските испитувања покажуваат дека цитоплазмата е сложено
организирана клеточна компонента која се состои од два функционални дела, хија-
лоплазма или цитоплазматичен матрикс и цитоплазматични органели.

6.2 Хијалоплазма

Хијалоплазмата ја претставува основната маса на цитоплазмата и во неа се


сместени сите мембрански и немембрански структури, со други зборови таа го исполнува
просторот меѓу клеточните органели. Улогата на хијалоплазмата е преку неа да се
одвиваат сите процеси на транспорт помеѓу клеточните органели. Како хидрофилна
колоидна средина, хијалоплазмата овозможува синхронизирано одви-вање на
многубројни
сложени процеси како што се: синтеза на протеини, липиди, шеќери и др. и од тие причини
се вели дека во неа се одвива најголемиот дел од интермедиерниот метаболизам.
Хијалоплазмата е исполнета со 1000 ензими кои ги катализираат реакциите на гликолиза
и
бисинтеза на клучни органски молекули. Хијалоплазмата со друго име се нарекува и
цитосол и истата зафаќа 55% од вкупниот клеточен волумен. Електронските испитувања
покажуваат дека хијалоплаз-мата има сложена ултраструктурна организација изградена
од
протеински фибрили, поради што се нарекува и цитоскелет. Цитоскелетот во голема
мера
го одре-дува обликот на клетката, распоредот на клеточните органели, учествува во
клеточното движење како и при процесот на делба на клетката. Во цитосолот или хи-
јалоплазмата се среќаваат и инклузии или непостојани материи во клетката, како што се
пигменти, јаглехидрати (гликоген) или масти.
Имајќи ја предвид високата концентрација на протеини (20% од цитоскелетот
отпаѓаат
6.3 на протеини) цитосолот
Цитоплазматични органели претставува желатинозна маса испреплетена со
фибрилите на скелетот. Во цитосолот се среќаваат и голем број на рибозоми.
Поголемиот број од биохемиските процеси (фотосинтеза, синтеза на неорган-ски и
органски материи) се одвиваат во внатрешноста на клеточната мебрана или на нејзината
површина. Но, имајќи ја предвид нејзината големина, таа не е во состојба да ги реализира
сите тие процеси на биоакумулација и модификација. Од тие причини внатрешноста на
клетката содржи дополнителен компартман од мебрани, кои физички и хемиски се
разликуваат од клеточната мебрана и меѓусебно. Токму ваквите внатрешни клеточни
мембрани ја делат внатрешоста на клетката на дополнителни структури, одделени со
затворени селективно пропустливи мембрани кои се богати со посебни ензими, кои им
овозможуваат вршење на специјализирани функции. Цитоплазматичните органели
претставуваат структури со карактеристична градба и специфична функција. Како
органели
не можат да се визуелизираат на светлосен микроскоп, туку исклучиво се препознаваат на
електронски микроскоп како мембрански или немембрански структури. Во групата на
мембрански структури спаѓаат органели кои од цитоплазмата се одвоени со двојна
54
мембрана, како што се митохондриите и пластидите, како и органели како што се
ендоплазматичен ретикулум, Голџи систем, сферозоми, лизозоми и др. за кои
е
карактеристична единечна мембрана.
Во немембрански структури спаѓаат: микротубулите, центриолите, рибозоми-те и
микрофиламентите.
Дел од органелите кои се присутни во сите клетки и во кои се одвиваат сите
основни
биолошки функции, се познати како универзални органели. Тука спаѓаат: ен-
доплазматичниот ретикулум, рибозомите, Голџи системот и митохондриите.
Одредени
органели како што се: трепките, камшичињата и др. се карактеристични за
одредени
6.4 типови
Ендоплазматичен ретикулум
на клетки.
При проучување на ултраструктурата на клетката со електронски микро-скоп
(Слика
бр. 43), во цитоплазмата е утврдено присуство на субмикроскопска структура означена
како
внатрешна плазматична мрежа или т.н ендоплазматичен ретикулум. Ваквиот компартман
во клетката зафаќа 10% од вкупниот волумен на една просечна жива клетка, додека
мембраната со која е ограничена оваа органела изнесува 50% од вкупните присутни
мембрани во клетката. Луменот на ER (ендоплазматичниот ретикулум), е во директна
комуникација со пе-ринуклеарниот простор на нукларната обвивка, која уште се смета за
негов мо-дифициран дел.

Слика бр. 43 Шематски приказ на ER и слика на ЕМ

ER како органела е многу поприсутна кај млади недиференцирани ем-брионални


клетки во споредба со веќе издиференцирани клетки. На електронски микроскоп ER
покажува континуитет со јадрената мембрана, како и со мембраните на Голџи системот и
со другите органели. На овој начин се фор-мира сложен систем од плазматични мембрани
кои се меѓу себе тесно повр-зани, а во исто време на цитоплазмата и даваат одеден
мрежест изглед. За ER уште се знае дека претставува и транспортен систем во клетката
кој
учествува во прифаќање, оддавање и пренесување на материите низ клетката. Според
изгледот на ER разликуваме два типа на ER:
55
- грануларен или зрнест и агрануларен или мазен (Слика бр. 44) ( од лева
страна
се гледа gER додека на десна страна аER).

Слика бр.44 Шематски приказ на gER и aER

- Грануларниот ER, (gER), има лумен во форма на тенки сплескани сакули,


паралелно поставени и поврзани меѓусебе, кои уште се означуваат како цистерни на gER.
Најбитна карактеристика на gER е тоа што на цитоплазматичната страна се прикрепени
многубројни рибозоми (Слика бр. 45). Присуството на полирибозоми ја објаснува
базофилната обоеност на оваа органела која може да се визуелизира и на светлосен
микроскоп. Една од главните улоги на gER е учеството во процесот на синтеза на
протеини
наменети за секреција, како и во синтезата на т.н интегрални мембрански протеини. Од
тие
причини gER е најмногу
ми, фибробласти кои застапен во клетките
синтетизираат во коии има
колаген, силнаклетки
плазма продукција
кои на интегрални
синтетизираат
протеини како што
имуноглобулини. се: панкреасните
Единствено ацинусниво
не се среќаваат клетки кои синтетизираат дигестивни ензи-
сперматозоидите.

56
https://www.sciencephoto.com/media/

Слика бр.45 (Микрофотографија од TЕМ на грануларен ендоплазматичен ретикулум gER,


рибозомите означени со стрелка)

Најголемиот дел од протеините кои се синтетизирани во gER најнапред подлежат


на
процес на трансформација пред да се ослободат од клетката или да се транспортираат во
некои други клеточни органели. Од таа причина главната функција на gER е да ги оддели
протеините кои не се дизајнирани за цитосолот, додека дополнителни нејзини функции се:
синтеза на фосфолипиди, составување на протеините кои содржат повеќе синџири и
транслациски модифи-кации на новоформираните полипептиди. Протеините што се
синтетизираат во gER можат да бидат складирани интрацелуларно (на пр. во лизозомите
и специфичните гранули на леукоцитите) со цел да се обезбедат интрацелуларно
складирани протеини за извоз (на пр. во панкреасот и некои ендокрини клетки) или да
претставуваат компоненти во состав на други протеини.
- Агрануларниот ER (aER), има лумен во форма на меѓусебно поврзани тубули,
без
присуство на рибозоми (Слика бр. 46). Кај повеќето живи клетки е зас-тапен многу малку и
од тие причини уште се нарекува и преоден ER. Ваквиот регион главно има транспортна
функција, но, постојат клетки каде што овој тип на ER е присутен многу повеќе (на пр. во
хепатоцитите каде што се врши масовна синтеза на липопротеини). Овој тип на ER, кај
овие
клетки е вклучен во процесот на детоксикација или неутрализација на различни отровни
или штетни соеди-ненија. Особено е битна улогата на аER, бидејќи содржи особена
концентрација на ензими кои имаат способност да вршат хемиска модификација на сите
лекови (или наркотични средстава) кои преку 57 крвотокот ќе навлезат во организмот.
Ваквата
способност на aER е особено впечатлива во клетките на црниот дроб и истата се
остварува
на тој начин што самите ензими (оксидази) вршат оксидација на молекулите на различни
лекови кои по случаен пат навлегле во организмот. Експериментите со животни
покажуваат
дека доколку во организмот се аплицираат одредени соединенија како што се
фенобарбитол во хепатоцитите доаѓа до голема пролиферација на aER. Исто така оваа
органела содржи глукоза-6-фосфатаза која учествува во искористувањето на глукозата
што
потекнува од гликогенот, кој најмногу се наоѓа во клетките на црниот дроб.

https://www.sciencesource.com/archive/

Слика бр.46 Градба на aER на ТЕМ

Ваквата органела е особено присутна и во клетки каде интензивно се вр-ши синтеза


на стероидни хормони, како што се клетките од кората на адреналните жлезди,
Лајдиговите
клетки и др. од причини што во aER се наоѓаат ензими кои се неопходни за синтезата на
холестерол и за неговата модификација во стероидни хормони. Кај клетките кои
синтетизираат стероидни хормони (клетки на адренален кортекс) aER зафаќа поголем дел
од цитоплазмата и содржи дел од ензимите кои се потребни за стероидна синтеза. Друга
важна функција на aER е синтеза на фосфолипиди за сите клеточни мембрани.
Синтетизираните протеини и липиди од ЕР се пакуваат во мали транспортни везикули
обложени со фибриларен протеин и истите се транспортираат до соодветни клеточни
мембрани. aER го содржи ензимот глукоза-6-фосфатаза кој учествува во искористу-
вањето
на глукозата што потекнува од гликогенот кој се наоѓа во црнот дроб. Овој ензим исто така
се среќава и во gER, што укажува на тоа дека овие две структурно различни органели не
можат да се разграничат и функционално. Со други зборови една од основните функции
на
аER е синтеза на липиди, холестерол и фосфолипиди, како основни компоненти на
58
клеточната мембрана.
Во напречно-пругастите клетки се среќава еден друг тип на ER, познат под името
саркоплазматичен ретикулум (Слика бр. 47). Во мембраните на ваквиот ER лоцирани се
калциумови пумпи, кои вршат активен транспорт на Ca од цитоплазмата на клетката во
луменот на саркоплазматичниот ретикулум. Со отстранувањето на калциумовите јони се
овозможува опуштање на миофибрилите по секоја мускулна контракција.

http://people.eku.edu/ritchisong/301notes3.htm

Слика бр.47 Шематски приказ на Сракоплазматичен ретикулум

6.5 Рибозоми

Рибозомите се субмикроскопски структури со сферична форма и како


универзална структура за сите живи клетки претствуваат посебно важни
цито-
плазматични структури. Нивната големина главно се движи во границите од 20 до 30µm.
Заради своите исклучително мали димензии можат да се забележат исклучиво со
електронски микроскоп (Слика бр. 48). Главно се среќаваат врзани за gER или во
слободна форма во состав на цитоплазмата. Нивниот број во клетката може да биде
различен (до неколку илјади) и зависи од нејзината функција и активности. Се бојат
интензивно базофилно поради присуството на многубројни фосфатни групи од рРНК кои
дејствуваат како полианјони.

59
http://bio1151.nicerweb.com/Locked/mediа/

Слика бр. 48 (Приказ на рибозоми и снимка од ТЕМ

Биохемиските анализи на овие цитоплазматични структури покажале дека


рибозомите се изградени од протеини и rРНК во однос 1:1. Кај нив отсуствува мембраната
и тоа е една од битните карактеристики за оваа органела. На зголемување поголемо од
200
000 пати се глада дека секој рибозом е изграден од две морфолошко-физиолошки
единици
различни по големина, како и по својата седиментациона константа. За стабилноста на
овие структури неопходна е одредена концентрација на Mg јони, и доколку
концентрацијата
е над дозволената, ваквите единици агрегираат, се соединуваат и формираат т.н димери.
Додека се наоѓаат во јадрото, компонентите на рибозомите се неактивни, па затоа
јадрото не е во сосотојба да учествува во синтезата на протеините. Рибозомите се
активни
штом ќе излезат од јадрото, односно штом ќе навлезат во цитоплазмата и се
поврзат со
иРНК. Како што веќе напоменавме субединиците во состав на рибозомите се
карактеризираат со различна брзина на седиментација (при цен-трифугирање) или
т.н
Сведбергова константа (S) или седиментациона константа. Според споменатата
Сведбергова единица разликуваме два типа на рибозоми: рибозоми од
проакриотски ( 70S)
и рибозоми од еукариотски тип (80S) (Слика бр. 49). Рибозомите од бактеријален
тип се
состојат од една поголема единица (50S) и една помала единица означена со
(30S), додека
рибозомите од еукариотски тип се состојат од поголема единица означена со (60S)
и една
помала субединица означена со (40S). Во состав на еукариотските рибозоми
влегуваат три
вида на rРНК и тоа 28SrРНК, 5SrРНК и 5,8 rРНК.

60
Слика бр.49 Видови рибозоми и нивна градба

Во процесот на синтеза на протеини, повеќе рибозоми влегуваат во корелација


со иРНК, формирајќи структури познати под името полизоми.

6.6 Голџи систем

Оваа органела името го добила по авторот Камилио Голџи во 1898 год. кој прв го
открива во цитоплазмата на клетката и тоа посебно во цитоплазмата на нервните клетки.
Ваквата органела во цитоплазмата на клетката е претставена со бројни сакули и везикули
ограничени со мембрани. Основна единица на оваа органела е диктиозомот. Истиот е
претставен со една низа на паралелно поставени дисковидни благо закривени сакули кои
на крајот се со проширени рабови. Ваквите сакули многу потсетуваат на комплет чинии
наредени едни врз други. Многу често на нивните краеви се ослободуваат секреторни
везикули, т.н Голџи меурчиња (Слика бр. 50).

61
Слика бр. 50 Голџи систем на ЕМ

Во просек еден диктиозом се состои од 6 сакули, меѓутоа нивниот број мо-же да


достигне и до 30 во состав на еден диктиозом. Бројот на сакулите директно зависи од
видот
на клетката, како и од нејзината функционална состојба. Секој Голџи комплекс има два
региони (страни): цис-страна како страна на формирање,и транс-страна како страна на
созревање (Слика бр. 50 и бр. 51). Цис-страната ја претставува конвексната површина на
комлетот која се наоѓа во непосредна близина на ER, и комуницира со него преку т.н
транзиторни везикули, додека транс страната ја претставува конкавната површина на
комплетот од која се одвојуваат бројни секреторни и други везикули со различна
големина.
Каракте-ристично за сакулите на на Голџи-комплексот е тоа што сакулите не се директно
поврзани помеѓу себе, туку меѓусебно комуницираат со помош на везикули.

Слика бр. 51 Голџи систем на ТЕМ

Протеинските и другите макромолекули од ER преку транзиторните везикули се


внесуваат во Голџи системот и тоа од т.н цис-страна, а го напуштаат преку неговата
транс-
страна, упатувајќи се кон различни органели. Од тука произлегува фактот што Голџи-
системот, претставува главен регулатор на макро-молекуларниот сообраќај низ клетката
(Слика бр. 52). Исто така мора да се потенцира дека оваа органела учествува и во
процесот
на синтеза на лизозомалните ензими, како и во процесот на секреција на одредени
макромолекули.
62
http://www.cytochemistry.net/cell-biology

Слика бр.52 Приказ на макромолекуларен транспорт низ Голџи систем

Од тие причини оваа органела особено се среќава во клетки на жлезди со


надворешно лачење, плазма клетки кои синтетизираат антитела, ацинарни клетки на
панкреасот и др. клетки каде интензивно се одвива процесот на секреција. Со помош на
цитохемиски методи и електронски микроскоп е утврдено дека Голџиевите цистерни
содржат различни ензими кои се вклучени во про-цесите на гликолизација, сулфонизација,
фосфорилизација и протеолиза на протеините. Исто така Голџи системот го иницира
пакувањето, концентрирањето и складирањето на секреторни продукти. Во контекст на
насоката на пренесување на протените помеѓу Голџи системот и gER можеме да
зборуваме
за ретрограден и антерограден транспорт на протеини. Антероградниот транспорт е
транспорт на протеини од gER до cis-страната на Голџи системот и во него учествуваат
протеини познати под името коатомери (COP-II) додека ретроградниот транспорт е
транспорт од Голџи системот до gER и во него учествуваат COP-I. Четири различни
патеки
на протеинска секреција од Голџи системот пренесу-ваат протеини на различни клеточни
локации како што се апикалната плазма-тична мембрана, базолатерална клеточна
мембрана, ендозомите и лизозомите и апикалната цитоплазма. Сортирањето и
пакувањето
на протеини од страна на Голџи системот се базира на видот на сигналите за сортирање
(линеарни низи на аминокиселини или поврзани јаглехидрати) и физичките својства.
6.7 Лизозоми

Лизозомите се едни од ретките органели кои не се откриени со микро-скоп. Тие за


првпат биле забележани од биохемичарот Кријан де Дуве во 1952 година. Тој забележал
дека некои клеточни фракции кои стоеле подолго време, или на кои им била додавана
дестилирана вода, покажале зголемена концен-трација на ензимот кисела фосфатаза.
Кога ваквите фракции биле центрифугирани, споменатиот ензим не се издвојувал со
другите честички во талогот како што тоа редовно се случувало кога биле
центрифугирани
како свежи хомогенати на клетката. Овој научник констатирал дека ензомот кисела
фосфатаза како и другите хидролитички ензими во клетката се сместени во посебни
органели ограничени со мембрани, кои во услови на подолго стоење на хомогенатот или
63
во услови кога се додава дестилирана вода, се распрскуваат поради оштетување на
нивната мембрана. Подоцна е утврдено дека станува збор за една нова органела
позната
под името лизозом. Името лизозом доаѓа од грч. збор lisis- што значи разградува и soma-
што значи тело. На електронски микроскоп се воочува нивната форма на гранули или
меурчиња со двојна мембрана (Слика бр. 53).

http://faculty.une.edu/com/abell/histo/Histolab4a.htm

Слика бр.53 Лизозоми на ТЕМ

Лизозомите се дефинирани како вреќички кои се исполнети со хидролитички


ензими. Денес е познато дека во состав на лизозомите влегуваат околу 40 различни
хидролитички ензими, и тоа: нуклеази, липази, фосфатази и сулфатази и гликозидази.
Тоа
значи дека истите вршат разградување на високомолекулски соединенија како што се:
протеини, јаглехидрати, нуклеински ки-селини и липиди. Сите овие ензими се
синтетизираат во ER, се пакуваат во структурите на Голџи системот и од таму се
одделуваат како лизозомални ме-урчиња. Лизозомите како органели се активни во
услови
при pH=5. Со пос-тоењето на кисела средина лизозомите се заштитени од пукање на
сопствената мембрана. Станува збор за органела која во својот лумен содржи хидро-
литички ензими со помош на кои се врши контролирана интрацелуларна дигестија на
сложени макромолекули. Станува збор за 40 различни ензими (главно е.кисела
хидролаза) кои оптимално дејствуваат во кисела средина (околу pH=5). Ваквите услови
ги
овозможуваат трансмембранските протеини и посто-ењето на протонската пумпа, како и
присуствуто на АТП-азата која овозмо-жува разложување на АТП и ослободување на
енергија, истата има способ-ност да се врзува за водородните јони во цитосолот и да ги
транспортира во луменот на лизозомите (наспроти градиентот на концентрација). На тој
начин се заштитува цитосолот од дигестија64(pH=7,2 во цитосолот го оневозможува
дејството на ензимот лизозим). Материите кои треба да бидат разложени од страна на
лизозомите достигнуваат до нив на различни начини. Главно станува збор за материи од
екстрацелуларниот простор кои навлегуваат во клетката со помош на фагоцитни
везикули
(фагозом) или ендоцитозни везикули (доцни ендозоми) или материи кои доаѓаат
од
интрацелуларниот дел–делови од клетката кои треба да се разложат (афтофагозом).
Фагозомот, доцниот ендозом и афтофагозомот се фузионираат со лизозомот и на тој
начин ензимите на лизозомот доаѓаат во контакт со супстратот. Протеините од
цитосолот
кои имаат одредена сигнална секвенца исто така достигнуваат во луменот на
лизозомите
и подлежат на деградација. Постои претпоставка дека тие со сигнална-та секвенца се
врзуваат за органелите од цитосолот кои треба да бидат фаго-цитирани. Протеините кои
треба да се најдат во лизозомите се синтетизираат во gER а се транспортираат низ
Голџи
апаратот. Хидролазите кои влегуваат во состав на лизозомите имаат маркер маноза 6-
фосфат (M6P) групи кои се до-даваат на протеините во луменот на cis- Голџи апаратот.
Овој маркер го пре-познаваат M6P рецепторите (трансмембрански протеини) во trans-
Голџи апаратот, го врзуваат и го овозможуваат процесот на пакување во специјални кла-
трински везикули кои се издвојуваат со пупење од trans-Голџи апаратот (Слика бр. 54).

http://www.studyblue.com/notes/missouri-state-university/

Слика бр.54 Создавање на рани и доцни ендозоми

Овие везикули се спојуваат со доцните ендозоми и во кисела средина


хидролазите
се одвојуваат од самите рецептори. Делови од мебраната на доцниот ендозом со M6P
рецепторите со пупење градат везикули кои се враќаат кон trans Голџи апаратот и тука
се
спојуваат со мебраната на Голџи апаратот,65 рециклирајќи ги на тој начин M6P
рецепторите.
Од комплексот маноза-6-фосфат-хидролаза се одвојува фофатот и се губи структурата
на маркерот и можноста за врзување со рецепторите (со тоа и враќање на хидролазата
со рецепторите на trans Голџи апаратот). Се знае дека протеините кои се насочени кон
клеточната мембрана (независно дали станува збор за мембрански или секреторни
протеини) немаат никаков сигнал (default pathway).
Правилното и прецизното насочување, за протеините е многу важно, особено кога
станува збор за поларизирани клетки, особено заради функционирање на истите.
Така на
пр. во клетките на епителот кои вршат концентри-рање на содржината во луменот
(црева,
жолчно ќесе итн.) неопходно е транс-мембранскиот протеин Na+K+ АТП-азата да
биде
насочен кон базалната мембрана. Исто така неопходно е секреторните протеини
кај
егзокрините жлезди да бидат насочени кон апикалниот дел од клетката и луменот,
додека
кај ентероендокрините клетки да се насочат кон базалната мембрана и крвните
садови на
lamina propria. Освен насочување на протеини кај поларизирани клетки, сигналите
се
неопходни и за пакување на секреторни протеини кај клетките кои што имаат
регулирана
секреција. Протеинските молекули вообичаено се собираат во вид на агрегати на
trans
страната на Голџи апаратот. За создавање на овие агрегати неопходно е
постоење на т.н
посебни сигнали (signal patch). Нај-веројатно со помош на клатринот обложените
везикули
ги опфаќаат протеините и градат секреторни везикули (слично на механизмот на
фагоцитоза на површината на клетката).
Лизозомите се значајни по тоа што:
- во нив се одвиваат сите процеси на дигестија на макромолекули во
клетката.
- во нив се вршат сите процеси на интрацелуларна дигестија, т.е.
ин-
травезикуларно разградување на сите макромолекули кои се внесу-ваат во
цитоплазмата од надворешната средина по пат на фагоци-тоза, или
- учествуваат во процесот на автофагија
- во нив се разградуваат и материи кои во клетката се наоѓаат како не-
растворливи честички или во облик на цели капки
Кога примарните вакуоли што се образуваат околу одредени честички ќе се
фузираат со лизозомите тие формираат т.н дигес-тивна вакуола. Исто така
лизозомите
дигестираат хранливи честички, вируси, бактерии како и сопствените остарени
и оштетени
органели. Од таа причина ваквите органели уште се нарекуваат и
„самоубиствени
торбички“, бидејќи учествуваат во процесот на автолиза.
Поради својата морфолошка и функционална хетерогеност, лизозомите се
класифицираат во три групи: примарни, секундарни или фаголизозозми и
терциерни
лизозозми (Слика бр. 55). 66
http://www.nature.com/nrg/journal/

Слика бр.55 Примарни, секундарни и терциерни лизозоми

Примарните лизозоми имаат сферична форма и во нив обично се содржани над 40


различни типови на хидролази кои се дооформуваат во Голџи системот, а се создаваат во
ER. Уште се нарекуваат неактивни лизозозми бидејќи не учествуваат во дигестивните
процеси.
Секундарните лизозозми или фаголизозозмите, се многу поголеми од при-марните
и настануваат во моментот на спојување на примарните лизозозми со супстратот.
Во тој
момент почнуваат да дејствуваат и хидролитичките ензими дигестирајќи ја целата
содржина на супстратот. Секундарните лизозоми (по својата улога) се познати и
како
афтофагозоми, што ни укажува на тоа дека нивната содржина по потекло е
интрацелуларна. Дигестираните продукти со лизозомската хидролаза се
рециклираат од
страна на клетката, со цел да бидат повторно искористени од страна на
цитоплазмата.
Терциерните лизозозми наликуваат на секундарните, но не содржат хи-дролази, па
затоа ја претставуваат т.н терминална или крајна фаза од нивната функција. Тие
содржат
остатоци од несварените состојки кои се акумулираат во клетката, па затоа
уште се
нарекуваат и резидуални телца. Во некои клетки со долг живот (на пр. невроните
на
срцевиот мускул) се акумулираат големи количини на резидуални телца познати
под името 67
липофусцин или пигмент на стареење. Лизозомските ензими кои дејствуваат во
екстрацелуларниот простор имаат важна улога во организмот при инфламација
или при
Табела 2 (ЛИЗОЗОМСКИ БОЛЕСТИ НА СКЛАДИРАЊЕ)

ЛИЗОЗОМСКИ ЗАБОЛУВАЊА ПОВРЗАНИ СО ПРОМЕНИ ВО ЛИЗОЗОМСКИТЕ


ХИДРОЛИТИЧКИ ЕНЗИМИ
ЗАБОЛУВАЊЕ ДЕФИЦИТАРЕН ЕНЗИМ АКУМУЛИРАН СУПСТРАТ
Сфинголипидоза β-галактозидаза GM1ганглиозид,олигосахариди
(GM1 ганглиозидоза) гликопротеини

Сфинголипидоза
(GM2 ганглиозидоза)
GM1ганглиозид,олигосахариди
Тај-Саксова болест β- хексозаминидаза А гликопротеини
Сандхофова болест β- хексозаминидаза А и B

Фабриова болест α – галактозидаза глоботриазилцерамид


Матехроматска арилсулфатаза А сулфатид
леукодистрофија
Крабеова болест галактозилцерамидаза галактоцереброзид
Гошеова болест глукозилцерамидаза глукоцереброзид
(Болест на Гоше)
Ниман-Пикова болест сфингомиелиназа сфингомиелин
Фарберова болест церамидаза церамид

До денес се откриени 49 лизозомски болести на складирање со фреквен-ција


1/7000
живородени деца. Очекувањата за живот се околу 15 години. Децата со лизозмски
болести
изгледаат нормално при раѓањето, но подоцна ги мани-фестираат првите клнички знаци
на
заболувањето: развиваат коскени и зглобни деформитети, склоност кон белодробни
инфекции и срцеви заболувања. Кај метахроматската леукемија постои интрацелуларна
акумулација на сулфонирани цереброзиди која е предизвикана од недостаток на
лизозомски сулфатази. Како резултат на ваков дефицит од ензими доаѓа до натрупување
на определе-ни молекули (што не се дигестираат) како што се: гликоген, цереброзиди,
ган-
глиозиди, свингомиелин, гликозаминогликани, со што се нарушуваат нормални-те
функции
на клетките. Инклузионата клеточна болест (И-клеточна болест) се карактеризира со
застој
во менталниот и физичкиот развој, а се должи на не-достаток на фосфорилирачки ензим
кој нормално го има во Голџи системот. Секреторните лизозомски ензими се присутни во
крвта на пациентите, додека нивните лизозоми се празни и клетките исполнети со големи
инклузиони гранули.

68
6.8 Ендозоми

Според својата местоположба и функција ендозомите се делат на пери-ферни и


перинуклеарни. Периферните ендозоми уште се нарекуваат и рани ендозоми, истите се
поместуваат од периферијата на клетката кон нејзиниот централен дел и постепено
созреваат. Во одреден момент се спојуваат со транспортните везикули од Голџи апаратот,
(исполнувајќи се со хидролитичките ензими) и создаваат ендолизозоми. Понатамошното
нивно созревање условува формирање на лизозоми. Перинуклеарните ендозоми коишто
уште се нареку-ваат и доцни ендозоми, честопати се поставени близу Голџиевиот апарат
и
јад-рото, имаат поголема киселост од периферните поради присуството на транс-
мембранскиот ензим АТП-аза, кој овозможува активен транспорт на водородни јони од
цитосолот
имаат во луменот на ендозомите.
тубуловезикуларна градба За разлика лумен
(нивниот од периферните или раните
е поде-лен ендозоми
на цистерни),
кои
перинуклеарните или доцните ендозоми покажуваат посложена градба од внатрешни
мембрани во вид на кромид.
Периферните и перинуклеарните ендозоми, како и лизозомите комуницираат
помеѓу себе со помош на транспортните везикули од Голџи апаратот, коишто
уште се
нарекуваат и мултивезикуларни телца (multivesicular bodies) (Слика бр. 56). Тие ги
пренесуваат лизозомалните ензими во формации познати под името прелизозоми
како
завршни формации од созревањето, од каде што започнува хидролитичкото
разложување
на внесениот материјал со помош на пиноцитоза. Ендозомите може да се сфатат
како
стабилни цитоплазматични органели или како транзиторни структури создадени
по пат на
ендоцитоза. Ендозомите претставуваат дистрибутивни центри на продуктите
внесени со
пиноцитоза, нивната мембрана поседува макромолекули кои овозможуваат препо-
знавање и фузирање на пиноцитните везикули, поделба на внесениот матери-јал
и нивно
насочување кон точно одредена цел (место) како и одржување на киселата
реакција во
самиот лумен (pH=5-6). Лигандите се одвојуваат од рецепторот и се насочуваат
кон
лизозомот каде подлежат на понатамошно раз-градување. На вакво разложување
подлежат и молекулите од екстрацелулар-ната течност кои за разлика од
претходните се
без рецептор. Ослободените рецептори со транспортни везикули се враќаат во
плазмалемата, подготвени да учествуваат во нов процес на пиноцитоза.
Ендозомите
учествуваат во пре-несувањето на трансферинот, пептидните хормони,
епидермалниот
фактор на раст EGF (epidermal growth factor), имуноглобулините, липопротеинот
со мала
густина (LDL) и сл.

69
Слика бр.56 (Електронска микрографија од ТЕМ во хумани HeLa клетки (рани ендозоми (Е) и
касни ендозоми (М) со мултивезиклуларни телца и L (лизозоми)

6.9 Митохондрии

Поради големиот број на сличности со бактериите се претпоставува дека


митохондриите се потомци на aеробни бактерии кои се внесени со ендоцитоза во клетки
на анaеробни организми, со кои влегуваат во симбиотски однос. Се претпоставува дека
од овие организми еволуирале еукариотски клетки. Бројот на митохондриите се
зголемува
со нивно делење за време на интерфаза и нивното делење не е синхронизирано со
клеточниот циклус.
Бројот на митохондриите како и нивниот распоред во клетката зависи од
енергетските потреби на клетките и истиот се движи од неколку митохондрии до
1000
митохондрии во хепатоцитите. Станува збор за стапчести структури со дијаметар
од 0,5-
1µm и варијабилна должина од неколку µm. ТЕМ потврдува две конфигурации на
митохондриите: општо прифатена (ортодоксна) кога кристите се истакнати и
матриксот
зафаќа голем дел од митохондриите што функционално договара на ниско ниво
на
оксидативна фосфорилација и кондензирана конфигурација, кога кристите не се
препознаваат, матриксот е намален, но се зголемува интермембранскиот
простор, што
одговара на високо ниво на оксидативна фосфорилација.
Најголемиот дел од еукариотските клетки содржат поголем број на ми-тохондрии
кои заземат до 25% од волуменот на цитоплазмата. Претставуваат најголеми
органели во
организмот кои можат да се забележат и под светлосен микроскоп, останатите
нивни
внатрешни структури се забележуваат исклучиво под електронски микроскоп.
Обвиткани
се со две митохондријални мембрани кои значително се разликуваат помеѓу себе.
Помеѓу
надворешната и внатрешната митохондријална мембрана се наоѓа
интермембрански 70
простор со дебелина од 8nm (Слика бр. 57).
http://cnx.org/content/m46023/latest/

Слика бр.57 ( Шематски приказ на митохондрии и нивната градба на ТЕМ

Надворешната мембрана содржи 50% липиди и 50% протеини помеѓу кои се


наоѓаат порини, протеини кои овозможуваат размена и внес на сите молекули помали од
5000 далтони вклучувајќи и помали протеини кои можат да поминуваат од цитосолот на
клетката во интермембранскиот простор и обратно. Поради ова интермембранскиот
простор по својот состав е многу сличен со цитосолот на клетката.
Надворешната
митохондријална мембрана со-држи ензими, како што се: фосфолипаза А,
моноаминооксидаза и ацетил коензим А синтетаза.
Внатрешната мембрана содржи многу повеќе протеини во споредба со останатите
клеточни мембрани и за разлика од надворешната мембрана е помалку
пропустлива за
одредени молекули. Внатрешната мембрана создава голем број на инвагинации
или т.н
Формата на митохондријалните кристи е најчесто ламеларна, но може да биде и
кристи
тубуларна, кои длабоко
сферична и сл. навлегуваат во вна-трешниот митохондријален матрикс
(Слика бр. 58).

71
http://med.uc.edu/LabManuals/MA/VLM/FundamentalsLiveLabs/

Слика бр.58 (Градба на митохондрии на ТЕМ, 11-кристи,12-надворешн митохондријална


мембрана, 13-рибозоми, 10-митохондријален матрикс)

На врвот од овие кристи се наоѓаат топчести формации како ензимски систем


(АТП-
синтеза) кој синтетизира АТП од АДП и П. Во внатрешната мембрана се наоѓаат и
ензими
кои учествуваат во врзување на кислородот и транспортот на електрони и протони, како
и
пермеази кои ги транспортираат молекулите АТП, АДП, фосфат и цитрат, воедно
формираат и канали низ кои можат да поминуваат молекули во митохондриите и надвор
од нив. Липидниот двослој на внатрешната митохондријална мембрана содржи висок
процент на кардиолипин (фосфолипид) кој ја прави мембраната непропустлива за јони, а
пропустлива за кислород, јаглероден диоксид и вода.
Внатрешната митохондријална мембрана е исклучително богата со протеини на
кои отпаѓаат 75% од својата вкупна содржина. Внатрешната ми-тохондријалната
мембрана учествува во изведување на оксидативните реакции во респираторната
верига
на транспортот на електрони, синтетизирање на АТП и регулирање на
транспортот на
метаболити во матриксот и надвор од него. Интермембранскиот простор содржи
ензими
како што се креатин киназа, аденилат киназа и цитохром Ц кој претставува и
фактор на
иницијација на апоптоза.
Матриксот е исполнет со ензими кои учествуваат како катализатори во бројни
реакции (пр. претварање на ацетил коензим А во јаглероден диоксид), исто така
содржат
72
и калциум и фосфати. Во митохондријалниот матрикс се наоѓаат неколку копии на
релативно мали циркуларни молекули на ДНК именувани како митохондријална
ДНК.
Станува збор за затворена циркуларна молекула со 16.569 базни парови кои
кои претставуваат места за акумулирање на калциумови јони. Исто така во
митохондријалниот матрикс се наоѓаат ензими вклучени во циклусот на лимонска
киселина (Кребсов циклус), како и ензими вклучени во β-оксидацијата на масните
киселини.
Митохондриите претставуваат автономни органели кои се способни за
саморепликација и синтеза на дел од своите функционални и структурни про-теини. Дел
од ензимите на митохондриите се кодирани во геномот на клетката, се синтетизираат во
нејзината цитоплазма и потоа се внесуваат во митохондриите.
Имајќи ја предвид улогата на митохондриите, истите уште се нарекуваат и
мобилни
генератори на енергија, бидејќи мигрираат од еден во друг дел на клетката со цел
да ја
обезбедат потребната енергија на клетката. Од тие причини митохондриите се
побројни
во клетките кои трошат големи количини на енергија, како што се напречно-
пругасти
клетки и клетки вклучени во транспорт на флуиди и електролити. Исто така се
локализирани на места каде што е потребна енергија, како што е средишниот дел
од
сперматозоидите, во интермиофибриларниот дел на напречно-пругастите
мускулни
клетки и во базолатералната плазматична мембрана во клетките на
проксималните
извиткани тубули во бубрегот. Единствено митохондриите не се присутни во
црвените
крвни клетки и терминалните кератиноцити.
Промените кои се јавуваат во митохондриите предизвикуваат митохондријални
заболувања. Влакната на скелетната мускулатура, заради потребата од големи
количини
на енергија се најосетливи на ваквите промени и истите резултираат со одредена
мускулна дисфункција. Митохондрите се наследуваат од мајката и од таа причина
болестите кои се поврзани со мутации на митохондријалната ДНК се наследуваат
по
мајчина линија. Митохондријалните заболувања кои се настануваат поради
мутации во
нуклеарнииот геном можат да се наследат и од двајцата родители.
Еден од најчестите механизми за клеточно оштетување или оксидативен стрес
е
натрупувањето или акумулацијата на слободни радикали или реактивни
кислородни
соединенија (ROS). Токму таквите слободни радикали иницираат
автокаталитички
реакции и верижно клеточно оштетување. Истите, нормално се создаваат во
внатрешноста на клетките, во тек на митохондријалната респирација и
оксидативната
фосфорилација а се разградуваат и отстрануваат преку клеточните одбрамбени
механизми. Исто така, слободните радикали може да се создаваат во тек на
оксидо-
редукциските процеси во клетките, при апсорпција на радијациска енергија,
инфламација, метаболизам на лекови и тешки метали.
Доколку содржината на ROS во клетките се зголемува иницира состојба на
оксидативен стрес кој резултира со 73
клеточно оштетување, канцер, стареење,
Алцхајмерова болест и други патофизиолошки промени во организмот.
Во клетките постојат ензимски и неензимски механизми кои овозможуваат
отстранување на слободните радикали и заштита од клеточно оштетување.
6.10 Пероксизоми

Пероксизомите се органели кои имаат слична форма и големина како и


лизозомите
(Слика бр. 59). Но, за разлика од лизозомите во чие создавање учествува Голџи
системот,
пероксизомите ги создава ЕР, а ензимите кои влегуваат во состав на пероксизомите се
синтетизираат во цитосолот.

http://www.cytochemistry.net/Cell-biology/

Слика бр.59 Градба на пероксизоми на ТЕМ

За разлика од лизозомите кои содржат хидролитички ензими, перокси-зомите


содржат оксидативни ензими. Пероксизомите се клеточни органели кои се обвиткани со
единечна мембрана и во својата внатрешност содржат оксидативни ензими, особено
каталаза и пероксидази. Речиси сите оскидативни ензими во клетката произведуваат
водороден пероксид кој само по себе е токсичен и може да предизвика сериозни
оштетувања во клетката. Ваквите оксидативни ензими најмногу ги има во хепатоцитите,
од причини што таму најинтензивно се случуваат процесите на детоксификација.
Каталазата е ензим кој го разложува водородниот пероксид и со тоа го контролира
нивото
на водороден пероксид во клетката. Пероксизомите во хепатоцитите учествуваат во
детоксификација на алкохолот до ацеталдехид, во синтезата на холестеролот и
создавањето на жолчка. Освен во хепатоцитите, пероксизомите ги има и во клетките на
бубрегот. Црнодробните и бубрежните пероксизоми имаат повисока содржина на
ензими,
за разлика од пероксизомите присутни во другите органи и ткива. Пероксизомите исто
така учествуваат и во проце-сот на β-оксидација на масните киселини. Нивниот број
вообичаено се зголемува при диета, внесување на лекови, труење и хормонски
стимулации. Најчесто наследно заболување поврзано со дисфункција на пероксизомите
е Зелвегеровиот синдром во кој пероксизомите ја губат својата функција.

74
6.11 РАЗЛИКИ МЕЃУ РАСТИТЕЛНА И ЖИВОТИНСКА КЛЕТКА

Независно што животинската и растителната клетка (Слика 60) генерално се


изградени од исти структури, сепак помеѓу нив постојат одредени разлики како што се:

- растителната клетка нема центриоли, за разлика од животинската клетка;


- пластидите како органели се среќаваат во растителна клетка, а не и во
животинска;
- растителната клетка има клеточен ѕид, за разлика од животинската клетка која
поседува само клеточна мембрана;
- поради присуството на клеточниот ѕид растителната клетка нема
способност
движење и хранатаза ја прима главно во растворена состојба, што не е случај со
животинската клетка;
- растителната клетка поседува вакуоли со вакуоларен сок;

http://users.rcn.com/jkimball.ma.ultranet/BilogyPages/

Слика бр.60 Градба на растителна клетка на TEM

75
7 ЦИТОСКЕЛЕТ

Движењето на клетките и клеточните структури, како што се цилиите и


флагелумите, контракцијата на мускулните клетки, движењето на хромозомите за време
на митоза, како и миграцијата на клетките за време на ембрионалниот развиток е
возможно благодарение на постоењето на комлетен збир од протеински фибриларни
структури познати под името цитоскелет.

Во негов состав влегуваат следниве органели:

7.1 Микротубули

Станува збор за молекулски комплекси кои на светлосен микроскоп се видливи


само во клетки кои се делат. Обично се лоцирани околу нишките на делбеното вретено
во снопчиња околу 400 на број. Можат да се забележат на светлосен микроскоп
користејќи
специјални бои или со помош на микро-скоп со фазен контраст.
Микротубулите се најкрупни цитоскелетни микрофиламенти со дија-метар од 25
nm и должина од 1 до 10 µm, во форма на празен цилиндар чиј ѕид е изграден од
протеинот тубулин. Станува збор за протеин димер кој е составен од две
субединици
субеденицатаα иод едниот димер е поврзана со β субедницата на следниот димер со
β со гобуларна
повторувачка форма,
шема градејќи секоја позната
структура со молекулска маса
под името од 55 kDa или
протофиламент вкупно
(Слика 61). 110
kDa. α

http://micro.magnet.fsu.edu/cells/microtubules

Слика бр.61 Шематски приказ на градба на микротубули

Ѕидот на секоја микротубула е изграден од 13 надолжни редови на про-


тофиламенти. Секој протофиламент се состои од линеарен низ од тубулински димери
поредени во правилен распоред. Таквата молекуларна организација или строго
одредена
поларност на овие структури е од клучно значење за нивната функција. Како и сите
останати цитоскелетни елементи и микротубулите се доста нестабилни структури во
клетката и подлежат на постојана полимеризација и деполимеризација (Слика бр. 62).

76
http://www.nature.com/nrm/journal/

Слика бр.62 Процес на полимеризација и деполимеризација на микротубули

Бидејќи микротубулите учествуваат во градбата на внатрешниот скелет и со тоа ја


одржуваат нејзината форма, истите се најмногу присутни во клетките кои имаат свои
продолжетоци (нервни и пигментни клетки). Микротубулите ги градат нишките на
делбеното вретено, а учествуваат и во градбата на центриолите, трепките и
камшичињата.
Нивниот негативен крај е вклопен во посебен регион во клетката означен како
центрозом или микротобуларен организатор. Тоа претставува регион исполнет со
густа
аморфна материја сместен во близина на јадрото. Кај сите животински клетки
центрозомот го сочинуваат две центриоли кои се поставени под прав агол еден во
однос
на друг, додека кај растителните клетки и габите, центриолите не се присутни.
За разлика од негативниот крај кој е фиксиран во центрозомот позитивниот крај е
слободен и со него микротубулите растат кон периферијата, ширејќи се во сите
правци
(Слика 50). Негативниот крај од микротубулите е во директна врска со т.н γ-
тубулински
прстен како интегрален дел од микротобуларниот организациски центар. Од тие
причини
γ-тубулински прстен со други зборови се нарекува и микротубуларно јадро.
Процесот на
полиме-ризација на тубулинските димери бара постојано присуство на ГТП и Mg
јони. Во
еден таков компартман во клетката микротубулите постојано се поли-меризираат
и
77
деполимеризираат и процесот е во постојана рамнотежа. Вак-виот распоред на
микротубулите е типичен за интерфаза.
Слика бр.63 Шематски приказ на полимеризација на микротубули (МТ)

Доколку клетката се изложи на ниска температура или притисок, депо-


лимеризацијата се интензивира и рамнотежата се губи. Брзината на полиме-ризација и
деполимеризација може да се менува и со присуството на микро-тубуларни врзувачки
протеини (microtubule – associated proteins) кои од своја страна го регулираат
собирањето
на микротубулите.
Со процесот на полимеризација и деполимеризација на микротубу-лите односно
со
нивното издолжување и скратување, клетката создава организиран систем или
мрежа на
поврзување на периферните структури и органели со МТОЦ (микротубуларен
организациски центар). Кога клетката се подготвува за делба, микротубулите
подле-жат
на брза деполаризација и центрозомот се дели на два центрозоми кои патуваат
кон
половите на клетката и од кои понатаму се создаваат микротубули кои го
формираат
делбеното вретено. Делбеното вретено се состои од три вида на микротубули
(Слика 64):
- астрални; кои во вид на ѕвезда се шират радијално од половите на
делбеното вретено
- кинетохорни; кои со едниот крај се врзуваат за хромо-зомите, а со
другиот крај завршуваат во половите на делбеното вретено
- поларни; тргнуваат од едниот крај на делбеното вретено и
слободно
завршуваат на другиот крај

78
http://emboj.embopress.org/content/

Слика бр.64 Видови микротубули

Кај некои специјализирани клетки како што се нервните клетки, микротубулите од


центрозомот се издолжуваат во делот од аксонот или дендритите, додека кај клетките
кои
имаат цилии и флагелуми микротубулите се организираат и формираат т.н базални
телца
кои се од функционално значење за овие локомоторни органели. Од целокупната
организираност на микротубулите во клетката, произлегува дека микротубулите
учествуваат во одржувањето на клеточната форма и нејзиното издолжување и движење,
придвижување на цилиите и флагелумите, закачување на хромозомите за митотското
вретено и нивното движење за време на митоза и мејоза како и во интрацелуларниот
везикуларен транспорт. Интрацелуларниот везикуларен транспорт се одвива со помош
на
моторни протеини кои со едниот крај се поврзуваат со соодветна клеточна органела, а
на
другиот крај имаат активно место за хидролиза на АТП, со чијашто енергија се врши
влечење или поместување по должината на микротубулите. Динеините како моторни
про-
теини се движат по должината на микротубулите кон нејзиниот негативен крај или кон
МТОЦ (микротубуларниот организациски центар) (Слика бр. 65).

79
http://www.cella.cn/book/09/02.htm

Слика бр.65 Интрацелуларен везикуларен транспорт со помош на молекуларни моторни


протеини по должината на микротубулите

Пр. аксонемалниот динеин како моторен протеин е присутен во цилиите и


флагелумите и истиот е одговорен за лизгање на соседните микротубули во аксонемата
на овие локомоторни органели, со што се овозможува нивно движење. Друга група на
моторни протеини означени како кинезини, се поместуваат кон позитивниот крај на
микротубулите т.е од клеточниот центар кон периферијата. Интрацелуларниот
везикуларен транспорт најдобро е проучен кај аксоните на нарвните клетки. Имено,
рибозомите во кои се одвива протеинската синтеза се локализирани само во телото на
нервните клетки, додека во аксоните и крајните делови таа отсуствува. Од таа причи-на
протеините и другите органели со помош на микротубулите се пренесуваат од телото на
невронот по должината на аксонот до крајните делови од нервната клетка. Ваквиот
транспорт особено е присутен во дорзалните ганглии на спиналните нерви од причини
што истите имаат аксони со дожина и до еден метар. Освен протеини со
интрацелуларниот транспорт се пренесуваат (но во обратен правец) и автофагни
вакуоли
кои содржат истрошени органели и дигерирани материи. Некои лекови како што е
колхицинот (вообичаено се користи за акутни напади на костозглобна болка), се
врзуваат
за тубулинските молекули и ја спречуваат нивната полимеризација. Ако една нервна
клетка се третира со колхицин, во тој случај доаѓа до брза деполимеризација и клетката
добива сферична форма. Винбластин-от и винкристин-от кои се користат во
лекувањето
на карциноми, дејствуваат антимитотски и антипроли-феративно, поврзувајќи се со
микротубулите и на тоја начин го спречуваат образувањето на митотското вретено
неопходно за клеточна делба. Таксол-от кој како лек се користи за хемотерапијата при
карцином на дојка ги стабилизира микротубулите (спротивно на колхицинот)
оневозможувајќи им на канцерогените клетки да се делат.

80
7.2 Центриоли и центрозом

Клучно значење за организацијата и распоредот на микротубулите во цитоплаз-


мата на клетката има центрозомот или како што уште се нарекува микротубуларен
организатор. На светлосен микроскоп се забележува во форма на двојна гранула во
периодот на делба на клетката. Станува збор за мал регион во клетката исполнет со
аморфна материја која најчесто се наоѓа во близина на јадрото непосредно до Голџи
системот. Од тука започнува и растот на микротубулите и тоа во различен правец.
Имено,
секој центрозом се состои од една структура позната под името диплозом, која се состои
од две центриоли кои се наоѓаат под прав агол. Центриолите се цилиндрични
микротубуларни структури составени од 9 триплети на микротубули, секоја составена од
13 протофиламенти (Слика 66). Во триплетот од микротубули, микротубулата која се
наоѓа најблиску до центарот на центриолата се означува со А, средишната се означува
со B, додека најоддалечената од центарот се означува со C. Во областа на врвот од
центриолите микротубулата А е поврзана со микротубулата C, со помош на мостови
изградени од протеинот нексин. Ѕидот на центриолите е изграден од сферични телца
кои
се изградени од аморфна маса, означени како перицентриоларни структури или
сателити.

http://encyclopedia2.thefreedictionary.com

Слика бр. 66 Шематски приказ на микротубули

Микротубулите во состав на центрозомот се организирани во вид на зрачеста


мрежа, кои започнуваат од самиот центрозом кон периферијата на клетката. Според
градбата, центриолите се многу близу до базалните телца (Слика бр.67) кои вообичаено
се наоѓаат во основата на трепките и камшичињата на некои клетки. На тој начин тие
имаат способност да се претвораат во базални телца и обратно. На пр. при
создавањето
на половите клетки сперматозоиди, центриолите се претвораат во базални телца на тие
клетки. Клетките кои се наоѓаат во интерфаза имаат само еден пар на центриоли,
додека
при делбата на клетката на секој од половите на клетката се наоѓа по еден пар на
центриоли и истите се лоцирани перинуклеарно.

81
http://www.nature.com/nrm/journal/v8/n6/

Слика бр.67 Шематски приказ на центриоли и снимка на ЕМ

7.3 Микрофиламенти

Од микрофиламентите најприсутни во клетката се актинските микрофиламенти,


кои претставуваат полимери на глобуларниот протеин актин. Како и кај микротубулите и
кај актинските микрофиламенти поларизирањето на нивните субединици е од
функционално значење. Освен актински филаменти постојат и миозински филаменти
кои
како и актинските микрофиламенти главно учествуваат во контрактилни движења.
Главно
овие филаменти се среќаваат во мускулни клетки (Слика бр.68), како мазни, така и
напречно-пругасти, фибробласти, леукоцити и др. Токму ефикасноста на овие клетки се
должи на високиот степен на организираност на актинските и миозинските
микрофиламенти.

82
http://csls-text3.c.u-tokyo.ac.jp/active/

Слика бр.68 Градба на актински микрофиламенти

7.4 Интермедиерни микрофиламенти

Интермедиерните микрофиламенти по својот дијаметар (8-10nm) се наоѓаат


помеѓу актинските микрофиламенти и микротубулите и најчесто се сре-ќаваат во клетки
кои се подложни на механички стрес (епителни клетки). Кај од-редени клетки
интермедиерните филаменти во состав на меѓуклеточни врски се спојуваат со соседните
и на тој начин градат цврста мрежа, давајќи му на ткивото посебна цврстина. Изградени
се од неполарни и мошне варијабилни подединици кои не подлежат на
деполимеризација
и немаат способност брзо да исчезнуваат (за разлика од актинските микрофиламенти и
микротубулите). Најнапред мономерните единици создаваат спирално намотани димери
како основа за формирање на т.н. тетрамерна низа (Слика бр.69).

83
http://csls-text3.c.u-tokyo.ac.jp/active

Слика бр.69 Градба на интермедиерни микрофиламенти, шематски приказ и снимка од ТЕМ

Постојат неколку категории на интемедиерни микрофиламенти (Слика бр.70):

http://www.cytochemistry.net/Cell-biology

Слика бр.70 (Видови интермедиерни микрофиламенти

84
- Керетини - содржат повеќе од 59 различни изоформи (кератински
подединици) и не се групираат со останатите интермедиерни микрофила-
менти. Вообичаено се среќаваат во клетки со епително потекло и кожни твор-
би (нокти и коса).
- Виментини - спротивно од кератините содржат хомополимерни
подединици и се среќаваат во клетки со мезодермално потекло.
- Неурофиламенти - содржат протеини со различна молекулска маса
(NF-L, со мала молекулска маса) (NF-M, средна молекулска маса) (NF-
H, го-
лема молекулска маса) и се протегаат од телото на нервните клетки до
аксо-
ните и дендритите.
- Нуклеарни филаменти или ламини - постојат два типа на ламини А
и Б и вообичаено се среќаваат во состав на нуклеарната обвивка
(Слика бр.71).
Од тие причини уште се нарекуваат и нуклеарни ламини.

http://www.cytochemistry.net/Cell-biology
Слика бр. 71 Нуклеарни http://www.cytochemistry.net/Cell-biology
http://www.cytochemistry.net/Cell-biology
филаменти на ТЕМ

Слика бр.71 Нуклеарни филаменти на ТЕМ

85
7.5 Трепки и камшичиња

Трепките и камшичињата претставуваат највисок степен на организација на сите


микротубули во рамките на една клетка. Станува збор за долги цилиндрични продол-
жетоци со строго дефинирана структура и постојана форма и големина. Главно имаат
локомоторна функција, меѓутоа можат да учествуваат во миграторни движења (пр.
камшичињата на сперматозоидите), додека трепките главно имаат улога во
транспортирање на различни секрети и клетки (пр. придвижување на јајце клетката).
Сите
трепки и камшичиња се организирани на ист начин. Во средишниот нивен дел се наоѓа
сноп од две индивидуални микротубули познат под името аксонема, околу кој се наоѓа
клеточна мембрана. Околу аксонемата радијално се наоѓаат 9 периферни парови од
микротубули или дублети. Подвижноста на трепките и камшичињата е резултат на
постоењето на т.н динеински рачки кои се распоредени околу секој дублет (Слика бр.72
и бр. 73).

http://micro.magnet.fsu.edu/cells/

Слика бр.72 Шематски приказ на градба на трепки и камшичиња

Трепките ги има обично по должината на системот за дишење и главно учествуваат во


исфрлање на слуз од дишните патишта.

http://pediatrics.med.unc.edu/specialtie

Слика бр.73 Градба на цилии на ТЕМ

86
Токму нефункционирањето на динеинските рачки (или нивното отсуство)
предизвикува неподвижност на сперматозоидите кај мажите (или доведува до
стерилитет), патофизиолошки промени во белите дробови (Картагенеров синдром),
репродуктивните органи како и појава на латералност на внатрешните органи. Таквите
патофизиолошки промени со едно име се опфатени со терминот примарна цилијарна
дискинезија (Primary Ciliary Dyskinesia - PCD) (Слика бр.74). Примарната цилијарна
дискинезија претставува ретка болест која се наследува автосомно рецесивно или X-
врзано и истата се карактеризира со промени во моториката на самите цилии. Ваквите
промени се резултат на мутации на самите гени кои се одговорни за синтеза на
одредени
протеини кои се од неопходна важност за правилно структурирање и функцинирање на
самите трепки. Електронската микроскопија потврдува намален број на трепки или
намалување на должината на самите трепки или пак промени во градбата на трепките.
Инциденцата за овој синдром е 1:15000 живородени деца.

http://pediatrics.med.unc.edu/specialtieс/
Слика бр.74 Примарна цилијарна дискинезија, микрофотографии од ТЕМ
На местото на поврзување на телото на клетката со трепката во
нејзиниот пери-
ферен дел се наоѓа т.н базално телце или basal body (Слика бр. 72),
кое има речиси
идентична структура како и центриолите во центрозомот. Се смета
дека базалното телце
претставува еден вид на микротубуларен организатор кој го иницира
и контролира
растењето на трепките и микротубулите. Помеѓу себе трепките и
камшичињата се
разликуваат по должината и начинот на движење. Имено,
камшичињата се подолги и
имаат змијовиден начин на движење, додека трепките се пократки и
се движат слично на
биењето на камшикот (Слика бр.75).

http://academic.brooklyn.cuny.edu/biology
Слика бр.75 Начин на движење
на трепките и камшичињата
87
8 ИНКЛУЗИИ

Инклузиите претставуваат непостојани компоненти во клетката кои се резултат на


нејзината метаболичка активност. Станува збор за пигментни честички кои се обвиткани
со цитоплазматична мембрана или липидни капки и гликоген кои се наоѓаат слободни во
цитоплазматичниот или јадрениот матрикс.

- Липофусцинот е кафеаво-златен пигмент кој може да се визуелизира со бое-


ње со помош на хемалаун-еозин (Слика бр. 76). Вообичаено се среќава во
клетки кои не се делат (срцево-мускулни клетки, нервни (Слика бр. 77) и
скелетни клетки). Се нарекува и пигмент на стареење, бидејќи се среќава во
остарени клетки (кле-точно стареење) кај кои има интензивна оксидативна
деградација на мито-хондриите и лизозомска дигестија. Исто така
липофусцинот како инклузија се среќава и во макрофагите во кои се одвива
интензивна дигестија на бактерии, туѓи честички и токсини. Најчесто
липофусцинот е индикатор за клеточен стрес во организмот.

http://www.dartmouth.edu/~anatomy/Histo/

Слика бр.76 Липофусцин во митрална валвула

88
http://www.dartmouth.edu/~anatomy/Histo/

Слика бр.77 (Липофусцин во состав на нервни клетки

- Хемосидеринот е видлив на светлосен микроскоп како кафеава компо-


нента која е производ на разложување на хемоглобинот од страна на фаго-
цитирани еритроцити. Најчесто се среќава во клетките на слезината, но и во
алвеолите на белите дробови (Слика бр.78 и 79) во случај на пулмонарана
инфекција (при крварење на алвеолите). Честичките на хемосидеринот можат
да се бојат со помош на хистохемиски методи за детекција на железо.

http://quizlet.com/20452022/pathology-exam-1-lab-picture-flash-cards

Слика бр.78 Присуство на хемосидерин во алвеолите, Х&E

89
http://ocw.tufts.edu/Content/51/lecturenotes

Слика бр.79 Присуство на хемосидерин во алвеоларните ѕидови

- Гликогенот претставува полисахарид како резервен материјал при


синтеза на гликоза. Може да се визуелизира со специјални техники под свет-
лосен микроскоп (толуидинско сино и PAS-методата). Во хепатоцитите и
напречно-пругастите клетки гликогенот зафаќа значителен дел од
цитоплазма-
та (Слика бр. 80).

http://omicsonline.org/cytology-histology.php

Слика бр.80 (Гликоген во состав на хепатоцити Х&E

90
- Липидните молекули можат да се сретнат како привремени
компоненти во клетката (Слика бр. 81 и 82) или како постојани компоненти во
состав на адипоцитите (масно ткиво). Обично имаат енергетска важност (сл.
како и гликогенот) и истите можат да се екстрахираат со помош на органски
раство-рувачи.

http://openi.nlm.nih.gov/

Слика бр.81 Масни капки (стрелки) во Ито клетки на црн дроб, Х&E

http://www.upei.ca/~morph/webct/Modules/

Слика бр.82 Масни капки во хепатоцити, ТЕМ

91
9 КЛЕТОЧНО ЈАДРО

Јадрото на еукариотските клетки е најмаркантна и највпечатлива клеточна


органела, која вообичаено има кружна форма и е централно поста-вена. Големината на
јадрото се движи од 1,5 до 500 µm, но најголемиот број јадра се со димензии од околу 5
μm. Јадрата на малигните клетки имаат нерегуларна форма, променлива големина и
нетипични хроматински шеми. Еритроцитите и клетките на очната леќа во текот на
определен стадиум од својот развој го губат јадрото, и стануваат безјадрени форми. Ова
е една од главните причини поради кои имаат и строго ограничен век на живеење во ор-
ганизмот. Во текот на клеточниот циклус јадрото поминува низ структурни и функ-
ционални промени, поради тоа истото уште се нарекува енергетско и кинетичко.
Енергетското јадро се нарекува уште и немитотичко јадро, додека кинетичккото јадро се
нарекува и интерфазно или метаболички активно јадро.
Вообичаено големината на јадрото е правопропорционална со големи-ната на
клетката и големината на цитоплазмата. За клетката е од особена важност
соодносот на
волуменот на јадрото со волуменот на цитоплазмата, бидејќи истиот укажува на
метаболичка активност и промени во самата клетка. Ваквиот соооднос на
големината на
јадрото кон цитоплазмата се нарекува јадрено-цитоплзаматичен однос.
Kлетките со
едно јадро се нарекуваат мононуклеарни или монокариоцитни, додека клетките
со две
или повеќе јадра се нарекуваат полинуклеарни или поликариоцитни клетки.
Таквите
клетки можат да настанат со повеќекратна делба на јадрото без делба на
цитоплазмата
во неа, при што се создава формација позната под името ценоцит, или со
спојување на
повеќе клетки во една, при што се создава формација позната под името
синцициум.
Содржината на јадрото или нуклеоплазмата од цитоплазмата е ограничена со
помош на јадрена мембрана која е двослојна (надворешна и внатрешна) и меѓу
нив се
наоѓа меѓуклеточен или перинуклеарен простор (Слика бр. 83). Надворешната
мембрана
е вообичаено во континуитет со мембраната на ЕР и често на нејзината
површина се
наоѓаат рибозоми вклучени во синтезата на протеини.

92
http://www-3.unipv.it/webbio/anatcomp/frietas

Слика бр.83 Градба на јадро и јадрена мембрана

Во тесна поврзаност и интеракција со внатрешната мембрана е фиброзната


ламина која учествува во стабилизацијата на јадрената мембрана. Фиброзната ламина
се
состои од ламини А, Б и В и таа го формира т.н нуклеоскелет. Иако, двете јадрени
мембрани се биохемиски различни по состав, тие на одредени места се поврзани помеѓу
себе со помош на јадрени пори. Јадрената мембрана има способност да се
дезинтегрира
во текот на клеточната делба и повторно да се формира. РНК и рибозомите се
синтетизираат во јадрото и од тука се исфрлаат во цитоплазмата, додека протеините
кои
се неопходни за јадрото се синтетизираат во цитоплазмата, а се внесуваат во јадрото.
Комплексот на јадрени пори е високо специјализиран ком-партман кој овозможува
размена на материи помеѓу јадрото и цитоплазмата. Јоните и молекулите со дијаметар
помал од 9nm поминуваат слободно низ јадрената мембрана без да потрошат енергија,
додека молекулите кои се со дијаметар поголем од 9nm низ јадрената мембрана
поминуваат со помош на активен транспорт.
Нуклеарните пори (Слика 84) настануваат со спојување на надворешната и
внатрешната нуклеарна обвивка, при што се формира кружен отвор со дијаметар
од 70
до 100nm. Обично на овој отвор се лоцирани 8 протеински партикули со
правилен
октогонален распоред.

93
http://www.studyblue.com/notes/note/

Слика бр.84 Шематски приказ на јадрени пори

Со други зборови структурата на порите претставува тунел, чиј ѕид е из-граден од


протеини во вид на прстени. Надворешниот прстен се наоѓа на гра-ницата со
цитоплазмата, средишниот е во интермембранскиот прстен, додека внатрешниот е на
границата кон нуклеоплазмата. Од надворешниот прстен кон цитоплазмата тргнуваат 8
филаменти, кои се врзуваат за нејзиниот цитоскелет, додека од внатрешниот прстен во
нуклеоплазмата навлегуваат 8 филаменти кои се обединети со дополнителен (четврти)
прстен, кој има функција да ги приближува нивните слободни краеви (Слика 84). На тој
начин последниот прстен има функција на дијафрагма со чие стегање и отпуштање се
регулира ширината на пората. Бројот на порите варира и зависи од видот и степенот на
активноста на клетката. Функцијата на нуклеарните пори е да се обезбеди селективен
пристап на различни макромолекули од јадрото во цитоплазмата. Во периодот на
метаболната активност кај некои клетки јадрените пори се многубројни, така што
претставуваат 1/3 од површината на јадрото. Се претпоставува дека крајното созревање
и елиминирање на и-РНА се одвива токму низ нуклеарните пори.
Кариплазмата или јадрениот сок претставува матрикс на самото јадро,
изградено е од протеини и претставува средина во која се одвиваат сите
метаболички
процеси во јадрото. Во кариоплазмата или нуклеоплазмата се наоѓа целата
хромозомска
ДНК која е поврзана со протени познати под името хистони. Ваквите протеини
учествуваат
во процесите на контрола на транскрипцијата, репликацијата, во организирање
на
рибозомалните субединици и др. Ваквиот нуклеопротеински комплекс со
заедничко име
се означува со терминот хроматин (од грч. збор хрома = боја) и истиот зафаќа
голем дел
од јадрото. Хроматинот може да постои во две форми, во зависност од тоа
дали клетката 94
се наоѓа во интерфазен период или во фаза на митоза (Слика бр. 85).
http://lifesci.rutgers.edu/~babiarz/cytol.htm

Слика бр.85 Интерфазно јадро и јадро во фаза на митоза, ТЕМ

Имено, кога клетката се наоѓа во период на интерфаза, нуклеопротеинските


молекули се испреплетени и растресени меѓу себе и со едниот свој дел се прикрепени
за
нуклеарната обвивка. Активните делови на хроматинот се десперилизирани и истите се
бојат многу послабо со базични бои (од тие причини се забележуваат, како светли
полиња
во јадрото) и истите се означуваат со терминот еухроматин, додека неактивните делови
на хроматинот се силно спирализирани, интензивно се бојат со базични бои (од тие
причини се забележуваат како темни полиња во јадрото) и се означуваат со терминот
хетерохроматин (Слика бр. 86).

http://synapses.clm.utexas.edu/atlas/content

Слика бр.86 Хетерохроматински и еухроматински региони во јадрото,

микрофотографија на ТЕМ

95
Хетерохроматинот е поприсутен во клетките со мала метаболна активност.
Најтипичен пример за хетерохроматични региони во јадрото има во лимфоцитите и
сперматозоидите, чии јадра се комплетно хетерохроматични. Целосно
хетерохроматични
структури се X-хромозомот и Y-хромозомот. Овие две форми на хроматинот,
хетерохроматин и еухроматин ја изразуваат раз-личната кондензираност на ДНК. Со
други зборови во хроматинската материја на јадрото се наоѓа запишаната наследната
информација, која се предава од генерација на генерација. За време на митозата
хроматинските нишки повеќекратно се спирализираат и поминуваат во компактни
стапчести структури познати под името хромозоми.
Главна физиолошка улога на јадрото е да управува со синтезата на РНК. Во
клетките кои растат и се диференцираат јадрото е место на интензивни
метаболички
9.1 активности.
Јадренце

Еукаритските клетки имаат 1, 2 или повеќе јадренца. Јадренцето е главно место


за
синтезата на хистони, богато е со рРНК и протеини и се бои базофилно со помош на
хемалаун-еозин. На електронскиот микроскоп јасно се гледа дека јадренцето се состои
од три структури и не е ограничено со гранична мембрана, во него се испреплетуваат
региони со фибриларна структура, региони со грануларна структура и региони кои имаат
аморфен изглед (Слика бр. 87).

http://lifesci.rutgers.edu/~babiarz/cytol.htm

Слика бр.87 Градба на јадренце, ТЕМ

96
Јадренцето претставува посебен регион во јадрото, кој има строго дефинирана и
јасно препознатлива структура каде се врши производство на ри-бозомални субединици.
Во јадренцето е сместен и т.н. нуклеарен организа-тор, кој го сочинуваат поголем број на
р-РНК, како и гени сместени во еден или повеќе хромозоми. Во нуклеолусот се сместени
и поголем број на различни рибозомални субединици кои се наоѓаат во различна фаза
на
созревање.
името Јадренцето
нуклеарни го формираат
организатори. хромозоми содржи
Јадренцето со секундарни
ДНК, констрикции, познати
која се наоѓа во
под
интрануклеарниот хроматин означен како pars chromosoma (Слика бр. 87), околу
самото
јадренце во вид на прстен. Ваквата ДНК содржи гени неопходни за синтезата на р-РНК,
која од своја страна се здружува со протеини и на тој начин се создаваат рибозомите.
Јадренцето, исто така содржи р-РНК, т-РНК, како и ензими. На електронски микроскоп во
внатрешноста на јадренцето се забележуваат темни и светли региони. Темните зони се
изградени од голем број на густо распоредени гранули, меѓусебно поврзани во
мрежичка
позната под името нуклеолонема. Гранулите претставуваат рибонуклеопротеини од кои
се обра-зуваат рибозомите и истите формираат дел означен, како pars granulose
(Слика
бр. 87). Светлите зони се наоѓаат меѓу темните зони и истите се изградени од
фибриларни
структури поради што ваквиот дел или зона го добива и своето име pars fibrosa (Слика
бр. 87). Освен овие два дела во јадренцето постои и трет дел, а тоа е pars
chromosoma,
кој уште се нарекува и нуклеоларен хроматин. Нуклеолар-ниот хроматин може да биде
присутен на површината на јадренцето во вид на прстен, или да навлегува внатре во
вид
на фини нишки, познат под името интрануклeоларен хроматин. Четвртата компонента од
јадренцето е матриксот, кој главно има протеински состав. Клетките без нуклеолуси
најчесто умираат, бидејќи истите немаат способност за создавање на рибозоми, р-РНК и
протеини. Впечатливо поголеми јадренца имаат ембрионалните клетки за време на
нивната пролиферација, клетките кои активно и континуирано синтетизираат протеини и
брзорастечките малигни тумори. Јадренцето се губи на крајот од профаза од клеточниот
циклус, додека на почетокот на телофаза повторно се појавува.

97
10 КЛЕТОЧЕН ЦИКЛУС

Големината и покомплексната организација на еукариотскиoт генетски


материјал за разлика од прокариотскиот бара радикални промени во процесот на
удвојување (репликација) на ДНК и нејзината поделба во нови клетки при процесот на
клеточна делба. Овој процес на делба на еукаритоските клетки се нарекува клеточен
циклус и се состои од два дела: интерфаза и делба на клетка.

Интерфаза

Интерфазата го претставува делот од клеточниот циклус помеѓу две клеточни


делби и истата е поделена на 3 периоди: предсинтетски (G1), синтетски (S)и
постсинтетски (G2) (Слика бр. 88). Во овој дел од клеточниот циклус се одвиваат промени на
молекуларно ниво со кои клетката се подготвува за делба, како што се: синтеза на
структурни протеини, ензими, РНК, ДНК и сл.
G1 е примарната фаза за растење на клетката и овде се врши програ-мирана
синтеза на протеини, РНК, АТП, и други соединенија неопходни за кле-точниот раст и се
врши подготвување за удвојување на генетскиот материјал.
S е фазата во која клетката преку репликација на ДНК го удвојува сво-јот
генетски материјал, при што на почетокот секој хромозом е изграден од една
хроматида,
додека по репликацијата на ДНК секој хромозом се состои од две сестрински
хроматиди
кои остануваат поврзани помеѓу себе со помош на центромерот. Центромер
претставува
стеснување на хромозомот за кој се по-врзува дисковидна протеинска
G2 е втората фаза на раст на клетката во која се одвиваат подготовки за
структура наречена
поделбата на генетскиот материјал. За време на оваа фаза бројот на митохондриите и
кинетохор. Овој диск функ-ционира како место за врзување на микротубулите
на
со помош
останатите органели се зголемува, хромозомите се кондензираат, се врши удвојување
на кои хромозо-мите се движат во текот на клеточната делба.
на
центриолите и се одвива
клетката, бидејќи зголемена
про-цесите кои сесинтеза на тубулин
одвиваат во текот(протеинот кој ги гради
на интерфазата се клучни за
микротубулите од делбеното
успешно завршу-вање на митозата. вретено). Интерфазата трае многу подолго од делбата на

http://gaskinsanatomy.wikispaces.com/Cell+Cycle+diagram

Слика бр. 88 Шематски приказ на клеточен циклус

98
10.1 Делба на клетката- МИТОЗА

Делбата на клетката со состои од два периода и тоа делба на јадрото и делба


на цитоплазмата. Периодот на делба на јадрото на соматските или телесните клетки се
нарекува митоза. Истата е поделена на четири фази во зависност од морфологијата и
местоположбата на хромозомите во текот на нивното разделување. За подобро следење
на промените кои се случуваат во текот на митозата, таа се дели на четири фази:
профаза, метафаза, анафаза и телофаза. Самото име митоза води потекло од грчкиот
збор mitos (конец), поради јасната видливост на фибриларната форма на хромозомите
во
текот на митоза.
Профаза

Почеток на профазата претставува период кога како резултат на кон-


дензацијата на хромозомите (која започнува во G2 фазата), тие почнуваат да се скусуваат
и стануваат видливи под светлосен микроскоп. Процесот на кондензација продолжува
да
се одвива во текот на целата профаза а хромозомите од скоро провидни нишки (од кон
крајот на профаза) добиваат форма на компактна структура (Слика бр. 89).
Во текот на профаза продолжува и процесот на формирање на дел-беното
вретено. Имено, кај анималните клетки, на почетокот на профаза поч-нува
разделувањето
на двата пара на центриоли, формирани во текот на G2 фазата. При оддалечувањето на
центриолите се формира оска од микротубули кои се нарекуваат нишки на
делбеното
вретено. Кога центриолите пристигну-ваат на спротивните полови во клетката,
помеѓу нив
се создава мост од микротубули кој се нарекува делбено вретено. Сличен
мост од
микротубуларни влакна се создава и кај растителните клетки, со таа разлика
што кај нив
отсуствуваат центриолите.
При формирањето на делбеното вретено, јадрената мембрана се рас-паѓа
(Слика бр. 82), а ER ги реапсорбира распаднатите компоненти. При крајот на
овој процес
микротубуларните влакна од вретеното се простираат помеѓу половите преку
површината
на целата клетка. Нивната ориентација ја одредува по-вршината во која
клетката ќе се
подели и која е поставена под прав агол на дел-беното вретено.
Кај анималните клетки во текот на митозата, кога центриолите се на половите
на клетката формираат радијална мрежа од микротубули кон клеточ-ната
мембрана.
Ваквата формација на микротубули се нарекува астер. Иако сè ушта не е
целосно
разјаснета улогата на астерот при делбата, сепак се знае дека тој претставува
потпора
на центриолите кон мембраната, со што се зацврстува местото на поврзување
на
микротубулите при ретракцијата на вретеното. Растителните клетки поради
тоа што
имаат цврсти клеточни ѕидови не формираат астер.
Секој хромозом поседува два99кинетохотри прикачени за центромерните
региони
на секоја од двете сестрински хроматиди. Во текот на профаза втората група
на
Поради ваквите коренити промени во преструктуирањето на градбените
елементи во јадрото и цитоплазмата, профазата уште се нарекува и фаза на
реорганизација.

Метафаза

Во вториот стадиум од митозата, во метафаза, хромозомите се подре-дуваат


во
центарот на клетката. Површината на која се распоредени хромозомите која е под прав
агол со делбеното вретено, се нарекува метафазна плоча (Слика 89). Оваа метафазна
плоча претставува индикатор за оската по која се одвива клеточната делба.
Подредувањето на хромозомите се врши со помош на микротубулите кои се поврзани за
кинетохорите.
Кога се набљудуваат со светлосен микроскоп хромозомите се најдо-бро
видливи поради тоа што спирализацијата е на максимално ниво, со што е
овозможено
индивидуално морфолошко разликување на секој од хромозомите. Под
микроскоп лесно
се воочува дека секој хромозом е изграден од две хро-матиди поврзани помеѓу
себе во
Анафаза
центромерниот регион. Поради ова метафазните хромозоми се најпогодни за
морфометриски анализи инајкраток
Оваа фаза претставува формирање на кариотип.
стадиум од митозата. Таа започнува со
поделувањето на центромерите. Имено, секој од центромерите се поделува на две, при
што се врши и разделување на сестринските хроматиди.
До моментот на разделување сестринските хроматиди истите меѓусебе се
поврзани преку комплекс на протеини кој се нарекува кохезин. Разградувањето
на
кохезинот и разделувањето на сестринските хроматиди се случува
истовремено кај сите
хромозоми во клетката. По раскинувањето сестринските хроматиди се влечени
кон
соодветниот пол за кои им е закачен кинетохорот (Слика 89).
Движењето на хромозомите се одвива со помош на два паралелни процеси
спроведени од микротубулите. Во првиот, половите на делбеното вре-тено се
оддалечуваат еден од друг и на тој начин ги влечат и центромерите на
хромозомите кон
спротивните полови. Во вториот, микротубулите со кои цен-тромерите се
поврзани со
половите почнуваат да се скратуваат и на овој начин хромозомите се
Телофаза
придвижуваат сè
поблиску кон половите. Секој хромозом се движи со напред насочен
Во телофаза започнува распаѓањето на делбениот апарат преку раз-
центромерен регион
ложувањето на микротубулите на тубулински мономери кои понатаму се користат за
кој ги влече хромозомските краци. Прецизната поделба на удвоениот, (во S
градење на цитоскелетот на двете новодобиени клетки. Започнува формирањето на
фазата),
јадрена обвивка околу двете новоформирани јадра (Слика 89), а набргу потоа започнува
генетски материјал е завршена со раздвојувањето на сестринските хроматиди.
расплетувањето на ДНК со што хромозомите поминуваат во декондензирана форма која
овозможува експресија на гените. Една од првите групи на гени кои се активираат се
оние
одговорни за синтеза на рРНК, што резултира со повторно појавување на нуклеолусот.
Бројот на хромозомите кои ги достигнуваат двата пола е еднаков односно е
ист,
диплоиден со хромозомите во јадрото на мајчинската
100 клетка.
http://kvhs.nbed.nb.ca/gallant/biology/

Слика бр.89 Клеточна делба – Митоза

10.2 Цитокинеза

Митозата завршува со крајот на телофаза. Еукариотската клетка завршува со


поделувањето на удвоениот генетски материјал во две новодобиени јадра кои се
поставени на двата спротивни краја на клетката. Паралелно со митозата се врши и
процес
на прераспределба на клеточните органели кон места кои ќе се поделат и ќе станат дел
од новодобиените клетки. Репликацијата на органелите се одвива пред почетокот на
цитокинезата најчесто во S или G2 фа-зата. Клеточната делба не завршува на крајот од
митоза, затоа што поделбата на клетките не е започната. Фазата од клеточниот циклус
во
која се одвива са-мата поделба на клетката се нарекува цитокинеза. Таа во себе го
опфаќа вдлабнувањето и разделувањето на клетката на две скоро еднакви половини.
Кај анималните клетки цитокинезата се одвива со помош на констрикциски
појас
изграден од актински филаменти (Слика бр. 90). Со стегањето на овој појас се
формира
вдлабнување на клеточната површина кое станува сè подлабоко сè додека не
стигне до
центарот на клетката, со што клетката
101 се де-ли на две половини.
Клеточните ѕидови на растителните клетки се премногу цврсти за да може да
се вдлабнат со актински филаменти. Наместо тоа, овие клетки фор-миррат
мембрански
компоненти во својата внатрешност паралелно со делбеното вретено. Овој мембрански
дел кој се нарекува клеточна плоча продолжува да расте кон надвор сè додека не се
спои
со клеточната мембрана, со што клетката се дели на два дела. По ова се таложи
целулоза
врз новодобиената мембрана, со што се формираат нови клеточни ѕидови. Просторот
помеѓу ќеркините клетки се импрегнира со пектини и се нарекува средишна ламела.

Слика бр.90 Шематски приказ на цитокинеза

10.3 Редукциона делба на клетката - мејоза

Мејозата претставува специфична форма на делба на клетката која како краен


резултат дава клетки со хаплоиден број на хромозоми наречени гамети, кои се
вклучуваат
во половиот начин на размножување.
Механизмот на мејотската клеточна делба се разликува од митотската делба.
Мејозата се состои од две последователни делби наречени мејоза I и мејоза II, при што
секоја од нив е поделена на профаза, метафаза, анафаза и телофаза, со таа разлика
што
фазите од првата делба се означуваат со индекс I, а од втората со индекс II.
За да се разбере разликата помеѓу митоза и мејоза најпрво треба да се
разбере
однесувањето на хромозомите во текот на овие процеси. Најсуштинската
разлика во
однесувањето на хромозомите се случува рано во профаза I од мејоза кога
хомологните
хромозоми се пронаоѓаат еден со друг и се поврзуваат во процес кој се
нарекува
коњугација (спарување) или sinapsis (Слика бр. 91). Ваквата поврзаност на
хомологните
хромозоми се задржува во текот на првата мејотска делба со што го одредува
распределувањето на хромозомите. За време на метафаза I хромозомските
парови се
придвижуваат кон метафазната плоча и се ориентираат така, што секој од
парот
хромозоми за својот кинетохор е поврзан со спротивниот пол на
вретеното. Ова е
различно во однос на митоза каде поврзувањето на хомологните хромозоми е
независно
102
еден од друг. За време на анафаза I секој од спарените хомологни
хромозоми се
раздвојува и придвижува кон спротивните полови. Ова повторно претставува
клучна
За време на блиската поврзаност на хомологните хромозоми во текот на
профаза I се случува уште еден процес специфичен само за мејотската делба, а тоа е
процесот на генетска рекомбинација наречен crossing-over (Слика 91). Во овој процес
хомологните хромозоми буквално си разменуваат хромозомски материјал помеѓу себе.
Местата на кои се одвива размената на материјалот се нарекуваат хијазми и на овие
места хромозомите остануваат споени помеѓу себе сè до анафаза I.

Слика бр.91 Поврзување на хомологните хромозоми

Најголемата разлика помеѓу митоза и мејоза е фактот што мејозата се состои


од две последователни делби без да постои репликација на генетскиот материјал
помеѓу
нив. Втората мејотска делба всушност е многу слична со митозата, со единствена
разлика
Профаза
што кај неа I
не претходи удвојување на генетскиот материјал.
Во профаза I започнува кондензирањето на ДНА со што поединачните
хромозоми стануваат видливи под светлосен микроскоп како клопче од тенки влакненца.
Бидејќи ДНК веќе била реплицирана пред почетокот на мејоза секој од ваквите тенки
конци всушност се состои од две сестрински хроматиди споени помеѓу себе со
центромерите. Во текот на профаза I хомологните хромозоми се пронаоѓаат помеѓу себе
и се спојуваат еден со друг во синапса, при што си разменуваат делови од ДНК, по што
се раздвојуваат. Поради комплексноста на процесите кои се одвиваат во профаза I, таа
се дели во неколку стадиуми и тоа: лептотен, зиготен, пахитен, диплотен и дијакинеза.

103
За време на лептотен краевите на хроматидите се поврзуваат за спе-цифични
места на јадрената мембрана. Местата за поврзување за хомологните хромозоми се
поставени во непосредна близина едни на други, со што секој од паровите на хомологни
хромозоми се доближува еден со друг и ова се нарекува букетен стадиум.
Во зиготен хомолозите се редат еден наспроти друг и се поврзуваат по целата
своја должина во процес кој се нарекува sinapsis, при што паровите на
хомологни
хромозоми се нарекуваат биваленти. За одржување на оваа структура голема
улога
имаат група на структурни протеини познати како синаптички комплекс.
Ваквиот
синаптички комплекс има изглед на трослојна лента на која се разликуваат
две странични
компоненти кои контактираат со соод-ветните хроматиди и еден централен
површината
дел. Без на споените хомологни парови. Овие структури се на-рекуваат
рекомбинациски
правилно јазли и се смета
формиран дека вокомплекс
синаптички себе ја не
содржат ензимската
може успешно машинерија
да се спроведе
неопходна за
Crossing-over- раскинување и спојување на хомологните хроматиди.
Пахитенскиот
от. стадиум се карактеризира со видно зголемување на јадрото и јадренцето,
а под микроскоп јасно се забележува
Во текот дека секој
на формирањето на хромозом
синапситеесеизграден од две
појавуваат сестрински
специфични
хроматиди, а секој бивалент
структури по од четири хроматиди, поради што се нарекуваат и тетради.
Кон крајот на пахитен се одвива процесот на Crossing-over. Сите детали за текот на овој
процес сè уште не се целосно разјаснети, но се знае дека тој вклучува сложена серија
на
промени при кои сегменти на ДНК се разменуваат помеѓу несестринските хроматиди.
Кога Crossingover-от ќе заврши, хомологните хромозоми се одвојуваат од
јадрената мембрана, синптичкиот комплекс се раскинува и хомологните
хро-мозоми
почнуваат да се одалечуваат еден од друг. Сите овие процеси се одви-ваат во
текот на
диплотен. Сепак хромозомските парови не се раздвојуваат во целост, туку сè
уште
остануваат споени помеѓу себе со центромерите, како и во хијазмите односно
местата на
кои се одвивала размената на ДНК сегменти. Доказите за настанат Crossing-
over можат
да бидат видливи и под светлосен ми-кроскоп, бидејќи хијазмите се
набљудуваат како
специфични структури во форма на буквата X.
Во понатамошниот тек на профаза I, односно во дијакинеза, хијазмите
Метафазазапочнуваат
I да се движат по должината на спарените хромозоми од местото
на кое се
До почетокот
појавиле на метафаза
кон крајните I јадрената
делови мембрана
на хроматидите. Овојвеќе е разградена,
процес се нарекуваа
микротубулите
терминализација го формираат делбеното вретено исто како и кај митоза (Слика бр. 92).
Хијазмитенасе стигнати
хијазмите донеговото
и со самитезавршување
краеви на завршува
хроматидите и сега
и профаза I. се нарекуваат
терминални
хијазми. Терминалните хијазми се единственото место на кое меѓусебе се поврзани
хомологните хромозоми во текот на метафаза I. Микротубулите од делбеното вретено
се
поврзуваат за кинетохорните протеини на секој од хромозомите и тоа секој од
хомолозите
е поврзан со различен пол на делбеното вретено.
Вака поврзаните парови се подредуваат на средината на метафазната плоча
104
со
тоа што ориентацијата на хомологните хромозоми кон некој од половите е
сосем случајна.
Профаза I и метафаза I заедно опфаќаат дури 90 % од времетраењето на првата
мејотска
делба.
Анафаза I

Во анафаза I започнува скратувањето на микротубулинските влакна со кои се


поврзани хромозомите за половите од делбеното вретено, со што се вр-ши раскинување
на хијазмите и движење на секој од хромозомите кон спро-тивен пол од делбеното
вретено. Кога микротубулинските влакна максимално ќе се скратат, секој пол на
делбеното вретено се состои од хаплоидна гарнитура на хромозоми составена од по
еден
хромозом од хомологните парови. Поради случајната ориентација на хромозомите кон
половите на метафазната плоча со раделувањето на хомолозите се добива независна
поделба на хромозомите, со што се овозможува дополнително мешање на генетскиот
материјал кај половите клетки.
Телофаза I

Во телофаза I хромозомите се поделени во две групи на секој од половите во


клетката. Почнува формирање на јадрени мембрани околу секое од новоформираните
јадра (Слика 85). Бидејќи секој од хромозомите во ќеркините јадра се реплицирал пред
почетокот на првата мејотска делба, сега секој од хромозомите е изграден од две
сестрински хроматиди поврзани во центромерот. Сепак сестринските хроматиди повеќе
не се апсолутно идентични помеѓу себе, бидејќи поминале низ процесот на Crossing-
over.
По телофаза I може да следува и цитокинеза, но најчесто таа отсуствува и
клетката, без повторно да го удвојува генетскиот материјал, веднаш
продолжува кон
фазите
Профаза одIIвтората Мејотска делба која е скоро идентична со митоза.

На двата пола од клетката двете групи на хромозоми минуваат низ кратка


профаза II во која имаме разложување на јадрените мембрани, кондензирање
на
хромозомите и формирање на нови делбени вретена.
Метафаза II

Во оваа фаза се одвива поврзувањето на сестринските хроматиди за нишките


на делбеното вретено и нивно подредување на екваторијалната рамнина.

Анафаза II

Почнува конракцијата на влакната на делбеното вретено со што се врши


раздвојување на сестринските хроматиди и нивно придвижување кон спротивните
полови
на делбеното вретено.
Телофаза II

На крај, се формираат четири нови јадрени мембрани (Слика 92) со што се


добиваат четири нови јадра, секое од нив со хаплоиден број на хромозоми. По
цитокинезата се добиваат четири полови клетки кои се нарекуваат тетрада.

105
Слика бр.92 Шематски приказ на мејоза

11 ПРОМЕНИ ВО КЛЕТОЧНИОТ ЦИКЛУС

Во организмот постојат регулаторни механизми кои го контролираат процесот на


делба на клетките, со тоа што ја стимулираат или инхибираат митозата. Нормалната
клеточна пролиферација и диференцијација на клетките е под контрола на група на гени
познати под името протоонкогени. Со промени или експресија на овие гени доаѓа до
неконтролирана делба на клетките или појава на тумори. Исто така до промени во
процесите на пролиферација или диференцијација може да дојде и под влијание на
различни хемиски супстанции, зрачење на организмот, вирусни инфекции и др. Под
тумор
се подразбира секоја неоплазма (грч.neos = нов, plasma = нешто формирано)
како
абнормална маса формирана во организмот. Неоплазмите можат да бидат бенигни или
малигни или со други зборови бавнорастечки или неинвазивни и брзорастечки или
Хипертрофија
инвазивни. – Зголемување
Малигните тумори на големината
уште се нарекуваат на клетките како резултат на
и канцер.
интензивна синтеза на одредени клеточни компоненети или соединенија (најчесто
проетеини) што резултира со зголемување на масата на самиот орган или ткиво.

Хиперплазија – Зголемување на бројот на клетките во одредено ткиво или


орган
што резултира со зголемување на масата на самиот орган или ткиво.

106
Атрофија – Намалување на бројот и големината на клетките што резултира со
намалување на масата на одреден орган или ткиво. Најчесто ваквиот процес е
резултат
на намалена протеинска синтеза во самите клетки.
Метаплазија – Реверзибилна промена на еден диференцијален клеточен вид
со
друг клеточен вид во рамките на едно ткиво или промени т.е присуство на едно ткиво
во рамките на друго ткиво. Ваквата клеточна промена не е резултат на фенотипски
промени на веќе диференцирани клетки туку е резултат на репроограмирање на
матичните клетки или на недиференцирани мезенхимски клетки присутни во сврзно
ткиво.
Морфолошките и молекуларните промени во клетките укажуваат на одредени
структурни промени во клетката кои се резултат на одредени патофизиолошки
процеси
или упатуваат на одреден етиолошки процес. Токму таквите структурни,
биохемиски и
генетски промени иницираат клинички манифестации на одредени заболувања
или
симптоми на одредена болест. Клеточните промени или оштетувања можат да
бидат
реверзибилни или иреверзибилни. При иреверзибилното оштетување на
клетките,
штетниот стимуланс или фактор на оштетување е интензивен и перзистира
постојано
што доведува до прогресивно оштетување или клеточна смрт. Истата се јавува
како
нормален и есенцијален процес во тек на ембриогенезата, развојот на органите
и 11.1 Апоптоза
одржувањетофизиолошко
Спонтаното на хомеостазата.
изумирање на клетката го означуваме со тер-минот
Постојат два начини на клеточна
апоптоза (apo-лист, ptosis-отпаѓа). Тоасмрт, програмирана
е процес илиадултниот
со кој во физиолошка смрт на се
организам
одржуваклетките или апоптоза и патолошка смрт на клетките или некроза.
нумеричка рамнотежа во клеточните популации, односно се отстрануваат остарените и
истрошени клетки и клетките кои ја извршиле својата функција. Овој процес уште се
нарекува и програмирана смрт на клетката и истиот е строго контролиран од одредени
фактори кои овозможуваат самоуништување, а клетката низ точно одредени етапи и во
строго зачувана клеточна мембрана. Клетките кои минуваат низ стадиум на апоптоза не
пре-дизвикуваат уништување на околните клетки и затоа процесот на апоптоза многу
често се поистоветува со терминот клеточно самоубиство. Ваквиот процес многу се
разликува од процесот некроза кој обично настанува, како резултат на повреда на
клетките или инфекција на клетките предизвикана од некој хемиски агенс. Гените кои
учествуваат во апоптозата не се гени убијци и тие сами по себе не предизвикуваат смрт
во една витална клетка, туку можат да се одговорни за некои функции на самата клетка.
Но, нивната прекумерна експресија, нивното прекумерно активирање може да доведе до
процесот апоптоза.
Апоптозата како процес настапува во неколку етапи или фази (Слика бр. 93).
Првата фаза е наречена фаза на иницијација, во која клетката ги добива
сигналите
за активирање на апоптозата и во оваа фаза не се забележуваат никакви
морфолошки
промени во клетката.
107
Втората фаза е наречена ефекторна фаза и во неа се одвиваат низа на
биохемиски реакции, при што настануваат низа структурни нарушувања во клетката, но
и
понатаму не се забележуваат морфолошки промени во самата клетка.
Трета фаза е наречена фаза на деградација, се случува веднаш по
нарушувањето
на сите структурни компоненти на клетката во втората фаза, и при оваа фаза
видливи се
низа морфолошки промени во клетката, како што се: губењето на меѓуклеточните
врски
со останатите клетки, набирање на плазмалемата, кондензација на
хроматинот под
јадрената обвивка, како и фрагментирање на ДНК (Апоптоза кај хепатоцити,
Слика 94).
Интересно за крајната фаза од апоптозата е набирањето на плазмалемата и
формирањето на т.н. протрузии. Тоа се делови од цитоплазмата, кои содржат
клеточни
органели и кои можат целосно да се издвојат од клетката како апоптични телца.
Најчесто
појавата на апоптоза е проследена и со активирање на процесот фагоцитоза од
страна
на околните клетки, се со цел отстранување на сите клеточни остатоци од
изумрените
клетки. Сите овие морфолошки промени на клетките, кои минуваат низ
стадиум на
апоптоза можат најдобро да се забележат на електронски микроскоп.
Нормалниот апоптичен процес е карактеристичен за секоја жива клетка, но
неговото нарушување денес се поврзува со следните болести: Алцхајмеровата
болест,
канцерот, различни автоимуни болести и др.

Слика бр.93 Шематски приказ на сите фази од апоптоза

108
http://www.bioscience.org/2005/

Слика бр.94 Апоптоза кај хепатоцити, стрелка, Х&E

11.2 Некроза

Некрозата е случајна смрт на клетките кој е резултат на некој патолошки процес.


Некрозата може да биде предизвикана од некои вируси, хемиски и физички агенси и
зрачења. Во некротичките клетки органелите го зголемуваат својот волумен и во
одреден
момент пукаат,
(Слика бр. 95 ипо што
96). ја исфрлаатгосвојата
Макрофагите голтаатсодржина во екстрацелуларниот
или фагоцитираат простор
целиот материјал од
некротичните клетки, резултирајќи со процес на инфламација.

109
Слика бр.95 Шематски приказа од споредба на апоптоза и некроза

Слика бр.96 Апоптоза и некроза, ЕМ

110
12 ЦИТОДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈА

Цитодиференцијацијата е процес кој се одвива за време на онтоге-нетскиот


развиток, кога клетките се менуваат морфолошки и физиолошки, при што се
специјализираат за вршење на одредена функција. Првичните клетки од кои започнува
процесот на цитодиференцијација се ембрионални или меристемски клетки и истите
имаат способност за брза делба, за разлика од клетките кои произлегуваат од нив, кои
се
посложени и кои немаат толкава способност за делба и се т.н специјализирани клетки.
Сите клетки во организмот водат потекло од оплодена јајце клетка, затоа сите клетки се
генетички идентични.
Еритропоезата е процес на цитодиференцијација на црвени крвни зрнца (Слика
бр. 97).

Слика бр.97 Еритропоеза

Цитодиференцијацијата претставува созревање на клетките и нивните потомци


после неколку клеточни циклуси и претставува прогресивна каракте-ризација и
специјализација на клетките во текот на онтогенетскиот развој. Ембрионалните клетки
освен што се диференцираат имаат можност и да останат во таквата диференцирана
состојба. Одржувањето на клетките во диференцијална или специјализирана состојба ја
овозможува клеточната меморија. Механизмите не клеточната меморија можат да бидат
- цитоплазматски - кој опфаќа молекули од цитоплазмата кои дејствува-ат на
нуклеусот
- автокрини - во кои се вклучени излачени молекули кои дејствуваат на самата
клетка;
- нуклеусни - во кои се вклучени процеси кои дејствуваат на модифи-кација на
ДНК,
односно хроматинот.
Во текот на првите делби на зиготот и при создавањето на бластулата, ќеркините
клетки се меѓусебно идентични и исти како клетката мајка. Во одреден период, со
делбата
на клетката мајка, се создаваат две меѓусебно иден-тични ќеркини клетки кои се
разликуваат од клетката мајка по тоа што се подиференцирани. Ваквиот начин на
делба
е познат под името симетрична дел-ба, затоа што ќеркините клетки се меѓусебно
111
идентични. Меѓутоа, при делбата на клетката мајка можат да настанат и две
меѓусебно
различнни ќеркини клетки, едната идентична на клетката мајка, а другата
подиференцирана од претходната. Таквата делба се нарекува асиметрична делба. Со
процесот на цитодиференцијација се овозможува едноклеточниот зигот да помине во
повеќе-клеточен организам. Кога клетката има способност да се развива во која било
клетка (како што е во раните фази од ембрионалниот развиток) таквата спо-собност се
нарекува тотипотентност. Клетките кои можат да се диференцираат во повеќе типови на
клетки, но не и во сите клетки, имаат плурипотентност (Слика бр. 98).

Слика бр.98 Диференцијација на плурипотентни матични клетки

Коскената срцевина претставува едно од местата каде се создаваат возрасни


матични клетки. Имено, матичните клетки на коскената срцевина имаат способност да се
диференцираат во различни крвни формативни елементи (Слика 99). Матичните клетки
имаат две многу битни карактеристики по кои се разликуваат од останатите клетки:
- тоа се неспецијализирани клетки кои имаат спсобност да се делат во текот
на
долг временски период (често во текот на целиот живот)
- при одредени физиолошки или експериментални услови мо-же да дојде
до
нивна диференцијација (да се трансформираат во клетки со специјална
функција, како што се нервни, мускулни, епителни и сл.)
Освен во ембрионалниот развиток, кога матичните клетки специјализираат во
клетки од кои подоцна ќе се развие срцето, бубрезите, кожата и сл, дискретни
популации
од матични клетки се среќаваат и во одредени ткива (коскена срцевина, мозок,
мускули)
кај возрасни лица и истите имаат за цел да ги заменуваат клетките кои
вообичаено се
губат со нормално и редовно тро-шење, оштетување или заболување.
Се верува дека токму матичните клетки во иднина можат да претставуваат
клеточна база во лекување на многу 112 болести, како што се: Паркинсова болест,
дијабетес
и срцеви заболувања.
Матичните клетки се способни да се обновуваат во текот на долг временски
период. За разлика од мускулните, нервните и останатите клетки кои вообичаено не се
делат, матичните клетки ја имаат таа способност. Таквиот процес на размножување на
матичните клетки повеќе пати е познат под името пролиферација. Од тие причини во
лабораториски услови можат да се создадат милиони клетки.
Кога матичните клетки од неспецијализирани клетки поминуваат во специјализирани
клетки, во тој случај зборуваме за процес на диференцијација (Слика бр. 100). Процесот
на диференцијација е инициран од внатрешни и надворешни сигнали од клетката кои го
иницираат процесот, а тие пак од своја страна се под директна котрола на одредени
гени
кои носат информации за сите структури и функции на клетката. Надворешните сигнали
вклучуваат хемиски материи кои се излачени од други клетки, физички контакт со
соседни
клетки, како и молекули во екстрацелуларниот дел.

Слика бр.99 Диференцијација на матични клетки во крвни формативни елементи

113
Слика бр.100 Процес на диференцијација на матични клетки

Литература:

Michael H. Ross, Wojciech Pawlina (2010): Histology: A Text and Atlas, with Correlated Cell
and Molecular Biology, 6th Edition, LWW; Eighth, North American edition

Luiz Carlos Junqueira, Carneiro, Jose (2005): Basic Histology, text & atlas, New York ; London
: McGraw-Hill, 2005

Tomas Pollard; William Earnshaw (2008): Cell Biology, Elsevier

Diklić, V., Kosanović, Nikolić, J., Dukić, S. (2001): Biologija sa humanom genetikom,
Grafopan,
Beograd
Kuo, John (2007) Electron Microscopy, Methods and Protocols , Second еdition, Humana
Press,
Totowa, New Jersey

114
БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ ЗА АВТОРОТ

Невенка Величкова е родена 1974г во Штип, каде воеднозавршува основно и средно


образование. Дипломира, магистрира и докторира на Институтот по биологија на
Природно-математичкиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

По дипломирањето работи во неколку основни и средни училишта во Штип, учествува


како Teacher Trainers во имплементација на ИКТ технологијата во основните и
средните училишта, проекти главно финансирани од USAID, во Интернационални
проекти во основните и средните училишта (Tempus Joint Europian Project):
Интегрирање на е- учење преку курикулумот за учители (E-Learning).
Со отварањето на Универзитетот “ Гоце Делчев” во Штип, од 2007г. работи на
Факултетот за медицински науки и како професор е ангажирана во наставата по
неколку предмети од областа на Клеточната биологија, Хистологија и Цитогенетика
како на првиот, така и на вториот и третиот циклус на студии. Досега била ментор на
повеќе дипломски и специјалистички трудови и од 2018г е акредитиран ментор е на
третиот циклус на студии.
Автор е на 100-тина трудови во индексирани меѓународни научни и стручни списанија,
кои се прикачени на Репозиториумот на Универзитетот “ Гоце Делчев” во Штип и
цитирани
од страна на други автори. Учествувала со свои усни и постер презентации и била дел
од
голем број на интернационални домашни конгреси. Автор е на неколку скрипти и
практикуми од областа на цитологијата воопшто.
Како раководител и учесник учествувала во неколку меѓународни и домашни проекти,
реалзирала неколу студиски престои во странство и била добитник на странски и
домашни стипендии за истражувачки престој и нејзино стручно усовршување во областа
на биомедицината.

Член е во уредувачкиот одбор на неколку домашни и меѓународни списанија, учествува


во изборот на многу асистенти и доценти, како и во комисиите за одбрана на
магистерски
и докторски дисертации.
Моментално работи како вонреден професор на Факултетот за медицински науки.

Сите научни и стручни публикации и проектни активности на авторот до 2019г можат да


се најдат на следниов линк:

http://eprints.ugd.edu.mk/view/creators/Velickova=3ANevenka=3A=3A.html

115
116

You might also like