You are on page 1of 7

1

Особини на живите организми


Многу особини го разделуваат живото од неживото
При правењето конечна разлика меѓу неживите предмети и живите организми во
природата, ги наброју- ваме основните особини на живите организми. Во тие особини
спаѓаат:
Сл.1
- клеточната градба и животните процеси.
- Живите организми се изградени од клетки
Живите организми се изградени од ситни живи градбени единици (делчиња) - клетки.
Животни процеси
Во живиот организам и во секоја негова клетка се одвиваат животни процеси (исхрана,
дишење, движење, осетливост, излачување, растење, размножување). Смртта на
организмот настанува со престанувањето на животните процеси.
Живите организми се хранат
За да порасне, организмот мора во телото да внесува материи од надворешната
средина. Тоа се постигнува преку исхраната.
Животните и растенијата се хранат на сосема различни начини.
Живите организми дишат
На живите организми им треба енергија за да се движат, да растат, да се размножуваат
итн. Тие ја добиваат потребната енергија со разградување на внесената храна со
помош на гасот кислород. Овој процес се вика дишење.
Живите организми се движат
Ова е очигледно како кај животните, така и кај човекот. Ние ги движиме рацете и
нозете со помош на мускулите. Повеќето организми можат да се движат, барем во
некој период од животот.
Движењето е помалку забележително кај растенијата. Бактериите се најчесто
подвижни.
Сл.2
Сл.3
18
Сл.4
Сл.5
Сл.6
Сл.7
Живите организми се осетливи
Ако се боцнеш со игла, брзо ќе ја тргнеш раката. Ние сме осетливи на остриот врв.
Боцкањето на прстот се вика дразба.
Сите живи организми (и растенијата) одговараат на различни видови дразби кои
доаѓаат однадвор.
Живите организми се ослободуваат од отровните отпадоци
Во живиот организам постојано се разградуваат или се спојуваат различни материи за
притоа да се создаваат нови творби. Некои продукти добиени од овие процеси се
отровни. Кога организмот се ослободува од штетните материи, процесот се вика
излачување.
Живите организми растат
Животните или растенијата се развиваат и со тоа стануваат cè поголеми и потешки. Со
други зборови, тие растат. Растењето е резултат на внесувањето храна во организмот
од надворешната средина.
Живите организми создаваат потомство
Организмите создаваат свои млади. Тоа е познато како размножување. Најчесто,
размножувањето вклучува заедница од две единки, машка и женска и е познато како
полово размножување. Некои едноставни организми можат да се размножуваат сами,
без учество на друга единка. Ова размножување е наречено бесполово.
Провери го своето знаење
1. Заврши го исказот: живите организми се изградени од
2. Дефинирај што е клетка!
3. Дали е точен исказот: живите организми сами ги преработуваат
сите отровни отпадоци?
4. Дали смртта е особина на живите организми? Зошто?
5. Наброј ги животните процеси што ти се познати!
6. Која особина на живите организми не спаѓа во процес?
7. Објасни зашто се размножуваат организмите.
8. Поврзи ги сликите на овие страници со биолошките особини на
живите организми.
19
Б2
Што е клетка?
Клешката е основна жива единица од која се изградени организмите
Клетките можат да имаат најразлична форма. Обично, на цртежите клетката ја
претставуваме со Тойчеста форма (како што е кај некои бактерии), издолжена (кај
мускулната клетка, кај клетките во стеблото на растенијата), разгранета (кај нервните
клетки), правоаголна (кај клетките во ципата на кромидот) итн. (сл. 2).
Како се откриени клетките?
Клетката е откриена пред околу 350 години од англискиот научник Роберт Хук. Хук
испитувал парче кора од дрвото даб. Тој исекол тенко парченце од кората (плута) и го
ставил под микроскоп. Хук опишал дека плутата е составена од мали кутичиња кои
личеле на саќе од пчели. Овие мали кутии тој ги нарекол клетки.
По испитувањето на повеќе организми под микроскоп, на научниците им станало јасно
дека сите живи организми се изградени од клетки.
Оттогаш, клетката се објаснува како основна жива единица 09 која се изградени
организмите.
Големина и форма на клетките
Најголемиот број клетки се многу ситни и можеш да ги видиш само под микроскоп. Но,
има и многу големи клетки. Некои растителни клетки можеш добро да ги видиш и со
око, како, на пример, клетките во портокалот, во калинката и други. Во големите
животински клетки спаѓаат јајцата од птиците (сл. 1).
Сл. 1
Сл. 2
Како можеме да ги видиме клешките?
Човечкото тело е составено од околу 100 милијарди клетки и секоја од нив е многу
мала. Толку мали објекти не објективи можат да се видат ни со око, а дури ни со лупа.
За да ги видиме мора да користиме апарат светлосен микроскоп (сл. 3).
огледалце
Сл. 3
20
20μm
окулар
масичка
ма.
CO
и),
BO
те
т)
Провери го своето знаење
1. Кој научник прв пат видел клетка?
2. Од кое растение е првата видена клетка?
3. Со кој апарат може да се види клетката? 4. Наброј ги растенијата чии клетки можат
да се видат со око!
5. Која животинска клетка може да се види со око, 6. Наброј ги формите на клетката
што ги познаваш!
7. Кои клетки имаат топчеста форма?
8. Кои клетки имаат издолжена форма?
9. Кои клетки имаат разгранета форма?
10. Кои клетки имаат правоаголна форма?
Сл. 5
Додаток
Нов поглед на клешкаша
Во 1930 година е направен нов тип микро- скоп - електронски микроской. Наместо со
свет- лина, во него препаратот се озрачува со СНОП СИТНИ честички електрони. За нив
повеќе ќе дознаеш кога ќе ги изучуваш хемијата и физиката. На овој микроскоп
објектот се гледа на екран, зголемен повеќе од половина милион пати.
-
Со помош на електронски микроскоп клет- ката е истражена во детали. На сл. 5 е
прикажан препарат од човечка крв, видена со електронски микроскоп. Спореди ја со
сликата од кромидот.
Сл. 4
Научник набљудува препарат на електронски микроскоп. Материјалот што го
гледа е претходно специјално подготвен.
21
Б3
Градба на клетката
клеточна мембрана
Да погледнеме во Клетката
цитоплазма
Што има во Внатрешноста на клетката?
Внатрешноста на животинската клетка
На сл. 1 е прикажана градбата на обична животинска клетка. Клетката е обвиена со
тенка клеточна обвивка (мембрана). Внатрешноста на клетката е исполнета со густа
течност цитоплазма. Во центарот на клетката има мало топчесто телце – јадро.
-
Клеточна обвивка (мембрана)
Клеточната обвивка е многу нежна и свитлива. Таа ја обвива клетката и контролира
што влегува и што излегува од неа.
јадро
Сл.1 Животинска клетка
Јадро
Во секоја клетка има јадро. Од некои клетки може да се извади јадрото, но потоа
клетката умира. Од овој обид заклучуваме дека јадрото е неопходно за животот на
клетката. Тоа ги контролира различните процеси кои се одвиваат во клетката. Во
јадрото се сместени ѓените кои му кажуваат на организмот кои особини да ги развие,
како на пример, бојата на очите. Гените ги наследуваме од нашите родители.
Цитоплазма
Цитоплазмата е густа течност што ја исполнува клетката. Во неа се одвиваат
животните процеси и се складираат храната и енергијата. Cè ова се одвива преку
стотици хемиски реакции, од кои е составена размената на Материите со
надворешната средина.
22
Внатрешноста на растителната клетка
Растителната клетка, како и живо- тинската, е составена од клеточна обвивка, јадро и
цитоплазма.
Покрај овие творби, таа ги има и:
• На надворешната страна на кле- точната обвивка, има и цврст клеточен

sud.
клеточен
ѕид
хлорофил
скробни зрнца
јадро

вакуола, која е вакуола
• Во центарот на цитоплазмата нај- често има торбичка исполнета со течност.
• Цитоплазмата содржи скробни зрнца кои се полни со резервна храна - скроб (вид
шеќер).
• Клетките од зелените делови на растенијата содржат зелени зрнца полни со зелена
материја - хлорофил, кој е важен за создавањето храна. Во корењата нема вакви
зрнца.
Обична жана на сл. 2. растителна клетка е прика-
Активности
А. Разгледување на животинска клетка со око или со лупа
1. Донеси јајце од кокошка.
2. Скрши го јајцето во плиток пластичен сад и внимателно разгледај го. Погледни ги
неговите обвивки. Тоа е една клетка.
3. Нацртај го и опиши го тоа што го гледаш.
Б. Разгледување на растителна клетка со око или со лупа
1. Донеси портокал и калинка и расечи ги.
2. Внимателно разгледај ги издолжените клетки кај портокалот и клетките кај
калинката кои имаат неправилна форма.
3. Прво разгледај ги со око, а потоа со лупа.
4. Нацртај го и опиши го тоа што го гледаш.
Сл.2 Растителна клетка
Провери го своето знаење
1. Тенката клеточна обвивка се нарекува и
2. Кои се особините на клеточната обвивка?
3. Која е задачата на клеточната обвивка?
4. Каква форма има јадрото во клетката?
5. Што ќе се случи ако се извади јадрото од клетката?
6. Каква задача има јадрото во клетката?
7. Како се нарекува густата течност во внатрешноста на клетката?
8. Што се случува во цитоплазмата?
9. Обиди се да го објасниш поимот размена на материите со надворешната средина“.
Што може да разменува клетката со средината?
10. Наброј ги заедничките творби кај растителната и животинската клетка.
11. Наброј ги творбите кои ги има само растителната клетка.
12. Каква е улогата на скробните зрнца во растителната клетка?
13. Каква е задачата на зелените зрнца во растителната клетка?
14. Наведи го стручното име на материјата во зелените зрнца.
15. Во кој растителен дел нема зелени зрнца?
23
Б4
Една клетка - повеќе клетки
Исто така, во природата живеат и големите - повеќе- клеточни организми. Тие се
составени од многу клетки, кои се добро организирани и меѓусебно поврзани како кај
мразовецот (сл. 2).
Организмот е изграден од една или од многу прецизно распоредени клетки
Во природата се среќаваат многу мали организми кои се составени од само една
клетка. Таков организам се нарекува едноклеточен. Тој живее независно од другите
живи организми, бидејќи во неговата единствена клетка протекуваат сите процеси кои
му се потребни за живот. За живот му е потребна уште и врска со животната средина
од каде што го користи просторот за живеење, храната, водата, воздухот и друго (сл.
1).
Сл. 2
Клетките формираат ткиво
Во повеќеклеточниот организам, клетките со иста форма и големина, кои извршуваат
иста работа (функција), се поврзани во ткиво. Едно од најосновните животински ткива,
ейишелот (лат. = покожица) е прикажано на сл. 3. Тоа ткиво се наоѓа на површината
од кожата и ги обвива празнините и цевките во телото. Клетките му се наредени како
камени коцки на пат.
Сл. 1 Едноклеточни организми во капка вода
Сл. 3
24
Сл. 4
Сл. 5
Растенијата имаат слично површинско ткиво кое е наречено епидерм (лат. = покорица)
или „кожа на листот“, а е прикажано на сл. 4.
Ткивата формираат органи
Кај посложените животни и човекот, различните ткива се поврзани и градат органи, сл.
5. Органот е сложена творба која извршува одредена функција. Повеќето органи од
човечкото тело се прикажани на сл. 6.
Некои органи извршуваат само една задача (функција): срцето ја испумпува крвта низ
целото тело. Некои органи, пак, извршуваат повеќе задачи, на пример, бубрезите ги
отстрануваат отровните материи и го контролираат количеството вода во телото.
Исто така и растенијата имаат органи: лист, корен, стебло, семка, плод, цвет. Секој
орган ги извршува своите задачи во заедничката работа.
Поделба на работата
Кај повеќеклеточните организми се забележува поделба на работата (функциите)
меѓу различните типови клетки. Исто така, постои и поделба на работата меѓу
различните ткива во еден орган, како и меѓу различните органи. Без оглед кој што
работи, функциите меѓу органите се усогласени 09 нервниот систем. Поради тоа
целиот организам функционира
како единствена целина.
Сл. 6
срце
бели дробови
-желудник црн дроб
црева
666
336
Сл. 6 Спореди ги деловите на измисленото „животно“ со органите кај човекот.
25
26
За брзо да повториш или да истражуваш Живите организми се разликуваат од
неживата природа по тоа што извршуваат различни активности, наречени животни
процеси. Тоа се: исхраната, дишењето, движењето, излачувањето, осетливоста,
растењето и размножувањето.
Клетките се најмали единици на живот. Животинските клетки имаат: клеточна обвивка
и цитоплазма со јадро. Растителните клетки, покрај тоа, имаат и клеточен ѕид, зелени
зрнца, скробни зрнца и вакуола. Ткивото е изградено од многу слични клетки (на
пример, мускулното ткиво е изградено од мускулни клетки).
> Еден орган, како што е срцето, е изграден од повеќе ткива. Тој извршува специјална
работа.
Еден систем на органи, како што е системот за варење, е изграден од повеќе органи и
ткива. Тој систем работи усогласено.
Органи на растението се: стебло, пупки, листови, корен, цвет, семе и плод.
Организмот составен од само една клетка се нарекува едноклеточен. Организмот
може да биде составен од многу клетки и се нарекува повеќеклеточен.
Активности
А. Набљудување органи кај растенија
Наставникот ќе ти даде цело растение или негов дел. 1. Обиди се да ги препознаеш и
именуваш органите на растението, како и нивните функции.
2. Запиши ги во тетратката и соопшти ги во твојата група.
Б. Набљудување органи кај животни
Од наставникот ќе добиеш модели или цртежи на органи од човечкото тело.
1. Обиди се да ги препознаеш и именувај ги органите на човекот (сл.6), како и нивните
задачи (функции).
2. Запиши ги податоците во тетратка и соопшти ги во твојата група.
Провери го своето знаење
1. Објасни како ги разбираш зборовите: ткиво, орган, мускул, епител,
повеќеклеточен.
2. Именувај го системот кој ја врши функцијата:
разнесување кислород низ целото
тело,
варење на храната.
3. Кој систем ги усогласува функциите меѓу различните органи во телото?
4. Именувај два органа во човечкото тело кои работат заедно и два органа кои работат
самостојно.
5. Направи листа на функции кои, според тебе, се вршат во главата.
6. Размисли зашто кај животните главата се наоѓа на предниот дел од телото.
Додаток
Нови делови за стари
Ако се пресечеш, кожата брзо ќе заздрави. Повеќето ткива можат да се обновуваат. Но,
ако некој орган е многу оштетен, или престане да работи, не може да се создаде нов.
За среќа, некои органи се во парови (белите дробови, бубрезите), така што луѓето
можат долго да живеат само со еден од нив. Исто така, луѓето можат да живеат и со
половина од вкупната должина на цревата и само со половина желудник.
Најверојатно си слушнал дека се прават операции за пресадување органи, како што се
бубрезите или срцето. Овие органи најчесто се земаат од луѓе кои настрадале во
сообраќајни незгоди. Органите се чуваат во специјални садови и под одредени услови,
за да се пресадат кога ќе биде потребно.

You might also like