You are on page 1of 2

БИОЛОГИЈА 8 одд.

Тема 5- Варијација

Наставна содржина:

Истражување на варијација кај растенијата 2 час 51

Истражување на варијација кај растенијата 3 час 52

Цели на часот - ученикот /ученичката треба да:

- Истражува варијации во еден вид, вклучувајќи континуирана и неконтинуирана варијација.


- Прави мерења со соодветна точност.
- Користи правилно различна опрема.
-Презентира резултати соодветно, во табели, дијаграми и графикони.

-Од презентацијата минатиот пат видовте како се врши истражување на континуирани и


неконтинуирани варијации кај човек и неконтинуирани варијации кај растенија (погледнете ја
повторно презентацијата);
-Резултатите од мерењата се прикажуваат прво во табела, па на график (најчесто столбест
дијаграм);
- На графикот треба да знаете да определите :мода,медијана и средна вредност (само за
континуирани варијации)
ЗАДАЧА:
- Сега треба да истражуваме континуирани варијации кај растенијата.Она што треба да
го направите е : да соберете листови собрани од сенка и листови на сончева светлина од ист
вид на растение ( Доколку оваа недела има сонце и доколку живеете во двор,соберете по 10
листови кои се наоѓаат во поголем дел од денот на сенка и листови кои се наоѓаа на светлина.
Целта е да истражите дали има разлика во големината на листовите кои растат на сенка и на
сонце).
Доколку не сте во можност да го истражите ова, земете за пример да истражувате некое собно
растение кое го имате дома (или во дворот) ,односно истражувајте ја разликата во неговите
листови.
Напомена:Немојте да ги кинете листовите само набљудувајте ги,односно мерете ги на самото
растение

Што треба да мериме: треба да ја мериме површината на листот,а тоа ќе го направиме со


мерење на неговата должина и ширина . Потоа ја множиме должината по ширината и тоа ни
е вредноста на еден лист.Постапката ја повторуваме на уште најмалку десет листови.
Пример како да мериме:
Откако ќе ги измерите сите листови и ќе добиете резултати составете го планот на истражување
кој треба да содржи :

-Табела на податоци
-Графички приказ (столбест дијаграм)
-На дијаграмот да се обележи мода и медијана

Домашна работа : Задачата зададена погоре која треба да ја сликате и напишете во тетратка
(како истражување)

Прашање 5.1 на стр.68 од учебникот

Одговорите на задачите зададени за домашна работа да се пратат на e-mail


kocevska_anita@yahoo.com или messenger

Најдоцна до 05.04.2020 ( недела)

You might also like