You are on page 1of 9

Гледаме извори на светлина бидејќи светлината од изворот влегува

во нашите очи;
- светлината се јавува со различен интензитет и во различни бои;
-сончевата светлина е бела ,но таа во себе ги содржи боите на
виножитото.Виножито се добива кога сончевите зраци се
прекршуваат низ капките дожд во атмосферата.
-интензитетот на светлина може да се измери(имаа апликации на
интернет со помош на кои тоа може да се направи и со мобилен
телефон);
- постојат провидни ,непровидни и прозрачни материјали;
- провидните пропуштаат многу светлина,непровидните не
пропуштаат светлина, а прозрачните делумно ја пропуштаат;
- сенки настануваат кога изворот на светлина се блокира ;
-светлинските зраци  можат да бидат одбиени од површините
вклучувајќи ги и огледалата и кога одбиената светлина влегува во
нашите очи ние го гледаме предметот
-предметите дел од светлината одбиваат , а дел апсорбираат.Ние го
гледаме прдметот  бојата на зракот кој го одбива.

Текст кој ќе ви помогне подобро да ги разберите нештата


(Како патува светлината)
1.Што е светлината ?
-Светлината е форма на енергија.Светлина е се што регистрираме со
сетилото за вид.
2.Какви извори на светлина има?
-природни(Сонце ,ѕвезди,фосфорни предмети,светулки-
инсекти,молња) и вештачки (батерија,свеќа,сијалица и
др.)Месечината не е извор на светлина.
3.Светлината секогаш патува по права линија!

4. Ако светлината наиде на предмет таа се одбива


(рефлектира).Некои предмети повеќе , а некои помалку ја одбиваат
светлината.Оние кои добро ја одбиваат светлината се добри
рефлектори.Како добри рефлектори се  мазните  и сјајни
површини.Матните , несјајни  површини не толку добро ја
рефлектираат светлината и тие се лоши рефлектори.

Огледлото е добар рефлектор!


 5. Ако на патот на светлината се најде препрека, предмет кој е
непровиден, светлинските зраци не можат да поминат низ него
,туку се попречени и затоа на спротивната страна од изворот на
светлина се јавува темен простор кој го нарекуваме сенка.

 6. Некои предмети воопшто не ја пропуштаат светлината (дебел


картон, дрво, метал и др.), некои делумно ја пропуштаат
(најлон,хартија и др.), а некои целосно ја пропуштаат (стакло).
Таквите предмети кои не ја пропуштаат светлината се непровидни ,
тие што делумно ја пропуштаат се прозрачни , а тие што целосно ја
пропуштаат се провидни.

7.Светлината се разликува по интензитет и боја.

8.Светлината од сонцето е бела светлина. Но таа во себе ги содржи


боите на виножитото. Виножито настанува како резултат на
својството на светлината да се прекршува.
Кога светлинските зраци се прекршуваат од дождовните капки
белата светлина се расчленува (разделува) на нејзините составни
бои(црвена, портокалова, жолта, зелена, сина , виолетова). Исто 
како и во природата можеме да добиеме виножито кога светлината
минува низ стаклен објект наречен призма.Постојат и други начини
да направите виножито.Погленете ја галеријата од слики!
 

 
Запознавање со огледала и користење на огледала

ПРИМЕНА НА ОГЛЕДАЛТА
Огледалата имаат примена во домовите за огледување, како
ретровизори на автомобилите, во надворешноста на некои згради,
во внатрешноста на објекти за да се добие визуелен впечаток дека
просторот е поширок, во стоматолошка ординација, во маркетите за
да можат продавачите да ги набљудуваат муштериите кога
пазаруваат да не дојде до кражба итн. Оваа примена се должи токму
на својството на рефлектирање (одбивање ) на светлината.

ШТО СЕ  ОГЛЕДАЛАТА


Тие се предмети кои се направени од стакло или обложена пластика
на кои задниот дел им  обложен со тенка метална фолија која добро
ја рефлектира светлината. За огледалата велиме дека се предмети
кои добро ја рефлектираат светлината.
Во старо време огледалата се правеле само од
метал(бронза,сребро ,злато и др.), но денешните огледала се обично
измазнети стаклени плочи со сребро на задната страна. Тука
огледало не е стаклото , туку сребрената површина што ја одбива
светлината и сликата. Стаклото само го заштитува мекото
чувствително сребро од гребнатинки и потемнување
Постојат и други сјајни предмети кои не се огледала , но добро ја
рефлектираат светлината.
Но темните предмети слабо ја рефлектираат светлината.Матните
површини се слаби рефлектори во однос на сјајните површини
ОДРАЗОТ ВО ОГЛЕДАЛО Е ОБРАТЕН !

Задача!
Откриј на сликите дадени подолу кои две од нив  се ЛИК и
ОДРАЗ во огледло!
КАКО СЕ ГЛЕДАМЕ СЕБЕ  ВО ОГЛЕДАЛО ?

Светлинските зраци кои не осветлуваат нас се


рефлектираат од нас и патуваат до огледалото од кое
повторно се рефлектираат (одбиваат) и доаѓаат до
нашите очи.
ДИЈАГРАМ КАКО ЗРАКОТ СВЕТЛИНА СЕ РЕФЛЕКТИРА
ОД ОГЛЕДАЛО
КАКО ГИ ГЛЕДАМЕ ПРЕДМЕТИТЕ И ЗОШТО ГИ
ГЛЕДАМЕ ВО БОЈА?
Предметите ги гледаме благодарение на својството на светлината да
се одбива.
Но ние знаеме дека белата светлина ги содржи сите бои на
виножитото.Ако сноп од зраци на бела светлина целосно се одбијат
од некоја површина тогаш во нашите очи доаѓа бела светлина

Но повеќето предмети не ги одбиваат сите бои на белата


светлина .Некои бои ги одбиваат, а некои ги апсорбираат (впиваат)
во себе. Ние ќе го гледаме предметот во онаа боја која е одбиена од
тој предмет.На сликата се претставени зелени пантолони.Тие , сите
бои ги впиваат само зелената ја одбиваат.
Црвената блуза ги апсорбира сите бои освен црвената.Црвената ја
одбива.

Синиот шорц ја одбива сината боја , а другите бои ги


впива(апсрбира)

Наспроти белите предмети кои се бели затоа што ја одбиваат


целосно белата светлина,црните предмети се црни затоа што ја
апсорбираат целосно белата светлина.Црната боја всушност е
отсуство на рефлектирана светлина,нема рефлектирани светлински
зраци.

Перископ

ФЕР ТЕСТ

1. независна променлива е нешто што можеме ние да го


менуваме и да влијае на она што го мериме

2. Одредување независна променлива  во фер тест

3.зависна променлива(дека е она што се менува и го


мериме со менување на независната променлива)

4. контролни променливи се оние нешта кои можат да се


менуваат и да влијаат на зависната променлива  но ние ги
одржуваме константни

5. податоци во табела

6. податоците од табела се претставуваат на столбест дијаграм.


Независната променлива се внесува на хоризонталната оска, а
зависната променлива на вертикалната оска.

You might also like