You are on page 1of 7

Што се очекува да знаеш од оваа тема?

1.Да наведуваш и препознаваш агрегатни состојби на материјата


Задача !
Отткриј ја агрегатната состојба на следните материи:
Песок.памук,вода,најлон,сол,шеќер,мед,масло,водена пареа,дрво

2.Да го знаеш начинот на кој се распоредни честичките во различните агрегатни состојби и


да ја знаеш разликата во начинот на движење на честиците во секоја од агрегатните
состојби(Да умееш тоа да го прикажеш илустративно! работна тетратка стр.5)Учебник стр.8,9

А.Честичките на цврстата материја стојат цврсто една до друга и не се движат, само


вибрираат. Зафатнината (волуменот ) и обликот на материјата во цврста агрегатна состојба се
постојани-не се менуваат.

Б.Честичките на течноста не стојат толку цврто една до друга и можат да се движт лесно.Затоа
течностите течат и го завземаат обликот од долниот дел на садот во кој се
сипени.Зафатнината(волуменот ) им е постојан (непроменлив).

В.Честичките на гасот се оддалечени една од друга и можат брзо да се движат во сите


правци.Затоа го исполнуваат лесно просторот кој ќе го имаат на располагање,можат да течат и
немаат постојана форма.Зафатнината (волуменот) им е непостојан.

3.Да знаеш како се изразени својствата :


-ВОЛУМЕН,
-ОБЛИК,
-ГУСТИНА,
-СТЕПЕН НА КОМПРЕСИЈА(ПОТИСНУВАЊЕ),
-ТЕЧЕЊЕ
кај цврста ,течна и гасовите агрегатна состојба.
Научи го тоа од табелата дадена подолу или на стр.9 во учебникот

СВОЈСТВО ЦВРСТА СОСТОЈБА ТЕЧНА СОСТОЈБА ГАСОВИТА СОСТОЈБА

волумен (зафатнина) Постојана зафатнина Постојана зафатнина Непостојана зафатнина

облик Постојан облик Непостојан облик(го Непостојан облик(го


зафаа обликот на садот) зафаа целиот простор
што го има на
располагање)
Густина(колку е густо) Голема густина Средна густина Мала густина

Степен на компресија Многу низок низок висок


(потиснување)

Дали тече НЕ ДА ДА

4.Да знаеш дека


-испарување се случува кога течноста се претвора во гас.
-гасовитата агрегатна состојба на водата се нарекува водена пареа и е без боја ,мирис и вкус
-на брзината на испарување влијаат повеќе фактори(температура,струење на
воздухот,влажност на воздухот и др.)
-обратен процес од испарување е кондензација(преминување на гасот во течност)
-до кондензација доаѓа при ладење на водената пареа (допир на водената пареа со ладен
воздух,ладни површини итн)
-воздухот содржи водена пареа
-количеството на водена пареа во воздухот се нарекува влажност на воздухот
-влажноста на воздухот позитивно влијае на растот на косата
-капките вода на надворешноста од чашата во која има мраз се всушност кондензирана
водена пареа од воздухот
-облаците се кондензирана водена пареа.Изградени се од ситни честици вода кои се
микроскопски и лесни и лебат во воздухот .Со спојување на милиони такви ситни
микроскопски капки се формираат капки дожд кои паѓаат на Земјата.
стр.6,7 ,10,11,14,15,18,19,20

5.Да умееш да го опишеш кружењето на водата во природата-водниот циклус(стр.16,17)

-да го разбираш водниот циклус како природен процес кој се случува како резултат на
процесот на испарување на водата од површината на Земјата и кондензација на водената
пареа која се издигнала во високите делови на атмосферата каде дошла во допир со
ладниот воздух. Притоа настанува дожд и водата повторно се враќа на Земјата.

-облакот е веќе кондензирана водена пареа.Тоа значи од водената пареа настануваат голем
број кондензирани микроскопски капки вода кои се толку мали и лесни што лебдат во
воздухот.Со спојување на тие многу мали капки вода се формираат поголеми капки кои
паѓаат како дожд на Земјата.

6.Да знаеш дека


-инструментот за мерење температура се вика термометар
-температурата кај нас ја мериме во СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ со ознака °C
-водата мрзне на 0°C а врие на 100°C
-на високите места каде воздухот е редок темературата на вриење на водата може да биде
пониска и од 100°C(прочитај на стр 25 НЕВЕРОЈАТЕН ФАКТ)

-само чистата вода врие на 100°C.Вода која има примеси нема да врие на 100°C

Пример: Солена вода врие на повисока температура од 100°C

-Температурата на вриење се нарекува и ТОЧКА НА ВРИЕЊЕ

-кога водата врие во неа се создаваат меурчиња кои се исполнети со гасот- водена
пареа.Меурчињата испливуваат на површина и пукаат при што водената пареа преминува
во воздухот.

-ТОПЕЊЕ е премин на материјата од цврста во течна агрегатна состојба.Температурата на


која некоја материја се топи се вика ТОЧКА НА ТОПЕЊЕ.

-температурите на топење, точките на вриење на повеќе супстанции истовремено можат


да се претстават со помош на столбести дијаграми (стр.26).Се очекува да умееш да ги
отчиташ содветните темератури од столбестиот дијаграм ,а и да умееш да нацрташ столбест
дијаграм доколку ти се дадени точки на вриење или топење на некои материи.

-Водата мрзне на 0°C .Таа температура на која мрзне водата се вика ТОЧКА НА МРЗНЕЊЕ
на водата.Кога водата мрзне таа се шири.Затоа стаклено шише полно со вода може да пукне
ако се стави во мраз.

-Мразот се топи на 0°C. Таа температуара се вика ТОЧКА НА ТОПЕЊЕ.

-Секоја материја има своја точка на топење и вриење.На температури кои се наоѓаат меѓу
точката на топење и точката на вриење материјата е течна.На температури над
температурата на вриење материјата е гасовита, а на температури под температурата на
топење материјата се наоѓа во цврста агрегатна состојба

Еве сликовито како тоа изгледа за водата!


,(вежбај на стр. 25 во учебник ,стр 8,9 во работна тетратка)

Читај на стр.22,23,24,25,26,27

РАСТВОРЛИВИ И НЕРАСТВОРЛИВИ МАТЕРИИ ВО ВОДА.

Треба да знаеш дека:

-Супстанциите кои се раствораат во вода(сол,шеќер и др.) се растворливи во вода

-Супстанциите кои не се раствораат во вода(песок,брашно и др.) се нерастворливи во вода

ОДДЕЛУВАЊЕ НА ЦВРСТИ (РАСТВОРЛИВИ И НЕРАСТВОРЛИВИ МАТЕРИИ ОД ВОДА)

Што треба да знаеш?

1.Цврсти нерстворливи материи во вода чии честички се покрупни од водата можат да се


одвојат со помош на сито.Важно е големината на отворите на ситото да се помали од
големината на честичките од цврстста нерастворлива материја која сакаме да ја одделиме
од водата.

(Пример: одделување на ориз од вода)

2.Цврсти нерастворливи материи во вода чии честички се ситни од водата можеме да ги


одвоиме со постапката на филтрирање користејќи притоа инка и филтерна
хартија.(стр.34,35)

(Пример : одделување на брашно од вода)

Филтерната хартија исто така има ситни отвори-пори но тие отвори се помали од ситните
честички на нерастворливата материја.Така филтерната хартија не дозволува да поминат
ситните честички на нерастворливата материја низ неа.

ОДДЕЛУВАЊЕ НА ЦВРСТИ МАТЕРИИ ОД СУВА СМЕСА ЧИИ ЧЕСТИЧКИ ЗНАЧИТЕЛНО СЕ


РАЗЛИКУВААТ ВО ГОЛЕМИНАТА

Доколку имаме сува смеса со два вида на материја, нивното одвојување се прави врз основа
на некој поизрзена разлика.Пример големината на честичките.За тоа е потребно СИТО(Со
сито/сеење можат да се одвојат материи чии честички значително се разликуваат во
големината така што покрупните честички треба да бидат поголеми од отворите на ситото за
да може да се задржат во ситото ,а поситните честички од другата материја да се помали од
отворите на ситото и да поминат низ нив )

Пример: Одделување на ориз и брашно


ОДДЕЛУВАЊЕ НА ЦВРСТИ РАСТВОРЛИВИ МАТЕРИИ ОД ВОДА

Постојат и цврсти растворливи материи во вода како сол и шеќер.

Кога сол се додава во вода секое зрно сол се разложува(распрскува) на голем број ситни
честички чија големина е толку мала што тие можат да поминат низ отворите на филтерната
хартија.Затоа постапката на филтрирање тука не ни помага.

За да се одделат цврстите растворливи материи од вода е потребно да се примени друга


постапка , а тоа е постапката испарување на водатата.

Откако ќе испари водата на дното на садот ќе остане материјата која пред тоа била
растворена во водата.

На ваков начин се добива солта од морињата.

Од концентрирани раствори (раствори во кои има големо количество растворена материја)


можеме да добиеме кристали со испарување на растворувачот-водата.(стр 32,33)
(КРИСТАЛИЗАЦИЈА)

ПОЈАСНУВАЊЕ!

Во учебникот се споменува заситен раствор.Тоа е оној раствор во кој ако додаваме уште од
растворливата материја таа нема да се раствора туку ќе почне да се таложи на дното.Од
вакви заситени раствори можеме да добиеме кристали со постапката што е опишана на
стр33.

ОДДЕЛУВАЊЕ НА ШЕЌЕР ОД СОЛ

Навидум шеќерот и солта се многу слични.И двете материи имаат бели кристалчиња кои се
растворливи во вода.

Но,ако внимателно се споредат постојат разлики во обликот на кристалчињата на шеќерот и


солта,така што кристалчињата на шеќерот се поиздолжени .Исто така кристалите на
шеќерот се посветли.Солта во близина на шеќерот изгледа бледосиво.

Во однос на нивната растворливост во вода ,солта се раствора полесно во вода.

Но, научниците за да ги одделат овие две материи користат специјални течности во кои се
раствора шеќерот, а солта не се раствора.Тие специјални течности се посебни растворувачи.

ОДДЕЛУВАЊЕ НА ЖЕЛЕЗНИ,ЧЕЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ ОД СМЕСА

Знаејќи дека железото,челикот има магнетизирачки својства ,за одвојување на железни или
челични предмети од смеса може да се користи магнет
ВЕЖБИ!

Пробај да ги решиш следните проблеми!

1. Одреди ги чекорите кои ќе ги превземеш за да одвоиш од смеса песок и сол!

На располагање имаш :сито,инка филтерн хртија,стаклени садови , решо,магнет.

Напомена!

Употреби само она што сметаш дека ти е потребно!

Во текот на работата по потреба можеш да додадеш вода доколку ти е потребна ,но на крај
треба сите материи од смесата да ги имаш одделено секоја засебно .

2.Одреди ги чекорите кои ќе ги превземеш за да одвоиш ориз,брашно и сол од смеса!

На располагање имаш :сито,инка филтерн хртија,стаклени садови , решо,магнет.

Напомена!

Употреби само она што сметаш дека ти е потребно!

Она што се бара од тебе е да накрј ги добиеш сите три материи одделно.

Во текот на работата по потреба можеш да додадеш вода доколку ти е потребна ,но на крај
треба сите материи од смесата да ги имаш одделено секоја засебно .

3. Одреди ги чекорите кои ќе ги превземеш за да одвоиш од смеса ситни железни


струганици,сомелена креда и шеќер во прав .

На располагање имаш: сито,инка филтерн хртија,стаклени садови , решо ,магнет.

Напомена!

Употреби само она што сметаш дека ти е потребно!

Во текот на работата по потреба можеш да додадеш вода доколку ти е потребна ,но на крај
треба сите материи од смесата да ги имаш одделено секоја засебно .

You might also like