You are on page 1of 2

Одделување цврсти материи од течности

1. Раствор се формира кога некои супстанци можат да се растворат во вода или


во некои други течности. Растворите се состојат од два дела:
а) Растворена супстанца - материјалот што се раствора;
б) растворувач - течноста во која растворената супстанца се раствора.
Откако ќе се раствори во течноста, растворената супстанца веќе не може да се
забележи. По растворањето, честичките на растворената супстанца се
распределуваат помеѓу честичките на растворот. Ваквите материи се наречени
растворливи.
3. Одделување цврсти (растворливи и нерастворливи) материи од вода
а) Цврсти нерстворливи материи во вода чии честички се покрупни од водата можат
да се одвојат со помош на сито. Важно е големината на отворите на ситото да се
помали од големината на честичките од цврстата нерастворлива материја која
сакаме да ја одделиме од водата. (Пример: одделување на ориз од вода)
б) Цврсти нерастворливи материи во вода чии честички се ситни, од водата можеме
да ги одвоиме со постапката на филтрирање користејќи притоа инка и филтерна
хартија. (стр.34,35) (Пример: одделување на брашно од вода). Филтерната хартија
исто така има ситни отвори-пори, но тие отвори се помали од ситните честички на
нерастворливата материја. Така филтерната хартија не дозволува да поминат
ситните честички на нерастворливата материја низ неа.
4. Одделување на цврсти материи од сува смеса чии честички значително се
разликуваат во големината
а) доколку имаме сува смеса со два вида на материја, нивното одвојување се прави
врз основа на некоја поизразена разлика (пример: големината на честичките). За тоа
е потребно сито (Со сито/сеење можат да се одвојат материи чии честички
значително се разликуваат во големината така што покрупните честички треба да
бидат поголеми од отворите на ситото за да може да се задржат во ситото, а
поситните честички од другата материја да се помали од отворите на ситото и да
поминат низ нив). Пример: Одделување на ориз и брашно
5. Одделување на цврсти растворливи материи од вода
Постојат и цврсти растворливи материи во вода како сол и шеќер. Кога сол се
додава во вода, секое зрно сол се разложува (распрскува) на голем број ситни
честички чија големина е толку мала, што тие можат да поминат низ отворите на
филтерната хартија. Затоа постапката на филтрирање тука не ни помага. За да се
одделат цврстите растворливи материи од вода е потребно да се примени друга
постапка, а тоа е постапката испарување на водата. Откако ќе испари водата, на
дното на садот ќе остане материјата која пред тоа била растворена во водата.
На ваков начин се добива солта од морињата.
6. Кристализација- од концентрирани раствори (раствори во кои има големо
количество растворена материја) можеме да добиеме кристали со испарување на
растворувачот-водата.(стр 32,33) [ПОЈАСНУВАЊЕ! Во учебникот се споменува заситен
раствор.Тоа е оној раствор во кој ако додаваме уште од растворливата материја таа нема да се
раствора туку ќе почне да се таложи на дното.Од вакви заситени раствори можеме да добиеме
кристали со постапката што е опишана на стр 33.]
7. Одделување на шеќер од сол
Навидум шеќерот и солта се многу слични. И двете материи имаат бели
кристалчиња кои се растворливи во вода. Но, ако внимателно се споредат постојат
разлики во обликот на кристалчињата на шеќерот и солта, така што кристалчињата
на шеќерот се поиздолжени. Исто така кристалите на шеќерот се посветли. Солта
во близина на шеќерот изгледа бледосиво, во однос на нивната растворливост во
вода, солта се раствора полесно во вода. Но, научниците за да ги одделат овие две
материи користат специјални течности во кои се раствора шеќерот, а солта не се
раствора. Тие специјални течности се посебни растворувачи.

You might also like