Professional Documents
Culture Documents
Prirodni Tema 1
Prirodni Tema 1
Б.Честичките на течноста не стојат толку цврто една до друга и можат да се движт лесно.Затоа
течностите течат и го завземаат обликот од долниот дел на садот во кој се
сипени.Зафатнината(волуменот ) им е постојан (непроменлив).
Дали тече НЕ ДА ДА
-да го разбираш водниот циклус како природен процес кој се случува како резултат на
процесот на испарување на водата од површината на Земјата и кондензација на водената
пареа која се издигнала во високите делови на атмосферата каде дошла во допир со
ладниот воздух. Притоа настанува дожд и водата повторно се враќа на Земјата.
-облакот е веќе кондензирана водена пареа.Тоа значи од водената пареа настануваат голем
број кондензирани микроскопски капки вода кои се толку мали и лесни што лебдат во
воздухот.Со спојување на тие многу мали капки вода се формираат поголеми капки кои
паѓаат како дожд на Земјата.
-само чистата вода врие на 100°C.Вода која има примеси нема да врие на 100°C
-кога водата врие во неа се создаваат меурчиња кои се исполнети со гасот- водена
пареа.Меурчињата испливуваат на површина и пукаат при што водената пареа преминува
во воздухот.
-Водата мрзне на 0°C .Таа температура на која мрзне водата се вика ТОЧКА НА МРЗНЕЊЕ
на водата.Кога водата мрзне таа се шири.Затоа стаклено шише полно со вода може да пукне
ако се стави во мраз.
-Секоја материја има своја точка на топење и вриење.На температури кои се наоѓаат меѓу
точката на топење и точката на вриење материјата е течна.На температури над
температурата на вриење материјата е гасовита, а на температури под температурата на
топење материјата се наоѓа во цврста агрегатна состојба
Читај на стр.22,23,24,25,26,27
Филтерната хартија исто така има ситни отвори-пори но тие отвори се помали од ситните
честички на нерастворливата материја.Така филтерната хартија не дозволува да поминат
ситните честички на нерастворливата материја низ неа.
Доколку имаме сува смеса со два вида на материја, нивното одвојување се прави врз основа
на некој поизрзена разлика.Пример големината на честичките.За тоа е потребно СИТО(Со
сито/сеење можат да се одвојат материи чии честички значително се разликуваат во
големината така што покрупните честички треба да бидат поголеми од отворите на ситото за
да може да се задржат во ситото ,а поситните честички од другата материја да се помали од
отворите на ситото и да поминат низ нив )
Кога сол се додава во вода секое зрно сол се разложува(распрскува) на голем број ситни
честички чија големина е толку мала што тие можат да поминат низ отворите на филтерната
хартија.Затоа постапката на филтрирање тука не ни помага.
Откако ќе испари водата на дното на садот ќе остане материјата која пред тоа била
растворена во водата.
ПОЈАСНУВАЊЕ!
Во учебникот се споменува заситен раствор.Тоа е оној раствор во кој ако додаваме уште од
растворливата материја таа нема да се раствора туку ќе почне да се таложи на дното.Од
вакви заситени раствори можеме да добиеме кристали со постапката што е опишана на
стр33.
Навидум шеќерот и солта се многу слични.И двете материи имаат бели кристалчиња кои се
растворливи во вода.
Но, научниците за да ги одделат овие две материи користат специјални течности во кои се
раствора шеќерот, а солта не се раствора.Тие специјални течности се посебни растворувачи.
Знаејќи дека железото,челикот има магнетизирачки својства ,за одвојување на железни или
челични предмети од смеса може да се користи магнет
ВЕЖБИ!
Напомена!
Во текот на работата по потреба можеш да додадеш вода доколку ти е потребна ,но на крај
треба сите материи од смесата да ги имаш одделено секоја засебно .
Напомена!
Она што се бара од тебе е да накрј ги добиеш сите три материи одделно.
Во текот на работата по потреба можеш да додадеш вода доколку ти е потребна ,но на крај
треба сите материи од смесата да ги имаш одделено секоја засебно .
Напомена!
Во текот на работата по потреба можеш да додадеш вода доколку ти е потребна ,но на крај
треба сите материи од смесата да ги имаш одделено секоја засебно .