You are on page 1of 7

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР по Природни науки 2020

4 (четврто) одделение

1. Во струјното коло прикажано на сликата се поврзани батерија, прекинувач и обична


светилка. Ако го промениме поларитетот на батеријата, односно ги смениме
половите „плус“ и „минус“, тогаш светилката:

а) нема да свети
б) ќе свети послабо
в) ќе свети посилно
г) ќе свети со ист сјај
3 бода

2. Во струјното коло прикажано на сликата се поврзани батерија, прекинувач и обична


светилка и притоа светилката свети. Ако, помеѓу точките 1 и 2 поврземе спроводна
жица, тогаш светилката:

а) нема да свети
б) ќе свети послабо
в) ќе свети посилно
г) ќе свети со ист сјај
3 бода

3. Сметката што ја плаќаме за струја, всушност е сметка за користење на:


а) спроводливоста на спроводниците во домот
б) јачината на електричната струја
в) напонот на електричната мрежа
г) електричната енергија
3 бода
4. Наставничката ги поделила учениците во четири групи. Секоја група добила задача
да направи електромагнет со помош на метален шраф и спроводна жица.
Изработките на секоја од групите се претставени на сликата (бројот ја означува
групата). Потоа, секој од електромагнетите го приклучувале на батерија од 9 V. Која
група направила најјак електромагнет, односно електромагнет чие магнетно поле е
најјако?

а) група 1
б) група 2
в) група 3
г) група 4
2 бода

5. На сликата е прикажан магнет во облик на потковица заедно со магнетните силови


линии претставени со ситни железни струготини посипани близу магнетот. Во врска
со магнетот и магнетните силови линии се дадени неколку тврдења. Од паѓачкото
мени одбери ДА ако тврдењето е точно или НЕ ако тврдењето е погрешно.

а) На местата каде магнетните силови линии се најгусти, таму магнетното поле е најјако.ДА НЕ
б) Струготините се придвижени и распоредени во линии под дејство на електрична енергија.
ДА НЕ
в) Без разлика дали користиме железни струготини за визуелизација на магнетното поле,
околу секој магнет постои магнетно поле. ДА НЕ
г) Магнетот на сликата претставува перманентен (постојан) магнет. ДА НЕ
д) Магнетот на сликата претставува електромагнет. ДА НЕ
ѓ) Железните струготини кои го визуелизираат магнетното поле на магнетот всушност се
однесуваат како мали магнетни игли. ДА НЕ
6 бода
6. Звукот како механички бран се шири со дадена брзина која зависи од својствата на
средината во која се шири. На сликата е даден столбест дијаграм за брзината на
звукот (во метри во секунда - (m/s)) низ три различни средини, и тоа вода, воздух и
железо. Секоја од средините A-B-C редоследно се:

а) вода-воздух-железо
б) вода-железо-воздух
в) воздух-железо-вода
г) воздух-вода-железо
д) железо-воздух-вода
ѓ) железо-вода-воздух
3 бода

7. На сликата преку брановидна шема се прикажани три звучи бранови. Брановите се


означени со A, B и C. Согласно сликата, дадени се неколку тврдења. Од паѓачкото
мени одбери ДА ако тврдењето е точно или НЕ ако тврдењето е погрешно.
а) Звучниот бран C е повисок од звучниот бран А. ДА НЕ
б) Звучниот бран B има поголема јачина од звучниот бран А. ДА НЕ
в) Звучните бранови А и B имаат иста висина. ДА НЕ
г) Звучниот бран C има поголема јачина од звучниот бран А. ДА НЕ
д) Звучниот бран B има најмала висина од сите три звучни бранови. ДА НЕ
5 бода

8. Од паѓачкото мени одбери ДА ако тврдењето е точно или НЕ ако тврдењето е


погрешно.
Гасот хлор е безбоен. НЕ
Воздухот е смеса од два гаса. НЕ
Мразот е помалку густ од течната вода иако тој е во цврста агрегатна состојба. ДА
Супстанците што имаат постојан волумен НЕ МОЖЕ да течат. НЕ
Железото може да биде течно на висока температура. ДА
Водната пара може да биде потопла од 100 °С. ДА
6 бода

9. Од паѓачкото мени одбери за која агрегатна состојба на материјата станува збор.


Може да тече и не е густа. гасовита
Ако се префрли од еден сад во друг, ќе си го задржи обликот. цврста

Други погрешни одговори:


течна
2 бода
10. На слика 1 се прикажани неколку видови риби. При тоа, А претставува цртеж на риба
со нејзините главни карактеристики. На останатите слики (B-F) се прикажани различни
видови риби и тоа на сликата означена со B е претставена рибата костреш, со C –
македонска пастрмка, D – крап, E – бела мрена и F – плашка. Твоја задача е да го
составиш клучот за идентификација на прикажаните видови риби прикажан на слика 2.
Од паѓачкото мени за секој број од празните полиња на слика 2 одбери го точниот
одговор.

Слика 1

A. Приказ на надворешна градба на риба

B. Костреш C. Македонска пастрмка

D. Крап E. Бела мрена


F. Плашка

Слика 2

Паѓачко мени

Clue Одговор Бодови


A Дали телото е препокриено со темни пруги? 1 1
B Костреш 2 2
C Македонска пастрмка 3 2
D Дали рибата има мустачки? 4 1
E Плашка 5 2
F Дали рибата поседува два пара на мустачки? 6 1
G Крап 7 2
H Бела мрена 8 2

13 бода
11. За секое од тврдењата означи дали е точно или неточно! Одбери од паѓачкото мени.
1. Кафеавата мечка не живее во прерии. ТОЧНО
2. Јачината на земјотресот се мери со келвинова скала. НЕТОЧНО
3. Прешлените кај рисот продолжуваат во опашка. ТОЧНО
4. Арктикот е северен пол. ТОЧНО
4 бода

You might also like