You are on page 1of 6

21.05.

2016
ДРУШТВО НА БИОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ДРУШТВО НА ФИЗИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА
СОЈУЗ НА ХЕМИЧАРИ И ТЕХНОЛОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР по Природни науки за 5. (петто) одделение

Вкупно бодови 100


Освоени бодови _____

1. Подолу се дадени неколку слики на кои се претставени делови од цветно


растение и фазите од животниот циклус на цветните растенија.

А) Твоја задача е да ги препознаеш деловите на растението и фазите од


неговиот животен циклус. Точнте поими напиши ги на празните линии! (Една
фаза од животниот циклус може да биде претставена со повеќе слики.)

1
2

4 5

9
7 8

  1
1. ’Ртење
2. Младо дрво / младо растение
3. Семка / семе/ семче
4. Изданок / садница
5. Возрасно растение
6. Младо дрво / младо растение
7. Плод / плод со семка
8. Цвет
9. ’Ртење

9 поени

Б) Во празните полиња подреди ги редоследно бројките од дадените слики!

3
7 1

8 9

5 4

6 2

В) Животниот циклус започнува со сликата под број _3_ и означува


семка/семе/семче.
___ /20 б.

2. Разгледај ја следнава табела и одговори на поставените прашања.

Температура на Температура на
Назив на супстанца
топење / °С вриење / °С
Вода 0 100
Сол 808 1465
Пропан 188 42
Бутан 135 1
Бензен 5,5 80
Етанол 117 78,5
Железо 961 2212
  2
Хлор 101 35
Жива 39 234

А) На собна температура, супстанци во течна агрегатна состојба се: вода,


бензен, етанол и жива. (4)

Б) Најтешко се топи железото.

В) Метали се: железо и жива

Г) На 80 °С цврсти супстанци се: солта и железото

___ /10 б.

3. А. Честичките на супстанцата во чашата на сликата се преставени со цртежот:


А, Б или В? Заокружи ја буквата под соодветната слика.

A Б В

___ /1 б.

Б. Според цртежите А, Б и В погоре класифицирај ги следниве супстанци во


однос на распоредот на нивните честички: ацетон, креда, кислород и злато.

А Б В
Креда
кислород ацетон злато

___ /4 б.

4. Во врска со раздвојувањето на компонентите од смеса, поврзи ги соодветните


информации од двете колони.

1. Ориз и грав А) Магнетна сепарација


2. Спојници и гуми Б) Просејување
за бришење В) Испарување на
3. Брашно и вода растворувачот
4. Морска вода Г) Филтрација
5. Шеќер и вода
___ /5 б.
1-Б 2-A 3-Г 4-В 5-В (и 3-В може да се признае)
  3
Во прашањата во кои се бара образложение, тоа може да биде во вид на текст, цртеж или скица.

5. Тврдењето за тоа дека во зима e студено бидејќи Земјата е поодалечена


од Сонцето, а во лето е потопло бидејќи Земјата е поблиску до Сонцето е:
а) точно б) неточно

Заокружете го точниот одговор поврзан со тврдењето. (6 бодови)


Образложи го твојот одговор. (максимум 6 бодови)
Во различни делови на Земјата истовремено владеат две различни годишни времиња,
зима-лето или пролет-есен и покрај тоа што тие се на исто растојание од Сонцето. Но,
поради искосеноста на замислената оска на Земјата, тие различни делови различно се
осветелни од Сонцето. Кога во северната хемисфера е лето, зраците од Сонцето во тој дел
паѓаат нормално на површината и ја загреваат повеќе. За тоа време, на јужната страна од
планетава, зраците од Сонцето паѓаат искосено во однос на површината на Земјата и
поради тоа тие области се загреваат помалку и таму владее зима.

6. Патеката на Земјата околу Сонцето се нарекува орбита.

а) Во Сончевиот систем орбитата е црна линија.


б) Во Сончевиот систем орбитата е замислена линија.
в) Во Сончевиот систем орбитата е темна линија од ситна прашина.
г) Во Сончевиот систем орбитата е светла линија од ситна прашина осветлена од
сончевите зраци.
Заокружи го точниот одговор. (4 бодови)
Образложи го твојот одговор. (максимум 4 бодови)
Во вселената не постојат “изградени” и обележени патеки. Планетите на својот пат не
оставаат траги. Тие се замислени за да може да се обележи патеката каде што планетите
се движат и да може да се предвиди местото на кое тие ќе се најдат во одреден момент. На
цртежите и сликите се исцртуваат само за да може да се замисли полесно движењето на
планетите.

7. Ноќе кога ја гледаш Месечината, светлината од неа до Земјата патува за:

а) помалку од 8 минути
б) повеќе од 8 минути
в) околу 8 минути
г) 27 дена
Заокружи го точниот одговор. (5 бодови)
Образложи го твојот одговор. (максимум 5 бодови)
Растојанието од од Сонцето до Земјата, кое изнесува околу 150 милиони километри,
светлината го изминува за време нешто подолго од 8 минути. Месечината е на
растојанието од само околу 400 000 километри. Светлината го изминува овој пат за многу
пократко време.
8. Наброј најмалку три карактеристични особини или факти за Сонцето и најмалку три за
Месечината. (максимум 6 бодови)

Сонце:
- ѕвезда
- гасовито тело
- има облик на топка
- емитира светлина
- емитира топлина
- се наоѓа во галаксијата Млечен пат
- најголем објект во Сончевиот систем
-

Месечина
- Земјин сателит
- врти околу Земјата за околу 27 дена
- има облик на топка
- темно тело
- карпесто тело

9. Во темна просторија не ги гледаме предметите бидејќи:

а) Во темно, од нашите очи воопшто не излегува светлина.


б) Во темно, од нашите очи излегува многу малку светлина.
в) Нема светлина која од нашите очи би стигнала до предметите.
г) Нема светлина која од предметите би стигнала до нашите очи.
Заокружи го точниот одговор. (4 бодови)
Образложи го твојот одговор. (максимум 4 бодови)
За да видиме еден предмет, тој мора да биде осветлен. Светлината од него се одбива во
околината. Ако таа одбиена светлина влезе во очите, тогаш тој предмет ќе биде виден.
Очите не емитираат светлина и не ги осветлуваат предметите

10. Часовникот со стрелки покажува точно 3:00 часот. Скицирај како ќе изгледа
часовникот во рамно огледало. (12 бодови)

рамно огледало
12

9 3

6
11. Во кој дел од денот твојата сенка на песокот од плажата ќе биде поголема, на
зајдисонце или напладне? (4 бодови)

Сенката е поголема на зајдисонце.

You might also like