You are on page 1of 7

МАКЕДОНСКО БИОЛОШКО ДРУШТВО 23.3.2019 г.

6. РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА


9. одделение (одговори)

1. Анализирај ги сликите. Наведи 5 синџири на исхрана и запиши ги.

Дозволено е повторување на исти организми, но крајниот резултат да биде - 5 различни синџири на


исхрана со најмалку 5 алки во еден синџир! На празните полиња наведи го живеалиштето за секој
синџир на исхрана. (Нема да се признаваат нацртани стрелки на сликите како одговор!)

Сончева енергија – трева – зебра – лав – бактерија савана/тропски екосистем


________________________________________________________ ____________________________
Сончева енергија – трева – овца – волк - бактерија савана
________________________________________________________ ____________________________
Сончева енергија – пченка – глушец – змија - орел - габа/ насад
________________________________________________________ ____________________________
Сончева енергија – трева – зајак – змија – орел – габ шумско ж./шумски екосистем
________________________________________________________ ____________________________
Сончева енергија – фитопланктон – риба – орел – бактерија водно живеалиште/езерски екосистем
________________________________________________________ ____________________________

Точно наведен синџир (1) и живеалиште (1) се бодуваат со 2 бода.


10 б.
2. Сигурно ти е познат дихитомниот клуч за одредување на видовите. Во клучот, во секое од малите кавадтатчиња, внеси ги исказите ДА и
НЕ, додека во првоаголниците внеси го конкретното прашање со кое го креираш клучот, а те носи до соодветнот одговор ДА или НЕ. Во
кругчињата внеси го бројот на животното до кој те донел клучот што си го креирал!
НАПОМЕНА: При креирањето на клучот избегнувај да употребуваш прашања поврзани со пигментација на телото!

Се признаваат варијацијата на прашања кои опфаќаат морфолошки карактери врз основа на кои се детерминираат видовите. 17 б.
3. Креирај лабораториски експеримент во кој ќе поставиш 68 семиња од едно растение во
различни садови на различни температурни услови во период од 6 дена.
Во табелата, на првата колона сам/ внеси различни вредности на температура од 0 °C до 24
°C (почнувајќи од 0 °C) , а во втората колона сам внеси различен број на из’ртени семиња на
соодветната температура.

Температура °C Број на из’ртени семиња


0 0
4 3
7 6
12 10
17 14
21 22
24 38

Конструирај линиски график со вредностите кои си ги добил/а при експериментот:

Одговори ги прашањата кои се однесуваат на твојот график :

1. Која променлива е зависна? __________број на изртени семиња_________________


2. Која променлива е независна? ______температура_____________________
3. Предвиди го бројот на из’ртени семиња на 28 °C: __________45_________________
4. Предвиди го бројот на из’ртени семиња на 100 °C: ____________умираат_______________
5. Објасни ги последните предвидувања: ____________на повисока температура ќе изртат
поголем број на семиња, додека на 100 степени растенијата ќе изумрат

22б.
4. Мангровата растителност е застапена во морските субтропски и тропски крајбрежја.
Благодарение на бавното движење на водата, во овие области се акумулираат фини
седименти (мил). На тој начин мангровите дрва растат на почва, но постојано се потопени во
вода. Нивните корења често растат кон површината на водата, така што мангровите дрва
изгледаат како да „стојат“ над површината на водата. Токму благодарение на корењата се
постигнува стабилност на крајбрежјето каде морското ниво се менува најмалку два пати
дневно. Постојат околу 80 видови мангрови дрва со различна форма на корења кои
опстојуваат во почвени услови со ниска концентрација на кислород. Некои видови се
снабдени со два типа на корења - подземни и надземни кои пак се снабдени со мали отвори,
наречени лентицели, преку кои навлегува кислород. Други видови ги користат своите корења
за филтрација на водата со цел самите да се хидрираат, или пак преку нив ја апсорбираат
солта во кората. Постојат и такви видови мангрови дрва кои поседуваат механизам за
екскреција на солта преку посебни жлезди кои овозможуваат складирање на солта во нивните
листови.

Одговори на прашањата:

Препознај и наведи четири адаптации на мангровите дрва за опстанок во нивното живеалиште:

Адаптација на орган функција


Лентицели на подземни корења За снабдување со кислород во услови на ниска
концентрација на истиот
Кора на корен Учествува во апсорбирање на солта од водата
дозволувајќи му на растението хидрација
корења Преку кои се филтрира солта од водата
Жлезди на листови За екскреција на внесената сол од водата која е
штетна (токсична) за растението

Анализирај ги карактеристиките на живеалиштето на мангровите дрва кои се однесуваат на типот на


вода, промената на нивото на водата, ризикот од суша, а потоа размисли како се разликуваат од
слатководното живеалиште на жолтиот лотос во Охридското Езеро. Наведи ги разликите:

Мангрово дрво Жолт лотос

Тип на вода Солена Слатка

Дневна или сезонска дневна Сезонска


промена на ниво на вода?
Не, бидејќи корењата Да, бидејќи повлекувањето на
постојано се наоѓаат под водата во одредена сезона
вода или мил може да го остави жолтиот
Постои ли ризик од суша и лотос (чие живеалиште е во
зошто? крајбрежната зона) без вода.

10 б
5. Во дадениот крстозбор внеси ги соодветните одговори на поставените прашања

Хоризонтално
4. Структура која го содржи ембрионалното растение; се формира од плодницата по оплодувањето
6. Структура која ги содржи семињата, а се развива од плодницата по оплодување.
7. Делови на цветот кои се живо обоени и со тоа ги привлекуваат инсектите.
8. Клетката која се формира кога ќе се спојат машката и женската гамета.
9. Минерална сол која на растенијата им е потребна за создавање на хлорофил.
11. Вид на нерастворлив јаглехидрат, најчесто складиран во листовите и останатите делови на растението.
12. Супстанци кои содржат минерални соли и се додаваат на почвата за да им помогне на растенијата подобро
да растат.
13. Пренесувањето на полен од прашничките ќеси до устенцето.
15. Соединување на машка и женска гамета.
16. Слатка течност која ја произведуваат цветовите за да привлечат инсекти.

Вертикално
1. Структура во внатрешноста на плодницата на цветот, која ги содржи женските гамети.
2. Многу млад организам, на пример, растение во развој дури е сè уште во семето.
3. За да се распространат; плодовите им помагаат на семињата во .....
5. Зрна во вид на прав кои ги содржат машките гамети.
6. Машките органи на цветот во кои се создава полен.
10. Минерална сол која му е потребно на растението за да создава протеини и да расте.
14. Делот од цветот кој ги прифаќа поленовите зрна при опрашување.

16 б
6. Во табелата е претставена бројноста на Gyps fulvus во Македонија.

Gyps fulvus – двојки


-
Демир Мариово Тиквешко Осогово Матка Вкупно
Капија езеро двојки
2003 4 4 9 6 1 24
2004 9 3 9 4 1 26
2005 7 4 4 0 1 16
2006 3 4 5 0 0 12
2007 3 4 4 0 1 12
2008 5 5 5 0 0 15
2009 4 4 5 0 0 13
2010 6 3 2 0 0 11

Конструирај столбест график преку кој ќе ја претставиш вкупната бројност на двојките од


овој вид, а потоа одговори на прашањата.

Ако се менува бројноста на популацијата на Gyps fulvus во дадениот период?


_______________________популацијата опаѓа________________________

Претпостави ги можните причини за промена на бројноста на популацијата на овој вид?


________________________криволовство со отров – индирекнто загрозување
___________________________________________изградба на инфраструктурни патишта
10 б
7. Анализирај ја сликата. Што се случува со животната средина кога врз неа влијае човекот?
Во празните полиња со хемиски симболи запиши што се ослободува од издувните гасови на
автомобилите (1) и фабриките (2)? Со хемиски симболи на претстави што се случува со
ослободените продукти од активноста на човекот и водената пареа во атмосферата (3)?
Одговори на прашањето во празното поле.

5 б.

1. На графиконот е даден приказ од мерењето на ниво на хормоните поврзани со менстуалниот


циклус кај жена во период од два месеца. До секоја од стрелките неведи го соодветното име
на хормонот, а во полињата од А до Ѓ, наведи за каква фаза од менструалниот циклус
станува збор.

А.менструалн Б.постменструалн В.пременструална Г.менструална Д.постменструална Ѓ.пременструална

LH
естроген progesteron

FSH

10 b

You might also like