You are on page 1of 20

Тема 4.

Животна средина

1. Влијанија врз животната средина


Животна средина е средината во која живеат живите организми под влијание на сите
надворешни фактори (биотички и абиотички).
Биотски (живи) фактори се меѓусебните влијанијата на живите организми (се однесуваат
на взаемна борба меѓу живите организми заради парење, борба за храна, светлина,
простор) , додека абиотски (неживи) фактори се влијанијата на светлината, почвата,
водата и воздухот врз организмите.
Најмногу врз животната средина влијае човекот со своите активности. Човекот може да
предизвика позитивни и негативни влијанија врз животната средина.

1. НЕГАТИВНИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА:


 Изградба на каменолом

Од каменолом се извлекуваат варовник, креда и глина, кои се користат како материјали


за градба, воедно каменоломот значи егзистенција за луѓето кои равотата таму. Но
каменломите предизвикуваат големи штети на животната средина. Каменоломот целосно
го уништува живеалиштето на растенијата и животните кои живееле таму; работата во
каменолом создава бучава која се слуша во најблиските населби, а исто така се создава
прашина која го загадува воздухот .

 Уништување на шумите

Шумите се сечат за: дрво за градежништво, мебел,

врати и правење хартија. Шумите се сечат и за


добивање површини за одгледување на земјоделски
култури и за градење нови куќи.

1
Тема 4. Животна средина

 Со сечење на шумите се уништува природното живеалиште на растенијата и


животните.
 Дрвјата се бели дробови на планетета Земја, така што со нивно сечење се губи
можноста за прочистување на воздухот.
 Бидејќи со своите корења дрвјата ја држат почвата, кога се сечат големи површини
со дрвја  почвата може да биде однесена( ерозија на почвата).Тоа значи дека нема
да можат да растат нови растенија.
 Дрвјата ја апсорбираат дождовната вода. Ако се уништи шума во планински
предел, нема да има дрвја кои ќе ја впиваат дождовницата. Ова може да
предизвика поплави во пониските региони.
 Дрвјата може да помогнат во создавање на дожд. Без дрвја климата може да се
промени и да стане посува.

 Депонирање на отпад

Отпадоците ја загадуваат животната


средина, привлекуваат животни кои
представуваат опасност за средината
бидејќи можат да шират зарази.
Се уништува животната средина на
растенијата и животните кои живееле на
местото на депонијата.

 Загадување на водата

Загадувањето на водите се врши преку исфрлање на отпадни води во реките, нафта во


океаните, како и разни отпадоци во водите со што може да се предизвика помор на
рибите.

 Загрозен вид

Секој жив организам може до одредена мера да ги издржи промените на надворешните


фактори. Но преголемите промени може да предизвикаат изумирање на живите
организми, со што доаѓа до истребување на некои видови.
Загрозен вид  е организам кој е застапен во многу мала бројност и е во опасност да
изумре. 
Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП, IUCN) смета дека дури 40 % од

2
Тема 4. Животна средина

видовите на светот се на некој начин загрозени. Бенгалскиот тигар  е загрозен вид на


животно.Светскиот фонд за заштита на природата ги има преброено овие тигри и нивниот
број е 1850. Неговото природно живеалиште се намалува просторно зради луѓето кои го
сакаат тој простор за свои потреби. Исто така тој е загрозен заради ловот.
Многу земји имаат закони за заштита на видовите: забранет лов, ограничувања во
стопанските и градежните активности и создавање на природни резервати, што
представуваат ПОЗИТИВНИ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Загрозени видови во светски рамки се: Синиот кит, тасмански тигар, џиновска панда,
снежен леопард, бенгалски и малајски тигар, црн носорог, јавански носорог, кожеста
желка, тасмански ѓавол, ригеста ајкула- чекан, перистерска пастрмка.
Поради прекумерниот лов и труењето, во Македонија се истребени четири вида животни,
а во моментов се загрозени 16 видови цицачи и 20 ендемски видови риба. Најкритични се
црниот мршојадец и брадестиот мршојадец, од кои има останато уште само по еден
примерок.
Мечката, волкот и рисот може да станат загрозени видови во Македонија
Сериозни закани за овие животни се деградација на живеалиштата, сечење на шумите,
пожари и се што доведува до уништување на нивните живеалишта.
Волците најчесто се убивани поради нивната кожа која била скапо наплаќана од
државата, но подоцна таа цена се намалила. Ваквото убивање на волците не доведило до
загрозување на видот бидејќи волците се животни кои раѓаат голем број млади, кои брзо
растат и се приспособуваат на средината. Голем проблем представува труењето на
волците со мамка- мрша со некој отров на која најчесто наседнуваат грабливите птици.
Бројот на убиени мечки и рисови пак е многу помал. Мечката е заштитено животно и
доколку таа нанесе штета, изеде овци, кози или нападне пчеларник, државата е обврзана
да ја надомести.
Според најновите истражувања, во Македонија има околу 200 мечки, 120 рисови и 1.000
волци. 

3
Тема 4. Животна средина

Како можеш да ја заштитиш животната средина?

Не ја троши водата залудно!


Не го загадувај воздухот!
Не фрлај отпадоци!
Не ги сечи или пали дрвјата!
Засади нови дрвја исти како локалните!
Не ги уништувај природните живеалишта на животните!
Направи природни резервати!
Остави ги мртвите дрвја да се претворат во храна за останатите!
Исечените дрвја искористи ги максимално, без создавање на отпад од нив!
Избегнувај хемиски ѓубрива, пестициди...!
Поддржувај органско производство!
Користи обновливи извори на енергија!

Непочитувањето на овие правила доведува до уништување на животната средина,


односно уништување на животните заедници на растителните и животинските видови.

4
Тема 4. Животна средина

2. Национални паркови 1

Национален парк е заштитен природен или полуприроден предел во сопственост на Владата на


една земја. Националните паркови се богати со ретки видови и видови кои се значајни за
природата и биодиверзитетот.
Биодиверзитетот претставува разновидност на растителниот и животинскиот свет.
Флората (растителниот свет) и фауната (животинскиот свет) во националниот парк се од големо
значење за природонаучното истражување, но и за самата држава бидејќи представуваат
природно богатство и реткост.

Во ваквото подрачје се забранети градежни потфати, искористување на природните ресурси и


менување на теренот, а се дозволува негово користење за рекреација и еколошки активности.

5
Тема 4. Животна средина

 Национален парк Пелистер

Прогласен е за национален парк во 1948 година како прво заштитено природно добро во
Република Македонија. Се карактеризира со поголем број врвови повисоки од 2000 метри, а
највисок врв е Пелистер (2601 м). Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се т.н. камени
реки. Со посебна природна привлечност се двете леднички езера — Големото и Малото Езеро на
Пелистер, познати како “Горски Очи”.

Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен. Тука растат 88 дрвни видови. Од шумските
дрвни видови најголема вредност има моликата - петоигличест бор којшто расте само на неколку
планини на Балканскиот Полуостров.

НП Пелистер претставува класично наоѓалиште за повеќе од 20 растителни видови, од коишто 2 се


локални ендемити. Од ‘рбетниците се среќаваат: 10 видови водоземци, 15 влекачи, 91вид птици и
35 видови цицачи. Од рибите, значајно е да се истакне присуството на пелистерската
ендемска поточна пастрмка и пелагониската поточна пастрмка.

 Национален парк Маврово

Е најголем е меѓу трите национални паркови во Македонија. Прогласен е за национален парк во


1948 година. Во границите на паркот се среќаваат: речни долини, клисури, водопади, пештери,
леднички езера. Од вегетацијата на паркот најголема застапеност има заедницата од горска
букова шума. Фауната на националниот парк Маврово исто така се одликува со значителна
разноликост, од кои, позначајни се: сивиот сокол, орелот крстач, шумскиот и  големиот буф. Од
цицачите најважни се: мечката, рисот и дивокозата, а во реката Радика живеат кафеавата
пастрмка и други видови риби.

6
Тема 4. Животна средина

 Национален парк Галичица

Се наоѓа во југозападниот дел на земјата и ги дели Охридското и Преспанското Езеро. Прогласен


во 1958 година заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и
животински свет на шумите и шумските предели. Националниот парк Галичица особено се
истакнува по големото флористичко (растително) богатство. Од фауна тука има дива коза, рис и
мечка. Исто така значајни се големиот и малиот корморан и пеликанот од птиците кои природно
го населуваат Преспанското Езеро и островот Голем Град.

3. Национални паркови 2
Преку различните активности кои ги превзема, свесно или несвесно, човекот прави промени врз
животната средина( позитивни и негативни). Со секоја промена се менуваат условите во
живеалиштата на живите организми. Тоа може да доведе до изумирање и исчезнување на разни
видови.
За да се заштитат живелиштата и да се спречи исчезнувањето на дивите животни и природните
растителни видови се превземаат одредени позитивни мерки.
Поради тоа регионите каде што живеат ретки видови, како и видови кои постојат од многу одамна
во тој регион и се особено значајни за биодиверзитетот (разновидноста на растителниот и
животинскиот свет) се прогласуваат за национални паркови.
Една од позитивните мерки е заштита на природата во националниот парк преку воведување на
правила за однесување во националниот парк:
1. Собирање примероци од диви растителни видови или ниви делови  е строго забрането.
Внимавајте да на го загрозите нивното постоење.
2. Пред заминување соберете го отпадот. Природата нема време за одлагање отпад.
3. Вашите миленичиња водете ги на кус поводник, таму каде што се границите на
природното богатство.
4. Преградувањето на водотеците е забрането. Тоа може да го намали биолошкиот минимум
и да доведе до нарушување на биолошката рамнотежа.
5. Кампувањето и палењето оган е забрането. Внимавајте на опасноста од пожари!
6. Уништувањето на пештерски украси, фосилни остатоци и минерали е најстрого забрането.
Заштитете ги за доброто на идните генерации!
7. Движењето во границите на природното наследство треба да се одвива единствено по
одбележани патеки и планинарски патеки.

7
Тема 4. Животна средина

Друга позитивна мерка е воведување на законски правила за ограничен лов и риболов.


За да се лови дивеч или риба во националниот парк мора да се поседува дозвола за лов или
риболов, соодветно.
При тоа ловот и риболовот се ограничени.
На пример риболов во река Радика е дозволен од 01.02 до 30.09. и тоа само во одредени денови
од неделата. Зошто?

На сликата е прикажан животниот циклус на


рибите.
Кај рибите половото размножување е надворешно.
Женката ги полага јајцата во надворешната
средина. Од оплодените јајцеклетки се развиваат
рипчиња кои со време израснуваат во возрасни
единки.
Риболовот не дозволен во период кога рибите се
мрестат и се многу мали, а е дозволено да се
ловат само големи риби.
На пример големината на уловените пастрмки,
крап, клен мора да биде над 30см.
A максимално дозволено количество на уловени
риби е 2 кг пастрмка, 4 кг крап и сл.

8
Тема 4. Животна средина

4. Отпад

da

Постојат различни видови отпад: пластика, метал, хартија, стакло, биоразградливи органски


материи, електронски отпад.

Каде одат отпадоците?

9
Тема 4. Животна средина

Отпадоците од домаќинствата, од корпите за отпадоци, преку контејнери, со помош на службите


за комунална хигиена одат до депонија.

Депонија е голема област наменета за прифаќање на отпадот.

 Депонијата го уништува живеалиштето на


растенијата и животните кои живееле на таа
локација.
 Депониите каде што само се истоварува
ѓубрето шират непријатна миризба заради
гниењето кое трае 30-100год.
 Ваквите депонии привлекуваат инсекти, птици,
глувци, кучиња и мачки скитници.
 Течностите што се ослободуваат при овој
процес ја загадуваат почвата и подземните
води.
 Депонијата лесно може да се самозапали и представува опасност за заедницата.

Современите општества нудат посовремен начин управување со отпад. Ефикасното управување со


отпад овозможува да се избегне застрашувачката иднина за идните генерации- да бидат
затрупани со купишта отпад.
За таа цел се' повеќе се фаворизира рециклирање на материјалите, намалување на
потрошувачката, со цел создавање на помала количина отпад и соодветно третирање на
исфрлените отпадоци во посовремени депонии.
Такви посовремени депонии се:

депонии- збогатени со микроорганизми кои го забрзуваат процесот на распаѓање на 5-10 год.


Депонии со специјални печки го загреваат отпадот  без присуство на гасови, при што се создаваат
запалливи- гасови метан, водород и јаглерод моноксид, кои согоруваат во печки и од нив се
создава електрична енергија.

Опасен отпад:

 Во бања- лекови, средства за чистење, лак и отстранувач за лак


 Во работилница- бои, лакови, растворувачи
 Во градини- инсектициди, пестициди, отрови за глодачи
 Во гаражи- акумулатори, средства за полирање, моторни масла, антифриз, бензин,
керозин
 Хемикалиите не се фрлаат во канализација-  затоа што при тоа би отишле во подземни
води и би предизвикувале помор на рибите.
 Хемикалии се чуваат во посебни резервоари.
Батерии се рециклираат.

10
Тема 4. Животна средина

5. Стаклена градина

Но во последните години поради


загадувањето, концентрацијата на
Ефект на стаклена градина е природен штетните гасови во природата е многу
процес. Тоа всушност представува голема, особено на јаглероден диоксид
процес во кој  стакленичките гасови (потекнува од горење на фосилни
(водена пареа, јаглеродиоксид, метан, горива и сечења на дрвја) и метан
азотни оксиди) се собираат во еден дел (потекнува од оризови полиња и од
од тропосферата и формираат топлотен животни како што се кравите).  
штит кој ја одбива и враќа топлината Стакленичките гасови го нарушуваат
што ја зрачи Земјата. На тој начин озонот кој представува природен
Земјата дополнително се загрева и е филтер на атмосферата.
многу потопла во споредба со други Зголемената концентрација на штетни
планети каде нема атмосфера, што гасови формира подебел топлотен штит
овозможува живот на планетата Земја. кој не дозволува преминување на
топлината во атмосферата и целосно се
задржува на површината на Земјата. На
овој начин доаѓа до засилен ефект на
стаклена градина што предизвикува
негативни последици.

11
Тема 4. Животна средина

Загадувањето од фабриките, автомобилите и домовите го прави дождот кисел. Всушност


кога фосилните горива како јаглен и нафта горат во термоцентрали, фабрики, институции
или нашите домови, при согорувањето  се ослободуваат штетни гасови како јаглероден
диоксид и сулфурдиоксид. Овие гасови се мешаат со воздухот- одат во облаците. Тие
предизвикуваат создавање на кисели дождови.
Постојаниот засилен ефект на стаклена градина преку цела година, на цела планета
доведува до глобално затоплување.

Како да се намалат ефектите на


Активности кои го засилуваат ефектот на
стаклена градина?
стаклена градина и предизвикуваат
глобално затоплување:
1. Претворање на органскиот отпад во
1. Одлагање на депонија- ослободување
компост, наместо негово согорување.
на метан.
2. Ефикасна употреба на енергијата во
2. Горење на фосилни горива- зголемено
домовите.
количество јаглеродендиоксид.
3. Масовно пошумување- со што би се
3. Сечење на шумите- намалување на
намалил вишокот јаглероден диоксид.
количеството кислород.
4. Поставување филтри на оџаците од
4. Интензивно работење на фабрики-
фабриките.
ослободување на метан, јаглероден
5. Разумно користење на автомобилите
диоксид, азотни оксиди.
и давање предност на велосипедите и
5. Автомобили- јаглерод диоксид, азотни
јавниот превоз.
оксиди.

12
Тема 4. Животна средина

Доколку глобалното затоплување продолжи и понатаму може да дојде до:

 Топење на санти мраз на половите


 Подигнување на водното ниво на океаните
 Зголемен број поплави

Штетни ефекти на глобалното затоплувањe

 Врз здравјето:
o Размножување на комарци кои пренесуваат заразни болести.
o Покачени летни температури кои доведуваат до поголема смртност.
o Во сушните предели- неисхранетост и глад.
 Врз животната средина:
o Промена на условите- промена во растителниот свет- исчезнување на видови.
o Топење на глечерите- зголемување на морското ниво- загуба на плажи.
o Суши-исушување на реките- загрозување на вода за пиење.

13
Тема 4. Животна средина

6. Намали, повторно употреби, рециклирај!

Во минатото човекот живеел попримитивно така што сам си произведувал храна и облека, немало
развиена индустрија и.т.н. За разлика од тогаш во денешното модерно општество се' повеќе се
зголемува видот на производи и услуги што ги користи човекот. Сите производи кои ги користи
човекот после нивното искористување стануваат отпад. Големата количина на отпад која се
создава природата не може да ја разложи, па затоа  основна цел е да се создава колку што може
помалку отпад, како и од отпадот да се искористи и употреби колку што може поголем дел.
Управувањето со отпадот опфаќа три основни чекори што треба да се поминат пред некој предмет
да се исфрли како отпад.

- Намалување
 Сите треба да ја намалиме употребата на производи, а со тоа ќе ги намалиме отпадните
продукти во корпата за отпад.
 Затоа е подобро да се купува во поголеми пакувања.
 Да не се купуваат производи кои содржат непотребна амбалажа.
 Потоа, треба да се пазари во платнена торба, а не во пластични кеси.
 Исто така, треба да внимаваме на количината што ја набавуваме, да оцениме колку е
доволно за денот или за неделата според потребите, за да не фрламе
неискористени продукти или расипана храна.

- Повторна употреба
Некои производи можат повторно да се употребат за одредена намена и да не се фрлаат веднаш
во корпата.
Затоа треба да се размисли пред да се исфрли нешто: дали можам повторно да го искористам
ова?
Треба да бидеме креативни и да смислиме многу нови начини на повторна употреба на
искористени предмети, на пример, кутии од чевли за кутии за накит, лименки за кутии за моливи
и пенкала и сл.; повторно полнење на  пластични шишиња и садови, повторно користење на
пластични  кеси, давање  на   други или  продавање на  стари играчки, книги,  облека, бела
техника, мебел, друга опрема итн., наместо да  ги фрламе.

14
Тема 4. Животна средина

-Рециклирање
Рециклирање е процес при кој искористените предмети (стаклени шишиња, весници и друга
хартија, лименки, пластични шишиња, метални предмети, текстил) се носат во фабрики, се
преработуваат, со цел повторно да се добијат нови производи што можат да се употребуваат.
Со ова се овозможува заштеда на природните богатства и намалување на отпадоците во
депониите.
Како пример по кој можеме да се раководиме може да ни послужи Шведска- држава која
најуспешно се справува со отпадот.
Во Шведска повеќе од 99% од домашното ѓубре се рециклира на еден или друг начин.
Граѓаните го раздвојуваат ѓубрето во нивните домови, фрлајќи го во одвени ќеси(весници,
пластика, метал, електрични апарати, сијалици и батерии), потоа тоа се собира во рециклирачки
станици кои ги има на секои 300м оддалеченост, а потоа се  носи во фабрика каде се
преработуваат.
Весниците се користат за добивање хартија, пластиката се меле и реупотребува за други
пластични  производи,  од храната се добива компост или биогас- со хемиски процес, загадената
вода се преработува до ниво да се флашира.
Ѓубрето е евтино гориво, поради што Шведска увезува 700 000 тони ѓубре годишно од други
држави.
Чадот од фабриките содржи 99%нетоксичен јаглероден диоксид  и вода, но сепак се филтрира низ
филтри и вода. Талогот што се добива при филтрација се собира во искористени рудници.
Но Швеѓаните не се задоволни со ова достигнување и сметаат дека сепак може да се направи
нешто повеќе.  Имено реупотребата на материјалите доведува до помала загуба на енергија
одколку да се рециклира за да се добие друг предмет од него.
Има предлог до владата да се ослободат од данок производите кои не содржат токсични
супстаниции во себе така што поедноставно ќе се изведе нивното рециклирање.

15
Тема 4. Животна средина

7. Расфрлање отпадоци
Видови отпад:

 комунален отпад (се состои од отпад од домаќинствата, градежниот материјал и отпадот од


улиците.)
 индустриски отпад (настанува во производните процеси во индустријата: рударството,
металургијата, хемиската индустрија, електричните централи, како и во индустријата за
производство на вештачки ѓубрива) 
 опасен отпад (е отпадот што содржи супстанции кои имаат едно од следниве својства:
реактивност, експлозивност, запаливост, канцерогеност, инфективност, мутагеност,
токсичност, надразливост и својства на испуштање на отровни гасови)
 радиоактивен отпад (настанува со примената на радиоизотопите во медицинските центри и
индустријата) и
 медицински отпад (се создава во медицински здравствени институции: болници,
поликлиники, амбуланти и лабаратории)

Несоодветното третирање и депонирање на отпадот предизвикува здравствени и еколошки


проблеми како што се загадување на почвата, загадување на воздухот преку согорување,
визуелно загадување, непријатен мирис, емисии на гасови од групата на стаклена градина и
контаминација на подземните води.  

Зошто не треба да се расфрла отпад?

 Личи валкано.
 Расчистувањето на отпадот чини пари.
 Привлекува муви и комарци.
 Може да е опасно за луѓето и животните.
 Скршено стакло може да предизвика сериозни повреди.
 Пластичните кеси може да ги задушат домашните животни или миленичињата.
 Ситните диви животни (пр. глувците или кртовите) се заглавуваат во шишињата и умираат
од глад.
 Дивите животни може да се заплеткаат во фрлени мрежи или жици.

16
Тема 4. Животна средина

8. Штедење на енергија
Енергијата е потребна за сите активности на човекот. Во денешно време сме толку зависни од неа
што не би можеле да го замислиме животот без неа.

Постојат два основни вида извори на енергија:


 Необновливи извори: Фосилни горива (јаглен, природен гас, нафта)
 Обновливи извори (вода, ветер, сонце, термални извори, биомаса и.т.н.)

Користењето енергија од необновливи извори предизвикува сериозни, негативни влијанија врз


животната средина: oслободување отровни гасови, прав, чад и други загадувачи, промени и
уништување на природната околина. 
Покрај тоа што необновливите извори штетат, се смета дека и за скоро време ќе се потрошат.

Се смета дека необновливте извори на енергија за скоро време ќе ги снема од планетата Земја.
Имено научниците тврдат дека нафтата ќе ја снема за 53 години, природниот гас за 54 години, а
јагленот за 110год. Овие фосилни горива кои постојат од пред 540-66 милиони години ние луѓето
ги истршивме во рок од 200 години.
Токму поради овие факти треба да размислуваме во насока на заштеда на енергија и користење
на обновливи извори на енергија.
Во Р. Македонија 85% од електричната енергија која ја користиме е произведена од
термоцентрали, а останатите 15% се произведени од хидроцентрали и само мал дел е
произведена од ветерници.
Следната слика представува енергетска мапа на Македонија, на која се представени
термоцентралите, хидроцентралите и ветерниот парк. 

17
Тема 4. Животна средина

Термоцентрали во Македонија се: РЕК Битола, Осломеј Кичево

РЕК- Битола

ОСЛОМЕЈ-Кичево

Поголеми хидроцентрали: Тиквеш, Вруток, Врбен

ХЕЦ-ТИКВЕШ ХЕЦ-ВРБЕН ХЕЦ-ВРУТОК

18
Тема 4. Животна средина

Ветерен парк Богданци

Како да заштедиме енергија?

Како да заштедиме енергија дома?

 Поставете топлинска изолација на надворешната страна на ѕидовите на вашата куќа/стан.


 Пополнете ги празнините на прозорските рамки.
 Подобрете ја топлинската изолација на подот.
 Новите згради во областите со студена клима треба да имаат големи прозорци што гледаат
на југ за да добијат многу светлина и топлина од сонцето во текот на зимата.
 Поставете топлинска изолација на надворешната страна на ѕидовите на вашата куќа/стан.

 Како да заштедиме енергија додека загреваме?

 Поставете ги грејните тела (радијатори, печки) под прозорците, така што ќе можат да го
загреваат воздухот додека влегува внатре.
 Користете автоматски терморегулатори што се постојано зацврстени на апаратите, тие
одржуваат постојана температура.
 Заменете ги старите грејни тела (не мора да ги замените сите одеднаш) со понови и
поекономични модели.
 Облечете се потопло, наместо екстремно да затоплувате.
 Затопувајте се на обновлив извор на енергија (на електрична енергија добиена од сончеви
колектори, од ветерници и сл.)

Како да заштедиме енергија додека готвиме и ладиме?

 Добро затворената врата на рерната додека готвите заштедува енергија.


 Кога се готви во рерна, целата нејзина зафатнина треба да се користи, а кога е можно,
гответе неколку јадења едноподруго за да го избегнете повторното загревање.
 Користете експрес-лонци, кои штедат енергија и време.
 Користете садови чиј дијаметар на дното е еднаков или поголем од дијаметарот на
ринглата.
 Садовите во кои готвите треба да имаат рамни и дебели дна.
 Одмрзнувајте го ладилникот редовно.
 Не ставајте топла храна или садови во ладилникот.

19
Тема 4. Животна средина

Како да заштедиме енргија додека пегламе, чистиме, периме, се капеме?

 Користете пегли на пареа.


 Дополнете ја машината за перење пред да ја вклучите. Секогаш избирајте најсоодветна
програма
 Редовно празнете ја кесата за прав од правосмукалката.
 Заменете ги скинатите црева на правосмукалката.
 Побргу туширајте се, не оставајте топлата вода да тече додека ставате шампон.
 Поставете сончеви колектори за затоплување на вода во домот.

Како да заштедиме енргија при осветлување во домот?

 Обојте ги ѕидовите во светли бои.


 Садете дрвја најмалку 5 метри подалеку од ѕидовите на домот.
 Секогаш одржувајте ги прозорците чисти.
 Исклучете ги светилките кога не ви се потребни. Ставете тајмери или сензори за движење
за да ги контролирате надворешните светилки, така што тие ќе се исклучат кога не ви се
потребни.
 Заменете ги старите светилки со штедливи светилки. Тие се многу издржливи (траат до
седум години). Замената на обична 75-ватна светилка со 20 ватна штедлива светилка за 10
часа работа дневно ќе ги надомести вложените пари за помалку од една година.
 Не оставајте ги електричните апарати во состојба на готовност. Апаратите во ваква состојба
користат електрична енергија цело време, дури и кога се исклучени.

Како да заштедиме енергија при транспорт?

    1. До поблиските дестинации одете пеш или со велосипед.


    2.  До подалечни дестинации возете се со јавен превоз наместо со автомобил.
    3. Користете електрични автомобили- доколку е возможно.

20

You might also like